You are on page 1of 13

ПРОЕКТНА ЗАДАЧА

Видови девизен курс и анализа на нивните предности и слабости

Ментор: Изработил:
Проф.

Скопје, декември, 2022


Содржина

Вовед.............................................................................................................................2
1. Поим и суштина на девизниот курс................................................................3
1.1 Фактори кои го детерминираат девизниот курс....................................5
2. Видови девизен курс..........................................................................................6
2.1 Номинален девизен курс.............................................................................6
2.2 Реален девизен курс.....................................................................................7
2.3 Фиксен и флуктуирачки девизен курс...................................................10
Заклучок.....................................................................................................................12
Користена литература.............................................................................................13

Вовед

2
Оваа тема ја одбрав за да ги збогатам сознанијата за видовите на
девизниот курс, неговото изразување, промените на девизниот курс кои имаат
значајни импликации врз надворешно-трговската размена на земјата, односно
врз извозот и увозот. Бидејќи извозот е компонента на агрегатната побарувачка,
девизниот курс има свое влијание и врз нивото на вкупниот аутпут во
економијата (БДП), врз вработеноста и врз инфлацијата.
Исто така целта ми беше да го увидам значењето на девизниот пазар,
неговите компоненти, понудата и побарувачката кои го детерминираат
девизниот курс, како и креирањето на побарувачката на девизи на девизниот
пазар, и односите помеѓу две земји.

1. Поим и суштина на девизниот курс

3
Националните парични единици ги извршуваат функциите на пари
внатре, во рамките на сопствените национални економии. Тоа понатаму значи
дека македонскиот денар служи како законско средство за плаќање во
границите на Република Македонија, словенечкоит толар служи како законско
средство за плаќање во границите на Република Словенија, швајцарскиот франк
е законско средство за плаќање во Швајцарија итн. Меѓутоа, секоја земја
реализира бројни меѓународни економски трансакции со голем број на други
земји. Кога Македонија купува, однодно увезува, добра и услуги од САД таа не
може увозот да го плати со денари. Како, на пример, македонско претпријатие
коешто сака да купи 10 компјутери од реномираната американска корпорација
ИБМ, при што секој компјутер поединечно чини 2000$, ќе дојде до неопходните
20.000$? Во тој случај македонското претпријатие ќе мора на девизниот пазар
да ги купи неопходните долари, односно да понуди денари во замена на долари.
Но колку денари треба да се понудат во замена за 20.000$? Тоа ќе зависи од
цената по којашто се разменуваат двете валути, односно од девизниот курс.
Според тоа: Девизниот курс ни ја покажува цената по којашто една
валута се разменува за друга валута.
Ако знаеме дека 60 денари = 1$, тогаш лесно ќе пресметаме дака на
претпријатието коешто сака да купи 20.000$ ќе му бидат потребни 1.200.000
денари.
Во горниов пример односот 60 македонски денари = 1 американски
долар, фактички ни покажува колку домашни парични единици се неопходни за
да се купи една странска парична единица, односно 1$. Ваквиот начин на
изразување на девизниот курс се нарекува европски начин. Постои и т.н.
британски начин на изразување на девизниот курс. Тој ни го покажува бројот на
странски парични единици неопходни за да се купи една домашна парична
единица, односно во конкретниов случај 0,0166 американски долари = 1
македонски денар.
Нивото и промените на девизниот курс имаат значајни импликации, во
прв ред, врз надворешно-трговската размена на земјата, односно врз извозот и
увозот. Со оглед на тоа што нето извозот е компонента на агрегатната
побарувачка, девизниот курс има свое влијание и врз нивото на вкупниот аутпут
во економијата (ГДП), врз вработеноста, врз инфлацијата и сл. Доколку
девизниот курс на домашната парична единица е преценет (нереално се одржува

4
на повисоко ниво од она што е детерминирано од односите на понуда и
побарувачка на девизниот пазар), тогаш поскапува извозот на стоки и услуги од
земјата во странство, односно поевтинува увозот на странски стоки и услуги.
Така на пример, ако односот помеѓу денарот и доларот е утврден на 55 денари =
1$, наместо 60 денари = 1 долар, тогаш таквата ситуација ќе го дестинулира
македонскиот извоз во САД, односно ќе го стимулира увозот на добра и услуги
од САД. Ова е така, поради фактот што американското претпријатие што треба
да увезе стоки од Македонија со еден дóлар ќе може да купи само 55 наместо 60
денари.
Со други зборови, американското претпријатие ќе мора да понуди
поголема количина на долари за да ги набави неопходните денари за купување
на македонски производи. Од друга страна пак, македонското претпријатие што
треба да увезе американски производи ќе може со помалку денари да набави
поголема количина на долари. Тоа може да предизвика дефицит во трговската
размена со САД. Работите стојат обратно ако вредноста на домашната парична
единица е потценета.

1.1 Фактори кои го детерминираат девизниот курс

Факторите кои ги условуваат промените во извозот и увозот на добра и


услуги помеѓу земјите едновремено се и фактори кои детерминираат и промени
во понудата и побарувачката на соодветните валути, а со тоа и промени во
девизните курсеви.
Промени во релативниот доход - побрзиот економски раст во САД во
однос на други земји, на пример во однос на Англија и Македонија, ќе
предизвика побрз пораст на доходите. Промени во вкусевите на потрошувачите
- напредокот на технологијата во САД овозможува производство на
американски компјутери со високи перформанси. Тоа ја зголемува
побарувачката на американски компјутери на странските пазари: во Македонија,
во Франција, во Словенија итн. Побарувачката на американски долари на
пазарите на соодветните земји расте, доларот апрецира во однос на
македонскиот денар, еврото, словенечкиот толар итн.

5
Промени во релативниот доход - побрзиот економски раст во САД во
однос на други земји, на пример во однос на Англија и Македонија, ќе
предизвика побрз пораст на доходите на Американските граѓани, а со тоа и
пораст на нивната куповна моќ. Американските граѓани ќе купуваат повеќе
добра и услуги на домашниот пазар, но и на странските пазари во конкретниов
случај од Англија и Македонија. Тоа ќе ја зголеми понудата на долари на
соодветните странски пазари и доларот ќе депрецира во однос на нивните
валути.
Општото ниво на цените (стапката на инфлација) - повисоката стапка на
инфлација во САД во однос на Македонија ќе предизвика пораст на
побарувачката на американските граѓани за македонски производи. Понудата на
долари на девизниот пазар ќе порасне и вредноста на американскиот долар во
однос на македонскиот денар ќе депрецира.
Висината на реалната каматна стапка ако Федералните резерви на САД ја
намалат понудата на пари заради контролирање на инфлацијата, реалната
каматна стапка во САД ќе порасне во однос, на пример, на Јапонија. Јапонците
ќе бидат заинтересирани да купуваат повеќе американски трезорски обврзници,
бидејќи овие носат повисоки каматни стапки. Понудата на јапонски јени на
девизниот пазар (во замена за американски долари), ќе расте. Вредноста на
доларот во однос на јапонскиот јен ќе апрецира.

2. Видови девизен курс

Макроекономистите ги проучуваат варијаблите(промените) кои ги мерат


цените по кои овие меѓународни трансакции се извршуваат. Како што цената на
некој пазар служи(игра) важна улога на координирање на купувачите и
продавачите на тој пазар, меѓународните цени помагаат во координација на
одлуките на потрошувачите и производителите како тие взаемно да дејствуваат
на светски пазари. Овде ние ќе ги разгледаме номиналниот и реалниот девизен
курсе, коко и фиксниот и флуктирачкиот девизен курс.

6
2.1 Номинален девизен курс

Номиналниот девизен курс е курс по кој една личност може да ја тргува


валутата на една земја за валутата на друга. На пример, доколку истакнат
девизен курс во банка е 80 јени по долар, и ако се врши размена тогаш за еден
долар ќе чини 80 Јапонски јени; и обратно 80 Јапонски јени, се заменуваат за
еден долар.
Девизниот курс секогаш може да биде изразен на два начина. Ако
девизниот курс е 80 јени по долар, тој е исто така 1/80 (=0,0125) долари по јен.
Овде секогаш се изразува номиналниот девизен курс како единица на странска
валута по долар, така како 80 јени по долар.
Ако девизниот курс се менува така да доларот купува повеќе странска
валута, таа разлика се вика апрецијација (покачување) на доларот. Ако
девизниот курс се менува така да долар купува помалку странска валута, таа
промена се вика депрецијација (намалување или обезвреднување) на доларот.
На пример, кога девизниот курс се зголемува од 80 на 90 јени по долар, викаме
дека доларот се покачил. Во исто време, бидејќи Јапонскиот јен сега купува
помалку од САД.валута, викаме дека јенот се намалил (обезвреднил), Кога
девизниот курс паѓа од 80 на 70 јени по долар, викаме дека доларот се намалил,
и велиме дека јенот се покачил.
Кога валутата се покачува, викаме дека зајакнува бидејќи таа може тогаш
да купи повеќе странска валута. Слично, кога валутата обезвреднува, викаме
дека слабее.
За било која земја, има многу номинални девизни курсеви. САД. долар
може да биде употребен за купување на Јапонски јен, Британска фунта,
Мексикански пезос итн. Кога економистите ги проучуваат промените во
девизниот курс, тие често употребуваат индекси кои ги упросечуваат многуте
девизни курсеви. Како што потрошувачкиот ценовен индекс менува многу цени
во економијата во единечни мерки на ценовно ниво, индексот на девизниот курс
ги менува овие многу девизни курсеви во единечни мерки на меѓународната
вредност на валутата. Така кога економистите зборуваат за покачувањето или
обезвреднувањето на доларот, тие често се однесуваат на индексот на девизниот
курс кој зема во предвид многу индивидуални девизни курсеви.

7
2.2 Реален девизен курс

Реалниот девизен курс е курсот по кој едно лице може да ги разменува


стоките и услугите од една земја за стоките и услугите на друга. На пример,
доколку фунта од швајцарско сирење е двапати поскапо од фунта од
Американско сирење, тогаш реалниот девизен курс е 1/2 фунти од швајцарско
сирење по фунта од Американско сирење.
Реалните и номиналните девизни курсеви се тесно поврзани. Нивната
поврзаност може да се види низ следниот пример: Бушел од Американски ориз
се продава за $100, и бушел од Јапонски ориз се продава за 16,000 јени. Па
според тоа: прво мора да се употреби номиналниот девизен курс за да се
претворат цените во заедничка валута. Ако номиналниот девизен курс е 80 јени
по долар, тогаш цена за Американскиот ориз од $100 по бушел е еднаква на
8,000 јени по бушел. Американскиот ориз е за половина поскап од Јапонскиот
ориз. Реалниот девизен курс е 1/2 бушел од Јапонски ориз према бушел од
Американски ориз.
Овие пресметки за реалниот девизен курс може да се изразат со следнава
формула:

Реален девизен курс =

Употребувајќи ги броевите во примерот, формулата се применува како што


следува:

(80 јени по долар) х ($100 по бушел од Американски


ориз)
Реален девизен курс = ----------------------------------------------------------------------
16,000 јени по бушел од Јапонски ориз
8,000 јени по бушел од Американски ориз
= ---------------------------------------------------------- =

8
16,000 јени по бушел од Јапонски ориз

= 1/2 бушел од Јапонски ориз спрема бушел од Американски ориз.

Спрема тоа, реалниот девизен курс зависи од номиналниот девизен курс


и од цените на стоките во двете земји мерени во локалните валути.Односно,
реалниот девизен курс е главно определен од тоа колку земјата извезува и
увезува.
Кога ја проучуваат економијата во целина, макроекономистите се
фокусираат на глобалните цени повеќе одколку на цените на индивидуалните
ставки. Тоа е, да се измери (одреди) реалниот девизен курс, тие употребуваат
ценовни индекси, како потрошувачкиот ценовен индекс, кој ја мери цената на
кошницата од стоки и услуги. Со употребата на ценовниот индекс за САД
кошница (П), ценовниот индекс за странска кошница (П*), и номиналниот
девизен курс помеѓу У.С. доларот и странските валути (е), може да се пресмета
глобалниот реален девизен курс помеѓу Соединетите Американски Држави и
другите земји како што следува:

Реален девизен курс = ( е x П ) / П*

Овој реален девизен курс ја мери цената на кошница од стоки и услуги


кои се на располагање дома во однос на кошницата на стоки и услуги кои се на
располагање во странство.
Реалниот девизен курс на земјата е главно определен од нејзиниот нето
извоз на стоки и услуги. Обезвреднувањето(паѓање) на САД, реалниот девизен
курс значи дека САД., стоките станале поефтини во однос на странските стоки.
Овие промени ги поттикнува домашните и странските потрошувачи да
купуваат повеќе САД. стоки и малку стоки од други земји. Како резултат, САД
извозите растат, и САД увозите опаѓаат, и двете овие промени ги зголемуваат
САД нето извозите.
Конвертабилно, покачувањето (раст) на СА. реалниот девизен курс
значи дека САД стоките станале многу поскапи споредени со странските стоки,
така САД. нето извоз паѓа (се намалува).

9
2.3 Фиксен и флуктуирачки девизен курс

Режимот на девизниот курс фактички ги објаснува основите врз кои


националните влади го утврдуваат девизниот курс. Синтетички гледано
постојат два режими на девизни курсеви:
 Фиксни девизни курсеви
 Флуктуирачки девизни курсеви
Фиксен девизен курс постои кога вредноста на домашната парична
единица се врзува, фиксира, за некој објективен стандард за златото или за
вредноста на некоја странска парична единица.
Во времето на златниот стандард вредноста на домашната парична
единица се врзувала за вредноста на златото. Кога во оптек циркулирале
полновредни пари постоел утврден однос на националните парични единици со
златото. Така, на пример, една англиска фунта била еднаква на вредноста на
7,08738 грама злато, а еден американски дóлар вредел колку што вределе
1,41748 грама злато. Во вакви услови лесно се утврдувал девизниот курс на
националните парични единици, требало само да се споредат количините на
злато содржани во различните национални парични единици. Врз оваа основа
може да се утврди односот, паритетот, помеѓу фунтата и доларот тој изнесувал
1:5, бидејќи англиската фунта содржела пет пати поголема количина на злато во
однос на американскиот долар.
Денес, режимот на фиксен курс претпоставува врзување т.е. фиксирање
на вредноста на паричната единица за некоја странска валута. Порано
македонскиот курс беше врзан за вредноста на германската марка: 32 денари = 1
германска марка. Денес вредноста на денарот е врзана за еврото. Односот е 62
ден = 1 евро. Ако монетарната власт (централната банка) и владата се определат
за фиксен девизен курс тие понатаму го “бранат” така утврдениот фиксен курс
со мерките на економската политика.
Флуктуирачки девизен курс е оној којшто се формира под слободното
дејство на понудата и побарувачката на девизи на девизниот пазар. Во рамките
на флуктуирачките девизни курсеви обично се разликува слободно
флуктуирачки девизен курс и флуктуирачко-управуван девизен курс.

10
Слободно флуктуирачки девизен курс е оној кој исклучиво се формира
низ слободното дејство на понудата и побарувачката на девизи на девизниот
пазар, без интервенција на владите, односно централните банки. Начинот на
формирање на рамнотежниот девизен курс кај овој режим, како и промените во
понудата и побарувачката на девизи под дејство на промените на обемот на
трговија помеѓу одделните економии. Кај флуктуирачко-управувачкиот девизен
курс постои комбинирано дејство на пазарните сили и државната регулатива
(интервенција на монетарната власт т.е. централната банка) во неговото
формирање. Практично, рамнотежното ниво на девизниот курс кај овој режим
се формира под доминантно дејство на побарувачката и понудата на девизи на
девизниот пазар. Да претпоставиме дека во една економија, со режим на
флуктуирачко-управуван девизен курс, рамнотежното ниво на девизниот курс,
под дејство на пазарните сили (понудата и побарувачката на девизи), се
формирало во однос: 1 п.е. на соодветната земја = 1 евро. Меѓутоа, со тек на
време, ваквото рамнотежно ниво се нарушило и сега односот е: 1 п.е. на
соодветната земја = 0,8 евра. Во конкретниов случај станува збор за намалување
на вредноста на паричната единица на земјата во однос на еврото. Со други
зборови еврото апрецира, а паричната единица на земјата депрецира. Тоа е само
доказ дека во земјата расте побарувачката за евра. Рамнотежното ниво е
нарушено, отстапувањето е 20% во однос на рамнотежниот девизен курс. Во
ваква ситуација централната банка на земјата, за да го елиминира нарушувањето
на девизниот пазар, ќе интервенира со пуштање на дополнителни количини на
евра од сопствените девизни резерви.
Ваквата интервенција ќе предизвика зголемување на понудата на евра на
девизниот пазар и вредноста на еврото ќе почне да опаѓа. Интервенцијата на
централната банка (пуштањето на дополнителни количини на евра од девизните
резерви) ќе трае се додека повторно не се постигне рамнотежното ниво.
Логиката на интервенцијата на централната банка ќе биде обратна доколку на
домашниот девизен пазар се јави вишок на евра. Во тој случај централната
банка ќе откупува евра за да го воспостави рамнотежниот девизен курс.
Заклучок

11
Од сето погоре изнесено може да ја согледаме есенцијалната улога на
девизниот курс за националните економии врз надворешно-трговската размена
на земјата, односно врз извозот и увозот.
Значајна улога при формирањето на режимот на девизниот курс имаат
монетарните власти односно централната банка. Централната банка врши
интервенција на девизниот курс доколку дојде до негово нарушување, пушта
или повлекува девизи од девизниот пазар, и со тоа влијае врз висината на
девизниот курс.
Се надевам дека со добивањето на кандидатскиот статус на Македонија и
со нејзиното набрзо станување на полноправен член на Европската Унија, и по
усвојувањето на еврото ќе се избегнат потешкотиите за кои погоре зборувавме,
при размената на стоки и услуги помеѓу две земји, како и патувањето во
странство.

12
Користена литература

1. Бурда и Виплош, Макроекономија, Економски текст, Академски печат,


Скопје, 2009
2. Mankiw G, Principle of Economics”, Mc Graus – Hill, 2004
3. Народна Банка на Република Македонија - www.nrbp.gov.mk
4. Таки Фити, Меѓународна економија - Макроекономија, Економски
факултет, Скопје, 2004
5. Таки Фити, Економија - Макроекономски пристап - Економски
факултет, Скопје, 2006
6. Шајноски К., Девизен систем и девизно работење, Универзитет ” Гоце
Делчев”, Штип, 2011

13

You might also like