You are on page 1of 4

Универзитет св ,,Климент Охридски’’Битола

Педагошки факултет

Предмет: Теорија на книжевноста


Тема: Актантниот модел во драмата ,,Парите се
отепувачка’’ од Ристо Крле

Изработил: Ангела Павловска


Насока: Македонски јазик и книжевност
Парите се отепувачка
Парите се отепувачка е битово-социјална драма со
мотиви од печалбарскиот живот.
Актантниот модел на ,,Парите се отепувачка’’
1. Субјект- Ангеле
2. Објект- Парите
3. Адресант/Испраќач- таткото и мајката на Ангеле
4. Адресат/Примач- Ангеле, родителите на Ангеле,
неговата сестра Ката.
5. Помошник- работата во Америка, средствата со кој
патува(бродот), соседот кој го пренесува на коњ.
6. Противник- студот, зимата, снегот, родителите,
сестра му Ката, темницата кога вечерта оди дома
Оваа драма започнува со одењето на Ангеле (субјектот) на
печалба во Америка со цел да заработи пари (објектот), односно
неговата желба да му помогне финансиски на своето семејство,
бидејќи тие биле многу сиромашни. Дејството се случува во
неговата куќа, уште рано наутро неговите родители, татко му
Митре и мајка му Мара (адресанти) го испраќаат својот син на
печалба. Каде што тој таму работел 20 години и им испраќал
писма и пари на своите родители и својата сестра (адресати).
Кога Ангеле тргнувал на печалба соседот Панде, дошол во
нивната куќа и седнал на софрата која била спремена за
испраќањето на Ангеле на печалба, и кажувал дека во Њујорк на
некое островче новодојдените ги прегледувале доктори, и
доколку немале здрави заби и немаат коса дека ги враќале. Тука
родителите се досетиле дека Ангеле нема пари за да се врати
назад. Но, работата во Америка (помошник) многу му
придонесла во неговата финансиска состојба, како и на неговите
родители. Кога тргнувал Ангеле на печалба, му помогнал исто
соседот кој го пренел Ангеле на коњ (помошник) за да отиде, а
и средствата за бродот (помошник) со кој го пренел островот да
стигне во Америка. Кога Ангеле решил да се враќа од печалба,
тој отишол пред неговата куќа која била голема, убаво
направена, и се претставил на неговите родители како гурбетчија
на кој му се расипал автомобилот. Тие го примиле дома и му
раскажувале за неговиот син како го немаат видено дваесет
години, незнаејќи дека тој е син му. Кога Ангеле се враќал дома
било зима, студ, врнело снег (противници). Вечерта кога легнал
Ангеле, Мара и Митре го здогледале неговото куферче со пари и
заслепеле од вчудоневиденост. Тие решиле да го отепаат Ангеле,
и да му ги земаат неговите пари. Па така, мајката Мара и таткото
Митре (противници) си го убиле својот син за парите. Кога утрото
се разбудиле и дознале дека тоа е нивниот син, мајката Мара
добила срцев удар, а таткото Митре се прободил со нож. Бидејќи
не можеле да си го опростат својот грев што не си го препознале
својот син, а најмногу што го убиле.

You might also like