You are on page 1of 2

СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци 2023/24

Национален (општонароден) јазик

Национален јазик
Јазикот се јавува спонтано од потребата луѓето да ги разменат
своите мисли и чувства. Секоја организирана заедница создава свои знаци и
развива свој специфичен јазичен систем.
Национален јазик е јазикот што го говори една организирана група луѓе
(народ, нација). Овој јазик е природен и се формирал долг временски период.

Националниот јазик е јазикот што го употребуваат сите припадници на


една нација во својата држава, но и надвор од неа.

Националниот јазик функционира преку две пројави:


1. Нестандардната пројава на 2. Стандардната пројава на јазикот е
јазикот е природно средство за официјално средство за
комуникација која ги опфаќа: комуникација. Стандардниот јазик
дијалектите, социолектите, има точно определени правила за
жаргоните и другите форми кои употреба (јазична норма).
немаат општонароден карактер. Јасно се дефинирани: изговорот на
Овие форми на општење се гласовите, граматичките правила и
употребуваат неофицијално во стандардизираната лексика. Се
секојдневниот живот. Тие се јавува во говорена и пишувана
карактеризираат со незадолжителен форма.
изговор на гласовите, разновидни Значи, во националниот јазик се
морфосинтаксички средства, богата содржани и нестандардните
фразеологија итн. (дијалекти, жаргони), како и
Нестандардната пројава на јазикот стандардните (литературниот јазик)
може да се сретне и во говорена и форми на комуникација.
пишувана форма (многу поретко).

1
СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ Кавадарци 2023/24

Дијалектен и литературен јазик

Дијалектен и литературен (стандарден) јазик се две пројави на националниот


јазик.

Дијалектен јазик (народен говор)

Дијалектот е јазик што го говори група луѓе географски одделена од друга


група луѓе. Освен географски, таа група луѓе е поврзана историски и општествено.
Група дијалекти образуваат дијасистем. Тоа претставува целина од дијалекти со
речиси иста структура.
Македонскиот дијасистем го сочинуваат три поголеми групи наречја: западно,
југоисточно и северно (според Божидар Видоески).

Стандарден (литературен) јазик

Стандардниот јазик е официјалното средство за комуникација на една


нација. Кај нас термините стандарден и литературен се употребуваат со исто
значење.

Стандарден (литературен) јазик се карактеризира со следниве


белези:
–официјално се употребува во уметничката и научната литература, во
администрацијата, во училиштата, во медиумите итн.;
–има пропишана норма за употреба;
–го знаат сите припадници на една нација и тој ги обединува;
–изграденуван е врз основа на еден дијалект или група дијалекти и претставува
наддијалектна форма.

Од дијалектниот се создава стандардниот (литературниот) јазик, но тој


постојано се збогатува и обновува. Затоа, тие се во постојан заемен однос.

You might also like