You are on page 1of 94

АНАТОМИЈА – поделба

`РБЕТЕН СТОЛБ
Анатомијата на човекот е наука за
обликот и градбата на живо и здраво
човечко тело. Нејзинот назив
потекнува од грчкиот назив анатемин,
што значи расечување, расчленување
(дисекција како метод).
ВИДОВИ:

 Систематска анатомија (го проучува човечкиот


организам, обликот и градбата на неговите органи по
функционални системи).

 Топографска анатомија (ги изучува меѓусебните


односи на органите и нивните проекции според
скелетот и површината на телото)

 Рентгенска, пластична, компаративна


Системи или апарат во човечкото тело:

•Локомоторен апарат
•Дигестивен систем
•Респираторен систем
•Уро-генитален систем
•Кардио-васкуларен сиситем
•Нервен систем
•Систем на сетилни органи и кожа
•Систем на жлезди со внатрешна
секреција
• Основни латински термини:
• superior (rostralis) – горе, блиску до главата
• inferior (caudalis) – долу, блиску до стапала
• anterior (ventralis) – напред, блиску до челото
• posterior (dorsalis) – назад блиску до грбот
• medialis – внатре
• intermedialis – во средина
• lateralis – надвор
• proximalis – блиску до трупот
• superficialis – површински
• profundus - длабок
Основен став на човекот и просторни рамнини
За ориентација и меѓусебен однос на деловите и органите
кај човечкото тело одредени се 3 рамнини:

Фронталната рамнина е вертикално поставена и го дели


телото на преден и заден дел. Деловите пред неа се
означени како предни (anterior), а оние поставени зад неа
како задни (posterior).

Сагиталната рамнина е вертикално поставена и го дели


телото на десна и лева половина. Деловите кои се
поблиску до неа се внатрешни (medialis) , а оние кои се
подалеку се надворешни (lateralis). Низ човечкото тело
поминуваат безброј вакви рамнини од кои онаа која го дели
на две половини е наречена средишна или медијална.

Хоризонталната или трансверзалната рамнина е


паралелна со тлото и го дели телото на горен дел
(superior) и долен дел (inferior).
Просторни рамнини на човечко тело
Поделба на систематската анатомија

-наука за коските (osteologia),


-наука за зглобовите (sindesmologia),
-наука за мускулите (myologia),
-наука за внатрешните органи
(splanchnologia),
-наука за садовите (angiologia),
-наука за нервниот систем (neurologia),
-наука за сетилните органи (estesiologia)
ОСТЕОЛОГИЈА
Остеологијата е дел од анатомијата која се занимава со
изучување на коскениот систем.

-Функции на коскениот систем:

1.Потпорна
2.Локомоторна
3.Заштитна
4.Создавање на крвни клетки –;
5. Хомеостатска
Облик и надворешен изглед на коските
- долги, куси, плочести и неправилни

- Куси коски (os breve) се наоѓаат на краевите на


екстремитетите и кај `рбетниот столб. Го градат скелетот на коренот на
шаката и стапалото (carpus, tarsus).
- Долги коски (os longum)
припаѓаат на
екстремитетите. На секоја
долга коска се разликува
тело (corpus) или
дијафиза (diaphysis) и два
краја или (epiphysis).
Крајот кој што е поблиску
до трупот се нарекува
проксимален (epiphysis
proximalis), а другиот
дистален (epiphysis
distalis).
- Долги коски се:
- clavicula,
- humerus,
- radius, ulna,
- femur, tibia, fibula,
- метакарпални,
метатарзални коски и femur
- фаланги.
- Плочести коски os planum. Плочести коски
се: окципитална, париетална, фронтална,
носни, солзни, vomer, scapula, os coxe,
sternum, costae

scapula Os coxae
• Неправилни коски. Овде спаѓаат пршлените, sacrum,
coccyx, темпоралната, сфеноидалнта, етмоидалната,
зигоматичната коска, maxilla, mandibula, conha nasalis
inferior, os palitinum, os hyoideum.
-Биолошка реакција на коските (хипертрофија,
атрофија)
-регенерација на коските

НАДВОРЕШЕН ИЗГЛЕД НА КОСКИТЕ


(испакнувања и вдлабнувања кои се делат
на зглобни и незглобни)
Зглобните испакнувања и вдлабнувања
се покриени со тенок слој на хијалина
рскавица, а можат да имаат форма на топка
(caput), засек (incisura), макара (trochlea).
Незглобните испакнувања и вдлабнувања
служат за припој на мускули и зглобни врски.
Незглобните вдлабнувања во вид
јама (fossa), жлеб (sulcus),
отвор (foramen) или
 пукнатина (fissura)
Широкото нерамно и неправилно испакнување се
нарекува нерамнина (tuberositas),
мало правилно испакнување се нарекува џумче
(tuberculum),
 поголема џумка (tuber),
гребен (crista),
израсток (processus),
остар израсок боцка (spina).

Целата површина на коските со исклучок на


нејзините зглобни делови, е покриена со
беличаста фиброзна мембрана покосница
(periosteum).
Кај секоја коска на човекот се разликуваат два вида на
коскено ткиво, збиено и сунѓересто.
•Збиеното коскено ткиво (substantia compacta), го
формира површниот слој на коската
• Сунѓерестото коскено ткиво (substantia spongiosa) ги
исполнува нејзините длабоки делови.
Сунѓерестото коскено ткиво се состои од коскени гредички
кои меѓусебно се испреплетени и ги ограничуваат
ареолите , каде се наоѓа црвената коскена срж (medulla
ossium), каде се ствараат црвените крвни зрнца. Кај
плочестите коски на черепот помеѓу два листа на збиено
коскено ткиво се наоѓаат покрупни шуплини, наречени
diploë, кои се исполнети со венски капилари и меѓусебно
комуницираат.

•Кај долгите коски шуплината на дијафизата (canalis


medullaris) е исполнета со жолта коскена срж, која е богата
со масно ткиво.
`РБЕТЕН СТОЛБ (columna vertebralis)
`Рбетниот столб претставува коскена творба
составена од куси коски – прешлени
(vertebrae).
Бројот на прешлени кај човекот изнесува 33-
34,
7 вратни прешлени (vertebrae cervicales);
12 градни прешлени (vertebrae thoracicae);
5 слабински прешлени (vertebrae lumbalеs);
5 крсни прешлени (vertebrae sacrales) и
4-5 опашни прешлени (vertebrae coccygea).
Првите 3 групи, означени
како прави се поврзани меѓу
себе со меѓупрешленски
дискови,
додека крсните и опашните
прешлени се сраснати во
две коски: крстна коска (os
sacrum) и опашната коска
(os coccygis).
Заеднички морфолошки карактеристики на
прешлените
1. прешленско тело (corpus vertebrae);
2. прешленски лак (arcus vertebrae);
3.горен зглобен израсток (processus
articularis superior);
4. долен зглобен израсок (prosessus
articularis inferior);
5. напречен израсток (pcessus
transversus);
6. `ртен израсток (processus spinosus) и
7. прешленски отвор (foramen vertebrale).
Прешленското тело
(corpus vertebrae) e
најмасивен дел од
прешленот со
цилиндрична форма. На
него се разликуваат две
страни, горна и долна,
периферна кружна
површина и гранични
рабови. Централниот дел
на двете страни е
нерамен со спонгиозен
изглед и перфориран со
повеќе мали отвори.
Одговараат на мекото
јадро (nucleus pulposus)
од меѓупрешленскиот
диск (discus
intervertebralis).
Пршленскиот лак (аrcus vertebrae) е претставен со
а. парни корени и б.коскени плочки.
Коренот на пршленскиот лак (pediculus arcus vertebrae),
десен и лев се издвојува од телото. Неговите рабови се
издлабени во два засека incisura vertebralis superior et
inferior .
.
• Секој од нив со
соодветните
засеци од
соседните
прешлени
ограничува
меѓупрешленск
и отвор
(foramen
intervertebrale)
за премин на n.
spinalis
Плочките на меѓупрешленскиот лак (lamina arcus
vertebrae) лева и десна се насочени наназад
претставуваат продолжеток на соодветнот корен.
Напречниот израсток (processus transversus) е парен
и се насочува нанадвор од местото каде се соединуваат
плочките и коренот на лакот. Од истото место поаѓаат
зглобни израсоци, горен и долен (processus articularis
superior et inferior), кои на својот слободен крај носат
зглобни површини.
Задниот или ртен израсток (processus spinosus) е
Vertebrae cervicales
•Нивното тело е пониско во однос на другите
прешлени.

•Задната страна е нешто пониска во однос на


предната, пради што вратниот дел во целост е
конкавен наназад.

•(processus transversus) во својот корен има


овален отвор (foramen transversarium) за премин на
вертебралните крвни садови (a. et v. vertebralis ),

• а на врвот две џумки, предна и задна ( tuberculum


anterius et posterius).
Atlas – I вратен прешлен
Атласот е единствен прешлен кој не поседува тело и
prosessus spinosus.
На него се разликуваат следните составни делови:

1.бочна маса (massa lateralis),


2.преден лак (arcus anterior),
3.заден лак (arcus posterior),
4.напречен израсток (processus transverses),
5.прешленски отвор (foramen vertebrale).
Бочните маси со горната страна се зглобуваат со
окципиталните кондили, а долната страна со
вториот вратен прешлен (axis).
Прешленскиот отвор (foramen vertebrale) има два дела-
преден и заден, кои се одделени меѓусебно со напречната
врска на атласот (lig. transversum atlantis). Во предниот
дел се вовлекува забот (dens) од вториот вратен прешлен
(axsis), a задниот дел од отворот е значително поширок и
служи за премин на продолжениот мозок (medulla
oblongata).
AXSIS II вратен прешлен

1.dens
2.facies articularis superior
3.processus transverses
4. facies articularis inferior
5. corpus vertebrae
• Седмиот вратен прешлен покажува карактеристики кои се
среќаваат кај градните прешлени. Неговиот `ртен израсток
(processus spinosus) е долг, масивен, насочен надолу и
наназад, кој на врвот завршува со џумка, која под кожата
може да се палпира.
• Во одделни случаи на местото на предната џумка се среќава шилест
израсток, кој може да биде споен со зглоб за напречниот израсток и во
тие случаи носи назив вратно ребро, коешто предизвикува болки на
вратот при џвакање, заради блискиот сооднос со почетните гранки од
рамениот сплет (plexus brachialis).
Граден прешлен
• 12 на број
• Се зглобуваат со 12 пара ребра
• Гл одлики:
• Зглобни површини на телото (fovea
costalis superior et ininferior)- за
зглобување со главата на реброто
• На procesus transversus – fovea costalis
transverzalis за зглобување со
tuberculum costae
Слабински прешлени – vertebrae lumbales

Се карактериризираат со масивно крупно тело со


бубрежест облик. На секој напречен израсток
(processus transversus) се наоѓаат по два мали
израстоци: едниот латерален и подолг, наречен е
ребрен израсток (processus costarius), а вториот
заден кус, означен како помошен израсток
(processus accessorius)
promontorium
OS SACRUM

1.Basis ossis sacri


2.processus articularis superior
3.foramina sacralia pelvina
4.linae transversae
5.apex ossis sacri
1.basis ossis sacri
2.processus articularis
superior
3.foramina sacralia
pelvina
4.linae transversae
5.apex ossis sacri

Крстната коска е непарна, средишна коска локализирана


на задниот ѕид од карлицата помеѓу двете карлични
коски и на долниот крај од рбетниот столб. Кај возрасен
човек таа е составена од сраснати 5 сакрални
прешлени.. На неа се разликуваат: предна страна, задна
страна,две бочни страни, база и врв.
Предната или карлична страна (facies pelvina) по
форма е триаглеста и конкавна-вдлабната. На неа се
наоѓаат 4 парни отвори (foramina sacralia pelvina) кои
служат за премин на предните гранки на крстните
нерви (nn. sacrales) и помеѓу нив попречни линии
(lineae transversae), кои одговараат на телата на
првобитно одделените крстни прешлени.
6.canalis sacralis
8. crista sacralis mediana
12.hiatus sacrilis

Задната страна е конвексна-испакната со повеќе коскени


релјефи. На горниот крај од медијалната линија има коскен
засек налик на буквата U, којшто одговара на горниот отвор
од каналот на крстната коска (canalis sacralis). Средишниот
непарен гребен (crista sacralis mediana) e настанат од
споените ртни израстоци. Под долниот крај од гребенот се
наоѓа зјап (hiatus sacralis), кој претставува долен отвор на
canalis sacralis.
Латералните страни се зглобуваат со зглобната
површина од карличната коска. Базата на os sacrum
се зглобува со петтиот лумбален прешлен. Врвот на
крстната коска се зглобува со горната зглобна
површина од тртничката коска (os coccygis), со
неподвижен зглоб.
• Os coccygis претставува непарна средишна
коска, сместена на надворешниот дел од
рбетниот столб. Таа е составена од 4-5
закржлавени, меѓусебно сраснати
прешлени. На предната страна се припојува
m.coccygeus, на задната страна m.gluteus
maximus, а на врвот од коската m. levator ani.
`Рбетен столб во целина
- Предно задни кривини на `рбетниот столб

1. цервикална лордоза со
конвекситет нанапред

2. торакална кифоза со
конвекситет наназад

3. лумбална лордоза

4. сакрококцигеална или
пелвична кифоза.
Рбетниот канал го градат сите прешленски отвори (foramen
vertebrale) и се протега, речиси по цела должина на
`рбетниот столб. Во него е содржан `рбетниот мозок (medulla
spinalis).
На горниот крај се отвора во черепната празнина преку
foramen magnum од окципиталната коска, додека на долниот
крај продолжува во крстниот канал (canalis sacralis).
• Прашања:
1. Поделба на коските според форма и карактеристики!
2. Градба на коската
3. Број на пршлени, поделба и заеднички
карактеристики
4. Карактеристики на вратни, градни и слабински
пршлени
5. Карактеристика на атлас и аксис
6. Os sakrum, каде е сместена
7. Опис на предна и задна страна на сакрална коска
8. Со што се зглобуваат латералните страни базата и
врвот на сакралната коска
КОСКИ НА ГРАДЕН КОШ
KОСКИ НА ГРАДНИОТ КОШ (OSSA
THORACIS)

Градниот кош (thorax) го


сочинуваат:
 ребра (costae) и ребрени
рскавици,
 градна коска (sterrnum) и
 градни прешлени.
• Ребра (costae)
• Ребрата се сместени помеѓу
стернумот и торакалниот дел на
рбетниот столб, а претставуваат
плочести издолжени и лаковидно
извиени коски. Ги има 12 пара
• Се делат на:
• Прави ребра (costa verae), првите 7
пара кои со своите `рскавици директно
се зглобуваат со градната коска
• Лажни ребра (costa spuriae) –
осмото, деветто и десеттото
ребро, чии предни краишта се
зглобени меѓусебно со своите
ребрени `рскавици, а потоа
посредно преку `рскавицата од
седмото ребро се поврзуваат со
градната коска
Лебдечки ребра (costae fluitantes ) се
11-тото и 12-тото, се најкуси, а нивните
предни краишта се ребрени `рскавици
кои завршуваат во мускулатурата на
стомачниот ѕид и не доаѓаат во сооднос
со стернумот.
.

Кај секое ребро се


разликуваат тело и два
краја- преден и заден
• Телото на
реброто (corpus
costae) има
надворешна и
внатрешна страна
и два раба- горен
и долен.

• На внатрешната
страна се наоѓа
жлеб (sulcus
costae), по чија
должина
поминуваат
интеркосталните
нерви и крвни
садови (v. a.et nn.
intercostalis).
• Преден крај -
Предниот крај на
реброто има овална
вдлабнатина за
зглобување со
ребрената рскавица
(cartlago costalis)
• Заден крај.- На
задниот крај на
реброто се наоѓаат сл.
коскени елементи:
глава (caput costae),
врат (collum costae),
џумка (tuberculum
costae). Главата се
зглобува со
торакалните
прешлени.
• По својата морфологија се издвојуваат крајните
ребра.
• Првото ребро (costa prima) е најкусо и најшироко и
не поседува sulcus costae.
• На горната страна се наоѓаат бразди за премин на
v.subclavia, a.subclavia i plexus brachialis. Долната
страна одговара на кубето на плеврата (cupula
pleurae).
• Единаесеттото и дванаесеттото ребро се
куси и речиси прави ребра, кои не
поседуваат џумка (tuberculum costae) и
бразда (sulcus costae)
1.incisura jugularis
2.incisura clavicularis
3.manubrium sterni
4.incisura costalis
5.corpus sterni
6.processus xiphoideus
ЗГЛОБОВИ НА ГРАДНИОТ Стерноклавикуларе
КОШ
н зглоб (art.
sternoclavicularis)
е зглоб помеѓу
рачката на градната
коска (manubrium
sterni) и стерналниот
крај на клавикулата
(extremitas sternalis
claviculae).

Ова е единствениот зглоб меѓу градниот кош и горниот


екстремитет. Во овој зглоб се вршат движења на подигање
и спуштање на рамото односно надворешниот крај на
клучната коска , движење на рамото напред и назад и
незначително вртење на клучната коска.
Зглобови на градната
коска и ребрата
(articulations
sternocostales) се 7 на
број, а ги спојуваат
предните краишта на
ребрените `рскавици со
бочниот раб на
стернумот.

Костохонрдалните зглобови (art.costohondrales) се споеви


помеѓу предните краеви на ребрата и ребрените рскавици
Интерхондралните зглобови (art. interchondrales) ги
поврзуваат ребрените рскавици на 7 и 8; 8 и 9; и 9-то со 10-то
ребро.
• Костохонрдалните
зглобови
(art.costohondrales)
се споеви помеѓу
предните краеви на
ребрата и
ребрените рскавици

• Интерхондралните
зглобови (art.
interchondrales) ги
поврзуваат
ребрените рскавици
на 7 и 8; 8 и 9; и 9-
то со 10-то ребро
1.Споеви на рбетниот
столб (juncturae columnae
vertebralis) ги поврзуваат
меѓу себе прешлените и
можат да се поделат на:
1)споеви меѓу зглобните
израстоци,
2) споеви на прешленските
тела и
3)меѓупрешленски врски.

Споеви на зглобните израстоци (articulations


intervertebrales). Припаѓаат на групата рамни
зглобови и во нив се вршат ограничени движења
(torsio)-усукување. Кај секој зглоб procesus articularis
superior од долниот прешлен се зглобува со
processus articularis inferior од горниот прешлен.
2. Споеви на
прешленските тела.
Соседните прешлени
споени се со своите тела
со помош на
меѓупрешленски дискови,
вметнати меѓу нив,
формираат
интервертебрална
симфиза (symphisis
intervertebralis)

Меѓупрешленски дискуси (disci intervertebrales) се 23 на број. Првиот


е вметнат меѓу 2 и 3 вратен прешлен, а последниот меѓу 5
лумбален и базата на сакралната коска. На секој диск се разликува
влакнест престен (annulus fibrosus) и меко јадро (nucleus pulposus).
Зглобовите меѓу прешленските тела ги зајакнуваат две надолжни
врски, кои се прорегаат по целата должина на рбетниот столб:
lig.longitudinale anterius и lig. longitudinale posterius.
• Меѓупрешленски дискуси (disci intervertebrales) се 23 на
број. Првиот е вметнат меѓу 2 и 3 вратен прешлен, а
последниот меѓу 5 лумбален и базата на сакралната коска.
• На секој диск се разликува влакнест престен (annulus
fibrosus) и меко јадро (nucleus pulposus).
• Зглобовите меѓу прешленските тела ги
зајакнуваат две надолжни врски, кои се
прорегаат по целата должина на рбетниот
столб: lig.longitudinale anterius и lig.
longitudinale posterius.
3.Меѓупрешленски врски се врски помеѓу
прешленските израстоци.
Прешленските лакови (arcus vertebrae) на два
соседни прешлени се споени меѓу себе со помош на
жолтите врски (ligg. Flava)
Физиологија на споевите од `рбетниот столб

• Движењата во рбетниот столб се вршат во


зглобовите меѓу прешленските тела.
• Главни движења се: превиткување нанапред
(flexio, anteflexio) и испружување (extensio,
retroflexio) околу напречната оска;
• бочно превиткување (lateroflexio) околу
сагиталната оска; усукување (torsio) околу
вертикалната оска.
• Можно е и кружно движење (circumductio) со
комбинација на движењата околу напречната и
сагиталната оска. Најподвижен дел од рбетниот
столб е вратниот дел. Лумбалниот дел е добро
подвижен, а торакалниот дел е најмалку
подвижен.
МУСКУЛИ НА ТРУПОТ
Мускулите на трупот се
делат на дорзални (задна
група) и вентрални
(предна група) на мускули.
Во мускулите на предната
група спаѓаат мускулите
на градниот кош и
стомачните мускули.

Мускули на
градниот кош
Мускулите што
учествуваат во
градбата на ѕидовите
на градниот кош
можат да се поделат
во три групи:
1) преднобочна група;
2)задна група;
3)долна група на
мускули
Преднобочна група
Од таа група најзначајни се:
надворешните меѓуребрени
мускули
(mm. intercostales
externi); внатрешните
m.Intercostales exter меѓуребрени мускули
nus
(mm. intercostales
m.Intercostales
internus
interni); кусите мускули
m.Levator подигнувачи на ребрата
costarium
brevae (mm. levatores costarium
m. Levator breves);
costarium
longus
долгите мускули
подигнувачи на ребрата
(mm. levatores costarium
longi);
подребрените мускули
(mm. subcostales);
напречниот граден
мускул (m.transversus
thoracis).
MM Intercostales externi et
mm. intercostals interni ги
исполнуваат меѓуребрените
простори (spatia intercostalia)
и се припојуваат на
соседните ребра.
Долната група мускули на
ѕидовите на градниот кош е
претставена со еден плочест
мускул-дијафрагма.
Дијафрагма (diaphragma)
претставува плочеста
тетивномускулна
преграда меѓу
торакалната и
абдоминалната празнина.
Таа навлегува во
торакалната празнина
образувајќи неправилна
купола, со вдлабнат
среден тетивен дел, а
бочните два дела
формираат полусводови.
Дијафрагмата е изградена
од централен тетивен дел
(centrum tendineum) и
периферен мускулен дел.
. Тетивниот цен
тенка, но јака свтар (centrum tendineum) е
од горната стран рзноткивна творба, на к
срцевото ќесе а н а легнува срцето с оја
о
Припои: Во однос на
своите припои
дијафрагмата има три
дела:
1.граден дел (pars
sternalis) се припојува на
задната страна од
ксифоидниот израсток на
градната коска;
2.ребрен дел (pars
costalis) се припојува на
ребрените рскавици од
последните 6 ребра.;
3.слабински дел (pars
lumbalis) се припојува на
телата од 2 и 3 лумбален
прешлен.
Отвори на дијафрагмата:
Најзначајни се следните:
Аорталниот отвор (hiatus
aorticus) e oграничен со
телата на II и III лумбален
прешлен и низ него
поминува аортата
придружена со ductus
thoracicus.

Езофагеалниот отвор
(hiatus esophageus) лежи
понапред од аорталниот
отвор и низ него минува
езофагусот придружен со
десниот и лев n.vagus. Има
улога на сфинктер и на
дозволува враќање на
желудечната содржина при
контракција на
дијафрагмата.

Отворот на шупливата
вена (foramen venae cavae)
низ кој минува долната
шуплива вена.
Покрај горе опишаните отвори, меѓу
одделни мускулни делови се наоѓаат
помалку отпорни места или слаби
точки, кои овозможуваат комуникација
на градната со абдоминалната
празнина и постанок на дијафрагмални
кили. Тоа се trigonum costolumbale
(белодробната плевра е во близок
однос со масната капсула на бубрегот)
и spatium sternocostale (каде
белодробието доаѓа во скоро
непосреден контакт со абдоминалниот
перитонеум.
• Дијафрагмата е инервирана од дијафрагмалниот
нерв n. phrenicus кој претставува гранка на
plexus cervicalis.
• Дејство-дијафрагмата има значајна улога во
вдишувањето.
• Нејзината контракција која се врши автоматски
доведува до подигање на последните 6 ребра и
спуштање на дијафрагмалните сводови за 2-4cm.
што доведува до зголемување на сите пречници
на градната празнина.
• При дишење делува како антагонист на
абдоминалната мускулатура, а кога е потребно
зголемување на интраабдоминалниот притисок,
таа делува како синергист на абдоминалните
мускули.
Мускули на стомакот (mm.
abdominis)
Преднобочната група е
претставена со 5 парни плочести
мускули, кои се растегнати
помеѓу долниот торакален отвор
и горниот раб на карлицата. Тоа
се:
1.правиот стомачен мускул
(m.rectus abdominis);
2.надворешен кос стомачен
мускул (m.obliqus externus
abdominis);
3.внатрешен кос стомачен мускул
(m.obliqus internus abdominis);
напречен стомачен мускул 4.
(m.transversus abdominis) и
5.пирамидален мускул (m.
pyramidalis).
Овие мускули се инервирани од
последните меѓуребрени нерви-
n.intercostales и гранките на
plexus lumbalis.
На предниот
абдоминален ѕид се
разликуваат следните
слаби точки:
1.препонски канал
(canalis inguinalis) e
мускулно-апоневротичен
канал, долг 4-5цм,
поставен во
мускулатурата на
предниот абдоминален
ѕид, над препонската
врска (lig.inguinale
Pourarti).
Kaj мажите низ него
минува семената врвка
(funiculus spermaticus), а
кај жените валчестата
врска на матката (lig.teres
uteri
-
2. Бутен прстен
(annulus femoralis).
Низ него витките на
тенкото црево можат
да ја напуштат
стомачната празнина
формирајќи бутна
хернија.Сместен е во
предел на
ингвиналниот зјап,
медијално од
v.femoralis.
3.Папок (umbilicus) е
остаток од папочната
врвка и е сместен
нешто под средината
на белата линија (linea
alba).
Мускули на грбот
(mm.dorsi)
Грбните мускули од
топографска гледна точка
можат да се поделат на две
групи: а)површинска
б)длабока група.
Површинската група е
претставена со плочести
мускули. Овде спаѓаат:
трапезен мускул
(m.trapezius), најширок грбен
мускул
(m.latissimus dorsi),
подигнувач на лопатката
3. - m trapezius; (m.levator scapulae),
4. - m deltoideus; ромбоидни мускули
7. – m.teres minor; (m.rhomboideus minor et
9. – m. romboideus major; major) и
10 - m triceps brachii;
11 – m. latissimus dorsi; задните запчести кускули
(m. serratus posterior
superior et inferior).
M.levator scapulae
(подигнувач на
лопатката), сместен е
во горно медијалниот
дел од грбот и ја
подига скапулата или
го екстендира вратот.

M. rhomboideus
minor et major се
сместени во
горновнатрешниот
дел на грбот под
трапезниот мускул и
ја фиксираат
лопатката.

M. serratus posterior
superior et inferior
(задни запчести
мускули) се сместени
подлабоко од
претходните мускули

You might also like