You are on page 1of 22

Универзитет ,,Св.

Кирил и Методиј’’ – Скопје


Машински факултет – Скопје

Семинарска работа по предметот:


Индустриска роботика
на тема :

Роботи во земјоделството

Ментор: Изработила :
Проф. Д-р Зоран Пандилов Јасмина Трпевска,1895
Роботи во земјоделството

Скопје, 2020

Содржина

Table of Contents

Содржина.................................................................................................................................................2
Вовед........................................................................................................................................................4
1. Што претставува земјоделството ?...........................................................................................5
2. .Што претставува современото земјоделство?....................................................................7
2.1. Трактор без возач....................................................................................................................9
2.2. Примена на дронови во земјоделството.....................................................................10
3. Земјоделски роботи......................................................................................................................12
3.1. Ladybird робот........................................................................................................................12
3.2. Bosch BoniRob – Земјоделски робот..............................................................................13
3.3. Swagbot.......................................................................................................................................14
2
3.4. Првата целосно роботизирана фарма во Јапонија.................................................15
3.5. Одледување на листест зеленчук со помош на роботи.......................................16
3.6. Роботи за берба на земјоделски култури....................................................................18
3.7. Роботи-волци..........................................................................................................................19
3.8. Пчелa робот ( Robo Bee ).....................................................................................................19
Заклучок.................................................................................................................................................20
Користена литература.......................................................................................................................21

2
Роботи во земјоделството

Апстракт
Временските непогоди сѐ почесто уништуваат
голем дел од засадените земјоделски култури.
Со настапување на глобалните климатски
промени, кои не се веќе претпоставка туку факт,
нашите земјоделци се соочуваат со нови
сериозни проблеми. Тука спаѓаат раните
мразеви, градот, поплавите, сушите,
екстремните температури, орканските ветрови…
Ефикасноста, производството на високи
приноси и зачувувањето на животната средина
во голема мерка се потпира на модерната
технологија. Тоа е елемент од голема важност.
Пристапот до современи машини е клучен
фактор за успех на современото земјоделство.
Современите земјоделски машини играат
различни улоги на различни фази на култури
кои на крајот ќе резултираат со подобро
3 производство. Активности, како што се садење,
обложување, примена на ѓубрива и процеси на
контрола на штетници, во голема мерка се
потпираат на современата машинерија.
Автоматизацијата на фармите, честопати
поврзана со „паметното земјоделство“, е
технологија што ги прави фармите поефикасни
и го автоматизираат циклусот на производство
на земјоделски култури или добиток. Се поголем
број компании работат на иновации за роботика
за развој на беспилотни летала, автономни
трактори, роботи собирачи, автоматско
наводнување и роботи за сеење. Иако овие
технологии се прилично нови, во индустријата
се забележува зголемен број традиционални
земјоделски компании кои усвојуваат
земјоделска автоматизација во своите процеси.

3
Роботи во земјоделството

Клучни зборови: современо земјоделство, климатски промени, роботи, агрономија,


машинерија

Вовед

Денес земјоделците во многу земји се високообразовани бизнисмени кои се занимаваат


со масовно производство на само неколку, па дури и на еден земјоделски производ. Тие
вложуваат огромни средства во земјишта, објекти и механизација. И покрај тоа, тие сѐ
уште зависат од другите. Големите фабрики за преработка на храна и синџирите од
супермаркети ги диктираат не само цените туку и разновидноста, големината и бојата на
производот. Земјоделските инженери им го осмислуваат системот на производство, а
специјализирани компании ги снабдуваат со ѓубриво, пестициди и семиња од хибридни
сорти на кои им одговараат условите на нивните ниви. Ова е голем напредок во споредба
со методите што ги користеле нивните предци.
Тешката работа на работниците станува полесна со текот на времето. Машините
понекогаш заменуваат цел тим работници, а најновите технологии овозможуваат анализа
на територијални, климатски и економски карактеристики без помош на голем број
експерти. Денес, податоците добиени од сателитите даваат целосен преглед на сите
области, што го олеснува изборот на техничка опрема и други потребни пресметки.
Методите на домаќинство брзо се менуваат, овозможувајќи да се подобри квалитетот на
производот. Во современиот свет, техничките средства, машинското производство е
едноставно неопходно во сите сектори на потрошувачка заради постојано растечките
4 апетити на населението, а модерната земјоделска опрема доаѓа тука за спасување.
Земјоделството им обезбедува на луѓето во многу области од животот, а нејзиниот развој
е составен дел од напредокот. Виталната активност на човештвото, нејзиниот број и
успешниот развој, во голема мерка зависат од процесот на модернизација на
земјоделството, затоа, воведувањето на најновите уреди и механизми е природен
процес.

4
Роботи во земјоделството

Слика 1. Земјоделство

Денес, физичкиот труд е олеснет и со употреба на современа земјоделска опрема со


системи за вселенска навигација. Кои овозможуваат спроведување на високо-квалитетно
орање, поделено во две групи: автоматски системи и паралелни системи за возење. Во
5 вториот случај, на тракторот е инсталиран GPS навигатор (Глобален систем за
позиционирање), кој ви овозможува да ги следите отстапувањата од траекторијата на
движење на ораниот објект. Автоматскиот систем му дозволува на работникот да
потроши помалку напор и да посвети поголемо внимание на самиот процес и неговиот
квалитет. Ова се постигнува со инсталирање на електро-хидрауличен автоматски систем
за контрола на тракторот, во кој возачот на тракторот учествува во контролниот процес
само на свиоци. Таквите уреди можат да ги намалат трошоците за работно време,
користеното гориво, минерални ѓубрива и производи за заштита на растенија
Новите достигнувања во технологиите кои се движат од роботика и беспилотни летала до
компјутерски визуелен софтвер целосно го трансформираа модерното земјоделство.
Примарната цел на технологијата за автоматизација на фармите е да се покријат
полесни, засебни задачи. Некои главни технологии што најчесто ги користат фармите
вклучуваат: автоматизација на жетвата, автономни трактори, сеење и плевење и
беспилотни летала. Технологијата за автоматизација на фармите се осврнува на
главните проблеми како растечкото глобално население, недостигот од работна сила во
фармите и менувањето на преференциите на потрошувачите. Придобивките од
автоматизирање на традиционалните земјоделски процеси се монументални со
решавање на проблемите од преференциите на потрошувачите, недостигот на работна
сила и животната средина на земјоделството.

5
Роботи во земјоделството

1. Што претставува земјоделството ?

Земјоделство е основна (примарна) стопанска гранка и дејност која претставува процес


на производство на храна, храна за животни, влакна, суровини за индустриска преработка
и други потребни производи преку одгледување на одредени растенија и домашни
животни.
Со поимот земјоделие се означуваат голема група на аграрни дејности кои првенствено
ги опфаќаат: полјоделството, сточарството, лозаро-овоштарството и сл.
Агрономијата е збир науки, кои ги проучуваат начините на земјоделскотопроизводство и
стопанисување и иследуваат различни држави на ниво на културно растение- абиотични
еколошки услови- биотични еколошки услови.
Во основа постојат два начина на производство во земјоделството:

 интензивно - каде што по единица површина или по грло добиток се вложуваат


многу труд и средства заради остварување високи приноси што е карактеристично
за густо населените земји,
 екстензивно - каде што се остварува сразмерно низок принос, но количински
доволен за задоволување на предвидените потреби, што е карактеристично за
поретко населените земји.

Слика 2. Земјоделство
Современата земјоделска дејност, не секаде рамномерно, користи разновидни
земјоделски машини (комбајни, трактори, сеалки, вршалки) и агротехнички средства
(ѓубрива и препарати) за постигнување поголеми и подобри производни резултати. Со
висок степен на механизација и со користење на научни сознанија од агрономијата,
земјоделството во современиот свет е сè повеќе индустријализирано и во голема мера
ослободено од елементарните природни предуслови.

6
Роботи во земјоделството

Најголемиот број на луѓе во светот се вклучени во земјоделството како нивна примарна


економска активност, но и покрај тоа, тоа сочинува само четири проценти од светскиот
БДП. Сепак, денес земјоделството е важен фактор за економскиот раст на една земја.
Повеќе од половина од светското жителство своите основни прехранбени потреби ги
задоволува само со три житарки: пченица, пченка и ориз. Азија дава повеќе од 90% од
вкупниот светскиот принос на ориз, додека Бразил го снабдува светот со 85% од вкупното
произвидство на сок од портокал.
Механизирано земјоделство е корстењето на земјоделска машинерија со цел за големо
зголемување на преизводството. Денес машинеријата заменува многу задачи кои пред
тоа биле изведувани од луѓе или животни како коњи, магариња или волови.
Историјата на земјоделството содржи многу примери за употребата на орудија, но само
во последно време машините се користат во толку голема мера.
Првото механизирано земјоделско орудие, чија сила не доаѓала од човекот, бил плугот,
придвижуван од животни. Измислен е во Стариот Египет и Месопотамија. Оваа алатка
била единствената механизација во земјоделството со илјадници години, сѐ до
доаѓањето на земјоделската и индустриската револуција. Со исклучок на римските
жетвени машини, измислени за жнеење на огромните поседи во Галија, овие направи ги
придвижувале волови. Други земјоделски машини во античко време биле Пунската кола и
Грчката санка - обете примитивни вршилки. Денес во механизираното земјоделство, меѓу
други возила, спаѓаат и авиони, хеликоптери, камиони и трактори.

7
2. .Што претставува современото земјоделство?

Современото земјоделство вклучува интеграција на напредните технологии во постојните


земјоделски практики со цел да се зголеми ефикасноста на производството и квалитетот
на земјоделските производи. Како дополнителна придобивка, тие исто така го
подобруваат квалитетот на животот на работниците во земјоделството со намалување на
тешката работна сила и досадните задачи.
Земјоделството денес е посложено од кога било порано. Непредвидливост на времето,
контрола на штетници и плевели, менувања на пазарните цени, недостатоци на природни
ресурси. Овие предизвици бараат да се продолжи со создавање иновативни решенија за
одгледувачите.
Да се изврши земјоделска работа денес би било целосно незамисливо, па дури и
невозможно без употребата на современи земјоделски машини. Земјоделска
механизација е заедничко име за сите оние машини со кои се изведуваат земјоделски
работи и со тоа им олеснуваат на луѓето да се управуваат со оваа дејност. Некои од
најважните машини што најчесто се користат во земјоделството се трактори жетвари,
плугови, сеалки, косачки и прскалици.
Современите тенденции за развој се движат кон создавање целосно автономни уреди,
што значи дека може да се произведат земјоделски машини со можност да се работи без
возач. Денес има различни машини кои на возачите им го олеснуваат работењето, како
што се комбајни управувани од ласери или трактори водени со GPS поддршка.

7
Роботи во земјоделството

Слика 3. Функции на беспилотно летало


8 Земјоделската технологија е една од најневеројатните и револуционерните области на
земјоделско поле, бидејќи се фокусира на доволно производство на храна за да се
задоволи растечката побарувачка на населението. Современите земјоделци сега можат
да сторат подобро од претходните земјоделци. Машините сега можат самите да работат,
употреба на глобален систем за позиционирање; меѓу многу други е овозможено со
напредок во технологијата.
Во суштина, без модерна технологија, земјоделските практики не би можеле да ја
обезбедат побарувачката за храна што ја троши општата популација.Современата
технологија успеа да се справи со зголемената побарувачка за храна од светското
население. Зголемувањето на приносот на примарните култури и пониските цени на
храната е како резултат на модерната технологија како што се новите сорти на
земјоделски култури, користење на податоци и прецизното земјоделство.
Причини за воведување на модерното земјоделство се:

 старечка работна сила


 низок трошок за недостиг на работна сила
 намалени трошоци
 апликации за земјоделски роботи
 Научен пристап кон засадување на земјоделски култури
 Следење и анализа на жетвата со беспилотно летало
 Внимателно кастрење на растенијата
 Ефективна контрола на плевелот

8
Роботи во земјоделството

Роботите во земјоделството може да се поделат на три вида.

 Теренски роботи. Тоа се роботите кои садат, наводнуваат и собираат плодови на


полиња и овоштарници.
 Беспилотни летала. Дроновите се добри за контролирање, следење и прибирање
податоци. Овластени од компјутерските визии и одликите за препознавање на
лице, тие исто така можат да го заштитат периметарот на теренот од кражба на
жетва.
 Роботи за добиток. Ова се прилично иновативни роботи кои можат да се користат
за молзење крави. Исто така, дроновите за добиток може да се користат за
собирање на стадото и следење на нивната локација и движење.

2.1. Трактор без возач


9 Трактор без возач е автономно земјоделско возило кое обезбедува голем влечен напор
(или вртежен момент) со бавни брзини за целите на почвата и другите земјоделски
задачи. Се смета за без возач затоа што работи без присуство на човек во самиот
трактор. Како и другите беспилотни возила, тие се програмирани самостојно да ја
нагодуваат нивната позиција, да одлучат брзина на возење и да избегнуваат пречки како
што се луѓе, животни или предмети на теренот додека ја извршуваат својата задача.
Електронскиот мозок самиот донесува одлуки и е способен да учи во процесот на работа,
акумулирајќи ги сознанијата. Вештачката интелигенција на возилото осигурува негово
безбедно движење по траекторија со оптимални брзини.
Тракторите без потреба од возач користат GPS и други безжични технологии за
земјоделско земјиште. Тие работат едноставно со помош на човек кој го следи
напредокот на контролната станица. Тракторот без возач е дел од потегот за
зголемување на автоматизацијата во земјоделството. Развој на таква технологија е
тежок. За да може да биде успешен, тракторот мора да може да следи детерминистички
задачи (задача што е дефинирана пред да започне, како на пример патека за следење на
поле), има реактивно однесување (можност за реакција на непозната ситуација како што е
пречка на патот) и имаат рефлексивни одговори (донесување одлука без двоумење или
пресметки кои одземаат многу време како што е промена на аголот на управување,
доколку е потребно).

9
Роботи во земјоделството

Слика 4. Трактор без возач

10

Слика 5. Функции на тракторот без возач

10
Роботи во земјоделството

2.2. Примена на дронови во земјоделството


Употребата на современа земјоделска технологија се однесува на прецизно
земјоделство. Бидејќи распределбата на влажна светлина и другите фактори кои влијаат
на земјоделските култури не е рамномерна во рамките на едно поле, треба да се води
различна грижа за растенијата во различни области. Задачата за прецизно земјоделство
е токму оваа: кога користите инструменти за навигација и сателитски слики, станува
возможно поточно да се испланираат култури, финансиско планирање, да се оптимизира
ѓубриво или прскање. Во земјоделството, малите дронови често се користат за спреј и
спреј на штетници. Во овој метод на обработка, постојат голем број на предности во
однос на конвенционалните методи на земја: зголемување на продуктивноста, што се
состои во намалување на времето за обработка на големи области. Употребата на
дронови овозможува да се хранат доцните култури за земјоделските култури без
оштетување на растенијата, за разлика од уредите со земја. Контролата на штетници е
поефикасна. Така, користењето на такви технички средства може значително да го
подобри квалитетот на произведените култури. Исто така, постојат голем број на минуси,
како што се зависноста од временските услови, можноста за добивање лекови на
соседните култури и висока цена.
Дроновите можат да им помогнат на земјоделците да ги зголемат приносите и навреме да
ги забележат проблемите во насадот. Иако досега најмногу наоѓаа примена во
полјоделството, тие можат да бидат интересен и доста корисен алат и во овоштарството.
Дроновите во земјоделството значат заштеда, бидејќи со нивна помош може да се воочи
состојбата во полето и во насадот, да се прати појавата на болести и штетници и
11 потребата на растенијата од хранливи материи и вода. Земјоделците ги користат за да ги
зголемат приносите и навреме да ги спречат проблемите што можат да се појават.
Дроновите во овоштарниците и расадниците би можеле да се користат за евиденција на
стеблата и мерење на нивната висина, потоа за пратење на здравствената состојба и
квалитетеот на стеблата, а исто така и за контола на наводнувањето, дотурот на
хранливи материи, контрола на штетниците и болестите со помош на сензори. Исто така
би биле корисни и за проценка на квалитетот и големината на приносот, но и за правење
на маркетиншки помагала како што се видеозаписи кои можат да помогнат за промоција
на овоштарството.

11
Роботи во земјоделството

Слика 6. Дрон
Голeмите дронови стануваат се позначајни не само во областа на логистиката туку и во
сообраќајот. Истовремено малите дронови се користат и во земјоделството за да дадат
12 увид во состојбата на полињата, можна болест кај посевите, недостаток од вода или
ѓубриво.
Дронот го движат 18 ротори со вкупен дијаметар од 9,2 метри, а се одликува со целосно
електричен погон корисејќи литиум-јонски батерии кои может да се заменуваат. Едно
полнење на батериите овозможува 30 минути летање. Со дронот може да се управува со
далечински управувач или автоматски со однапред програмиран пат.
Покриеност на подрачје до 6 хектари/час.
Рамката на дронот е опремена со стандардизиран состав на прицврстување на корисниот
товар. Тоа значо дека на рамката можат да се вградат различни направи во зависност од
примената. За заштита на посевите, дронот е опремен со два резервоари со пумпа и
шипка за прскање. Благодарејќи на малата висина на летање на беспилотното летало
може да се постигне многу голема покриеност на подрачјето до 6 хектари на час. и да се
подобри управувањето на прскањето,

3. Земјоделски роботи

Целта на роботите е да собираат најразлични податоци коишто имаат за цел да го


унапредат и подобрат земјоделието, да им бидат од голема корист на земјоделците и да
им помогне во обезбедување квалитетен и профитабилен принос.

12
Роботи во земјоделството

Земјоделски робот е робот наменет за земјоделски цели. Главната област на примена на


рбоотите во земјодеслтвото денес е во фазана берба. Новите аоликации на роботи или
беспилотни летала вклучуваат контрола на плевелите, засадување семе, берба,
мониторинг на животната средина и анализа на почвата.
Земјоделските роботи ги автоматизираат бавните, повторувачки и досадни задачи за
земјоделците, овозможувајќи им да се фокусираат повеќе на подобрувањето на вкупните
приноси на производството.
Некои од најчестите роботи во земјоделството се користат за:

 Берба и берење
 Контрола на плевелите
 Автономно косење, сечење, сеење, прскање и разредување
 Фенотипизација
 Сортирање и пакување
 Комунални платформи.
Бербите и бербите на роботи стануваат многу популарни меѓу земјоделците, но има уште
десетици други иновативни начини како земјоделската индустрија спроведува роботска
автоматизација за да ги подобри своите приноси во производството. Побарувачката за
храна е поголема од достапното земјоделско земјиште и останува на земјоделците да го
надминат овој јаз. Земјоделските роботи им помагаат да го сторат токму тоа.

13
3.1. Ladybird робот
Ladybird е робот кој работи на соларна енергија и е создаден за работа на земјоделските
полиња. Овој проект вреден 1 милион долари е дело на истражувачите од Универзитетот
во Сиднеј, Австралија. Првичните задачи на овој соларен робот ќе бидат собирање на
информации, иако може да детектира инсекти, да го искорне вишокот на трева итн. Ова
второто може да го направи благодарение на функционалната роботска рака, која во
иднина може да се користи и за сеење и собирање плодови.
Соочени со големи суши, фармерите во Австралија би биле задоволни со било каква
помош, па дури и од роботи, без да се плашат дека истите ќе им ја земат работата. Овие
роботи без никакви дилеми може да ја зголемат ефикасноста и продуктивноста во
земјоделието, поради тоа што може да работат 24 часа дури и преку ноќ. Роботите можат
автономно да се движат и да собираат податоци. Собирањето на податоци го вршат
преку камери и ласери.
Еден ваков соларен робот беше успешно тестиран на една фарма во Австралија.
Сопственикот на фармата вели дека во иднина ваквите роботи ќе бидат неизбежни
насекаде во светот. Сепак колку и да има корист од еден ваков уред, најголемиот
проблем останува цената. Можеби цената од еден милион долари за прототип и не е така
висока, но нема најави за намалување доколку се започне со сериско производство.
Високата цена е сосема логична и очекувана знаејќи дека се работи за толку напредна
технологија
На Универзитетот во Сиднеј, на одделот за роботика, развиле робот кој користи соларна
енергија, и кој го чисти коровот и помага во бербата на земјоделските култури. Неговото

13
Роботи во земјоделството

име е „ladybird“ (бубамара). Роботот е така опремен што може да ги детектира билките и
тревите, а користи ласери за позиционирање. Иако можеби не изгледа премногу
импресивно, овој робот е прилично комплексен и е прв во светот кој може да ги работи
сите операции во земјоделството – од контрола на земјиштето до берба.

Слика 7. Ladybird робот

14
3.2. Bosch BoniRob – Земјоделски робот
Занимавањето со земјоделие има неколку тековни и редовни проблеми, а еден од тие е
тврдоглавоста на плевелот и разни видови треви кои постојано растат меѓу „легитимните“
растенија и треба да се уништуваат, најчесто на физички и хемиски начин.
Овие се исцрпувачки и скапи методи за земјоделците, кои често треба да поминуваат
часови корнејќи ги овие треви или прскајќи ги со разни препарати.
Се работи за машина-робот чија работа е елиминација на тревките од почвата. На него
има камера и роботска „рака“, како и тркала. Кога ќе се активира, оди по полето и бара
тревки со камерата која ја пренесува сликата до софтверот за препознавање на слики.
Штом ги препознае BoniRob ги „тепа“ т.е. удира еднаш или повеќе пати така уништувајќи
ги. Нормално, ги остава другите растенија кои не се непожелни тревки.
Истотака камерата покрај препознавање на тревки може да се користи и за
автоматизирано препознавање и следење на состојбата на другите растенија. Роботот
исто така ќе има способност за учење, па со текот на времето ќе станува се` подобар во
својата работа на препознавање на растенија и нивната состојба.

14
Роботи во земјоделството

Слика 8. Bosch BoniRob – Земјоделски робот

3.3. Swagbot
Swagbot е целосно автоматизиран робот создаден за земјоделска работа, а креиран од
компанијата Agerris. Овој робот е автоматизирана верзија на првиот робот кој беше
15 претставен во 2016 година, кој се контролираше со далечински управувач.
Swagbot може да идентификува плевел и да го искорне, додека истовремено врши
мониторинг на пасиштата и на нивите. Наскоро од Agerris планираат да му ја додадат
опцијата пасење и собирање добиток. Роботот е специјално наменет за вршење
земјоделска работа од поголеми размери.
За помалите фарми Agerris го има Digital Farmhand, кој може да ги автоматизира
обврските од типот на прскање пестициди и проценка на приносите. Најдобро може да
функционира кај работа по редови, како што е кастрење овошки во овоштарник.
Од Agerris сакаат да го направат роботот достапен за земјите во развој, а првите роботи
планираат да ги пуштат на пазарот за една година. Најпрвин ќе почнат да ги продаваат во
родната Австралија, а потоа и на глобално ниво.

15
Роботи во земјоделството

Слика 9. Swagbot робот

3.4. Првата целосно роботизирана фарма во Јапонија


Светската популација се доближува до 7 и пол милијарди луѓе (поточно, 7,21 милијарди
во моментов). Тоа е една огромна маса на живи суштества на кои им треба храна, вода,
16 дом и така натаму.
Толкаво количество на храна тешко дека ќе може да се произведува во иднина преку
старомодниот изорај – посеј – засади – навади – наѓубри – обери/ожнеј – изеди процес.
Во таа насока веќе има значајни напори кон автоматизација/роботизација на
производството на храна, но тие напори се` уште се базираат на стандардните методи
кои работат врз огромни полиња (впрочем, пишувавме за полињата на иднината пред
некое време на Смартпортал).
Од друга страна активно се работи на оптимизација на просторот и создавањето на
вештачки „полиња“ на кои можат да се растат најразлични типови на растенија. Како, на
пример, марули. Па така, една јапонска компанија со име Spread во 2017 г. ја отвори
првата целосно автоматизирана фарма за марули.
Таа ќе биде раширена на 4.800 метра квадратни, ќе биде на повеќе нивоа, ќе има
вештачко светло. Тоа што е навистина импресивно е што целиот процес на производство:
садење, пресадување, наводнување, контрола на температурата и водата, зрачењето со
вештачко светло, одржувањето и сите други процеси ќе бидат – роботизирани. Луѓето ќе
бидат потребни само за проверка дали семињата се накалемиле и почнале да се
претвораат во растенија и за ништо друго.
Покрај тоа што целиот процес ќе биде роботизиран, фармата ќе биде и суперефикасна
што се однесува од аспект на потрошувачка на ресурсите, особено на водата. Имено,
водата ќе се рециклира дури до 98% и повторно ќе се користи во процесот.
Дополнително, оддалеченоста од луѓето ќе помогне за похигиенско растење на марулите
бидејќи нема да има донесување на разни бактерии и други паразити.

16
Роботи во земјоделството

Од Spread очекуваат дека со оваа форма ќе произведуваат по 10 милиони марули


годишно. Тоа се 10 милиони марули со минимално учество на човечки работни часови.

Слика 10. Роботизирано одгледување на марули

17
3.5. Одледување на листест зеленчук со помош на роботи
Технологијата се менува и напредува многу брзо, а тоа ние не го ни
забележуваме.Пример се роботите кои одржуваат целосно автоматизирана фарма на
многу ефикасен и економичен начин. Компанијата Iron Ox во Сан Карлос ја отвори својата
прва автоматизирана фарма за билки и тврди дека нејзиниот хидропонски систем може
да оствари 30% поголемо производство во споредба со традиционалните фарми, а
притоа да потроши дури 90% помалку вода.
Кога билките ќе пораснат, роботот ги носи до простор за обработка. Исто така, роботска
рака може да ја премести малата билка таму каде што има повеќе простор. Со тоа се
оптимизира искористеноста на просторот затоа што на билките во текот на растот им
треба простор.
Роботи се програмирани да го извршат целото производство, од садење семки,
пресадување, одгледување на зеленчукот, па се до автоматски пренос на зеленчукот до
возилата за дистрибуција. Роботите имаат можност за машинско учење, а вештачка
интелигенција ги открива штетниците и болестите кај билките. Исто така, роботите можат
да ги отстранат заразените билки за да не дојде до ширење на проблемот.
Производството се врши под ЛЕД светла, но се тежнее кон изградба на пластеници со
природна светлина за да се искористи бесплатната сончева енергија. Крајната цел на
компанијата е да направат што поздрави и поевтини производи. Засега се одгледува само
листест зеленчук, но производството може да се прошири на домати и друг зеленчук

17
Роботи во земјоделството

18

Слика 11. Одледување на зеленчук со робот

18
Роботи во земјоделството

3.6. Роботи за берба на земјоделски култури

Со глобалното зголемување на населението, а со недостигот на работната сила,


побарувачката за храна значително се зголемува. Со тоа се помалку се користи
работната рака, а се зголемува производството на роботи кои ќе можат да берат јаболки,
јагоди , зелена салата и да острануваат плевел.
Бербата на разните земјоделски култури со помош на роботи наоѓа се поголема примена
и има најголема револуција на роботите.
Роботи за берење на земјоделски култури се конструирани така што тие треба да бидаат
умешни и нежни при берењето на земјоделските култури за да не дојде до нивно
уништување. Многу од овошјата се нежни на допир, а пак зеленчукот може многу лесно
да се искине па затоа роботите за берба треба да бидат многу прецизни.
Повеќето од роботите гледаат да се справат со оваа прецизност и тие сеуште се
усовршуваат и напредуваат.
Некои од овие роботи користат различни роботски компоненти, наместо една роботска
рака за да го дофатат листот и да го собере овошјето. Истотака компјутерската визија му
помага да го разликува зрелото овошје или зеленчук од незрелото пред да го собере.
Овие роботи можат да соберат овошје за 8 сек, а да се префрли на следното за 1.5 сек.
Што е брзо во споредба со работната сила.

19

Слика 12. Роботи за берба на земјоделски култури

19
Роботи во земјоделството

3.7. Роботи-волци
Роботи-волци ќе ги штитат земјоделските поседи во Јапонија
Роботи волци ќе им помагаат на фармерите во Јапонија да си ги заштитат земјоделските
поседи и фармите, пишува „Дејли меил”.
„Волците“ беа тестирани минатото лето на северот на Јапонија. Имаат застрашувачки
изглед – со шилести заби и црвени очи, можат и да завиваат, а нивната основна задача е
да ги плашат и бркаат грабливците и напасниците, како меѓу животните, така и меѓу
луѓето.
Цената на еден „комплет“ роботи е 5.000 долари. Работат на соларни батерии.

20

Слика 13. Робот-волк

3.8. Пчелa робот ( Robo Bee )


Роботските пчели се карактеризираат со способност да лебдат во воздухот, што ги прави
идеални опрашувачи. Покрај тоа, нив не им се заканува биолошка болест, и се целосно
имуни на штетниците и временските услови.

Слика 14. Пчела робот

20
Роботи во земјоделството

Заклучок

Земјоделските машини се направени според самите барања на земјоделците и


производството, и со помош на најсовремени технологии и најсовремени експерти.
Современите земјоделски машини се дополнително опремени и издржливи и заштитени
од корозија и оштетување при изведување на земјоделските работи.
Подобрувањето на земјоделските машини е континуиран и неопходен процес,
благодарение на што постојано се добиваат нови производи и разни иновации во
земјоделството, сите со употреба на напредни технологии.
За иновацијата во земјоделството, најголема и основна цел, е постигнување на
најдобрата можна механизација со помош на која се постигнуваат најголеми резултати во
модерното земјоделско производство.
Земјоделството поминува низ еволуција – технологијата станува неопходен дел од секоја
трговска фарма. Нови прецизни земјоделски компании развиваат технологии кои им
овозможуваат на земјоделците да ги зголемат приносите со контролирање на секоја
варијабла на земјоделско земјоделство, како што се нивоата на влага, стрес на штетници,
услови на почвата и микро-клима. Со обезбедување на поточни техники за садење и
одгледување на земјоделски култури, прецизното земјоделство им овозможува на
земјоделците да ја зголемат ефикасноста и да управуваат со трошоците.
Прецизните земјоделски компании пронајдоа огромна можност да растат. Новата
21 генерација на земјоделци се привлекува кон побрзи, пофлексибилни стартапи кои
систематски ги зголемуваат приносите на земјоделски култури.
Подемот на дигиталното земјоделство и неговите сродни технологии отворија многу нови
можности за податоци. Далечинските сензори, сателити и UAV-и можат да соберат
информации 24 часа на ден во текот на целото поле. Овие можат да го следат здравјето
на растенијата, состојбата на почвата, температурата, влажноста и слично. Количината
на податоци што овие сензори можат да ги генерираат е огромна, а значењето на
броевите се крие во лавината на тие податоци.
Идејата е да им се овозможим на земјоделците да стекнат подобро разбирање на
состојбата на теренот преку напредна технологија (како што е далечинско сензори) што
може да им каже повеќе за нивната состојба отколку што можат да видат со голо око. И
не само попрецизно, туку и побрзо отколку да гледате како шета или вози низ
полињата.Далечинските сензори им овозможуваат на алгоритмите да ја толкуваат
околината на полето како статистички податоци што можат да бидат разбрани и корисни
за земјоделците за донесување одлуки.
Јасно е дека со земјоделство ќе се занимаваат се повеќе машини,а се помалку луѓе.
Потребата за кадар нема целосно да исчезне , но децата треба уште веднаш да ги
насочуваме кон иднината и новите технологии. Тракторот, нмеа да има оператор.
Како што денешното земјоделство е неспоредливо со тоа на нашите дедовци, така ни
идното нема да биде споредливо со денешното. Ќе се бара повече знаење и вештини, а
добрата вест е дека и за 100 години луѓето ќе сакаат да се хранат.

21
Роботи во земјоделството

Користена литература

1. https://mazz.mk/sovremenoto-zemjodelstvo-i-negovite-pridobivki-trendovi-
implikacii-i-perspektiva/
2. https://oborudow.ru/mk/elektrooborudovanie/tehnika-v-selskom-hozyaistve-
sovremennaya-selskohozyaistvennaya-tehnika/
3. https://www.smartportal.mk/novosti/tehnologii/ladybird-solaren-robot-zemjiste/
4. https://mazz.mk/novi-zemjodelski-tehnologii-vo-sovremenoto-zemjodelstvo/
5. https://inovativnost.mk/2019/04/30/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%
BE-%D1%86%D0%B5%D0%BB%D0%BE%D1%81%D0%BD%D0%BE-
%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC
%D0%B5%D0%BD-%D1%80%D0%BE%D0%B1%D0%BE%D1%82-
%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%BE%D0%B4/
6. https://www.smartportal.mk/novosti/tehnologii/bosch-bonirob/
7. https://www.smartportal.mk/tehnologii/robotizirana-farma/
8. https://www.controleng.com/articles/robots-benefits-in-the-agricultural-
industry/#:~:text=Agricultural%20robots%20automate%20slow%2C%20repetitive
%20and%20dull%20tasks%20for%20farmers,Weed%20control
9. https://arxiv.org/ftp/arxiv/papers/1806/1806.06762.pdf
22 10. https://builtin.com/robotics/farming-agricultural-robots

22

You might also like