You are on page 1of 2

Опис на cемејството на Николче

Ликови:
 Дедото Никола
 Таткото Коле
 Николче
 Бабата Марија
 Мајката Љупка

Најстариот Никола-тоа е
дедо му на Николче.Висок и слаб добродушно потсвирнува низ вештачките
заби,кој и во зима и лето оди со своето старо кожено палто.Против настинка
велел.Додека Николче растел секогаш му раскажувал по една нова
приказна.Подоцна дознале дека тој секој ден зимал по една детска книга од
библиотеката.Сите го гледале со потсмев на тој чуден и весел човек,кој преку
книгите се враќ ал во детството.
Средниод Никола-тоа е татко му на Николче.За да се разликува од
дедото сите го викаат Коле.Тој работи како машионо-бравар.Висок и силен
човек а под страшните мустаци крие симпатична насмевка.Зборува малку и
тивко па никој нема намера да се кара со него.
Најмалиот Никола-тоа е Николче.Слабо и мошне високо момче со
кристално сини очи кое годинава завршило шесто одделение со одличен
успех.Николче сака многу да игра фудбал ,не уморен е.Љубезно и воспитано
дете кое чита многу книги и е голем љубител на спортот.
Бабата на Николче се вика Марија.И таа е пензионер како дедо му на
Николче.Секој месец се потпишува на чекот што ке и го донесе поштарот и го
чести дедото Никола со една илјадарка за пивце.Постојано му плете на
Николче некој џемпери,шалови,полувери,ракавички...
Мајката на Николче има милозвучно име-Љупка.Од неа Николче ги
наследил сините очи.Таа работи во пошта на шалтер.Отаму Николче ги
добил првите поштенски марки.Сега има собрано веќ е два полни
албума.Дедо му Никола му купил и лупа да може да ги забележи и нај
ситните детали на тие мали разнобојни и интересни книвчиња.
Опис на вработените во летувалиштето

Воспитувачката Олгица која децата ја викаат тета Оле се грижеше и ги


воспитуваше децата во текот на целото летување.Тетка Оле ги прошета
летувалците низ преубавиот брег на охридското езеро зборувајќ и им за
историското минато на нашата земја,ги научи децата да ја пеат македонската
химна при што голема чест било и дигањето на летувалското знаме.Сите
деца водеа грижа за хигиената на летувалиштето, некој се истакнаа и со
своите дела што ги беа направиле за летувалиштето.Другарување,љубов и
многу љубов ги исполнуваше нежните детски срца за време на летувањето.

Управникот на летувалиштето е висок и мускулест човек.Трпение и


љубезност го обзимаа неговото лице на кое блескаше симпатична
насмевка.Секогаш беше спремен да помогне и да се жртвува за секое едно
дете во летувалиштето.

You might also like