You are on page 1of 2

Бојан

Автор: Глигор Поповски

Главни ликови: Бојан

Споредни ликови : Дедо Димо, Дедо Иван, Доктор Коста, Инженер Александар, Денко, Елена.

Тема: Живото на момчето Бојан, неговата храброст, истрајност, љубов кон планината и природата.

За Авторот: Глигор Поповски е македонски автор за деца, поет, раскажувач, романсиер и преведувач. Учел во родното
село, а потоа во Берово и во Струмица, и најпосле во Скопје,каде што завршува учителска школа. Во 1949 година
стапува на работа во Редакцијата „Пионерски весник“, прво како илустратор, а потоа како соработник. Се до
пензионирањето во 1988 година, работи во Книгоиздателството „Детска Радост“ при НИП „Нова Македонија“,прво како
уредник на „Титов пионер“, а подоцна на „Развигор“,„Другарче“и „Росица“,а неколку години работи и како главен
уредник на Издавачката дејност. Негова прва книга е “Сказна за детето Вилен”,пишува уште триесетина книги за деца и
телевизиски серии

Бојан

Главен лик:

Главен лик во романот Бојан, е токму мочето по име Бојан. Тоа е момче на возраст од 15-тина години, кое живее во
селото под планината Грамада. Уште од мали нозе често престојува во колибата на неговиот дедо Димо сместена во
планинските стрмнини. Таму тој му помага на својот дедо и учи како да се грижи за стоката, за колибата, едноствано ги
учи животните вештини. Но авторот ни го прикажува Бојан во една друга светлина. Останувајќи сам во колибата, Бојан
се бори со своите стравови, се бори со болеста, се бори со осаменоста. Неговата истрајност и решеност да преживее, и
тој и стоката, ни го прикажуваат Бојан како едно одговорно, совесно,жилаво момче, кое на својот грб ја носи својата
судбина и судбината на стоката која му е оставена да ја чува. Борејќи се со осаменоста, тој целиот свој бес го истура врз
дебелиот дабов трупец-Јурукот. Тука авторот ни ја прикажува психичката борба на Бојан, таа постојана борба со
мислите што му надоѓаат, што го тиштат. Борејќи се со трупецот Бојан како да бори со сите свои стравови. Во вториот
дел од романот, авторот ни ја прикажува и нежната страна на Бојан, неговите чуства што се раѓаат кон Елена.

Кратка содржина:

Во романот Бојан, авторот ни раскажува дел од животот на едно многу храбро и истрајно момче кое се вика Бојан. Една
зима, Бојан останува сам во колибата на дедо муДимо, која се наоѓа на падините на планината Грамада, поточно во
Гогов Валог. Дедо музаминува во селото, а Бојан останува сам да се гружи за колибата, стоката, да се грижи за себе. Тоа
и не му претставува некоја тешкотија, затоа што тој уште од мали нозе доаѓал кај дедо му и заедно ги извршувале сите
тие задачи. Така Бојан, најодговорно првото утро започнува да си ги извршува секојдневните задачи. Но животот
никогаш неможе да се предвиди, па така уште првата вечер додека Бојан е на гости кај дедо Иван на Гола Глава, почнува
да врне снег. Снежната опсада на планината значи дополнителни проблеми и маки за Бојан. Помош и друштво му прават
двете кучиња Стрела-младо пролетно куче и Караман, старото верно куче. Грижејќи се постојано да има чиста патека до
поточето, каде што стоката пие вода, и чиста патека до колибата, Бојан вложува натчовечки напори борејки се со
снежните навеви. Но снегот носи и други опасности-Волците кои во потрага по храна, се спуштаат до кај колибите. Во
главата на Бојан му се редат мислите, како да се одбрани од тие злобници. Првата вечер кога го слуша нивното
завивање, стравот му се всадува, но тој е одлучен да истрае и да се фати во борба со тие крвници. Ја слуша пушката на
дедо Иван, и некако се смирува. Следното утро му носи нова радост но и тага. Една залутана срна, со повредена нога,
заглавила во снегот. Бојан ја ослободува од снегот, ја носи дома, се грижи за неа, и бидејќи таа има кроток поглед, ја
нарекува Кротка. Тагува по изгубенатаовца, која умира откако раѓа едно прекрасно јагнеце со црно опавче, кое Бојан го
нарекува Снежана. Покрај мислите за волците, Бојан постојано го мачи и мислата за неговото семејство, да не случајно
тргнале по снегот да дојдат до кај него, да не се завеани, да не наишле на волците. Грижи колку сакаш. По некоја вечер
волците ја напаѓаат колибата. Во храбра борба со нив, загинува кучето Караман. Бојан тешко ја доживува неговата
загуба. Цврсто решен да се одбрани од нивните напади и да се освети за Караман, Бојан ја бара дедовата пушка низ
целата колиба, и ја наоѓа, скриена во креветот. Цел ден вежба со неа, а дедо Иван од Гола Глава го отпоздравува со
пукање. Така тие двајца, си јавуваат еден на друг дека е се во ред со нив. Една вечер, Бојан забележува чад и оган на
Гола Глава и низ главата му се редат мисли за тоа што би можело да се случи со дедо Иван, да не изгорел заедно со
колибата и слично. Но тој продолжува да вежба со пушката и така спремен, една вечер кога волците го најаваат своето
доаѓање, се качува над племната, покриен со кебиња ги чека да се појават. Когаволците наближуваат, успева да погоди
еден од нив и на радоста и нема крај. Но од студенилото кое му влегло во таа ладна ноќ, Бојан добива треска, па се
разболува и останува неколку дена во кревет. Најголема радост во тие тешки денови на Бојан му причинува јужниот
ветер, кој го најавува топењето на снегот и доѓањето на неговите. Авторот продолжува да ја раскажува приказната за
Бојан, и тоа во периодот по студената зима, кога доаѓа летото. Бојан и дедо Димо иако со тешко срце, решаваат да ј а
пуштат Кротка, затоа што таа сепак и припаѓа на шумата. Летото носи нови настани, каде што храброста и истрајноста
на Бојан повторно ќе излезат на виделина. Така на планината доѓаат двајца археолози кои треба да истражуваат некои
стари градби кај местото Селиште, и едно момче (син на еден од археолозите) на возраст како Бојан кое се вика Денко.
Бојан и Денко веднаш стануваат другари. Иако Денко е градско дете, веднаш го прифаќа Бојан, а со мали потешкотии и
начинот на живот во планината. Бојан како домаќин го шета Денко насекаде, покажувајќи му ги сите убавини на
планината. Тие двајца ќе ја спасат и малата Иринка од давење во вода, па нејзините родители во знак на благодарност, ќе
приредат свечен ручек. Уште едно изненадување му се случувана Бојан. На планината доаѓа Елена, ќерката на инженер
Александар. Тоа е првото градско девојче кое го запознава Бојан, и веднаш почнува да му се допаѓа. Ја прифаќа Елена,
како што го прифаќа Денко, ја запознава со планината, со начинот на живот во колибата, ја запознава со Стрела. Елена е
воодушевена од планинскиот живот, и започнува да пишува дневник, за да ги забележи сите настани и убавини од овој
летен распуст.Една тажна случка ќе фрли сенка врз преубавиот летен распуст. Еден ден, силно невреме ќе ја зафаќа
планината, па од силниот ветер, се откинуваат шаторите на археолозите, и дедо Димо и Бојан веднаш ги прибраат
гостите во колибата. Но по невремето, шумарот пристугнува со лоши вести, дека гром ги убил двете овчарчиња. Тиесе
училишни другари на Бојан, па оваа вест Бојан тешко ќе ја прими. Неколку дена тој тагува сам, а Денко и Елена, гледаат
на секаков начин да му ја олеснат болката. И дедо Иван страшно се разболува, па двајцата инженери, со носилка едвај го
спуштаат од ГолаГлава до Гогов Валог, за потоа шумарот со џипот да го однесе на лекување. Но дедо Иван не издржува
и тој умира. Бојан и Денко одат да земат ново кученце, на кое Бојан му го дава истото име-Караман, но за жал неможе да
и најде кученце на Елена. По сите овие случки, решеноста на Бојан да се искачи на Орелска Чука, врвот на планината на
кој се уште никој не се искчил е уште посилна. Дедо Димо не му дозволува на Бојан да сеискачи на врвот, плашејќи се за
неговиот живот. Но Бојан, онака истраен, одлучен и храбар, тргнува со Денко заедно да го оствари својот сон. Не
јавувајќи се на никого, тие двајца уште рано заминуваат во својот поход. Полека, внимателно делче по делче, го
освојуваат врвот. Доаѓаат под самиот врв, каде може да се искачат само еден по еден. Денко застанува за да му послужи
како скала на Бојан, кој умешно се искачува нагоре насамиот врв. Таму го надлетуваат орлите, но среќата од тоа што го
остварува својот сон, му ги полни градите со задоволство. Зема неколку орелски пердуви за да докаже дека бил таму и се
симнува. Денко преморен, не се осмелува да се искачи на самиот врв, па така двајцата, полека, почнуваат да се спуштаат
од карпата. Кога им кажуваат на своитедека го освиле врвот, на дедо Димо и доктор Коста, им е мило, но ништо не
кажуваат. Елена им е лута зошто не и кажале и на неа. Симпатиите помеѓу Елена и Бојан се повеќеи повеќе растат. На
Бојан срцето се побрзо му чука во присуство на Елена. Но еден августовски ден, додека Бојан го бара изгубеното теле,
Елена и нејзиниот татко изненадно заминуваат од планината. Кога Бојан дознава дека Елена си заминала за Скопје, тој е
лут, но малку го смирува краткото писменце кое таа му го оставила, и во коему ветува дека ќе му пише подолго писмо и
ќе се врати во Гогов Валог следното лето. Бојан се бори сам со себе, му фали Елена, тешко му е што не се поздравил со
неа, постојано од лутина фрла камења, а капак на се, доаѓа време и Денко и доктор Коста даси заминат. И повторно
својата лутина и бес што останува сам со дедо му и планината, гиистура на необичен само нему својствен начин. Се
качува повторно на Орелска чука , сам, непретпазливо, брзо се искачува на врвот. Таму решава да преспие.Едно
претпладне, во зората на есента, шумарот носи вести во колибата. Писмо до дедо Димо од доктор Коста и писмо до
Бојан од Елена. Бојан ратреперено го чита секој напишан збор, а во писмото Елена му испратила слика за да не ја
заборави. Да ја заборави? Никогаш. 
Види помалку

You might also like