You are on page 1of 2

1. „Човекот се раѓа како сонце јасно“ - која стилска фигура ја препозна во стихот?

*
а) ономатопеја б) рима в) компарација
2. Со стилското изразно средство ономатопеја се.................
3. Со ономатопејата се збогатува:
а)сликовитоста и емоционалноста б) емоционалноста и музикалноста
в) музикалноста и сликовитоста
4. Кој збор е врска во стилската фигура компарација? *
кога
колку
како
5.Во следната песна подвлечи ја ономатопејата со црвена боја, а компарацијата
со сина боја
Песна за училишното ѕвонче
Ѕвони ѕвончето, ѕвони,
на училиштен час нѐ вика,
со нас и со септември
заедно да се слика.

Досега тонеше в штама


ко фрлен камен сред јама,
ко лебна корка во грло,
ко молк во најпразно трло!

Ѕвони ѕвончето, ѕвони,


како сребро да рони,
како звуци да лее,
како песна да пее!
Стојан Тарапуза

6.На линиите под дадените примери напиши која стилска фигура е


употребена(ономатопеја или компарација)

Што чекате, ајде, појдете по патот


без двоумење, без уплав, без грижа,
а деновите поминати зад вас
како бисер ќе се нижат...
(Душко Аврамов)
________________________________

Уште спие цветчето...


Пчелка пее в час:
„Зу-зу! Зу-зу!Цветенце,
разбуди се в час!“
(Бистрица Миркуловска)
_____________________________
7.Во следната песна поетот употребил компарација.Подвлечи ја и објасни кој е
предметот што се споредува и со кој предмет се споредува.
Ветар
Ветрот без торба и стап
како патник броди
тивко како мачка
нечујно тој оди.

Со приказни ко баба ми
тој преполн е пак-
ми ги шепоти тивко
штом ќе падне мрак.
(Арсен Диклиќ)

8.Образувај компарација со:


Цврст е како ___________(именка)
Тој е како___________(заменка)
Јас сум како ____ (придавка)
Силен сум како _____број)

You might also like