You are on page 1of 2

Витамин В12

Познат е како витамин кој отстапува од Б комплексот според фактите дека тој не се
депонира во ткивата на човековиот организам,не се синтетизира од растенијата, а и
неговата улога како фактор против пернициозна анемија.
За првпат бил изолиран За прв пат е изолиран од екстракт на црн дроб во 1948
година. Подоцна се добиени витамини В12 како споредни продукти од течноста која
останува по ферментација на Streptomyces griseus и други специјални микроорганизми.
Денес за медицински цели од оваа течност се добиваат поголеми колиества витамин В12
Кобаламините ги има најмногу во црниот дроб, бубре- гот, а помалку во месото, млекото
и јајцата, а во растител- ната храна речиси ги нема. Под поволни услови може да ги
синтетизираат и бактериите на цревната флора. Дневна потреба од витамин В, кај
возрасните лица изнесува околу 2 микрограма. Метаболизам. Кобаламинот внесен со
храната може да се ресорбира само ако е присутен тн. внатрешен (instrin- sic) фактор или
Castle-ов фактор. Во таа смисла самиот вишамин е наречен надворешен (extrinsic) фактор.
Внатреш- ниот фактор се создава од париеталните клетки на желуд- никот, во
пилорусниот дел. Претставува гликопротеин со релативна молекуларна маса од околу 93
000. Најчесто недостига кај луѓе кои имаат хроничен атрофичен га- стрит. При
соединување на внатрешниот фактор со надво- решниот, т.е. витамин В2 се создава т.н.
антипернициозен принцип, односно комплекс кој сега може да се ресорбира. Овој
комплекс се врзува и ресорбира преку специфичните рецепторни места за овој витамин во
илеумот. При преминот на комплексот кобаламин - внатрешен фактор низ слузницата,
доаѓа до ослободување на внат- решниот фактор и пренос на витаминот врз еден тран-
спортен протеин во плазмата, наречен транскобаламин II. Судбината на ослободениот
внатрешен фактор по извр- шената ресорпција останува нејасна: или се хидролизира или
се враќа назад во тенкото црево. Во црниот дроб се наоѓаат други протеини коишто го
врзуваат кобаламинот- транскобаламин I, кој тука обезбедува ефикасна форма на
депониран кобаламин. Тоа е единствен случај на депони- рање на хидросолубилни
витамини. Кобаламинот се излачува со жолчката и подлегнува на ентерохепатална
циркулација. Главен витамин во циркулацијата е метилкобаламинот со траги на
хидроксикобаламин. Во црниот дроб, депони- раниот витамин се наоѓа во форма на 5-
деоксиаденозил- кобаламин (70%), а само 5% во форма на метилкобаламин. Метилната,
хидроксилната и аденозилната група се врзани за кобалтот во коринскиот прстен на место
на цијанидот. Својата биолошка функција кобаламинот ја врши со помош на неговите
коензимски форми: аденозилкобаламин и метилкобаламин. Овие главно се создаваат во
црниот дроб и бубрегот, за натаму да се дистрибуираат до другите органи. Биохемиски
функции. Заедно со витамин С учествува во активација на фолната киселина на тој начин
што ја олеснува продукцијата на коензимите на фолната ки- селина. Така е вклучена во
користење на формил групите како С соединенија во бројни синтези - пурини и некои
пиримидински бази. Последица на сето ова активно уче- ство на кобаламинот во
редукција на рибонуклеотИДИ ВО дезоксирибонуклеотиди, во синтеза на ДНК и
пролифера- ција на хематопоетските клетки. Кобаламинот има важна улога во процесот на
созрева- ње на еритроцитите. Инаку кобаламинот како кофактор (коензим) на ин-
трамолекуларните трансферази и изомерази учествува во пренос на атомски групи во
молекулата и постанок на некои изомери, што ќе биде изнесено во главата "Ензи- ми и
биокатализа". Недостиг на витамин В2. Дефицитот на кобаламин може да биде последица
на слабо внесување со храна или, почесто, поради нарушена ресорпција. Процесот на
ресорпција најчесто е нарушен при гастрична ресекција или парцијална гастректомија
(отстранување на дел од желудникот) на регијата одговорна за продукција на внатрешниот
фактор. Авитаминозата В се манифестира со појава на перни- циозна анемија: намалување
на бројот на еритроцитите и нивно спречено созревање. Во тешки случаи се јавуваат и
дегенеративни промени во задните и страничните коре- ни на 'рбетниот мозок, тн.
фуникуларна миелоза. Истотака се опишани и конгенитални дефекти во метаболиз-мот на
кобаламин во смисла на нарушена продукција навнатрешен фактор и синтеза на
транскобаламини.Препаратите на кобаламин широко се применуваат во ме-дицинската
практика и тоа при третман на: мегалобластичнаанемија, оштетување на 'рбетниот мозок и
перифернитенерви. При анемиите најчесто се дава во комбинација софолна киселина и
железо поради нивното учество во синте-зата на хемоглобинот во хематопоетските
клетки.

You might also like