You are on page 1of 2

“ДИВО МЕСО “- ГОРАН СТЕФАНОСКИ

“Диво месо” е современа драма на познатиот македонски драматург


Горан Стефановски, која што веќе четири децении е голем предизвик и за
театарските режисери, но и за читателската публика.” Диво месо” е драма
за распаѓањето на едно предвоено македонско семејството. Истовремено
е драма каде поединецот грчевито настојува да се зачува себе си и да му
се спротистави на злото. Основната идеја, истакнување на значењето на
семејството, домот, коренот, татковината, надополнета е со сегменти од
случувањата во Скопје пред самиот почеток на Втората светска војна.

Семејството Андреевиќ живее во скопското Дебар маало. Таткото


Димитрија, поранешен ѕидар, станал инвалид при градба на семејниот
дом. Ги изгубил нозете, “тлото под себе”.Мајката Марија израснала три
сина, Симо, Стефан и Андреја. Сите тројца се со различен карактер и со
различна судбина. Најстариот Симон, веќе е женет со Вера, но немаат
деца. Работи како келнер, а скоро секогаш е пијан.Пие зошто нема син,
пие огорчен од животот. Стево е референт во претставништво на
германска фирма. Неговата амбиција да направи брза кариера целосно го
заслепува. Новодојдениот мисионер, Германецот Херман Клаус со лажни
ветувања успева да го изманипулира и тој станува уште поарогантен
спрема своите: “Мене ме вика Европа, а вие не ме признавате за човек...”.
Најмладиот Андреја е обичен работник, продавач во бакалница. Тој е
приврзаник и учесник во отпорот против војната и капиталистичкиот
систем. Андреевци навидум живеат патријархално. Марија настојува да
им пркоси на несреќите, да го држи семејството.Кога кај нив доаѓа Клаус,
таа инстиктивно извикува ”диво месо”. Стево му објаснува на Клаус дека е
тоа ”бабина деветина”, празно верување. За Марија, Клаус е најголемото
зло. И навистина Клаус е дивото месо што ќе го дозадуши семејството
Андреевци. Симон сосема разочаран умира во јавна куќа. Стево ги
открива вистинските намери на Клаус. Сосема освестен од заблудата му
се заканува. Настојува да му помогне на Андреја да излезе од затворот,
но без успех. Заради неговото учество во штрајк испратен е на робија.
Димитрија добива налог за рушење на куќата и половина од парите што
му ги дал Клаус на својот службеник Сивиќ. Оптимизам внесува Вера која
е бремена и подготвена да направи се за да го роди бебето. Стево го наоѓа
пиштолот од Андреја и напразно пука во воздухот во кој се чуствува
мирисот на фашизмот кој доаѓа...

Драмата “Диво месо” и денес не губи од својата актуелност.


Семејството, како основна клетка на секое општество, треба да се
почитува. Различните ставови и амбиции на членовите не смеат да го
поткопуваат коренот над кој фамилијарното стебло ги шири своите гранки.
Немирните времиња, тешкотиите, поуспешно се совладуваат со слога, со
реални размислувања, со поголема доверба во себе и своите.

You might also like