You are on page 1of 3

Лектира бр.

3 Збунети години

Во оваа лектира се зборува за децата кога ќе влезат во пубертет.


Пубертетот се збунети години. Главни ликови во оваа лектира се:
Борче- кој има 15 години, тој е 8 одделение, 2пати учел во 6
одделение.Тоје висок и убав со сини очи. Исто така тој е голман на
училишниот ракометен клуб. Димитар- е ученик во 7А одделение и е
одличен ученик. Карактеристичноза него е што е острижан и што сите
го познаваат по тоа. Димитар е добар другар. Виолетка- е ученичка во
7А одделение. Таа е во истото одделение со Димитар. Таа имала
плетенки и убава насмевка. Лиле- е најдобрата другарка на
Виолетка.Оваа лектира започнува со опишување на училиштето и
прислужникот Симон кој ги прашува учениците кој ден е денес. Потоа
се зборува за средбата на Борче и Димитар.
Уште на првата средба на Борче му се допаднал Димитар. Борче му
побарал на Димитар да му каже за Виолетка, бидејќи многу му се
допаднала. Димитар му рекол да не ја закача Виолетка. Во гласот на
Виолетка имало молба,наредба и предупредување.Тоа го збунило
Борче.За да го привлече вниманието на Виолетка, Борче застанал на
раце и го кренал телото нагоре. Виолетка го нарекла циркузант. На
Борче му дошла идеја како да ја омекне Виолетка. Писмото од Борче
за Виолетка требало да го предаде Димитар. Тој се противел на тоа но
сепак не го одбил Борче бидејќи тој му ветил место во училишниот
ракометен клуб а исто така и дека ќе го научи добро да игра ракомет.
Од тогаш почнало другарството помеѓу Борче и Димитар и нивните
интересни доживувања.Борче го напишал писмото за Виолетка а пак
Димитар го земал и го ставилво учебникот по географија.Димитар
размислувал многу за писмото,затајната,за ракометниот клуб.
Наредниот ден Димитар имал температура и не отишол во
училиште.Борче чекал под прозорецот на 7А за да дознаедали
Димитар го предал писмото на Виолетка. Подоцна дознал дека
Димитар не е на училиште. По часовите заминал кај него да го
посети.Скинал 2 јаболки за да му ги даде на Димитар. Наредниот ден
Димитар го предал писмото на Виолетка.Таа прво не сакала да го земе
а потоа му рекла да и го даде.Седнала заедно со Лиле и почнала да го
чита и да се смеат. Потоа го скинала на ситни парчиња и го ставила
под клупата. Димитар истиот ден по завршувањето на часовите под
клупата на Виолетка го нашол писмото т.е остатоците од љубовното
писмо. Борче гочекал надвор со надеж дека има одговор на писмото
но Димитар мурекол дека нема писмо и да се откаже од
Виолетка.Борче земал лист ипенкало и го напишал второто писмо и
повторно му го дал на Димитар зада и го даде.Димитар се бунел,не
сакал да го даде но на крајот го земал писмото и го сокрил во ташната.
Димитар тогаш го видел велосипедот и џемперот на Борче кој многу
убаво му прилегал и му било многу тешко што и тој нема таков
џемпер. Димитар второто писмо не и го предал на Виолетка а на
одморот му мафнал од прозорецот на Борче дека се е во ред.Борче и
Димитар ги слушнале Виолетка и Лиле како се договараат во сабота
да одат во Сарај.Тие се договориле во 8 часот да одат со велосипеди
во Сарај. Утрото Димитар го побарал велосипедот од татко му и
заминал со Борче во Сарај.Таму го поминале целиот ден.Се сретнале
со Виолетка и Лиле. Димитар прв ги видел. Кога си оделе Борче и
Димитар намерно зборувале пред нив дека ќе одат во градскиот парк
на пионерски натпреварво тркање со ролшуи.Тие дошле во
паркот,Димитар паднал на натпреварот и му течело крв од коленото но
се трудел да не покаже дека го боли коленото. Писмата помеѓу Борче
и Виолетка продолжиле се додека еден ден Борче не рекол дека
повеќе не сака писма туку декасакал Димитар да му закаже средба со
Виолетка. Иако Димитар мислел дека Виолетка нема да сака да се
запознае со Борче,таа се согласила. Средбата била закажана за
вторникот околу пладне кај водоскокот. Димитар бил тажен. Средбата
завршила лошо бидејќи Борчене можел да ја надзборува Виолетка и
таа не била како другите девојчиња. На крајот од средбата Виолетка го
фатила под рака Димитар и си заминале. Димитар бил среќен што се
скарале а пак на Борче му заминале сите нежни мисли за Виолетка.
Тој не чувствувал тага,но не му се допаднало што таа успеала да го
надитри во зборувањето. Наредниот ден Виолетка и раскажала на
Лиле што се случило. Димитар кога дошол разговарал со Виолетка и
рекол дека Борче тагува,а потоа и дал писмо од Борче.Тоа писмо го
напишал Димитар но го потпишал Борче. Виолетка и Лиле седеле на
клупа во паркот кој се наоѓал во близина на водоскокот иси
разговарале.Виолетка и раскажувала за четирите писма што и ги
напишал Борче откако се скарале и го споредувале ракописот
сопретходните писма од Борче.Тие виделе дека ракописот не е ист-
дека ракописот е поубав на последните писма.Најмногу ја збунило
Виолетка една реченица од писмото а таа била; Најмила Виолетка те
молам немој да отсуствуваш од часовите.Кога ти неси тука цела
училница ми е пуста и тажна. Виолетка го сретнала Борче во
училишниот двор и дознала дека отако сесретнала со Борче кај
водоскокот дека тој повеќе не и напишалписмо.Борче и рекол дека
има нова девојка Билјана од 8В и да го праша Димитар како настанале
писмата. Димитар бил дежурен во училницата со другарот од клупата.
Другарот на вториот одмор се сменил со Виолетка бидејќи таа го
замолила. Кога останале сами Виолетка го прашала за писмата кој ги
пишувал. Димитар признал дека тој ги пишувал писмата и и рекол дека
ја сака. Виолетка била изненадена но исто така и среќна,а на Димитар
му олеснило што се и признал на Виолетка.Во средата попладне
учениците од 7А одделение се чекале предкино.Димитар бил облечен
во нова кошула и панталони. Виолетка и Димитар заедно влегле да го
гледаат филмот.Во полутемната сала Димитар ја допрел раката на
Виолетка а таа не се тргнала.

Белешка за писателот
Велко Неделковски е современ македонски
раскажувач,романописец,драмски писател.Роден е на 28 октомври
1946 година во Скопје.Струдирал Филозофски факултет.Работи во
Македонската телевизија како драматург и сценарист. Добитник е на
наградата на РТВ Скопје за најдобракнига за деца.Добитник на
наградата за најдобра детска книга на Струшките вечери на поезијата
во 1986 година.Добитник на наградата Феникс на град Скопје,за
постигнувања во книжевноста.Исто така е добитник на наградата за
животно дело од Македонската Радио Телевизија.Добитник на
специјална повелба од Детска Радост.Голем дел од своето Книжевно
творештво им го посвети токму на децата.Автор е на книгите Леб за
тате,Големата соба,Ден за Бегство,Збунети
Години,ВтораСмена,Дежурна приказна,Ивона што ја нема,кога доцни
принцот и многу други.

Раскажала и изработила Дориа Гиовски VII3 одделение

You might also like