You are on page 1of 4

Текстови со практична примена се : жалба, молба, приговор, барање...

Тие имаат посебна форма и во нив е напишано најпотребното. Нема потреба од преголема
љубезност ( би ви бил благодарен... го молам горенаведениот наслов...)или навредлив и дрзок
однос .

Овие текстови освен специфична структура се одликуваат со јасност и прецизност во изразувањето


при изнесување на личните податоци и целта .

Исклучиво се користи службениот (литературниот) јазик

Записникот е документ кој се создава во текот на настанот (состанок, активност,)

Прочитајте го записникот од учебникот на страница 119

Можете да го проследите видеочасот на https://youtu.be/wCgWS1s5P-Q

Обидете се да напишете записник од состанок(на родители, ученици, наставник ; на одделенската


заедница; на некоја секција)

Во продолжение имате два примера, па според нив напишете свои: молба и жалба!

Блиски до молбата и жалбата се барањето и приговорот.

Но, запазате ја формата според моите примери за молба и жалба,а не од видеочасот!

Да се испратат молбата, жалбата и записникот на andreevskas@yahoo.com до 5.6.2020


До Општинското основно училиште

„Блаже Конески“ - Велес

ПРЕДМЕТ: МОЛБА

за упис во прво одделение во учебната 2020/2021 година

Почитувани,

Ве молам да ми го одобрите уписот во прво одделение на моето 6-годишно дете Теодор


Кимовски кое според местото на живеење припаѓа во вашиот реон.

Во прилог ви доставувам:

1. Извод од матичната книга на родените


2. Потврда за редовна вакцинација
3. Потврда за стоматолошки преглед.

Со почит,

28.5.2020г. Молител,
Велес -------------------------
До Јавното комунално претпријатие

„Дервен “ од Велес

ПРЕДМЕТ: ЖАЛБА

на издадена сметка

Почитувани,

Во сметка за вода за 5-ти месец имате наплатено повеќе тони вода отколку што сум потрошил.
Тоа се случуваше и со претходните две сметки, но не реагирав бидејќи сумата не беше голема
како на последнава.

Во прилог ви доставувам:

1. Сметки за последните три месеци


2. Состојба на водомерот

Со почит,

28.5.2020г. Жалител,
Велес -------------------------

You might also like