You are on page 1of 5

ОРГАНИ НА РАСТЕНИЕТО

1.Две групи на органи:


А) ВЕГЕТАТИВНИ ОРГАНИ – органи кои овозможуваар вегетирање (опстанок)на
растението:
- корен, стебло, лист
Б) ГЕНЕРАТИВНИ ОРГАНИ – се во функција на размножувањето (епродукцијата)
на растението:
- цвет, плод, семе

КОРЕН
1. Улога на коренот:
- го прицврстуваат растението за почвата;
- го снабдува растението со вода и минерални материи;
- за складирање на некои резервни хранливи материи;
- кај некои растенија и за орган за вегетативно размножување;
- влегува во симбиоза со безхлорофилни организми во почвата;
- за примарна синтеза на некои органски соединенија (пр. кај тутунот –
никотинот се создава во коренот а се изнесува преку листот).

2. Морфологија на коренот:
- заедно со стеблото спаѓа во осните органи за растението
- формирањето на коренот започнува од зачетокот (зародиш), т.е.
ембрионален корен, кој се наоѓа во семето.
- прв ја пробива обвивката на семето и навлегува во почвата и се развива
позитивно геотропно
- многу ретко коренот се развива надземно
- кога ембрионалниот корен добро ќе се развие се преобразува во главен
корен, кој е всушност продолжение на стеблото
- коренов врат – е местото каде стеблото преминува во корен
- странични корења – се образуваат од главниот коерен
- создавање на мрежа на кореновиот систем – страничните корења кои
излегуваат директно од главниот корен се од прв ред, на нив формираните
странични се корења од втор ред, потоа на нив од трет ред и тн.
- видови корења според морфологијата може да биде:
А) осен (вретеновиден) и
Б) жилест (брадест)
3. Анатомија на коренот (внатрешна градба на коренот):
А) Зона на врвен коренов меристем или зона на делење
со кој коренот расте во должина
Б) Зона на нарастување
каде клетките нараснуваат и ги зголемуваат своите димензии
В) Зона на диференцирање
Каде клетките се диференцираат и преминуваат во клетки на трајни ткива.
Надворешно оваа зона јасно се одвојува како зона на кореновите влакна, каде
се образуваат кореновите влакна.

4. Примарна анатомска градба на коренот


На напречен пресек на коренот во зоната на кореновите влакненца, ткивата на
примарно изградениот корен се поделени на:
А) надворешни ткива
- ризодермис
Претставува покровно ткиво. Ризодермалните клетки образуваат едноклеточни
влакна наречени коренови влакна, способни да апсорбираат вода и минерални
материи. Клетките на кореновите влакна имаат тенки незадебелени клеточни
ѕидови кои ја прошуштаа водата, голема централна вакуола и малку
цитоплазма. Кореновите влакна не се трајни, живеат 10-12 дена а потоа
умираат.
- ткива на примарната кора
Прво ткиво – егзодермис (изградено од 1 или неколку реда густо збиени клетки
без меѓуклеточни простори. Овие клетки имаат задебелени клеточни ѕидови па
затоа и вршат заштитна функција, но некои од остануваат со незадебелени
ѕидови со кои ја остваруваат врската со внатрешните ткива).
Второ ткиво – паренхим на примарната кора (се наоѓа под егзодермисот и ја
дава масата на примарната кора. Ова ткиво има големи меѓуклеточни
простори, посебно во корењата на водните растенија=аеренхим. Кај некои
растенија овој паренхим има функција на паренхим за складирање)
Последно ткиво – ендодермис (еден ред живи клетки, цврсто прилепени една
до друга и со специфични задебелувања т.н. Каспариев појас.)

Б) внатрешни ткива
- ткива на централниот цилиндер
Сместен под ендодермисот
Прво ткиво – перициклот (учествува во формирањето на страничните корења,
кога клетки на преициклот ќе почнат интензивно да се делат и образуваат
испакнатина како зачеток на идниот страничен корен).
Под перициклот се наоѓаат спроводните снопчиња радијално распоредени.

5. Секундарна анатомска градба на коренот


Примарната градба на коренот кај некои дикотиледони и сите монокотиледони
се задржува во текот на целиот живот, но кај повеќето дикотиледони и
голосемени растенија, настануваат промени кои доведуваат до секундарна
градба на коренот. Тоа се остварува со активноста на секундарните
меристемски ткива (камбиум и фелоген).

6. Метаморфоза на коренот
Метаморфозирани корења – корења кои под дејство на надворешните
услови, претрпеле промени во формата и градбата, па покрај основната свој
афункција извршуваат и друга. Корењата најчесто задебелуваат и се
преобразуваат во месести органи за складирање на резервни материи
(најлесто скроб и др. шеќери).
Репа – кај морковот, шеќерната репка

Грутка – кај георгината, салепови растенија


Воздушни корења – кај некои тропски епифитски растенија, кои можат да
примаат влага директно од атмосферата

Корења за дишење – кај растенија кои се развиваат во почви сиромашни со


кислород.

7. Симбиотски однос на коренот


А) симбиоза со азотофиксаторни бактерии – кај некои легуминозни
растенија, со бакерии од род. Ризобиум – кои го примаат слодобниот азот од
воздухот и да го трансформираат со азотни соединенија достапни за
растението.
Б) микориза – симбиоза помеѓу коренот и некои почвени габи. Габата од
клетките на домаќинот прима органски материи (шеќери) а растението од
габата прима вода со растворени минерални материи, а кај некои дрвенести
растенија габните хифи ја играат улогата на коренови влакненца и ја випваат
водата.
a) симбиоза со азотофиксаторни бактерии

б) микориза

You might also like