You are on page 1of 2

ОПРАШУВАЊЕ И ОПЛОДУВАЊЕ

1. ОПРАШУВАЊЕ
Опрашување претставува пренесување на поленовите зрна од прашниците до
устенцето на плодникот.
Постојат два типа опрашување:
а) самоопрашување
б) туѓо (вкрстено) опрашување

а) Самоопрашувањето може да биде типично самоопрашување (автогамија), кога


поленот од прашниците паѓа на устенцето од плодникот во истиот цвет (карактеристично
е за хермафродитните цветови и растенија). Самоопрашувањето се остварува само кога
прашниците и плодникот се со приближно иста висина и созреваат во ист временски
интервал.

б) Туѓо (вкрстено) опрашување (ксеногамија) се сртенува како кај хермафродитнитем


еднодомните и дводомните растенија. При овој начин на опрашување, поленот од еден
цвет на едно растение го опрашува устенцето на плодникот од цвет на друго растение.
До вкрстено опрашување доаѓа кога меѓу прашниците и плодникот има несовпаѓање по
градба и физиологија (на пр. цветот има куси прашници а високи плодници, или
обратно), или кога прашниците и плодниците не созреваат истовремено.

Фактори кои обезбедуваат пренесување на поленот се различни, но можат да се


групираат на:

1. БИОТСКО ОПРАШУВАЊЕ 2. АБИОТСКО ОПРАШУВАЊЕ


зоофилни со помош на анемофилни со помош на ветер
(зоогамни) инсекти, птици и др. (анемогамни)
животни хидрофилни со помош на вода
(хидрогамни)

Анемофилните растенија имаат ситни цветови, без околуцветник, а продуцираат големо


количество лесен полен, погоден за пренесување со ветер.

Ентомофилните растенија (со помош на инсекти) имаат поголеми цветови, со


впечатливо обоен околуцевтник, со нектарници, а продуцираат влажен и леплив полен
во помало количество.

2. ‘РТЕЊЕ (НИКНЕЊЕ) НА ПОЛЕНОВОТО ЗРНО


По паѓањето на успенцето од плодникот, поленовот зрно се навлажнува под дејство на
излачената течност од устенцето, набабрува и внатрешната обвивка излегува преку
отворите на надворешната обвивка и постепено образува поленова цевка во која ќе
премине целата содржина на поленовото зрно.
Поленовите зрна впиваат вода и лачат протеини кои служат за препознавање на
видот, но истите предизвикуваат и алергиски реакции кај луѓето.
Поленовата цевка непрекинато расте и продира низ устенцето и столпчето и доаѓа до
плодникот. Во плодникот, поленовата цевка навлегува во семеновиот зачеток каде што
се наоѓа женскиот гаметофит т.е. ембрионалната торбичка.

ОПЛОДУВАЊЕ
По навлегување на поленовата цевка во ембрионалната торбичка, нејзиниот врв се
распукнува и и ги ослободува двете спермални јадра, така што доаѓа до двојно
оплодување.
Едното спермални јадро ја оплодува јајце-клетката и се добива диплоидна клетка –
зигот.
Другото спермални јадро се соединува со централната клетка и се добива триплоидна
клетка.
Со оплодувањето завршува гаметофитната генерација, бидејќи од зиготот со голем број
делби ќе се формира ембрион, а од него ќе се добие спорофитот – односно целото
растение.
Од оплодената централна клетка, односно со делбата на триплоидната клетка се
создава хранливото ткиво, што ќе го храни ембрионот во текот на неговиот развиток.

Кај скриеносемените растенија на овој начин со двојното оплодување од зигот се


формира ембрионот, а од оплодената централна триплоидна клетка се обрзаува
хранливото ткиво на семето.

You might also like