You are on page 1of 7

СЕМЕ

1. Семето е - орган на половото размножување на голосемените и на


скриеносемените растенија. Семето се образува од семеновиот зачеток по
завршеното оплодување.
2. Улогата на семето – е да обезбеди сместување и исхрана на ембрионот и служи
за негово распространување.
3. Составни делови на семе:
Зрелото семе е составено од:
А. Семена обвивка (семеница) – се наоѓа на површината и го штити ембрионот и
ендоспермот од надворешни неповолни влијанија.
На семеновата обвивка се забележуваат и некои надворешни белези од семеновиот
зачеток, и тоа:
- папок или хилиум – местото со кое семето било прикрепено за дршката;
- трахеиден остров – се создава во папочната зона од внатрешен и надворешен
палисаден епидермис, изграден од куси трахеиди;
- микропиларно отворче – се наоѓа во близина на папокот и преку него навлегува
вода во семето.

Кај некои растенија на површината на семеницата се формираат израстоци кои


помагаат во распространувањето на семето.
Клетките на семеницата можат и да ослузнат (на пр. кај дуњата) и на тој начин се
олеснува обезбедувањето со вода при никнењето.
Б. Ембрион – се наоѓа под семеновата обвивка. Формата, големината и положбата
на ембрионот е различен кај различни растенија.
В. Хранливо ткиво (ендоспрем) – според начинот на складирање на резервните
материи, семињата се делат на:
- семиња без ендосперм – резервни материи се сместени во котиледони (како кај
пепругоцветни/легуминозни, зелки, главоцветни);
- семиња со ендосперм – ембрионот зазема мал дел, а хранливите материи се
наоѓаат во ендоспермот (кај треви-житните растенија, штитоцветни, соланацеи);
- семиња со перисперм – нуцелусот се задржува и разраснува, а клетките кои се
богати со хранливи материи го даваат периспермот (каранфил и лобода).

Сл: Градба на семе од лен


ПЛОД
1. Плодот е – преобразен плодник во кој е сместено семето. Го има само кај
скриеносемените растенија.
2. Улогата на плодот е – обезбедување, одржување и распространувањето на
семињата.
3. Видови плодови според градбата
Понекогаш, во образување на плодот учествуваат и други цветни елементи. Според
ова се сртенуваат
- прави плодови – кои се создаваат само од плодник;
- лажни плодови – кои се образуваат и од други цветни делови (како кај јагодата,
црницата).
4. Составни делови на плодот
Плодовите се составени од ѕид и внатрешна празнина. Кај цветовите кои имаат
ценокарпен натцветен плодник, во формирањето на плодот, најчесто учествува
овариумот на плодникот, а столпчето и устенцето отпаѓаат. Ѕидот на овие плодови е
претставен со ѕидот на овариумот и е наречен перикарп. Кај цветови кои имаат
потцветен плодник, во формирање на ѕидот учествува овариумот и цветната ложа.
Перикарпот е изграден од:
- егзокарп – надворешен слој претставен од надворешен епидермис, тенок како
ципа;
- ендокарп – тенок и ципест, понекогаш може да биде дебел, кожест или задрвенет;
- мезокарп – најдобро развиен слој, кај различни растенија има различна
нозистенција.
Во внатрешната празнина се сместени семиња најчесто прилепени на шевот на
сраснувањето на карпелите кои го образуваат плодникот. Кај апокарпни плодници,
внатрешната празнина е едногнездена, а кај ценокарпни плодници е
повеќегнездена.
5. Видови плодови според големината и формата
Формата и големината н аплодовите е доста разновидна. Најчесто поделбата се
базира на нивните морфолошки особини, од кои цветни елементи се образуваат
истите и според начинот на ослободување на семињата.
Според тоа, најчесто плодовите се поделени на:
 Прости плодови – овие се образуваат од само еден цвет. Можат да бидат
посебни (од еден толчник) и збирни (од повеќе толчници). Додека, според
градбата на плодниот лист, простите плодови може да ги поделиме на: суви и
месести (или сочни).

 Суви плодови – тие имаат релативно тенки и суви плодни ѕидови и сув
изглед.
Во зависност како се ослободува семето, сувите плодови се делат на:
- плодови кои пукаат
(мешок-кај кукурек, божур; мешунка-кај грав, грашок и др. легуминозни растенија;
кутијка-кај афионот; лушпа-кај зелки и лушпеница);
- плодови кои не пукаат
(оревче-кај костен, бука, леска; ахенија-кај главоцветните; крупа-кај житните
растенија; шизокарпиум-кај слезови и штитоцветни; и мерикарпиум-кај усноцветни).
 Месести (или сочни) плодови – имаат добро развиен месест или сочен
перикарп.
Тука спаѓаат:
- бобинка – плод кај кој целиот ѕид е месест и сочен (домат, грозје); или е посебен
облик на бобинка (како кај лимонот); додека тврди бобинки или пепо има кај тиквата,
дињата, лубеницата;
- костелка – има добро развиен и сочен мезокарп, а ендокарпот е коскест (праска,
кајсија, цреша, слива, орев);
- преодна форми меѓу бобинка и костелка – какви што се плодовите на јаболко и
круша.
 Сложени плодови – се образуваат од два или повеќе плодника, тие може да
бидат збирни и плодови настанати од соцветија.

 Збирни плодови – образувани од повеќе плодници на еден цвет, можат да


бидат суви или сочни (капина, малина, јагода);
 Плодови настанати од соцветија – се образуваат ос цветови на соцветија,
кои не отпаѓаат туку се поврзани со некој дел од цветот (смоква, црница).

РАСЕЈУВАЊЕ И РАСПРОСТРАНУВАЊЕ НА СЕМИЊАТА И ПЛОДОВИТЕ


Биолошкото значење на плодовите е во продолжувањето на видот и освојување на
нови простори. Во растителниот свет постојат голем број приспособувања кои
помагаат во расејувањето и распространувањето на плодовите и семињата.
 Автохорија (или саморасејување) – е расејувањето на плодовите, во кое
директно учествува родителскиот организам преку најразличните анатомско-
физиолошки прилагодувања.
Автохорија кај дивата краставица, на пример, настанува како резултат на промените
на тургорот на живите клетки на плодот и семето, а кај здравецот преку
хидроскопските движења.
 Анемохорија – е расејување со помош на ветерот (присутно кај растенија кои
создаваат ситни семиња – кај глуварче, топола, јавор).
 Хидрохорно – е расејување кај водните и мочуришни растенија, чии плодови
и семиња се прилагодени подолго време да опстанат во вода без да се
оштетат.
 Зоохорија – е расејување со помош на животни, што е карактеристично за
сувоземните растенија. Може да биде:
- егзозоохорно (епизоично) – кога плодовите имаат различни израстоци (боцки,
кукички) со чија помош се закачуваат за крзното на животните;
- ендозоохорно (ендозоично) – кога животните во потрага по храна ги јадат
најчесто сочните плодови.
 Орнитохорија – е расејување на плодови и семиња со помош на птици.
 Мирмекохорија – е расејување на семиња со мравки.
 Антропохорија – е расејување на плодови и семиња од страна на човекот,
кое го прави случајно или намерно, со што помогнал во пренесувањето на
растенијата на огромни далечини, на различни континенти.

You might also like