You are on page 1of 12

17

Пример на спектар на транзиентен сигнал

На сликата 2.10 се прикажани амплитудниот спектар |𝑆1(𝑓)| и фазниот спектар


𝜓(𝑓) на правоаголниот импулс од сликата 2.6-2 - кој, како што се гледа, е централно
поставен во однос на координатниот почеток и има ширина X и висина 𝐴.
s(t)
A

t
-X/2 X/2

Сл. 2.6-2 Правоаголен импулс

Како што рековме, се работи за транзиентен сигнал. Треба да се забележи дека во овој
случај спектарот 𝑆1(𝑓) е континуиран и дека има вредности различни од нула до
бесконечно големи фреквенции, со тоа што амплитудите на фреквенциските
компоненти главно се намалуваат со растењето на 𝑓. Имено, се покажува дека важи

𝑠𝑖𝑛( 𝜋𝑓𝑋)
𝑆1(𝑓) = 2𝐴𝑋
𝜋𝑓𝑋

SS1(f)/AX
1( f ) / 2 AX
1

(a)

1/X 2/X 3/X 4/X f


( f )
(б)

f

Сл. 2.10 Спектрална густина на правоаголниот импулс од сликата 2.6


Како што гледаме со растењето на фреквенцијата, вредностите на амплитудниот
спектар се намалуваат стремејќи се кон нула кога одиме кон бесконечност..
18

Намалувањето на амплитудите на синусоидалните компоненти со растењето на


фреквенцијата е типично за сите сигнали.

ЗАБЕЛЕШКА: Колку за потсетување, подолу е прикажан обликот на познатата


функција sin(𝑥)⁄𝑥 која има нули при 𝑥 = 𝜋, 2𝜋, 3𝜋, 4𝜋…итн., па соодветно 𝑆1(𝑓) ‘ ќе
има нули при 𝑓 = 1/𝑋, 2/𝑋, 3/X итн и 𝑆1(𝑓 ) ќе има негативна вредност меѓу 1/𝑋 и
2/𝑋, меѓу 3/𝑋 и 4/𝑋, итн. Забележи дека со зголемување на времетраењето X на
правоаголниот импулс од сликата 2.6-2 доаѓа до компресија на неговиот спектар по
фреквенциската оска. Ова својство важи за кој и да било транзиентен сгнал Да
потенцираме растегнување на даден сигнал во временски домен резултира во негова
компресија во фреквенциски домен, и обратно - компресија на даден сигнал во
временски домен резултира во негова експанзија во фреквенциски домен.

Спектрална широчина на сигналите


Под поимот спектрална широчина на даден сигнал ја подразбираме ширината
на фреквенциското подрачје зафатено со спектарот на сигналот. Во случајот на сликата
2.5-1(в), сигналот се состои од две синусоидални компоненти, едната при фреквенција
𝑓1 и другата при фреквенција 3𝑓1 па неговата спектрална ширина очигледно изнесува
2𝑓1 . Сигналот на сликата 2.8(а), кој има и еднонасочна компонента, т.е компонента со
фреквенција 0, ќе има тотална појасна ширина 3𝑓1 . Од друга страна, многу сигнали,
како на пр. сигналот од сликата 2.3-1(б), или сигналот на сликата 2.6-2 имаат
бесконечна спектрална широчина.
Теориски, секоја идеална бранова форма (бранова форма со вертикални рабови
како на сликите 2.3-1(б) и 2.6-2 ќе има бесконечно голема спектрална широчина. Во
19

практиката, меѓутоа, сигналите за пренос на податоци се секогаш со ограничена


спектрална широчина. Тоа е затоа што ниеден физички систем не е во состојба да
пренесува сигнал со бесконечно голема спектрална широчина. Ако се обидеме да
пренесеме сигнал. со идеално вертикални рабови преку некој медиум, природата на
медиумот ќе ја ограничи ширината на спектарот на пренесуваниот сигнал, т.е. ќе ги
исфрли неговите компоненти со повисоки фреквенции. Тоа се разбира ќе доведе до
одредена промена во обликот на сигналот. Вертикалните рабови на сигналот ќе се
искосат.Треба да се забележи, меѓутоа, дека најголемиот дел од енергијата односно
просечната моќност на овие сигнали е содржана при пониските фреквенции, што
дозволува игнорирање на компонентите со повисоки фреквенции. Сепак, колку што
повеќе ја намалуваме спектралната ширина, толку е поголема дисторзијата на сигналот
и толку е поголема можноста да се направи грешка при неговото распознавање на
приемната страна.
Фреквенциското подрачје е ограничен ресурс, кој, како таков, има своја цена.
Пренос со поголема спектрална широчина значи поквалитетен пренос, но и повисока
цена на системот. Така, економски и практични фактори диктираат со каква спектрална
широчина ќе биде пренесувана информацијата низ даден систем. Фактички,
широчината на спектарот на користените сигнали намерно се ограничува, со нивно
пропуштање низ определен филтер, пред да се доведат до преносниот медиум,.
Опсегот на фреквенциите во кој е содржан најголемиот дел од енергијата,
односно моќноста на исфилтрираниот сигнал е познат како ефективна спектрална
широчина на сигналот. Поконкретно, таа е определена со изразот
𝐵𝑠 = 𝑓ℎ − 𝑓𝑙
каде што со 𝑓ℎ и 𝑓𝑙 се означени највисоката, односно најниската фреквенција на
значајните составни компоненти на сигналот, слика 2.10-1. Фреквенцијата 𝑓𝑙 е позната
како долна гранична фреквенција, а фреквенцијата 𝑓ℎ како горна гранична фреквенција
на сигналот.

Слика 2.10-1 Дефиниција на ефективна


спектрална широчина на сигнал: 𝐵𝑠 =
𝑓ℎ − 𝑓𝑙

Ниско-пропусен и појасно-пропусен канал


Преносот на сигнали чија долна гранична фреквенција е еднаква на нула или
блиска до нула бара ниско-пропусен канал (low-pass channel) - т.е., канал што
пропушта фреквенции од фреквенција 𝑓 = 𝑓𝐿 = 0 до некоја доволно висока
фреквенција 𝑓 = 𝑓𝐻 , како на сликата 2.11-1. Од друга страна, сигнали чија долна
гранична фреквенција е поголема од нула се пренесуваат низ појасно-пропусен канал
(band-pass channel) - т.е. канал што пропушта фреквенции од даден фреквенциски
појас, како на сликата 2.11-2. Карактеристиките на сликите 2.11-1 и 2.11-2 се
идеализирани па одговараат фактички на идеален ниско-пропусен канал, односно
идеален појасно-пропусен кланал. Со A(f) е дадено засилувањето на каналот (односот
излез/влез) при дадена фреквенција f. Во рeалноста засилувањето не е константно во
подрачјето на пропуштање нити пак е еднакво на нула надвор од подрачјето на
20

пропуштање. Фреквенциите 𝑓𝐿 и 𝑓𝐻 се познати како долна и горна гранична


фреквенција на каналот а разликата 𝐵 = 𝑓𝐻 − 𝑓𝐿 како појасна ширина на каналот
Долната и горната гранична фреквенција на сигнал што поминал низ даден канал
фактички се определени со долната и горната гранична фреквенција на каналот.
Во дигиталните комуникации постојат две основни методи на пренос и тоа : (1)
пренос во основниот појас (baseband transmission) т.е., пренос низ нископропусен
канал и пропусно-појасен пренос (pass-band transmission) , т.е. пренос низ појасно
пропусен канал.
Сигналите што минуваат низ нископропусен канал се познати како како
сигнали од основниот појас (base-band signals). Такви сигнали се на пример сигналите
на сликата 2.1, 2.2, 2.3(а), 2.3(б) и 2.4. Сигналите што минуваат низ појасно-пропусен
канал се познати како пропусно-појасни сигнали (pass-band signals). Се работи
фактички за модулации на сигнали од основниот појас. Доколку се работи за сигнаи
што минуваат низ канак за кој важи 𝐵 << 𝑓𝐿 зборуваме за тесно-појасни сигнали
(narrow band signals). Таков сигнал е, на пример, ООK-сигналот (on-off keying), еден од
често применуваните сигнали во дигиталните комуникации, слика 2.11-3.

A(f)

fL=0 fH f

2.11-1 Ниско-пропусен канал

A(f)

fL fH f
Слика 2.11-2 Појасно-пропусен канал
21

Слика 2.11-3 ООК- сигнал

На сликата 2.11-4 е прикажан, квалитативно, типичниот облик на амплитудните


спектри на сигналите во основниот појас, односно на пропусно-појасните сигнали.

S1( f ) S1( f )

fh f fl fh f

(a) (b)

2.11-4 Амплитуден спектар на (а) сигнал во основниот појас и (б) пропусно-појасен


сигнал.
22

Битската брзина
и појасната широчина на каналот
Кај преносот на дигитални сигнали, многу често се употребуваат термините
битска брзина (bit rate) 𝑅𝑏 [b/s] и битски интервал (bit interval) 𝜏𝑏 [𝑠] .. Под битска
брзина, го подразбираме бројот на испратени битови во една секунда, па соодветно
под битски иннтервал би го подразбирале времето што одговара на испраќање на еден
единствен бит. Тоа значи дека битскиот интервал е реципрошна вредност од, битска
брзина значи, а важи и обратно, т.е., 𝑅𝑏 = 1/𝜏𝑏 .

Слика 2.11-5 Битски интервал и битска брзина (bps≡bits per second  b/s)
Во дискусијата што следува ќе се ограничиме на двоелементните -бинарните
(двонивовските) дигитални игнали, како двонивовскиот сигнал на слика 2.11-5 Кај
овие сигнали битскиот интервал одговара на најмалиот интервал меѓу две соседни
промени, како што е назначено. Ваквиот сигнал, обично се пропушта низ
нископропусен канал со определена горна гранична фреквенција 𝑓𝐻 .која не може да
биде произволно висока (спектралната широчина на каналот е ресурс кој има своја
цена) Помала горна гранична фреквенција ќе значи отстранување на поголем број
фреквенциски компоненти, а со тоа и поголемо изобличување на сигналот. Добар
квалитет се постигнува со 𝑓𝐻 = 2𝑅𝑏 = 2/𝜏𝑏 Како соодветна горна гранична
фреквенција, не премногу ниска, обично се избира вредноста 𝑓𝐻 = 𝑅𝑏 = 1/𝜏𝑏 , која
обезбедува задоволително мало изобличување. Во практиката понекогаш се оди и на
пониска горна гранична фреквенција но не пониска од 𝑓𝐻 = 𝑅𝑏 ⁄2 = 1/(2𝜏𝑏 ) ,Овде ќе
имаме ефикасно искористување на спектралното подрачје, но квалитетот на
пренесуваниот сигнал ќе биде незадоволителен
ЗАДАЧА 2.3
(а) Определи ја битската брзина 𝑅𝑏 [b/s], т.е. колку бита се пренесуваат во
секунда ако е 𝜏𝑏 = 1𝜇𝑠.
(б) Определи ја појасната широчина на каналот за 𝑓𝐻 = 𝑅𝑏 , ако е 𝜏𝑏 = 1𝜇𝑠
(в) Определи ја појасната широчина на каналот за 𝑓𝐻 = 2𝑅𝑏 , , ако е 𝜏𝑏 =
1𝜇𝑠.
Решение:
1 1
(а) 𝑅𝑏 = 𝜏 = 10−6 = 106 𝑠 −1
𝑏
23

(б) 𝐵 = 𝑓𝐻 − 𝑓𝐿 = 𝑓𝐻 = 𝑅𝑏 = 106 𝑠 −1 =1 MHz


z = 1 MHz
(в) 𝐵 = 𝑓𝐻 − 𝑓𝐿 = 𝑓𝐻 = 2𝑅𝑏 = 2 × 106 𝑠 −1 = 2 MHz

Како илустрација на влијанието на појасната широчина врз квалитетот на


пренесуваниот сигнал, ќе се послужиме со резултатите од експеримент дадени на
сликата 2.11, добиени со мерење. Низ (филтер) канал со долна гранична фреквенција
𝑓𝐿 = 0 и горна гранична фреквенција 𝑓𝐻 ≡ 𝐵, се пропушта периодична дигитална
секвенца, како на слика 2.11(а), со брзина 𝑅𝑏 = 2000 бита во секунда и се снима
брановата форма на излезот од системот. Гледаме дека претставувањето на
дигиталната секвенца на излезот од медиумот станува задоволително добро кога
појасната широчина 𝐵 на каналот прима вредности во интервалот од 1700 до 2500 Hz,
а многу добро при 𝐵 = 4000 Hz.

Слика 2.11 Ефекти на појаснатa ширина на филтерот врз периодичниот дигитален


сигнал од сликата 2.11(а)
24

Од понапред изнесеното е јасно дека квалитетот на преносот се зголемува со


зголемување на појасната широчина на каналот. Тоа е разбирливо бидејќи со
зголемувањето на спектрална (појасната) широчина се зголемува и бројот на
пренесувани спектрални компоненти на сигналот. Важно е меѓутоа да се воочи уште
една многу важна работа која е директна последица од горното, а тоа е дека ограничена
појасна широчина ќе значи и поставување на горна граница на брзината на пренос на
податоци – ако се надмине таа граница, сигналот на излезот не ќе може повеќе да се
распознава. Имено, при фиксна појасна широчина со зголемување на битската брзина
ќе се намалува бројот на пренесувани спектрални компоненти на сигналот
(Фуриеовата анализа покажува дека при даден квалитет на пренесуваниот сигнал.
𝑎 пати поголема битска брзина ќе бара 𝑎 пати поголема појасна широчина на каналот.
Горното станува разбирливо ако се знае дека компресијата на произволен сигнал 𝑠(𝑡)
по должината на временската оска за фактор 𝑎 резултира во експанзија на неговиот
спектар 𝑆1(𝑓) по должината на фреквенциската оска за фактор 𝑎. Со други зборови,
намалувањето на битскиот интервал (или зголемувањето на битската брзина) за 𝑎 пати,
ќе значи растегнување на спектарот на сигналот по фреквенциската оска за 𝑎 пати, што
ќе бара 𝑎 пати поголема појасна широчина на каналот за да се задржи истиот квалитет
на пренос.)
Од интерес е да се погледа односот битска брзина / појасна широчина т.е.,
𝑹𝒃 /𝑩 познат како спектрална ефикасност на сигналот.
Практиката покажува дека за квалитетен пренос на податоци со сигнал како на
сликата 2.11-5 (забележи дека сигналот има и еднонасочна компонента) спектралната
(појасната) широчина 𝐵 би требало да ја задоволува следнава релација
𝐵[Hz] ≡ 𝑓𝐻 [Hz] ≥ 2𝑅𝑏 [b/s]
што одговара на спектрална ефикасност 𝑹𝒃 /𝑩 помала од 0.5( b/s)/Hz. Но во
практиката многу почесто, за сметка на намален квалитет, се работи со спектрална
ефикасност од 𝑹𝒃 /𝑩 =1 (b/s)/Hz., па дури и како што споменавме, со спектрална
ефикасност од 𝑹𝒃 /𝑩 =2 (b/s)/Hz. (ЗАБЕЛЕШКА: Овде зборуваме за двонивовски
(бинарен) дигитален сигнал. Со други дигитани сигнали, како на пример со повеќе -
нивовскиот доигитален сигнал, можат да се постигнат иоголеми спектрални
ефикасности при висок, добар или задоволно добар квалитет на пренос.)

ПРИМЕР 2.5
Да претпоставиме дека за пренос на податоци употребуваме нископропусен
канал со горна гранична фреквенција 𝑓𝐻 = 5 MHz. Сакаме низ системот да пренесуваме
секвенца од единици и нули (бинарен дигитален сигнал) кои наизменично се менуваат,
како кај квадратниот бран на сликата 2.5-2 (в). Колкава битска брзина ќе може да биде
постигната? За да одговориме на ова прашање ќе треба најнапред да се определиме за
квалитетот на преносот, т.е., за бројот на хармоници што сакаме да минуваат низ
системот. (Бранот од сликата 2.5-2(в) не ќе може да помине неизобличен низ системот
бидејќи неговиот спектар се протега до бесконечност, но ќе поминат неговите
компоненти чии фреквенции не се повисоки од 5 MHz). Да претпоставиме дека сме
задоволни со бранова форма како на сликата 2.5-2(а), која ги содржи првиот, третиот и
петтиот хармоник. За таа да помине непречено низ дадениот систем, ќе мора нејзината
25

фреквенцијата 𝑓1 да биде помала или еднаква на 1 MHz, бидејќи само во тој случај
фреквенцијата на петтиот хармоник (5𝑓1 ) ќе биде пониска или еднаква на 5 MHz

(в)

41
s(t )  
( k е непарен) k 1  k
sin( 2 k f1t )

Сл. 2. 5-2 Фреквенциски компоненти на квадратен бран


26

Битскиот интервал ќе изнесува 𝜏𝑏 = 𝑇/2 = 1/2𝑓1 , што за 𝑓1 = 1 MHz дава вредност


𝜏𝑏 = 0.5𝜇𝑠. Значи максималната брзина на пренос на податоци во дадениот случај би
изнесувала 𝑅𝑏 = 1/𝜏𝑏 = 2 Mb/s. Забележи дека овде со оглед на 𝐵 ≡ 𝑓𝐻 спектралната
ефикасност изнесува 𝑹𝒃 /𝑩 = 𝑹𝒃 /𝒇𝑯 = 0.4 (b/s)/Hz

ПРИМЕР 2.6
Повтори го истото како во Примерот 2.5, но за систем со двојно поголема горна
гранична фреквенција. И овде претпостави дека сме задоволни со бранова форма како
на сликата 2.5-2(а), која ги содржи првиот, третиот и петтиот хармоник.
На аналоген начин како во горниот пример, во случајот на систем со 𝑓𝐻 =
10 MHz, добиваме 𝜏𝑏 = 0.25μs и 𝑅𝑏 = 1/𝜏𝑏 = 4 Mb/s. Значи за двојно поголема горна
гранична фреквенција сме добиле двојно поголема битска брзина. И овде спектралната
ефикасност е 𝑹𝒃 /𝑩 = 𝑹𝒃 /𝒇𝑯 = 0.4 (b/s)/Hz

ПРИМЕР 2.7

(а) sin( 2 f1t )

(б) 1/3 sin[2π(3f1)t]

1
(в) 𝑠𝑖𝑛( 2𝜋𝑓1 𝑡) + 3 𝑠𝑖𝑛[ 2𝜋(3𝑓1 )𝑡]

Слика 2.5-1 Собирање на фреквентни компоненти


27

Да претпоставиме дека можеме да се задоволиме и со полош квалитет на


пренесување на квадратниот периодичен сигнал отколку во горните примери, имено со
излез како брановата форма од сликата 2.5-1(в) , која ги содржи само првиот и
третиот хармоник од сигналот. Да земеме дека преносниот систем има горна гранична
фреквенција 𝑓𝐻 = 5 MHz. .Определи ја соодветната (максималн) фреквенција 𝑓1 (Hz),
периодата Т(s), битскиот интервал 𝜏𝑏 (𝑠) и битската брзина 𝑹𝒃 (b/s) на сигналот.
Колкава е спектралната ефикасност 𝑹𝒃 /𝑩 = 𝑹𝒃 /𝒇𝑯 (b/s)/Hz во дадениот слочај?
Решение:
Од горното следува
𝑓 5
𝑓1 = 3𝐻 == 5/3 MHz =3 × 106 𝐻𝑧 ≅ 1.67106 𝐻𝑧
3
Т = 1/𝑓1 = 5 × 10−6 𝑠=3/5 𝜇𝑠 = 0.6 𝜇𝑠
3
𝜏𝑏 =T/2 =10 × 10−6 𝑠= 3/10 𝜇𝑠 = = 0.3 𝜇𝑠
10
𝑅𝑏 =1/𝜏𝑏 = × 106 𝑏/𝑠 ≅ 3.33× 106 𝑏/𝑠
3
10
𝑅𝑏 /𝐵 = 𝑅𝑏 /𝑓𝐻 = ( 3 × 106 𝑏/𝑠)/ (5× 106 Hz) ≅ . 0.66(b/s)/Hz
Значи имаме поголема спектрална ефикасност, но за сметка на полош квалитет на
пренос, отколку во примерот .2.5

ЗАДАЧА 2.3
Низ нископропусен канал горна граична фреквенција 𝑓𝐻 = 5 MHz пропуштаме
квадратен сигнал со периода Т . Колкава максимално може да биде фреквенцијата 𝑓1 =
1/Т, на сигналот, ако бараме низ системот да поминува и седмиот хармоник, т.е.
излезнит сигнал да изгледа како на сликата 2.5-2 (b). Колкава е спектралната
ефикасност 𝑹𝒃 /𝑩 = 𝑹𝒃 /𝒇𝑯 во дадениот слочај?

,
ПРИМЕР 2.8
Квадратен сигнал, без еднонасочна компонента, со периода 𝑇 = 1 ms и
амплитуда 𝐴 = 1 V минува низ нископропусен филтер со горна гранична фреквенција
𝑓𝐻 = 8 kHz. Определи ја просечната моќност на влезниот и излезниот сигнал, ако се
знае дека просечната моќност на квадратен сигнал е еднаква на квадратот од
амплитудата, а просечната моќност на синусоидален сигнал е еднаква на половината
од квадратот на неговата амплитуда..( ЗАБЕЛЕШКА: моќноста на излезниот сигнал е
сума од моќностите на составните синусоидални компоненти. Потсети се дека изразот
за влезниот сигнал ќе биде даден со

4𝐴
𝑠𝑖 (𝑡) = ∑ 𝑠𝑖𝑛( 2𝜋𝑘𝑓1 𝑡)
𝜋𝑘
(𝑘 е непарен)𝑘=1

каде што А е амплитудата на квадратниот сигнал)


Решение

Основната фреквенција на квадратниот сигнал е

1 1
𝑓1 = = −3 = 1000 Hz
𝑇 10
28

Според тоа, низ филтерот ќе можат да поминат само првиот, третиот, петтиот и
седмиот хармоник (парните хармоници не постојат!), па со оглед на 𝐴 = 1, излезниот
сигнал ќе биде даден со изразот
4 41 41 41
𝑠𝑜 (𝑡) = 𝜋 𝑠𝑖𝑛( 2𝜋𝑓1 𝑡) + 𝜋 3 𝑠𝑖𝑛[ 2𝜋(3𝑓1 )𝑡] + 𝜋 5 𝑠𝑖𝑛[ 2𝜋(5𝑓1 )𝑡] + 𝜋 7 𝑠𝑖𝑛[ 2𝜋(7𝑓1 )𝑡]
Просечната моќност на влезниот сигнал ќе изнесува
𝑃𝑖 = 𝐴2 = 1 V 2
а, просечната моќност на излезниот сигнал е дадена со
4 2 4 2 1 2 4 2 1 2 4 2 1 2
( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( ) ( )
𝑃𝑜 = 𝜋
+ 𝜋 3
+ 𝜋 5
+ 𝜋 7
=0.9516 V 2
2 2 2 2

Значи отстранетите хармоници содржат помалку од 5% од моќноста на комплетниот


сигнал.
ЗАДАЧА 2.4 Определи ја спектралната ефикасност 𝑹𝒃 /𝑩 во сите 6 случаи од сликата
2.11. За кои вредности на 𝑹𝒃 /𝑩 ти изгледа кваитетот на пренос задоволителен

Сликата подолу претставува една презентација на сигналот на човечкиот говор


(аналоген сигнал) во временски домен (лево) и во спектрален домен (десно)

You might also like