You are on page 1of 10

СОУ ‘’Цар Самоил’’ – Ресен

Семинарска работа по предметот Спорт и спортски


активности

Планинарење

Ментор: Изработила:

Јорданчо Георгиевски Марија Јовановска


Содржина
Вовед – Што претставува планинарењето...........................3
Излетничко планинарење...................................................5
Планинарење во права смисла на зборот...........................6
Алпинизам..............................................................................6
Опрема за планинарење.......................................................7
Користена литература............................................................9
Вовед – Што претставува планинарењето

Планинарството за човекот во денешно време е најздрава физичка активност


која се одвива во природа. Терминот планинарство е само поширок поим за
бројни активности и спортски дисциплини кои потпаѓаат под планинарство, а
тоа се: разни излети, и посети на лесно пристапни планини,
високогорство, спелеологија (пештерничарство), горски служби за спасување,
водечка служба (водачи), спортска ориентација, скијање, планинарски
трансверзали, алпинизам и спортско качување. Поимот планинарство денес
има широко значење. Тој во себе опфаќа три спорта:

 Алпинизам
 Ориентационо трчање
 Спортско качување
На овие спортови можат да се додадат уште неколку кои произлегуваат од
планинарски активности:

 Параглајдинг
 Змејување
 Ридски велосипедизам
 На сите овие активности заедничко им е планината. Со која од овие
активности ќе се бави некој зависи од неговите околности, физичките
способности, материјални можности и од местото на живеење.
 Планинарењето претставува релаксација од психичките напори што
човекот ги доживува на работното место и градските бучави
предизвикани со брзото темпо на животот. Да се бави со планинарење,
значи да се запознаат убавините на татковината, да се збогатуваат
чувствата. Тоа бара од човекот и одредени напори, кои не претставуваат
опасност за организмот ако се во разумни граници.
 Планинарењето е спорт за сите четири годишни времиња во кој
кондицијата се стекнува во природа со пешачење по угорнини и
удолнини, по полош или подобар терен, кој може да биде шумска стаза,
ливада или, пак, каменити ридови и карпи. Само најискусните планинари
во освојување на некој врв одат сами, по необележана рута и
неорганизирано, бидејќи во природа лесно може да се изгубите, но и тие
носат GPS уреди, се подготвуваат со проучување на мапите на теренот
пред заминување, а во случај на незгода ја повикуваат Горската служба
за спасување. Незгодите во планина не се ретки, времето одеднаш се
менува, а некогаш теренот е таков што и мало невнимание или немање
концентрација може да доведат до повреда.
Излетничко планинарење
Да се планинари може на повеќе начини. Тоа може да биде планинарење во
поблиската околина, како рекреација и без поголеми амбиции, односно уште
како се вика излетничо планинарење. Излетничкото планинарење не бара
големи подготовки и е достапно за секој човек и секоја возраст. Тоа се излети
во близина на градот, обично некои излетнички места каде што постојат
прифатилишта, одмаралишта или хотели.

Овој начин на планинарење не бара некои искуства. Важни се само облеката


и обувките кои треба да овозможуваат слободни движења. Излетниците се
движат по планинарски патеки кои обично се обележани (обележани) и
означени со патокази.

Пожелно е излетниците да ги познаваат основите на планинарството, особено


ориентацијата, правилниот начин на исхрана, ноќевање под ведро небо,
опасностите во планина, прва помош и др., бидејќи тоа ќе им овозможи да се
чувствуваат подобро и посигурно и да ги избегнат евентуалните опасности.
Планинарење во права смисла на зборот

Повисок степен на планинарење е посетувањето на планините со одредена


подготовка и по некој систем. Тоа е планинарење во права смисла на зборот.
Таква активност покажуваат луѓето кои не се задоволуваат со блискта околина,
туку систематски или повремено ги посетуваат планините, почнувајќи од
питомите шумовити предели, па до импозантните врвови на Алпите. Таквата
рекреација бара одредена физичка кондиција, соодветна опрема и познавање
на основните планинарски вештини.

Да планинари по високи и непознати планини, може само искусен планинар кој


добро ја познава ориентацијата, опасностите, планинарските објекти, прва
помош, опремата, скијање, како и основите на алпинизмот и спасувањето во
планина. Оние кои немаат искуство а сакаат да одат во непознати и високи
планини, треба да го користат искуството на постарите планинари т.н.
планинарски водичи.

Алпинизам

Најголема вредност на алпинизмот е во синтезата на физичката сила и


духовните вредности. Совладувајќи ги тешкотиите и опасностите, планинарот
го потиснува стравот за да ја почувствува слободата и радоста на животот. Во
таа сурова борба најдобро ги запознава вредностите на животот.
Дали некој ќе се занимава со излетничко планинарење, планинарење во
правата смисла на зборот, или со алпинизам, зависи од неговите афинитети,
здравјето, материјалните можности и расположливото слободно време. Човек
што ги сака планините ќе го одбере она што му причинува најголемо
задоволство.
Опрема за планинарење

Планинарски чевли – зависно од типот на искачување, постојат повеќе видови


на планинарски чевли кои што планинарите ги бираат. За полесни искачувања
на пониски планини главно се користат помеки и поудобни чевли популарно
наречени трекинг. Доколку е потребно да се движиме низ потешки временски
услови – голем студ, снег, карпест терен тогаш потребна е покрути и
погломазни чевли. Чевлите треба да се високи, за да се намали можноста за
повреда на скочнииот зглоб, како и да обезбедат заштита од други надворешни
влијанија. Ѓонот најчесто се изработува од вибрам или слични материјали
(специјална гума), која треба да обезбеди топлотна изолација и да ја намали
можноста од лизгање.

Поткошули, маички, полари.  Треба да се практикува облекување во повеќе


слоеви. Најпрвин се облекуваат материјали кои полесно ја пропуштаат влагат,
а над нив материјали кои повеќе топлат.

Чорапи потребно е да бида топли удобни, дебели, по можност едни тенки едни


дебели за да се намали триењето на стапалото,  добро е да се употребуваат
волна како природен материјал.

Пантолони треба да исполнат основни услови: да бидат топли, лесни, удобни,


да бидат отпорни на ветер. Како и останатата опрема и тие треба да ја
испуштаат влагата надвор, но не и навнатре.

Јакни – најчесто се од два па и три слоја, долниот полар или сличен материјал
чија намена е да топли, а надворешниот дел треба да штити од надворешни
влијанија, ветер, снег, дожд, најчесто горотекс (Gore-tex)

Ракавици – зависно од условите се користат тенки, дебели некогаш и два пара


комбинирани.  На ниски температури се користат ракавици со два прсти со што
се постигнува подобро загревање на прстите. Секогаш носете резервни
ракавици и избегнувајте да допирате со ниво со цел да ги задржите суви.

Гамашни – го покриваат делот на ногата од зглобот до коленото. Служат како


заштита од навлегување на снег во чевлите, а штитат и од влажна трева,
навлегување на треви и камчиња и нудат превентивна заштита од инсекти,
змии.
Ранецот треба да одговара на потребите. За кратки еднодневни тури обично се
користат ранци од 10- 45 литри, а за повеќедневни од 65 до 80 литри.

Планинарските ранеци поседуваат повеќе стегачи,џебови, на кои може да се


закачат заштитна кацига, цепин и друга опрема.

Челна лед лампа се користи за ноќно кратко и долготрајно искачувања, 7-10


часа, користете квалитетни челни лампи заради издржливоста на ниски
температури и влага.

Наочари за сонце се користат за заштита на очите од висока ув светлина и не


само во сончеви денови туку и при облачно време кога сончевото зрачење
може да биде повторно големо. Се користат обично категории со ув ниво 300
или 400 ознака. Наочарите за скијање како модел варијанта се користат при
ветер и знежна вијулица. Појас се користи пред се поради осигурување на
движење во наврска (качување во група). На појасите можат да се прикачат,
разни додатни алатки потребни за одреден терен.

Дерези се додаток кој се става на планинарската чевла за непречено движење


по замрзнати површини. Има повеќе типови на дерези: со каишеви (за сите
типови на планинарски чевли), полуавтоматски и автоматски.

Цепин е дел од стандардна високогорска опрема. Служи како поткрепа при


качување на замрзнат снег, за поткопување во тврд снег, симнување по стрмни
и заледени површини каде постои опасност за пролизгување.

Штеки за планинарење служат за поткрепа, намалување на оптеретувањето,


притисокот на колената. Телескопските штеки се практични за транспорт.
Користена литература

1. https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9F%D0%BB%D0%B0%D0%BD
%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE
2. https://en.wikipedia.org/wiki/Mountaineering
3. https://skimacedonia.mk/oprema-za-planinarenje/
4. https://betty.mk/planinarene-za-pochetnitsi/

You might also like