Professional Documents
Culture Documents
Значењето на храната во туризмот
Значењето на храната во туризмот
Храната во туризмот има посебно и доста значајно место. Имено, кога ќе се спомене
туризам, прво нешто на кое нѐ асоцира овој термин покрај патувањето е откривањето
на нови територии и култури. Секоја култура, секоја земја, па дури и секоја област во
една земја, има по некој вид на карактеристична храна. Затоа, без разлика на колку
места и да сме биле ширум светот, секогаш ќе постои некој вид на храна која не сме ја
пробале, а заслужува да биде вкусена. Да пробаш нешто ново, да вкусиш нов вид храна
е навистина атракција додека патуваш, бидејќи преку храната ја вкусуваш историјата и
традицијата на еден народ. Ваквата карактеристика на храната укажува на тоа колкава
е нејзината улога во туризмот.
Некои градови, или дури и цели држави се посетуваат баш заради традиционалната
кујна и специјалитети. Единственото и незааборавно искуство доживеано преку
традиционалната кујна, е неизбежно за секоја туристичка дестинација да биде
успешна. Кога туристите еднаш ќе имаат позитивно искуство и ќе бидат задоволни од
храната, голема е веројатноста дека повторно ќе го посетат истото место и ќе го
препорачаат на други луѓе.
Има многу да се пишува на оваа тема, за тоа какво и колкаво е значењето и улогата на
храната во туризмот, како таа влијае во различните видови на туризам во различни
дестинации. Но, сите тие поделби ке се сложат дека храната е од круцијално значење за
постоењето и за развојот на туризмот. Храната се јавува како фактор на надополнување
на туристичките патувања, но и како создавач на нови видови на туризам и
зголемување на бројот на туристи ширум светот.