You are on page 1of 104

КАТАЛОГ НА БИЗНИС

ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ
ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА
НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ

Прегледот е направен со податоци кои се прибрани заклучно


со 31-ви мај 2016 година
СОДРЖИНА

Содржина 2

ПОНУДА ОД ВЛАДИНИ ИНСТИТУЦИИ И ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА 5


Услуги и поддршка обезбедени во рамки на ИПАРД програмата 6
Поддршка на креативните индустрии обезбедени преку Министерството за култура 9
Поддршка за конкурентност на индустријата преку Министерство за економија 11
Кофинансирање на обуки преку Министерството за економија 13
Поддршка на занаетчиството преку Министерството за економија 15
Ваучерско советување обезбедено преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на
Република Македонија (АППРМ) 17
Програма за субвенционирање на вработувањето преку Агенција за вработување на РМ 19
Поддршка за сертификација обезбедена преку Министерство за економија 21
Поддршка за женско претприемништво преку Министерство за економија 23
Кредитирање правни субјекти за отворање на нови работни места преку Агенцијата за вработување на РМ 25
Услуги достапни преку Фондот за иновации и технолошки развој 27
Кредитирање за поддршка на извозот преку Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) 29
Kредитирање за трајни и обртни средства преку Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) 31
Кредитирање и поддршка од Европска инвестициска банка обезбедени преку Македонска банка за
поддршка на развојот (МБПР) 33
Кредитирање за инвестиции преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) 35
Микрокредитирање преку Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) 37
Кредитирање во енергетскиот сектор преку Македонска банка за поддршка на развојот 38
Кредитирање за поддршка преку Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) – споредбено
сите кредитни производи 39
Контакт информации за банки во кои може да се аплицира за кредитите од МБПР 42
Центри за вработување на АВРМ 43

ПОНУДА ОД БАНКИ, ШТЕДИЛНИЦИ И ДРУГИ КРЕДИТНИ ИНСТИТУЦИИ 45


Услуги од Комерцијална банка АД Скопје 46
Услуги од Стопанска банка АД Скопје 48
Кредитирање преку НЛБ Тутунска банка 50
Бизнис поддршка и услуги преку Прокредит банка 52
Кредитирање на правни лица преку Охридска банка 54
Услуги од Шпаркасе банка 56
Преглед производи и услуги преку Централна кооперативна банка АД Скопје 58
Кредитирање преку Еуростандард банка 60
Бизнис поддршка преку УНИ банка 62
Поддршка на бизнис секторот преку ТТК Банка 64
Бизнис поддршка обезбедена преку Халк банка 66
Бизнис услуги од Фондацијата Кримсон Капитал (Crimson Development Foundation – CDF) 68
Бизнис поддршка обезбедена преку Штедилница - Можности 70
Услуги преку Микрокредитна Фондација Хоризонти 72
Услуги обезбедени преку Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП) 75
Бизнис поддршка и услуги преку Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во Република Македонија 77
Кредитирање преку ФУЛМ Штедилницата 79

БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ ОД ГРАЃАНСКИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР 81


Бизнис поддршка обезбедена преку ЦЕЕД – Македонија и ЦЕЕД Бизнис едукативен клуб 82
Бизнис поддршка и услуги обезбедени преку ЦЕЕД – Македонија во рамки на Бизнис ХАБ и
поддршка за стартап компании 84
Бизнис поддршка и услуги обезбедени преку Македонија 2025 86
Бизнис поддршка и услуги обезбедени преку БСЦ стартап центарот 88
Услуги наменети за бизнис секторот преку ПСМ Фондација - Претприемачки сервис за млади 90
Бизнис поддршка и услуги преку Асоцијација на менаџмент консултанти МКА-2000 92
Бизнис поддршка обезбедена преку Mакедонска мрежа на ментори (МММ) 94
Бизнис промоција, вмрежување и едукација на жени во бизнисот преку Здружението на бизнис жени 96
Бизнис поддршка и услуги преку Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) 98
ПОНУДА ОД ВЛАДИНИ ИНСТИТУЦИИ
И ПРОГРАМИ ЗА ПОДДРШКА
Во овој дел документот содржи најразличен
вид на помош и поддршка која е обезбедена од
страна на домашните институции и агенции за
поддршка на бизнис секторот во развој. Истата
опфаќа постоечки видови грантови, субвенции
и друг вид мерки за поддршка, но и кредити кои
се обезбедуваат преку Македонската банка за
поддршка на развојот
УСЛУГИ И ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДЕНИ
ВО РАМКИ НА ИПАРД ПРОГРАМАТА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Грант

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект – Инструмент за претпристапна помош на Европската Унија
правно лице
наменет за рурален развој (ИПАРД програма)
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид
на корисник
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Земјоделство и Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и
рурален развој руралниот развој

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


ИПАРД програмата вклучува неколку компоненти наменети за земјоделските стопанства:
 Мерка - Инвестиции во физички (материјални) средства на земјоделските стопанства
 Мерка - Инвестиции во основни средства за преработка на земјоделски и рибни производи
 Мерка - Диверзификација на фармите и развој на бизниси
Главна цел на овој фонд е да придонесе за унапредување на стандардите за достигнување до Европската
унија преку различни инвестиции во примарното производство, преработката на земјоделски производи и
развој на активности за зголемување на економската активност на населението во руралните средини, чија
севкупна цел придонесува за развој на руралните средини и создавање на нови работни места

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Корисници на мерката може да бидат земјоделски стопанства, фирми регистрирани како трговски друштва
- вклучително и трговец поединец како и земјоделски задруги. За мерката Диверзификација на фармите и
развој на бизниси поконкретно можат да аплицираат и индивидуални физички лица, како и регистрирани
занаетчии според законот за занaетчиска дејност. Исто така за мерката Диверзификација на фармите и раз-
вој на бизниси, инвестициите мора да бидат реализирани во рурална средина согласно Листата на рурални
средини, која може во електронска верзија да се преземе на веб-адресата на Агенцијата: www.pa.gov.mk и
www.ipardpa.gov.mk
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Корисникот за цело времетраење на договорот склучен со АФПЗРР не смее да го смени сопствениот статус,
односно не смее да преминува од еден во друг организационен облик (пр. од физичко во правно лице или
од занаетчија во трговско друштво), освен за мерката Диверзификација на фармите и развој на бизниси, каде
барателот може да биде физичко лице, односно по завршување на инвестицијата да го промени организа-
циониот облик во трговец поединец, регистриран занаетчија итн.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Постојат одредени ограничувања во однос на наменaта и трошоците кои не се прифатливи за финансирање
со поддршката, како: даноци, вклучувајќи и ДДВ, царини и увозни давачки или некои други давачки и др.
Комплетна и детална листа на трошоците кои не се прифатливи може да најдете на линкот http://ipardpa.gov.
mk/Root/mak/default_mak.asp

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедура на аплицирање:

[6]
Апликација со сета пропратна Апликациите се оценуваат Се склучува договор со
документација се доставува по точно определени поддржаните проекти
до Агенција за финансиска критериуми. по што следат фази на
поддршка во земјоделството и имплементација и на
рурален развој известување

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата“ како и „Упатство за ко-
рисници на средства од ИПАРД Програмата“ во електронска верзија може да се превземаат на веб-адресата
на Агенцијата: www.pa.gov.mk и www.ipardpa.gov.mk
Вреди да се напомене дека за проекти кои имаат вкупни прифатливи трошоци под 50.000 евра вкупната ин-
вестиција се разработува преку Технички Предлог Проект. Додека за проекти кои имаат вкупни прифатливи
трошоци над 50.000 евра економско-финансиската одржливост и можност за вработување во руралните
средини треба да се демонстрира преку Деловен План. За еден корисник дозволено е да поднесе повеќе
барања за користење на средства за инвестиции, но само во случај кога претходно одобрените проекти се
реализирани и целосно исплатени.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


ИПАРД како мерка и како фонд подразбира грантова шема од кои еден дел ги обезбедува самиот корисник,
додека другиот дел му се доделуваат како неповратни средства.

Мерка - Инвестиции во физички (материјални) средства на земјоделските стопанства


Основната стапка на финансиска поддршка изнесува 60%, односно истата може да се зголеми до:
 65% за инвестиции во земјоделски стопанства направени од страна на млади земјоделци ;
 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области;

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Интензитетот на максималната стапка на помошта ќе се зголеми за 10 процентни поени за:
 Инвестиции кои се однесуваат на системи за справување со ѓубриво (складирање, третман, понатамошно
користење и сл.);
 Инвестиции за подобрување на ефикасноста од употребата на азотни ѓубриво (на пример, намалена
употреба, опрема, прецизирање);
 Инвестиции во објекти / опрема, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност (на пример, употреба
на градежни материјали кои ја намалуваат загубата на топлина);
 Инвестиции во објекти / опрема за производство на био-енергија во случај на обработка на производите
(суровините) опфатени со Анекс I од Договорот (обработка на животинска или растителна примарна и
секундарна биомаса);
 Инвестиции во објекти / опрема за производство на енергија од другите обновливи извори на енергија за
задоволување на сопствените потреби за енергија на земјоделско стопанство;
 Инвестиции во објекти / опрема за третман на отпадни води / канализација.
За добивање поддршка во рамките на оваа мерка, минималните вкупни прифатливи трошоци за предложен
инвестициски проект е 3.000,00 евра. Максималната помош која може да биде доделена на еден корисник
под оваа мерка е 1.500.000,00 евра за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Мерка - Инвестиции во основни средства за преработка на земјоделски и рибни производи


Основната стапка на финансиска поддршка изнесува 65 %, односно истата може да се зголеми за 10 про-
центни поени за:

[7]
 Инвестиции во згради/опрема чија што намена е да се подобри енергетската ефикасност (на пр. употреба
на градежен материјал кој ја намалува загубата на топлина;
 Инвестиции за згради/опрема за производство на био-енергија во случај на преработка на производи
(суровински материјал) кој е покриен со Анекс 2 од Спогодбата (преработка на примарна и секундарна
биомаса од животни и растенија);
 Инвестиции за згради/опрема за производство на енергија од други обновливи извори на енергија за да
се произведат сопствените потреби за електрична енергија за преработувачките претпријатија;
 Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода.
За добивање поддршка во рамките на оваа мерка, минималните вкупни прифатливи трошоци за предложен
инвестициски проект е 10.000,00 евра. Максималната помош која може да биде доделена на еден корисник
под оваа мерка е 4.500.000,00 евра за целиот период на спроведувањето на Програмата.

Мерка - Диверзификација на фармите и развој на бизниси


Основната стапка на финансиска поддршка изнесува 65 %. За добивање поддршка во рамките на оваа мерка,
минималните вкупни прифатливи трошоци за предложен инвестициски проект е 3.000,00 евра. Максималните
вкупни прифатливи трошоци предложени за инвестициски проект нема да надминуваат бидат 1 000 000
евра. Во случај на инвестициски проект за постројки за производство и продажба на енергија произведена
од обновливи извори максималните прифатливи трошоци не може да надминат 3 000 000 евра.

Друга многу битна назнака се однесува на тоа дека средствата се исплатуваат дури по завршувањето на ин-
вестицијата врз основа на веќе направен трошок. Тоа практично значи дека корисникот треба самиот целосно
да ја започне и финансира својата инвестиција. И тоа конкретните правила на ИПАРД фондот предвидуваат
дека корисникот аплицирал и по одобрувањето на грантот и потпишувањето на договорот, мора пред да
започне задолжително да го почека мониторингот од соодветната институција и дури потоа да ја започне
својата инвестиција. Откако истата ќе ја реализира, следува повторен мониторинг од институцијата кој дава
конечно одобрување за исплата на доделените средства. Ова одобрување се добива само под услов дека се
испочитувани сите правила и услови пропишани со ИПАРД фондот и договорот кој е потпишан. Во тој контекст,
ИПАРД-от е често критикуван како фонд со премногу стриктни правила и ригиден во однос на поставените
услови и стандарди кои земјоделците често не можат да ги испочитуваат.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


ИПАРД фондот и инвестициите предвидени во негови рамки, понекогаш може да се премостат со кредит
или заем од друга банка или институција за оној дел од финансирањето кои потоа ќе се добијат како
грант. Инвестициите секогаш се однесуваат на задоволување на европски стандарди во развојот на
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

земјоделството и како такви се од исклучително значење за развојот на земјата и нејзиното интегрирање


во Европската унија.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Тел: 02 3097 450 / 02 3097 454
www.ipardpa.gov.mk www.pa.gov.mk
ipardpa.info@ipardpa.gov.mk

[8]
ПОДДРШКА НА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ
ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Грант
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Било кој тип на


субјект – без оглед на
1. БИЗНИС УСЛУГА:
правниот статус Финансирање на проекти од национален интерес во
културата од областа на креативните индустрии
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид
на корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Креативни


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
индустрии Министерство за култура

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Поддршката се состои во кофинансирање на проекти од областа на креативните индустрии. Секоја година
министерството определува приоритетни области за поддршка. За 2016 поддржува проекти од секторите:
 Визуелни уметности (графички дизајн, мултимедијален дизајн);
 Индустриски дизајн, дизајн на производ и моден дизајн;
 Манифестации/фестивали и конференции/форуми од областа на креативните индустрии;
Средствата може да се користат за покривање на дел од предвидените трошоци за реализација на проек-
тот. Нема одредени ограничувања во однос на категоријата на трошоци, тие може да бидат било какви се
додека се поврзани со реализација на проектот.
Структура на финансирање - поддршката се однесува на одреден процент од вкупната вредност на про-

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


ектот со тоа што дел од средствата треба да бидат обезбедени од самиот корисник или од други донатори.
Точниот процент на учество не е прецизиран во јавниот повик.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Право на учество имаат сите физички лица граѓани на РМ како и здруженија и други правни лица кои се
регистрирани во Централен регистар. За правните субјекти нема ограничувања во однос на периодот на
постоењето, тие може да бидат и новооформени.
Конкретните услови ќе бидат детално наведени во јавниот повик и упатството/пријавата. За претходната
година може да погледнете на следниот линк:
http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/2261-godisen-konkurs-za-finansiranje-proekti-od-nacionalen-
interes-vo-kulturata-od-oblasta-na-kreativnite-industrii-za-2016

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Поддршката не опфаќа проекти од областа на ликовните уметности, научно-истражувачки активности од
областа на културното наследство; конзерваторско-реставраторски активности, манифестации од локален
карактер: т.н. улични, односно „street“ фестивали; фестивали кои промовираат обележје, бренд или обичаи
на одредена локална заедница; музички (електро, техно, андерграунд, поп, рок, реге), фестивали од поголем
формат чиј програмски концепт е концертна презентација на музичари од локалната, регионалната и свет-
ската сцена, манифестации/настани во кои се промовираат културниот туризам и природните убавини и се
афирмираат традиционалните вредности, едукативни настани (обуки и работилници), развој на нови медиуми,
дизајн и интервенција во јавен простор.

[9]
6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
 Уредно и целосно пополнета пријава.
 Референци односно биографија (CV), со забелешка, доколку учесникот на конкурсот има реализирано
проект(и), за нив задолжително да достави потврди, благодарници, препораки.
 Здруженијата и правните лица треба задолжително да достават доказ дека се регистрирани во Централниот
регистар на Република Македонија, односно да достават копија од документот, не постар од 6 месеци.
 Допис од еден економски/финансиски партнер на носителот на проектот во кој го потврдува процентот,
односно износот на финансиското учество во проектот.
 Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на конкурсот треба да достават и уверение за државјан-
ство на Република Македонија.

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Јавен повик за аплицирање Повикот вообичаено е отворен Документацијата се доставува во


кој се објавува во дневните 30 дена од објавувањето. Архивата на Министерството за
весници и на веб страната на Затоа внимателно следете ги култура на ул. „Ѓуро Ѓаковиќ“ 61,
Министерството за култура www. роковите 1000 Скопје. Може да ја доставите по
kultura.gov.mk пошта (при што ќе се гледа датумот
на поштенскиот жиг) или на рака до
16.30 часот во работни денови

Министерството ќе ги извести Резултатите ќе бидат објавени


кандидатите дали проектот ќе и на интернет страницата на
им биде поддржан министерството

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Нема потреба да се ограничите и да аплицирате само со еден проект. Конкурсот дозволува да се аплицира
со повеќе проекти, но сепак поддржан ќе биде само еден проект.
Средствата се исплатуваат пред да почне проектот да се имплементира и тоа веднаш по склучување на дого-
ворот за грант. Тоа е една добра околност да не се грижите како да започнете, туку веднаш го спроведувате
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

она што е предложено и одобрено како грант.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


На конкурсот не може да учествуваат национални установи од областа на културата, локални установи
од областа на културата, општини и образовни установи за да се даде предност на граѓански групи и ин-
дивидуални иницијативи. Овие установи сепак можат да бидат партнери во проектите со субјектите што
имаат право на учество на конкурсот и да дадат своевиден придонес во развојот на креативните индустрии.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Зорица Цветанова / Министерство за култура
Сектор за европски интеграции, културни политики и креативни индустрии
Тел: .+389 2 3207-433 /+ 389 2 3320 744
www.cultura.gov.mk
[ 10 ]
ПОДДРШКА ЗА КОНКУРЕНТНОСТ НА
ИНДУСТРИЈАТА ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Субвенција
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице 1. БИЗНИС УСЛУГА:
Поддршка за зголемување на конкурентноста на македон-
Сопственик на МСП –
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво – ската индустрија
ДОО/ДООЕЛ

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Производство и индустрија;


Информатичка и комуни-
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
кациска технологија Министерство за економија

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Поддршката е наменета за надоместување на дел од трошоците за развој на деловен субјект, производ и па-
зар. За делот на производство и индустрија се опфаќаат следните сектори: рударство и вадење камен, како
и преработувачката индустрија, додека во делот на информатичка и комуникациска технологија се поддр-
жуваат следните сектори: издавање на софтвер, компјутерско програмирање и консултантство, обработка
на податоци и хостирање.
Она што практично се нуди е надомест на дел од трошоците за развој на деловните субјекти, производот или
пазарот се врши со покривање до 75% од докажаните трошоци или субвенција до најмногу 180.000 денари.
Поддршката може да се користи за следните активности:

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


 Изработка на нови организациони модели врз основа на ИКТ;
 Изработка на техничка документација за нов производ односно за подобрување на постојниот производ;
 Изработка на идејно решение и/или печатење на: нова амбалажа, етикетирање, лого на производ и про-
мотивни печатени материјали;
 Изработка на студии за истражување на пазарот и/или маркетинг стратегија и/или активности за развој
на бренд;
 Изработка на проекти за енергетска ефикасност и/или воведување на стандард за енергетски менаџмент
ISO 50001 и
 Изработка на проекти за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Финансиската поддршка е наменета за деловните субјекти за вршење на производствени дејности во рамки
на секторот преработувачка индустрија, согласно Националната класификација на дејностите – НКД рев.
Во однос на големината на правниот субјект и периодот на постоењето нема ограничувања, тие може да
бидат и новооформени.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Деловниот субјект кој планира да аплицира мора да се определи и да аплицира само со едно барање од
наведените активности. Средствата се одобруваат и исплатуваат само врз основа на докажан трошок.

[ 11 ]
6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Барање Образец „1 ПКИП Б. ИП“, упатство за изготвување на извештај за реализираниот проект и листа на
други потребни документи (може да се подигне од архивата или од веб страната на www.economy.gov.mk и
www.konkurentnost.mk )
На следниот линк може да го погледнете последниот јавен повик на кој се наведени потребните документи:
http://www.konkurentnost.mk/JavenpovikDetailView.aspx?idmer=054498e6-3321-4a3c-8f82-961e1c6c2c3e

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Јавен повик за Повикот се објавува во Документацијата се


аплицирање дневните весници, на веб доставува во Архивата на
страната на Министерството за Министерството за економија
економија www.economy.gov. на ул. „Јуриј Гагарин“ 15,
mk и на www.konkurentnost.mk 1000 Скопје

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Поддршката овозможува соработка со различни правни субјекти како и индивидуални консултанти за испорака
на услугата за реализација на проектот за кој планирате да аплицирате

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Поднесените барања ги разгледува комисија формирана од Министерот за економија. Одобрените барања
ќе бидат исплатени на барателите во зависност од расположливите средства од буџетот, по редоследот
на нивното пријавување во архивата на Министерството за економија (прв дојден прв услужен), се до
исцрпување на расположливите средства од буџетот предвидени за тековната година.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Министерство за економија
Сектор за претприемништво и конкурентност на МСП
Одделение за претприемништво
Тел: .+389 2 3093 508
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

www.economy.gov.mk

[ 12 ]
КОФИНАНСИРАЊЕ НА ОБУКИ ПРЕКУ
МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, Советување,


Менторство и сл.
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице 1. БИЗНИС УСЛУГА:
Кофинансирање на специјализирани длабински техно-
Сопственик на МСП – лошки обуки
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво –
ДОО/ДООЕЛ

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Производство и 2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:


индустрија Министерство за економија

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Кофинансирање за организирање на специјализирани обуки - длабински и детални технолошки обуки во
одделни сектори од преработувачката индустрија – автомобилска, текстилна, металопреработувачка и пре-
хранбена индустрија.
Средствата може да се користат за покривање на 75% од трошокот за учество на специјализирани обуки на
следните теми:
 за текстилната индустрија: обука за менаџирање трошоци и планирање на производството во конфекциски
компании;
 за автомобилската индустрија: обука за дијагностика во автомобилската индустрија – сегашни и идни

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


протоколи за автомобилска дијагностика;
 за металопреработувачката индустрија: обука за ракување со машини во металопреработувачката индус-
трија, обука за заварувач со CO2 и аргон;
 за прехранбената индустрија: обука за технологија на преработка на зеленчук и овошје (технологија на
производство на сосови од зеленчук, технологија на производство на слатка и мармелади);

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


На конкурсот може да се пријават претпријатија од индустриските сектори квалификувани да испорачаат обуки
кои се предвидени со мерката и тоа: текстилна индустрија, автомобилска индустрија, металопреработувачка
индустрија и прехранбена индустрија.
Во однос на периодот на постоењето на правниот субјект нема ограничувања, тие може да бидат и
ново­оформени.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Постојат дефинирани барања во однос на обучувачи и услови кои мора да ги обезбедат реализаторите на
обуките. Минималниот потребен капацитет на реализаторите на обуката е следен:
 Квалификациска структура: Најмалку два доктори на науки со минимум пет години едукативно и прак-
тично искуство во темите за обука. Компетенциите и искуството мора да се покаже со релевантни докази
и - најмалку два дипломирани инженери (од секоја наведена индустриска област) со минимум пет години
искуство во областа.

[ 13 ]
 Простор и реализација на обуката, опрема и помагала: Најмалку една училница со минимум 40 места за
слушатели, опремена со современи средства за презентација; Простор за практична обука (лабораторија/
хала) со опрема за испитување/следење на процес; Едукативен материјал на високо професионално
ниво; Услови за проверка на знаењата; Времетраење на обуките во согласност со проблематиките кои
се обработуваат по поодделните индустриски сектори.

Средствата се наменски и не може да се користат за ништо друго освен за покривање на трошокот за учество
на обуката.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Барањето и листа на други потребни документи може да се подигне од архивата или од веб страната на www.
economy.gov.mk и www.konkurentnost.mk

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Јавен повик за Повикот се објавува во Документацијата се


аплицирање дневните весници, на веб доставува во Архивата на
страната на Министерството за Министерството за економија
економија www.economy.gov. на ул. „Јуриј Гагарин“ 15,
mk и на www.konkurentnost.mk 1000 Скопје

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Мерката има значителна важност во однос на поттикнување на иновативноста и подобрување на конкурентноста
преку едукација/обука и зголемување на понудата на специјализирани кадри во македонските претпријатија.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Создавањето и развој на техничките капацитети на самите претпријатија, како и зголемувањето на знаењата
за високите технологии е основа за развој на претпријатијата од соодветната област. Сите вложувања во
овој контекст не се изгубени пари и време, туку вложување во иднината на компанијата.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Министерство за економија
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Тел: .+389 2 3093 494


www.economy.gov.mk

[ 14 ]
ПОДДРШКА НА ЗАНАЕТЧИСТВОТО
ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА

ТИП НА ПОДДРШКА: Субвенција

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект – 1. БИЗНИС УСЛУГА:


правно лице Поддршка на занаетчиско производство и занаетчиски
услуги
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Креативни индустрии 2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:


и занаетчиска дејност Министерство за економија

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Поддршка на занаетчискиот сектор преку кофинансирање на 70% од докажани трошоци, но не повеќе од
150.000 денари по корисник.
Средствата може да се користат за покривање на трошоци за набавка на опрема, уредување на деловен прос-
тор, изработка на веб страна, лого, рекламен материјал, дизајн на производ, стекнување на Мајсторска титула
и стручно оспособување на занаетчиите.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Мерката е наменета за занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои имаат извршено упис во регистар
на занаетчии или Централен регистар барем еден месец пред објавата на јавниот повик.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
Средствата се одобруваат и исплатуваат само врз основа на докажан трошок.
Постојат ограничувања во однос на намената, односно не се дозволени трошоци како: набавка на потрошен
материјал, стоки за трговија и возила, ДДВ за трошоците за кои се бара субвенцијата, царина за трошоците
за кои се бара субвенционирањето, курсни разлики, закупнина за деловен простор и сл.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


 Образец „Барање – С3 2016“ (може да се подигне од архивата или од веб страната на www.economy.gov.mk)

 Образец „Изјава –2016“, заверена на нотар (Изјавата од барателот на доделена државна помош може да се
подигне од архивата или од веб страната на www.economy.gov.mk)
Повикот, како и други потребни документи од тековната година може да се види на следниот линк:http://www.
economy.gov.mk/Upload/Documents/

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Јавен повик за аплицирање во Повикот се објавува во Документацијата се
првото тромесечје од годината дневните весници и на веб доставува во Архивата на
(јануари до март) страната на Министерството Министерството за економија
за економија www.economy. на ул. „Јуриј Гагарин“ 15, 1000
gov.mk Скопје , до 31.05.2016

[ 15 ]
7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:
Вреди да се напомени дека корисниците на оваа мерка доколку го затворат бизнисот пред истекот на една
година од датумот кога е објавен повикот (освен во случај на смрт или трајна неспособност), треба да вратат
80% од доделените средства.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Занаетчиството заслужува третман кој ќе му овозможи континуиран развој и одржливост кој се базира на
постојано следење и согледување на тековните потреби на клиентите. Само брз таа основа, занаетчиите
ќе го пронајдат својот пазар и ќе успеат да ги пласираат своите производи.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Министерство за економија
Сектор за претприемништво и конкурентност на МСП
Одделение за претприемништво
Тел: .+389 2 3093 508
www.economy.gov.mk
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

[ 16 ]
ВАУЧЕРСКО СОВЕТУВАЊЕ ОБЕЗБЕДЕНО ПРЕКУ
АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ПРЕТПРИЕМНИШТВОТО
НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (АППРМ)

ТИП НА ПОДДРШКА: Субвенција

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Било кој тип на субјект


без оглед на правниот
статус 1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид Програма за ваучерско советување
корисник
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Агенција за поддршка на претприемништво (АППРМ)

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Се нуди субвенционирање на советодавни услуги за мали и средни претпријатија и потенцијални прет-
приемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна на овластени советници.
Овластените советниците се регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРМ. Овој
каталог може да се прегледа или преземе од следниот линк: http://www.apprm.gov.mk/katalog.asp Програмата
практично субвенционира советувања и оспособувања од областа на деловните функции на претпријатието,
изготвување развојни програми и проекти, од областа на правото, на даноците и сметководството.
Информации во врска со типот на советување кое може да го добиете може да најдете на следниот линк:
http://www.apprm.gov.mk/VOUCHER.ASP

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Средствата се наменети за советување од експерти кои ќе го подобрат работењето во претпријатието.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Средствата се наменети за активни претпријатија на кои им се потребни советувања, истите работат без
загуба и не се во стечајна постапка.
Корисници може да бидат и потенцијални претприемачи невработени лица и/или веќе вработени лица кои
планираат да си основаат свој бизнис и да се самовработат.
Учесници во програмата не може да бидат претпријатија од секторите земјоделство, шумарство, лов и риболов
бидејќи истите се покриени со разновидни услуги преку националните програми за поддршка на земјодел-
ството и руралниот развој.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Средствата се одобруваат и исплатуваат само врз основа на докажан трошок. Постојат ограничувања во од-
нос на намената, односно не се дозволени трошоци како: да стекнете формално образование (факултетска
диплома, преквалификација итн.), курсеви за изучување на јазици, основно компјутерско описменување и сл.
За активни МСП дозволено е покривање на 50% од нето докажаните трошоци (без ДДВ). Износ на субвенцијата
до 45.000 денари, со исклучок кога се работи за иновативни проекти и т.н. иновативен ваучер, во тој случај
субвенцијата може да биде до 90.000 денари.
Доколку се работи за советување за започнување бизнис – за потенцијални претприемачи, може да се покријат
до 100% од нето докажаните трошоци (без ДДВ) но не повеќе до 31.500 денари. Во овој случај потенцијалниот
претприема треба да основа бизнис најдоцна до 6 месеци.

[ 17 ]
6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
За мали и средни претпријатија: Документ за регистрација на фирмата (од Централен регистар); Финан-
сиски извештај за претходната година (биланс на успех и состојба); Само за иновативен ваучер, финансиски
извештаи од последните 3 години; Изјава од законскиот застапник (управител, директор и сл.).
За невработени лица: Документ кој потврдува дека лицето е пријавено во Агенцијата за вработување на
РМ како невработено лице.

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Јавен повик за аплицирање во првото Се пријавува во овластените Кај нив ќе направите воведно
тромесечје од годината во дневните изведувачи на програмата во советодавно интервју за да
весници http://www.apprm.gov.mk/ повеќе општини проверат дали ги исполнувате
критериумите и какво советување
VOUCHER.ASP, www.economy.gov.mk (види контакти) ви треба (види потребни
www.konkurentnost.mk документи)

Потпишувате договор за За секое поединечно Одбирате експерт за


вклучување во програмата советување подигнувате советувањето од каталогот
ваучер на консултанти http://www.
apprm.gov.mk/katalog.asp

Кога ќе го завршите Советникот ви издава Откога ќе ја платите фактурата,


советувањето, вие, советникот фактура која треба да ги до АППРМ доставувате Барање
и организаторот го заверувате следи упатствата на АППРМ за исплата на субвенција со
ваучерот со потпис и печат пропратна документација

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Ваучерскиот систем на советување претставува многу практичен и ефикасен облик на поддршка на малите
и средни претпријатија. Поддршката е советодавна за развој на бизнисите и се спроведува од страна на
претходно избрани стручни лица и експерти од дадените области.
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Целата програма е базирана на принцип на етика и високо вреднување на професијата советник, за да
може идниот претприемач или претпријатието да биде слободен во споделување на сите тековни дилеми
и конкурентската предност што ја има пред другите компании. Истата се одвива на принцип на создавање
долгорочни односи со клиентите базирани на меѓусебна доверба.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Марјан Стојчев: marjan@apprm.gov.mk
Тел: 02 3120132
Изведувачи на програмата:
http://www.apprm.gov.mk/IzveduvaciVoucher.asp#

[ 18 ]
ПРОГРАМА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА
ВРАБОТУВАЊЕТО ПРЕКУ АГЕНЦИЈА ЗА
ВРАБОТУВАЊЕ НА РМ

ТИП НА ПОДДРШКА: Субвенција

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Било кој тип на субјект


без оглед на правниот
статус 1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид Субвенционирање на вработувањето
корисник
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Агенција за вработување на РМ

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Оваа поддршка за бизнисите претставува олеснување во процесот на обука и вработување на нови работници
преку директната финансиска поддршка за време на обуката и плати во првите 6 месеци на вработувањето.
За невработените лица олеснување во стекнување нови вештини а со тоа и полесна вработливост.
Со мерката практично се доделуваат финансиски средства за време на период од 3 месеци, кој се смета за
обука со цел подготовка за вработување. Во текот на тие 3 месеци, финансиските средства кои се доделуваат
се во висина од 6.200 МКД по лице со вклучено осигурување за несреќа при работа или професионално
заболување.
После периодот на обука работодавецот е обврзан да ги вработи обучените лица и за тоа дополнително му

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


се доделува субвенција во текот на наредни 6 месеци. Истата изнесува 19.000 МКД бруто плата по лице, од
кои 14.000 МКД за невработеното лице и 5.000 МКД ги задржува работодавецот. Средствата се наменски
и не може да се користат за ништо друго освен за вработување на невработени лица.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


За кого е наменета - Работодавачи кои имаат потреба за вработување на нови лица, но на кои им е потребна
претходна обука. Мерката ќе ги опфати сите невработени лица евидентирани како активни баратели на работа
во регистарот на Агенцијата за вработување, а приоритет ќе имаат следните категории на невработени лица:
 лица на возраст 50-55 години
 лица со основно образование и помалку
 млади лица до 29 години со основно образование
 долгорочно невработени
 корисници на социјална помош и лица од ранливите категории на население соочени со бариери на
пазарот на трудот

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


КРИТЕРИУМИ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА РАБОТОДАВАЧИ:
 Работодавачот што го намалил вкупниот број на вработените лица, 6 (шест) месеци пред објавување
на Јавниот оглас, освен во случај кога намалувањето на бројот бил поради истек на определено време,
пензионирање и случај на смрт, нема право на учество во мерката

[ 19 ]
 Условите во просториите на работодавачот за реализација на обуките да ги исполнуваат потребите за
реализација на истата потврдена со записник од направената посета во работните простории од страна
на службените лица од Центрите за вработување
 Работодавачот да понуди програма за обука за соодветното работно место
 Работодавачот кој во периодот од 2007-2015 години извршил вработувања преку активните мерки за вра-
ботување и при тоа не се придржувал на одредбите од Договорот за вработување, нема право на учество
во мерката;
 Работодавачот да ги има измирено сите даноци и придонеси и да има остварено добивка во минатата
година.
Работодавачот има обврска да го задржи на работа субвенционираниот работник во следните 12 месеци и
да не го намали бројот на вработените на неопределено време.
Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат наведени во договорот помеѓу Агенцијата за вработу-
вање на РМ, работодавачите и кандидатите невработени. Затоа договорите треба внимателно да се прочитаат
пред да се потпишат.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
За работодавачи: Пријава и план/ програма за обука според однапред подготвен образец.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Доколку познавате некој потенцијален кандидат кој би сакале да го обучите и да го вработите кај вас, ќе може
со барањето да се обратите во центрите за вработување. Барањето ќе ви биде одобрено со тоа што лицето
треба да биде пријавено како невработено.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


За да може оваа субвенција односно програма да успее, потребен е искрен однос помеѓу работода-
вците и невработените лица, а не однос на строг авторитет или меѓусебна потчинетост. Во наши услови
добрата деловна пракса допрва треба да се развива низ овој взаемен однос помеѓу работодавецот и
вработените.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

www.avrm.gov.mk
Контакт центар на Агенцијата за вработување на РМ
тел: 02-3138-434 во
Центри за вработување на АВРМ

[ 20 ]
ПОДДРШКА ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА OБЕЗБЕДЕНА
ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

ТИП НА ПОДДРШКА: Субвенција

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице 1. БИЗНИС УСЛУГА:
Сопственик на МСП – Финансиска поддршка за воведување, сертификација, одр-
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво – жување и модификација на ИСО, ХАЛАЛ и НАССР системи
ДОО/ДООЕЛ

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Производство и


индустрија; Туризам и
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
угостителство; Министерство за економија

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Воведување и сертификација на меѓународни стандарди за квалитет со цел зголемување на конкурентноста
на македонските претпријатија и производи на извозниот пазар.

ВИД НА ПОДДРШКА
Сертификација на системи Тренинг на ХАСАП за вове- Финансиска поддршка
за квалитет според ISO дување, одржување и моди- за воведување на
стандарди фикација на ХАСАП систем ХАЛАЛ систем
Опис на субвенцијата  Покривање на 70% од дока-  Обука за НАССП за 3 лица  Покривање на 70% од
жаните трошоци за сертифи- од фирмата докажаните трошоци за
кација  Износ на субвенцијата до сертификација
 Износ на субвенцијата до 20.000 денари по обучено  Износ на субвенцијата

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


100.000 денари лице (односно, 60.000 де- до 200.000 денари
нари за 3 лица)
За што е наменета? Исплата на сертификационото Исплата на фактура од кон- Воведување и сертифици-
тело/ фирма за сертификација султантската куќа која ќе ја рање на ХАЛАЛ
реализира обуката
За кого е наменета?  приватни претпријатија кои се  приватни претпријатија кои  приватни претпријатија
занимаваат со производство се занимаваат со производ- кои се регистрирани нај-
или услуги ство или угостителска деј- малку 6 месеци
 претпријатија кои не добиле ност (ресторани или хотели)
субвенции во претходните две  претпријатија кои не добиле
години за иста намена субвенции во претходните
две години за иста намена
Специфични услови Сертификационото тело мора Консултантската куќа која ќе ја Доколку претпријатието
да е акредитирано од акредита- реализира обуката ја одбираат кое добило поддршка
ционо тело кое е потписник на самите корисници. престанало да постои пред
ЕА-МЛА /ИАФ-МЛА или акреди- Лицата кои ќе ја испорачуваат истекот на 12 месеци од
тирано од Институтот за акреди- обуката мора да бидат акре- објавувањето на јавниот
тација на Република Македонија дитирани повик, 80% од доделени-
(ИАРМ) или да е во постапка за согласно Законот за високо те финансиски средства
акредитација во ИАРМ. образование и Законот за об- треба да се вратат (освен
Доказ дека сертификационото разование на возрасни. во случаите на смрт или
тело е во постапка за акреди- Проверете со консултантската трајна неспособност, кога
тација е Потврда издаденa од куќа дали ги исполнува наве- не важи овој услов).
ИАРМ. дените услови пред да го склу-
чите договорот.
Потребни документи на http://w w w.konkurentnost. http://www.konkurentnost. http://www.konkurentnost.
следните линкови m k /J ave n p ov i k D e t a i l V i e w. mk /JavenpovikDetailView. mk/JavenpovikDetailView.
aspx?idmer=5e77544e-f331-45ec- aspx?idmer=c63499a0-a08a-4392- aspx?idmer=94deba95-bc5d-
8545-9b1e75ddd291 831b-62c9a54f7ca9 4573-bc6b-377e9ae037d5

[ 21 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
(одговорено во горната табела)

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Средствата се одобруваат и исплатуваат само врз основа на докажан трошок.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Јавен повик за аплицирање во Повикот се објавува во Документацијата се
првото тромесечје од дневните весници, на веб доставува во Архивата на
годината страната на Министерството за Министерството за економија
економија www.economy.gov.mk на ул. „Јуриј Гагарин“ 15, 1000
и на www.konkurentnost.mk Скопје

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Воведувањето на системите и стандардите за квалитет во современи услови е неспорна предност за прет-
пријатијата. На тој начин тие ја зголемуваат вредноста на нивниот производ/услуга како и бизнисот во целина.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Примената на стандардите е од особена важност за зголемување на конкурентноста на претприја-
тијата. Тие ја зголемуваат безбедноста на производите и ја поставуваат довербата помеѓу клиентите.
Имплементираните стандарди ја олеснуваат трговијата и го поддржуваат развојот на бизнис врските
помеѓу компаниите.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Министерство за економија
Сектор за претприемништво и конкурентност на МСП
Одделение за претприемништво
Тел: .+389 2 3093 508
www.economy.gov.mk
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

[ 22 ]
ПОДДРШКА ЗА ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО
ПРЕКУ МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

ТИП НА ПОДДРШКА: Субвенција

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За жени
специфично

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид Финансиска поддршка за женско претприемништво
корисник

Производство и
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР:
индустрија; Услуги; Министерство за економија

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Субвенции за претпријатија во сопственост на жени и управувани од жени преку кофинансирање на 70%
од докажаните трошоци за вредност која не е повисока од 120.000 МКД за корисник.
Поддршката се нуди за секторот на производство и индустрија освен примарното земјоделско производ-
ство и исто така за секторот услуги кои не ги опфаќа областите: образование, наука, туризам, здравство,
адвокатура, нотаријат, извршители, стечајни управници, проценители и др.
Средствата може да се користат за покривање на трошоци за набавка, алати и инвентар, уредување/по-
добрување на деловниот простор. Мерката дозволува исто така покривање на трошоци за грижа/чување
на деца од претшколска возраст. Во тој случај кофинансирањето може да биде до 60% од трошоците за
градинка или дадилка, но не повеќе од 30.000 МКД по корисник.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката е наменета за претпријатија во сопственост на жени (најмалку 51% од сопственоста) и управувани
од жени - жените треба да се на позиција на извршен или генерален директор и да има минимум двајца вра-
ботени на неопределено време. Дополнително, треба да бидат подмирени сите обврски спрема државата и
претпријатието да не биде во стечајна постапка или ликвидација. Нема ограничувања во однос на периодот
на постоење на бизнисот, може да биде и новооформено, но фирмата да не користела претходно финансиска
поддршка од истата мерка.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Средствата се одобруваат и исплатуваат само врз основа на докажан трошок. Постојат одредени ограничувања
во однос на намената, и тоа не се дозволени трошоци како: набавка на потрошен материјал и возила, курсни
разлики и сл., или пак сектори како: трговија, примарно земјоделство и сл. Детален преглед може да најдете
на следниот линк: http://www.konkurentnost.mk/
Доколку бизнисот го затворите пред поминување на 12 месеци од објавувањето на јавниот повик, треба да се
вратат 80% од доделените финансиски средства (освен во случај на смрт или трајна неспособност).

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
 Образец „Барање – ЖП 2016“ (може да се подигне од архивата или од веб страната на www.economy.
gov.mk)

[ 23 ]
 Образец „Изјава – ЖП 2016“, заверена на нотар (Изјавата од барателот на доделена државна помош
може да се подигне од архивата или од веб страната на www.economy.gov.mk)
 Тековна состојба од Централен регистар на РМ (ЦРМ) не постара од 2 (два) месеци
 Листа на моментално вработени лица во претпријатието издадена од Агенција за вработување не
постара од 2 (два) месеци
 Уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи на РМ, не постаро од 2 (два)
месеци.
 Извод од матична книга на родените за дете/деца (само ако аплицирате за трошоци за грижа/чување
на деца од претшколска возраст)
 Фактура за направените трошоци за предвидената намена
 Извод од банка депонент или свифт од кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обврските
за направените трошоци во приложените фактури
 Уплатница на износ од 300,00 денари (Цел на дознака: Уплата на административна такса, Примач:
Буџет на РМ, Трезорска сметка: 100000000063095, Уплатна сметка: 840 _ _ _ (во зависност од општината)
06116, Приходна шифра и програма: 725930 00 )

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Јавен повик за аплицирање во Повикот се објавува во Документацијата се


првото тромесечје од годината дневните весници и на веб доставува во Архивата на
(јануари до март) страната на Министерството Министерството за економија
за економија на ул. „Јуриј Гагарин“ 15, 1000
www.economy.gov.mk Скопје , до 31.05.2016

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Секоја година може да има измени во условите или во процесот на аплицирање и треба да се има во предвид
дека секој повик се однесува само за годината за која е огласен. Затоа многу е битно да се проследи најновиот
јавен повик и внимателно да се подготви документацијата според насоките кои се дадени.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Поддршката за женско претприемништво е приоритет кој не е само декларативен, туку е преточен во
конкретна мерка со која се поттикнува и охрабрува женското претприемништво. Поддршката е неиз-
оставно важен дел од поттикнувањето на жените претприемачи за раст и развој на нивниот бизнис.
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Министерство за економија
Сектор за претприемништво и конкурентност на МСП
Одделение за претприемништво
Тел: .+389 2 3093 508
www.economy.gov.mk

[ 24 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ЗА
ОТВОРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ПРЕКУ
АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РМ

ТИП НА ПОДДРШКА: Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице 1. БИЗНИС УСЛУГА:
Кредитирање правни субјекти за товарање на нови
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид работни места
корисник

Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР:
ограничување Агенција за вработување на РМ

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Поддршката е намената за проширување и развивање на мали бизниси во првите три години од своето
постоење регистрирани како трговски друштва како и невработени лица. Средствата може да се користат
за набавка на опрема и алати за нововработените лица.
Проект кредитирање на правни Проект кредитирање на правни субјекти (микро и
субјекти (микро и мали претпријатија) мали претпријатија) за отворање на нови работни
за отворање на нови работни места места за млади лица до 29 годишна возраст
Износ на кредитот 3.000 евра за секое новоотворено работно 4.000 евра за секое новоотворено работно место за
место и максимален износ од 9.000 евра лице до 29 години и максимален износ од 12.000 евра

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


за вработување на 3 невработени лица за вработување на 3 невработени лица до 29 години

Рок на враќање До 2 години со грејс период од 1 година До 2 години со грејс период од 1 година
За кого е наменета? Исплата на сертификационото тело/ фирма Исплата на сертификационото тело/ фирма за
за сертификација сертификација
Камата 1% на годишно ниво 1% на годишно ниво
Услови  Регистрирани како мало или микро претпријатие
 Регистрирани најмалку 1 година пред објавата на јавниот оглас на АВРМ
 Има 1 вработен кој работи најмалку 3 месеци пред објавувањето на јавниот оглас
 Не е намален бројот на вработените во последните 6 месеци
 Фирмата не е во стечајна постапка или ликвидација
 Ги има подмирено сите даноци и придонеси
 Има остварено добивка во минатата година

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Корисници на мерката може да бидат сите правни субјекти кои планираат одреден раст и развој поврзан со
отворање нови работни места во претпријатието

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Временски период на вработување на новите лица:
Работодавецот кој ќе вработи невработено лице на полно работно време има обврска за да го задржи на
работа најмалку 36 месеци. Доколку дојде до прекин на работниот однос по кој било основ, работодавачот е

[ 25 ]
должен на истото место да вработи друго невработено лице со полно работно време од евиденцијата на АВРМ.
Во спротивно треба предвремено да го врати кредитот во целост.
Гаранција: Гаранција за поврат на средствата со хипотека во однос 1:1 со одобрениот кредит или сопствена
меница авалирана од најмалку еден авалист* за која правата и обврските се уредени со менична изјава во
форма на нотарски акт и со извршна клаузула или рачен залог во однос 1:2 во износ на одобрениот кредит
или банкарска гаранција.
* Авалист е лице што гарантира за еден од меничните должници дека ќе ја исполни меничната обврска.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Пријава и пропратна документација со детални информации се добива во било кој од работните клубови во
30-те Центри за вработување во Република Македонија.

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Јавен повик за Повикот се објавува од АВРМ АВРМ објавува список


аплицирање www.avrm.gov.mk на фирми кои што ги
исполнуваат условите

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Програмата за кредитирање на вработувањето во споредба со комерцијалните кредити е доста поволна,
особено поради ниската каматна стапка и грејс периодот од една година.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Банките го задржуваат правото да додадат дополнителни услови и да направат сопствена подетална
анализа за финансиската состојба на кредитобарателот. Тие пристапуваат комерцијално кон оваа
услуга и тоа е вон надлежноста на одговорната институција.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
www.avrm.gov.mk
Контакт центар на Агенцијата за вработување на РМ тел: 02-3138-434
Центри за вработување на АВРМ
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

[ 26 ]
УСЛУГИ ДОСТАПНИ ПРЕКУ ФОНДОТ ЗА
ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ

ТИП НА ПОДДРШКА: Грант (на принцип на


кофинансирање на проекти)

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице

Сопственик на МСП –
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: регистрирано по закон Кофинансирање на проекти за иновации и технолошки развој
за трговски друштва

Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР:
ограничување Фонд за иновации и технолошки развој

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Фондот за иновации и технолошки развој овозможува кофинансирање на проекти за нови и постоечки микро,
мали и средни претпријатија. Средствата се наменети за воведување на иновации, комерцијализација на
иновации и сл., а како иновација се смета примена на нов или на значително подобрен производ, техноло-
гија, процес или услуга или најшироко сфатено вклучително и нови технички спецификации, компоненти
и материјали, вграден софтвер, ориентација кон корисници, маркетинг пристап, нов организациски метод
во работењето итн.итн.
Поддршката преку фондот подразбира и трансфер и имплементација на нови иновативни и подобрени
технологии, know-how и технолошки процеси кои ќе охрабрат различни форми на соработка помеѓу микро,
малите и средни претпријатија, бизнис здруженија, кластери и/или стопански комори. Поддршката може
да се одвива и преку воспоставување на деловно-технолошки акцелератори, како и техничка помош која

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


ќе се обезбедува преку деловно-технолошки акцелератори. Подолу е даден преглед на она што е предмет
на кофинансирање преку овој фонд.

Кофинансирање на проекти/ трансфер на технологии /техничка помош


Вид на доделен грант  за иновација кај новоосновани трговски друштва, максималниот износ е 30.000 ЕУР (финан-
за кофинансирање и сирање до 85% од вкупниот буџет за проектот).
висина на помошта  за комерцијализација на иновации - максималниот износ е 100.000 ЕУР, но не може да
надмине 70% од вкупниот капитал на апликантот.
 за трансфер на технологии - максималниот износ изнесува 200.000 ЕУР, но не може да
надмине 50% од вкупниот капитал на апликантот.
 за деловно-технолошки акцелератори максималниот износ изнесува 500.000 ЕУР (за вос-
поставување и менаџирање, почетно финансирање до 22.000 евра и 72.000 евра за допол-
нително финансирање (за најуспешни акцелератори), но максималниот износ не може да
надмине 75% од вкупниот капитал на апликантот).
Рокот на финансирање  12+6 месеци продолжување - за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва
е флексибилен во за- „старт-ап“ и „спин-оф“
висност од видот на  24+12 месеци продолжување - за кофинансирање на грантови и условени заеми за комер-
помошта цијализација на иновации и кофинансирање на грантови за трансфер на технологии
 42 месеци - за техничка помош преку деловно-технолошки акцелератори
Поврат на средства –  За сите видови наведена помош, со исклучок на деловно-технолошки акцелератори, пред-
т.н. ројалти плаќање видено е т.н ројалти-плаќање, како поврат на средства кон Фондот.
 Наплатата ќе се врши одреден формула: наплата на 5% од пропорцијата што се добива со
поделба на годишниот приход добиен од продажба на производот/услугата кои се резултат
на проектот, наспроти годишниот приход пред иновацијата, сè додека не се оствари поврат
на 120% од износот на финансирање што е добиен, или до максимум период од 5 години по
завршувањето на проектот, во зависност од тоа кој услов е прво постигнат.

[ 27 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката се однесува за постоечки и нови микро, мали и средни претпријатија, но и установи кои вршат
научноистражувачка и/или високообразовна дејност, кластери, бизнис здруженија, стопански комори и др.
Новите претпријатија се водат во смисол на т.н. start-up (новоосновани) и/или spin-off (произлезени од друго
претпријатие) до максимум 6 години по основањето.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Ограничувања се предвидени во однос на максималните износи на средства и различно учество на претприја-
тијата потребно за добивање на можноста за кофинансирање.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Аплицирањето се врши врз основа на јавен повик објавен на официјалната веб страна на Фондот за иновации
и технолошки развој за секој од наведените видови на кофинансирање.
За одобрување на средства потребно е задоволување на неколку критериуми: Степен на иновативност, Ква-
литет на проектот, Капацитет на проектниот тим, Потенцијал на пазарот, Влијание, Институциски капацитети
и одржливост; Финансиски параметри, Релевантност на буџетот, Процедури за обезбедување на квалитет,
стандардизација и сертификација.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Деловно–технолошки акцелератор е исто така предмет за поддршка на иновациска дејност. Негова основна
дејност е обезбедување деловен простор, административни и технички услуги, менторство, консултантски
услуги за претпријатијата во основање, вклучувајќи го периодот на развивање на деловната идеја, па сè до
основањето на компанијата, како и нејзиниот раст.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Активностите на Фондот се однесуваат на поттикнување и поддршка на иновациската дејност за ост-
варување на забрзан технолошки развој, базиран на трансфер на знаење, на истражување за развој и
на иновации. Тоа од своја страна придонесува за создавање нови работни места и за економски раст и
развој, истовремено подобрувајќи ја бизнис-околината и конкурентските способности на компаниите.

Повеќе информации за финансираните проекти од Фондот за иновации и технолошки развој можете


да најдете на следниот линк за корисниците од првиот повик, и за корисниците од вториот повик.
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: info@fitr.mk / bojana.trajkovska@fitr.mk
Контакт лице и/или контакт телефон: (02) 314 5258
Веб-страница: http://www.fitr.mk/

[ 28 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ЗА ПОДДРШКА НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ
МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ (МБПР)

ТИП НА ПОДДРШКА: Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Сопственик на МСП – Кредити за поддршка на извозот
трговско друштво –
ДОО/ДООЕЛ
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без Македонска банка за поддршка на развојот
ограничување

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Кредитите за поддршка на извозот имаат цел да го олеснат извозот за фирмите од Република Македонија.
Средствата се наменети да покријат трошоци за подготовка на производство кое планирате да го извезувате
во странство како и премостување на периодот додека чекате странскиот купувач да ви плати.
Износ на кредитот: Кредитот покрива до 85% од вредноста на извозот и може да аплицирате директно
преку МБПР или пак преку банки учесници во програмата. Доколку аплицирате преку банки учеснички
минимум износ е 15.000 евра и максимум 2.000.000 евра. Доколку пак аплицирате преку МБПР минимум
износ е 15.000 евра и максимум 1.000.000 евра.
Рок на враќање: До 2 години
Камата: 6% годишна

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Провизија: До 1% еднократно

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


За МСП во првите три години од своето постоење регистрирани како трговски друштва со над 51% приватна
сопственост и извезуваат во странство. Предност имаат фирми кои веќе имаат обезбедени договор за извоз
или сакаат да направат осигурување на веќе направениот извоз.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Гаранција: Банките ќе побараат да обезбедите гаранција за кредитот како хипотека на недвижен имот, залог
на подвижен имот, побарувања, хартии од вредност или осигурување од МБПР и други вообичаени форми на
обезбедување. Банките може да одобрат кредит само со жиранти без обезбедување хипотека. Ова може да
биде случај при помали износи на кредити. Сите информации ќе ги добиете во банката во која аплицирате.
Намена: Постојат одредени ограничувања во однос на намената за користење на кредитот, на пример кре-
дитот не може да се користи за производство на оружје, игри на среќа, активности кои ѝ штетат на животната
средина, клонирање и сл.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:
Кредитно барање - Ако аплицирате директно во МБПР користете ги формуларите од http://www.mbdp.
com.mk/index.php/mk/formulari-za-izvoz

[ 29 ]
Други документи во зависност од тоа во која банка ќе аплицирате (нив ги утврдува самата банка). Барањето
и листа на други потребни документи ќе ги добиете од банката во која ќе аплицирате. Корисникот сам
одлучува во која банка ќе ја поднесе апликацијата.

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Поднесувате барање за кредит Банката го анализира Банката ја носи одлуката


во една од банките-учеснички барањето дали ќе ви одобри кредит.
(види потребни документи) Нивната одлука треба да ја
верификува и МБПР

Потпишувате договор Ви се исплатуваат Го враќате кредитот согласно


за кредит средствата во Евра предвидената динамика

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Вид на кредит кој му овозможува на корисникот сериозна можност за развивање на извозно ориентирана
стратегија за маркетинг и продажба на своите производи.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Наменет за претпријатија кои го осигуриле својот пласман и продажба на странскиот пазар

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
МБПР АД СКОПЈЕ
E-mail: info@mbdp.com.mk
Кредитирање: Централа - 02/3115-844; локали: 115, 224, 123
Интернет страна: http://www.mbdp.com.mk/
Банки учесници во програма
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

[ 30 ]
KРЕДИТИРАЊЕ ЗА ТРАЈНИ И ОБРТНИ СРЕДСТВА ПРЕКУ
МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ (МБПР)

ТИП НА ПОДДРШКА: Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице 1. БИЗНИС УСЛУГА:
Сопственик на МСП – Кредити за трајни обртни средства за мали и средни
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво – претпријатија
ДОО/ДООЕЛ
Било кој сектор без
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР:
ограничување Македонска банка за поддршка на развојот

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Кредитите за трајни обртни средства имаат за цел да го поддржат тековното работење на фирмите преку
покривање на трошоци за тековни средства за работа.

Кредит за трајни обртни Кредит за трајни обртни Кредит за трајни обрт-


средства од ИКЛ -револвинг средства од МБПР ни средства од ЕИБ 4 –
100.000.000 ЕУР
Износ на кредитот Минимум 50.000 евра Минимум 30.000 евра Минимум 5.000 евра
Максимум 400.000 евра Максимум 300.000 евра Максимум 667.700 евра
Рок на враќање 3 години со грејс период од 6 3 години со грејс период од 6 3 години со грејс период од 6
месеци месеци месеци

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Камата 6% годишна 6,5% годишна 5,5% годишна

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


За МСП во првите три години од своето постоење регистрирани како трговски друштва со над 51% приватна
сопственост.
Предност во селекција: Кај кредитите за трајни обртни средства од МБПР и кредитите за трајни обртни сред-
ства од ЕИБ 4 – 100.000.000 ЕУР предност имаат :
 Фирми кои во тековната година имаат зголемен обем на работа (најмалку 5%) или извоз (најмалку 5%)
споредено со минатата година
 Фирми кои вложиле во модернизација, заштеда на енергија и заштита на животната средина (на пр. при-
мениле нова технологија која троши помалку енергија и сл.)
 Фирми кои го зголемиле бројот на вработени
 Фирми кои се конкурентни на пазарот. Тоа се фирми кај кои приходите се поголеми од расходите и имаат
тековна ликвидност поголема од 0,8 и најмалку 30% приходи од извоз.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Постојат одредени ограничувања во однос на намената за користење на кредитот, на пример кредитот не може да се
користи за производство на оружје, игри на среќа, активности кои ѝ штетат на животната средина, клонирање и сл.

[ 31 ]
Овие кредити ве обврзуваат дека треба да го задржите ист бројот на вработени се додека не го отплатите
кредитот во целост.
Гаранција: Банките ќе побараат да обезбедите гаранција за кредитот како хипотека на недвижен имот, залог
на подвижен имот, побарувања, хартии од вредност или осигурување од МБПР и други вообичаени форми
на обезбедување.
Банките може да одобрат кредит само со жиранти без обезбедување хипотека. Ова може да биде случај при
помали износи на кредити. Информации ќе добиете во банката во која аплицирате.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Кредитно барање и други документи во зависност од тоа во која банка ќе аплицирате ги утврдува самата
банка. Корисникот сам одлучува во која банка ќе ја поднесе апликацијата.

Поднесувате барање за кредит Банката го анализира Банката ја носи одлуката


во една од банките-учеснички барањето дали ќе ви одобри кредит.
(види потребни документи) Нивната одлука треба да ја
верификува и МБПР

Потпишувате договор за Ви се исплатуваат средствата Го враќате кредитот согласно


кредит во Евра предвидената динамика

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Кредитите на ЕИБ се сметаат дека во моментов се најповолни за искористување за малите и средни претпријатија.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Кредитирањето за трајни и обртни средства секогаш се разгледува инвестициски и од аспект на развој
и исплатливост на пократок рок – до 3 години.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
МБПР АД СКОПЈЕ
E-mail: info@mbdp.com.mk
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Кредитирање: Централа - 02/3115-844; локали: 115, 224, 123


Интернет страна: http://www.mbdp.com.mk/
Банки учесници во програма

[ 32 ]
КРЕДИТИРАЊЕ И ПОДДРШКА ОД ЕВРОПСКА
ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ
МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ (МБПР)

ТИП НА ПОДДРШКА: Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Сопственик на МСП – Кредити за инвестиции од ЕИБ 4 за мали и средни прет-
трговско друштво – пријатија
ДОО/ДООЕЛ

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без 2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:


ограничување Македонска банка за поддршка на развојот

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Кредитите за инвестиции од ЕИБ имаат за цел да ги поддржат потребите на фирмите за инвестиции во
одредени области.

Кредит за инвестиции од ИКЛ-револвинг Кредит за инвестиции во приоритетни про-


од ЕИБ 4 – 100.000.000 ЕУР екти од ЕИБ 4 – 100.000.000 ЕУР
Износ на кредитот Минимум:10.000 евра 6.000.000 евра
Максимум:3.500.000 евра До 50% од предвидените трошоци
До 100% од предвидените трошоци

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Рок на враќање До 8 години со грејс период до 24 месеци До 8 години со грејс период до 24 месеци

Камата 5,5% годишна 5,5% годишна

За што е наменета Кредитите се наменети за покривање на тро- Кредитите се наменети за покривање на трошоци
шоци за материјални средства како на пример за конкретни проекти во областите на економија
недвижности, опрема, обртни средства до 30% базирана на знаење,
од вредноста на кредитот. енергетика, екологија, индустрија, туризам,
Исто така може да се користат за нематеријални здравство, образование и услуги
средства како на пример трошоци поврзани со
истражување и развој на проектот вклучително и
платите на вработените, развој и финансирање
во фаза на конструкција и сл.
За кого е наменета Сите претпријатија регистрирани како трговски Сите претпријатија регистрирани како трговски
друштва со над 51% приватна сопственост и друштва со над 51% приватна сопственост и
работат две години работат две години

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


За кого е наменета: За МСП во првите три години од своето постоење регистрирани како трговски друштва
со над 51% приватна сопственост.
Во оваа кредитна линија предност имаат:
 Фирми кои во тековната година имаат зголемен обем на работа (најмалку 5%) или извоз (најмалку 5%)
споредено со минатата година

[ 33 ]
 Фирми кои вложиле во модернизација, заштеда на енергија и заштита на животната средина (на пр. при-
мениле нова технологија која троши помалку енергија и сл.)
 Фирми кои го зголемиле бројот на вработени
 Фирми кои се конкурентни на пазарот. Тоа се фирми кај кои приходите се поголеми од расходите и имаат
тековна ликвидност поголема од 0,8 и најмалку 30% приходи од извоз

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Намена: Постојат одредени ограничувања во однос на намената за користење на кредитот, на пример кредитот
не може да се користи за производство на оружје, игри на среќа, активности кои ѝ штетат на животната средина,
клонирање и сл.
Овие кредити ве обврзуваат дека треба да го заржите ист бројот на вработени додека не го отплатите кредитот
во целост.
Гаранција: Банките ќе побараат да обезбедите гаранција за кредитот како хипотека на недвижен имот, залог на
подвижен имот, побарувања, хартии од вредност или осигурување од МБПР и други вообичаени форми на обез-
бедување.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Кредитно барање и други документи во зависност од тоа во која банка ќе аплицирате ги утврдува самата банка.
Корисникот сам одлучува во која банка ќе ја поднесе апликацијата.

Поднесувате барање за кредит Банката го анализира Банката ја носи одлуката


во една од банките-учеснички барањето дали ќе ви одобри кредит.
(види потребни документи) Нивната одлука треба да ја
верификува и МБПР

Потпишувате договор за Ви се исплатуваат средствата Го враќате кредитот согласно


кредит во Евра предвидената динамика

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Банките може да одобрат кредит само со жиранти без обезбедување хипотека. Ова може да биде случај при
помали износи на кредити. Информации ќе добиете во банката во која аплицирате.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Кредитите на ЕИБ се сметаат дека во моментов се најповолни за искористување за малите и средни


претпријатија.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
МБПР АД СКОПЈЕ
E-mail: info@mbdp.com.mk
Кредитирање: Централа - 02/3115-844; локали: 115, 224, 123
Интернет страна: http://www.mbdp.com.mk/
Банки учесници во програма

[ 34 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ПРЕКУ
МАКЕДОНСКАТА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА
РАЗВОЈОТ (МБПР)

ТИП НА ПОДДРШКА: Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
Сопственик на МСП –
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво – Кредити за инвестиции за мали и средни претпријатија
ДОО/ДООЕЛ
Било кој сектор без
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР:
ограничување Македонска банка за поддршка на развојот

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Кредитите за инвестиции преку МБПР имаат за цел да поддржат финансирање на инвестиции и потребите
на фирмите од обезбедување при пристап до кредити.

Кредит за инвестиции Кредит за инвестиции Кредит за инвестиции од


од ИКЛ-револвинг од МБПР посебен кредитен фонд
со Гарантна шема
Износ на кредитот Минимум 50.000 евра Минимум 10.000 евра Минимум 10.000 евра

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Максимум 400.000 евра Максимум 500.000 евра Максимум 300.000 евра
До 50% од предвидените трошоци
Рок на враќање До 6 години со грејс период од До 11 години со грејс период До 8 години
12 месеци од 12 месеци  Грејс период до 6 месеци
за кредит до 3 години
 Грејс период до 12 месеци
за кредит до 8 години
Камата 6% годишна 6,5% годишна До 8% годишна

За што е наменета Кредитите се наменети за по- Кредитите се наменети за по- Гарантна шема/ МБПР гаранти-
кривање на трошоци за гра- кривање на трошоци за основни ра 42% од износот на кредитот
дежништво, опрема, обртни средства до 50% и со што служи како обезбеду-
средства обртни средства до 50% вање и ви го олеснува пристапот
до други кредити

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


За кого е наменета: За МСП во првите три години од своето постоење регистрирани како трговски друштва
со над 51% приватна сопственост кои работат две години.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Намена: Постојат одредени ограничувања во однос на намената за користење на кредитот, на пример кредитот
не може да се користи за производство на оружје, игри на среќа, активности кои ѝ штетат на животната средина,
клонирање и сл.
[ 35 ]
Овие кредити ве обврзуваат дека треба да го задржите ист бројот на вработени додека не го отплатите кредитот
во целост.
Гаранција: Банките ќе побараат да обезбедите гаранција за кредитот како хипотека на недвижен имот, залог на
подвижен имот, побарувања, хартии од вредност или осигурување од МБПР и други вообичаени форми на обез-
бедување.
Банките може да одобрат кредит само со жиранти без обезбедување хипотека. Ова може да биде случај при
помали износи на кредити. Информации ќе добиете во банката во која аплицирате.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Кредитно барање и други документи во зависност од тоа во која банка ќе аплицирате ги утврдува самата банка.
Корисникот сам одлучува во која банка ќе ја поднесе апликацијата.

Поднесувате барање за кредит Банката го анализира Банката ја носи одлуката


во една од банките-учеснички барањето дали ќе ви одобри кредит.
(види потребни документи) Нивната одлука треба да ја
верификува и МБПР

Потпишувате договор Ви се исплатуваат средствата Го враќате кредитот согласно


за кредит во Евра предвидената динамика

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Доколку ви недостасува некој документ одговорните лица од комерцијалните банки ќе ве контактираат за
да го доставите.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Распонот на наведените можни услови и опции обезбедува широк опсег на можности за инвестирање.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
МБПР АД СКОПЈЕ
E-mail: info@mbdp.com.mk
Кредитирање: Централа - 02/3115-844; локали: 115, 224, 123
Интернет страна: http://www.mbdp.com.mk/
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Банки учесници во програма

[ 36 ]
МИКРОКРЕДИТИРАЊЕ ПРЕКУ МАКЕДОНСКА БАНКА
ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ (МБПР)
ТИП НА ПОДДРШКА: Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
Сопственик на МСП –
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво – Микро кредити за микро и мали претпријатија
ДОО/ДООЕЛ
Било кој сектор без
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР:
ограничување Македонска банка за поддршка на развојот

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Микрокредитите имаат за цел поддржување на иницијативи на микро и мали бизниси со тоа што средствата
од кредитот може да се користат за набавка на опрема, градежни работи земјиште и за обртни средства.
Структура на финансирање: Проектот потребно е да се финансира од три извори. Вашата фирма треба да
учествува со 10%. МБПР ќе учествува со 60%, додека банката-учесник со 30%.

Микро кредит Мал кредит


Максимум Максимум
Износ на кредитот 15.000 евра 50.000 евра
Бизниси со најмногу 20 вработени Бизниси со најмногу 100 вработени
Рок на враќање До 24 месеци До 48 месеци
Камата: каматите и ратите за отплата зависат од банката во која ќе аплицирате.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Кредитите се наменети за микро и мали фирми регистрирани како трговски друштва со над 51% приватна
сопственост, индивидуални претприемачи, занаетчиски дуќани, приватни трговци, тезги на пазар и други
мали стопанственици.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Банката во која ќе аплицирате ги одредува условите и ја оценува вашата кредитоспособност.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Кредитно барање и други документи во зависност од тоа во која банка ќе аплицирате ги утврдува самата банка.
Корисникот сам одлучува во која банка ќе ја поднесе апликацијата.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Корисникот треба добро да се распраша околу видот и висината на каматните стапки бидејќи банките и ште-
дилниците се разликуваат едни од други во однос на условите кои ги нудат.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Производ наменет и соодветен за микро претпријатија од секаков вид.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
МБПР АД СКОПЈЕ / E-mail: info@mbdp.com.mk
Кредитирање: Централа - 02/3115-844; локали: 115, 224, 123 / Интернет страна: http://www.mbdp.com.mk/
Банки учесници во програма
[ 37 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР ПРЕКУ
МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ
ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице

ВИД НА КОРИСНИК:
Сопственик на МСП – 1. БИЗНИС УСЛУГА:
трговско друштво – Кредити за енергетика за мали и средни претпријатија
ДОО/ДООЕЛ

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без 2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:


ограничување Македонска банка за поддршка на развојот

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Кредитната линија е наменета да поддржи проекти за искористување на обновливи извори на енергија,
енергетска ефикасност и заштита за животната средина.
Структура на финансирање: Проектот потребно е да се финансира од три извори. Вашата фирма треба да
учествува со 10%. МБПР ќе учествува со 60%, додека банката-учесник со 30%.
Кредит за енергетска ефикасност Кредит за обновливи извори на енергија
Износ на кредитот Максимум 500.000 евра Максимум 4.000.000 евра
Од 5 години до 10 години со грејс период до
Рок на враќање До 6 години
3 години
Износ на кредитот Променлива Променлива
Кредитот за обновливи извори конкретно служи за финансирање на мали (мини) постројки на водена
енергија (со капацитет помал од 10 MW), производство на струја и топлина од биомаса, проекти за греење
кои се базираат на вишок на индустриска топлина или обновливи топлински извори и проекти за енергија
добиена од сонце и ветер.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


За МСП во првите три години од своето постоење регистрирани како трговски друштва со над 51% приватна сопственост.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


За апликација во било која од банките учесници потребно е да се поднесе нов проект за енергетска ефикасност
или за искористување на обновливи извори на енергија.
6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Кредитно барање и други документи во зависност од тоа во која банка ќе аплицирате ги утврдува самата банка.
Корисникот сам одлучува во која банка ќе ја поднесе апликацијата.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


За проектите за енергетска ефикасност треба да се достави доказ дека технологијата која ќе ја примени ќе
донесе заштеда во енергија. Банката ќе ви посочи каков доказ ѝ е потребен.
8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:
Кредитот е достапен за секторот на обновливи извори на енергија и заштита на животната средина кој носи
многу голема вредност во современи услови.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
МБПР АД СКОПЈЕ / E-mail: info@mbdp.com.mk
Кредитирање: Централа - 02/3115-844; локали: 115, 224, 123 / Интернет страна: http://www.mbdp.com.mk/
Банки учесници во програма
[ 38 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ЗА ПОДДРШКА ПРЕКУ МАКЕДОНСКА
БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РАЗВОЈОТ (МБПР) –
СПОРЕДБЕНО СИТЕ КРЕДИТНИ ПРОИЗВОДИ

ТИП НА ПОДДРШКА: Кредити и друг вид


поддршка (осигурување
на побарувања и факторинг)

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице 1. БИЗНИС УСЛУГА:
Поволни кредитни линии, осигурување на побарувања и
ВИД НА КОРИСНИК: Сопственик на МСП – факторинг
трговско друштво –
ДОО/ДООЕЛ
Било кој сектор без
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР:
ограничување Македонска банка за поддршка на развојот

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Македонската банка за поддршка на развојот нуди повеќе видови услуги и тоа:
 Кредитна поддршка преку повеќе кредитни линии,
 Осигурување на домашни и извозни побарувања на компаниите со цел намалување на ризиците од
ненаплата и
 Факторинг со цел премостување на периодот од продажбата до наплатата.
Преку овие производи се овозможува поддршка и подобрување на домашната и меѓународната конкурент-
ност на микро, малите и средни претпријатија (МСП), како и зголемување на извозот заради остварување

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


на поголема стапка на економски раст, пораст на вработеноста, и зголемување на девизните приливи.
Дел од производите се конкретно наменети за зголемување на енергетската ефикасност и застапеност
на обновливите извори на енергија како и избалансиран и одржлив развој и вклученост во глобалните
интеграциони процеси.

НАЗИВ НА КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА, ИЗНОС НА КРЕДИТОТ, РОК НА ОТПЛАТА И КАМАТА ЗА КРАЕН КОРИСНИК:
Во наредната табела се прикажани кредитните линии кои се реализираат преку МБПР со нивните специфики
од аспект на максимални износи, рокови на отплата и каматна стапка за крајните корисници.

Назив на кредитна линија Максимален износ во ЕУР Максимален рок на отплата Камата за краен
корисник
1. Кредитна линија од Ев-  3.500.000 за МСП-инвестиции, 8 г. со вклучен До 5,5% г.
ропска инвестициона  666.700 за МСП-обртни средства, грејс до 2 г. фиксна
банка (ЕИБ)  6.000.000 за mid-cap и приори-
тетни проекти (за претпријатија
со повеќе од 250 вработени)
2. Кредитна линија за под- 500.000 11 г. со вклучен 6,5% г.
дршка на микро и МСП од грејс до 1 г. фиксна
сопствени извори
3. Кредитна линија за трај- 300.000 3 г. со вклучен 6,5% г.
ни обртни средства од грејс до 6 мес. фиксна
сопствени извори

[ 39 ]
Назив на кредитна линија Максимален износ во ЕУР Максимален рок на отплата Камата за краен
корисник
4. Кредитна линија за под- 1.000.000 (директно од МБПР) 2 г. (отплата согласно 6,0% г.
дршка на извозот 2.000.000 (преку банки учеснички) приливите) фиксна
5. Италијанска кредитна 400.000 6 г. со вклучен грејс 6,0% г.
линија - револвинг фонд до 1 г. фиксна
6. KfW кредитна линија за 50.000 4 г. со вклучен грејс околу 6,5% г.
микро финансирање до 1 г. варијабилна

7. Кредитна линија за енер- 2.700.000 ЕУР 12 г. со вклучен грејс 6 % г.


гетска ефикасност и об- до 2 г.
новливи извори
8. Кредитна линија за про- 300.000  5 г. со вклучен грејс до 1 г. 2,0% г.
изводство, преработка (освен за откуп на грозје, пче- за инвестиции и фиксна
и извоз на земјоделски ница, овошје и зеленчук каде  1,5 г. со вклучен грејс до 3
производи максимален износ е до 500.000) мес. за обртни средства
9. Кредитна линија од Об- 300.000 Зависно од исплатливоста и  4,0% г. за примарно
новлив кредитен фонд/ проекциите на проектот земјоделско произ-
Земјоделски кредитен водство
дисконтен фонд  5% г. за преработка
и извоз на земјодел-
ски производи
10. Кредитна линија од По- 300.000 8 г. со вклучен грејс До 8,0% г.
себен кредитен фонд со до 1 г. фиксно
гарантна шема
11. Кредитна линија за са- 7.000 по невработено лице до 3 год. со вклучен грејс до 1,0% г.
мовработување 29 години 1 год. фиксно
12. Кредитна линија за под- 300.000 2 год. со вклучен грејс до 6 5,75% г.
дршка на општините месеци фиксно
за реализација на ИПА
проекти за прекугра-
нична соработка

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Поддршката е наменета кон субјекти со седиште во Република Македонија за реализација на нивни проекти
кои не се во спротивност со еколошките норми и кои не вклучуваат трговија или производство на оружје,
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

игри на среќа, дрога, клонирање.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Гаранција: Хипотека на недвижен имот и/или залог на подвижен имот, побарувања, хартии од вредност или
осигурување од МБПР и други вообичаени форми на обезбедување. Банките може да одобрат кредит само со
жиранти без обезбедување хипотека. Ова може да биде случај при помали износи на кредити. Сите информации
ќе ги добиете во банката во која аплицирате.
Намена: Постојат одредени ограничувања во однос на намената за користење на кредитот, на пример кредитот
не може да се користи за производство на оружје, игри на среќа, активности кои ѝ штетат на животната средина,
клонирање и сл.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Кредитно барање - Ако аплицирате директно во МБПР користете ги формуларите од http://www.mbdp.com.mk/
index.php/mk/formulari-za-izvoz

[ 40 ]
Други документи во зависност од тоа во која банка ќе аплицирате (нив ги утврдува самата банка). Барањето и листа
на други потребни документи ќе ги добиете од банката во која ќе аплицирате. Корисникот сам одлучува во која
банка ќе ја поднесе апликацијата.
Доколку ви недостасува некој документ одговорните лица од комерцијалните банки ќе ве контактираат за да го
доставите.

ПРОЦЕДУРА НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Поднесувате барање за кредит Банката го анализира Банката ја носи одлуката


во една од банките-учеснички барањето дали ќе ви одобри кредит.
(види потребни документи) Нивната одлука треба да ја
верификува и МБПР

Потпишувате договор Ви се исплатуваат Го враќате кредитот согласно


за кредит средствата предвидената динамика

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Секој вид на кредит има свои одредени специфики, но сите се насочени кон развивање на сериозна можност
за извозно ориентирана стратегија за маркетинг и продажба на своите производи.
Корисникот треба добро да се распраша околу видот и висината на каматните стапки бидејќи банките и ште-
дилниците делумно се разликуваат едни од други во однос на другите услови кои ги нудат за своите корисници.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Распонот на наведените можни услови и опции обезбедува широк опсег на можности за инвестирање
и развој.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
МБПР АД СКОПЈЕ
E-mail: info@mbdp.com.mk
Кредитирање: Централа - 02/3115-844; локали: 115, 224, 123
Интернет страна: http://www.mbdp.com.mk/
Банки учесници во програма

[ 41 ]
КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ ЗА БАНКИ ВО КОИ МОЖЕ ДА СЕ
АПЛИЦИРА ЗА КРЕДИТИТЕ ОД МБПР

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ


Кредитирање: 02/3168-504 Кредитирање: 02/3295-524
Централа: 02/3168-168 Централа: 02/3295-295
Интернет страна: http://www.kb.com.mk/ Интернет страна: http://www.stb.com.mk/
E-mail: contact@kb.com.mk E-mail: kontaktcentar@stb.com.mk

НЛБ ТУТУНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ ОХРИДСКА БАНКА АД СКОПЈЕ


Кредитирање: 02/5100-638 Кредитирање: 02/3167-618
Централа: 02/5100-610 Централа: 02/3167-600
Интернет страна: http://www.nlbtb.com.mk/ Интернет страна: http://www.ob.com.mk/
E-mail: tbanka1@tb.com.mk E-mail: obinfo@ob.com.mk

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ


Кредитирање: 02/3219-927 Кредитирање: 02/3286-025
Централа: 02/3219-900 Централа: 02/3286-100, 02/3111-111
Интернет страна: http://www.procreditbank.com.mk/ Интернет страна: http://www.unibank.com.mk/
E-mail: info@procreditbank.com.mk E-mail: info@unibank.com.mk

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД СКОПЈЕ ТТК БАНКА АД СКОПЈЕ


Кредитирање: 02/3249-420 Кредитирање: 02/3236-456, 02/3236-459
Централа: 02/3228-444 Централа: 02/3236-400
Интернет страна: http://www.eurostandard.com.mk/ Интернет страна: http://www.ttk.com.mk/
E-mail: info@eurostandard.com.mk E-mail: ttk@ttk.com.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ ШПАРКАСЕ БАНКА Македонија АД СКОПЈЕ


Кредитирање: 02/3240-830 Кредитирање: 02/3200-528
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Централа: 02/3240-800 Централа: 02/3200-500


Интернет страна: http://www.halkbank.mk/ Интернет страна: http://www.sparkasse.com.mk/
E-mail: halkbank@halkbank.mk E-mail: contact@sparkasse.com.mk

ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ ШТЕДИЛНИЦА МОЖНОСТИ


Кредитирање: 02/3249-360 Кредитирање: 02/2401-050
Централа: 02/3249-302 Централа: 02/2401-051
Интернет страна: http://www.ccbank.mk/ Интернет страна: http://www.moznosti.com.mk/
E-mail: info@ccbank.mk E-mail: contact@moznosti.com.mk

[ 42 ]
ЦЕНТРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АВРМ

ЦЕНТРАЛНАТА СЛУЖБА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РМ


тел: (02) 3111-850 во
www.avrm.gov.mk / e-mail: info@zvrm.gov.mk / www.samovrabotuvanje.mk

БЕРОВО КРУШЕВО
Маршал Тито б.б. 033/ 471-153 Никола Ѓурковиќ бр.10 048/ 477-033

БИТОЛА КУМАНОВО
Ѓoрче Петров б.б. 047/ 237-154 Тодор Велков б.б. 031/ 422-077

ВАЛАНДОВО МАКЕДОНСКИ БРОД


4-ти Јули бр.5 034/ 382-052 Партизанска бр.10 045/ 274-159

ВЕЛЕС НЕГОТИНО
Петре Прличко бр.34 043/ 231-590 Пекарев бр.5 043/ 361-799

ВИНИЦА ОХРИД
Маршал Тито б.б. 033/ 363-301 7-ми Ноември бр.264 046/ 254-115

ГЕВГЕЛИЈА ПРИЛЕП
Борис Карапузов бр.1 034/ 211-930 Ладо Лопецо б.б. 048/ 418-361

ГОСТИВАР ПРОБИШТИП
Кеј Вардар бр.1 042/ 218-015 Миро Барога б.б. 032/ 483-187

ДЕБАР

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


РАДОВИШ
8-ми Септември б.б. 046/ 831-335 Маршал Тито бр.4 032/ 607-015

ДЕЛЧЕВО РЕСЕН
бул.Македонија б.б 033/ 411-106 Иво Лола Рибар бр.36 047/ 452-520

ДЕМИР ХИСАР СВЕТИ НИКОЛЕ


Маршал Тито б.б. 047/ 276-355 Ленинова б.б. 032/ 443-920

КАВАДАРЦИ СКОПЈЕ
7-ми Септември б.б. 043/ 411-729 Васил Ѓоргов б.б. 02/ 3138-434

КИЧЕВО СТРУГА
Бул. Ослободување б.б. 045/ 225-232 Пролетерска бригада бр.66 046/ 781-962

КОЧАНИ СТРУМИЦА
Вељко Влаховиќ 033/ 272-205 1-ви Мај бр.36 034/ 322-783

КРАТОВО ТЕТОВО
Гоце Делчев бр.62 031/ 481-105 Благоја Тоска бр.23 044/ 22-449

КРИВА ПАЛАНКА ШТИП


Маршал Тито бр.167 031/ 375-147 Гоце Делчев бр. 91 032/ 385-339

[ 43 ]
ПОНУДА ОД БАНКИ, ШТЕДИЛНИЦИ И
ДРУГИ КРЕДИТНИ ИНСТИТУЦИИ
Овој дел од каталогот содржи најразличен вид на
помош и поддршка која е обезбедена од страна на
домашните банки и штедилници, како и банките
со странски капитал кои постојат во земјата и
нудат кредити или друг вид поддршка и услуги на
бизнис секторот во развој.
УСЛУГИ ОД КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
Било кој вид на
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: корисник – правен Кредитирање
субјект

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Комерцијална банка АД Скопје

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Комерцијална банка им нуди на своите клиенти кредити од неколку кредитни линии, како и кредити од
сопствени средства наменети за поддршка на производствените или услужни дејности, поддршка на из-
возот, финансиски услуги во земјоделството, проекти од областа на енергетиката (обновливи извори на
енергија) и сл.

Кредити на краток и долг рок


Износите на кредитите варираат во зависност од видот на кредитот, барањето на
клиентот и неговата кредитна способност. Кај дел од кредитните линии кои се реа-
Износ лизираат преку МБПР постојат ограничувања во делот на минимален и максимален
износ, додека кај кредитите од сопствени средства единствените ограничувања се
поврзани со законските лимити на изложеност кон поединечен клиент.
Рокот на отплата е флексибилен во зависност од видот на кредитот: Вообичаено
Рок на отплата инвестициските кредити се одобруваат со рок на отплата до 10 години додека
кредитите за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Грејс период 1 до 2 години во зависност од конкретното барање и проценка на банката.
Најниска пресметана камата се однесува на кредити наменети за поддршка на фи-
нансиски услуги во земјоделството (примарно и секундарно производство) и изнесува
Камата од 4-5%, а за останатите видови на кредити каматната стапка е варијабилна и зависи
од низа на фактори предвидени во каматната политика на банката.
Провизиите за одобрување, администрирање и водење на аранжманот се утврдуваат
Провизија за администрирање пред се во зависност од рочноста на кредитот и се движат од 0.05% до 1.5%
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За обезбедување на кредитните линии се користи еден или комбинација од повеќе


инструменти:
 хипотека на недвижен имот
 залог на подвижен имот,
Обезбедување  залог на залихи и побарувања,
 гаранции од првокласни банки,
 депозити (денарски или девизни),
 меница.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Поддршката се однесува за микро, мали, средни и големи претпријатија од производен или услужен сектор, во раз-
лични дејности (освен дејностите кои се исклучени согласно кредитната политика на банката). Видот на корисник
може да биде правно лице од сите организациони форми (Дооел, Доо, АД и сл.) и вообичаено компании кои имаат
историја на работење која може да се види преку финансиските резултати за последните 2-3 години.

[ 46 ]
5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
Ограничувања се предвидени кај одредени кредитни линии како и кредити од сопствени средства во делот на:
сопствено учество на барателот во самата инвестиција, наменско користење на парите и запазување на сите
законски норми и прописи на НБРМ.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата за одобрување на кредит е стандардна за повеќето банки: се поднесува пополнето барање за кредит
и други пропратни документи наведени на официјалната веб страна на банката: www.kb.com.mk во делот “Основни
информации за кредитите за правни лица“. За долгорочните кредити потребно е да се достави и инвестициона
програма со финансиски предвидувања за периодот на отплата на кредитот.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Комерцијална банка фокусот на своето работење го насочува кон кредитирање на правните лица , а опфатени
се речиси сите дејности. Рокот на отплата е релативно поволен, а износот на средства кои се одобруваат за
одделните кредитни линии може да задоволи различни потреби и проекти. Можеби е потребно во иднина
Комерцијална банка да развие сопствени и атрактивни кредитни линии за финансирање и развој на правните
лица, таргетирање на фокус групи, како на пример: млади или жени претприемачи и сл.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Комерцијална Банка АД Скопје успешно опстојува на пазарот 60 години и во континуитет ги гради и негува
односите со своите клиенти. Банката е лидер на пазарот на кредитирање на компании а околу 80% од своето
портфолио го насочува кон деловните субјекти. Ова овозможи да стекнеме огромно искуство преку кое ги
моделираме своите политики и пристап кон клиентите. Капитализираноста на Банката овозможува поддршка
и на големи проекти кои имаат стратешко значење за македонската економија.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: contact@kb.com.mk
Контакт тел: (02) 3 296 800
Веб-страница: http://www.kb.com.mk/

[ 47 ]
УСЛУГИ ОД СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
Било кој вид на
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: корисник – правен Кредитирање за правни лица
субјект

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Стопанска банка а.д - Скопје

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Стопанска банка - Скопје им нуди на правните лица (микро, мали и средни компании) кредити за трајни
обртни средства, развој на бизнисот, како и рефинансирање – кредит кој се одобрува без обезбедување.
Банката нуди кредити и за трајни обртни средства, акредитиви, гаранции (кредит за обртен капитал) и сл.
Истата има развиено кредитни производи кои се наменети за инвестирање во недвижен имот, купување
на нови или употребувани транспортни средства и опрема, како и купување на нови комерцијални возила
(автомобилски бизнис кредит) и рефинансирање (инвестициски кредит),

Кредити на краток и долг рок


Износот на достапните кредити за најголемиот дел од кредитите изнесува 200.000
евра (инвестициски кредит за микро и мали претпријатија, кредит за обртен капи-
Износ
тал и автомобилски бизнис кредит за микро и мали претпријатија) и 10.000 евра за
(кредит без обезбедување)
Рокот на отплата варира во зависност од видот на кредитот: од 3 години за кредит
без обезбедување, 5 години за кредит за обртни средства и OVERDRAFT, 8 години
Рок на отплата
за автомобилски бизнис кредит за микро и мали претпријатија и до 10 години за
инвестициски кредит за микро и мали претпријатија
Грејс период од 12 месеци е предвиден за некои од кредитите и тоа: инвестициски
Грејс период кредит за микро и мали претпријатија и автомобилски бизнис кредит за микро и
мали претпријатија
од 7,5% за отплата во евра за автомобилски бизнис кредит за микро и мали прет-
Камата
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

пријатија, а за останатите видови на кредити каматната стапка се движи од 9% до 11%


Провизија се пресметува кај кредитите по два основа:
Провизија за администрирање  за управување и изнесува од 1 до 2% и
 за предвремено плаќање на крeдитот 2%
За обезбедување на кредитните линии се користи:
 Меница,
Обезбедување
 хипотека на недвижен имот,
 депозит

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Поддршката се однесува за микро, мали и средни претпријатија без наведени ограничувања од аспект на економскиот
сектор на делување. Поддршката на компаниите покрај стандардните кредити се состои и до т. н брзи кредити за
рефинансирање (без обезбедување ) или специјално за набавка на комерцијални возила (автомобилски бизнис кредит).

[ 48 ]
5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
Ограничувања се предвидени кај одредени кредитни линии како и кредити од сопствени средства во делот на:
сопствено учество на барателот во самата инвестиција, наменско користење на парите и запазување на сите
законски норми и прописи на НБРМ.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата е генерална за сите кредити наменети за правни лица и се поднесуваат следните документи:

 Барање за кредит
 Тековна состојба и ЗП образец од Централен регистар
 Официјални финансиски извештаи за последните 3 години
 Финансиски извештај со пресек
 (Про)фактура за возилото што се купува (дополнителен документ кој се приложува за добивање на автомобил-
скиот бизнис кредит).

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Стопанска банка за разлика од другите банки има кредитни линии со кои значајно се помага тековното рабо-
тење на правните лица преку поволни услови и едноставна постапка за одобрување. Притоа не е потребно
обезбедување на кредитот. Исто така за компаниите кои се занимаваат со дистрибуција и транспорт овозмо-
жено им е набавка на комерцијални возила преку посебна кредитна линија создадена само за оваа намена.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Стопанска банка ги издава сите видови на гаранции во земјата и странство, како: чинидбени гаранции (ли-
цитациони, гаранции за добро извршување, за враќање на гарантен депозит, авансни и др., како и платежни
гаранции (по финансиски и комерцијални кредити, за обезбедување долг во царинска постапка, контра гаран-

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


ции итн. Со издавањето на гаранции согласно потребите на клиентите, банката станува гарант за успешноста
на работењето на компаниите.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: sbank@stb.com.mk
Контакт тел: (0)2 3295-295
Веб-страница: www.stb.com.mk

[ 49 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ПРЕКУ НЛБ ТУТУНСКА БАНКА
ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на Kредитирање на правни лица
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување НЛБ Тутунска банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


НЛБ Тутунска банка на правните лица им нуди свои или други детално разработени кредитни линии со по-
веќе од 17 различни кредитни производи понудени на микро и малите претпријатија, како и дополнителни
10-14 видови кредитни производи наменети за средни и големи претпријатија.
НЛБ Тутунска банка практично нуди финансирање на претпријатија од производни, производно-услужни
дејности и трговија низ неколку интересни производи како: БИЗНИС ПЛУС денарски кредит, долгорочни
кредити за микро и мали бизниси, револвинг кредити обезбедени со депозит како и краткорочни денарски
кредити. Меѓу последниве се издвојуваат: брз бизнис кредит и краткорочен кредит 6+6.
Една посебна кредитна линија се однесува за ограничени намени како што се набавка на деловен простор,
опрема, авто возила (кредит за деловен простор, кредит за опрема, aвто кредит и сл.). Во табелата подолу
следуваат одредени детали поврзани со условите и спецификите на одредени видови кредити.

Кредити на краток и долг рок


Најчесто одобрен максимален износ на кредит е до 200.000 евра во денарска про-
тиввредност за кредитите за набавка на деловен простор, опрема и авто возила,
долгорочни кредити за микро и мали претпријатија, кредити обезбедени со депозити
Износ
и агро бизнис кредити за претпријатија.
Износот до 600.000 денари се одобрува за брз бизнис кредит и краткорочен кредит
6+6, додека максимумот до 900.000 денари изнесува за бизнис плус денарски кредит.
Рокот на отплата е флексибилен во зависност од видот на кредитот: од 1 до 2 години
Рок на отплата
за краткорочни кредити и 2-8 години за долгорочни кредити.
Грејс период е предвиден за одредени видови на кредити и тоа 3 месеци за краткорочен
Грејс период кредит 6+6, 6 месеци за бизнис плус денарски кредит, 12 месеци за кредит за деловен
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

простор, опрема и автовозила и 24 месеци за агробизнис кредитот.


Каматната стапка е најниска за кредит обезбеден со депозити и изнесува од 2% до
Камата 2,5%, за најголемиот дел на кредитни линии се движи од 6,5% до 7,9% и највисока е
кај краткорочен кредит 6+6 и изнесува 5,9-8,9%
Најчест износ на провизија е 0,25% и се однесува на агро бизнис кредит, кредитите
за деловен простор, опрема, брз бизнис кредит и бизнис плус кредит, 4.000 денари
Провизија за администрирање за уплата поголема од 10% од неотплатениот дел од кредитот, 0,5% до 0,75% за
краткорочни денарски кредити и за револвинг кредитот, додека за 6+6 кредитот не
е предвиден надоместок за провизија.
За обезбедување на кредитните линии се користи иста комбинација од инструменти
како кај повеќето банки и тоа:
 хипотека на недвижен имот
Обезбедување
 залог на подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или девизни),
 меница во форма на нотарски акт,
 жиранти.

[ 50 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката се однесува за микро, мали и средни претпријатија, земјоделски производни претпријатија и регистри-
рани индивидуални земјоделци.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Ограничувања се предвидени во однос на максималните износи на средства кои се одобруваат за одредени
видови на кредити.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата за одобрување на кредит е стандардна: се поднесува пополнето барање за кредит и придружна
документација која може да се види во линкот потребна документација која стои веднаш под карактеристиките
на секој од наведените видови на кредити.

Придружната документација вклучува документи за тековната состојба на клиентот обезбедени од централен ре-
гистар, финансиски извештаи за последните две години, документи за обезбеден пазар - договори со потенцијални
купувачи и добавувачи, документација за можното обезбедување и сл.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


НЛБ Тутунска банка ги има посебно развиено и обработено краткорочните и долгорочните кредити за два
типа на клиенти – микро и мали претпријатија, како и средни и големи претпријатија. Секој од производите е
детално обработен на веб страницата на банката.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


НЛБ Тутунска банка има убедливо најразвиен систем на кредитни линии и кредитни производи наменети за
правни лица со широка лепеза на разнородни поволни услови. Банката располага и со најразвиена мрежа
на филијали и експозитури низ целата земја, како и со детално обработени податоци на веб-страницата на

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


банката, со детално обработени контакти и достапност во најкус можен рок. Сосем оправдано, НЛБ Тутунска
банка го има заслужено епитетот банка на годината 7 пати во текот на периодот од 2003 до 2014 година.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: tbanka1@tb.com.mk
Контакт лице и/или контакт телефон: кредитирање: 02/5100-638 и
Централа: 02/5100-610
Веб страница: www.nlbtb.com.mk

[ 51 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ПРЕКУ
ПРОКРЕДИТ БАНКА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на Кредитирање за правни лица
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување ПРОКРЕДИТ Банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


ПРОКРЕДИТ банка им нуди на своите клиенти кредити на краток и долг рок за финансирање на обртни
средства, набавка на основни средства, одржување на тековна ликвидност, агро кредити за инвестиции во
основни средства за земјоделството: земјоделско земјиште, изградба/реконструкција на објекти за земјо-
делска дејност и еко кредити за органско производство и енергетска ефикасност.

Кредити на краток и долг рок


 За кредит за основни средства и за обртни средства не е утврден максимален износ
на кредитот бидејќи износот се прилагодува согласно потребите, финансиската
Износ состојба и целта за која е наменет
 За ЕКО кредит до 15.000.000 денари
 За Агро бизнис кредит од 5.000 евра до 250.000 евра
Рокот на отплата е флексибилен во зависност од видот на кредитот: од 3 години за
Рок на отплата кредит за обртни средства , 5 години за ЕКО кредит и агро бизнис кредитот, до 10
години за кредит за основни средства

Грејс период од 6 месеци е предвиден за ЕКО кредит, а од 12 месеци за кредит за


Грејс период
основни средства и Агро бизнис кредит
Каматите се пресметуваат како годишна фиксна каматна стапка и тоа:
 7% за кредит за основни средства и обртни средства и инвестиции
Камата
 7,4% за Агро бизнис кредит
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 7,5% за ЕКО кредит


Не е пресметано во содржината на наведените кредити за правни лица но не се
Провизија за администрирање
исклучува можноста за наплата по одобрување на кредитот.

За обезбедување на кредитните линии се користи:


 гарант - сопственикот на бизнисот,
Обезбедување
 подвижни предмети или
 недвижен имот

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Поддршката се однесува за мали и средни претпријатија, индивидуални земјоделски производители и претпријатија
кои извршуваат земјоделска дејност. Посебни производи се развиени за правни лица кои се занимаваат со органско
производство и проекти за енергетска ефикасност.

[ 52 ]
5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
За сите претходно наведени кредити правните лица треба да имаат минимум претходно работно искуство од
12 месеци.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата за аплицирање е доста поедноставена за разлика од другите банки. Истата процедура се спроведува
сите кредити наменети за правни лица, при што потребно е правното лице да достави лична карта од управителот
и тековна состојба не постара од 6 месеци.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Прокредит банка има за цел промовирање на економски развој одржлив од аспект на животната средина.
Во јули 2009 година лансиравме програма за ’’зелени’’ финансиски производи – една од првите од ваков
вид во Македонија – што се состоеше од кредити за енергетска ефикасност за граѓаните и претпријатијата.
Заклучно со 2015 година, банката има исплатено 26Мио евра 6во кредити на правни лица за финансирање
на инвестиции во фиксни средства за енергетска ефикасност.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Значајно за ПРОКРЕДИТ банка е тоа што редовно е во контакт со правните лица, банката ги слуша нивните
потреби и проблеми со кои се соочуваат во тековното работење и врз таа основа се креираат нови кредитни
продукти соодветни на теренските анализи. Најновата понуда на ПРОКРЕДИТ банка е ,,кредитен лимит,,: од-
напред одобрени средства за сите бизнис потреби на едно претпријатие, и користење по желба на правното
лице во форма на кредит, кредитна линија, дозволено пречекорување на сметка за дополнителна ликвидност.

Банката нуди и флексибилност во намена на средствата и не пресметува банкарски трошоци за неискористе-


ните средства. Исто така за секој вид на кредит е даден пример со пресметан износ за отплата на кредитот со
вкалкулирана камата за одреден временски период, со што правното лице може да ја утврди рентабилноста

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


од користењето на соодветниот кредит.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: info@procreditbank.com.mk
Контакт Центар од 08:00 – 20:00 телефон: 02/ 2446 000
Веб-страница: https://www.procreditbank.com.mk/

[ 53 ]
КРЕДИТИРАЊЕ НА ПРАВНИ ЛИЦА ПРЕКУ
ОХРИДСКА БАНКА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на Кредитирање и услуги за правни лица
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Охридска банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Покрај неколку кредитни странски линии, Охридска банка им нуди на своите клиенти кредити од средства
и извори на банката на краток, среден и долг рок. Понудата опфаќа кредити за финансирање на кратко-
рочни потреби на клиентите за обртни средства и подмирување на обврски спрема странски партнери,
трајни обртни средства и обртен капитал чијшто бизнис циклус е подолг од една година. Понатаму банката
нуди капитални инвестиции во основни и обртни средства. Исто така со кредитите за “Професионалци“
предвидена е финансиска поддршка за купување на опрема или недвижен имот (ординација, канцеларија).

Кредити на краток, среден и долг рок и Кредит за “професионалци“


Износот на кредитот зависи од кредитоспособ-  Минимален износ од 60.000 денари
носта и бонитетот на комитентот, квалитетот и за ненаменски до 10.000 евра за
вредноста на понудениот колатерал, како и од наменски кредит.
Износ потребите на барателот на кредитот.  Максимален износ од 480.000 денари
за ненаменски до 100.000 евра за
наменски кредит.

Од 12 месеци за краткорочен до 7 години за 13-84 месеци за ненаменски до 36-180


Рок на отплата
долгорочен кредит месеци за наменски кредит
До 6 месеци за среднорочен и до 12 месеци за
Грејс период До 6 месеци
долгорочен кредит
3-10% (денарски кредит) 6,5-10% (девизен кре-  7% -8% годишна фиксна (за нена-
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

дит) на годишно ниво во зависност од кре- менски кредит)


дитоспособноста и бонитетот на клиентот,  11% годишна опаѓачка (за наменски
Камата
редовноста во сервисирањето на обврските кредит)
кон банката или сл.

Провизија за администрирање Се утврдува дополнително 1,5% еднократно од износот на кредитот

1. Депозитен колатерал;
2. Хипотека на недвижен имот;
3. Залог на опрема со винкулирана полиса во корист на Банката;
4. Полиса за осигурување на кредитот;
Обезбедување
5. Гаранција од банка и други финансиски институции;
6. Бланко потпишана меница;
7. Бланко потпишани налози за пренос ПП 30;
8. Друг вид обезбедување кое се договара дополнително.

[ 54 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Микро, мали и средни претпријатија кои се извозно ориентирани, но и физички и правни лица кои се занимаваат со
одредени дејности од правната, медицинската, техничката и други струки.
Охридска банка нуди и специфично развиен производ за жени претприемачи во соработка со Европската банка за
обнова и развој. Тоа е посебно развиена кредитна линија наменета за финансирање на инвестициски вложувања
или обртни средства на претпријатијата кои се во сопственост на жени или се управувани од жени и тоа на макси-
мум период од 36 месеци за обртен капитал или до 60 месеци за инвестиции. Кредитите се исплаќаат во ЕУР или во
денарска противвредност за утврдената сума во ЕУР. Каматната стапка се утврдува во моментот на одобрување на
кредитот во согласност со најдобрите постоечки пазарни услови.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Ограничувања се наведени во кредитот за професионалци кадешто подносителот на кредитното барање треба
да има минимум работно искуство од 6 месеци и да остварува годишен приход од извршени услуги и/или про-
дажби не поголем од 10 милиони денари.

Кај останатите кредитни линии нема некои специфични ограничувања додека кај кредитот наменет за поддршка
на женско претприемништво, јасно е назначено дека учество не е потребно кај кредитите за обртни средства,
но кај инвестицискиот кредит – потребно е обезбедување на сопствено учество од 20%.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Се пополнува кредитно барање и се комплетира другата потребна документација. Рокот на донесување на одлуката
за одобрување кредит е до 7 дена од приемот на барањето.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Охридска банка нуди широко диверзифицирано и квалитетно портфолио на кредитни производи по поволни
услови, прилагодено на специфичните барања и индивидуалните потреби на клиентите. Водејќи се од пре-
мисата - нема тешки времиња за добар бизнис, Охридска банка секогаш застанува во улога на финансиски

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


советник и поддржувач на развојните планови на извозно ориентираните претпријатија, практикувајќи го
уникатниот принцип на партнерство помеѓу компанијата и банката.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Во условите за кредитирање на Охридска банка значајно е тоа што нема прецизирано лимит на износот на
одобрени кредитни средства кај кредитите на краток, среден и долг рок, туку тоа зависи од кредитоспособ-
носта и бонитетот на коминтентот. Исто така кај Кредитот наменет за “Професионалци“, одобрувањето не е
врзано за инвестициски план, износот и рокот на отплата е флексибилен и одговорот за одобрување и исплата
на кредитот е релативно многу краток (2-5 дена).

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: obinfo@ob.com.mk
Контакт лице и/или контакт тел: Кредитирање: 02/3167-618
Централа: 02/3167-600
Веб-страница: http://www.ohridskabanka.mk/pocetna.nspx

[ 55 ]
УСЛУГИ ОД ШПАРКАСЕ БАНКА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
Било кој вид на
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: корисник – правен Кредитирање за правни лица
субјект

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Шпаркасе банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Шпаркасе банка на своите клиенти им нуди широк спектар на краткорочни и долгорочни кредити во зави-
сност од нивните потреби.
Понекогаш деловните парични текови во идеални услови не можат точно да се предвидат. Добавувачите
можат да ви понудат атрактивни попусти при авансно плаќање, но поради забавена наплата од побарувања
се јавува недостиг на обртни средства или средства за одржување на тековната ликвидност. Краткорочните
кредити можат да бидат за финансирање на обртни средства, одржување на тековна ликвидност и набавка
на суровини, материјали и стоки.
Покрај нив, банката нуди и кредитни производи за инвестициски зафати и трајни обртни средства, про-
изводство на електрична енергија од обновливи извори и откуп на преземени средства (имот) од банката.
Исто така банката нуди и микрокредити за развој на микробизниси и рефинансирање на претходни вложувања.

Кредити на краток и долг рок


 Износот на кредит не е фиксен и зависи од потребите и кредитоспособноста на
барателот
Износ
 Кај инвестициските кредити, потребно е соодветно учество на кредитобарателот
во вкупниот износ на кредитот од 20-30%.
Рокот на отплата е флексибилен во зависност од видот на кредитот: до 1 година за
Рок на отплата
краткорочни кредити и од 3 до 10 години за долгорочни кредити
Грејс период е предвиден кај долгорочните кредитите и се движи:
 од 6 месеци до 1 година за инвестициски кредит и кредит за откуп на преземени
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Грејс период средства од банката


 2 години за кредит за проекти кои се однесуваат на производство на електрична
енергија од обновливи извори на енергија
Камата Каматите се пресметани согласно одлуката за каматни стапки на Банката
Со исклучок на кредитот за откуп на преземени средства од банката каде кредитоба-
Провизија за администрирање рателот е ослободен од плаќање на провизија, провизиите се одредени во согласност
со Одлуката за тарифи на Банката
За обезбедување на кредитите се користи комбинација од најразлични инструменти:
 хипотека на недвижен имот од прв ред,
 залог на подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или
Обезбедување девизни),
 меница во форма на нотарски акт,
 меница од фирмата авалирана од сопственикот/сопствениците на фирмата
 и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката

[ 56 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката се однесува за сите бонитетни клиенти на банката.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Не постојат ограничувања за намената на кредитот. Ограничувањата најчесто се јавуваат во зависност од наме-
ната на кредитот за која е одобрен што значи дека доколку кредитот е одобрен за одредена конкретна намена
истиот не може да се користи за друга намена.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


ПРОЦЕДУРА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ:
Процедурата за одобрување на кредит е стандардна: се поднесува пополнето барање за кредит (пропишан об-
разец од банката или на меморандум на клиентот), изјава за поврзаност со други субјекти (учество во управување,
кој е исто така пропишан образец од банката) и други пропратни документи согласно видот на кредитот за кој ќе
се одлучи потенцијалниот корисник на кредитот.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Шпаркасе Банка Македонија нуди и можност за отворање на акредитиви и издавање на гаранции како инстру-
мент со кој банката гарантира дека нејзиниот клиент ќе исполни некоја обврска кон трето лице. Со гаранцијата/
акредитивот, банката се обврзува спрема крајниот корисник, дека доколку се исполнети сите услови а глав-
ниот должник да не ја исполни својата обврска, ќе ја плати сумата на која гласи гаранцијата или акредитивот.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Шпаркасе Банка Македонија е дел од Штаермеркише Шпаркасе и Ерсте групацијата. Штаермеркише Шпар-
касе има билансна вредност од 14,4 милијарди евра и е најголемата регионална банка на југот на Австрија.
Истата има долгогодишната традиција, која скоро два века е синоним за стабилност, сигурност и континуитет

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


во работењето.
Банката се залага за сигурност, доверба и традиција, што ја прави партнер од доверба за вработените и кли-
ентите. Има солиден бизнис модел на силна и успешна групација кој е отпорен на криза и развива економски
успешен концепт кој ги следи принципите на општествената одговорност.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: corporate@sparkasse.mk
Контакт тел: + 389 2 3200 500
Веб-страница: http://www.sparkasse.mk/

[ 57 ]
ПРЕГЛЕД ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ПРЕКУ
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА АД СКОПЈЕ
ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на Кредитно гаранциско работење во сегментот на правни лица.
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Централна кооперативна банка АД Скопје

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Централна Кооперативна Банка АД Скопје нуди целосна поддршка на вашето работење во внатрешниот
и надворешниот платен промет, како и банкарски производи во смисла на одобрување на користење на
кредити, овердрафти, отварање акредитиви, издавање на гаранции и останати кредитно гаранциски ин-
струменти. На своите клиенти им нуди кредити на краток и долг рок на финансирање за обртни средства и
тековна ликвидност на друштвото, кредити наменети за инвестиции во фиксни активи и раст на бизнисот,
поддршка на сите дејности како производствените така и услужните, поддршка на извозните компании
преку посебни кредитни продукти наменети само за нив, инвестиции во областа на аграрот за купување
на земјоделска опрема и механизација и сл.
Палета на кредитни продукти:

 ЦКБ Бизнис кредит ДОВЕРБА  ЦКБ Бизнис кредит ЕКСПОРТ


 ЦКБ Бизнис кредит ОБРТ  ЦКБ Бизнис кредит МИКРО
 ЦКБ Бизнис кредит РАСТ  ЦКБ Микро земјоделски кредит
Дополнителна информација за секој кредитен продукт можете да добиете во Дирекцијата за банкарски
услуги на правни лица или на интернет страницата http://www.ccbank.mk/

Кредити на краток и долг рок


Износите на кредитите се во зависност од видот на кредитот и негова намена, барањето
Износ на клиентот и неговата кредитна способност, остварените резултати, генерираните
приходи за последната година, бизнис историјата на клиентите.
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во зависност од кредитниот производ и намената, рокот на отплата е варијабилен,


Рок на отплата максималниот рок за инвестициски кредити е до 10 години додека за кредитите за
обртни средства е до 5 години.
Грејс период Грејс период е предвиден во зависност од конкретното барање и проценка на банката.
Каматни стапки се во зависност од: рокот на кредитот, квалитетот на понуденото обезбе-
Камата дување, договорена соработка со Банката /пренос на платен промет и плати на вработени
во ЦКБ/ и сл., минималната каматна стапка е од 4,5%, променлива на годишно ниво.
Провизија за администрирање Провизиите и надоместоците се одредени во согласност со Одлуката за тарифи на Банката
За обезбедување на кредитните линии се користи еден или комбинација од инструменти:
 хипотека на недвижен имот од прв ред,

Обезбедување  залог на подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или девизни),
 меница во форма на нотарски акт,
 меница од фирмата (меница) авалирана од сопственикот /сопствениците на фир-
мата и други инструменти за обезбедување прифатливи за Банката.

[ 58 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката се однесува за микро, мали и средни претпријатија, индивидуални земјоделски производители и регистри-
рани правни лица кои се занимаваат со земјоделска дејност како и претпријатија на кои носечка дејност им е извозот.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Ограничувањата се однесуваат на претпријатија дефинирани како микро и мали, со приходи генерирани од
основната дејност до 60.000 EUR (во денарска противредност) годишно. Проценката се врши и во однос на
претпријатија кои работат успешно и имаат позитивни финансиски резултати во претходната и во тековната
финансиска година така што износот на кредитот не може да биде повеќе од 25% од реализираните приходи
од продажба за тековната година. За инвестициските кредити се очекува и сопствено учество не помалку од
20% од вкупниот износ на инвестицијата, како и запазување на сите законски норми и прописи предвидени од
страна на НБРМ.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата за одобрување на кредит е стандардна: се поднесува барање за кредит (пропишан образец од бан-
ката), изјава за поврзаност со други субјекти - учество во управување (пропишан образец од банката), финансиски
документи (сметководствени извештаи за претходната и тековната година) и документација за понуденото обез-
бедување. Документацијата е достапна на официјалната веб страна на банката http://www.ccbank.mk/

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Идната деловна соработка би значела заедничко задоволство и бенефит. Целта на Централна Кооперативна
банка АД Скопје е градење на портфолио од квалитетни, стабилни и успешни компании кои претставуваат
лидери во својот домен на работа. Од друга страна, нашата цел е на клиентите да им овозможиме комплетна
услуга и поддршка на нивното работење со минимизирање на сите трошоци поврзани со банкарското работење.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Централна кооперативна банка АД Скопје е финансиска институција во Република Македонија чиј мнозински
пакет на акции е во сопственост на Централна кооперативна банка АД Софија, Република Бугарија. Истата
година со влегувањето на македонскиот банкарски пазар во 2008 година, Централна кооперативна банка АД
Софија стана најголем инвеститор во Република Македонија и тоа банката го докажува и наредните години
како своевиден успех во работењето.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: info@ccbank.mk
Контакт телефон: (389 2) 3249-300
Кредитирање: 02/3222-151; 02/3224-171 / Централа: 02/3249-302
Веб-страница: http://www.ccbank.mk/

[ 59 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ПРЕКУ ЕУРОСТАНДАРД БАНКА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
Сопственик на МСП –
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво – Кредитирање на правни лица.
ДОО/ДООЕЛ

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување ЕУРОСТАНДАРД Банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Еуростандард Банка им нуди на правните лица неколку типа на кредити кои се наменети за набавка на
суровини и опрема за тековно работење и надминување на актуелни финансиски јазови (прилив-одлив на
средства). Ова посебно се однесува на краткорочните кредити, додека пак банката доделува подолгорочен
тип на кредит на кредити за финансирање на инвестиции, купување или адаптација на недвижен имот,
набавка на опрема и транспортни средства (постојани и трајни обртни средства) или сл.
Постои и еден специфичен производ на банката наменет за решавање на моментални потреби од обртни
средства и тековна ликвидност – т.н. OVERDRAFT кредит. Истиот се смета за најбрзото и наједноставно
решение за вашите моментални финансиски потреби и подобрување на ликвидноста на компанијата и
други слични намени.

Кредити на краток и долг рок


Износот на достапните кредити е без некое однапред утврдено ограничување за
Износ
висина на средствата и е во согласност со кредитна способност на правните лица.

Рокот на отплата е утврден во зависност од видот на кредитот: од 1 година за крат-


Рок на отплата корочен кредит за обртни средства и OVERDRAFT, 5 години за долгорочен кредит
за трајни обртни средства, до 8 години за долгорочен кредит за постојани средства.

Грејс период од 12 месеци е предвиден само за долгорочните кредити за постојани


Грејс период
средства и трајни обртни средства.
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Изнесува од 9%-13% на годишно ниво за сите наведени видови на кредити со исклучок


Камата на OVERDRAFT каде што каматната стапка е 15% за редовни клиенти на банката и 16%
за нови клиенти.

Пресметаната провизија е најниска кај краткорочниот кредит и се движи од 0,3% до2%,


додека за долгорочните кредити изнесува од 0,75% до 2%, а највисока е за OVERDRAFT
Провизија за администрирање
и изнесува 1% за редовни клиенти и 1,5% за нови клиенти без финансиска историја во
банката.

За обезбедување на кредитните линии се користи:


Меница, хипотека на недвижен имот или залог на подвижни предмети и права, како
и други инструменти за обезбедување прифатливи за банката, како што се:
Обезбедување
 Меница потпишана од фирмата (во форма на нотарски акт) и
 Искористување на постојно обезбедување на користен кредит - рамковен кредит
лимит (се однесува на OVERDRAFT кредитот)

[ 60 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката се однесува за мали и средни претпријатија без наведени ограничувања од аспект на економскиот
сектор на делување, дејност или некој друг вид приоритет насочен кон жени претприемачи, млади или сл.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Не се предвидени ограничувања за наведените видови на кредити освен стандардните типови ограничувања
дека кредитот треба да се користи за намената која е утврдена и одобрена од страна на банката.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата е поедноставена и е генерална за сите кредити наменети за правни лица односно потребно е прав-
ното лице да достави пополнета апликација за одреден кредит.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Значајно за ЕУРОСТАНДАРД банка е тоа износот на достапните кредити е без ограничување и е во согласност
со кредитната способност на правните лица.
Препораката се однесува на ОВЕРДРАФТ кредитот на Еуростандард Банка како најбрзо и наједноставно
решение за вашите моментални финансиски потреби и подобрување на ликвидноста на компанијата и други
слични намени. Со користење на OВЕРДРАФТ добивате одобрување по итна постапка со можност за прече-
корување на состојбата на сметките и флексибилен начин на отплата.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Банката е основана пред десетина години како нов тип на банка на овие простори. Стратегијата и раковод-
ството придонесоа за одржување на нејзиниот растеж и континуирана експанзија на територијата на целата
земја, развивајќи ги производите и услугите, зголемувајќи го бројот на експозитурите, а преку тоа и бројот
на вработените. Еуростандард банка се издвои од останатите банки на пазарот, преку својата ефикасност,

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


флексибилност, интегрираност, насоченост кон клиентите и разбирање на нивните потреби.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: info@eurostandard.com.mk
Контакт телефон: кредитирање - 02/3249 – 419; 02/3249 - 476
Веб-страница: http://www.eurostandard.com.mk/

[ 61 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА ПРЕКУ УНИ БАНКА
ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице

ВИД НА КОРИСНИК:
Сопственик на МСП –
трговско друштво –
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ДОО/ДООЕЛ и Трговец Кредитирање за правни лица
поединец

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување УНИ Банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


УНИ банка им нуди на своите клиенти кредити на краток и долг рок за финансирање на обртни средства
(краткорочни кредити), долгорочни инвестициски проекти (долгорочни кредити) и кредити за енергетска
ефикасност.
Следејќи ги актуелните случувања во земјата и регионот поврзани со потрошувачката односно недостатокот
на енергија и постоечките извори на енергија, УНИ банка нуди кредитна поддршка на претпријатијата кои
инвестираат во проекти кои ќе придонесат во заштеда на енергијата, енергетска ефикасност и замена на
постоечките извори со алтернативни извори на енергија.
Преглед на условите кои се нудат:

Кредити на краток и долг рок


За сите достапни кредити за правни лица износот на кредитот е во зависност од
Износ
потребите и бизнисот на клиентот и видот и вредноста на обезбедувањето
Со исклучок на кредитите за обртни средства каде што рокот на отплата е до максимум
Рок на отплата 24 месеци кај долгорочниот и кредитот за енергетска ефикасност рокот на враќање
варира во зависност од потребите на клиентот
Грејс период Не е предвиден
Каматната стапка за наведените кредити за сите наведени кредити е еднаква и
Камата
изнесува 15%

Провизија за администрирање Не е предвидена


БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За сите кредити за правни лица има еднакви инструменти за обезбедување. Се при-


фаќа секаков вид на понудено обезбедување доколку истото поседува документи
Обезбедување
за сопственост и проценка на неговата вредност која би го покривала долгот кон
банката согласно дефинираните услови.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Поддршката е наведена за правни лица според законот за трговски друштва (трговско друштво – ДОО или ДООЕЛ и
трговец поединец).

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Значајно во условите за кредитирање на УНИ банка е тоа што нема посебни услови за рок на враќање на кре-
дитот, банката се прилагодува од тој аспект согласно потребите на клиентот.
Акцент во кредитирањето на правните субјекти се дава на проекти кои се однесуваат на енергетската ефикасност.

[ 62 ]
6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?
Се што треба корисниците да направат е да аплицираат во најблиската екпозитура/филијала на УНИ Банка преку
пополнување на:
 образец - барање за кредит,
 образец - изјава за поврзани субјекти што подразбира учество во управување со други правни субјекти и
 образец - изјава за семејна и материјална состојба.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


УНИ банка одобрува рамковни кредити за корпоративни клиенти при што во рамките на одобрените лимити
и рокови им овозможува повеќекратно користење на:
 инвестициони кредити;
 кредити за обртни средства;
 банкарски гаранции и писма за намери;
 акредитиви;
 дозволени пречекорувања по трансакциски сметки;
 бизнис кредитни картички и др.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Генералната политика на банката е да биде константно лидер во иновации на пазарот и да ги следи светските
и европските банкарски трендови и нивното имплементирање на домашниот пазар преку нудење на низа
поволности и екстра бенефиции на своите клиенти.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: info@unibank.com.mk

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Контакт тел: 02 3111 111
Веб-страница: http://www.unibank.com.mk/

[ 63 ]
ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ПРЕКУ ТТК БАНКА
ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на Кредитирање на правни лица
корисник-правен субјект

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување ТТК Банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


ТТК банка им нуди на своите клиенти кредити на краток и долг рок за финансирање на обртни средства
(компас бизнис кредит), финансирање на основни средства и трајни обртни средства (бизнис комбиниран
кредит). Истата предвидува реализација на деловните потреби и идеи и подобрување на тековната ликвид-
ност (краткорочни кредити), долгорочни инвестициски проекти (долгорочни кредити) и кредити за купување
на преземени средства од банката.

ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИТЕ:
Кредити на краток и долг рок
Со исклучок на компакт бизнис кредитот каде ограничувањето е до 300.000 МКД, за
Износ останатите видови на кредити износот на кредитот варира во зависност од кредитос-
пособноста на правното лице
 6 до 12 месеци за краткорочен кредит
 до 7 години за долгорочен кредит
Рок на отплата
 3 години до 15 години во зависност од можноста за грејс период во условите за
отплата на кредитот
Грејс период Од 6 месеци до 24 месеци за долгорочен кредит
Каматната стапка за наведените кредити варира во зависност од дадениот критериум
за одреден вид на кредит. Има неколку вида на критериуми:
 депозит и висина на депозит на правното лице во банката (бизнис комбиниран
кредит) – од 4,6% за 50% депозит до 8,6% за 10% депозит
Камата  процентуално учество од прометот на правните лица преку ТТК банка (компас
бизнис кредит) - 12% за повеќе од 50% учество и 13% за помалку од 50%
 Дали е одобрен кредитот (краткорочен и долгорочен кредит) во денари (10-13%) во
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

денари или (12-15%) со девизи или со девизна клаузула и 6-7% односно 6,5-7,5% за
кредити за купување на преземени средства од Банката
 за обработка на барање за кредит, од 300 – 900 МКД во зависност од видот на
кредитот
Провизија за администрирање  за одобрување кредит од 1,2% (краткорочни) до 2% од износот на кредитот (долгорочни)
 за администрирање на кредит, 0,35% еднаков за сите кредити
 1,5% еднократно од износот на кредитот
Со исклучок на Компас бизнис кредитот каде е потребно приложување на пополнета
меница до 500 денари кај останатите видови на кредити како обезбедување се користи:
1. Депозитен колатерал
2. Хипотека на недвижен имот
Обезбедување
3. Залог на опрема со винкулирана полиса во корист на банката
4. Полиса за осигурување на кредитот
5. Гаранција од друга банка
6. Друг вид обезбедување кое се договара дополнително

[ 64 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката е наведена за правни лица и самостојни трговски дуќани – трговци поединци.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Клиенти кои имаат активна жиро-сметка во банката и активно го спроведуваат платниот промет во банката (компас
бизнис кредит) и деловно активни најмалку 6 месеци. Новооснованите трговски друштва, кои се заинтересирани
за долгорочно кредитирање од банкарски средства треба да обезбедат сопствено учество од минимум 50% од
вредноста на преземеното средство.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Се што треба корисниците да направат е да аплицираат во најблиската екпозитура/ филијала на ТТК банка преку
контакт со кредитните референти. Истите ќе ве посоветуваат и ќе ви помогнат во пополнувањето на апликацијата
и во обезбедување на потребната документација која оди во прилог со апликацијата за кредит.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Значајно во условите за кредитирање на ТТК банка е тоа што покрај стандардните кредити за одржување и
развој на бизнисот има и специфична кредитна линија за преземени средства од страна на ТТК банка под
мошне поволни услови, додека каматните стапки кај одделен вид на кредит варира во зависност од наведе-
ниот критериум кој се разликува за одреден кредит, и на тој начин се овозможува на кредитобарателот во
согласност со неговите можности да го препознае и да аплицира за најсоодветниот вид на кредит.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


ТТК банка под најповолни услови нуди широко диверзифицирано, квалитетно портфолио на кредитни про-
изводи прилагодено на специфичните барања и потреби на правните лица. Остварувањето на бизнис идеите
и инвестирање во профитабилни проекти е овозможено благодарение на различните кредит пакети кои ги
нуди ТТК банка.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: ttk@ttk.com.mк
Контакт тел: Кредитирање: 02/3236-456; 02/3236-459
Централа: 02/3236-400
Веб-страница: http://www.ttk.com.mk/

[ 65 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДЕНА ПРЕКУ ХАЛК БАНКА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
Сопственик на МСП –
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво – Кредити за правни лица
ДОО/ДООЕЛ

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување ХАЛК Банка

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Халк банка им нуди на своите клиенти кредити на краток и долг рок за финансирање на обртни средства,
одржување на тековна ликвидност и набавка на суровини, материјали и стоки.

Таа нуди и кредит за надминување на финансиските јазови (кредит за обртни средства, факторинг кредит,
контокорентен кредит), обезбедување на обртни средства за долгорочни инвестициски проекти - кредит
за фиксни средства. Дополнително банката нуди и кредити за приоритетни проекти од областа на енерге-
тиката, животна средина и услужни дејности.

ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИТЕ:
Кредити на краток и долг рок
 Кај кредитите за инвестиции во фиксни средства и приоритетни проекти од об-
ласта на енергетиката, животна средина и услужни дејности, износот на кредитот
е предвиден од 10.000-6.000.000 евра, а грејс периодот е предвиден во рок од 24
Износ на кредитот и месеци.
грејс период  Износот на кредитот кај останатите наведени видови на кредити зависи од планира-
ните извори за финансирање, соодветниот тек на готовина (cash-flow) и деловниот
план за инвестиции што клиентот ќе го приложи во банката. Грејс периодот исто
не е претходно одреден и може да варира согласно потребите на клиентот.

Рокот на отплата е флексибилен во зависност од видот на кредитот: од 1 до 2 години


Рок на отплата
за краткорочни кредити и 2-8 години за долгорочни кредити.

Со исклучок на кредитите за инвестиции во фиксни средства и приоритетни проекти


БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

од областа на енергетиката, животна средина и услужни дејности каде што каматната


Камата стапка е пресметана на 5,5%, кај останатите наведени видови на кредити каматната
стапка се дефинира согласно планираните активности, финансиската состојба во по-
следните две години (едната е тековна година), динамиката на отплата на кредитот и сл.

Со исклучок на кредитите за инвестиции во фиксни средства и приоритетни проекти


од областа на енергетиката, животна средина и услужни дејности каде што прови-
Провизија за администрирање
зијата е пресметана на 1,5% од износот на кредитот, кај другите видови на кредити
провизијата ќе се одреди дополнително.

За обезбедување на кредитните линии се користи иста комбинација од инструменти


која ја користат повеќето банки во државата: хипотека на недвижен имот, залог на
подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или девизни),
Обезбедување како и меница во форма на нотарски акт.
За факторинг кредитот – се прифаќа цесија склучена меѓу Халкбанк АД Скопје, долж-
никот и Цесусот. За прифатливи компании - цесуси се прифаќаат компаниите кои ги се
утврдени на листата на прифатливи компании усвоена од Управниот одбор на Банката.

[ 66 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката се однесува за микро, мали и средни претпријатија, како и претпријатија со приоритетни проекти од
областа на економијата на знаењето, енергетиката, животна средина и услужни дејности.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Ограничувања се предвидени кај одредени кредитни линии како што се: кредитот за инвестиции/фиксни
средства кој е наменет за мали и средни претпријатија со помалку од 250 вработени на неопределено време,
како и кредити наменети за приоритетни проекти од одредени дејности и факторинг кредитот каде што како
дополнителен услов треба да се приложи и цесија склучена меѓу Халкбанк АД Скопје, должникот и цесусот.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата за одобрување на кредит е стандардна: се поднесува пополнето барање за кредит (пропишан
образец од банката) и финансиски документи согласно пропишаните ограничувања (сметководствени извештаи
за претходната и тековната година) и други потребни документи во зависност од видот на кредитот за кој се
аплицира.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Значајно за ХАЛК банка е тоа што покрај разновидни кредитни линии кои се наменети за правните лица има
и специфични кредитни линии кои не се во понудата кај другите банки, пр. факторинг кредитот каде што на
кредитобарателот како побарувач кај друго правно лице му се одобрува кредит по основ на цесија.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


ХАЛК банка има воведено он-лајн аплицирање за сите видови кредити. ХАЛК банка на својата веб страна
има поставено и линк за започнување соработка со вашиот бизнис на кој ќе може да ги оставите основните
податоци за вашата компанија и лице за контакт. Ќе може да одберете за каква соработка сте заинтересирани
и набрзо ќе бидете контактирани од филијалата која сте ја одбрале за соработка.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: mainbranch@halkbank.mk
Телефон: + 389 (0)2 3240 800;
Контакт Центар 24 –Телефон: +389 (0)2 3296 330;
Кредитирање правни лица: 02/3250 908
Веб-страница: http://www.halkbank.mk/

[ 67 ]
БИЗНИС УСЛУГИ ОД ФОНДАЦИЈАТА КРИМСОН
КАПИТАЛ (CRIMSON DEVELOPMENT FOUNDATION – CDF)

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
За сите целни групи 1. БИЗНИС УСЛУГА:
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: без ограничувања Финансирање на мали и средни претпријатија (МСП)
Развојна Фондација Кримсон обезбедува кредити за
ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект – МСП со потенцијал за раст во продажбата и вработу-
правно лице
вање, зголемена конкурентност и профитабилност
Сопственик на МСП –
ВИД НА КОРИСНИК: трговско друштво –
ДОО/ДООЕЛ и Трговец
поединец
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
Развојна Фондација Кримсон –
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без средствата на Фондот се обезбедени од УСАИД, Крим-
ограничување сон и НОРФУНД.

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Развојната Фондација Кримсон нуди неколку интересни кредитни производи кои се развиени според спе-
цифични потреби на клиентите и имаат специфична цел и намена.

Кредитен производ Опис на производот


Во своето работење МСП има потреба од финансирање на зголемена нарачка од
Финансирање на редовни купувачи или прва зделка за нов купувач. За таа цел, овој вид кредит доста-
Трговска Зделка пен преку Развојната Фондација Кримсон, може да се искористи за исполнување на
нарачката, по договорената количина и навремена испорака на истата.
МСП во одредени индустрии имаат нагласен сезонски карактер, за што е каракте-
ристично флуктуирачки тренд на цените во текот на годината, зависно од сезоната.
Финансирање на Залиха За да го амортизираат ценовниот шок, а во некои случаи и со цел за остварување на
повисок профит, тие може да побараат кредит кои ќе го искористат за финансирање
на залиха во период на пониски цени.
Производителите и трговците на големо често имаат побарувања од ланци на су-
пермаркети, диструбутери, снабдувачи, трговци на големо и сл. Токму, продуктот
Финансирање на Побарувања финансирање на побарувања може да одговори на ваков тип на претпријатија, каде
се овозможува побрз достап до готовина што придонесува за повторно влегување
во циклус на испорачување зделките и засилен обем на работа.
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Како резултат на раст и зголемување на конкурентноста, МСП имаат потреба и од


Финансирање на Инвестиции инвестициски кредити. Во склоп на инвестицијата може да имаат потреба од различна
опрема и машини. Опремата може да биде набавена од домашни и странски добавувачи.
Финансирање на иновации се разгледува во поширока смисла на зборот од иновација
Финансирање на Иновации
на производ до опрема, процес, технологија, настап на пазарот итн.

Кредитите се одобруваат на период од 2-3 недели за суми помеѓу ЕУР 10,000 и ЕУР 100,000 со рок на отплата
до 24 месеци. Каматата се усогласува со кредитоспособноста на кредитобарателот.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Потенцијалните апликанти треба да се правни субјекти, регистрирани според законот за трговски друштва. Фондот
ги кредитира сите сектори застапени во Македонската индустрија и МСП на целата територија на земјата. Можност за
финансирање имаат и почетните бизниси преку доказ дека менаџерот/основач има претходно искуство во индустријата.

[ 68 ]
5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
Евентуалните ограничувања се однесуваат на кредити кои не може да се користат за финансирање игри на
среќа, производство на алкохолни пијалоци и хемикалии штетни по здравјето на луѓето.

Другите потребни услови се поставени доста широко и опфаќаат МСП кои имаат од 2-200 вработени и оства-
руваат позитивни финансиски резултати во последните 3 години

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Кредитното барање треба да биде пропратено со тековна состојба, завршна сметка, заклучен лист и други
документи наведени во кредитното барање.

Секое заинтересирано претпријатие треба да се обрати во централата во Скопје лично или преку телефон и ќе
ги добие сите потребни информации.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Развојната фондација Кримсон обезбедува навистина интересни кредитни производи во услови кога на
МСП им се потребни брзи обртни средства за ефикасна реакција на зголемена или редовна побарувачката,
ценовната флуктуација, период на чекање на наплата од купувачи, како и воведување на иновации во поши-
рока смисла на зборот. Производите се базирани на специфични потреби на претпријатијата и можат да се
покажат како навистина моќен инструмент во градење на својот бизнис и обезбедување услови за развој и
подем на компанијата.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Развојната фондација Кримсон од своите клиенти често добива изјави дека без финансискиот производ добиен
од РФ Кримсон не ќе имале можност да ја исполнат на пр. нарачката за новите клиенти на странскиот пазар.
Бидејќи се случува компаниите да потрошат значителни средства за истражување на тој пазар и изнаоѓање
клиенти на странските пазари. Во тој контекст неможноста за финансирање на зделката ќе значи и загуба на

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


веќе инвестираните сопствени финансии. Истото се случува и на домашниот пазар.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: simona.sosolceva@crimsoncapital.org
sonja.tasevska@crimsoncapital.org
lovre.ristevski@crimsoncapital.org
Контакт телефон: (02) 3 231 561
Веб-страница: http://www.crimsoncapital.org/Projects_europe.asp

[ 69 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДЕНА ПРЕКУ
ШТЕДИЛНИЦА - МОЖНОСТИ

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Било кој тип на субјект -


без оглед на правниот статус
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на Кредитирање за правни лица и индивидуални земјоделци
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Штедилница Можности

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Штедилница - Можности им нуди на правните субјекти кредити за обртни средства, опрема и транспортни
средства (краткорочни и долгорочни кредити). Штедилницата нуди и т.н. кредит за други намени кој по-
широко опфаќа разновидни наменски средства за правните лица определени според нивните потреби.

Штедилницата нуди и една посебна линија на земјоделски кредити под поволни услови која ја развила
самата штедилница. Истите носат најразлични називи како (“пердув“, “детелинка“ “домаќински“ и “сончо-
глед“ кредит).

ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИТЕ:
Кредити на краток и долг рок
Износот на достапните кредити се движи:
 од 900.000 денари за кредит за сите намени,
Износ
 помеѓу 270.000 МКД па се до 50.000 ЕУР за земјоделски кредити
 до 200.000 ЕУР за краткорочни и долгорочни кредити

Рокот на отплата варира во зависност од видот на кредитот: од 3 години за краткорочни


Рок на отплата
кредити, 5 години за долгорочни кредити и од 3-5 години за групата земјоделски кредити

Грејс период до 6 месеци е предвиден за краткорочниот кредит, до 12 месеци за


БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Грејс период долгорочен кредит и од 3 до 6 месеци за групата земјоделски кредити (“пердув“,


“детелинка“ “домаќински“ и “сончоглед“ кредит)

од 7,% за краткорочни и долгорочни кредити, 10% за кредит за сите намени и за


Камата
групата земјоделски кредити од 7,795% до 11,25%

Месечна провизија се пресметува за т.н. кредит за сите намени и изнесува 0,096%, и


Провизија за администрирање
кај групата на земјоделски кредити изнесува од 0,17 до 0,999%

За обезбедување на кредитните линии се користат различни инструменти во зависност


од видот на кредитот:
 над 50.000 ЕУР користен краткорочен или долгорочен кредит се коприложува
Обезбедување хипотека или залог
 жиранти или паричен депозит за т.н. кредит за сите намени
 меница за групата земјоделски кредити

[ 70 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Кредитната поддршка е наменета за мали и средни бизниси во производство, трговија и услуги, туризам и градеж-
ништво, како и индивидуални земјоделци.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Ограничувања се предвидени во однос на максималниот износ на средства кај одделни видови на кредит како
што е т.н. кредит за сите намени. Нема други ограничувања освен оние кои се предвидени во рамки на законитост
на работењето поврзано со дејноста за која се работи (регулативи, даноци, такси и др.)

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Се пополнува барање за кредит или се аплицира преку онлајн апликација која е наведена под карактеристиките
на секој вид на кредит. Даден е пример за износот на отплата со одреден рок на отплата и пресметана камата
и други банкарски трошоци кај Кредитот за сите намени како еден од најатрактивните производи кои ги нуди
штедилницата.

Подолу е даден пример за кредит во вкупна вредност од 900.000МКД.

Каматна Рок Манипулативен Месечна Месечна рата СВТ Интеркаларна Трошоци


стапка трошок провизија камата за меница
10% 60 месеци 1,5% 0,096% 19.986,00 МКД 13.76% 7.250 МКД 500
Вкупниот износ што го плаќа потрошувачот согласно примерот изнесува 1.219.936 МКД.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Во однос на секторот земјоделство и рурален развој Штедилницата - Можности соработува со Земјоделскиот
кредитен дисконтен фонд (ЗКДФ) и одобрува кредити од кредитната линија која ја обезбедува овој фонд.
Фондот е обезбеден од страна на Македонската банка за поддршка на развојот, а се доделува преку сите

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


банки и штедилници кои се учеснички, меѓу кои и Штедилницата – Можности.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Штедилницата ги услужува микро, малите и средните претпријатија кои спаѓаат во секторот трговија, услуги и
производство и посебно води грижа за брзината, квалитетот и ефикасноста на услугите, преку континуирано
советување на сите клиенти.
Штедилницата го организира работењето со клиентите, на тој начин што секој клиент на штедилницата има
точно определено лице за контакт (службеник за односи со клиенти), кое во секој момент може да одговори
на сите прашања и потреби на клиентот.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: contact@moznosti.com.mk
Контакт тел: (02) 2401 051
Веб-страница: http://www.moznosti.com.mk/

[ 71 ]
УСЛУГИ ПРЕКУ МИКРОКРЕДИТНА
ФОНДАЦИЈА ХОРИЗОНТИ

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За жени специфично

ТИП НА СУБЈЕКТ: Неформален субјект –


индивидуално или
физичко лице

Неформални субјекти –
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Микрокредитирање
нерегистрирани мали
фирми

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Микрокредитна Фондација Хоризонти

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Микрокредитната фондација Хоризонти им нуди на своите клиенти микро и мали кредити за цели поврзани
со деловната, трговска и професионална дејност на клиентите. Бизнис кредитите кои се нудат се поделени
на два главни типа на кредити – едниот наменет за микро бизнисите во облик на стандард, премиум или
инвест кредит, и вториот тип на кредити - наменети за индивидуални земјоделски производители – во облик
на агро кредит, агро премиум или агро инвест кредит.

Подолу е даден прегледот на сите неопходни детали поврзани со условите и начинот на враќање:

Кредити за микробизниси - стандард, пре- Земјоделски кредити – агро кредит, агро


миум или инвест кредити премиум и агро инвест кредити
Сопственици на микро бизниси во областа на Индивидуални земјоделски производите-
Целни групи трговија, услуги и мало производство, при што ли, при што како корисник на кредитот се
како корисник на заемот се јавува жената јавува жената
 за обртни средства, ситен инвентар, ренови-  За семенски материјали, ѓубрива, суро-
рање и други тековни трошоци на бизнисот вини и други тековни трошоци
Намена  за набавка на основни средства (кај инвест  За набавка на стока, земја, опрема и ме-
кредитот) ханизација и други основни средства (кај
агро инвест кредитот)
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 10,000 – 90,000 денари (за стандард кредитот)  30,000 – 90,000 денари (за агро кредитот)
Износ  60.000 – 300.000 мкд (за премиум кредитот)  60.000 – 200.000 (за агро премиум кредитот)
 120.000 – 300.000мкд (за инвест кредитот)  120.000 – 600.000 (за агро инвест кредитот)
 6 до 12 месеци (за стандард)  12 месеци (за агро-кредитот)
Рок на отплата  12 до 36 месеци (за премиум)  18 до 24 месеци (за агро премиум)
 12 до 48 месеци (за инвест)  18 до 60 месеци (за агро инвест)
Овозможена флексибилност на ратите со-
Грејс период Нема (за ниеден од кредитите)
гласно годишните приходи од производство
 0.90% месечна фиксна (за стандард кредитот)  0.90% месечна фиксна (за агро-кредитот)
Камата  11% годишна опаѓачка (за премиум и инвест  11% годишна опаѓачка (за агро премиум
кредитот) и агро инвест кредитот)
 Нема (за агро кредитот)
 Нема (за стандард кредитот)
Провизија за админист-  2.0% - 3.0% во зависност од износот на
 2-3% во зависност од износот на кредитот
рирање кредитот (кај агро инвест и агро премиум
(кај инвест и премиум кредитот)
кредитот)

[ 72 ]
Месечен управувачки во просек од од 0.34% -0.85% месечно во зави- во просек од 0.34% -0.85% месечно во зави-
надоместок сност од износот на кредитот сност од видот и износот на кредитот

 Жиранти - административна забрана на плата,  Жиранти - административна забрана на


Обезбедување со редовен работен однос, плата, со редовен работен однос,
 Меница во форма на нотарски акт  Меница во форма на нотарски акт

Останати провизии Од 0 до 3% провизија за предвремена отплата Од 0 до 3% провизија за предвремена отплата

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Клиенти на Микрокредитната фондација ХОРИЗОНТИ се вообичаено лица со ниски месечни приходи и со понизок
социјален статус кои немаат пристап до формалните финансиски институции. Клиентите се обично самовработени
и најчесто домашно базирани претприемачи, а во бизнисите е вклучено целото семејство. Во урбаните средини овие
клиенти се среќаваат како трговци на мало, пазарџии, занаетчии, услужни дејности со помал обем, мало производство
и слично. Во руралните средини тоа се обично малите фармери, индивидуални земјоделски производители, кои произ-
ведуваат храна од растително и животинско потекло, како: млекопроизводители, полјоделци, раноградинари и други.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Основните критериуми кои треба да ги исполнува секој кредитобарател за да може да аплицира е да биде на
возраст од 18 до 70 години, да биде државјанин на Република Македонија и да го води сопствениот бизнис
најмалку 6 месеци, вклучително за регистрирани и нерегистрирани бизниси со фиксна локација.

Дополнително условите се разликуваат за според видот и износот на кредитот и се претставени во наредната


табела:

Кредити за микробизниси - стандард, пре- Земјоделски кредити – агро кредит, агро


миум или инвест кредити премиум и агро инвест кредити
Критериуми за  формирање на солидарна група од најмалку  формирање на солидарна група од нај-

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


одобрување 3 члена (за стандард кредитот). малку 3 члена (за агро кредитот).
 најмногу 2-5 вработени и вредност на бизнисот  остварување приходи од најмалку 2 или
до 15,000 Евра за трговија и 35.000 Евра за 3 земјоделски култури (зависно од кре-
производство и услуги. дитниот продукт)
 исполнува кредитоспособност согласно фи-  годишни приходи од земјоделство до
насиската анализа на бизнисот. 25.000 Евра за агро кредитот или 55.000
Евра за агро премиум и агро-инвест кре-
дитот.
 исполнува кредитоспособност согласно
финасиската анализа на бизнисот.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Процедурата е доста едноставна – се пополнува барање за кредит достапно во експозитурите или на веб страни-
цата. Кредитните референти ви стојат на располагање за било каква помош.

По поднесувањето на барањето, очекувајте дека некој од кредитните референти ќе ве посети на местото на вашиот
бизнис.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Важноста од финансиска поддршка на оваа целна група на невработени и лица под одреден социјален ризик
е непроценлива како за самите нив, така и за општеството во целина. Овој тип на клиенти практично немаат
можност да земаат кредит или било каков друг вид финансиска помош на друго место. Карактеристично за
оваа категорија на клиенти е нивната ранливост на промени во окружувањето што ги прави нивните приходи

[ 73 ]
нестабилни, а бизнисот непостојан. Но фондацијата успешно се справува со сите ризици поврзани околу
обезбедувањето кредити за овие лица.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Хоризонти посебен осврт дава кон жената претприемач и нејзината вклученост во донесувањето одлуки
поврзани со бизнисот или семејството. Така кредитите се доделуваат на жени претприемачи дури и кога во
бизнисот учествува целото семејство.

Еден од главните принципи во кредитирањето на Хоризонти е принципот на “повторени кредити” преку кој
се овозможува услуга која ќе резултира со задоволен клиент кој повторно ќе аплицира за кредит во склоп
на понудата. Посебна гордост претставуваат клиентите кои се враќаат повторно. Друг важен принцип во
кредитирањето на Хоризонти е остварување одредено позитивно влијание врз животниот стандард на клиен-
тите, преку активно следење и споредба на промените во бизнисот, социјалните индикатори на семејството,
условите за живеење и друго, при секое повторно аплицирање.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: mkf@horizonti.org.mk
Контакт лице и/или контакт телефон: +389 2 309 36 81
Веб-страница: http://horizonti.org.mk/home_mk.html
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

[ 74 ]
УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ МАКЕДОНСКА
РАЗВОЈНА ФОНДАЦИЈА ЗА ПРЕТПРИЈАТИЈА (МРФП)

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на Кредитирање за мали и средни претпријатија
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП)

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) поддржува производни, услужни и трговски
микро и мали претпријатија преку акредитирани финансиски посредници и тоа:
НЛБ Тутунска банка, Штедилница Можности Скопје, Микрокредитна фондација – Хоризонти и Финансиско
друштво - Фактор труст од Скопје. Понудата се однесува на краткорочни кредити за набавка на основни и
обртни средства (НЛБ Тутунска Банка), одржување на тековна ликвидност (ФД-Фактор плус) и енергетска
ефикасност.

Кредити на краток и долг рок


Пример: Преку НЛБ Тутунска банка, Македонската развојна фондација за претпријатија
Износ

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


пласира кредит со максимален износ од 15.000 ЕУР

Рок на отплата Рокот на отплата е до 36 месеци

Грејс период е предвиден до 6 месеци


Грејс период
(за кредити од 5.001 ЕУР до 15.000 ЕУР).

Камата Каматната стапка се движи од 7,5% до 9,0% годишно


Провизија е предвидено да се плаќа на износ од 0,25% годишно на преостанатиот
Провизија за администрирање
износ на кредит
Претријатијата треба да:
 Да имаат најмногу 10 вработени
Критериуми за
 Да бидат регистрирани како трговец поединец или трговско друштво со доминантна
подобност за
домашна приватна сопственост
микро кредити
 Сопствениците да учествуваат најмалку со 20% од инвестицијата во основни средства
 Сегашната вредност на материјалните вложувања на претпријатието да не надминува
денарска противвредност на 150.000,00 ЕУР, вклучувајќи земјиште и згради
За обезбедување на кредитните линии се користи иста комбинација од инструменти
како кај повеќето банки:
 хипотека на недвижен имот
Обезбедување  залог на подвижен имот, гаранции од првокласни банки, депозити (денарски или
девизни),
 меница
 жиранти

[ 75 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката се однесува за микро и мали претпријатија од областа на производството, услугите и трговијата.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Ограничувања се предвидени кај одредени кредитни линии како што се: кредитот за набавка на основни обртни
средства кој се пласира преку НЛБ Тутунска банка. Критериуми се однесуваат за тоа кои претпријатија можат
да аплицираат за кредитот и опфаќаат неколку ставки како максимум број на вработени, сопствено учество во
кредитот од минимум 20% и сл. (критериумите се наведени во горната табела).

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Покрај пополнетата апликација за добивање на кредит, кредитобарателот е должен да достави и дополнителна
документација и тоа: инвестициона програма (изготвена според соодветната кредитна линија), профактури за
опремата што ќе се финансира со средствата од кредитот, изјава за задолженост во други банки и потврда од
кредитобарателот дека нема поднесено исто кредитно барање во друга банка.
Иако средствата ги обезбедува МРФП, одлуката за одобрување на кредитот е во целосна надлежност на финан-
сискиот посредник. Тоа е поради определбата МРФП да работи преку финансиски посредници и на тој начин да
го поддржува и развојот на финансиските институции во земјата.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


МРФП, заедно со финансиските посредници, прави напори за правична дистрибуција на овие кредити: за
да може корисници на кредит да бидат жените, потоа претприемачите од руралните подрачја, како и да се
опфатат што повеќе претприемачи од подрачјата надвор од скопскиот регион.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Значајно за Македонската развојна фондација за претпријатија е што е директно вклучена во финансирање на
микро и мали претпријатија преку пласирање на релативно поволни кредитни линии преку финансиски посре-
дници. Во досегашното функционирање, Македонската развојна фондација за претпријатија поддржала вкупно
11.999 претпријатаија, со што се поддржани вкупно 18.510 постојни и 4.870 планирани работни места и на тој начин
директно влијаела на одржливост на постојните работни места и создавање на нови работни места во Република
Македонија.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: mrfp@mrfp.mk
Контакт телефон: +389 2 3088 988
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Веб страница: http://www.mrfp.mk

[ 76 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ПРЕКУ ЕВРОПСКА
БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ (ЕБОР) ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

За сите целни групи


ЗА КОЈА ЦЕЛНА без ограничувања;
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За жени специфично
(посебен кредитен производ
за жени претприемачи)

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на корисник Кредитирање и советување на мали бизниси во Македонија
– правен субјект

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Канцеларијата на ЕБОР во Република Македонија

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку својата канцеларија во Македонија нуди поширок опсег
инструменти, како кредитот за женско претприемништво и советодавни услуги чија што крајна цел е раст
и развој на компаниите.
Кредитот за женско претприемништво е релативно нов производ кој е развиен и достапен преку Охридска
банка. Истиот опфаќа кредити за обртни средства и инвестиции.

ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ – ЖЕНСКО ПРЕТПРИЕМНИШТВО:


Кредит за обртни средства и инвестиции

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


максимум 300.000 ЕУР достапен во ЕУР валута или замена на ЕУР за денарска про-
Износ на кредитот
тиввредност.

 до 36 месеци со можност за вклучен грејс период до 6 месеци за обртен капитал


Рок на отплата  до 60 месеци со можност за вклучен грејс период до 12 месеци за инвестиции

Каматна стапка Во согласност со најдобрите пазарни услови

 за обртен капитал – без обврска за учество


Учество на клиентот  за инвестиции – до 20% од вкупната инвестиција

Советодавните услуги се одвиваат преку обезбедување соодветен експерт (домашен или меѓународен)
и се даваат во следниве области: стратегија, маркетинг, организација, деловни процеси, информатички
и комуникациски технологии, инженерски решенија, менаџирање на квалитет, енергетска ефикасност и
обновливи извори, управување со животна средина и финансиско советување.

Поддршката се состои во пронаоѓање и обезбедување соодветен експерт за специфичните потреби на


компанијата (пример, воведување нови производи, влегување на нов пазар, стекнување нови сертификати,
обезбедување пристап до финансии, намалување на енергетска потрошувачка сл.). Избраниот експерт и
дава на компанијата експертска поддршка низ целиот процес, од идеја до завршување на проектот.

[ 77 ]
ПРЕГЛЕД НА УСЛОВИ
Опис на услугата Под кои услови? Забелешка
Советодавна поддршка ЕБОР покрива дел од трошоците за консултантската Грантовите покриваат од 40% до 75%
услуга, но најмногу до 10.000 ЕУР. Висината на грантот од трошокот на проектот и се користи
се определува според големината на компанијата и исклучиво за консултантската услуга.
типот на советодавна услуга кој и е потребен.
Рок на отплата Во рамките на оваа програма се доделува повисок Во оваа програма ЕБОР овозможува и
грант за советодавните проекти, а на располагање е и менторство, поврзувајќи ги жените со
кредитна линија за женските бизниси, достапна преку искусни претприемачи од глобалната
Охридска банка. мрежа на ЕБОР.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Услугата „Советување на мали бизниси во Македонија“ е наменета за следните типови на компании:
 за микро компании со помалку од 10 вработени;
 за мали компании кои имаат помалку од 50 вработени и
 за средни компании кои имаат помалку од 250 вработени

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Приватните компаниите треба да бидат во доминантно домашна сопственост, со годишни приходи до 50 милиони
евра или вкупна актива до 43 милиони евра.
Освен тутунската индустрија, игри на среќа, бизниси со оружје и алкохол, нема ограничување за другите дејности
во кои работат компаниите заинтересирани да ја користат оваа услуга на ЕБОР.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Контактирајте директно со канцеларијата на ЕБОР во Скопје преку телефон или преку електронска пошта. Може
да закажете состанок и директно да поразговарате со некој од вработените во ЕБОР Македонија. За кредитите за
поддршка на женско претприемништво – најдобро да се контактира директно во Охридска банка: obinfo@ob.com.
mk или на тел. – сектор кредитирање: 02/3167-618.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во својата канцеларија во Македонија има добра мрежа на дос-
тапни консултанти и услуги за разни области која фирмите можат соодветно да ја искористат во контекст на
нивен раст и развој.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На компаниите им се потребни не само финансиски средства, туку и соодветно знаење кое ќе им овозможи истото
успешно да го преточат во развој и нови приходи.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Европска банка за обнова и развој
E-mail: knowhowmkd@ebrd.com
Контакт телефон: +389 2 3135 078; +389 2 3135 092
Контакт лице: Татјана Петричевска
Веб-страница: www.ebrd.com/knowhow

[ 78 ]
КРЕДИТИРАЊЕ ПРЕКУ ФУЛМ
ШТЕДИЛНИЦАТА

ТИП НА ПОДДРШКА:
Кредит

ЗА КОЈА ЦЕЛНА За сите целни групи


ГРУПА Е НАМЕНЕТА: без ограничувања
1. БИЗНИС УСЛУГА:
Било кој тип на субјект - Кредитирање на сите категории на население со посебен
ТИП НА СУБЈЕКТ: без оглед на правниот
статус акцент на поддршката на малите бизниси, невработените
лица, земјоделците и женското претприемништво
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на
корисник 2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без Штедилница ФУЛМ чија целокупна кредитна активност
ограничување потекнува од штедните влогови на самата штедилница

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Штедилница ФУЛМ, како кредитна унија, повеќе од 16 години се води од мотото “Луѓе помагаат на луѓе” и
обезбедува различни видови кредити за различни категории од населението:
 КРЕДИТИТЕ ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА со дополнителни лични примања и имаат цел да го поттикнат само-
вработувањето.
 СТУДЕНТСКИТЕ КРЕДИТИ се наменети не само за покривање на трошоците за партиципација, туку и за
сите останати потреби на студентите, како што се станарините, стручна литература и книги, компјутер,
работа или патување, апсолвентски екскурзии и особено во бизнис контекст, за различни обуки кои ќе ги
подготват студентите за нивно полесно вклучување во бизнисот и деловниот свет.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


 ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КРЕДИТИ се наменети за помалите инвестиции во земјоделието, како што се фолии,
семе и расад, стока, препарати, системи за наводнување, техника и сл.
 Кредитите со поддршката на ЖЕНСКОТО ПРЕТПРИЕМНИШТВО со износ на кредит до 350.000 денари.

Генерално, кредитната понуда се движи во следните рамки:


Износ До 350.000 денари
Рок на отплата 12- 84 месеци
Грејс период 12 месеци (грејс периодот е по избор на кредитобарателот)
Номиналната каматна стапка се движи од 6,8% до 11,25%. Истите варираат во зависност
Камата и административни
од повеќе критериуми (вид на кредит, статус на вработеност, обезбедување, постојан
трошоци
или нов клиент, баран износ и др.)
Жирант/и, и/или заверка на меница во форма на нотарски акт и без жирант/и (зависно
Обезбедување
од износот на одобрениот кредит и кредитната историја во Штедилница ФУЛМ)

Предности и можности кои ги овозможуваат кредитите преку Штедилница ФУЛМ:


 Можност за начин на плаќање во кој каматата се плаќа месечно, а главницата доспева по истекот на вре-
менскиот период за кој е одобрен кредитот - за кредити со рок на отплата од 12, 24 и 36 месеци
 Не се наплаќа надомест за предвремено затворање на кредитот (oсвен во промотивниот период)
 Поповолни услови при повторно аплицирање за кредит

[ 79 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Како што е и самото име на Штедилницата - Финансиски услуги за Луѓето на Македонија, услугите се
наменети за сите категории на граѓани од сите возрасти: невработени, студенти, вработени, земјоделци
и пензионери.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Штедилница ФУЛМ издава кредити со износи од максимум 350.000 денари со максимален рок од 84 месеци.
Други ограничувања нема што се огледа посебно во можноста да подгнат кредит СИТЕ кредитоспособни
лица на возраст од 18 заклучно со 74 годишна возраст. Обезбедување на кредитите може да се понуди
преку: жиранти или владетелски залог (злато, депозит или девизи), а до одредени износи и без жиранти,
што зависи од повеќе критериуми како што се статусот на вработеност, нови или пак стари редовни ко-
рисници итн.

6. КАКОВ Е НАЧИНОТ НА АПЛИЦИРАЊЕ, УСЛОВИТЕ И ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕСОТ НА ИЗБОР И СЛ.?


Аплицирањето за кредит е брзо и лесно. Заинтересираните можат да аплицираат на шалтерите на Фи-
лијалите на Штедилница ФУЛМ низ Македонија. Документите за аплицирање за кредит може да ги добијат
на шалтерите или да ги преземат од нашата веб страна www.fulm.com.mk. Документите се едноставни:
 Барање за кредит
 Заверена потврда за нето плата и постоечки забрани за нето плата од кредитобарателот и жирантот/
ите (доклку се потребни)
 Фотокопија од важечка лична карта или важечки пасош од кредитобарателот и жирантот/ите
*Во зависност од типот на кредитот може да бидат побарани и дополнителни документи.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Штедилница е полноправен член на Светскиот совет на кредитни унии - www.woccu.org, со над 217 милиони
членови, кои членуваат во 57.000 кредитни унии во 105 земји во светот. Основен принцип на кредитните
унии е услугата, а не профитот. Кредитните унии се демократски институции кои се управувани од страна
на своите членови.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Нашата визија е да обезбедиме поквалитетно живеење на нашите членови со нашите финансиски услуги. Во
една прилика еден наш член изјави: “Штедилница ФУЛМ работи во интерес и за доброто на целата наша заед-
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ница. Нејзиниот раст придонесува за развојот и општиот просперитет на нашата заедница”.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Штедилница ФУЛМ доо Скопје - Инфо на телефоните:
Скопје: Центар:02/3217-912; Аеродром:02/2403-208; Автокоманда: 02/3109-327
Струмица: 034/330-721; Тетово: 044/351-281; Кавадарци: 043/400-655; Битола: 047/236-796
Web : www.fulm.com.mk / Е-mail: info@fulm.com.mk

[ 80 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ
ОД ГРАЃАНСКИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР
Во овој дел од каталогот даден е преглед на
десетина субјекти кои се основани како приватни
или граѓански иницијативи со мандат и програма
да обезбедат услуги за развој на бизнис секторот
и претприемништвото. Тие во најголем дел нудат
обуки, консултации, менторство и советување за
микро, мали и средни претпријатија.
БИЗНИС ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДЕНА ПРЕКУ ЦЕЕД –
МАКЕДОНИЈА И ЦЕЕД БИЗНИС ЕДУКАТИВЕН КЛУБ

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
За сите целни групи
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: без ограничувања Бизнис обука, едукација и вмрежување
ЦЕЕД Бизнис и едукативниот клуб, формиран од Цента-
ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –
правно лице рот за развој на претприемачи и менаџери – ЦЕЕД Маке-
донија, е место каде повеќе од 500 претприемачи и ме-
Било кој вид на наџери, кои раководат со успешни и економски моќни
ВИД НА КОРИСНИК: корисник (трговско компании, досега имаа можност да ја зголемат продажба-
друштво, трговец пое-
динец, занаетчија и сл.) та и извозот, а воедно и да го подобрат работењето преку
размена на корисни и практични искуства и информации,
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без со други, искусни претприемачи и менаџери од Македо-
ограничување нија, регионот и светот.

2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ЦЕЕД Бизнис едукативен клуб
Центарот за развој на претприемачи и менаџери – ЦЕЕД Македонија (Center for Entrepreneurship and Executive
Development – CEED Macedonia) е дел од интернационална мрежа на претприемачки центри основани од
Американската агенција за меѓународен развој – УСАИД и Американскиот инвестициски фонд – СЕАФ, со цел
да го забрзаат развојот на малите и средни претпријатија во Источна и Југоисточна Европа.
ЦЕЕД Македонија започна со работа во септември, 2007 година, како петти центар во регионот. Денес, канце-
ларии на ЦЕЕД, освен во Македонија има и во 14 држави ширум светот: САД, Словенија, Бугарија, Романија,
Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Ерменија, Молдавија, Бангладеш, Тунис, Мароко и Танзанија.

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


ЦЕЕД Бизнис и Едукативниот Клуб нуди: средби за размена на искуства, средби за вмрежување (networking),
Глобална ЦЕЕД конференција и Б2Б средби, присуство на специјализирани менаџерски тренинг програми,
како и останати специјализирани и услуги по мерка на членовите.

Сегментација на Бизнис клуб


За претприемачи, сопственици и менаџери кои за прв пат членуваат во ЦЕЕД Клубот и имаат
Bronze members склучено договор за членство со времетраење од 12 месеци;
За претприемачи и менаџери кои се членови во ЦЕЕД Клубот повеќе од една година и имаат
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Silver members склучено нов договор за членство со времетраење од 12 месеци;


За претприемачи и менаџери кои се членови во ЦЕЕД Клубот две или повеќе години и имаат
Gold members склучено нов договор за членство/партнерски договор со времетраење од 12 месеци.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Членови на ЦЕЕД Клубот може да бидат претприемачите, сопствениците и менаџерите чија цел е постојан раст и
развој на нивните компании, како и нивен личен и професионален развој. До сега, членови на ЦЕЕД Клубот се:
 Сопственици и менаџери на микро и мали компании, со потенцијал и визија за раст на својот бизнис;
 Сопственици и менаџери на средни компании, чија потреба е поставување на структура и стратегија која ќе води
кон успех;
 Сопственици и менаџери на големи и интернационални компании, каде успешното креирање на средно ниво на
менаџмент и развој на кадри е од витално значење за компанијата;

[ 82 ]
 Синови и ќерки, кои го наследиле бизнисот од своите родители/успешни претприемачи пред кои стои предизвик
да продолжат во насока на одржување и раст на сопствените компании;
 Сопственици, менаџери и наследници на бизнисот, на кои во секојдневната динамика на работењето им се јавува
потребата да бидат подобри лидери, да имаат јасна визија, стратегија и план за иднината на компанијата

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


ЦЕЕД Клубот е наменет за претприемачи и менаџери кои се отворени за иновативно учење, размена на искуства,
градење мрежи и партнерства, како и дружење.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
За сите понатамошни информации може веднаш да не контактирате на + 389 2 3079 611 или ceed@ceed-macedonia.
org. Ќе закажеме индивидуален состанок на кој ќе ви ги презентираме детално нашите услуги и ќе ви обезбедиме
дополнителни информации.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Бизнис клубот одржува околу 160-тина настани во текот на годината во Македонија и странство, спроведува
30-тина различни специјализирани тренинг програми и има околу 700 претприемачи и менаџери во својата
мрежа. Во бизнис клубот во просек активно членуваат околу 250 претприемачи годишно, меѓу кои сопственици
на најуспешните бизниси од Македонија.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Уникатниот Бизнис едукативен клуб на CEED Македонија им нуди можност на претприемачите и менаџерите од
микро, мали, средни и големи претпријатија, независно од индустријата во која работат, од искуството и вре-
метраењето на фирмата, да ја зголемат продажбата, но и да го унапредат менаџирањето со компаниите преку
размена на искуства и информации со други искусни претприемачи и менаџери, учење нови современи техники

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


на менаџирање и проширување на мрежата на контакти и соработници.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
ЦЕЕД Македонија
Загребска 28Б-2/1, Скопје
Контакт телефони: + 389 2 3079 611, 3079 191, 3061 333
Е. ceed@ceed-macedonia.org
Контакт лице:
Биљана Рамљак, Координатор на ЦЕЕД Клуб
М. + 389 76 416 616
Е. bramljak@ceed-macedonia.org

[ 83 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ ЦЕЕД – МАКЕДОНИЈА ВО
РАМКИ НА БИЗНИС ХАБ И ПОДДРШКА ЗА СТАРТАП КОМПАНИИ

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања
Било кој тип на субјект
1. БИЗНИС УСЛУГА:
ТИП НА СУБЈЕКТ: без оглед на правниот Бизнис ХАБ - едукативна и финансиска поддршка на
статус
стартап компании и идеи
Било кој вид на корисник,
ВИД НА КОРИСНИК: вклучувајќи и невработени
лица и сопственици, 2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
менаџери на МСП Имплементирана од ЦЕЕД Македонија, Младиинфо и Sum-
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без mer Work and Travel Alumni (со поддршка на УСАИД и СЕКО
ограничување преку Проектот за микро и мали претпријатија)

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Бизис ХАБ Скопје е креативен простор во кој се добредојдени сите оние кои бараат креативно место за
работење во кое се споени флексибилноста на домот, атмосферата на кафуле со сите потребни подобности
кои ги нуди една канцеларија.

Бизнис Хаб Скопје нуди менторство, коучинг, инкубација, акцелераторска програма, настани, вмрежување
и многу други начини каде што се комбинираат смислата и забавата. Сето ова е спакувано во 5 различни
пакети за да може секој поединец може да го пронајде она што му е потребно.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Без разлика дали е идеја, старт-ап, претприемач, социјален претприемач, IT freelancer, дизајнер, креативец, корпо-
ративен професионалец, студент или во средината на промена на кариерата, сите можат да се приклучат на ХАБ
Скопје заедницата.
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Едукативната компонента е преку акцелераторска програма која трае 3 месеци, во кои мноштво од извори на
знаење им се отворени, истата се наплаќа и е отворена за сите они кои имаат издржлива идеја или старт-ап.
Финансиската поддршка ја добиваат во форма на олеснет пристап до различни начини на финансирање, како
инвестициски фондови, бизнис ангели и сл. Селекцијата за директната финансиска помош ја прават инвести-
торите, односно фондовите и бизнис ангелите, додека ХАБ Скопје во процесот се јавува како фасцилитатор и
поддршка во припремите за апликација и презентација пред истите.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
Иницијално се закажува состанок на кој се оценува издржаноста на идејата или стартапот, на кој следи интервју за
проценка на степенот на развиеност на бизнис моделот и одредување на потребите на стартапот или бизнис идејата.

[ 84 ]
7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:
Програмата понатаму нуди многу можности за поддршка во согласност со потребите на идните фирми и
претприемачи. Истата вклучува понуда на простор за работа и состаноци, разработка на бизнис план, обуки
на релевантни теми како ефективен маркетинг, унапредување на продажбата и сл. Членовите по избор можат
да се вклучат и во натпреварите за најдобар бизнис план.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Програмата која се развива во Бизнис ХАБ Скопје е неминовно надополнета од страна на Клубот на бизнис ангели,
кој е исто така формиран во рамки на ЦЕЕД програмите. Истиот е формиран во ноември 2013 и е еден од првите од
таков вид во Македонија. Од јануари 2016, Клубот на бизнис ангели стана официјално член на Европската мрежа
на бизнис ангели (European Business Angel Network – EBAN).
Во периодот за 2016-та и наредните 2-3 години, клубот има 16 претприемачи кои се активни и расположени да
инвестираат во бизнис идеи или постоечки бизниси, доколку идентификуваат потенцијал за раст и иновација.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Email: hubskopje@gmail.com
Контакт телефони: + 389 02 322 5022;
Мобилни:+389 78 459 067 и +389 78 409 050
Контакт лицa:
Јована Петковска
Кристијан Милевски
Веб-страница: www.impacthub.mk

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ

[ 85 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ
ПРЕКУ МАКЕДОНИЈА 2025

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања

ТИП НА СУБЈЕКТ: Било кој тип на субјект


без оглед на правниот 1. БИЗНИС УСЛУГА:
статус
Образовни програми во соработка со реномирани универ-
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на зитети во САД и Канада
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Обуките се обезбедени од страна на Македонија2025

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Македонија2025 обезбедува образовни програми за бизнис професионалци и претприемачи од различни
индустрии во Република Македонија со цел да го подигне нивото на бизнис и претприемништво во до-
машните компании. Програмите се развиваат во соработка со реномирани универзитети и бизнис школи
од САД и Канада како и други делови од светот. Програмите кои се организирани досега се изведени во
соработка со Школата за бизнис Ричард Ајви од Канада и Шулих Школата за Бизнис која е дел од Универ-
зитот Јорк во Канада.

Македонија2025 обезбедува стипендии за програми кои се изведуваат во Македонија со инструктори од


странство и испраќање на претставници од Македонија во странство. Организацијата обезбедува школа-
рини од најразличен тип.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Програмите кои ги нуди организацијата се наменети како за претпријатија кои се штотуку основани односно стар-
тапи, така и за веќе етаблирани претпријатија кои сакаат да ги прошируваат своите менаџерски вештини и искуство.
Истите се насочени кон бизнис професионалци, претприемачи, менаџери и извршни директори, што значи може да
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

бидат основачи, но и вработени во претпријатието. Овие бизнис професионалци се идентификуваат преку самите
претпријатија и имаат за цел унапредување на производите и услугите кои се обезбедуваат од страна на компаниите.
Претпријатијата може да бидат производно, трговски или услужно ориентирани, а нивните производи или услуги
можат дадат наменети како за домашниот, така и за странскиот пазар, со тоа што кога се во прашање стипендиите - се
претпочита претпријатијата да бидат извозно ориентирани независно која индустрија ја претставуваат.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Македонија2025 ги нуди своите образовни програми и школарини за сите оние кои се заинтересирани за апли-
цирање, а ги исполнуваат критериумите кои се наведени во повиците за аплицирање. Тоа се обично услови
поврзани со години искуство кое е утврдено во самиот повик, како и извозните можности на претпријатието,
одлично владеење со англискиот јазик, како и спремност да се кофинансираат патните трошоци и/или трошо-
ците за престој.

[ 86 ]
6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
Секоја програма има посебен начин на аплицирање и различни критериуми во однос на истите. Сите информации
во однос на програмите кои ги нуди организацијата може да се најдат на веб-страницата: www.macedonia2025.com

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Програмата на Македонија2025 е уникатна и по својата замисла и по единствената можност да се учи и стекнува
знаење во соработка со врвни професионалци од македонско потекло во светот, кои не го штедат својот труд
и време да го разменат она што го знаат со младите претприемачи од Македонија.

Дел од основачите и управниот одбор на Македонија2025 со своите индивидуални донации и во партнерство


со други фондови учествуваат во новиот СЕАФ 2 инвестициски фонд кој стана достапен од мај 2014 година.
Истиот се менаџира преку приватниот СЕАФ фонд своја канцеларија во Македонија. http://seaf.com/

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Изјава на Ана Димитрова, Продукт Менаџер во Алкалоид АД Скопје, учесник на студиска тура во Торонто органи-
зирана од Македонија2025 на Шулих Школата за Бизнис во Торонто Канада
„Она што ја прави оваа програма уникатна е тоа што таа не учи на потребата од промени на било кое ниво
во една организација или компанија, која треба да се воведе со цел да се избегне статус кво и да се мотивираат
вработените да размислуваат за бенефициите од промените на долг рок. По овој завршен курс јас сум попод-
готвена да воведам промени, да го испитам нивото за спремност за промени на организацијата и да развиваме
консензус и соработка независно од тоа дали се појавува отпор кон промени.“

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-маил: office@macedonia2025.com;

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Контакт лице: Маја Сталеска – Програмски асистент
Контакт телефон: 003892 3218631
Веб-страница: http://www.macedonia2025.com/

[ 87 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ ПРЕКУ
БСЦ СТАРТАП ЦЕНТАРОТ

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
За сите целни групи
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: без ограничувања 1. БИЗНИС УСЛУГА:
ТИП НА СУБЈЕКТ: Било кој тип на субјект Обуки, менторство и обезбедување на финансиска под-
без оглед на правниот дршка за млади претприемачи. Истражувања, анализи и
статус
студии во областа на економскиот развој, иновации, прет-
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на приемништво, образование и др.
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување БСЦ Стартап центарот преку разни проекти односно донатори

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Се креираат и нудат обуки, семинари и поединечни (индивидуални) консултации со потенцијални претпри-
емачи кои се насочени кон јакнење на поединците и разработка на идеи за започнување на бизнис. Типот
на активност зависи од расположливоста на ресурсите (моментално активни проекти), но индивидуалните
консултации се достапни во секое време, врз база на договор и закажување средба.
Тековните обуки и семинари опфаќаат и заинтересирани лица од тековни мали и средни претпријатија,
нивни управители и вработени.
БСЦ Стартап центарот често води и разработува стратегиски документи поврзани со претприемништвото и
развојот на бизнис и дава поддршка на креаторите на стратегиски документи на сите нивоа (како локално,
така и регионално или национално ниво).

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Студенти, потенцијални млади претприемачи, стартапи, МСП како и едукатори за претприемништво и иновации
како наставници од основни и средни школи.
БСЦ стартап центарот обучува и универзитетски кадар кои држат предмети по претприемништво, иновации
и бизнис и др.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Нема некои поголеми ограничувања, со тоа што програмите во одредена мерка зависат од моменталната
состојба и капацитети со кадар и финансиски ресурси.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
Различни методи, согласно тековниот проект, но секако треба да се контактираат одговорните лица кои се
наведени во листата со контакти. Повеќе инфо на веб страната: http://www.bsc.ukim.edu.mk/

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Центарот опстојува околу 10 години и претставува институција која го следи, контролира и помага развојот на
бизнис идеите од нивното раѓање, преку иституционализирање на тие идеи до нивно развивање во стабилни
компании кои се успешни на пазарот.

[ 88 ]
Тоа го прави со конкретна поддршка при основањето на компанијата, советувања, почетен капитал, ин-
фраструктура, понатаму со обука / дообука на претприемачите, заеднички промоции, саеми, континуиран
консалтинг и контрола на работата и успехот на компанијата.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


БСЦ Стартап центарот е особено горд да ги претстави примери на одредени стартап компании, кои биле
воспоставени со помошта понудена преки центарот. Тоа се: AGV Dizajn (Emkice), Grooper, Се за роденден,
Gestalt Solutions и др.
БСЦ има развиени стратегиски документи за World Bank, OECD, ETF, Министерство за образование и наука,
Министерство за труд и социјална политика, Министерство за економија, општина Велес и други субјекти и
институции на локално или национално ниво.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
E-mail: ukim-bsc@mf.edu.mk
Контакт телефон: + 389 (0)2 3099 482
Контакт лице: Проф. Д-р Радмил Поленаковиќ,
E-mail: radmil.polenakovik@mf.edu.mk
Веб-страница: http://www.bsc.ukim.edu.mk/

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ

[ 89 ]
УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА БИЗНИС СЕКТОРОТ ПРЕКУ
ПСМ ФОНДАЦИЈА - ПРЕТПРИЕМАЧКИ СЕРВИС ЗА МЛАДИ

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За млади
специфично

ТИП НА СУБЈЕКТ: Било кој тип на субјект


без оглед на правниот 1. БИЗНИС УСЛУГА:
статус
Бизнис инкубација, поддршка и развој на почетни бизниси
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на во областа на информатички и комуникациски технологии.
корисник

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Информатичка и комуни-


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
кациска технологија Фондација Претприемачки сервис за млади (ПСМ Фондација)

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


ПСМ Фондација нуди поддршка за започнување и развој на бизнис за компании кои делуваат во ИКТ об-
ласта, преку своите многубројни услуги.

ПРЕГЛЕД НА УСЛУГИ:
Прединкубација Инкубација Поддршка на компании Soft-landing услуги
 консултации за раз-  понуда на стандарди-  развој на компании  поддршка за стран-
вој на бизнис план зирани услуги како  поврзување со клиен- ски компании кои са-
 обуки за почнување  канцелариски прос- ти и бизнис партнери каат да инвестираат
бизнис, тор  права на интелекту- во македонскиот па-
 бизнис план натпре-  сала за состаноци ална сопственост зар и да пристапат во
вари  сала за обуки и тех-  менаџмент на инова- бизнис инкубаторот
ничка поддршка ции
 консултации, обуки,  интернационализа­
вмрежување и про- ција и услуги за вмре­
моција жу­вање

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Поддршката е наменета за почетни бизниси и МСП (во областа на информатички и комуникациски технологии) во
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

првите две години од постоење и развој.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Услугите се наменети за млади лица до 35 години, како и за компании од наведениот сектор.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
Компаниите кои се заинтересирани станат потстанари за поддршка во инкубаторот, потребно е да не контактираат
директно или да пополнат и испратат апликација за пристап во инкубаторот која се наоѓа на веб-страницата:
www.yes.org.mk
Во рок од 5 работни дена, тимот на ПСМ Фондација ќе закаже интервју со компанијата кандидат и по соодветна
евалуација на бизнис идејата ќе ја извести компанијата дали таа е во наш фокус и дали може да ја поддржи.

[ 90 ]
АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИСТАП ЕВАЛУАЦИЈА НА БИЗНИС ИДЕЈА ИЗВЕСТУВАЊЕ - Во рок од 5
 Симнете ја апликацијата на  Интервју со компанијата работни дена добивате извес-
www.yes.org.mk  Евалуација на бизнис идејата тување дали Вашата идеја е во
 Пополнетата апликација фокус на бизнис инкубаторот и
испратете ја на: дали може да ја поддржиме
contact@yes.org.mk

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


ПСМ Фондацијата има отворено и една друга он-лине алатка за пријавување во информативниот систем.
Сите заинтересирани можат да се регистрираат и да добиваат корисни бизнис информации за обуки, се-
минари, конкурси и други корисни бизнис совети и пораки. Види повеќе на: http://www.yes.org.mk/Services/
BusinessToolkit.aspx?ct=3&l=63#sthash.DvwJ0883.dpuf

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Дел од поуспешните компании кои ги започнале своите бизниси во бизнис инкубаторот, а подоцна се про-
шириле самостојно и успешно да работат на пазарот се: 4VIRTUS, ABIX, Web Factory, Re-Tell, xSoft, CodeIT
Solution, SakamPopust.mk. Истите компании денес успешно работат и развиваат нови услуги и производи, а
вработуваат голем број на млади луѓе.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Email: contact@yes.org.mk
Контакт телефон: +389 (0)2 3103 660
Контакт лице: Софија Цали Кузманова - Проектен координатор
Email: sofija.cali@yes.org.mk

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Веб-страница: www.yes.org.mk

[ 91 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ПРЕКУ АСОЦИЈАЦИЈА
НА МЕНАЏМЕНТ КОНСУЛТАНТИ МКА-2000

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања
ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –
правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
Посредување при избор на консултанти за бизнис совету-
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на вање во разни индустрии
корисник (трговско друштво,
трговец поединец, занаетчија и сл.)

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Асоцијација на менаџмент консултанти МКА-2000

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Поддршката опфаќа заеднички активности за размена на информации и знаење во менаџмент консул-
тантството.

ПРЕГЛЕД НА УСЛУГИ:
МКА-2000 нуди Каталог на консултанти кој може да се пребарува по вид на експертиза, вид на ин-
дустрија, искуство, квалификации и сл.

Едукација на корисниците на консалтинг услугите за избор на најсоодветен консултант - како да до-


биете максимален ефект

Нуди и Календар на настани релевантни за бизнис заедницата како семинари, обуки, презентации,
промоции и разни други бизни средби

Сертификација на менаџмент консултанти, како акредитирана организација овластена од ICMCI


(International Council of Management Consulting Institutes)

Известување за најнови тендери и повици релевантни за консултантите

Информации за најнови случувања во светот, релевантни за менаџмент консалтинг


БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Неколкуте типа на услуги имаат свои посебни целни групи:
 Најди соодветен консултант услугата е намената за претприемачи, почетни или постојни фирми, јавни инсти-
туции, невладини организации, проекти кои бараат експерти и консултанти
 CMC сертификацијата е наменета за искусни консултанти кои сакаат своето знаење и искуство да го верифи-
куваат со меѓународно признаен сертификат
 Каталогот на консултанти обезбедува видливост на консултантите кои се претставени на интернет страната
на МКА-2000 која ја посетуваат баратели на консалтинг услуги
 Календар на настани е наменет за промоција на услугите и настаните на членовите на МКА-2000 и за корисни-
ците на услугите кои можат брзо и лесно да добијат информација за понудените услуги, настани, обуки и сл.

[ 92 ]
5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
 Услугите се отворени и бесплатни за сите баратели на информации или соодветни експерти и консултанти
 Претставување на консултантите на интернет страната на МКА-2000 е бесплатно
 CMC сертификацијата е само за членовите на МКА-2000 и е вградена преку преку систем на членство.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
 За корисниците на услугите пристапот на интернет страната е бесплатен и отворен
 За CMC сертификацијата процесот и условите се објавени на интернет страната

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Асоцијација на менаџмент консултанти МКА-2000 има за цел да изгради и задржи високи стандарди во ме-
наџмент консултантството. Асоцијацијата ги подржува професионалните менаџмент консултанти во Македонија
да ги остварат своите и целите на корисниците на консултантските услуги.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Денешното општество се базира на знаење и информации. Двата елементи се застапени во МКА-2000 и
лесно достапни преку нашата интернет страна. Кај нас можете да најдете широка палета на експерти и да
изберете што ви е потребно за унапредување на вашето работење, можете да најдете можности за обуки и
да се усовршите во вашата дејност.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Асоцијација на менаџмент консултанти МКА-2000
Претседател Влатко Данилов М-р, CMC

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Е-mail: mca2000info@gmail.com
Контакт телефон: +389 70 233 867
Веб-страница: www.mca2000org.mk

[ 93 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА ОБЕЗБЕДЕНА ПРЕКУ
MАКЕДОНСКА МРЕЖА НА МЕНТОРИ (МММ)

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За жени специфично

ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект –


правно лице
1. БИЗНИС УСЛУГА:
Менторство, советодавна поддршка и консултантска по-
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на мош за поединци и претприемачи
корисник (трговско друштво,
трговец поединец, занаетчија и сл.)

СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без


2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
ограничување Македонска мрежа на ментори

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Македонската мрежа на ментори нуди повеќе опции за соработка, сите понудени во област на специјално
дизајнирани менторства, секогаш така направени да одговараат на барањата на менторираниот.

ПРЕГЛЕД НА УСЛУГИ:

Вид на услуга Опис

Размена на искуства со членови од земјата и


1 Членување во Интерационалната менторска странство, информации за регионални и европ-
платформа ски иницијативи, конференции и вмрежување со
жени претприемачи од целиот свет
Детекција и избор на ментор, според специфики
2 Индивидулно менторство на менторираниот (област одредена од страна
на апликантот)

Овој тип на менторство се препорачува за соп-


ственици, лидери на компании кои имаат потре-
3 Менторство за компанија
ба од проширување на своите знаења со колеги
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

од иста бранша но во различни земји и региони.

Менторството за компанија се препорачува поради споредување на искуства, соработка, консултации


при проширување на бизнис итн. (Пр. Лидер на компанија за изработка на производи од керамика од
Струга се спојува со МЕНТОР од Њу Јорк кој се занимава со иста/слична дејност и кој може во период од
една година да се посвети на оваа менторска соработка и работи со менторираниот како консултант на
одредена цел - Пр. извоз и пласман на производи од Македонија во САД. )

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


Македонската мрежа на ментори нуди менторство и советување при развој на бизниси на сите нивоа од нивното
делување. МММ работи со нови претпријатија (старт-ап) и веќе етаблирани претпријатија. Во соработка со нашите
партнери ширум Европа и Америка, во можност сме да понудиме поддршка и на компании кои веќе долги години
се во бизнисот, но имаат потреба за проширување на пазарите надвор од границите на нашата држава.

[ 94 ]
5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
Менторската програма и програмата за консалтинг нема никакви ограничувања. При апликација за ментор-
ство и добивање на ментор-советник, се прави детална анализа и профил на апликантот, со цел да се најде
соодветен ментор од иста област на делување или од област во која на апликантот му треба поддршка.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
Во зависност од изборот на менторската програма условите се различни, но во глобала процедурата е 1. Писмо
- Искажување на интерес 2. Апликација со специфики 3. Избор на ментор
4. Регистрација на Он-лине менторска платформа 4. Обуки и тренинзи во зависност од изборот на програмата.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Преку комбинација на менторството и технологијата, менторската програма е пионерски нов начин на поддршка
на женското претприемништво. Преку on-line платформа се спојуваат менторски парови - жени од Македонија
со ментори од земјата или регионот. Користејќи ја онлајн платформата, тие ќе поминат 12 месеци (со по 2
часа месечно) работејќи еден-на-еден, за да ги постигнат клучните бизнис цели. Учесниците ќе ги усовршуваат
нивните бизнис вештини и дигитална писменост преку нашите обуки и ќе станат дел од глобалната заедница
на посветени, амбициозни претприемачи.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


Во изминатите 5 години МММ колку што постои организацијата и програмата, има реализирано повеќе про-
екти, најчесто со поддршка на Американската Амбасада во Скопје. Проектите ги поставуваат темелите за
одржливост преку пренесување на вештини, знаење и зголемување на капацитетот на жената во Македонија.
На крајот на имплементацијата на овој проект имаме едуцирани и охрабрени жени што ќе ги искористат сите
можности целосно да учествуваат во економскиот живот во сите сектори и на сите нивоа.

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Тие се едуцирани и мотивирани во текот на образовниот процес, веќе вмрежени од страна на МММ и наста-
ните организирани за вмрежување. На овој начин ние: Градиме силна економија; Воспоставиме стабилни
општества; Постигнуваме меѓународно договорени цели за развој, одржливост и реализација на човековите
права; Подобрување на квалитетот на животот на жените, зголемување на бројот на жени претприемачи итн.
Жените на овој начин ќе се стекнат со вештини за добивање на подобар пристап до информации, ќе се развие
нивниот капацитет, стекнување на самодоверба и унапредување на професионалната кариера.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
E-mail: n_slavica@hotmail.com
Контакт лице: Славица Николовска
Контакт телефон: 077-729-613
Веб-страница: http://www.mentoring-macedonia.org/mk

[ 95 ]
БИЗНИС ПРОМОЦИЈА, ВМРЕЖУВАЊЕ И ЕДУКАЦИЈА НА
ЖЕНИ ВО БИЗНИСОТ ПРЕКУ ЗДРУЖЕНИЕТО НА БИЗНИС ЖЕНИ

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство, 1. БИЗНИС УСЛУГА:


советување Бизнис обуки, едукација, промоција и вмрежување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА За жени специфично, Здружението на бизнис жени е официјално основано во јули
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: (како оние вклучени во 2010 година, како невладина организација која активно ра-
бизнис, така и оние кои сакаат
да се вклучат) боти на промовирање и зајакнување на женското претпри-
емништво во земјата и во регионот. Здружението на бизнис
Било кој тип на субјект - жени - Македонија во текот на изминатите години придонесу-
ТИП НА СУБЈЕКТ: без оглед на правниот
статус ва женското претприемништво да биде признаено како посе-
бен ентитет во зајакнувањето на економијата во земјата. Тоа
ВИД НА КОРИСНИК: Било кој вид на корисник е место каде повеќе од 200 жени претприемачи и менаџери,
кои раководат со успешни и економски силни компании, како
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без и жени кои почнуваат нови бизниси и студентки, кои тука ја
ограничување бараат својата мотивација во кругот на успешните.

2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
Здружението на бизнис жени и неговите партнери
Здружението на бизнис жени е активен член на повеќе регионални и меѓународни асоцијации за женско
претприемништво, како Балканските коалиција на деловни жени, AFAEMME (Association of Organisations of
Mediterranean Businesswomen), FCEM (Femmes Chefs d’Entreprises Mondiales), WED (Women’s Entrepreneurship
Day), ILO (International Labour Organization), како и повеќето Здруженија на бизнис жени од повеќето земји
на Балканот и во Европа. Здружението има голем број партнери и организации за соработка во светот. Исто
така успешна е соработката со повеќето министерства и институваии, стопанските комори, универзитетите и
едукативните центри во РМ и регионот.

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Здружението на бизнис жени нуди: формални и неформални средби, размена на искуства и практики,
вмрежување и вклучување во групи за самопомош, менторски програми, конференции, семинари и бизнис
средби, дисперзирани бизнис клубови, организирани специфични обуки за развој на претприемништво
личен раст и развој, како и одредени тренинг програми и други специјализирани услуги по мерка на чле-
новите. При тоа Здружението при тоа активно работи на:
 Зголемување на бројот на жени претприемнички, помагајќи им на жените претприемнички во зголемување
на нивната видливост, поттикнување на развојот на нивните бизниси, организирање на форуми, семинари и
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

конференции
 Меѓународно поврзување и вмрежување со B2B средби за размена на идеи и развој на нови деловни контакти
 Влијание на политиката за развој на малите и средните претпријатија, зајакнување на врските помеѓу жените
претприемнички на локално, регионално и меѓународно ниво
 Промовирање на општествена одговорност и воспоставување на повисоки стандарди за раководење со бизнис.

4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?


За сите жени претприемнички, сопственички на компании, жени во политика и жени на лидерски и менаџер-
ски позиции заинтересирани за раст и развој на нивните компании, личен и професионален развој, како и
проширување на кругот на познанства и делување. Исто така и жени на кои им се потребни информации за
економско јакнење и независност, како и ученички и студентки кои би сакале да се впуштат во водите на
претприемништвото.

[ 96 ]
5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?
Здружението на бизнис жени е првенствено наменето за жени и нивното економско јакнење и промоција,
но доколку има мажи заинтересирани да придонесат во тој поглед, секако се добродојдени и вклучени во
активностите на здружението.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
За сите понатамошни информации може веднаш да не контактирате на 070/353835 или на abwmacedonia@
gmail.com или info@abw.mk. Ќе бидете запознаени со активностите, ќе добиете пристапница и ќе присуству-
вате на следниот состанок на Здружението на кој ќе се запознаете со членството, со тековните активности
и ќе добиете повеќе дополнителни информации.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Здружението на бизнис жени има водечка улога во организирање на дијалог и соработка помеѓу деловните
жени, со цел да се обезбеди поддршка и промоција на жените претприемачи во Македонија. Здружението е
активно ангажирано во застапувањето за подобрување на бизнис климата и да се поттикне вмрежување на
локално, регионално и меѓународно ниво. При тоа претставува специфичен и компетентен партнер во дија-
логот на државниот, невладиниот и приватниот сектор, што придонесува за социјален и економски развој, со
посебен акцент на женското претприемништво како фактор на економски раст.

Со своето диспрерзирано дејствување преку своите локални бизнис клубови, Здружението на бизнис жени е
поврзано и овозможува услуги на поширок круг на жени претприемнички.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


Здружението на бизнис жени на Македонија спроведува активности насочени кон зајакнување на жените во
бизнисот, учествува во активности поврзани со секторот на женско претприемништво, како и лобирање за и
решавање на прашања од значење за членството. Активно е ангажирано во застапувањето за подобрување
на бизнис климата и поттикнување на вмрежувањето на локално, регионално и меѓународно ниво, како и
поттикнување на дијалогот и соработката со државните институции и локалната самоуправа. Така Здруже-
нието претставува специфичен и компетентен партнер во дијалогот со владата, невладините организации
и приватниот сектор, што придонесува за социјален и економски развој, со посебен акцент на претприем-
ништвото на жените, како фактор на економскиот раст.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Здружение на бизнис жени
Васил Ѓоргов 11, 1000 Скопје/ Контакт телефон: + 389 2 3224 762,
Е-пошта: info@abw.mk
Контакт лице: Валентина Дисоска, Претседател
М. + 389 70 35 38 35 / Е-пошта: valentina.d@abw.mk

[ 97 ]
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ПРЕКУ СОЈУЗ
НА СТОПАНСКИ КОМОРИ НА МАКЕДОНИЈА (ССК)

ТИП НА ПОДДРШКА: Обука, менторство и


советување
ЗА КОЈА ЦЕЛНА
ГРУПА Е НАМЕНЕТА: За сите целни групи
без ограничувања 1. БИЗНИС УСЛУГА:
Информации, обука и бизнис поддршка, како и застапување
ТИП НА СУБЈЕКТ: Формален субјект – на интересите на компаниите и бизнис секторот во Република
правно лице Македонија. Обезбедување деловни контакти на глобалниот
пазар, истражувања и анализи во областа на економскиот
Било кој вид на корисник развој, развој на иновации и развој на претприемништвото
ВИД НА КОРИСНИК: (трговско друштво, трговец
поединец, занаетчија и сл.)
2. КОЈ ЈА ОБЕЗБЕДУВА:
СТОПАНСКИ СЕКТОР: Било кој сектор без
ограничување Сојуз на стопански комори на Македонија (ССКМ)

3. ШТО КОНКРЕТНО СЕ НУДИ? ВО ШТО СЕ СОСТОИ ПОДДРШКАТА И ЗА ШТО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ?


Мисијата на Сојузот на стопански комори на Македонија – ССК е зголемување на конкурентноста на ком-
паниите и организациите членови, унапредување на македонското деловно опкружување и зголемување
на продажбата на производите на своите членови на глобалниот пазар. Во рамки на својата мисија, ССК
овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети,
помага во пронаоѓањето на деловни партнери, известува за домашни и меѓународни тендери, овозможува
настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање итн.
Делувајќи преку секторските комори, компаниите влијаат на промена во регулативата, одржуваат постоја-
на врска со институциите на системот и ги застапуваат интересите на бизнис секторот. ССК ги познава
условите за соработка и бизнис на сите странски пазари и вмрежена е со многу економски асоцијации и
институции ширум светот. Со членување во ССК, компаниите имаат можност за:

Бесплатно учество на обуки и семинари од значајните теми и проблематики со кои се соочуваат


Вмрежување со илјадници компании од Република Македонија и странство и пронаоѓање на деловни партнери
Промовирање на компаниите во Република Македонија и во странство
Доставување на навремени информации за Законите и прописите неопходни за деловното работење
Навремено информирање за можности за соработка, настани, саеми, бизнис посети, форуми и учество на
бизнис форуми и конференции
БИЗНИС ПОДДРШКА И УСЛУГИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Застапување на интересите пред државни институции и инспекциски служби


Пристап до информации и бази на податоци
Пристап до Центар за претприемништво и иновации
Пристап до центар за бизнис услуги
Правни совети
Обезбедување на информации за извори на финансирање
Олеснување на надворешното трговско работење преку Регионалната мрежа за трговија ЦЕФТА
Користење на услугите на Македонскиот центар за наука, истражување и едукација
Постојан избран суд - Арбитража
Организација и учество на настани

[ 98 ]
4. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ПОДДРШКАТА ПОКОНКРЕТНО?
Поддршката е наменета за сите компании членoви на Сојузот, кои имаат одредени погодности при користењето на
услугите, но ССК ги нуди своите услуги и пошироко на сите други компании во државата, како и сите заинтереси-
рани страни во процесот - бизнис асоцијации, регионални економски и рурални центри во државата, како и сите
релевантни институции и субјекти од областа на економијата и развојот на стопанството.

5. КАКВИ ОГРАНИЧУВАЊА ИМА ОКОЛУ НАМЕНАТА И КОРИСТЕЊЕТО, ПРИСТАПОТ ИЛИ СЛ.?


Нема никакви ограничувања за пристап и користење на услугите на ССК за сите заинтересирани компании -
микро, мали, средни и големи претпријатија. Се што е потребно е да станете сепак член на комората преку некој
од пакетите кои ССК ги нуди и да добиете одредени погодности и попуст при користењето на одредени услуги.

6. КАКО ДА ДОЈДАМ ДО ОВОЈ ВИД ПОМОШ И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ, ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПРОЦЕС И
НАЧИН НА ИЗБОР ИЛИ СЛ.?
Во зависност од секторот во кој работите, ССК нуди широка можност за членство во оден од вкупно 33
секторски комори, низ неколку пакети на членство за кои лесно ќе добиете информаици преку долунаве-
дените контакти.

7. ПРОПРАТНИ НАЗНАКИ ИЛИ КОМЕНТАРИ:


Сојуз на стопански комори на Македонија е најголемата независна деловна организација во Република Ма-
кедонија која ги промовира и застапува бизнис интересите на 23.000 компании членови и ги поврзува со над
1000 национални, регионални и интернационални институции и организации. ССК претставува водечка бизнис
асоцијација во Република Македонија, современа, иновативна и динамична македонска деловна мрежа, која
ги следи модерните достигнувања во бизнис светот. Токму затоа, најголем дел од компаниите го препознаа
Сојузот како партнер организација која ги поддржува во нивниот брз развој, во нивниот претприемачки дух,
во следење на најновите достигнувања во светот на бизнисот и игра важна улога во процесот на подобрување

ПРЕГЛЕД НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО РАЗВОЈ


на деловната клима.

8. ПРЕПОРАКА ОД САМИОТ НОСИТЕЛ НА УСЛУГАТА:


ССК е познат по стратешкиот пристап и значителните достигнувања во креирањето економски мерки за
компаниите и деловните субјекти. Делувајќи преку 33 стопански комори во рамки на Сојузот, од кои 2 била-
терални, 8 регионални и 19 општи и секторски, со над 30 групации, здруженија и асоцијации, компаниите
влијаат на промена во регулативата и досега успеаја да издејствуваат донесување и промена на над 50-тина
различни законски измени или промени на одредени политики, мерки и различни процедури за работа со
деловните субјекти. Компаниите добиваат постојана поддршка во однос на она што треба да се менува, но
истовремено и ја шират информацијата и го олеснуваат спроведувањето на одредени законски измени и
постапки на најобјективен и најбрз можен начин.
На патот кон успехот компаниите се соочуваат со бројни предизвици како секојдневие во деловното рабо-
тење. Во сите нивни предизвици, ССК е најдобар партнер за поддршка на развојот како на нациобално, така
и на интернационално ниво.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ:
Е-пошта: info@chamber.mk
Контакт телефон: + 389 (0)2 3091 440 / Контакт лице: Марија Мустрик
Веб-страница: www.chamber.mk

[ 99 ]

You might also like