You are on page 1of 150

«ГЖ-684/16»

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите:


Катерина Георгиевска - претседател на советот, Афрдита Шеху Асани и Маја
Маркова Котевска - членови на советот, во правната работа на тужителката В. П.
од К., против тужените Јавно претпријатие Комунална хигиена С. и Град С. - С.,
за надомест на штета, вредност на спор 250.000,00 денари, одлучувајќи по
жалбата на второтужениот, изјавена против пресудата на Основен суд Скопје II
Скопје П4-1936/14 од 26.11.2015 година, на нејавната седница на советот одржана
на ден 20.01.2017 година, го донесе следното:

РЕШЕНИЕ

ЖАЛБАТА на второтужениот, СЕ УВАЖУВА.

ПРЕСУДАТА на Основен суд Скопје II Скопје П4 - 1936/14 од


26.11.2015 година, СЕ УКИНУВА и предметот се враќа на првостепениот суд на
повторно постапување и одлучување.

Образложение

Основниот суд Скопје II Скопје со обжалената пресуда под I, делумно


го усвоил тужбеното барање на тужителката В. П. од К., па го задолжил
второтужениот Град С. од С. на тужителката да и исплати справедлив паричен
надомест на име нематеријална штета за повреда на нејзините лични права на
телсно и душевно здравје во вкупен износ од 120.000,00 денари, од кои за
претрпени физички болки износ од 50.000,00 денари, за претрпен страв износ од
30.000,00 денари и за претрепни душевни болки поради намалена општа животна
активност, износ од 40.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на Народна банка на РМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,
зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на пресудата - 26.11.2015
година до исплатата, на име надомест на материјална штета на име трошоци за
лекување во износ од 1.090,00 денари со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на Народна банка на РМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,
зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на поднесување на тужба -
04.12.2014 година до исплатата, како и да и ги надомести трошоците во
постапката во вкупен износ од 28.275,00 денари, се во рок од 15 дена од приемот
на пресудата, под страв на извршување. Првостепениот суд го одбил како
неосновано поголемото тужбено барање на тужителката за надомест на
нематеријална штета, за разликата од досудениот износ од 120.000,00 денари до
побараниот износ од 250.000,00 денари и тоа за претрпени физички болки од
досудениот износ од 50.000,00 денари, до побараниот износ од 100.000,00 денари,

1
«ГЖ-684/16»

за претрпен страв од досудениот износ од 30.000,00 денари до побараниот износ


од 100.000,00 денари и за претрпени душевни болки поради намалена општа
животна активност од досудениот износ од 40.000,00 денари до побараниот износ
од 50.000,00 денари, поголемото споредно барање на тужителот за времето на
течење на законска казнена камата на материјална штета сметано од 19.03.2014
година до денот на поднесување на тужбата- 04.12.2014 година, како и
поголемото тужбено барање за надомест на трошоци во постапката за разликата
од досудениот износ од 28.275,00 денари до побараниот износ од 60.068,00
денари. Под II, го одбил како неосновано тужбеното барање на тужителката В. П.
од К., со кое се бара да се задолжи првотужениот ЈП Комунална хигиена С.
солидарно со второтужениот Град С. од С. да и исплати на тужителката надомест
на нематеријална штета во вкупен износ од 250.000,00 денари и тоа: за физички
болки износ од 100.000,00 денари, за претрпен страв износ од 100.000,00 денари и
за намалена животна активност износ од 50.000,00 денари, со законска казнена
камата во висина на референтната стапка на Народна банка на РМ што за секое
полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на
пресудувањето - 26.11.2015 година до исплатата, да ја надомести материјалната
штета за трошоци за лекување во износ од 1.090,00 денари со законска казнена
камата во висина на референтната стапка на Народна банка на РМ што за секое
полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени, сметано од 19.03.2014
година до исплатата, како ида му ги надомести трошоците сторени во текот на
постапката вкупен износ од 60.068,00 денари.

Против наведената пресуда жалба изјавил второтужениот, со која ја


побива истата поради сторени суштествени повреди на одредбите на парничаната
постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена
на материјалното право. Предлага жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се
укине и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно одлучување,
или истата да се преиначи и да се одлучи дека тужбата на тужителот против
тужениот е неоснована во целост поради немање на пасивна легитимација.

Одговор на жалба не е поднесен.

Апелационен суд Скопје по испитување на обжалената пресуда,


наводите во жалбата и другите списи приложени кон предметот, најде:

Жалбата е основана.

Основан е жалбениот навод за сторена суштествена повреда на


одредбите на парничната постапка од член 343 став 2 точка 14 од ЗПП, од
причини што обжалената пресуда е нејасна, неразбирлива, не содржи доволно
јасни и образложени причини за решителните факти од кои судот се раководел
при одлучувањето, дадените причини се во противречност со содржината на
изведените докази и пресудата има недостатоци поради кои не може во целост и

2
«ГЖ-684/16»

со сигурност да се испита.

Имено, првостепениот суд утврдил дека на ден 17.02.2014 година во


Скопје, тужителката В. П., по враќање од вечерното излегување со своето момче
В. Г., после 2,00 часот по полноќ, излегувајќи од станбена зграда на бул.„... М.
Б.“, наспроти Американ Колеџ во која тогаш живеела, со намера да го фрли
ѓубрето во контејнерите кои се наоѓале покрај булеварот, била нападната од 5-6
кучиња скитници кои се наоѓале во непосредна близина на контејнерите.
Кучињата скитници ја обиколиле и започнале да ја влечат и касаат во пределот на
нозете и задникот, па тужителката откако видела дека не престануваат започнала
да трча кон булеварот, каде била пресретната од возилото на нејзиниот дечко В.
Г., по што кучињата се разбегале. Тужителката веднаш била пренесена во
Ургентниот центар, од кааде била упатена на Универзитетската клиника за
инфективни болести и фебрилни состојби, каде и била направена локална тоалета
на раните и била поставена дијагноза за потреба за имунизација против тетанус и
против беснило и и била дадена соодветна терапија. Тужителката била упатена на
лекување во Градската Општа Болница 8-ми Септември С.- Оддел за инфективни
болести и фебрилни состојби. Од страна на тужителката настанот бил пријавен во
Полициска станица Аеродром на ден 18.02.2014 година и за истиот настан била
составена службена белешка бр.2950 и била издадена потврда. Од незгодата
тужителката В. П.се здобила со телесни повреди изразени во вид на рани од
каснување на задната страна на левата и десната потколеница и рани од каснување
на задникот.Болката е редовен пратител на физичкото оштетување на ткивата. По
својата природа е непријатно чувство, спонтана или провоцирана реакција од
различен карактер и интензитет. Тужителката се здобила со рани од каснување на
задната страна на двете потколеници и задникот. Кучето зафаќа со заби т.е.
натратува и пробива, а потоа влече и раскинува. Обликот на овие рани е типичен
за забите на животното. Овие рани не крварат бидејќи се смачкани крвните садови
и брзо доаѓа до тромбоза, што од друга страна е лошо за нивното заздравување.
Голем проблем кај овие рани е инфекцијата бидејќи таа е мешана, а кај некои од
нив ако е присутно беснило е мошне опасно. Во моментот на каснување се јавува
силна болка и доаѓа до подувување (едем) и зацрвенување на местото
(хиперемија) Стравот, како емоционална реакција или состојба, е најсложена
форма на психолошка манифестација и една од најзначајните причини за
човековата нелагодност. Во конкретниот случај, интензивен примарен страв
тужителката почувствувала во моментот на соочување со непосредната опасност
и опстојувал како појава на физичка болка, меѓутоа стравот бил краткотраен и
престанал откако лекарот и ја објаснил природата на повредите. После
примарниот страв, кај тужитетлката се надоврзал секундарен страв со лесен
интензитет заради опфатеноста со интензивното доживување на настанот.
Стравот кај тужителката, во почетокот бил манифестиран со вегетативна
пренадразливост, пориви на плач со претерана будност, со засилена реакција на
исплашеност, возбуда како и епизоди на повторно преживување на траумата во
наметнатите сеќавања (флеш бек), во соништата или во ноќните мори кои
упатуваат на интензивно доживеана психичка траума. Општата животна
способност, непосредно по повредувањето и во периодот на заздравување на

3
«ГЖ-684/16»

повредите, односно 4 недели од повредувањето, тужителката поради природата на


повредите не можела да ги исполнува своите обврски, да ги остварува своите
духовни желби и прохтеви, била лишена од социјални контакти, од своите блиски
и познати така да за ова време била со смалена општа животна активност, поради
престојот во болница од еден месец. После 4 месеци од травматичниот настан,
при моменталниот медицински преглед и психијатриско испитување не се најдени
трајни последици кај тужителката по физичкото и психичкото здравје Од
здобиените повреди тужителката имала трошоци за лекување на име учество во
здравствените услуги во вкупен износ од 1.090,00 денари.

Советот на Град С., сега второтужениот со Програма за решавање на


проблемот со животните скитници на подрачје на Град С. во 2014 година од
03.12.2013 година, ги утврдил активностите за третирање на кучињата скитници и
во истата е утврдено финансирање на програмата кое се врши од страна на
буџетот на Град С.. Со програмата како извршител на активностите предвидени
со истата, врз основа на претходно склучен Договор со второтужениот Град С., е
првотужениот ЈП Комунална хигиена С.. Со договор склучен на ден 22.01.2014
година, помеѓу второтужениот Град С., како нарачател и првотужениот ЈП
Комунална хигиена С., како извршител, се регулирани односите меѓу договорните
странки поврзани со заловување и медицинскиот третман на животните скитници
на подрачјето на Град С. за 2014 година, кои опфаќаат заловување на животни,
нивни транспот до стационарот, прием и клинички преглед, лабараториско
испитување на животните, идентификација и водење евиденција,
овариохистеректомија, транспорт на животните до приближно место каде што се
заловени и еутаназија на болни и опасни по средината животни..

Имено, од приложената Програма за решавање на проблемот со


животните скитници на подрачје на Град С., во 2014 година од 03.12.2013 година
од Советот на Град С., првостепениот суд утврдил кои активности биле
предвидени со програмата, како и дека првотужениот бил определен за
извршување на истите. Од Централниот регистар на РМ од 15.09.2014 година,
утврдил дека првотужениот ЈП Комунална хигиена С., е основан од страна на
Град С., а од Договор заведен под бр.03-624 од 21.01.2014 година, склучен помеѓу
Град С. и ЈП Комунална хигиена С., утврдил дека помеѓу тужените бил склучен
договор во врска со извршување на активностите предвидени во Програмата за
решавање на проблемот со животните скитници, во кој договор првотужениот е
извршител на активностите во предметот на договорот, а второтужениот е
нарачател на истите. Од склучениот Договор првостепениот суд утврдил дека
биле регулирани односите помеѓу договорните странки поврзани со заловување и
медицинскиот третман на животните скитници на подрачејто на Град С. за 2014
година, кои опфаќаат заловување на животни, нивен траспорт до стационарот,
прием и клинички преглед, лабараториско испитување на животните
идентификација и водење евиденција, овариохистеректомија и орхиектомија,
постоперативно сметсување и нега, вакцинација и дехелментација, транспорт на
животните до приближното место каде што се заловени и еутаназија на болни и
опасни по средината животни.

4
«ГЖ-684/16»

Согласно чл. 10 од Законот за Град С. и чл. 25 од Законот за заштита и


благостостојба на животните, првостепениот суд оценил дека во надлежност на
второтужениот Град С. е грижа и згрижување на кучиња скитници, поради што
оценил дека второтужениот е должен за надомест на материјалната и
нематеријалната штета која ја претрпела тужителката од кучињата скитници.

Спрема првотужениот ЈП Комунална хигиена С., првостепениот суд го


одбил тужбеното барање, од причина што оценил дека на негова страна нема
пасивна легитимација за водење на овој спор. Од изведените докази во текот на
постапката и тоа Програмата донесена од Советот на Град С. од 03.12.2013
година, како и од Договорот склучен помеѓу прво и второтужениот заведен под
број 03-624 од 22.01.2014 година, утврдил дека првотужениот имал обврска само
за преземање на точно определени активности заради хумано третирање на
животните скитници, и тоа хуман третман на кучињата, заловување на животните
и нивно транспортирање до стационарот, клинички преглед, идентификација и
водење евиденција и повторно враќање на животнте до приближното место од
каде се заловени. Согласно претходното, првостепениот суд нашол дека
првотужениот не е солидарно одговорен за надомест на штетата која ја претрпела
тужителката од кучињата скитнци, односно дека оваа обврска претставува
одговорност за надомест на штета од второтужениот Град С., од причина што
првотужениот нема обврска за ерадикција на животите скитници, а обврска на
второтужениот е контрола на популацијата на кучињата скитници и нивно
собирање и згрижување.

Одлучувајќи на наведениот начин, а по оцена на овој суд,


првостепениот суд по однос на пасивната легитимација на тужните во
предметната постапка, во недоволна мера ја ценел Програмата за решавање на
проблемот со животните скитници на подрачје на Град С., во 2014 година од
03.12.2013 година од Советот на Град С., како и Договорот заведен под бр.03-624
од 21.01.2014 година, склучен помеѓу Град С. и ЈП Комунална хигиена С..

Имено, правилно првостепениот суд согласно чл. 10 од Законот за град


Скопје (Сл.весник на РМ бр.55/04), утврдил дека е предвидено дека надлежности,
односно работи од јавен интерес од локално значање за градот С. се комунални
дејности и тоа меѓудругите дејности и ерадикција на животните скитници.

Согласно чл. 13 од истиот Закон, Градот С. за вршење на јавни работи


од локално значање во рамките на својата надлежност, може да основа јавни
служби, во согласност со закон.

Од друга страна Законот за заштита и благосостојба на животните


(Сл.весник на РМ бр.113/07) во член 25 ст.1 определува дека општините во градот
С., односно градот С., се надлежни да вршат собирање на кучињата скитници и
нерегистрираните кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти -
прифатилишта.

5
«ГЖ-684/16»

Како комунални дејности во смисла на Законот за комунални дејности


(Сл.весник на РМ бр.85/12) меѓудругите во членот 5 став 1 точка 15 е наведена и
уловување на животни скитници.

Согласно чл. 9 став 1 од истиот Закон, комуналните дејности се вршат


во согласност со Законот за комунални дејности и друг Закон, како и прописите
донесени од страна на општините, општините во градот С. и градот С.. Ставот 2
од истиот член предвидува дека за вршење на комуналните дејности, општините
односно градот С., можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посбен
закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а
доколку општината односно градот С. немаат основано јавно претријатие
вршењето на комуналните дејности може да го доверат на правни и физички лица
кои поседуваат дозола за вршење соодветна дејност.

Законот за комунални дејности, тргнувајќи од критериумот за тоа чија


потрошувачка се задоволува, разликува комунални услуги за задоволување на
индивидуална потршувачка и услуги за задоволување на заедничка потрошувачка.
Во таа насока, во групата на комунални дејности за задоволување на заедничката
потрошувачка, согласно член 14 став 3 алинеја 9 од цитираниот Закон, спаѓа и
ерадикција на животни скитници.
Поаѓајќи од фактот дека општините, општините во градот С. и градот
С. имаат утврдена законска надлежност да вршат собирање на кучиња скитници и
нерегистрирани кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти -
прифатилишта, како и фактот дека уловување и ерадикција на животните
скитници претставува комунална дејност, за која општината, општините на градот
С. и градот С. може да основаат јавно претријатие или врешњето на оваа дејност
да го доверат на правното лице, произлегува дека солидарно се одговорни за
надомест на штета причинета со каснување од куче скитник се општината,
односно Градот С. и јавното коунално претријатие или друго правно лице, на кое
со договор му е доверено собирањето на кучиња скитници и нерегистрираните
кучиња.

Во конкретниот случај, постоењето на солидарната одговорост на


општината, односно градот С. и јавното комунално претријатие се утврдува врз
основа на фактот дали општината односно градот С. со договор пренеле
(довериле) надлежност на собирање на кучињата скитници и нерегистрираните
кучиња.

Имајќи го претдвид претходното, првостепениот суд во насока на


утврдување на постоење на солидарна одговорост на тужните во предметната
правна работа, во недоволна мера ценел дека е донесена Програма за решавање на
проблемот со животните скитници на подрачје на Град С. во 2014 година од
03.12.2013 година од Советот на Град С., како и дека е склучен Договор заведен
под бр.03-624 од 21.01.2014 година, помеѓу Град С. и ЈП Комунална хигиена С.,
каде првотужениот е извршител на активностите во предметот на договорот, а

6
«ГЖ-684/16»

второтужениот е нарачател на истите. Од ова произлегува дека град С. има


основано јавно претријатие во чија надлежност е префрлена обврската за
згрижување и ерадикција на животните скитници, така да од асепкт на со договор
довереното собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња од
страна на второтужениот како нарачател, на првотужениот како извршител на
овие активности, треба да се цени и пасивната легитимација на тужените во
предметната правна работа.

Од погоре наведените причини овој суд одлучи жалбата на


второтужениот да се уважи, а обжалената пресуда да се укине и предметот да се
врати на првостепениот суд на повторно постпаување и одлучување, согласно
член 358 и чл. 359 од ЗПП.

При повторно постапување и одлучување првостепениот суд ќе треба


да ги има предвид погоре наведените укажувања, па во таа смисла да ја отстрани
констатираната суштествена повреда на одредбите на постапката на начин што ќе
донесе јасна и разбирлива одлука, со доволно јасни и образложени причини за
утврденото.

Имено, потребно е првостепениот суд да ја преоцени пасивната


легитимација на првотужениот ЈП комунална хигиена С., односно да утврди со
сигурност дали постои солидарна одговорност првотужениот ЈП Комунална
хигиена С. и на второтужениот град С. во предметната правна работа, од аспект
на утврдување на фактот дали Градот С. со договор ја пренел (доверил)
надлежноста на собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња на
првотужениот ЈП Комунална хигиена С. како на јавно комунално претријатие, а
врз основа на кој договор е доверено собирањето на кучињата скитници и
нерегистрираните кучиња од страна на второтужениот како нарачател, на
првотужениот како на извршител, па на правилно утвредните решителни факти
дали постои со договор пренесена надлежност од страна на второтужениот на
првотужениот за врешење на овој вид на комунални услуги, првостепениот суд да
преоцени дали првотужениот и второтужениот се солидарно одговорни за
надоместот на материјалната и нематеријалната штета која ја претрпела
тужителката, со што првостепениот суд ќе биде во можност со правилна примена
на материјалното право да донесе правилна и законита одлука, во која ќе се
произнесе за основноста или неоснованоста на поставеното тужбено барање.

АПЕЛАЦИОНЕН СУД СКОПЈЕ ГЖ-684/16 од 20.01.2017 година.

Претседател на совет - судија,


Катерина Георгиевска с.р.

7
«ГЖ-201/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите: Лидија


Димчевска, претседател на советот, м-р Суад Алиу и Зора Треневска, членови на
советот, во правната работа на тужителот Бобан Јанкоски од С., против тужените
Град С. С. и Јавно претпријатие КОМУНАЛНА ХИГИЕНА С., за надомест на
нематеријална штета, вредност 150.000,00 денари, одлучувајќи по жалбата на
првотужениот и второтужениот, изјавена против пресудата на Основниот суд
Скопје II С. МАЛВП-1510/15 од 17.05.2016 година, на нејавната седница на
советот одржана на ден 11.01.2018 година, ја донесе следната:

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот и ЖАЛБАТА на второтужениот, СЕ


ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје II С. МАЛВП-1510/15 од


17.05.2016 година и Решението за трошоци, составен дел на пресудата, СЕ
ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ првотужениот и второтужениот, солидарно да му


ги надоместат на тужителот, трошоците во жалбена постапка во износ од
15.306,00 денари, во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

ПОГОЛЕМОТО БАРАЊЕ на тужителот за надомест на парнични


трошоци сторени во жалбена постапка и тоа за разликата од досудениот износ од
15.306,00 денари до предјавениот износ, СЕ ОДБИВА.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот Бобан Јанкоски од С.. Ги задолжил тужените
Град С. и Јaвно претпријатие Комунална хигиена од С., солидарно на тужителот
Бобан Јанкоски од С., да му исплатат нематеријална штета на име справедлив
паричен надоместок поради повреда на личните права на телесни и душевно
здравје сума во вкупен износ од 95.000,00 денари и тоа за претпрен физички бол
сума во износ од 15.000,00 денари, за претрпен страв сума во износ од 55.000,00
денари, за претрпени душевни болки поради намалена општа животна активност
сума во износ од 25.000,00 денари, со законска казнена камата сметано од денот
на пресудувањето 16.05.2016 година, во висина на референтната стапка на НБ на
РМ, што за секое полугодие важела на последниот ден на полугодието што му

1
«ГЖ-201/17»

претходело на тековното полугодие зголемена за 8% поени се до исплатата, во


рок од 8 дена по приемот на пресудата под страв на присилно извршување.
Поголемото тужбено барање на тужителот Бобан Јанкоски од С. да се задолжат
тужените Град С. и Јавно претпријатие Комунална хигиена од С. во рок од 8 дена
по приемот на одлуката солидарно да му исплатат надомест на нематеријална
штета поради повреда на личните права на телесно и душевно здравје и тоа за
претрпен физички бол за разликата од досудениот износ до бараниот износ од
40.000,00 денари, за претрпен страв од досудениот до бараниот износ од 80.000,00
денари и за претрпени душевни болки поради намалена животна активност за
разликата од досудениот износ до бараниот износ од 30.000,00 денари, го одбил
како неосновано. Со решение, составен дел на пресудата, ги задолжил тужените
Град С. и Јавно претпријатие Комунална хигиена од С., солидарно на тужителот
Бобан Јанкоски од С., да му ги надоместат трошошоците сторени во постапката во
вкупен износ од 25.590,00 денари, а се во рок од 8 дена по приемот на пресудата
под закана на присилно исполнување.

Незадоволен од ваквата пресуда останал првотужениот, кој со навремена


жалба ја побива истата поради суштествена повреда на одредбите на парничната
постапка, погрешно и нецелосно утвртдена фактичка состојба и погрешна
примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, обжалената
пресуда да се укине и предметот да се врати пред првостепениот суд на повторно
судење или истата да се преиначи во смисла на жалбените наводи.

Против првостепената пресуда, навремена жалба изјавил и


второтужениот поради суштствена повреда на одредбите на парничната постапка
и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, а
првостепената пресуда да се укине и предметот да се врати пред првостепениот
суд на повторно судење или истата да се преиначи во смисла на жалбените
наводи.

Одговор на жалба поднел тужителот, преку полномошник Нина


Атанасовска, адвокат од С., со кој се оспоруваат жалбените наводи истакнати во
жалбите на тужените, со предлог жалбите на тужените да се одбијат како
неосновани, а обжалената пресуда да се потврди и тужените да се задолжат со
трошоци во жалбена постапка.

Апелациониот суд Скопје, по испитување на обжалената пресуда,


наводите во жалбите, одговорот на жалба и другите списи по предметот, согласно
чл.354 ст.1 од ЗПП, најде:
Жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст. 2 т. 14 од ЗПП, бидејќи
првостепената пресуда во обжалениот дел е јасна и разбирлива, содржи доволно
образложени причини за решителните факти од кои се раководел првостепениот
суд при одлучувањето, поради што може со сигурност да се испита.

2
«ГЖ-201/17»

Имено, првостепениот суд од изведените и ценети докази утврдил дека


на ден 11.06.2015 година во 19.50 часот, во близина на мостот Обединети нации
во С., тужителот наеднаш бил нападнат од куче скитник кое агресивно се фрлило
врз него и го гризнало во пределот на десната надколена регија. Настанот се
случил во присуство на сведоците Е. Џ. и Ф. Р.. Веднаш по каснувањето од страна
на кучето, раната која ја здобил тужителот му била исчистена од страна на лицето
Ф. Р., а потоа тужителот се упатил на Универзитетската клиника за инфективни
болести и фербилни состојби С., каде што на инфективно одделение му бил
направен клинички преглед при што на десната надколеница преку облеката со
статус на десната надколеница биле присутни две убодни рани со околна
ескоријација на кожа и лесен едем, при што му била утврдена дијагноза каснат
или удрен од куче. Тужителот веднаш примил терапија и поради неможноста да
достави ветеринарна потврда за кучето бил упатен наредниот ден да се јави на
инфективното одделение за отпичнување на антирабична серо и
вакцинопрофилакса, која терапија ја примил во период од 12.06.2015 година до
10.07.2015 година. На критичниот ден, како резултат на нападот од кучето -
скитник, тужителот се здобил со телесна повреда - угризна рана од куче во
пределот на десната надколеница со две убодни рани со околна ексоријација на
кожа и лесен едем.

Во поглед на жалбените наводи за погрешно и нецелосно утврдената


фактичка состојба, овој суд не се впушти во оцена на тие жалбени наводи, бидејќи
согласно чл.438 ст.1 од ЗПП, пресуда или решение со кое завршува спорот во
постапката од мала вредност може да се побива само поради суштествени повреди
на одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.2 на овој закон и поради
погрешна примена на материјалното право. Со оглед да во конкретниот случај
паричното побарување од тужбата не го надминува износот од 180.000,00 денари,
согласно чл.430 ст.1 од ЗПП се работи за спор од мала вредност и согласно чл.438
ст.1 од ЗПП пресудата донесена во овој вид спорови не може да се побива поради
погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба.

Во изјавената жалба на првотужениот Град С. се наведува дека


првостепениот суд погрешно утврдил дека тој има обврска за надомест на штета
спрема тужителот, при тоа не земајќи во предвид дека согласно одредбата од
членот 13 од Законот за Градот С. (Службен весник на РМ број 55/04) за вршење
на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежност, Градот С.
може да основа јавни служби во согласност со закон и дека тој всушност е
основач на ЈП„Комунална Хигиена“-С. и својата надлежност од комуналната
дејност да се грижи за ерадикација на животните скитници на подрачјето на
Градот С., ја има префрлено на ова претпријатие. Воедно истакнува дека
првостепениот суд со сигурност не утврдил дали се работи за третирано или
нетретирано куче - куче кое нема беџ и во тој случај требало да биде утврден
сопственикот на кучето. Како и дека првостепениот суд воопшто не ги зел во
предвид законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита и
благосостојбата на животните (Службен весник на РМ бр.113/07 и 136/11 ) за да

3
«ГЖ-201/17»

може да утврди дали Град С. преку основаното јавно претпријатие постапувал


согласно закон, а доколку не постапувал кои пропусти ги сторил. Понатаму
наведува дека немањето на пасивна легитимација на страна на првотужениот
произлегувала и од Уставот на Република М., според кој согласно чл.56 е
предвидено дека добрата во општа употреба се добра од општ интерес за
Републиката и уживаат посебна заштита. Наведената одредба од Уставот на
Република М. понатаму упатува на Законот за сопственост и други стварни права
во кој бил содржан членот 16 кој определува дека сите природни богатства,
растителниот и животинскиот свет, стварите во општа употреба, градежното
земјиште, шумите и земјоделското земјиште, пасиштата и водите, како и стварите
и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се
ствари ( добра) од општ интерес за Рапубликата.

Во жалбата на втортужениот ЈП Комунална хигиена се наведува дека


тој во рамките на својата доверена надлежност не е надлежен да се грижи за
заштита на граѓаните од кучињата скитници, бидејќи согласно Законот тоа е во
надлежност на Градот С.. А ова дотолку повеќе што предвидените активности во
Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на
град С. се финансираат од Град С., па оттука единствено Град С. може да биде
пасивно легитимирана странка во оваа постапка.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како


неосновани, од причина што согласно одредбата од чл.10 точка 4 алинеја 21 од
Законот за град С. (Сл.весник на РМ бр.55/2004) надлежности, односно работи од
јавен интерес од локално значење на градот С. се комунални дејности меѓу кои и
ерадикација на животните скитници, а согласно чл.13 од истиот закон градот С. за
вршење на работи од јавен интерес од локално значење во рамките на својата
надлежност може да основа јавни служби во согласност со закон. Согласно чл.25
ст.1 од Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ
бр.113/07) , општината, општините во градот С., односно градот С. се надлежни
да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и
привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти
треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски
услови и да се обезбеди нивно ефикасно затварање. Согласно чл.9 ст.2 од Законот
за комунални дејности (Сл.весник на РМ бр.85/12) за вршење на комуналните
дејности, општините односно градот С., можат да основаат јавно претпријатие,
доколку со посебен закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не
е уредено, а доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно
претпријатие, вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни
и физички лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Во таа
насока, во групата на комунални услуги за задоволување на заедничка
потрошувачка, согласно чл.14 ст.3 алинеја 9 од Законот за комунални дејности,
спаѓа и ерадикација на животни скитници. Во конкретниот случај во програмата
за решавање на проблемот со животни скитиници на подрачје на град С. во 2015
година бр.16/2014 година-Службен гласник на град С., биле предвидени
активности за решавање на проблемот за животните скитници, како и дека

4
«ГЖ-201/17»

второтужениот ЈП Комунална Хигиена бил определен за извршување на истите.


А, Град С. и ЈП Комунална Хигиена, склучиле договор заведен под деловоден
бр.03-285 од 15.01.2015 година кај второтужениот, и бр.08-365 од 21.01.2015
година заведен кај првотужениот, со кој го утврдиле извршувањето на
активностите предвидени во програмата за решавање на проблемот за животните
скитници. Во договорот од 2015 година, склучен помеѓу Град С. како нарачател и
ЈП Комунална Хигиена С. како извршител, регулирани се односите помеѓу
нарачателот и извршителот на активностите поврзани со заловување и
медицински третман на животните скитници на подрачјето на Град С. за 2015
година. Во членот 1 од договорот, наведено е дека активностите поврзани со
заловување и медицинскиот третман на животните скитници опфаќа заловување
на животните, нивен транспорт до стационар, прием на клинички преглед,
идентификација и водење евиденција, вакцинација и дехелментација, транспорт
на животните до приближното место од каде се заловени, еутаназија на болни и
опасни по средината животни. Во членот 4 од договорот е наведено дека
извршителот е должен по добиена дојава за теренско интервенирање од страна на
нарачателот или од страна на граѓани да излезе на терен веднаш и да ја преземе
потребната активност. Во членот 8 од договорот наведено е дека нарачателот
врши контрола на начинот и обемот на извршување на услугата што е предмет на
договорот.

Имено, имајќи ги во предвид погоре цитираните законски одредби, со


оглед да општината, односно градот С. имаат утврдена законска надлежност да
вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да
ги сместат во соодветни објекти-прифатилишта, како и дека уловувањето и
ерадикацијата на животните скитници е комунална дејност, за која општините,
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа
дејност да го доверат на правно лице, по оцена на овој суд правилно утврдил
првостепениот суд дека и првотужениот и второтужениот имаат пасивна
легитимација, односно и двајцата солидарно се одговорни да му ја надоместат
штетата на тужителот. Во контекст на ова е и правното мислење на Врховен суд
на РМ од 04.03.2016 година, согласно кое солидарно одговорни за надомест на
штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот С.
и Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е
доверено собирање на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња.

Неоснован е жалбениот навод за погрешна примена на материјалното


право.

Во жалбата на првотужениот се наведува дека првостепениот погрешно


ја применил одредбата од чл.189 од ЗОО.

Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но не ги прифати


како основани, бидејќи на правилно и целосно утврдена фактичка состојба,
првостепениот суд правилно го применил чл.189 од Законот за облигациони
односи. Имено, согласно чл.189 ст.1 од ЗОО, во случај на повреда на личните

5
«ГЖ-201/17»

права судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го


оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од
надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Согласно ст.2
од истиот член при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок
судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле
предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која
служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со
стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел.

Во конкретниот случај врз основа на вештачењето извршено од страна


на вешто лице проф д-р Виктор Камиловски бр.01-08/15, првостепениот суд
утврдил дека тужителот, како последица на повредите добиени од каснување од
куче се здобил со телесна повреда - угризна рана од куче во пределот на десната
надколеница со две убодни рани со околна ексоријација на кожа и лесен едем и
при тоа правилно ги утврдил интензитетот и времетраењето на претрпените
физички болки, страв и душевни болки поради намалената општа животна
активност, кои се конкретно опишани во фактичката состојба на обжалената
пресуда. Оттука, со оглед на утврденото, а раководејќи се од чл.189 од ЗОО,
правилно првостепениот суд на име надомест на нематеријална штета поради
повреда на неговите лични права на телесно и душевно здравје му досудил на
тужителот износ од 95.000,00 денари од кои: 15.000,00 денари за претрпен
физички бол, 55.000,00 денари за претрпен страв и 25.000,00 денари за душевни
болки за намалена животна активност, а поголемото тужбено барање го одбил
како неосновано.

За вака досудените износи ако се имаат предвид утврдените критериуми


според силината и траењето на повредата со кои биле предизвикани физичките
болки, душевни болки и страв, за целта за која служи надоместокот, водејќи
сметка самиот надоместок да е доволна стисфакција на тужителот и истиот да не е
во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и
општествена цел, овој суд цени дека истите претставуваат справедлив паричен
надомест.

Овој суд при одлучувањето ги имаше предвид и останатите жалбени


наводи, но за истите цени дека се ирелевантни и без влијание за поинакво
одлучување во конкретниот случај и не влијаат на законитоста на обжалената
пресуда.

Од напред изнесените причини во смисла на чл.357 од ЗПП, одлучено е


како во изреката на пресудата.
Имајќи предвид дека жалбите на првотужениот и на второтужениот
против пресудата се одбиени како неосновани, а тужителот, преку полномошник
Нина Атанасовска, адвокат од С., поднел одговор на жалба во кој бара надомест
на трошоци за награда за состав на одговор на жалба и за такса за одговор на
жалба, овој суд согласно чл.160 ст.1 в.в. со чл.158 ст.1 од ЗПП, ги задолжи
тужените солидарно да му ги надоместат на тужителот трошоците сторени во

6
«ГЖ-201/17»

постапката по жалба кои се однесуваат за награда за состав на одговор на жалба


од полномошник во износ од 13.806,00 денари и такса за одговор на жалба
1.500,00 денари, или вкупен износ од 15.306,00 денари, согласно АТ на РМ и
Законот за судски такси, а поголемото барање за надомест на трошоци го одби
како неосновано.

Апелационен суд Скопје ГЖ-201/17 од 11.01.2018 година.

Претседател на совет-судија
Лидија Димчевска, с.р.

7
ГЖ-6516/17

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите: м-р


Катерина Георгиевска, претседател на советот, Афрдита Шеху Асани и Зоаран
Герасимовски, членови на советот, по правната работа на тужителот А. Т. од Н.,
против тужената О. Т. од Н., за надомест на нематеријална штета, вредност
350.000,00 денари, одлучувајќи по жалбата на тужената изјавена преку
полномошник Славица Митковска адвокат од Н. против пресудата на Основен суд
Н. П-4 бр.47/15 од 20.09.2017 година, на нејавната седница на советот одржана на
ден 01.03.2018 година, донесе:

РЕШЕНИЕ

ЖАЛБАТА на тужената, СЕ УСВОЈУВА.

ПРЕСУДАТА на Основен суд Н. П-4 бр.47/15 од 20.09.2017 година, СЕ


УКИНУВА и предметот се враќа пред првостепениот суд на повторно судење.

Образложение

Основниот суд Н. со обжалената пресуда делумно го усвоил тужбеното


барање на тужителката. Го задолжил тужениот да и плати на тужителката на име
оправдан паричен надомест од нематеријална штета за повреда на нејзините права
у тоа за претрпен бол износ од 70.000,00 денари, за претрпен страв износ од
55.000,00 денари, за претрпение душевни болки поради намалена ОЖА износ од
50.000,00 денари и за нагрденост износ од 60.000,00 денари со закоска казнена
камата сметано од 20.09.2017 година до денот на исплатата, како и процесни
трошоци во висина од 55.930,00 денари се во рок од 15 дена по правосилноста на
пресудата. За разликата од досудените износи на име нематеријална штета и
процесни трошоци, го одбил како неосновано.

Незадоволен од вака донесената одлука останал тужениот кој во


навремен рок, преку полномошник Славица Митковска адвокат од Н. вложил
жалба оспорувајќи ја истата по сите основи од чл.342 од ЗПП, и во делот на
одлуката за трошоци, со предлог жалбата да се усвои, обжалената пресуда да се
укине и предметот да се врати пред првостепениот суд на повторно судење или
преиначи согласно жалбените наводи.

Одговор на жалба е поднесен од тужителката преку полномошник


Живко Ајтов адвокат од К. со предлог жалбата да се одбие како неоснована, а
пресудата потврди. Предјави трошоци за одговор на жалба.

Апелациониот суд Скопје, по проучување на списите во предметот,


побиваната одлука, по оценка на жалбените наводи и одговорот на жалба, најде:

1
ГЖ-6516/17

Жалбата е основана.

Основан е жалбениот навод да првостепениот суд со донесување на


обжалената пресуда и во текот на постапката сторил суштествена повреда на
одредбите на парничната постапка од член 343 став 2 точка 14 од ЗПП, од
причини што по оценка на овој суд обжалената пресуда е нејасна, неразбирлива,
не содржи доволно јасни и образложени причини за решителните факти од кои
судот се раководел при одлучувањето, дадените причини се во противречност со
содржината на изведените докази и како таква има недостатоци поради што не
може во целост и со сигурност да се испита.

Основан е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена фактичка


состојба. Имено, од изведените докази во текот на првостепената постапка
првостепениот суд утврдил дека на ден 30.08.2010 година околу 19 часот
тужената О. го хранела своето куче раса ,,влчјак,, во својот двор, при што во еден
момент кучето се испуштило и излегло на улица каде си играле деца помеѓу кои и
тужителот. Кучето се нафрлило на тужителот, го соборило на земја при што му
нанело неколку повреди во вид на загригување и му нанело рана од внатрешната
страна на десната надлактица, две помали рани во внатрешната страна и една на
надворешната страна на десната бутина, три четри површни рани - траги од заби
во горниот дел од надколеницата. За овие дејствија со пресуда К.бр.130/12 од
30.9.2013 година на Основен суд Н. тужената била огласена за виновна и осудена
со парична казна за сторено кривично дело предизвикување на општа опасност од
чл. 288 ст. 4 в.в. ст. 1 од КЗ.

Понатаму според вештите наоди на вештите лица д-р Сашко Мешков,


примариус др. Снежана Пејковска - Димовска и др. Мери Гиновска-Мрѓа утврдил
дека тужителот по повредувањето почуствувал интензивни јаки болки во
пределот на предната десна надколеница во првите неколку часа од моментот на
повредата до згрижувањето во амбулантата во Н., а потоа во болница во
Кавадарци каде му била укажана помош и самирање на раните и направена
сутура. Интезивните болки биле присутни непосредно по повредувањето и за
време на хирушките интервенции во период од првиот ден на повредувањето кои
подацна преминала во средно интензивни болки во период од две недели. Во
текот на наредниот период со постепено повлекување на хематомите и
зацелувањето на раните кај тужителот постоеле болки кои биле со среден
интензитет, а подоцна преминале во болки од лесен интензитет во наредните три
недели.Тужителот при повредувањето дожиевал интензивен примарен страв во
моментот кога ја воочил непосредната опасност по личниот интегритет. Овој
страв кој се идентификува со виталниот страв, страв за сопствениот живот по
својата јачина е секогаш интензивен и каракторен со секавично кусо времетрање.
Потоа овој страв преминал во секундарен страв од последици во врска со
стекнатите телесни повреди, кој бил од силен интензитет во времетрање од 24
часа. Како резултат на незгодата тужителот доживеал психички стрес кој се
манифестирал со зголемена анксиознос, несоница со флешови од незгодата,

2
ГЖ-6516/17

односно емоцијалното страдање од силен интензитет до среден интензитет. За


целиот период на лекарските интервенции тужителот доживувал средно
интезивен страв во траење од две недели, а потоа страв од лесен интензитет во
наредните три недели.Овие стравови била поврзани со болката во пределот на
десната надколеница со тешкотии при движењата. Тужителот како последица на
контактот со кучето сега се жали на повремени настапи на анксиознос што е
последица на лошото животно искуство. Како резултат на здобиените повреди од
каснување на кучето кај тужителот постоела намалена животна активност од
временски ограничен карактер во вид на потребата од вложувања на
дополнителни напори во совладувањето на секојдневните препреки и грижата за
себе и тоа со силен интензитет за време на првите 24 часа по повредата, за потоа
да премине во среден интензитет за наредните две недели и со слаб интензите во
наредните три недели. Во периодот од првите две недели по повредувањето,
поради раните, хематомите, нагмечувањето на десната надколеница и болките кои
ги имал му биле потребни дополнителни напори за извршување на своите
секојдневните потреби и животни радости. За сиот овој период тој не бил во
можност без вложувања дополнителен напор и помош од неговите родители да се
тушира, да се облекува, да седи.Нарушувањето на општата животна активност кај
тужителот довела до психолошки потешкотии со чувство на напнатост,
зголемена, нервоза, нерасположение, не можел да игра со децата, седел дома. Од
задобиените повреди кај тужителот постоел траен естетски дефект од лесен
интензитет, лузните промени во предел на десната надколеница. Кај тужителот
сите лузни се со крактеристики на хипертрофични груби лузни задебелни и
издигнати над површината на кожата и забележливи, но остануваат во рамките на
првобитните граници на раните. Со оглед на возраста на тужителот се работи за
млада личност, психичката конституција, нивната локализација, полот на
тужителот, овие ожилни промени се траен естетски дефект од лесен степен. Кај
тужителот поради нагрденоста постоел временски психички бол од слаб
интензитет во траење од три недели додека раните не зацелиле.

Судот врз основа на вака утврденото досудува износ од 70.000,00


денари за претрпени физички болки, 55.000,00 денари за претрпен старв 50.000,00
денари за претрпени душевни болки поради намалување на животната
активносот, и 60.000,00 денари за претрпени душевни болки поради нагрденост.

Меѓутоа основано во жалбата на тужената се укажува дека фактичката


состојба била неправилно и нецелосно утврдена кое нешто придонело и
материјалното право погрешно да биде применето.

Имено, судот врз основа на вештите наоди прифаќа дека тужителот


претрпел нематеријална штета поради повреда на неговите лични права, утврдил
дека на тужителот му била нанесена штета од страна на кучето сопственик на
тужената, прифатил од двете вештачења дека тужителот претрпел болки, односно
страв, нагреденост и душевната болка нивното времетрање и интензитет, меѓутоа
пред се судот со сигурност не утврдл за каков вид на повреда се работи во смисла
дали се работи за телесна или тешка телесна повреда и во каков вид е таа изразена

3
ГЖ-6516/17

однсоно со сигурност не ги утврдил повредите кај тужителот, од кои причини


ниту бил во објективна можност и правилно да го примени материјалното право
согласно чл. 189 од ЗОО кое нешто е од битно значение за досудување на
нематеријалната штета како справедлив паричен надоместок. По оценка на овој
суд даденото образложение не е во кореолација со доказите и законските одредби.

Од овие причини овој суд одлучи првостепената пресуда да ја укине и


предметот го врати на првостепениот суд на повторно одлучување а согласно
член 358 и 359 од ЗПП.

При повторно постапување и одлучување првостепениот суд ќе треба


да ја отстрани констатираната суштествена повреда на постапката на начин што
ќе донесе јасна и разбирлива одлука со доволно јасни и образложени причини за
утврденото. За правилно и целосно утврдување на фактичката состојба потребно е
да го има предвид сето погоре укажано на начин што пред се со сигурност да
утврди за каков вид на повреда се работи во смисла дали се работи за телесна или
тешка телесна повреда и во каков вид е таа изразена односно со сигурност не ги
утврдил повредите кај тужителот. За таа цел е потребно да ги повика вештити
лица да се произнесат по однос на повредата а во смисла да се утврди со
сигурност за каков вид на повреда се работи и како е таа изразена, Откако ќе ги
утврди сите овие битни факти со правилна примена на одредбите од чл. 189 од
ЗОО согласно здобиените повреди да досуди нематеријална штета како
справедлив паричен надоместок. Во зависност од тоа каква одлука ќе донесе да
одлучи и за сите трошоците по постапката во смисла на чл. 160 ст. 3 од ЗПП.

Апелационен суд Скопје ГЖ-6516/17 од 01.03.2018 година.

Претседател на советот-судија
м-р Катерина Георгиевска с.р.

4
«ГЖ-3993/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Анита


Бошковска, претседател на советот, Нуман Лимани и м-р Ѓорѓи Радојков, членови
на советот, во правната работа на тужителот «»Благојче Зафировски«» од с.С.1 -
С., «»против «»првотужениот ЈП Комунална хигиена и второтужениот«»«» «Град
С.», за «надомест на штета», вредност на спорот 310.000,00 денари, одлучувајќи
по жалбата на тужителот изјавена преку полномошник адвокат Славица
Веселиновска од С. против пресудата на Основниот суд С. II С. П4-1708/16«» од
05.04.2017 година, на нејавната седница одржана на «01.02.2018» година, ја
донесе следната:

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на тужителот изјавена преку полномошник адвокат


Славица Веселиновска од С. СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд С. II С. П4-1708/16«» од 05.04.2017


година, СЕ ПОТВРДУВА.

Образложение

Основниот суд С. II С. со обжалената пресуда поради недостиг на


пасивна легитимација од страна на тужените го одбил тужбеното барање на
тужителот «Благојче Зафировски» од с.С.1 - С., со кое бара да се задолжат
«»првотужениот ЈП Комунална хигиена и второтужениот«»«» «Град С.», поради
повреда на личните права на телесно и душевно здравје солидарно да му исплатат
на тужителот справедлив паричен надомест поради повреди здобиени од напад и
каснување на кучиња скитници износ од 310.000,00 денари од кои: - за претрпени
физички болки износ од 100.000,00 денари, за претрпен страв износ од 80.000,00
денари, за претрпени душевни болки поради намалената општа животна
активност износ од 100.000,00 денари и за претрпени душевно болки поради
нагрденост износ од 30.000,00 денари, со казнена камата во висина на референтата
стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 8
процентни поени сметано до денот на пресудувањето до исплатата, како и да му
ги надоместат на тужителот трошоците во постапката.

Незадоволен од наведената пресуда тужителот изјавил навремена жалба


преку својот полномошник со која ја побива пресудата поради суштествена
повреда на одредбите на парничната постапка, погрешно и нецелосно утврдена
фактичка состојба, погрешна примена на материјалното право и погрешно

1
«ГЖ-3993/17»

утврдени парнични трошоци, па предлага жалбата да се уважи, обжалената


пресуда да се преиначи и да се усвои во целост тужбеното барање или истата да ја
укине и предметот да го врати на повторно одлучување, со барање за надомест на
трошоците сторени во жалбена постапка.

Поднесен е одговор на жалба од страна на првотужениот ЈП Комунална


Хигиена С. со кој се оспоруваат жалбените наводи, со предлог жалбата да се
одбие како неоснована, а обжалената пресуда потврди.

Апелациониот суд Скопје, откако ги разгледа списите приложени кон


предметот, обжалената пресуда, жалбата и одговорот на жалба, најде:

Жалбата е неоснована.

Неоснован е жалбениот навод за сторена суштествена повреда на


одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, бидејќи обжалената
пресуда е јасна, разбирлива, и содржи доволно образложени причини за
решителните факти од кои се раководел судот при донесување на својата одлука,
изреката нема недостатоци, не противречи со причините дадени во
образложението за таквото одлучување, поради што истата може во целост и со
сигурност да се испита.

Имено, првостепениот суд утврдувајќи ги решителните факти нашол


дека на ден 19.11.2015 година околу 10,30 часот во с.С.1-С., тужителот додека бил
во својата бавча бил нападнат од 5-6 кучиња кои му нанеле телесни повреди.
Поради здобиените повреди тужителот уште истиот ден се јавил во ЈЗУ УК за
ТОАРИЛУЦ-С. каде било контсатирано дека се работи за телесни повреди во
пределот на левата и десната шака, левата подлактица, левата дојка и предниот
дел на десната надлактица. По извршен пеглед му била дадена соодветна терапија
и упат за Клиниката за пластична хирургија. Во медицинската документација се
наведува дека тужителот бил каснат истиот ден од познати кучиња.

На 19.11.2015 година настанот не бил пријавен кај првотужениот и не


било побарано заловување на кучињата што го нападнале тужителот. На ден
20.11.2015 година тужителот во ПС ОН Г. Б. пријавил дека на 19.11.2015 година
околу 10,30 часот во с.С.1 м.в Т. во сопствена нива бил нападнат од 5-6 кучиња
скитниви, кои го каснале во пределот на двете раце, градниот кош и десната
надколеница.

На ден 22.12.2014 година од страна на советот на првотужениот била


усвоена Програма за решавање на проблемот со животните скитници на подрачје
на првотужениот во 2015 година, Во програмата се наведени планираните
активности за хумано третирање на животните скитници на подрачје на
првотужениот и тоа : заловување на животните, нивни транспорт до стационарот,
прием и преглед од овластен ветеринар, лабараториско испитување на животните

2
«ГЖ-3993/17»

на одредени болести, идентификација и водење евиденција, овариохисте-


ректомија и орхиектомија, постепено сместување и нега, вакцинација и
дехелментација, транспорт на животните до одредено мести регулирано со
договор, еутаназија на болни и опасни по средината животни.

Основач на првотужениот е второтужениот, а извршител на наведените


активниости е првотужениот, врз основа на претходно склучен договор со
второтужениот, трошоците за акивностите превземени од страна на првотужениот
во врска со заловување и медицински третман на животните скитници на подрачје
на второтужениот паѓале на терет на второтужениот. Со договор склучен помеѓу
второтужениот како нарачател и првотужениот како извршотел, заведен кај
првотужениот на ден 15.01.2015 година биле регулирани односите помеѓу
тужените, како договорните страни поврзани со заловување и медицински
третман на животните скитници на подрачје на второтужениот. Првотужениот
како извршител на услугата согласно член 5 од договорот бил должен
заловувањето, транспортот и медицинскиот третман на животните скитници да го
врши под услови дефинирани во програмата за решавање на проблемот со
животните скитници на подрачје на второтужениот за 2015 година, во согласност
со прописите што се однесува на овој вид на работа и според одредбите на
договорот.

Во жалбата тужителот истакнува дека одлуката на првостепениот суд е


сосема погрешна и незаконита бидејќи согласно чл. 10 ст.4 од Законот за Град С.
работи од јавен интерес од локално значење на Градот С. се комунални дејствија,
меѓу кои и ерадикција на животните скитници, а согласно чл. 13 од истиот закон,
за вршење на ваквите работи Градот може да основа јавна служба, а тоа во
конкретниот случај е првотужениот.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како


неосновани бидејќи соглано чл. 7 од Законот за Град С., градот е организиран
како единствена урбана целина со 10 урбани Општини во кои спаѓаат општина А.,
Б., Г. Б., Ѓ. П., К., К. В., С., Ц., Ч. и Ш. О., од каде јасно произлегува дека с.С.1 не
припаѓа на Град С. како урбана општина, што значи дека тужените во
конкретниот случај немаат пасивна легитимација.

Како во конкретниот случај каснувањето од куче е во с.С.1, кое не


преставува урбана општина во склоп на Град С., и во приватен имот, а не на јавна
површина на ниво на Град С., овој суд смета дека првостепениот суд правилно
одлучил како во изреката на обжалената одлука.

Овој суд ги ценеше и жалбените наводи на тужителот по однос на


фактот дека од Потврдата издадена од МВР на РМ Сектор за внатрешни работи
С., ПС ОН - Г. Б. јасно се утврдува дека тужителот на ден 19.11.2015 година на
својот имот во с.С.1 бил нападнат и каснат од 5-6 кучиња скитници кои биле
избркани од соседот Живко, кое нешто по однос на претрпени повреди било
потврдено и со Извештајот од специјалистот-субспецијалистот д-р Весна

3
«ГЖ-3993/17»

Милошевска Јакимовска од ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ, меѓутоа за истите најде дека


се ирелевантни и без влијание за поинакво одлучување и таквите немаат влијание
по правилноста и законитоста на самата одлука, во ситуација кога тужените
немаат пасивна легитимација во конкретниот спор.

Со оглед на претходно изнесеното следуваше овој суд жалбата да ја


одбие како неоснована, а првостепената пресуда потврди согласно чл.357 од ЗПП.

Апелационен суд Скопје «ГЖ-3993/17» од «01.02.2018»«» година.

Претседател на совет-судија
Анита Бошковска с.р.

4
«ГЖ-1049/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите


Катерина Георгиевска, претседател на советот, Маја Маркова Котевска и Афрдита
Шеху Асани, членови на советот, во правната работа на малолетната тужителка А.
З.«» од Г. преку законскиот застапник Билјана Зафировска од Г., против тужените
ЈПКД Комуналец Г. и Општина Г., за надомест на нематеријална штета, вредност
на спорот 500.000,00 денари, решавајќи по жалбата на првотужениот изјавена
преку полномошник Маруша Митровска адвокат од Скопје и на второтужениот
изјавена преку полномошник Зоран Шуклев, адвокат од Г. против пресудата на
Основниот суд Гевгелија «П4.бр.20/16» од 15.12.2016 година, на нејавната
седница одржана на «05.10.2017» година, ја донесе следната

ПРЕСУДА

ЖАЛБИТЕ на првотужениот изјавена преку полномошник Маруша


Митровска Адвокат од Скопје и на второтужениот изјавена преку полномошник
Зоран Шуклев адвокат од Г. ДЕЛУМНО СЕ УСВОЈУВААТ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Г. «П4.бр.20/16» од 15.12.2016 година,


СЕ ПРЕИНАЧУВА и ПРЕСУДУВА

Тужбеното барање на малолетната тужителка А. З.«» од Г. застапувана


од законскиот застапник Билјана Зафировска од Г., ДЕЛУМНО СЕ УСВОЈУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ тужените ЈПКД Комуналец Г. и Општина Г.


солидарно да и платат на малолетната тужителка А. З.«» од Г. застапувана од
законскиот застапник Билјана Зафировска од Г. на име нематеријална штета -
справедлив паричен надомест поради повреда на личните права, вкупен износ од
140.000,00 денари од кои износ од 40.000,00 денари за претрпени физички болки,
износ од 30.000,00 денари за претрпен страв, износ од 50.000,00 денари за
претрпени душевни болки поради намалена животна активност и износ од
20.000,00 денари за претрпени душевни болки поради нагрденост, во рок од 15
дена по приемот на пресудата, под закана на извршување.

Поголемото тужбено барање на малолетната тужителка А. З.«» од Г.


застапувана од законскиот застапник Билјана Зафировска од Г. за надомест на
нематеријална штета за претрпена душевна болка порадина име нематеријална
штета и тоа за разликата од досудениот износ со оваа пресуда од 140.000,00
денари до побараниот износ од 500.000,00 денари,СЕ ОДБИВА КАКО
НЕОСНОВАНО.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ тужените солидарно малолетната тужителка А.


З.«» од Г. застапувана од законскиот застапник Билјана Зафировска од Г. да и ги

1
«ГЖ-1049/17»

надоместат трошоците во постапката во вкупен износ од 12.992,00 денари во рок


од 15 дена по приемот на одлуката.
Во останатиот дел од барањето на малолетната тужителка А. З.«» од Г.
застапувана од законскиот застапник Билјана Зафировска од Г. за разликата од
досудените трошоци до предјавените, СЕ ОДБИВА.

Образложение

Основниот суд Г. со обжалената пресуда делумно го усвоил тужбеното


барање на малолетната тужителка А. З.«» од Г. застапувана од законскиот
застапник Билјана Зафировска од Г. А. З. од Г. против тужените ЈПКД Комуналец
Г. и Општина Г.. Ги задолжил тужените ЈПКД Комуналец Г. и Општина Г.
солидарно да му платат на тужителот А. З.«» од Г. на име нематеријална штета -
справедлив паричен надомест поради повреда на личните права, вкупен износ од
250.000,00 денари од кои износ од 95.000,00 денари за претрпени физички болки
износ од 65.000,00 денари за претрпен страв износ од 50.000,00 денари за
претрпени душевни болки поради намалена животна активност и износ од
40.000,00 денари за претрпени душевни болки поради нагрденост, кое да биде
сторено во рок од 15 дена по приемот на пресудата, под закана со присилно
извршување. Го одбил поголемото тужбено барање на тужителот А. З. од Г. преку
законскиот застапник Билјана Зафировска од Г. против тужените ЈПКД
Комуналец Г. и Општина Г. сокое побара тужениот да бидат солидарно
задолжени да му платат на име нематеријална штета-справедлив паричен
надомест поради повреда на личните права над досудениот вкупен износ од
250.000,00 денари до бараниот вкупен износ од 500.000,00 денари за разликата во
износ од 250.000,00 денари од кои за претрпени физички болки од досудениот
износ од 95.000,00 денари до бараниот износ од 170.000,00 денари или за износ од
75.000,00 денари, за претрпен страв од досудениот износ од 65.000,00 денари до
бараниот износ 150.000,00 денари или за износ од 85.000,00 денари за претрпени
душевни болки поради намалена животна активност од досудениот износ
50.000,00 денари до бараниот износ 120.000,00 денари или за износ од 70.000,00
денари и за претрпени душевни болки поради нагрденост од досудениот износ
40.000,00 денари до бараниот износ 60.000,00 денари или за износ од 20.000,00
денари како неосновано. Ги задолжил тужените ЈПКД Комуналец Г. и Општина
Г. солидарно да му ги надоемстат на тужителот А. З.«» од Г. трошоците на
постапката во вкупен износ од 35.244,00 денари во рок од 15 дена по приемот на
пресудата, а поголемиот дел од барањето на тужителот за надомест на трошоците
на псотапката, за разликата од досудениот до бараниот вкупен износ од
69.944,00 денари или за износ од 34.700,00 денари го одбил како неосновано.

Незадоволен од ваквата одлука на првостепениот суд останал


првотужениот кој преку полномошник Маруша Митровска Адвокат од Скопје
изјавил жалба со која ја напаѓа првостепената пресуда поради суштествени
повреди на одредбите од ЗПП, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба
и погрешна примена на материјалното право, како и одлуката за трошоци.

2
«ГЖ-1049/17»

Предлага жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се укине и предметот да се


врати на првостепениот суд на повторно судење или жалбата да се уважи
обжалената пресуда да се преиначи во смисла на жалбените наводи.

Незадоволен од ваквата одлука на првостепениот суд останал и


второтужениот кој преку полномошник Зоран Шуклев адвокат од Г. изјавил
жалба со која ја напаѓа првостепената пресуда поради суштествени повреди на
одредбите од ЗПП, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна
примена на материјалното право. Предлага жалбата да се уважи, обжалената
пресуда да се укине и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно
судење.

Одговор на жалбите не е поднесен.

Апелациониот суд Скопје по проучување на списите во предметот


ценејќи ја обжалената пресуда и наводите во жалбите, најде:

Жалбите се делумно основани.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда од


чл.343 ст.2 т.14 од Законот за парничната постапка.Обжалената пресуда е јасна и
разбирлива со доволно причини за решителните факти од кои се раководел судот
при донесување на својата одлука, изреката нема недостатоци, не противречи со
причините дадени во образложението за таквото одлучување. Пресудата може во
целост и со сигурност да се испита.

Неосновани се жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена


фактичка состојба.

Првостепениот суд од предложените и изведени докази ценети во


смисла на чл.7 и 8 од ЗПП, во фактичка состојба примил за утврдено дека
тужителка А. З. од Г. од татко Драги и мајка Билјана Зафоровски двајцата од Г. е
малолетно дете на возраст од 9 години-ученик во трето одделение во основно
училиште Владо Кантарџиев во Г., а првотужениот ЈПКД Комуналец-Г. е јавно
претпријатие за вршење на комунални дејности, сопственост на второтужениот
Општина гевгелија кој е единица на локална самоуправа и врши општи дејности
на јавната управа. Согласно Заклучокот на Советот на второтужениот, помеѓу
првотужениот и правното лице А. В. ДООЕЛ од С. - Б. вомесец 12.2015 година
бил склучен договор за јавна набавка на услуга за заловување и стручен третман
на кучиња скитници и нерегистирани кучиња за потребите во општина Г.. На ден
11.04.2016 година на големиот одмор во втора смена, тужителот поминувајќи со
две другарки по патеката во училишниот двор на ОУ Владо Кантарџиев во Г.
здогледале три кучиња, по што се повлекле назад но едно од кучињата - скитник
кое било со убаво крзно се стрчало по малолетната тужителка и ја искасал по
левата нога, нанесувајќи и повреда на повеќе места, паднала на земја притоа
силно вриштејќи не знае како се ослободила од кучето. Од стана на

3
«ГЖ-1049/17»

обезбедувањето била однесена во училиштето, а потоа сведокот Ц. со негово


возило ја однел во ЈЗУ Општа болница - Г. каде била констатирана телесна
повреда и истата била соодветно медицински третирана, раната била сошиена со
повеќе од 15 конци која ќе треба да се корегира на пластична хирургија
препишана терпија и преврска преку ден, по што била упатена на инфектологија
во Струмица 4 пати да прими вакцина против беснило. Поради влошена
здравствена состојба малолетната тужителка повторно се јавила на лекар во ЈЗУ
Општа болница - Г., била прегледана и и била препишана терапија, а по 20 дена од
настанот и ги извадиле конците од раната и препришана контрола за неколку
дена. Училишниот двор не е целосно ограничен чии порти во работното време се
отворени и секој може да влезе, па така критичниот ден во истото била присутни
повеќе од 20 полицајци ангажирани околу мигрантите, а на спортското
игралиште паркирани нивните службено возила, каде и претходно можеле да се
забележат кучиња скитници, во кои случаи обезбедувањето преземало дејствија за
нивно отстранување од дворот. Истиот ден куче-скитник нападнало и друго дете
при што му биле нанесени само гребнатинки во пределот на надколеницата а по
критичниот настан предмет на овој спор, случајот бил пријавен и кучето - скитник
кое го нападнал тужителот подоцна било пронајдено во близина на училиштето,
идентификувано и заловено од соодветните служби кои биле повикани. Како
резултат на нападот и здобиента телесна повреда од каснувањето, малолетната
тужителка претрпела нематеријална штета поради повреда на личните права,
односно доживеаните физички и психички трауми, изразени во вид на физичка
бока, страв и душевни болка поради намалена животна активност и нагрденост,
како и предизвиканото посттрауматско стресно растројство со симптоми на страв,
вознемиреност, сеќавање и избегнување на местото на трамуматскиот настан,
кошмарни соништа и др. поради кое се јавил на психијатар кој му препишал
терапија. Така во пределот на ногата каде што била касната малолетната
тужителка две недели чустувал силна, остра и локализирана интензивна физичка
болка, која наредните две недели била со среден интензитет, а петтата недела со
послаб интензитет, но имал потреа од чешање и трнење на местото на повредата
како и чустувал повремени затегања во предлеот на задколеницата. Малолетната
тужителка претрпела примарен страв кој бил краткотраен но со јак интензитет во
моментот на уочување на опасност, сознанието дека е во животна опасност,
чуството на безпомошност и присуство на релативно надмочна сила, по што
претрпел секундарен страв од среден интензитет за последиците кој бил присутен
се додека траело лекувањето, а страв со послеб интензитет продолжил да чуствува
и потоа се плаши кога ќе види куче и бидејќи може да си предизвика нова повреда
од друг вид додека во школскиот двор не може да помине покрај местото каде
што се случил немилиот настан. Додека траело лекувањето околу 20-тина дена
тужителката чуствувал душевна болка поради намалена животна активност во кој
период отсуствуал од училиште немал детска игра, дружење со другарчињата
неможел да вози велосипед и да ги обавува основните животни потреби без
помош од друго лице бидејќи 15-тина дена не можел да стапне на пворедената
нога која повреда и понатаму го ограничувала во функционирањето бидејќи се
јавува болка при собирање и испружување на ногата, жарење и печење на
местото на каснувањето па е потребно вложување на дополнителен напор за да се

4
«ГЖ-1049/17»

постигнат одредени задоволства. Душевна болка тужителката чуствува и поради


нагрденост, бидејќи има лузни од раната на подколеницата кои ќе останат и ќе и
пречат секогаш кога ногата ќе биде откриена.

Со жалбата првотужениот наведува дека првостепениот суд ја зел како


утврдена околноста дека тужителката била касната од куче скитник без притоа да
земе во предвид дека од исказите сведоците произлегува дека ниту еден сведок не
бил на лице место и не видел како се случил настанот. Имено, со жалбата се
наведува и дека за првотужениот не е спорно дека тужителката била касната од
куче меѓутоа била спорна причинско последична врска дали истата е од куче
скитник или домашно куче. Исто така, во жалбата се наведува дека првотужениот
не е пасивно легитимиран со оглед да настанот се случил во училишниот двор, а
не на јавна површина што значи дека одредбите на кои се повикал судот во
случајот не наоѓаат примена бидејќи училишниот двор е сопственост односно
надлежност на училиштето.

Предмет на оценка на овој суд беа и жалбените наводи на


второтужениот наведува дека во случајот не е доволно разјаснето дали се работи
за куче скитник или домашно милениче дотолку повеќе што кучето е опишано
како куче со убаво крзно. Исто така во жалбата се укажува дека судот не утврдил
со сигурност кој е причинител на штетата, дали постои причинско последична
поврзаност помеѓу штетното дејствие оштетениот и штетниот настан како и кој е
надлежен за собирање на кучињата со оглед да настанот се случил во училишниот
двор, па од тука произлегува дека и на страна на второтужениот нема пасивна
легитимација и постои договор со надлежно правно лице А. В. ДООЕЛ с. С. кој е
вршител на таков вид на услуга - заловување и ерадикција на кучиња скитници.

Овој суд ги ценеше истакнатите жалбени наводи и ги одби како


неосновани од причина што правилно првостепениот суд утврдил дека повредата
со која се здобила тужителката е од куче скитник, кој факт е утврден како од
исказите на сослушаните сведоци Е. Ф., М. Д., Ц. Т. и Д. Р., така и од исказот на
законскиот застапник на малолетанат тужителка која во својот исказ даден пред
судот навела дека по настанот била повикана во училишниот двор каде од
ветеринарна служба била извршена идентификација на кучето, а исто така видно и
од исказот на законскитот застапник на првотужениот е дека за настанот дознале
од фирмата бидејќи после настанот имало пријава и излегле на терен.Дека се
работи за куче скитник произлегува и од медицинската документација која гласи
на име на малолетната тужителка, односно извештајот на специјалист бр.3577 од
12.04.2016 година каде е наведено дека тужителката е касната од непознато
улично куче.

Неосновани се жалбените наводи за недостаток на пасивна


легитимација на тужените за надомест на причинетата штета на тужителот од
каснување на куче-скитник во училишниот двор, бидејќи пасивната легитимација
на тужените произлегува од чл.28 ст.1 и ст.5 од Законот за заштита и

5
«ГЖ-1049/17»

благосостојба на животните чл.4 т.1, чл.5 т.15, чл.9 ст.2.чл.12 ст.1, чл.14 ст.3
алинеја 9, чл.21 ст.1 и чл.34 ст.1 алинеја 1 од Законот за комунални дејности и
чл.173 од Законот за облигациони односи во кои законски одредби е регулирано
дека општината е надлежна да врши собирање на бездомни кучиња на чиј товар се
трошоците за нивно заловување и третмен, дека под комунална дејност покрај
другото спаѓа и уловување на животни скитници, дека за вршење на комуналните
дејности општината -второтужениот може да основа јавно претпријатие-
првотужениот, кој пак покрај другите комунални услуги врши и ерадикција на
животни скитници, дека за давање на комунални услуги за задоволување на
потребите на физичкии правни лица, општината обезбедува услови, средства за
финансирање и развој, го пропишува начинот на организирање и вршење на
комуналните дености, како и начинот на користење на комуналните услуги и
врши надзор над јавните претпријатија за вршење на комунални дејности
основани од неа, која комунална дејност односно услуга од јавен интерес
тужените нередовно ја вршеле поради кое и настанала штетата.

Правилно судот примил за утврдено дека комуналната дејност на


собирање на бездомни кучиња, односно за уловување на животни скитници и
вршење на комунална услуга на ерадикција на животни скитници, тужените се
надлежни и имаат обврска да ја вршат и во дворот на училиштето, кое согласно
Законот за основно образование врши дејност од јавен интерес во кој секој има
слободен пристап, каде по пријавување на случајот пристапиле надлежните
стручни служби и во близина на училиштето, кучето-скитник било пронајдено,
идентификувано и третирано како такво, а собирањето на јавни површини се
однесува на регистирани кучиња доколку бидат затекнати на такви места без
присуство на нивните сопственици. Што се однесува до физичкото обезбедување
на училиштеото кое било ангажирано, правилно судот утврдил дека истото нема
законски надлежности и можности да врши заштита на луѓето од напад на куче
ниту пак училиштето има надлежност и можности да презема такви мерки и
сигурна заштита на луѓето од напад на куче, додека ненавременото пријавување
на појавата на кучиња-скитници не е од влијание за одговорноста на тужените,
кои имаат законска обврска за навремено и квалитетно сузбивање на таквата
појава.

Исто така правилно судот го ценел и Договорот бр.05-1714/9 од


21.12.2015 година склучен помеѓу првотужениот и правното лице А. В. ДООЕЛ
од С.-Б., за јавна набавка на услуги за заловување и стручен третман на кучиња
скитници и нерегистирани кучиња за потребите на општина Г., но оценил дека не
е од влијание за донесување на поинаква одлука од причина што истиот има
правно дејство и произведува правни последици за одговорните страни така што
во одредбите од точка ХХ од договорот е регулиран надоместот на штета од
неисполнување или задоцнето исполнување на обврските, додека нередовното и
неквалитетно вршење на комуналната услуга, односно договорната обврска од
страна на правното лице не ги ослободува тужените од одговорност за штета која
им била причинета на трети лица поради тоа и произлегува од нивните законски
надлежности. Меѓудругото при одлучувањето од предложените и изведени докази

6
«ГЖ-1049/17»

во постапката судот не бил во можност со сигурност да утврди дека договорот се


уште трае, кој е склучен на определно време за период до реализација на
предвидените средства од денот на склучувањето и дека заловувањето на кучето-
скитник било извршено од страна на ова друштво откако критичниот настан бил
пријавен од страна на директорот на училиштето.

Меѓутоа, основани се жалбените наводи на тужените за погрешна


примена на материјалното право, дека досудениот паричен надоместок на име
нематеријална штета и тоа за претрпени физички болки, претрпен страв и
претрпен душевен бол поради намалена општа животна активност како и
нагрденост е превисоко одределен од страна на првостепениот суд и спротивно на
одредбата од чл.189 од ЗОО.

Ова од причина што од увидот во наодот и мислењето на Д-р Љубица


Цилкова, првостепениот суд утврдил дека тужителот се здобил со телесна
повреда. Како резултат на нападот и здобиента телесна повреда од каснувањето,
малолетната тужителка претрпела нематеријална штета поради повреда на
личните права, односно доживеаните физички и психички трауми, изразени во
вид на физичка бока, страв и душевни болка поради намалена животна активност
и нагрденост, како и предизвиканото посттрауматско стресно растројство со
симптоми на страв, вознемиреност, сеќавање и избегнување на местото на
трамуматскиот настан, кошмарни соништа и др. поради кое се јавил на психијатар
кој му препишал терапија. Така во пределот на ногата каде што била касната
тужителката две недели чустувала силна, остра и локализирана интензивна
физичка болка, која наредните две недели била со среден интензитет, а петтата
недела со послаб интензитет, но имала потреба од чешање и трнење на местото
на повредата како и чустувала повремени затегања во предлот на задколеницата.

Малолетната тужителка претрпела примарен страв кој бил краткотраен


но со јак интензитет во моментот на уочување на опасност, сознанието дека е во
животна опасност, чуството на безпомошност иприсуство на релативно надмочна
сила, по што претрпел секундарен страв од среден интензитет за последиците кој
бил присутен се додека траело лекувањето, а страв со послеб интензитет
продолжил да чуствува и потоа се плаши кога ќе види куче и бидејќи може да си
предизвика нова повреда од друг вид додека во школскиот двор не може да
помине покрај местото каде што се случил немилиот настан.

Додека траело лекувањето околу 20-тина дена тужителката чуствувала


душевна болка поради намалена животна активност во кој период отсуствуала од
училиште немала детска игра, дружење со другарчињата неможела да вози
велосипед и да ги обавува основните животни потреби без помош од друго лице
бидејќи 15-тина дена не можела да стапне на поредената нога која повреда и
понатаму го ограничувала во функционирањето бидејќи се јавува болка при
собирање и испружување на ногата, жарење и печење на местото на каснувањето
па е потребно вложување на дополнителен напор за да се постигнат одредени
задоволства.

7
«ГЖ-1049/17»

Душевна болка тужителката чуствува и поради нагрденост, бидејќи има


лузни од раната на подколеницата кои ќе останат и ќе и пречат секогаш кога
ногата ќе биде откриена.

Имајќи го во предвид погоре наведеното, првостепениот суд погрешно


го применил материјалното право - одредбата од чл.189 ст.1 и 2 од ЗОО кога на
име надомест на нематеријална штета ги задолжил солидарно тужените на
малолетната тужителка да и платат на име надомест на нематеријална штета
поради повреда на личните права на телесно и душевно здравје вкупен износ од
250.000,00 денари и тоа за претрпен физички болки износ од 95.000,00 денари, за
претрпен страв износ од 65.000,00 денари и за претрпени душевни болки поради
намалена животна активност износ од 50.000,00 денари и за нагрденост износ од
40.000,00 денари, бидејќи истите по мислење на овој суд се превисоко досудени.
Во одредбата од чл.189 ст.1 од ЗОО е одредено дека во случај на
повреда на личните права судот, ако најде дека тежината на повредата и
околностите на случајот го оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен
надоместок, независно од надоместокот на материјалната штета , како и во
нејзино отсуство.
Согласно чл.чл.189 ст.2 од ЗОО е одредено дека при одлучувањето за
барањето за справедлив паричен надоместок судот ќе води сметка за силината и
траењето на повредата со која биле предизвикани физички болки, душевни болки
и страв, како и за целта за која служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да
не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и
општествена цел.
Од наведената законска одредба, произлегува дека доколку судот најде
дека околностите на случајот тоа го оправдуваат ќе досуди справедлив
надоместок водејќи сметка за значењето на повреденото добро и целта за кој
служи тој надоместок, без притоа да се погодува на стремежите што не се
спојливи со неговата природа и цел. Поради тоа овој суд наоѓа дека справедлив
надомест за тужител ката, за претрпен физички бол реален надомест е износот од
40.000,00 денари, за претрпен страв реален надомест е износот од 30.000,00
денари, за претрпени душевни болки поради намалена животна активност реален
надомест е износот од 50.000,00 денари и за нагрденост износ од 20.000,00 денари
или вкупен износ 140.000,00 денари . Наведеното е во согласност со одредбата од
чл.189 ст.2 од Законот за облигациони односи.

Овој суд смета дека вака досудениот паричен надоместок со оваа


пресуда за тужителката на име надомест на нематеријална штета претставува
адекватен и справедлив паричен надоместок и сатисфакција за повреденото добро
на тужителката без при тоа да им се погодува на стремежите кои не се спојливи со
нивната природа и цел, при тоа водејќи сметка за интензитетот и јачината на
претрпените физички болки и страв, како и интензитетот и времетраењето на
намалената ОЖА, како и степенот и обликот во кој се манифестира. Поради

8
«ГЖ-1049/17»

наведеното, поголемото тужбено барање на малолетната тужителка од досудениот


износ со оваа пресуда во вкупен износ од 140.000,00 денари до предјавениот
износ од 500.000,00 денари, односно за разликата од сега досудените до
предјавените износи, овој суд го одби како неосновано, бидејќи вака поставените
износи се превисоки и со нив им се погодува на стремежите што не се спојливи со
природата и општествената цел на справедливиот паричен надомест.
Од напред изнесените причини во смисла на чл.361 ст.1 т.4 од ЗПП
следуваше жалбата да се усвои, а првостепената пресуда да се преиначи и да
одлучи како во изреката на пресудата.
Со оглед дека првостепената пресуда е преиначена, второстепениот суд
одлучуваше за трошоците за целата постапка, во смисла на чл.160 ст.2 од ЗПП.

Во трошоци на постапката овој суд ги досуди на малолетната


тужителка износите од 3.900,00 денари за состав на тужба, износ од 10.000,00
денари за такса за тужба , износ од 1.300,00 денари за состав на полномошно, за
застапување од страна на полномошник на четири расправи износ од по 7.800,00
денари или вкупно 31.200,00 денари, или износ од 46.400,00 денари па имајќи
предвид дека тужителката успеа во спорот во 28% овие трошоци судот ги намали
при што ги задолжи тужените солидарно да и ги надоместат на малелетната
тужителка трошоците вовкупен износ од 12.992,00 денари, согласно чл.160 став 2
и 148 в.в. со чл.149 од ЗПП и АТ на РМ и Законот за судски такси.

На тужителката не и следат трошоците за таксата за одлука во износ од


10.000,00 денари бидејќи нема доказ дека таксата е доброволно платена, потоа
надоместок за за медицинско вештачење износ од 4.444,00 денари бидејќи нема
доказ дека е платено и во колкав износ, како и за патни трошоци на релација Г. -
Струмица бидеќи овие трошоци не се нужни трошоци и неможат да паднат на
товар на тужените.

Овој суд не им досуди трошоци сторени во жалбена постапка на


тужените бидејќи истите успеаа во незначителен дел.

Апелационен суд Скопје «ГЖ-1049/17» од «05.10.2017»«» година.

Претседател на совет-судија
Катерина Георгиевска, с.р.

9
«ГЖ-3927/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Лидија


Димчевска, претседател на советот, м-р Суад Алиу и Зоран Герасимовски,
членови на советот, во правната работа на тужителката Биљана Јакимовиќ од С.,
против тужените Град С. и Јавно претпријатие Комунална хигиена С., за надомест
на нематеријална штета, вредност на спорот 200.000,00 денари, одлучувајќи по
жалбата на првотужениот и второтужениот, изјавени против пресудата на
Основниот суд Скопје II С. МАЛВП-2239/16 од 12.04.2017 година, на нејавната
седница на советот одржана на ден 01.06.2018 година, донесе

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот и ЖАЛБАТА на второтужениот, СЕ


ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје II С. МАЛВП-2239/16 од


12.04.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА второтужениот Јавно претпријатие Комунална


хигиена С., да и ги надомести на тужителката, трошоците во жалбена постапка во
износ од 13.045,00 денари, во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

ПОГОЛЕМОТО БАРАЊЕ на тужителката за надомест на парнични


трошоци сторени во жалбена постапка и тоа за разликата од досудениот износ од
13.045,00 денари до предјавениот износ, СЕ ОДБИВА.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителката Биљана Јакимовиќ од С.. Ги задолжил
тужените Град С. и Јавно претпријатие Комунална хигиена С., да и исплатат на
тужителката Биљана Јакимовиќ од С., на име нематеријална штета износ од
70.000,00 денари и тоа:- за претрпен страв износ од 25.000,00 денари, - за
претрпена физичка болка износ од 20.000,00 денари, - за претрпена душевна волка
поради намалена ОЖА износ од 25.000,00 денари, со законска казнена камата во
висина на референтата стапка на НБ на РМ, што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието, зголемена за 8 процентни поени, сметано до
денот на поднесување на тужбата 24.11.2016 година до конечната исплата.
Поголемото тужбено барање за разлика над досудениот до побаруваниот износ, го
одбил како неосновано. Ги задолжил тужените солидарно да и ги надоместат на
тужителката парничните трошоци по постапката во вкупен износ од 28.489,00

1
«ГЖ-3927/17»

денари по правосилноста на пресудата. Поголемото барање на тужителката за


надомест на трошоци по постапката за разлика над досудениот износ до
побаруваниот износ го одбил како неосновано.

Незадоволен од ваквата пресуда останал првотужениот, кој со навремена


жалба ја побива истата поради суштествена повреда на одредбите на парничната
постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена
на материјалното право, како и поради одлуката за трошоци, со предлог жалбата
да се уважи, обжалената пресуда да се укине и предметот да се врати пред
првостепениот суд на повторно судење или истата да се преиначи во смисла на
жалбените наводи.

Против првостепената пресуда, навремена жалба изјавил и


второтужениот поради суштествена повреда на одредбите на парничната постапка
и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, а
првостепената пресуда да се укине и предметот да се врати пред првостепениот
суд на повторно судење или истата да се преиначи во смисла на жалбените
наводи.

Одговор на жалбата на второтужениот, поднел тужителот, преку


полномошник Катерина Насковска, адвокат од С., со кој се оспоруваат жалбените
наводи истакнати во жалбата на второтужениот, со предлог жалбата на
второтужениот да се одбие како неоснована, а обжалената пресуда да се потврди
и втортужениот да се задолжи со трошоци во жалбена постапка.

Апелациониот суд Скопје, по испитување на обжалената пресуда,


наводите во жалбите, одговорот на жалба и другите списи по предметот, согласно
чл.354 ст.1 од ЗПП, најде:

Жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст. 2 т. 14 од ЗПП, бидејќи
првостепената пресуда е јасна и разбирлива, содржи доволно образложени
причини за решителните факти од кои се раководел првостепениот суд при
одлучувањето, поради што може со сигурност да се испита.
Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена
фактичка состојба, од причина што фактичката состојба по предметот е утврдена
врз основа на изведените докази, при тоа првостепениот суд постапувајќи
согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил правилна и целосна фактичка состојба кога
нашол дека на ден 04.08.2016 година околу 21,15 часот на булевар „.“ во близина
на Пицерија С., тужителката била нападната од куче сктиник. Од нападот на
кучето, тужителката се здобила со гризна рана од каснувањето во пределот на
левата потколеница. Од вештиот наод и мислење доставен во списите по
предметот, произлегува дека тужителката се здобила со: гризна рана од куче на
левата нога (опишано според меѓународната класификација на болестите со

2
«ГЖ-3927/17»

шифрата W54 која опфаќа каснување или удар од куче и латинската


терминологија Vulnus morsum canis reg. cruris lat.sin). Tужителката имала гризна
рана на левата нога. Истата кај неа предизвикала физичка болка, локална појава
на оток, модрило и ограничена функција на левата нога. Раната била соодветно
третирана и била спроевдена заштита од можни инфекции и тетанус (
антитетанусен серум и вакцина). При настанот кој се случил на ден 04.08.2016
година, тужителката се здобила со телесна повреда. Опоравувањето траело еден
месец и истата зад себе не оставила трајни последици по телесното здравје на
тужителката.

Во изјавената жалба на првотужениот Град С. се наведува дека


првостепениот суд погрешно утврдил дека тој има обврска за надомест на штета
спрема тужителот, при тоа не земајќи во предвид дека согласно одредбата од
членот 13 од Законот за Градот С. (Службен весник на РМ број 55/04) за вршење
на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежност, Градот С.
може да основа јавни служби во согласност со закон и дека тој всушност е
основач на ЈП„Комунална Хигиена“-С. и својата надлежност од комуналната
дејност да се грижи за ерадикација на животните скитници на подрачјето на
Градот С., ја има префрлено на ова претпријатие. Воедно истакнува дека
првостепениот суд со сигурност не утврдил кој е имател на кучето и дека Град С.
не е сопственик на животните скитници. Како и дека првостепениот суд воопшто
не ги зел во предвид законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита
и благосостојбата на животните (Службен весник на РМ бр.113/07 и 136/11 ) за да
може да утврди дали Град С. преку основаното јавно претпријатие постапувал
согласно закон, а доколку не постапувал кои пропусти ги сторил.
Во жалбата на втортужениот ЈП Комунална хигиена се наведува дека тој
во рамките на својата доверена надлежност не е надлежен да се грижи за заштита
на граѓаните од кучињата скитници, бидејќи согласно чл.28 од Законот за заштита
и благосостојбата на животните (Службен весник на РМ бр.113/07 и 136/11 ) за
вакви видови на материјална штета одговорни се град С. и Општината на
локалитет каде бил настанот на штетата. Притоа истакнува дека нема доказ дека
настанатата последица е од каснување на куче скитник и дека можеби кушето е
приватна соспственост на физичко или правно лице.
Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како
неосновани, од причина што согласно одредбата од чл.10 точка 4 алинеја 21 од
Законот за град С. (Сл.весник на РМ бр.55/2004) надлежности, односно работи од
јавен интерес од локално значење на градот С. се комунални дејности меѓу кои и
ерадикација на животните скитници, а согласно чл.13 од истиот закон градот С. за
вршење на работи од јавен интерес од локално значење во рамките на својата
надлежност може да основа јавни служби во согласност со закон. Согласно чл.25
ст.1 од Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ
бр.113/07) , општината, општините во градот С., односно градот С. се надлежни
да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и
привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти

3
«ГЖ-3927/17»

треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски


услови и да се обезбеди нивно ефикасно затварање. Согласно чл.9 ст.2 од Законот
за комунални дејности (Сл.весник на РМ бр.85/12) за вршење на комуналните
дејности, општините односно градот С., можат да основаат јавно претпријатие,
доколку со посебен закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не
е уредено, а доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно
претпријатие, вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни
и физички лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Во таа
насока, во групата на комунални услуги за задоволување на заедничка
потрошувачка, согласно чл.14 ст.3 алинеја 9 од Законот за комунални дејности,
спаѓа и ерадикација на животни скитници. Во конкретниот случај во програмата
за решавање на проблемот со животни скитиници на подрачје на град С. во 2016
година бр.07/9728/1 од 24.11.2015 година- објавена во Службен гласник на град
С., биле предвидени активности за решавање на проблемот за животните
скитници, како и дека второтужениот ЈП Комунална Хигиена бил определен за
извршување на истите. А, Град С. и ЈП Комунална Хигиена, склучиле договор
заведен во Град С. под бр.08-190/1 од 14.01.2016 година и кај ЈП Ком.хигиена под
бр.03-111 од 13.01.2016 година, со кој го утврдиле извршувањето на активностите
предвидени во програмата за решавање на проблемот за животните скитници. Во
договорот од 2016 година, склучен помеѓу Град С. како нарачател и ЈП
Комунална Хигиена С. како извршител, регулирани се односите помеѓу
нарачателот и извршителот на активностите поврзани со заловување и
медицински третман на животните скитници на подрачјето на Град скопје за 2016
година. Во членот 1 од договорот, наведено е дека активностите поврзани со
заловување и медицинскиот третман на животните скитници опфаќа заловување
на животните, нивен транспорт до стационар, прием на клинички преглед,
идентификација и водење евиденција, вакцинација и дехелментација, транспорт
на животните до приближното место од каде се заловени, еутаназија на болни и
опасни по средината животни. Во членот 4 од договорот е наведено дека
извршителот е должен по добиена дојава за теренско интервенирање од страна на
нарачателот или од страна на граѓани да излезе на терен веднаш и да ја преземе
потребната активност. Во членот 8 од договорот наведено е дека нарачателот
врши контрола на начинот и обемот на извршување на услугата што е предмет на
договорот.

Имено, имајќи ги во предвид погоре цитираните законски одредби, со


оглед да општината, односно градот С. имаат утврдена законска надлежност да
вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да
ги сместат во соодветни објекти-прифатилишта, како и дека уловувањето и
ерадикацијата на животните скитници е комунална дејност, за која општините,
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа
дејност да го доверат на правно лице, по оцена на овој суд правилно утврдил
првостепениот суд дека и првотужениот и второтужениот имаат пасивна
легитимација, односно и двајцата солидарно се одговорни да му ја надоместат
штетата на тужителот. Во контекст на ова е и правното мислење на Врховен суд
на РМ од 04.03.2016 година, согласно кое солидарно одговорни за надомест на

4
«ГЖ-3927/17»

штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот С.


и Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е
доверено собирање на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња. А, по однос
на жалбениот навод дека нема доказ дека настанатата последица е од каснување
на куче скитник и дека можеби кушето е приватна соспственост на физичко или
правно лице, овој суд најде дека истиот е неоснован, бидејќи истиот противречи
на доказите изведени во текот на постапката, односно на потврда од МВР на Р.М.
Сектор за внатрешни работи С. ПС ОН “Гази Баба“ бр. 28.7.1.4-685 од 14.09.2016
година, од која јасно произлегува дека тужителката на ден 04.08.2016 година,
била касната од куче скитник, во 21,15 часот на Булевар „.“ во близина на
Пицерија С..

Неоснован е жалбениот навод за погрешна примена на материјалното


право.

Во жалбата на првотужениот се наведува дека првостепениот погрешно


ја применил одредбата од чл.189 од ЗОО.

Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но не ги прифати


како основани, бидејќи на правилно и целосно утврдена фактичка состојба,
првостепениот суд правилно го применил чл.189 од Законот за облигациони
односи. Имено, согласно чл.189 ст.1 од ЗОО, во случај на повреда на личните
права судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го
оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од
надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Согласно ст.2
од истиот член при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок
судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле
предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која
служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со
стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел.

Во конкретниот случај врз основа на вештачењето извршено од страна


на вешто лице д-р Александар Марцикиќ, психијатар, првостепениот суд утврдил
дека тужителот, како последица на повредите добиени од каснување од куче се
здобил со телесна повреда - угризна рана од куче во пределот на левата нога
(опишано според меѓународната класификација на болестите со шифрата W54
која опфаќа каснување или удар од куче и латинската терминологија Vulnus
morsum canis reg. cruris lat.sin) и при тоа правилно ги утврдил интензитетот и
времетраењето на претрпените физички болки, страв и душевни болки поради
намалената општа животна активност, кои се конкретно опишани во фактичката
состојба на обжалената пресуда. Оттука, со оглед на утврденото, а раководејќи се
од чл.189 од ЗОО, правилно првостепениот суд на име надомест на нематеријална
штета поради повреда на неговите лични права на телесно и душевно здравје му
досудил на тужителот износ од 70.000,00 денари од кои: 20.000,00 денари за
претрпен физички бол, 25.000,00 денари за претрпен страв и 25.000,00 денари за
душевни болки за намалена животна активност, а поголемото тужбено барање го

5
«ГЖ-3927/17»

одбил како неосновано.

За вака досудените износи ако се имаат предвид утврдените критериуми


според силината и траењето на повредата со кои биле предизвикани физичките
болки, душевни болки и страв, за целта за која служи надоместокот, водејќи
сметка самиот надоместок да е доволна стисфакција на тужителот и истиот да не е
во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и
општествена цел, овој суд цени дека истите претставуваат справедлив паричен
надомест.

По однос на жалбениот навод за погрешна одлука за трошоци во


постапката, овој суд најде дека истиот е неоснован, бидејќи одлуката за трошоци е
донесена согласно чл.148 и чл.149 од ЗПП, АТ на РМ и Законот за судски такси,
па согласно успехот во спорот правилно постапил првостепениот суд кога ги
задолжил тужените солидарно да и ги надоместат процесните трошоци на
тужителката во вкупен износ од 28.499,00 денари, по износи и за дејствија
одредени како во образложението на одлуката за трошоците на постапката, а
поголемото барање го одбил како неосновано.

Овој суд при одлучувањето ги имаше предвид и останатите жалбени


наводи, но за истите цени дека се ирелевантни и без влијание за поинакво
одлучување во конкретниот случај и не влијаат на законитоста на обжалената
пресуда.

Од напред изнесените причини во смисла на чл.357 од ЗПП, одлучено е


како во изреката на пресудата.

Имајќи предвид дека жалбата на второтужениот против пресудата е


одбиена како неоснована, а тужителката, преку полномошник Катерина
Насковска, адвокат од С., адвокат од С., поднела одговор на жалбата на
второтужениот во кој бара надомест на трошоци за награда за состав на одговор
на жалба и за такса за одговор на жалба, овој суд согласно чл.160 ст.1 в.в. со
чл.158 ст.1 од ЗПП, го задолжи второтужениот да и ги надомести на тужителката
трошоците сторени во постапката по жалба кои се однесуваат за награда за состав
на одговор на жалба од полномошник со вклучен 18 % ДДВ во износ од 11.045,00
денари и такса за одговор на жалба 2.000,00 денари, или вкупен износ од
13.045,00 денари, согласно АТ на РМ и Законот за судски такси, а поголемото
барање за надомест на трошоци го одби како неосновано.

Апелационен суд Скопје ГЖ-3927/17 од 01.06.2018 година.

Претседател на совет-судија
Лидија Димчевска, с.р.

6
«ГЖ-3927/17»

7
«ГЖ-947/18»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите: Лидија


Мартинова, претседател на советот, Станка Зафировска и Агим Мислими,
членови на советот, во правната работа на тужителката «Соња Тасевска» од К.
против тужените «Општина К.» од К., «ЈП Чистота и зеленило» К. и
«Ветеринарно сточарски центар Тодор Велков» од К.«», за «надомест на
нематеријална штета», вредност на спорот 300.000,00 денари, одлучувајќи по
жалбата на првотужениот, изјавена против пресудата на «Основен суд Куманово»
«МАЛВП-479/17» од 11.01.2018 година, на нејавната седница одржана на
«22.03.2018» година, ја донесе следната

П Р Е С У Д А

ЖАЛБАТА на првотужениот «Општина К.» од К., СЕ УВАЖУВА.

ПРЕСУДАТА на «»Основен суд Куманово«» «МАЛВП-479/17» од


11.01.2018 година, во обжалениот - усвоен дел спрема првотужениот, во став 1 од
изреката, СЕ ПРЕИНАЧУВА и ПРЕСУДУВА:

Тужбеното барање на тужителката Соња Тасевска«» од К. да се задолжи


првотужениот Општина К. да да и плати на име нематеријална штета и тоа: за
претпрени физички болки во износ од 50.000,00 денари, за претрпен страв во
износ од 25.000,00 денари, за намалена животна активност во износ од 40.000,00
денари и за нагрденост во износ од 10.000,00 денари или вкупно по сите основи
вкупен износ од 125.000,00 денари, со законска казнена камата сметано од денот
на пресудувањето 14.03.2017 година во висина на референтната стапка на
Народна банка на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело во тековното полугодие зголемена за осум
процентни поени до исплатата, како и да и плати на тужителката на име процесни
трошоци сума во износ од 61.925,00 денари, а се во рок од 15 дена по приемот на
пресудата, под страв на присилно исполнение, СЕ ОДБИВА КАКО
НЕОСНОВАНО.

Во останатиот дел, првостепаната пресуда, како необжалена,


ОСТАНУВА НЕИЗМЕНЕТА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителката да му ги надомести на првотужениот


трошоците во жалбен постапка во вкупен износ од 10.000,00 денари, во рок од 8
дена по приемот на оваа одлука.

Образложение

1
«ГЖ-947/18»

Основниот суд Куманово со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителката, па го задолжил првотужениот Општина К.да и
плати на тужителката на име нематеријална штета и тоа: за претпрени физички
бол во износ од 50.000,00 денари, за претрпен страв во износ од 25.000,00 денари,
за намалена животна активност во износ од 40.000,00 денари и за нагрденост во
износ од 10.000,00 денари или вкупно по сите основи вкупен износ од 125.000,00
денари, со законска казнена камата сметано од денот на пресудувањето 14.03.2017
година во висина на референтната стапка на Народна банка на РМ што за секое
полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело во
тековното полугодие зголемена за осум процентни поени до исплатата, како и да
и плати на тужителката на име процесни трошоци сума во износ од 61.925,00
денари, а се во рок од 15 дена по приемот на пресудата, под страв на присилно
исполнение. Во преостанатиот дел тужбеното барање на тужителката со кое бара
да се задолжи првотужениот да и плати на име нематеријална штета уште: за
претрпен физички бол 50.000,00 денари, за претрпен страв уште 25.000,00 денари,
за намалена животна активност 40.000,00 денари и за нагрденост 60.000,00 денари
или вкупно уште 175.000,00 денари со законска казнена камата од денот на
пресудувањето 14.03.2017 година во висина на референтна стапка на Народна
банка на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието
што му претходело во тековното полугодие зголемена за осум процентни поени
до исплатата, судот го одбил како неосновано. Тужбеното барање на тужителката
со кое бара да се задолжи второтужениот «ЈП Чистота и Зеленило» К. и
третотужениот и «Ветеринарно сточарски центар Тодор Велков» од К. солидарно
со првотужениот да и платат на тужителката на име справедлив паричен надомест
поради повреда на лични права на телесно и душевно здравје вкупна сума во
износ од 300.000,00 денари со законска казнена камата од денот на пресудувањето
до конечната наплата, судот го одбил како неосновано поради немање на пасивна
легитимација. Задолжена е тужителката на третотужениот му да плати на име
процесни трошоци сума во износ од 37.700,00 денари, во рок од 15 дена по
приемот на пресудата.

Незадоволен од пресудата останал првотужениот кој поднел навремена


жалба поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка,
погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, погрешна примена на
материјалното право, како и поради одлуката за трошоците на постапката, со
предлог жалбата да се уважи, а обжалената пресуда да се преиначи согласно
жалбените наводи.

Одговор на жалба не е поднесен.

Апелациониот суд Скопје, ја испита побиваната пресуда врз основа на


списите во предметот и наводите во жалбата, па најде:

Жалбата е основана.

2
«ГЖ-947/18»

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, од причина што
обжалената пресуда е јасна и разбирлива, содржи доволно образложени причини
за решителните факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето,
поради што може со сигурност да се испита.

Неосновани се жалбените наводи за погрешно и нецелосно утврдена


фактичка состојба, бидејќи од изведените и ценети докази во текот на постапката
согласно чл.8 од ЗПП, првостепениот суд утврдил дека на ден 07.10.2013 година
во 19 часот на ул.. М. во К. во непосредна близина на средното училиште П. Н. и
Спортската сала била нападната и касната од куче скитник со средна големина и
жолтеникава боја на крзно во пределот на десната подлактица и дланка. За ова
нешто има известување од СВР К. од 15.01.2016 година во кое е опишан настанот
откако претходно е сослушана тужителката и изготвен бил извештај кој бил
доставен до ОЈО К.. Како резултат на добиената телесна повреда - угризна рана од
куче на десната шака и десен рачен зглоб тужителката претрпела нематеријална
штета во вид на физички бол, душевна болка поради страв, намалаена животна
активност и душевни болки поради нагрденост, чиј интензитет и времетраење се
подетално опишани во образложението на обжалената пресуда. Судот утврдил
дека тужителката тужбата ја поднела на 06.10.2016 година преку македонски
пошти со обична пратка.

На вака утврдени факти првостепениот суд применувајќи ги одредбите


од чл.141 и чл.189 од Законот за облигациони односи, делумно го усвоил
тужбеното барање на тужителката спрема првотужениот на начин што истиот го
задолжил да и плати на тужителката надомест на нематеријална штета во вкупен
износ од 125.000,00 денари, а го одбил како неосновано тужбеното барање спрема
второ и третотужениот, како во изреката на обжалната пресуда.

Меѓутоа, по оцена на овој суд, основано се укажува во жалбата на


првотужениот дека првостепениот суд на правилно утврдени факти погрешно го
применил материјалното право по однос на истакнатиот приговор за застареност
на тужбеното барање.
Имено, по оцена на овој суд, погрешен е заклучокот на првостепениот
суд дека тужбата е поднесена на 06.10.2016 година, од причина што видно од
известување од судскиот референт од 10.01.2018 година е дека тужбата била
поднесена на 06.10.2016 година преку М.п.и со обична пратка, а била примена и
заведена во Основен суд Куманово на ден 14.10.2016 година. Оттука со оглед да
тужбата не била упатена по пошта со препорачана пратка, денот на предавањето
на тужбата во поштата 06.10.2016 година не може да се смета како ден на
поднесување на тужбата во судот, како што е предвидено во чл.105 ст.2 од ЗПП.
Во контекст на наведеното во конкретниот случај се смета дека тужбата е
поднесена во судот на ден 14.10.2016 година и од тој ден се смета дека отпочнал
да тече рокот за застареност.Ова особено ако се има во предвид дека од
приложениот плик со печат на поштата од 06.10.2016 година не може со
сигурност да се утврди дали со истиот била доставена предметната тужба а во

3
«ГЖ-947/18»

околности кога доставата е вршена од полномошник од редот на адвокатите на кој


логично е да му е позната обврската за достава на поднесоци кои се врзани со
рокови по пошта со препорачана пратка, во смисла на чл.105.ст.2 од ЗПП.

Согласно чл.365 ст.1 од ЗОО „побарувањето за надомест на штета


застарува за три години од кога оштетениот дознал за штетата и за лицето кое ја
сторило". Во смисла на наведената законска одредба рокот за застареност на
побарувањето за причинета штета изнесува три години од денот кога оштетениот
узнал за штетата и лицето што ја сторило штетата, а кога се работи за штета
причинета со повреда на оштетеното лице, овој рок почнува да тече од моментот
кога ќе се разбере и за обемот на штетата.

Во конкретниот случај од исказот на тужителката и известувањето од


СВР К. од 15.01.2016 година, произлегува дека на ден 07.10.2013 година во К.
тужителката била нападната и касната од куче скитник во пределот на десната
подлактица и дланка, што значи дека тужителката за штетата и за кучето скитник
од кое била повредена дознала веднаш по случување на штетниот настан. Воедно,
видно од доставената медицинска документација е дека тужителката на ден
08.10.2013 година се јавила на лекар заради здобиените повреди од каснување на
кучето, па од тој момент истата дознала и за обемот на штета. Оттука при утврден
факт дека штетниот настан се случил на ден 07.10.2013 година, тужителката за
штетата, штетникот и обемот на штетата дознала на ден 08.10.2013 година, а
тужбата за надомест на претрпена штета била поднесена на 14.10.2016 година,
произлегува дека во конкретниот случај тужбата била поднесена по истекот на
законски предвидениот рок од три години во чл.365 ст.1 од ЗОО, а со тоа дека
настапила застареност на побаруването на тужителката за надомест на
нематеријална штета.

Поради погоре наведеното следуваше овој суд согласно чл.361 ст.1 т.4
од ЗПП обжалената пресуда да ја преиначи така што тужбеното барање на
тужителката да се задолжи првотужениот да плати на име нематеријална штета
вкупен износ од 125.000,00 денари, со законска казнена камата сметано од денот
на пресудувањето 14.03.2017 година до исплатата, как и барањето за надомест на
трошоци по постапката, да го одбие како неосновано, како во изреката на
обжалената пресуда.
Со оглед да со оваа одлука се преиначи обжалената пресуда следуваше
согласно чл.160 ст.2 в.в. со чл.148 од ЗПП, да се задолжи тужителката да му ги
надомести на првотужениот трошоците по жалбена постапката во вкупен износ од
10.000,00 денари, а кои се однесуваат за судска такса за жалбата од 06.04.2017
година и за судска такса за жалбата од 25.01.2018 гидина, согласно доставените
докази за платена судска такса - уплатници.
Врз основа на сето погоре наведено, следуваше да се одлучи како во
изреката на оваа пресуда, а согласно чл.361 ст.1 т.4 од ЗПП.

4
«ГЖ-947/18»

Во останатиот дел, првостепаната пресуда, како необжалена, останува


неизменета.

Апелационен суд Скопје «ГЖ-947/18» од «22.03.2018»«» година.

Претседател на совет-судија
Лидија Мартинова с.р.

5
«ГЖ-4831/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Анита


Бошковска, претседател на советот, м-р Ѓорѓи Радојков и Нуман Лимани, членови
на советот, во правната работа на тужителот Решад Мурад од С., против тужените
ГРАД С. од С. и ЈП Комунална хигиена од С., за надомест на нематеријална
штета, вредност на спорот 180.000,00 денари, одлучувајќи по жалбите на
тужените изјавени против пресудата на Основниот суд С. II С. МАЛВП - 206/17
од 17.05.2017 година, на нејавната седница одржана на 14.12.2017 година, ја
донесе следната:

ПРЕСУДА

ЖАЛБИТЕ на тужените, СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд С. II С. МАЛВП - 206/17 од 17.05.2017


година, во ст.1 и 2 од изреката, СЕ ПОТВРДУВА.

Во останатиот дел ПРЕСУДАТА како необжалена ОСТАНУВА


НЕИЗМЕНЕТА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА првотужениот да му ги надомести на тужителот


трошоците сторени во жалбена постапка во вкупен износ од 11.160,00 денари во
рок од 8 дена по приемот на одлуката.

Пголемото барање на тужителот за надомест на трошоците сторени во


жалбена постапка, и тоа за разликата од досудениот до бараниот износ од
18.050,00 денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

Образложение

Основниот суд С. II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот Решад Мурад од С..

Ги задолжил тужените ГРАД С. од С. и ЈП Комунална хигиена од С., на


тужителот Решад Мурад од С., на име надомест на нематеријална штета поради
повреда на неговите лични права на телесно и душевно здравје солидарно да му
исплатат износ од 100.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на
референтната стапка на НБРМ, што за секое полугодие важела на последниот ден
од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за осум
процентни поени сметано од денот на пресудувањто - 17.05.2017 година до

1
«ГЖ-4831/17»

исплатата, како и да му ги надомести процесните трошоци во износ од 29.900,00


денари, се во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

Поголемото барање на тужителот за разликата од досудениот износ до


бараниот износ од 180.000,00 денари на име надомест на нематеријална штета,
како и поголемото барање на процесните трошоци за разликата од досудениот
износ до бараниот износ од 37.187,00 денари, го одбил како неосновано.

Незадоволен од наведената пресуда првотужениот изјавил навремена


жалба со која ја побива пресудата поради суштествена повреда на одредбите на
парничната постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба,
погрешна примена на материјалното право и погрешно утврдени парнични
трошоци, па предлага жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се преиначи и
да се одбие во целост како неосновано тужбеното барање или истата да ја укине и
предметот да го врати на повторно одлучување.

Незадоволен од наведената пресуда второтужениот изјавил навремена


жалба со која ја побива пресудата поради суштествена повреда на одредбите на
парничната постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба,
погрешна примена на материјалното право и погрешно утврдени парнични
трошоци, па предлага жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се преиначи и
да се одбие во целост како неосновано тужбеното барање или истата да ја укине и
предметот да го врати на повторно одлучување.

Поднесен е одговор на жалба од страна на тужителот на жалбата на


првотужениот преку полномошник адвокат Софија Бојковска од С. со кој се
оспоруваат жалбените наводи, со предлог жалбата да се одбие како неоснована, а
обжалената пресуда потврди со барање за надомест на трошоците сторени во
жалбена псотапка.

Апелациониот суд Скопје, откако ги разгледа списите приложени кон


предметот, обжалената пресуда и жалбите, како и одговорот на жалба, најде:

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи на тужените за сторени суштествени


повреди на одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, бидејќи
обжалената пресуда е јасна, разбирлива, и содржи доволно образложени причини
за решителните факти од кои се раководел судот при донесување на својата
одлука, изреката нема недостатоци, не противречи со причините дадени во
образложението за таквото одлучување, поради што истата може во целост и со
сигурност да се испита.

Неосновани се жалбените наводи на тужените за погрешно и нецелосно


утврдена фактичка состојба, бидејќи по оцена на овој суд првостепениот суд врз
основа на изведените докази во текот на постапката согласно чл. 8 од ЗПП,

2
«ГЖ-4831/17»

правилно утврдил дека на ден 03.10.2016 година тужителот движејќи се пешки во


централното градско подрачје во близина на хотелот Холидеј Ин - општина Ц.
бил нападнат од 4 кучиња скитници, при што бил каснат во пределот на десната
потколеница од едно од кучињата во бело жолта боја, со што се здобил со угризни
рани. Тужителот веднаш се упатил во ЈЗУ Клиника за хирушки болести - С. каде
што му била направена тоалета и преврска, а потоа бил упатен на клиниката за
инфективни билести за примање на вакцина против тетанус и тоа во различен
временски интервал бидејќи кучето што го каснало не можело да го најдат на
лице место. Тужителот истиот ден дал телефонска изјава за Канал 5, а на
04.11.2016 година настанот бил пријавен и во ПС Ц.. Критичниот момент
тужителот бил каснат од куче во пределот на десната потколеница и претрпел
угризна рана од куче во предел на десна потколеница со појава на оток и модрило
и истата се квалификува како Телесна повреда.

Неосновани се жалбените наводи на првотужениот и второтужениот за


погрешно утврдена фактичка состојба по однос на пасивната легитимација, во таа
смисла дека првотужениот согласно чл. 13 од Законот за Град С. за вршење на
јавните работи од локално значење може да основа јавни служби, па како го
основал второтужениот, нему му ја префрлил обврската да се грижи за хигиената
и ерадикцијата на животните скитници на подрачјето на Град С., што значи
второтужениот бил пасивно легитимиран, но не и првотужениот, додека пак
второтужениот упатува на околноста дека Општината и Град С. се надлежни за
собирање на кучиња скитници, па како првотужениот е сопственик на
второтужениот, пасивната легитимација била на страната на првотужениот, но не
и на страна на второтужениот.

Неоснованоста на ваквите жалбени наводи произлегува од тоа што


согласно чл.25 ст.1 од Законот за заштита и благосостојба на животните
(Сл.Весник на РМ, бр.113/07), општините во градот С., односно градот С. се
надлежни да вршат собирање на кучињата скитници и нерегулираните кучиња и
привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Согласно чл.5
ст.1 т.15 од Законот за комунални дејности (Сл.Весник на РМ, бр.85/12), како
комунална дејност, меѓу другото е уловување на животни скитници. Согласно
чл.9 ст.2 од истиот член, за вршење на комунални дејности, општините односно
градот С. можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен закон со кој
се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а доколку
општината, односно градот С. немаат основано јавно претпријатие, вршењето на
комуналните дејности можат да го доверат на правни и физички ллица кои
поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Начинот на организирање и
вршење на комуналните дејности попблиски го пропишуваат оптините,
општините во градот С. и градот С.. Согласно чл.12 ст.2 од истиот закон, заради
подеталнно уредување на односите во комуналните дејности, утврдени со Законот
за комунални дејности, советот на општините, односно Советот на градот С.,
донесува одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Согласно
чл.14 ст.3 т.9 од истиот закон, во групата на комунални услуги за задоволување на
заедничката потрошувачка, спаѓа и ерадикција на животни скитници.

3
«ГЖ-4831/17»

Согласно чл.1 од Договорот заверен кај првотужениот под 03-111 на ден


13.01.2016 година а кај второтужениот под бр.08-190/1 на ден 14.01.2016 година,
в.в. со Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на
подрачјето на Град С. во 2016 година со бр.07-9728/1 од 24.11.2015 година,
првотужениот и второтужениот се договориле да второтужениот за 2016 година
да превземе активности поврзани со заловување и медицински третман на
животните скитници и тоа: заловување на животните и нивен транспорт до
стационарот, прием и клинички преглед, лабараториски испитувања на истите за
одредени болести, идентификација и оводење на евиденција,
овариохистеректомија и орхиектомија, постоперативно сметување и нега,
вакцинација и дехелментација, транспорт на животните до приближното место од
каде се заловени и еутаназија на болни и опасни животни по средината.

Имено, со оглед дека второтужениот со Програмата на првотужениот за


кучињата скитници се обврзал да врши третман со обезбедување елементарна
заштита на ваквите кучиња и нивно сместување во стационарот, како и
задолжителна еутаназија на болните и агресивни кучиња, произлегува дека истиот
е пасивно легитимиран во случајот, а со тоа и обврзан да ја надомести штетата на
тужителот, која произлегува од несовесно вршење на работите во делокругот на
работењето на второтужениот. Исто така и првотужениот е пасивно легитимиран
односно солидарно одговорен заедно со второтужениот спрема тужителот од
причина што е сопственик (советот на град С.) на второтужениот.

Наведеното дотолку повеќе што и Врховен суд на Република


Македонија донел правно мислење на седница на Одделот за граѓански дела на
ден 04.03.2016 година, според кое солидарно одговорни за надомест на штета
причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот С. и
Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е
доверено собирањето на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња. Ова
особено затоа што општините, општините во градот С. и градот С. имаат утврдена
законска надлежност да вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани
кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта, како и
од фактот дека уловување и ерадикцијата на животните скитници претставува
комунална дејност, за која општината, општините во градот С. и градот С. може
да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа дејност да го доверат на
правно лице.

По оцена на овој суд, делегирањето на надлежноста од првотужениот на


второтужениот не ја исклучува одговорноста во ниту еден правец, бидејќи Градот
С. е сопственик на второтужениот.

Неосновани се жалбените наводи на второтужениот дека обжалената


пресуда е неразбирлива, неоправдана и неправедна, во таа смисла дека
одговорноста за исплата на штетата се темели на погрешни одредби од ЗОО и тоа
на чл.142 кој регулира само што е штета, меѓу кој е и повреда на личните права -

4
«ГЖ-4831/17»

нематеријална штета која произлегува од друг договорен однос и од чл. 165-з ст.1,
кој се однесувал на штета од предмети, но не и животни.

Неоснованоста произлегува од фактот што со донесувањето на


обжалената пресуда правилно е применето материјалното право од причини што
одредбата од чл. 142 од ЗОО упатува на заклучок дека штетата е и повреда на
личните права - нематеријална штета, која пак е регулирана со одредбата од чл.
189 од истиот закон, додека одредбата од чл. 165-з ст.1 од ЗОО упатува на
одговорност за штета од животно доверено на чување или грижа на друг, а не
како што наведува вотортужениот, за штета од предмети.

Овој суд ги ценеше и останатите жалбени наводи на тужените, меѓутоа


за истите најде дека се ирелевантни и без влијание за поинакво одлучување и
таквите немаат влијание по правилноста и законитоста на самата одлука.

Со оглед на неуспехот со жалбата на првотужениот, а по повод


поднесениот одговор на жалба од страна на тужителот, овој суд согласно чл. 160
од ЗПП го задолжи првотужениот да му ги надомести на тужителот трошоците
сторени во жалбена постапка во вкупен износ од 11.160,00 денари, а кои се
однесуваат за состав на одговор на жалба 9.360,00 денари (според висината на
обжалениот дел од 100.000,00 денари) и такса за одговор на жалба 1.800,00
денари. Поголемото барање за разликата од досудениот до бараниот износ од
18.050,00 денари овој суд го одби како неосновано со оглед на висината на
обжалениот дел и АТ на РМ.

Со оглед на претходно изнесеното следуваше овој суд да одлучи како во


изреката согласно чл.357 од ЗПП.

Апелационен суд Скопје ГЖ-4831/17 од 14.12.2017 година.

Претседател на совет-судија
Анита Бошковска, с.р.

5
«ГЖ-4272/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите: Лидија


Мартинова, претседател на советот, Станка Зафировска и Агим Мислими,
членови на советот, во правната работа на тужителката Калина Иванова од С.,
против тужениот Град С., за надомест на нематеријална штета, вредност на
спорот 130.000,00 денари, одлучувајќи по жалбата на тужениот , поднесена против
пресудата на Основен суд Скопје II С. МАЛВП-1490/16 од 03.04.2017 година, на
нејавната седница одржана на 25.10.2017 година, ја донесе следната

П РЕ С У Д А

ЖАЛБАТА на тужениот, СЕ ОДБИВА КАКОНЕОСНОВАНА.

ПРЕСУДАТА на Основен суд Скопје II С. МАЛВП-1490/16 од


03.04.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот да и ги надомести на тужителката


трошоците по жалбена постапка – за поднесениот одговор на жалба во вкупен
износ од 7.800,00 денари, во рок од 15 дена од приемот на оваа одлука.

О б р аз л о ж ен и е

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителката, па го задолжил тужениот на тужителката на
име надомест на нематеријална штета да и исплати вкупен износ од 80.000,00
денари , од кои: за претрпен физички бол износ од 30.000,00 денари, за претрпен
страв износ од 20.000,00 денари и за претрпени душевен бол поради намалена
општа животна активност износ од 30.000,00 денари, со законска казнена камата
на овие износи сметано од денот на пресудувањето - 03.04.2017 година во висина
на референтната стапка на Народна Банка на Република М. што важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие,
зголемена за осум процентни поени, па до исплатата, како и трошоци во
постапката во износ од 22.653,00 денари, а се во рок од 8 дена по приемот на
пресудата, под закана од присилно извршување. Поголемото тужбено барање на
тужителката за разликата од досудените износи на име нематеријална штета и тоа:
за претрпен физички бол од досудените 30.000,00 денари до бараните 40.000,00
денари, за претрпен страв од досудените 20.000,00 денари до бараните 40.000,00
денари и за претрпен душевен бол за намалена животна активност од досудените
30.000,00 денари до бараните 50.000,00 денари, како и за разликата од досудените
износи од 22.653,00 денари до бараните трошоци износ од 39.800,00 денари, судот
го одбил како неосновано.

1
«ГЖ-4272/17»

Незадоволен од пресудата останал тужениот, кој поднел жалба со која


ја побива истата поради суштествени повреди на одредбите на парничната
постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена
на материјалното право, со предлог жалбата да се усвои, а побиваната пресуда да
се укине и предметот врати на повторно судење на истиот суд или истата да се
преиначи согласно жалбените наводи.

Одговор на жалба е поднесен од тужителката, преку полномошник


Марика Димитровска, адвокат од С., во кој се оспоруваат жалбените наводи со
предлог жалбата да се одбие како неоснована, а обжалената пресуда да се
потврди. Предјавени се трошоци за поднесениот одговор на жалба.

Апелациониот суд Скопје, ја испита побиваната пресуда врз основа на


списите во предметот , наводите во жалбата и наводите во одговор на жалба, па
најде:

Жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, од причина што
обжалената пресуда е јасна и разбирлива, содржи доволно образложени причини
за решителните факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето,
поради што може со сигурност да се испита.

Неосновани се жалбените наводи за погрешно и нецелосно утврдена


фактичка состојба, бидејќи од изведените и ценети докази во текот на постапката
согласно чл.8 од ЗПП, првостепениот суд утврдил правилна и целосна фактичка
состојба кога нашол дека на ден 14.12.2015 година околу 14:00 часот тужителката
на враќање од работа во близина на ... во С. каде работи, а во близина на местото
на живеење , била касната од куче скитник, по што истата веднаш се јавила на
лекар. Од медицинскиот вешт наод и мислење изготвен од вештото лице д-р ДИ,
судот ги утврдил битните факти дека тужителката како последица на настанот се
здобила со повреди во вид на угризна рана од куче во пределот на десната
надколеница. Видот и карактерот на повредите, квалификацијата на истите, како и
степенот, интензитетот, времетраењето на претрпените физичките болки, страв и
душевните болки поради намалената општа животна активност, кај тужителката
се детално опишани во образложението на обжалената пресуда, а се утврдени врз
основа на погоре наведеното медицинско вештачење прифатено од судот, со кое
се согласува во целост и овој суд. Имајќи ги во предвид погоре утврдените факти,
врз основа на медицинското вештачење на вештото лице д-р ДИ, како и
критериуми предвидени во одредбата од чл.189 од Законот за облигациони
односи, по оцена на овој суд, првостепениот суд правилно утврдил дека на
тужителката и следува надомест на нематеријална штета во вкупен износ од
80.000,00 денари , од кои: за претрпен физички бол износ од 30.000,00 денари, за
претрпен страв износ од 20.000,00 денари и за претрпени душевен бол поради

2
«ГЖ-4272/17»

намалена општа животна активност износ од 30.000,00 денари , како во изреката


на обжалената пресуда. Притоа судот ги имал во целост во предвид сите
параметри и околности кои влијаат на висината на надоместокот, а особено
претрпените повреди на тужителката и последиците од истите, како и водел
сметка за силината и траењето на повредите кај тужителката со кои биле
предизвикани физичките болки, стравот и душевните болки, истовремено и за
целта за која служи паричниот надоместок и за тоа надоместокот да не е во
спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена
цел. При тоа имајќи ги во предвид во исто време и индивидуализираните
критериумите за определување на правичен надомест на нематеријална штета кои
треба да се ценат, не генерализирано, воопштено преку нивната појавна форма,
туку за секоја индивидуа пооделно, вклучително и од аспект на личната
перцепција и начинот на кој индивидуата го доживува штетниот настан. Ова од
причина што токму тоа, од своја страна директно влијае на детерминирачките
критериуми во поглед на нивниот интензитет и времетраење. Во овие околности,
овој суд смета дека материјалното право е правилно применето, а одлуката на
првостепениот суд правилна и на закон заснована.

Во жалбата на тужениот се укажува дека првостепениот суд погрешно ја


утврдил фактичката состојба кога раководејќи се од одредбата од чл.25 од
Законот за заштита и благосостојба на животните утврдил дека за евентуално
настанати штети од напад на куче скитник е одговорен тужениот, притоа не
ценејќи ја одредбата од чл.28 од истиот Закон, според која за евентуално
настаната штета од кучиња скитници треба да одговара ЈП Комунална хихиена С.,
како и дека согласно одредбата од чл.13 од Законот за Град С., тужениот основал
јавно претпријатие во чија надлежност ја префрлил обврската да се грижи за
хигиената и ерадикацијата на животните скитници на подрачјето на градот С., со
кое имал и склучено договор како извршител на активности поврзани со
заловување и медицински третман на животните скитници на подрачјето на Град
С. во 2012 година, па градот С. како основач на јавните претпријатија не може да
се смета за одговорен за штетата настаната поради непревземање соодветни мерки
за одржување од страна на Јавните претпријатија, поради што тужениот немал
пасивна легитимација во конкретниот спор.

Овој суд го ценеше ваквите жалбени наводи, но за истите најде дека се


неосновани. Ова од причина што пасивната легитимација на првотужениот
произлегува од одредбата од чл.10 ст.4 алинеја 23 од Законот за Градот С.
(Сл.весник на РМ бр.55/04) според која одредба надлежностите, односно работи
од јавен интерес од локално значење за градот С. се комунални дејности и тоа
меѓудругите дејности и еридикција на животните скитници, како и од чл.25 т.1 од
Законот за заштита и благосостојба на животните, согласно која Градот е
надлежен за собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња, како и
за нивно привремено сместување во прифатилишта, а согласно точ.5 од тој член
градот е надлежен и за контрола на популација на кучиња скитници. Како
комунални дејности во смисла на Законот за комунални дејности (Сл.весник
бр.85/12), односно согласно чл.9 ст.1 од истиот закон, комуналните дејности се

3
«ГЖ-4272/17»

вршат во согласност со Законот за комунални дејности и друг закон, како и


прописите донесени од страна на општините, општините во градот С. и градот С..
Согласно ст.2 од истиот член, за вршење на комуналните дејности, општините
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен
закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а
доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно претпријатие,
вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни и физички
лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Согласно чл.12 ст.2
од од истиот закон, заради подетално уредување на односите во комуналните
дејности, утврдени со Законот за комунални дејности, советот на општините,
односно Советот на градот С., донесува одлука за комунален ред и мерки за
нејзино спроведување. Законот за комунални дејности, тргнувајќи од критериумот
за тоа чија потрошувачка се задоволува, разликува комунални услуги за
задоволување на индивидуална потрошувачка и услуги за задоволување на
заедничката потрошувачка. Согласно чл.14 ст.3 ал.9 од наведениот закон, спаѓа и
ерадикција на животни скитници. Поаѓајќи од фактот дека градот С. има утврдена
законска надлежност да врши собирање на кучиња скитиници и нерегистрирани
кучиња и привремено да ги смести во соодветни објекти-прифатилишта и дека
уловување и ерадикцијата на животните скитиници претставува комунална
дејност, за која градот С. може да основа јавно претпријатие или вршењето на
оваа дејност да го довери на правно лице, согласно погоре наведеното судот
правилно ценел дека тужениот Град С. е одговорен за извршувањето на работите
од јавен интерес и има обврска за надомест на штетата која настанала со
каснување на кучето скитник, односно да и ја надомести на тужителката
причинетата нематеријална штета. Во конкретниот случај Градот С. не е тужен
како основач на јавното претпријатие со солидарна одговорност, туку како
директно одговорен за надомест на штета по принципот на објективна
одговорност , согласно обврските кои му се дадени со Законот на Град С. и
Законот за благосостојба на животните.

Жалбениоте наводи дека тужениот имал склучено договор со ЈП К.х.


како извршител на активности поврзани со заловување и медицински третман на
животните скитници на подрачјето на Град С. во 2012 година, поради што
тужениот немал пасивна легитимација во конкретниот спор, се неосновани . Ова
од причина што од приложениот договор судот утврдил е дека во истиот не е
предвидено дека ЈП К.х. покрај обврската за преземање на одредени активности
има обврска и за надомест на штета предизвикана од кучиња скитници на
територијата на Град С., туку истиот се однесува на регулирањето на односите
помеѓу Град С. и ЈП К.х. во врска со преземањето на активностите за заловување
и медицинскиоот третман на животните скитници.

Неосновано првотужениот укажува и на погрешна примена на


материјалното право на одредбата од чл.141 од ЗОО, имено дека не биле
исполнети претпоставките за надомест на штета, наведувајќи дека во конкретниот
случај првостепениот суд и не утврдил дали конкретното куче од кое тужителот
се здобил со повреди било третирано согласно законските прописи, односно дали

4
«ГЖ-4272/17»

станува збор за куче скитник или истото имало сопственик, како и дали
тужителката со своето однесување имала придонес за реакцијата на кучето, на кои
околности тужителката не доставила докази, дотолку повеќе што и од вештиот
наод и мислење не можело да се утврди дали причина за настанатите повреди кај
тужителката биле куче скитник. Ова од причина што во конкретниот случај се
работи за објективна одговорност за исполнување на обврските на тужениот
согласно погоре наведените законски прописи од кои произлегува неговата
пасивна легитимација и околноста дека е должен да обезбеди заштита на
граѓаните од напади од кучиња без оглед дали кучињата биле претходно
третирани. Воедно од предложените докази, особено од исказот на тужителката
произлегува дека станува збор за куче скитник, како и дека кај тужителката
немала придонес за реакцијата на кучето, бидејќи истата се движела од работа
накај дома кога ненадејно и рипнало кучето скитник при што ја угризало на
предната страна на десната нога. Тоа што кучето немало обележје за куче
скитник не значи дека имало сопственик, бидејќи една од активностите според
Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на
Град С. за 2015 година било заловувањето на животните, нивниот транспорт до
стационар, прием на клинички преглед и идентификација и водење евиденција.
Воедно, тужениот не предложил ниту доставил докази дека кучето било
сопственост на определено лице, нуту пак докази дека тужителката со своето
однесување имала придонес за реакцијата на кучето поради што правилно
утврдил и првостепениот суд дека штетата на тужитеката била причинета од куче -
скитник и истата немала придонес за настанување на последиците од настанот.

Жалбениот навод по однос на досудената камата е неоснован од


причина што според овој суд, првостепениот правилно одлучил кога на
досудениот износ на име нематеријална штета досудил камата сметано од денот
на донесување на пресудата како ден кога е утврдена висината на надоместокот и
одговорноста на тужениот за надомест на штетата, а согласно чл.266 и чл.266-а од
ЗОО.

Врз основа на правилно и целосно утврдената фактичка состојба, по


оценка на овој суд првостепениот суд правилно го применил и материјалното
право кога согласно одредбите од Законот за Град С., Законот за заштита и
благосостојба на животните и чл.189 од Законот за облигациони односи, делумно
го усвоил тужбеното барање на тужителката и одлучил како во изреката на
обжалената пресуда, од која причина жалбените наводи на тужениот за погрешна
примена на материјалното право се јавуваат како неосновани.

Неоснован е жалбениот навод дека судот донел неправилна одлука за


парничните трошоци, од причина што истата е правилна и донесена согласно
чл.145 и чл.148 од ЗПП, со јасно образложени причини за кои преземени
процесни дејствија по износи истите се однесуваат , а висината на наградата е
определена по А Т на РМ и законот за судски такси.

5
«ГЖ-4272/17»

Предмет на оцена беа и останатите жалбени наводи , но за истите овој


суд најде дека се без влијание за поинакво одлучување во предметниот спор.

Врз основа на сето погоре наведено, следуваше да се одлучи како во


изреката на пресудата, согласно чл.357 од ЗПП.

Апелациониот суд Скопје согласно чл.160 в.в. со чл.148 од ЗПП го


задолжи тужениот да и ги надомести на тужителката трошоците по жалбена
постапка - за поднесениот одговор на жалба во вкупен износ од 7.800,00 денари, а
кои се однесуваат за состав на одговор на жалба со 18% ДДВ во износ од 6.500,00
денари и за судска такса за одговор на жалба износ од 1.300,00 денари – согласно
доставениот доказ - уплатница.

Апелационен суд С. ГЖ-4272/17 од 25.10.2017 година.

Претседател насовет-судија
Лидија Мартинова с.р.

6
«ГЖ-5565/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите Лидија


Димчевска, претседател на советот, Зора Треневска и м-р Суад Алиу, членови на
советот, во правната работа на тужителот Јане Богатинов од С., против тужените
и ЈП Комунална Хигена С., за надомест на нематеријална штета, вредност
180.000,00 денари, одлучувајќи по жалбата на првотужениот Град С. и жалбата на
второтужениот ЈП Комунална Хигена С., изјавени против пресудата на Основниот
суд Скопје II С. МАЛВП-2344/16 од 20.06.2017 година, на нејавната седница на
советот одржана на ден 31.01.2018 година, донесе

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот и ЖАЛБАТА на второтужениот, СЕ


ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје II С. МАЛВП-2344/16 од


20.06.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА првотужениот Град С. да му ги надомести на


тужителот трошоците во жалбена постапка во износ од 13.187,00 денари, во рок
од 8 дена по приемот на пресудата.

СЕ ЗАДОЛЖУВА второтужениот ЈП Комунална Хигена С., да му ги


надомести на тужителот трошоците во жалбена постапка во износ од 13.187,00
денари, во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот Јане Богатинов од С.. Ги задолжил тужените ЈП
Комунална хигиена С. и Град С. солидарно да му исплатат на тужителот Јане
Богатинов од С. на име нематеријална штета за повреда на личнита права поради
нарушување на телесно и душевно здравје вкупен износ од 100.000,00 денари од
кои за претрпени физички болки износ од 40.000,00 денари,за претрпен страв
износ од 35.000,00 денари, душевен бол поради намалена животна активност
износ од 20.000,00 денари, душевни бол поради нагрденост износ од 5.000,00
денари со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на
РМ, што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му
претходело на тековното полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на
пресудувањето 20.06.2017 година до исплатата, како и да му ги надомести

1
«ГЖ-5565/17»

трошоците по постапката во вкупен износ од 29.312,00 денари, се во рок од 8 дена


од приемот на пресудата. Поголемото тужбено барање на тужителот за надомест
на нематреријална штета за разликата од досудениот до побараниот паричен
износ и тоа за претрпени физички болки до износот до 60.000,00 денари, за
претрпен страв до износот до 68.000,00 денари и за намалена животна активност
до износот до 40.000,00 денари и за нагрденост до износ од 12.000,00 денари, како
и поголемото барање за трошоците по постапката, го одбил како неосновано.

Незадоволен од ваквата пресуда останал првотужениот, кој со навремена


жалба ја побива истата поради суштествена повреда на одредбите на парничната
постапка, погрешно и нецелосно утвртдена фактичка состојба и погрешна
примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, обжалената
пресуда да се укине и предметот да се врати пред првостепениот суд на повторно
судење или истата да се преиначи во смисла на жалбените наводи.

Против првостепената пресуда, навремена жалба изјавил и


второтужениот поради суштствена повреда на одредбите на парничната постапка,
погрешна примена на материјалното право и поради одлуката за трошоци, со
предлог жалбата да се уважи, а првостепената пресуда да се укине и предметот да
се врати пред првостепениот суд на повторно судење или истата да се преиначи во
смисла на жалбените наводи.

Одговор на жалбата на првотужениот поднел тужителот, преку


полномошник Адвокатско друштво Илиевски-Јанчевски од С., со кој се
оспоруваат жалбените наводи истакнати во жалбата на првотужениот, со предлог
жалбата на првотужениот да се одбие како неоснована, а обжалената пресуда да
се потврди и првотужениот да се задолжи со трошоци во жалбена постапка.

Одговор на жалбата на второтужениот поднел тужителот, преку


полномошник Адвокатско друштво Илиевски-Јанчевски од С., со кој се
оспоруваат жалбените наводи истакнати во жалбата на второтужениот, со предлог
жалбата на второтужениот да се одбие како неоснована, а обжалената пресуда да
се потврди и второтужениот да се задолжи со трошоци во жалбена постапка.

Апелациониот суд Скопје, по испитување на обжалената пресуда,


наводите во жалбите, одговорите на жалба и другите списи по предметот,
согласно чл.354 ст.1 од ЗПП, најде:
Жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст. 2 т. 14 од ЗПП, бидејќи
првостепената пресуда во обжалениот дел е јасна и разбирлива, содржи доволно
образложени причини за решителните факти од кои се раководел првостепениот
суд при одлучувањето, поради што може со сигурност да се испита.

Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена

2
«ГЖ-5565/17»

фактичка состојба, од причина што фактичката состојба по предметот е утврдена


врз основа на изведените докази, при тоа првостепениот суд постапувајќи
согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил правилна и целосна фактичка состојба кога
нашол дека тужителот Јане Богатинов на ден 08.04.2016 година околу 08,30 часот
движејќи се по бул.. во близина на ОУ . . видел три кучиња скитници кои по
ништо не оддавале дека се вознемирени или агресивни. Ненадејно кога се
приближил до нив без било какво претходно лаење едно од кучињата го
нападнало тужителот и загризало за десното стопало близу до корените на
прстите прегризувајќи му го чевелот. Тужителот шокиран неуспешно се обидувал
да се одбрани. Кучето кое го загризало за ногата не го отпуштало, адругите
кучиња скокале околу него.Тужителот почуствувал како од ногата пообилно му
течело крв и веднаш заминал во клиниката Наум Охридски, каде бил прегледан и
биле констатирани три длабоки убоди од заби на стапалото. Раните биле
тоалетирани и бил упатен на Клиниката за инфективни болести каде примил
антитетанус заштита и бил упатен на домашно лекување. На ден 08.04.2016
година тужителот го пријавил настанот во ПС А.. Како резултат на на здобиените
телесни повреди тужителот претрпел нематеријална штета. Тужителот преку
својот полномошник на 31.08.2016 година поднел барање за надомест на штета до
тужените, но не добил одговор, па од тие причини ја поднел предметната тужба.
Според медицинското вештачење тужителот критичниот ден се здобил со
нкаснување или удирање од куче, рана од загриз на куче во пределот на десното
стапало, кое преставува телена повреда и е во причинско-последична врска со
предметниот настан. Согласно чл.25 од Закон за заштита и благосостојба на
животните Градот С. и ЈП Комунална хигиена се надлежни за собирање на кучиња
скитници и нерегистирани кучиња со тоа што привремено да ги сместат во
прифатилишта од каде произлегува дека тужените се во обврска да ги отстраноат
кучињата скитници и да ги третираат соодветно. Тужениот не постапил согласно
цитираниот Закон, па од тие причини се случил штетниот настан.
Во жалбата на првотужениот Град С. се наведува дека првостепениот
суд погрешно утврдил дека тој има обврска за надомест на штета спрема
тужителот, при тоа не земајќи во предвид дека согласно одредбата од членот 13
од Законот за Градот С. (Службен весник на РМ број 55/04) за вршење на јавни
работи од локално значење во рамките на својата надлежност, Градот С. може да
основа јавни служби во согласност со закон и дека тој всушност е основач на
ЈП„Комунална Хигиена“-С. и својата надлежност од комуналната дејност да се
грижи за ерадикација на животните скитници на подрачјето на Градот С., ја
пренел (доверил) на ова претпријатие. Воедно истакнува дека првостепениот суд
со сигурност не утврдил кој е имател на кучето и дека за штета причинета од
животно одговара неговиот имател. Како и дека првостепениот суд воопшто не ги
зел во предвид законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита и
благосостојбата на животните (Службен весник на РМ бр.113/07 и 136/11 ) за да
може да утврди дали Град С. преку основаното јавно претпријатие постапувал
согласно закон, а доколку не постапувал кои пропусти ги сторил.

Во жалбата на втортужениот ЈП Комунална хигиена се наведува дека тој


во рамките на својата доверена надлежност не е надлежен да се грижи за заштита

3
«ГЖ-5565/17»

на граѓаните од кучињата скитници, бидејќи согласно Законот тоа е во


надлежност на Градот С.. А ова дотолку повеќе што предвидените активности во
Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на
град С. се финансираат од Град С., па оттука единствено Град С. може да биде
пасивно легитимирана странка во оваа постапка.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како


неосновани, од причина што согласно одредбата од чл.10 точка 4 алинеја 21 од
Законот за град С. (Сл.весник на РМ бр.55/2004) надлежности, односно работи од
јавен интерес од локално значење на градот С. се комунални дејности меѓу кои и
ерадикација на животните скитници, а согласно чл.13 од истиот закон градот С. за
вршење на работи од јавен интерес од локално значење во рамките на својата
надлежност може да основа јавни служби во согласност со закон. Согласно чл.25
ст.1 од Законот за заштита и благосостојба на животните, општината, општините
во градот С., односно градот С. се надлежни да вршат собирање на кучињата
скитници и нерегистрираните кучиња и привремено да ги сместат во соодветни
објекти - прифатилишта. Во овие објекти треба да се обезбеди елементарна
заштита на животните од непогодни временски услови и да се обезбеди нивно
ефикасно затварање. Согласно чл.9 ст.2 од Законот за комунални дејности
(Сл.весник на РМ бр.85/12) за вршење на комуналните дејности, општините
односно градот С., можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен
закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а
доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно претпријатие,
вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни и физички
лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Во таа насока, во
групата на комунални услуги за задоволување на заедничка потрошувачка,
согласно чл.14 ст.3 алинеја 9 од Законот за комунални дејности, спаѓа и
ерадикација на животни скитници. Во конкретниот случај во програмата за
решавање на проблемот со животни скитиници на подрачје на град С. во 2015
година бр.16/2014 година-Службен гласник на град С., биле предвидени
активности за решавање на проблемот за животните скитници, како и дека
второтужениот ЈП Комунална Хигиена бил определен за извршување на истите.
А, Град С. и ЈП Комунална Хигиена, склучиле договор заведен под деловоден
бр.03-111 од 13.01.2016 година и бр.08-190/1 од 14.01.2016 година, со кој го
утврдиле извршувањето на активностите предвидени во програмата за решавање
на проблемот за животните скитници. Во договорот од 2016 година, склучен
помеѓу Град С. како нарачател и ЈП Комунална Хигиена С. како извршител,
регулирани се односите помеѓу нарачателот и извршителот на активностите
поврзани со заловување и медицински третман на животните скитници на
подрачјето на Град скопје за 2016 година. Во членот 1 од договорот, наведено е
дека активностите поврзани со заловување и медицинскиот третман на животните
скитници опфаќа заловување на животните, нивен транспорт до стационар, прием
на клинички преглед, идентификација и водење евиденција, вакцинација и
дехелментација, транспорт на животните до приближното место од каде се
заловени, еутаназија на болни и опасни по средината животни. Во членот 4 од
договорот е наведено дека извршителот е должен по добиена дојава за теренско

4
«ГЖ-5565/17»

интервенирање од страна на нарачателот или од страна на граѓани да излезе на


терен веднаш и да ја преземе потребната активност. Во членот 8 од договорот
наведено е дека нарачателот врши контрола на начинот и обемот на извршување
на услугата што е предмет на договорот.

Имено, имајќи ги во предвид погоре цитираните законски одредби, со


оглед да општината, односно градот С. имаат утврдена законска надлежност да
вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да
ги сместат во соодветни објекти-прифатилишта, како и дека уловувањето и
ерадикацијата на животните скитници е комунална дејност, за која општините,
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа
дејност да го доверат на правно лице, по оцена на овој суд правилно утврдил
првостепениот суд дека и првотужениот и второтужениот имаат пасивна
легитимација, односно и двајцата солидарно се одговорни да му ја надоместат
штетата на тужителот. Во контекст на ова е и правното мислење на Врховен суд
на РМ од 04.03.2016 година, согласно кое солидарно одговорни за надомест на
штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот С.
и Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е
доверено собирање на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња.

Неоснован е жалбениот навод за погрешна примена на материјалното


право. Во жалбата на првотужениот се наведува дека првостепениот погрешно ја
применил одредбата од чл.189 од ЗОО.

Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но не ги прифати


како основани, бидејќи на правилно и целосно утврдена фактичка состојба,
првостепениот суд правилно го применил чл.189 од Законот за облигациони
односи. Имено, согласно чл.189 ст.1 од ЗОО, во случај на повреда на личните
права судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го
оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од
надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Согласно ст.2
од истиот член при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок
судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле
предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која
служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со
стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел.

Во конкретниот случај врз основа на вештачењето извршено од страна


на вешто лице проф д-р Панде Видиновски од 21.06.2016 година, првостепениот
суд утврдил дека тужителот, како последица на повредите добиени од каснување
од куче се здобил со телесна повреда - угризна рана од куче во пределот на
десното стапало, и при тоа правилно ги утврдил интензитетот и времетраењето на
претрпените физички болки, страв и душевни болки поради намалената општа
животна активност и степенот на нагрденост, кои се конкретно опишани во
фактичката состојба на обжалената пресуда. Оттука, со оглед на утврденото, а
раководејќи се од чл.189 од ЗОО, правилно првостепениот суд на име надомест на

5
«ГЖ-5565/17»

нематеријална штета поради повреда на неговите лични права на телесно и


душевно здравје му досудил на тужителот износ од 100.000,00 денари од кои:
40.000,00 денари за претрпен физички бол, 35.000,00 денари за претрпен страв,
20.000,00 денари за душевни болки за намалена животна активност и 5.000,00
денари за душевни болки за за нагрденост, а поголемото тужбено барање го
одбил како неосновано.

За вака досудените износи ако се имаат предвид утврдените критериуми


според силината и траењето на повредата со кои биле предизвикани физичките
болки, душевни болки, страв и степенот на нагрденост, за целта за која служи
надоместокот, водејќи сметка самиот надоместок да е доволна стисфакција на
тужителот и истиот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со
неговата природа и општествена цел, овој суд цени дека истите претставуваат
справедлив паричен надомест.

По однос на жалбениот навод за погрешна одлука за трошоци во


постапката, овој суд најде дека истиот е неоснован, бидејќи одлуката за трошоци е
донесена согласно чл.148 од ЗПП, АТ на РМ и Законот за судски такси, па
согласно успехот во спорот правилно постапил првостепениот суд кога ги
задолжил тужените солидарно да му ги надоместат процесните трошоци на
тужителот во вкупен износ од 29.312,00 денари, по износи и за дејствија одредени
како во образложението на одлуката за трошоците на постапката, а поголемото
барање го одбил како неосновано.

Овој суд при одлучувањето ги имаше предвид и останатите жалбени


наводи, но за истите цени дека се ирелевантни и без влијание за поинакво
одлучување во конкретниот случај и не влијаат на законитоста на обжалената
пресуда.

Од напред изнесените причини во смисла на чл.357 од ЗПП, одлучено е


како во изреката на пресудата.
Имајќи предвид дека жалбите на прво и второтужениот против
пресудата се одбиени како неосновани, а тужителот, преку полномошник
Адвокатско друштво Илиевски-Јанчевски од С., поднел одговор на жалба на
првотужениот и одговор на жалба на второтужениот, во кои бара надомест на
трошоци за награда за состав на одговор на жалба и за такса за одговор на жалба,
овој суд согласно чл.160 ст.1 в.в. со чл.158 ст.1 од ЗПП, го задолжи првотужениот
да му ги надомести на тужителот трошоците сторени во постапката по жалба кои
се однесуваат за награда за состав на одговор на жалба од полномошник 12.187,00
денари и такса за одговор на жалба 1.000,00 денари, или вкупен износ од
13.187,00 денари, и го задолжи второтужениот да му ги надомести на тужителот
трошоците сторени во постапката по жалба кои се однесуваат за награда за состав
на одговор на жалба од полномошник 12.187,00 денари и такса за одговор на
жалба 1.000,00 денари, или вкупен износ од 13.187,00 денари, согласно АТ на РМ
и Законот за судски такси.

6
«ГЖ-5565/17»

Апелационен суд Скопје ГЖ-5565/17 од 31.01.2018 година.

Претседател на совет-судија
Лидија Димчевска, с.р.

7
«ГЖ-3186/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Лидија


Димчевска, претседател на советот, Маја Маркова Котевска и Афрдита Шеху
Асани, членови на советот, во правната работа на тужителот Трпимир
Мисајловски од С., против тужените ЈП Комунална Хигена С. и Град С., за
надомест на нематеријална штета, вредност на спорот 220.000,00 денари,
постапувајќи по жалбата на првотужениот и по жалбата на второтужениот,
изјавени против пресудата на Основниот суд Скопје II С. МАЛВП-.233/16 од
05.12.2016 година, на нејавната седница на советот одржана на ден 23.11.2017
година, донесе

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот ЈП Комунална Хигена С.«» и ЖАЛБАТА


на второтужениот Град С., СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје II С. «МАЛВП-.233/16» од


05.12.2016 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ тужените да му ги надоместат на тужителот


трошоците«» сторени по поднесениот одговор на жалба во вкупен износ од
14.547,00 денари, во рок од 8 дена од прием на пресудата.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда, делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот Трпимир Мисајловски од С., против тужените ЈП
Комунална Хигена С. и Град С., па ги задолжил тужените ЈП Комунална Хигена
С. и Град С. солидарно да му исплатат на тужителот Трпимир Мисајловски од С.
на име нематеријална штета вкупен износ од 110.000,00 денари и тоа за претрпен
физички бол износ од 40.000,00 денари, за претрпен страв износ од 30.000,00
денари и за претрпена душевна болка поради ОЖА износ од 40.000,00 денари, со
законска казнена камата во висина на референтата стапка на НБ на РМ, што
важела на последниот ден од полугодито што му претходело на тековното
полугодие, зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на
пресудувањето до исплатата, во рок од 8 дена по правосилноста на пресудата, а
под страв од присилно извршување. Поголемото тужбено барање на тужителот
Трпимир Мисајловски од С. за разликата од досудениот париченн износ на име

1
«ГЖ-3186/17»

нематеријална штета до побараните парични износ и тоа за претрпен физички бол


од досудениот паричен износ до побараниот износ од 100.000,00 денари, за
претрпен страв од досудениот износ до побараниот износ од 70.000,00 денари и за
претрпената душевна болка поради ОЖА од досудениот износ до побараниот
износ од 50.000,00 денари, и во тој дел за законска казнена камата, во висина на
референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот
ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 10
процетни поени сметана од денот на поднесување на тужбата до конечната
исплата, како и поголемото тужбено барање за законска казнена камата на
вкупниот износ на име нематеријална штета од 110.000,00 денари во висина на
референтата стапка на НБ на РМ што важела на последниот ден од полугодието
што му претходело на тековното полугодие, зголемена за 10 процентни поени
сметано од денот на поднесување на тужбата до денот на пресудувањето, го одбил
како неосновано.Со решение, кое е составен дел на пресудата ги задолжил
тужените ЈП Комунална Хигена С. и Град С., на тужителот Трпимир Мисајловски
од С. солидарно да му ги надоместат процесните трошоци во вкупен износ од
30.060,00 денари, во рок од 8 дена по правосилноста на пресудата.

Незадоволен од ваквата одлука на првостепениот суд останал


првотужениот, кој изјавил навремена жалба, со која ја напаѓа првостепената
пресуда поради суштествени повреди на одредбите од ЗПП, погрешна примена на
материјалното право и поради одлуката за трошоците на постапката, со предлог
жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се укине спрема првотужениот или
истата да се преиначи и одлучи во смисла на жалбените наводи.

Навремена жалба против првостепената пресуда изјавил и


второтужениот, со која ја побива пресудата поради суштествени повреди на
одредбите од ЗПП, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна
примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, обжалената
пресуда да се укине и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно
судење или жалбата да се уважи, а обжалената пресуда да се преиначи и одлучи
во смисла на жалбените наводи.

Одговори на жалбите поднел тужителот, преку Адвокатско друштво


Бојковски и Савиќ од С., со кој во целост ги оспорува наводите истакнати во
жалбите на тужените и предлага жалбите да се одбијат како неосновани,
првостепената пресуда да се потврди, а тужените да се задолжат со трошоци
сторени по поднесениот одговор на жалба согласно приложен трошковник

Апелациониот суд Скопје по проучување на списите во предметот,


ценејќи ја обжалената пресуда, наводите во жалбите и одговорите на жалби, најде:

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените навод за сторена суштествена повреда на


одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од Законот за парнична

2
«ГЖ-3186/17»

постапка од причина што првостепената пресуда е јасна и разбирлива, истата


содржи образложени причини за решителните факти од кои се раководел судот
при одлучувањето, па како таква е правилна и законита и е подобна за
испитување.

Првостепениот суд врз основа на изведените докази ценети во смисла


на чл.7 и 8 од ЗПП во фактичката состојба утврдил дека на ден 29.09.2015 година
околу 10,30 часот на Булевар Борис Трајковски бб тужителот додека се движел
пешки кон автобуската станица - каде планирал да се качи на автобус, испред
правното лице МААС-БАУ бил нападнат прво од едно куче, а потоа уште од две,
кои го турнале на земја и со угрзи го каснале и му ја раскинале левата
потколеница. Опишаниот настан бил пријавен и заведен под КДН2928 од страна
на МВР- полициска станица Драчево, за кој настан на тужителот му издале
потврда од 29.10.2015 година. Тужителот како реузлтат на нападот на овие три
кучиња се здобил со телесна повреда во вид на рана од каснување од куче во
предел на левата потколеница и истиот ден бил однесен на матичен лекар, а од
таму во Градската општа болница каде раната на левата нога му била исчистена и
преврзана. Од наведената телелсна повреда тужителот претрпел нематеријална
штета во вид на претрпен физички бол, претрпен страв и намалена општа животна
активност. Во конкретниот случај тужителот доживувал физичка болка од среден
степен во времето на каснувањето и првите 7 дена потоа. Ваквата средно
интезивна болка била присутна кај тужителот особено во времето на чистењето и
хируршката обработка на раната, како и за време на преврските на истата.
Ваквите болки подоцна, до крајот на третата недела по каснувањето, биле
заменети со болки од среден до лесен интензитет, кои болки биле актуелни за сето
време на зараснување на раната, односно во наведениот период. По овој период
тужителот доживувал болки од лесен степен и повремен карактер во период од
две недели. Покрај претрпениот бил тужителот претрпел и страв кој се јавувал
како резултат на напад и каснување од пес и во конкретниот случај кај тужителот
дошло до појава на интензивен страв од загрозеност за неговото здравје, па и
живот, во моментите од почетокот на нападите на кучињата. Тужителот не можел
да се справи со кучињата и во времето на нападот краткотрајно, доживеал
примарен витален страв односно страв за сопствениот живот. По завршување на
нападите на кучињата врз него ваквиот страв бил заменет со секундарен страв од
среден интензитет, страв од последици по неговото здравје. Ваквите стравови со
среден интензитет траеле во текот на првите две недели по повредувањето додека
по овој период во текот на наредната една недела, а делумно и сега кај тужителот
постоел невротски страв од каснување со куче. Долготрајното опстојување на
ваквата клиничка слика кај тужителот било резултат на драматичноста на нападот
на три кучиња врз него, како и на самата осетлива структура на личноста на
тужителот, зголемена напнатост, несоница лоши сништа, симптоми на
преживеаниот стрес.Кај тужителот била нарушена и општата животна активност
во врска со задобиената повреда, од среден степен за периодот на првите 10 дена
по каснувањето. Во овој период, тужителот не можел вез вложување на
дополнителни напори да се избања, да пазари, да оди низ домот и воопшто да ја
исполни секоја задача и активност која изискувала подвижност, односно подолго

3
«ГЖ-3186/17»

стоење и одење. Во периодот до крајот на третата недела по поврдувањето кај


тужителот се следи нарушување на ОЖА за споменатите активности од серден до
лесен степен ( за функцијата на левата нога ). Во текот на периодот од првите три
недели по нападот на кучињата и каснувањето, а поради реакција на стрес, на
тужителот му било потребно вложување на дополнителни напори за секаква
психофизичка активност, односно како последица на доживеаниот стрес и
враќање на сликите од настанот имал потешкотии со концентрацијата, бил
поназначено и брзо заморлив, односно имал нарушување на ОЖА за
психофизички активности од среден до лесен степен.Воедно судот утврдил дека
тужителот преку својот полномошник поднел до тужените опомена пред тужба и
тоа на 22.12.2015 година до првотужениот, а на 25.12.2015 година до
второтужениот, во која побарал истите да си ја исполнат својата обврска кон
тужителот во рок од 8 дена. По ова првотужениот со допис од 24.12.2015 година
го известил полномошникот на тужителот дека не е надлежен да постапува по
барањето на тужителот со образложение дека надлежноста за собирање на
кучињата скитници и нерегистрирани кучиња е регулирана во Законот за Град С.
и Законот за локална самоуправа, како и со Законот за благосостојба на
животните. Второтужениот не доставил одговор на поднесената опомена пред
тужва од страна на тужителот. Судот утврдил и дека помеѓу прво и
второтужениот бил склучен Договор, заведен кај првотужениот под број 03-285
од 15.01.2015 година, за регулирање на односите помеѓу прво и второтужениот во
однос на активностите поврзани со заловувањето и медицинскиот третман на
животните скитиници на подрачјето на Град С. за 2015 година. Од страна на
второтужениот на 24.12.2014 година донесена била Програма за решавање на
проблемот со животните скитници на подрачјето на Град С. во 2015 година, со
која биле утврдени активностите за третирање на животните скиници, условите,
организацијата и обемот на извршувањето, како и начинот на финансирањето.
Согласно оваа програма, извршител на активностите од програмата бил
првотужениот ЈП Комунална хигиена С., врз основа на склучен договор со
второтужениот Град С.. Согласно член 3 став 1 од оваа програма, за 2015 година
е предвидено заловување и третирање на околу 300 животни месечно, односно
околу 3.600 годишно.Првотужениот видно од доставените докази, дневник за
работа, работни налози и фактури, вршел дејности на заловување и медицински
третман на кучиња скитници на подрачјето на град С. во текот на 2015 година, за
што доставувал фактури за наплата на второтужениот.

Во конкретниот случај судот утврдил и дека не е спорно дека


второтужениот Град С. е сопственик и основач на првотужениот ЈП комунална
Хигиена С. и дека во согласност со Законот за Град С., второтужениот Град С.
има надлежност да се грижи за заштита на граѓаните од животни скитници, што
значи и од кучињата скитници, која заштита може да се прави непосредно или да
основа јавни служби на кои ќе им го довери вршењето на оваа работа. Имено,
согласно чл.10 т.4 алинеа 23 од Законот за Градот С. (Сл.весник на РМ бр.55/14) е
предвидено дека надлежности, односно работи од јавен интерес од локално
значење на градот С. се комунални дејности и тоа меѓудругите дејности и
ерадикација на животни скитници. Во чл.13 од истиот закон Градот С. за вршење

4
«ГЖ-3186/17»

на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежносо, може да


основа јавни служби во согласност со закон.

На вака утврдените факти првостепениот суд правилно оценил дека на


страната на второтужениот «»Град С.«» и првотужениот Јавно претпријатие
Комунална хигиена - С. постои пасивна легитимација во конкретниот спор и дека
тие треба солидарно да се задолжени за надоместување на причинетата штета кај
тужителот. Ваквата обврска произлегува од законските одредби од Законот за
Град С., Законот за заштита и благосостојба на животните, Законот за
комуналните дејности и ЗОО.

Имено, согласно чл.10 ст.4 т.3 од Законот за Град С., надлежности


односно работи од јавен интерес од локално значење на градот С. се комунални
дејности меѓу кои и ерадикација на животните скитници. Понатаму, чл.13 од
истиот закон, предвидува дека Градот С. за вршење на јавни работи од локално
значење во рамките на својата надлежност, може да основа јавни служби во
согласност со закон. Според одредбата од чл.28 ст.1 од Законот за заштита и
благосостојба на животните : општините, општините од Градот С., односно
Градот С. се надлежни за собирање кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и
привремено да ги сместат во прифатилишта. Во овие објекти треба да се обезбеди
елементарна заштита на животните од непогодни временски услови и да се
обезбеди нивно ефикасно затворање. Понатаму, чл.5 ст.1 т.17 од Законот за
комуналните дејсности е одредено дека комунални дејности се: отстранување и
чување на непрописно паркирани возила, ерадикација на животни скитници,
украсување на населени места, одржување на јавни санитарни јазли,
аерозапрашување, дезинфекција, дератизација. Во чл.9 ст.1 од истиот закон е
предвидено дека комуналните дејности се вршат во согласност со овој Закон, како
и прописите донесени од страна на општината, општините на Градот С., односно
Градот С. кои можат да основаат јавни претрпијатија доколку со посебен закон со
кој се уредува одделна комунална дејност не е поинаку определено. Во ст.2 од
истиот член, предвидува дека за вршењето на комуналните дејсности, општините
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен
закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а
доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно претпријатие,
вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни и физички
лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Начинот на
организирање и вршење на комуналните дејности, поблиску го пропишуваат
општините, општините во градот С., а согласно став 2 од член 12, заради
подетално уредување на односите во комуналните дејности, утврдени со Законот
за комунални дејности, советот на општините, односно Советот на градот С.,
донесува одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Законот за
комунални дејности, тргнувајќи од критериумот за тоа чија потрошувачка се
задоволува, разликува комунални услуги за задоволување на индивидуална
потрошувачка и услуги за задоволување на заедничката потрошувачка. Во таа
насока, во групата на комунални услуги за задоволување на заедничката
потрошувачка, согласно чл.14 ст.3 алинеја 9 од цитираниот закон, спаѓа и

5
«ГЖ-3186/17»

ерадикција на животни скитници.

Жалбените наводи на првотужениот дека неговите надлежности биле


ограничени на само околу 300 животни скитници месечно и дека тој својата вака
поставена обврска ја имал завршено, за што доставил и фактури до
второтужениот, како и дека неговата надлежност се протегала само на периодот
од земање на живнотните скитници, за време на нивниот престој во стационарот,
се до нивно враќање на приближносот место на заловување, како и дека во
конкретниот случај не може со сигурност да се утврди дали се работи за животно
скитник кое било опфатено во бројката од 300 животни месечно кои биле во
надлежност на првотужениот или пак било во рамки на останатите за кои не
била пренесена належноста, овој суд ги оцени за неосновани.

Во случајов правилно судот утврдил дека Град С. склучил договор со


првотужениот ЈП Комунална Хигиена С. и изготвил програма според која требало
да се спроведува ваквата заштита, но правилно судот ценел и дека со договорот и
Програмата Градот С. не ја пренел целосно својата законска обврска и
одговорност за собирање на кучиња скитници на второтужениот ЈП Комунална
Хигиена С., односно правилно судот утврдил дека првотужениот и второтужениот
се пасивно легитимирани, па оттаму и солидарно договорни за надомест на
штетата причинета од каснување од куче скитник кај тужителот, а видно од
програмата, договорот и законските одредби, второтужениот ја доверил својата
обврска за ерадикција на животните скитници на првотужениот.

Според оценка на овој суд неосновани се и наводите на второтужениот


дека во конкретниот случај не се утврдило дека се работи за куче скитник,
особено затоа што кучето по кажување до тужителот било од расата
шарпланинец, кое не може да биде куче скитник, како и дека по каснувањето се
скриле во некој плац, а ова од причина што во конкретниот случај, од исказот на
тужителот јасно произлезе дека не се работело само за едно куче, туку за три
кучиња. Имено, тоа што тужителот навел дека кучето личело на шарпланинец,
судот го ценел, но правилно истото не го прифатил за одлучувачко, бидејќи
таквиот навод бил даден заради објаснување на големината на кучето и неговиот
изглед, а од неговиот исказ јасно произлезе и дека местото каде се скриле
кучињата не било затворен и ограден простор каде се скриле, туку за џбун на
отворен плац, каде лесно пристапиле, како и секој друг. Од сето, во корелација со
фактот што се работело за чопор од 3 кучиња, како и тоа што истите не биле во
придрижба со некое лице, а и вработените од блиската бензинска станица
повикале полиција поради настанот, правилно првостепениот суд судот нашол
дека во конкретниот случај се работело за кучиња скитници, односно од сето
утврдено правилно судот оценил дека првотужениот и второтужениот се пасивно
легитимирани во конкретниот случај и како такви имаат обврска за
надоместување на штета предизвикана од куче - скитник. Тие во изјавените жалби
сметаат дека немаат пасивна легитимација во предметниот спор и секој укажува
на другот тужен дека треба да поднесува одговорност.

6
«ГЖ-3186/17»

Имено, од горенаведените законски одредби, како и од одредбите од


договорот и Програмата, јасно произлегува одговорност на двата правни субјекта
за надомест на штета спрема трети лица причинета од куче-скитник, а таа
одговорност е солидарна од причина што во случајов дошло до напад на
тужителот од страна на куче-скитник од што произлегува дека тужените не ги
превземале сите обврски во рамките на своите законски, односно договорени
обврски.

Имајќи го предвид наведеното, овој суд ги одби жалбените наводи на


првотужениот и второтужениот, со оглед на содржината на цитираните законски
одредби кои укажуваат на одговорност на Јавно претпријатие Комунална хигиена -
С. и Град С.. Во таа смисла овој суд најде дека правилно е утврдена пасивната
легитимација на двајцата тужени во конкретниот случај со оглед да
второтужениот е тој кој за свои потреби основа јавно претрпијатие, во
конкретниот случај првотужениот. Поради тоа, правилно е утврдено дека постои
солидарна одговорност за надоместување на штетата. Ова дотолку повеќе што и
предвидените активности во Програмата за решавање на проблемот со животните
скитници на подрачјето на Град С., како извршител на активностите од
програмата е опреден ЈП Комунална хигиена - С., врз основа на претходно
склучен договор со Градот С.. Со оглед да Градот е тој кој го основа јавното
претрпијатие, произлегува дека двајцата имаат одговорност за штетите од
кучињата скитници, што е предвидено и во законските одредби.

Понатаму, Законот за облигациони односи во чл.165-ж ст.1 предвидува


дека за штета причинета од животно одговара неговиот имател, било тоа да се
наоѓа кај него, било тоа да се изгубило или избегало.

Имајќи го предвид сето изнесено овој суд најде дека првотужениот и


второтужениот имаат солидарна одговорност за надоместување на штетата
настаната од куче скитник, поради што следуваше жалбите на тужените Јавно
претпријатие Комунална хигиена - С. и Град С. да ги одбие како неосновани.

Поради наведеното овој суд како неосновани ги оцени и жалбените


наводи за погрешна примена на материјалото право бидејќи првостепениот суд
правилно ги применил горенаведените одредби од Законот за Град С., Законот за
заштита и благосостојба на животните, Законот за комуналните дејсности и ЗОО
кога донел одлука како во изреката на обжалената пресуда, задолжувајќи ги
тужените солидарно да му платат на тужителот вкупен износ од 110.000,00
денари и тоа за претрпен физички бол износ од 40.000,00 денари, за претрпен
страв износ од 30.000,00 денари и за претрпена душевна болка поради ОЖА износ
од 40.000,00 денари, со законска казнена камата како во изреката и правилно
сметајќи дека истите претставуват реален надоместок за претрпената штета, а сето
ова согласно видот и карактерот на повредите и нивниот интензитет и
времетраење утврдени во лекарскиот наод и мислење на проф. д-р Антони
Новотни од 24.11.2015 година.

7
«ГЖ-3186/17»

Со оглед да овој суд смета дека материјалното право е правилно


применето, а одлуката на првостепениот суд правилна и на закон заснована,
следуваше овој суд жалбите да ги одбие како неосновани, а првостепената
пресуда ја потврди согласно чл.357 од ЗПП.

Овој суд согласно чл.160 в.в со чл.158 од ЗПП, со оглед дека е поднесен
одговор на жалба од тужителот, преку Адвокатско друштво Бојковски и Савиќ од
С., и се побарани трошоци, а жалбите на тужените се одбиени како неосновани, ги
задолжи тужените солидарно да му ги надоместат на тужителот трошоците
сторени по поднесениот одговор на жалба во вкупен износ од 14.547,00 денари од
кои за состав на одговор на жалба износ од 12.187,00 денари и за судска такса за
одговор на жалба износ од 2.360,00 денари.

Апелационен суд Скопје «ГЖ-3186/17» од «23.11.2017» година.

Претседател на совет-судија
Лидија Димчевска, с.р.

8
«ГЖ-5059/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите:


Лидија Мартинова, претседател на советот, Агим Мислими и Станка Зафировска,
членови на советот, во правната работа на тужителот Сурхан Фазлиовски од С., с.
С.1, против тужените Град С. од С., Јавно претпријатие Комунална Хигиена С. и
Општина Аеродром, за надомест на штета, вредност на спорот 350.000,00 денари,
одлучувајќи по жалбите на првотужениот и второтужениот, поднесени против
пресудата на Основен суд С. II С. МАЛВП-147/17 од 03.05.2017 година, на
нејавната седница одржана на 23.05.2018 година, ја донесе следната

ПРЕСУДА

ЖАЛБИТЕ на првотужениот и второтужениот, СЕ ОДБИВААТ КАКО


НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основен суд С. II С. МАЛВП-147/17 од 03.05.2017


година, во обжалениот делумно усвоен дел на тужбеното барање под ст.1 и ст.2 од
изреката, СЕ ПОТВРДУВА.

ПРЕСУДАТА на Основен суд С. II С. МАЛВП-147/17 од 03.05.2017


година, во останатиот дел под ст.3 и ст.4 од изреката како необжалена,
ОСТАНУВА НЕИЗМЕНЕТА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ првотужениот и второтужениот, на тужителот


солидарно да му ги надоместат трошоците од жалбената постапка за одговор на
жалба во износ од 19.126,00 денари, во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

Образложение

Основниот суд С. II С., со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот, па ги задолжил прво и второтужениот солидарно
да му ја надоместат на тужителот нематеријалната штета претрпена поради
повреда на личните права на телесно и душевно здравје така што се должни да му
платат паричен надомест во вкупен износ од 120.000,00 денари од кои за
претрпена физичка болка износ од 40.000,00 денари, за претрпен страв износ од
30.000,00 денари и за претрпена душевна болка поради намалена животна
активност износ од 50.000,00 денари, како и да му ја надоместат материјалната
штета за трошоци за лекување во износ од 2.530,00 денари, со законска казнена
камата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие
важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8 процентни поени, сметана на износот на досудениот
паричен надоместок за нематеријална штета од 03.05.2017 година до исплатата, а
на досудената материјална штета сметана од 30.01.2017 година до исплатата, како
и солидарно да му ги надоместат трошоците на постапката во износ од 41.644,00

1
«ГЖ-5059/17»

денари, а се во рок од 8 дена по приемот на одлуката под страв на присилно


извршување. Со истата пресуда го одбил како неосновано тужбеното барање на
тужителот за разликата од досудениот износ на паричен надомест до предјавените
износи према прво и второтужените и тоа за разликата од досудениот износ за
физичка болка до предјавениот износ до 120.000,00 денари, за разликата од
досудениот износ за страв до предјавениот износ до 80.000,00 денари и за
разликата од досудениот износ за душевна болка поради намалена животна
активност до предјавениот износ до 150.000,00 денари, како и барањето за
разликата од досудените до предјавените трошоци. Го одбил како неосновано
тужбеното барање на тужителот со кое барал да се задолжи третотужената
Општина Аеродром солидарно со првотужениот и второтужениот да му плати
паричен надомест за претрпена нематеријална штета во вкупен износ од
350.000,00 денари од кои за физичка болка износ од 120.000,00 денари, за страв
износ од 80.000,00 денари и за душевни болки поради намалена животна
активност износ од 150.000,00 денари, со законска казнена камата од
пресудувањето до исплатата, како и да му ја надомести материјалната штета во
износ од 2.530,00 денари, со законска казнена камата од поднесувањето на
тужбата до исплатата.

Првотужениот, изјавил навремена жалба со која ја побива пресудата во


обжелениот делумно усвоен дел на тужбеното барање под ст.1 и ст.2 од изреката,
поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка, погрешно и
нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното
право, со предлог жалбата да се усвои, а побиваната пресуда во обжалениот дел да
се укине и предметот во тој дел да се врати на повторно судење на истиот суд или
истата во тој дел да се преиначи на начин што тужбеното барање према
првотужениот ќе го одбие во целост поради немање на пасивна легитимација

Второтужениот изјавил навремена жалба со која ја побива пресудата во


обжелениот делумно усвоен дел на тужбеното барање под ст.1 и ст.2 од изреката,
поради суштествени повреди на одредбите на парничната постапка и погрешна
примена на материјалното право, со предлог жалбата да се усвои, а побиваната
пресуда во обжалениот дел да се укине и предметот во тој дел да се врати на
повторно судење на истиот суд или истата во тој дел да се преиначи на начин што
тужбеното барање према второтужениот ќе го одбие како неосновано.

Поднесен е одговор на жалбите од страна на тужителот, преку


полномошник Филип Павлевски адвокат од С., во кои се оспоруваат жалбените
наводи со предлог жалбите да се одбие како неосновани, а обжалената пресуда
потврди, како и да се задолжат прво и второтужените на тужителот солидарно да
му ги надоместат трошоците од жалбената постапка за поднесениот одговор на
жалбите согласно приложениот трошковник.

Апелациониот суд Скопје, ја испита побиваната пресуда врз основа на


списите во предметот и наводите во жалбите, како и во одговорот на жалбите, па
најде:

2
«ГЖ-5059/17»

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи истакнати во жалбите на прво и


второтужените за сторени суштествени повредина одребите на парничната
постапка од чл.343 ст. 2 т. 14 од ЗПП, бидејќи обжалената пресуда е јасна и
разбирлива, содржи доволно образложени причини за решителните факти од кои
се раководел првостепениот суд при одлучувањето, поради што може со
сигурност да се испита.

Неоснован е и жалбениот навод на првотужениот, дека првостепениот


суд ги повредил одредбите од парничната постапка во смисла на чл.343 ст.1 од
ЗПП, со тоа што во текот на постапката не применил односно неправилно
применил одредени одредби на овој закон, а тоа влијаело или можело да влијае
врз донесување на законита и правилна пресуда, ова од причина што во
конкретниот случај првотужениот во изјавената жалба не наведува точно кои
одредби првостепениот суд не ги применил односно неправилно ги применил.

Воедно, овој суд цени дека првостепениот суд дал анализа на


утврдените факти и на изведените докази и ги навел причините поради кои некој
факт го сметал за утврден. Судот исто така во образложението на одлуката ги
изнел и правните причини за својата одлука. Тоа значи, судот го навел правниот
пропис кој го регулира спорниот правен однос и образложил од кои причини
конкретниот спорен однос го подвел токму под тие правни прописи.

Согласно наведеното неоснован е и жалбениот навод на првотужениот


за погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба, бидејќи од изведените и
ценети докази во текот на постапката согласно чл.8 од ЗПП, првостепениот суд
утврдил правилна и целосна фактичка состојба која како таква во целост ја
прифаќа и овој суд.

Овој суд ги ценеше истакнатите жалбени наводи на прво и


второтужениот за немање пасивна легитимација да бидат тужени во конкретниот
спор, меѓутоа истите ги оцени и одби како неосновани, од причина што по однос
на ваквите наводи првостепениот суд дал доволно образложени причини поради
кои истите не ги прифатил и ги одбил како неосновани.

Имено, првостепениот суд кога при одлучувањето ја имал предвид


одредбата од чл.10 точка 2 алинеја 21 од Законот за Град С., според која „во
надлежност на Градот С., како вид на комунална дејност е определена и
ерадикација на животните скитници“. Согласно чл.25 ст.1 од Законот за заштита и
благосостојба на животните исто така е предвидена обврска на Град С. да врши
собирање на кучињата скитници и привремено да ги сместува во соодветни
објекти и прифатилишта.

Согласно наведените Законски одредби, правилно првостепениот суд

3
«ГЖ-5059/17»

нашол за утврдено дека одговорноста за евентуална штета настаната од напад на


куче скитници е на страната на тужениот Град С., ова со оглед на утврдениот факт
дека Градот С. за вршење на определена комунална дејност која му е ставена во
надлежност може да склучи Договор со Јавно Претпријатие и на истото да му ги
пренесе во надлежност вршењето на работите околу комуналната дејност која со
Закон е во негова надлежност, како што во случајов тоа го направил Град С. со
склучување на Договор со тужениот ЈП Комунална хигиена и изготвил Програма
според која ова ЈП треба да постапува за да се смета дека Градот ја извршил
својата Законска обврска за ерадикација на животните скитници. Конкретно, во
чл.4 од Договорот склучен помеѓу тужените од 22.01.2014 година, јасно е наведен
обемот на работите што треба да ги извши ЈП Комунална Хигиена што значи дека
Јавното претпријатие работи по налог, односно програма на нарачателот на
работата, а тоа е Град С. или по дојава на граѓанин. Во овој договор се предвидени
само начинот и обемот на работите што треба да ги изврши ЈП Комунална
Хигиена, но одговорноста на Град С. што тој ја има согласно Законот, не може да
се префрла со договор на друго правно лице. Ова дотолку повеќе, што Град С.,
односно Советот на Град С. е сопственик и основач на ЈП Комунална Хигиена, па
и по овој основ нивната одговорност е солидарна.

Оттука, неосновани се и жалбените наводи на второтужениот ЈП


Комунална хигиена за немање пасивна легитимација да биде тужен во
конкретниот спор, во таа смисла дека согласно одредбата од чл. 25 од Законот за
заштита и благосостојба на животните, надлежни да вршат собирање на кучиња
скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да ги сместат во одредени
објекти, се Општината и Градот С..

Ова од причина како што е горе наведено дека Градот С. за вршење на


определена комунална дејност која му е ставена во надлежност може да склучи
Договор со јавно претпријатие и на истото да му ги пренесе во надлежност
вршењето на работите околу комуналната дејност која со Закон е во негова
надлежност, како што во случајов тоа го направил Градот С., со склучување на
Договор со тужениот ЈП Комунална хигиена.

Согласно наведеното и овој суд како и првостепениот суд цени дека,


обврската на второтужениот за собирање на кучињата скитници произлегува врз
основа на договор што го склучил со својот основач, а не врз основа на својата
регистирана дејност па неизвршувањето на истата да се смета како неизвршување
на законска обврска, за да има самостојна одговорност според чл.173 од Законот
за облигациони односи.

Во таа смисла, овој суд како и првостепениот суд цени дека солидарно
одговорни за надомест на штета причинета од каснување од куче скитник во овој
случај се Градот скопје и ЈП комунална хогиена С., со оглед да на Јавното
претпријатие со договор му е доверено собирање на кучиња скитници и
нерегистрирани кучиња.

4
«ГЖ-5059/17»

Во таа смисла неоснован е и наводот на првотужениот дека во овој


случај првостепениот суд со сигурност не утврдил дали кучето кое го нападнало
тужителот било претходно третирано или не, ова од причина како што правилно
во фактичката состојба судот утврдил дека станува збор за куче скитник кое било
обележано со жолта ушна маркица.

Фактите по однос на настанатите повреди кај тужителот од конкретниот


настан, судот ги утврдил од увидот во медицинската документација, како и од
наодот и мислењето на вештото лице Др.Антони Новотни, од кој наод ги утврдил
видот и карактерот на повредата, а тоа е дека тужителот се здобил со рана од
каснување на куче и дека како резултат на повредата му било нарушено телесното
и душевното здравје на тужителот, односно тој претрпел физички болки, страв и
душевни болки. Во таа смисла неоснован е наводот на првотужениот за погрешна
примена на материјалното право конкренто чл.189 од ЗОО.

Ценети се и другите жалбени наводи но овој суд ги оцнеи како


неосновани и без влијание за поинакво одлучување од аспект на правилна
примена на материјалното право.

Согласно чл.160 ст.1 од ЗПП, овој суд ги задолжи прво и второтужените


на тужителот солидарно да му ги надоместат трошоците од жалбената постапка за
одговор на жалба во износ од 19.126,00 денари, кој износ се однесува за состав на
одговор на жалаб и за платена судска такса за одговор на жалба за која во списте
ан предметот е доставен доказ.

Врз основа на сето погоре наведено, следуваше да се одлучи како во


изреката на пресудата, согласно чл.357 од ЗПП.

Апелационен суд С. ГЖ-5059/17 од 23.05.2018 година.


Претседател на совет-судија
Лидија Мартинова с.р.

5
«ГЖ-1269/18»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Анита


Бошковска, претседател на советот, м-р Ѓорѓи Радојков и Нуман Лимани, членови
на советот, во правната работа на тужителот «»Христијан Стојаноски«» од К.,
«»против тужените «»Град С.,«» «»«Општина Гази Баба»«» и ЈП Комунална
Хигена С.«», «»за «надомест на штета», вредност 116.410,00 денари, одлучувајќи
по жалбата на третотужениот ЈП Комунална Хигиена С. и жалбата на
првотужениот Град С. изјавени против пресудата на Основниот суд С. II С.
«МАЛВП-818/17» од 19.12.2017 година, на нејавната седница одржана на
«19.04.2018» година, ја донесе следната:

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на третотужениот ЈП Комунална Хигиена С. СЕ ОДБИВА


КАКО НЕОСНОВАНА.

ЖАЛБАТА на првотужениот Град С. СЕ ОДБИВА КАКО


НЕОСНОВАНА.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд С. II С. «МАЛВП-818/17» од


19.12.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

Образложение

Основниот суд С. II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот Христијан Стојаноски од К..

Ги задолжил тужените град С. и ЈП Комунална хигиена С. солидарно да


му ја надместат на тужителот штетата предизвикана со повреда на неговото
душевно и телесно здравје, така што се должни да му платат паричен надомест за
претрпена нематеријална штета во вкупен износ од 115.000,00 денари од кои за
претрпена физичка болка износ од 60.000,00 денари, за душевна болка поради
претрпен страв износ од 30.000,00 денари и за душевна болка поади намалена
животна активнсот износ од 25.000,00 денари, како и да му ја надомести
материјалната штета за трошоци за лекување во износ од 1.410,00 денари со
законска казнена камата на овие износи сметано од 19.12.2017 година до

1
«ГЖ-1269/18»

исплатата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие


важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното
полугодие зголемена за 8 процентни поени во рок од 8 дена по приемот на оваа
одлука, под страв на присилно извршување.

Тужбеното барање на тужителот да се задолжи тужениот Општина Г. Б.


солидарно со тужените Град С. и ЈП КОмунална хигиена да му ја надомести
штетата предизвикана поради повреда на душевното и телесно здравје, така што
ќе му плати париченн надомест во вкупен износ од 115.000,00 денари од кои за
физичка болка износ од 60.000,00 денари, за страв износ од 30.000,00 денари и за
душевна болка поради намалена животна активност износ од 25.000,00 денари и
да му ја надомести материјалната штета во износ од 1.410,00 денари со законска
казнена камата на овие износи од пресудувањето до исплатата, го одбил како
неосновано.

Со решение ги задолжил тужените Град С. и ЈП Комунална хигиена С.


солидарно да му ги надоместат на тужителот трошоците на постапката во износ
од 54.675,00 денари во рок од 8 дена по приемот на оваа одлука под страв на
присилно извршување. Го задолжил тужителот Христијан Стојановски од К. да
му ги надомести на тужениот Општина Г. Б. трошоците на постапката во износ од
47.554,00 денари во рок од 8 дена по приемот на оваа одлука под страв на
присилно извршување. Барањето на тужениот Општина Гази Баба за разликата од
досудениот износ на трошоците до предјавениот износ од 92.040,00 денари го
одбил како неосновано.

Незадоволен од наведената пресуда третотужениот ЈП Комунална


Хигиена изјавил навремена жалба поради суштествена повреда на одредбите на
парничната постапка и погрешна примена на материјалното право, па предлага
жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се преиначи и да се одбие во целост
тужбеното барање или истата да ја укине и предметот да го врати на повторно
одлучување, со барање за надомест на трошоците сторени во целокупната
постапка.

Незадоволен од наведената пресуда првотужениот Град С. изјавил


навремена жалба поради суштествена повреда на одредбите на парничната
постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена
на материјалното право и одлуката за трошоците, па предлага жалбата да се
уважи, обжалената пресуда да се преиначи и да се одбие во целост тужбеното
барање или истата да ја укине и предметот да го врати на повторно одлучување,
со барање за надомест на трошоците сторени во целокупната постапка.

Одговор на жалбите не е поднесен.

Апелациониот суд Скопје, откако ги разгледа списите приложени кон


предметот, обжалената пресуда и жалбите, најде:

2
«ГЖ-1269/18»

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи на третотужениот ЈП Комунална


Хигиена за сторена суштествена повреда на одредбите на парничната постапка од
чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, бидејќи обжалената пресуда е јасна, разбирлива, содржи
доволно образложени причини за решителните факти од кои се раководел судот
при донесување на својата одлука, изреката нема недостатоци, не противречи со
причините дадени во образложението за таквото одлучување, поради што истата
може во целост и со сигурност да се испита.

Спротивно на наведеното во жалбата на првотужениот, дека


првостепениот суд погрешно и нецелосно ги ценел изведените докази и со
нееднакво внимание, притоа не давајќи образложение за таквото постапување,
според оценка на овој суд, првостепениот суд ги извел сите предложени докази
кои се од значење за одлучување во овој спор врз основа на кои докази ги утврдил
сите решителни факти и тоа врз основа на резултатите од целокупната постапка.
Имено, првостепениот суд изведувајќи ги и земајки ги во предвид сите
релевантни докази во постапката, постапил согласно чл.8 од ЗПП, односно
постапил согласно начелото на совесна и грижлива оценка на секој доказ посебно
и на сите докази заедно. По наоѓање на овој суд, во образложението на одлуката
судот дал причини поради кои конкретниот спор го решил по однос на спорните
прашања на начин како е тоа наведено во изреката на одлуката. За тоа судот ја
изложил фактичката состојба и доказите изведени во постапката и дал своја
оценка на изведените докази. Судот дал анализа на утврдените факти и на
изведените докази и ги навел причините поради кои некој факт го сметал за
утврден. Судот исто така во образложението на одлуката ги изнел и правните
причини за својата одлука. Тоа значи, судот го навел правниот пропис кој го
регулира спорниот правен однос и образложил од кои причини конкретниот
спорен однос го подвел токму под тие правни прописи. Во конкретниот случај,
одлуката на првостепениот суд содржи такво образложение, па овој суд може
истата во целост да ја испита.

Неоснован е жалбениот навод на првотужениот за погрешно и


нецелосно утврдена фактичка состојба. Ова од причина што првостепениот суд
врз основа на изведените и правилно ценети докази во смисла на чл. 7 и 8 од ЗПП,
правилно и целосно ја утврдил фактичката состојба, која во целост ја прифаќа и
овој суд.

Неосновани се жалбените наводи на третотужениот ЈП Комунална


хигиена за немање пасивна легитимација да биде тужен во конкретниот спор, во
таа смисла дека согласно одредбата од чл. 25 и 28 од Законот за заштита и
благосостојба на животните, надлежни да вршат собирање на кучиња скитници и
нерегистрирани кучиња и привремено да ги сместат во одредени објекти, се
Општината и Град С..

Ова од причина што Градот С. за вршење на определена комунална

3
«ГЖ-1269/18»

дејност која му е ставена во надлежност може да склучи Договор со јавно


претпријатие и на истото да му ги пренесе во надлежност вршењето на работите
околу комуналната дејност која со Закон е во негова надлежност, како што во
случајов тоа го направил Град С. со склучување на Договор со тужениот ЈП
КОмунална хигиена, при што била изготвена Програма според која ова ЈП треба
да постапува за да се смета дека Градот ја извршил својата законска обврска за
ерадикација на животните скитници. Па така во чл.1 од договорот склучен помеѓу
тужените од 13.01.2016 година јасно е наведен обемот на работите што треба да
ги изврши ЈП Комунална хигиена, што значи дека Јавното претпријатие работи по
налог односно програма на нарачателот на работата, а тоа е Град С. или по дојава
на граѓанин.

Неосновани се жалбените наводи на третотужениот ЈП Комунална


Хигиена дека одлуката на првостепениот суд е погрешна и незаконита, во таа
смисла дека не било утврдено дали се работи за последица од каснување на куче
скитник или сопствено куче, дотолку повеќе што кучето не било најдено и
заловено, од причина што од исказот сведокот А. Ј. кој бил очевидец на настанот
јасно и категорично произлегува дека тужтиелот бил нападнат од куче скитник.
Од друга страна видно од медицинската документација, како и од наодот и
мислењето на вештото лице Антони Новотни произлегува дека тужителот се
здобил со телесна повреда изразена во вид на рана од каснување на куче во
пределот на левата надколеница.

Неосновани се жалбените наводи на првотужениот Град С. дека


првостепениот суд воопшто не утврдил во што се состојат неговите законски
пропусти во конкретниот спор, ниту пак со што допринел за настанување на овој
настан. Од друга страна првостепениот суд не ја имал во предвид околноста дека
Градот С. не бил правно лице кое врши комунална дејност, туку истиот бил
единица на локална самоуправа која своите обврски ги делегира на јавни служби
основани согласно чл. 13 од Законот за Градот С., истиот не бил ниту имател,
ниту држател ниту пак сопственик на кучињата скитници, па оттука не
произлегувала причинско последичната врска за настанувањето на штетата.

Ова од причина што во чл.10 ст.4 од Законот за Град С. е одредено дека


надлежности односно работи од јавен интерес од локално значење на градот С. се
изградба, користење, заштита и одржување на магистрални и собирни улици и
други инфраструктурни објекти, категоризација и именување на градски населби,
улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, снабдување со вода
за пиење од единствениот водоснабдителен систем на градот, одведување и
пречистување на отпадните води, одведување и испуштање на атмосферските
води, обработка и испорака на технолошката вода, изградба и одржување на јавно
осветлување на магистралнтие и собирните улици на подрачјето на градот С.,
собирање и транспортирање на комуналниот и друг вид на неопасен отпад,
одржување на депониите за комунален и друг вид на неопасен отпад, уредување и
организирање на јавниоит градски и приградски превоз на патници, одржување на

4
«ГЖ-1269/18»

јавната чистота на јавните сообраќајни површини, одржување и користење на


градските паркови, парк-шумите на подрачјето на градот С., водните и спортско
рекреативни зони, утврдени со генералниот урбанистички план и други заштитени
подрачја во согласност со закон, одржување на зеленилото на магистралните и
собирните улици, изградба, одржување и користење на јавни паркиралишта од
значење на градот С., утврдено со урбанистички план, поставување, замена,
отстранување и одржување на сообраќајните знаци и заштитната опрема на
локалните патишта и улици, утврдување услови и режим на сообраќајот на
подрачјето на градот С., одржување на гробовите, гробиштата, крематориумите и
давање погребални услуги на градските гробишта, утврдени со урбанистички
план, снабдување со природен гас и топлинска енергија, изградување, водење,
одржување и користење на единствен географски информационен систем на
градот С., регулација одржување и користење на речните корита во
урбанизираните делови, дезинсекција на подрачјето на градот С., изградба,
користење и одржување на пазари на големо и пазари за продажа на моторни
возила на подрачјето на градот С., ерадикација на животните скитници,
определување места за закоп на мртви животни и нивно одржување и украсување
на градот С..

Во чл.28 ст.1 од Законот за заштита и благосостојба на животните е


одредено дека општината, општините во градот С. односно Градот С. се надлежни
да вршат собирање на бездомните кучиња односно нерегистрирани кучиња и
регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на
сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти прифатилишта. Во
овие објекти треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од
непогодни временски услови и да се обезбеди нивно ефикасно затварање.

Во чл.5 ст.1 т.17 од Законот за комуналните дејности е одредено дека


комунални дејности се остранување и чување на непрописно паркирани возила,
ерадикација на животни скитници, украсување на населените места, одржување на
јавни санитарни јазли, аерозапрашување, дезинфекција, дератизација. Во чл.9 ст.1
од истиот закон е определено дека комуналните дејности се вршат во согласност
со овој и друг закон, како и прописите донесени од страна на општината,
општините во Градот С., односно Градот С.. Согласно со ст.2 за вршење на
комуналните дејности општината, општините во Градот С., односно градот С.
можат да основаат јавно претпријатие доколку со посебен закон со кој се уредува
одделна комунална дејност не е поинаку определено. Од друга страна, во
договорот склучен помеѓу тужените се предвидени само начинот и обемот на
работите што треба да ги изврши ЈП комунална хигиена, но одговорноста на Град
С. што тој ја има согласно ЗОО, е тоа што градот односно советот на град С. е
сопственик и основач на ЈП Комунална хигиена.

Неосновани се жалбените наводи на првотужениот Град С. дека тој не е


пасивно легитимиран во конкретниот спор, па така согласно чл. 28 од Законот за
заштита и благосостојба на животните произлегува надлежноста на Општината
Гази Баба.

5
«ГЖ-1269/18»

Ова од причина што согласно чл. 7 од Законот за Град С., градот е


организиран како единствена урбана целина со 10 урбани Општини во кои спаѓаат
општина А., Б., Г. Б., Ѓ. П., К., К. В., С., Ц., Ч. и Ш. О., па така како во
конкретниот случај се работи за општина која влегува во територијата на град С.,
за штетите настанати од кучиња скитници на било која територија од Општините
на град С., одговорен е град С. согласно Законот за град С. а не општината.
Согласно начелното правно мислење на Врховниот суд на РМ од 04.03.2016
година, произлегува дека за штети причинети од каснување од куче скитник,
одговара град С. и Јавното комунално претпријатие на град С. доколку се работи
за штета предизвикана на територијата на град С., а општината воопштено би
била одговорна само доколку се работи за штета причинета надвор од градот С. а
на територијата на друга општина.

Неосновани се жалбените наводи на првотужениот дека првостепениот


суд погрешно ја применил одредбата од чл. 173 од ЗОО, во таа смисла дека не
било утврдено дали ЈП Комунална Хигиена ја запрело или нередовно ја
извршувало својата делегирана дејност, од причини што првостепениот суд
правилно одлучил како во изреката на обжалената пресуда.

Имено, по оцена на овој суд нередовноста во извршувањето на


делегирана надлежност на ЈП Комунална Хигиена, произлегува од фактот што
иако дејсноста е заштита на граѓаните од кучиња скитници, односно нивно
третирање и заловување и ерадикција, сепак тужителот бил нападнат од такво
куче и каснат, при што истиот претрпел и повреди во вид на рана од каснување на
куче во пределот на левата надколеница.

Овој суд ги ценеше и останатите жалбени наводи на првотужениот,


меѓутоа за истите најде дека се ирелевантни и без влијание за поинакво
одлучување и таквите немаат влијание по правилноста и законитоста на самата
одлука.

Во жалбата првотужениот наведува дека ја обжалува и одлуката за


трошоците на постапката, меѓутоа, иако во недостиг на конкретни жалбени
наводи по однос на ова прашање, овој суд смета дека истите се правилно
одмерени и досудени за секое од наведените дејствија по износи согласно АТ на
РМ, Законот за судски такси и вредноста на предметот на спорот, особено затоа
што преставуваат реални трошоци кои биле потребни за водењето на оваа
постапка.

Со оглед на претходно изнесеното следуваше овој суд да одлучи како во


изреката на оваа одлука согласно чл.357 од ЗПП.

Апелационен суд С. «ГЖ-1269/18» од «19.04.2018»«» година.

Претседател на совет-судија

6
«ГЖ-1269/18»

Анита Бошковска с.р.

7
ГЖ-2729/17

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Гордана


Ѓорчева, претседател на советот, Зора Треневска и Мустафа Дардхишта, членови
на советот, во правната работа на тужителот Ѓорѓи Камчев од В. со законски
застапник Благој Камчев од В., против тужените Општина В. и Ветеринарна
Станица ДОО В., за надомест на штета, вредност 75.000,00 денари постапувајќи
по навремената жалба на првотужениот Општина В. изјавена преку полномошник
Марко Димов, адвокат од В. против пресудата на Основниот суд В. П4.59/16 од
23.12.2016 година, на нејавната седница одржана на ден 21.12.2017 година, ја
донесе следната

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд В. П4.59/16 од 23.12.2016 година, СЕ


ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА првотужениот Општина В. на тужителот Ѓорѓи


Камчев од В. со законски застапник Благој Камчев од В., на име процесни
трошоци за одговор на жалба да му плати вкупен износ од 10.360,00 денари во
рок од 8 дена по приемот на оваа пресуда.

Образложение

Основниот суд В. со обжалената пресуда тужбеното барање на


тужителот делумно го усвоил. Ги задолжил тужените солидарно да му исплатат
на тужителот на име справедлив надомест за повреда на личните права, претрпена
нематеријална штета сума во износ од 45.000,00 денари и тоа: за претрпена
физичка болка сума во износ од 15.000,00 денари, за претрпен страв сума во износ
од 15.000,00 денари и за претрпена душевна болка поради намалена општа
животна способност сума во износ од 15.000,00 денари со законска казнена камата
на секој поединечен износ во висина на референтната стапка на НБРМ што за
секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени сметано од 23.12.2016
година како ден на пресудување до исплатата во рок од 8 дена по правосилнсота
на пресудата како и во истиот рок солидарно да му ги надоместат трошоците по
постапката во износ од 61.035,00 денари. Тужбеното барање на тужителот со
барање да се задолжат тужените солидарно да му исплатат на тужителот на име
справедлив надомест за повреда на личните права, претрпена нематеријална штета

1
ГЖ-2729/17

и тоа за претрпена физичка болка сума воизнос од 10.000,00 денари како разлика
од досудениот износ од 15.000,00 денари до бараниот износ од 25.000,00 денари,
за претрпен страв сума во износ од 10.000,00 денари како разлика од досудениот
износ од 15.000,00 денари до бараниот износ од 25.000,00 денари, и за претрпена
душевна болка поради намалена општа животна способност сума во износ од
10.000,00 денари како разлика од досудениот износ од 15.000,00 денари до
бараниот износ од 25.000,00 денари, или вкупно сума во износ од 30.000,00
денари со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБРМ
што што важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени сметано од 23.12.2016
година како ден на пресудување до исплатата како и солидарно да му ги
надоместат трошоците по постапката во износ од 1.300,00 денари а се во рок од 8
дена по правосилноста на пресудата го одбил како неосновано.

Незадоволен од вака донесената пресуда останал првотужениот


Општина В., па со навремена жалба изјавена преку полномошник Марко Димов,
адвокат од В., ја напаѓа истата по сите основи предвидени во чл.342 ст.1 од ЗПП,
со предлог жалбата да се усвои, а обжалената пресуда да се укине и предметот да
се врати на повторно судење пред првостепениот суд или преиначи согласно
жалбените наводи. Предјави трошоци за жалба.

Одговор на жалба поднел тужителот преку полномошник Горан


Николовски, адвокат од В. во кој ги побива жалбените наводи во жалбата на
првотужениот и предлага жалбата да се одбие како неоснована, а првостепената
пресуда да се потврди. Предјави трошоци за одговор на жалба.

Апелациониот суд Скопје, по разгледување на приложените списи кон


предметот и по оценка на обжалената пресуда и жалбата, најде:

Жалбата е неоснована.

Неоснован е жалбениот навод за сторена суштествена повреда на


одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.1 в.в со чл. 70 и 74 од Законот за
парнична постапка, а во насока на тоа дека во конкретниот случај првотужениот
не е пасивно легитимиран во постапката.

Имено, судот од доказите примил за утврдено дека на ден 28.01.2016


година тужителот - малолетниот Камчев Ѓорѓи бил нападнат од куче скитник на
ул. во В. на начин што бил кај Владо Камчев кој што му бил чички и Владо
Камчев го чувал малолетниот Ѓорѓи до 15,00 частот дома кај него, а потоа заедно
излегле од дома и отишле пред куќата на Владо каде што му била гаражата за да
Владо ја отвори гаражата и да го извади неговото возило за доодни и да си го
земе неговото дете од градинка и со Ѓорѓи се разделиле, а Ѓорѓи бил заедно со
неговиот брат Мартин кој бил на возраст од 12-13 години ипо кратко време
откако чичкото Владо ја кревал вратата од гаражата а сето тоа се случувало за 20-
30 секунди, спискале децата и Владо веднаш истрчал да види што се случува па

2
ГЖ-2729/17

видел како неговиот внук Ѓорѓи го каснало куче скитник во пределот на десната
рака во пределот на шаката и на лактот и Владо веднаш ги земал децата Мартин и
Ѓорѓи и со возилото гиоднел кај нивната мајка на работа која што работела во
центарот на градот и потоа сите заедно отишле во Болница и Владо го оставил
Ѓорѓи и Мартин сонивната мајка во Болница, а тој си заминал да го земе неговото
дете од градинка. Кучето кое го каснало Ѓорѓи за раката било црно, ниско со
средна големина и немало синџир околу вратот, ниту ушна маркица а неговиот
внук Ѓорѓи на висина на околу 140 см. и бил на возраст од 14 година и Владо бил
очевидец на настанот и бил лично присутен кога кучето скитник го нападнало
неговиот внук, но не можел веднаш да реагира бидејќи кучето откако го апнало
Ѓорѓи веднаш избегало. Малолетниот тужител по нападот со неговата мајка се
јавил во ЈЗУ Општа Болница В. заради санирање на повредите за што во периодот
од 28.01.2016 година до 11.02.2016 година бил на болничко лекување видно од
отпусното писмо со историја на болниот бр.648/16 од ЈЗУ Општа Болница В. во
инфективно одделение со дијагноза казнат или удрен од куче и во цитираното
отпусно писмо е наведено дека бил испишан во добра општа состојба по
спроведена антибиотска профилакса во 4 дози како и антитетанична профилакса
со една доза на ампули Теталпан. За болничко лекување и болничките услуги
согласно приложената квитанција бр.648/16 од 12.02.2016 година билеплатени
150,00 денари за пресметана и наплатена партиципација со каса прими бр.024930
од 12.02.2016 година и фискална сметка од ЈЗУ Општа Болница В. од 12.02.2016
година. Со потврда Рег.бр.30.5.1-37 од 04.02.2016 година од МВР СВР В. упатена
до таткото-законски застапник на малолетниот тужител, СВР В. потврдило дека
на ден 28.01.2016 година во 17,45 часот во ПС-ОН В. лицето Благој Камчев
пријавил настан каснатолица од куче затоа што истиот ден околу 13,00 часот
додека неговиот малолетен син Ѓорѓи се движел по ул во В. од страна на куче од
непозната раса, црна боја низок раст, бил каснат во предлеот на десната рака-
дланка од што се здобил со видлива повреда - раката му била раскрвавена.

Според наод и мислење на вешто лице Прим.д-р Филип Тодоровски


специјалист по општа хирургија и субспецијалист по трауматологија од Март
2016 година од расположивата медицинска документација дадено е мислње дека
по извршениот медицински преглед кај тужителот била констатирана телесна
повреда која се состоела од рана од каснување на куче на палецот од десната шака
рана од каснување на куче на внатрешната страна на шаката како и рана од
каснување на куче на десниот лакот од задната страна.

Врз основа на вака утврденото правилно судот го применил и


материјалното право кога одлучил како во изреката на пресдудата а согласно чл.
159, чл. 189, чл. 313 од ЗОО и чл. 266-а од ЗИД на ЗОО, чл. 5 ст. 15, чл. 21 ст. 1 т.
5 од Законот за комунални дејности, чл. 25 ст. 1 од Законот за заштита и
благосостојба на животните.

Имено, овој суд цени дека правилно првостепениот суд прифатил дека
во конкретниот случај двајцата тужени се солидарно одговорни за обврската
према тужителот. Ова од причина што на ден 14.02.2013 година од страна на

3
ГЖ-2729/17

Советот на Општина В. била донесена Одлука за комунален ред и мерки за


нејзино спроведување во Општина В. објавена во Сл.гласник на Општина В.
бр.2/2013 од 15.02.2013 година. Помеѓу Општина В. овде првотужениот и
Ветеринарна станица ДОО В. второтужениот бил склучен договор за набавка на
услуги: заловување на кучиња скитници кои се движат на територијата на Град В.
спроведување на стручен третман и згрижување по приложена спецификација, кој
кај тужениот Општина В. е заведен под бр.05-197/5 од 15.01.2013 година а кај
Ветеринарната станица ДОО В. бр.4/13 од 17.01.2013 година. Во конкретниот
случај се работи за штета од куче скитник, односно Општината има законска
обврска за одржување на комуналниот ред во Општината, а видно од Одлуката за
комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина В. под комунален
ред донесена од Советот на Општина В. врз основа на Законот за комуналните
дејности од кое нешто произлегува дека на страна на тужената Општина В.
согласно погоре наведените законски одредби постои објективна одговорност за
надомест на предизвиканата штета а исто така солидарно одговорна на
првотужениот произлегува од склучениот договор од 7.01.2013 година, односно
идентичен на него склучен во 2015 година помеѓу прво и второтужената во кој во
чл.1 од истиот предмет на тој договор е набавена на услуги заловување на кучиња
скитници кои се движат на територијата на град В., спроведување на стручен
третман и згрижување по приложена спецификација на услугите ќе се
извршуваат согласно Законот за заштита и благосостојба на животните.
Правилникот за технички услови за прифатилишта и другите подзаконски акти и
позитивни прописи која ја уредуваат оваа област. Во прилог на ваквото
одлучување е и правното мислење на одделот за граѓански дела при Врховен суд
на РМ на Седницата одржана на 04.03.2016 година за единствена примена на
правото и воедначување на судската пракса според кое солидарно одговорни за
надомест на штета причинета од каснување на куче скитник се Општината и
Јавното комунално претпријатие или друго правно лице на кое со договор му е
доверено собирање на кучиња скитници и нерегистираните кучиња.

Со оглед на погоре изложеното, следуваше да се одлучи како во


изреката на оваа пресуда, согласно чл.357 од ЗПП.

Овој суд согласно чл. 160 ст. 1 од ЗПП, го задолжи првотужениот на


тужителот да му ги надомести процесните трошоци на име одговор на жалба во
вкупен износ од 10.360,00 денари од кои за состав на одговор на жалба зголемен
за второтужен износ од 9.360,00 денари и такса за одговор на жалба износ од
1.000,00 денари.

Апелационен суд Скопје ГЖ-2729/17 од 21.12.2017 година.

Претседател на совет-судија
Гордана Ѓорчева с.р.

4
ГЖ-2729/17

5
«ГЖ-5525/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите:Лидија


Мартинова, претседател на советот, Станка Зафировска и Агим Мислими,
членови на советот, во правната работа на тужителот Антонио Димитров од С.,
против тужените Јавно претпријатие Комунална Хигиена С. и Град С., за
надомест на штета, вредност на спорот 100.001,00 денари, одлучувајќи по
жалбите на првотужениот Град С. и на второтужениот ЈП Комунална хигиена -С.
изјавени против пресудата на Основен суд Скопје II С. МАЛВП-1926/16 од
15.06.2017 година, на нејавната седница одржана на 06.12.2017 година, ја донесе
следната

ПРЕСУДА

ЖАЛБИТЕ на првотужениот ЈП Комунална хигиена -С. и на


второтужениот Град С., СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основен суд Скопје II С. МАЛВП-1926/16 од


15.06.2017година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ тужените солидарно да му ги надоместат на


тужителот трошоците за поднесениот одговор на жалба во вкупен износ 10.910,00
од денари, во рок од 15 дена по приемот на пресуда.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот, па ги задолжил тужените солидарно да му
исплатат на тужителот на име нематеријална штета вкупен износ од 60.000,00
денари и тоа: за претрпен физички бол износ од 20.000,00 денари, за претрпен
страв износ од 15.000,00 денари и за претрпен душевен бол поради НОЖА износ
од 25.000,00 денари, со законска казнена камата во висина на референтната стапка
на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието
што му претходело на тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени,
па до исплатата сметано од денот на пресудувањето до конечната исплата.
Поголемото тужбено барање на тужителот за разликата над досудените износи на
име нематеријална штета и тоа: за претрпени физички болки од досудениот до
побараниот износ од 40.000,00 денари и за претрпен страв од досудениот до
побараниот износ од 35.000,00 денари и во тој дел за камата, е одбиено како
неосновано. Со решение тужените се задолжени солидарно да му ги надоместат
на тужителот процесните трошоци во вкупен износ од 40.421,00 денари во рок од
8 дена по правосилноста на пресудата, а поголемото барање за надомест на
процесните трошоци за разликата од досудемиот до бараниот износ, е одбиено
како неосновано.

1
«ГЖ-5525/17»

Незадоволен од пресудата останал првотужениот кој изјавил навремена


жалба со која ја побива пресудата поради суштествени повреди на одредбите на
парничната постапка, погрешно и погрешна примена на материјалното право, со
предлог жалбата да се усвои, а побиваната пресуда да се укине и предметот да се
врати на повторно судење на истиот суд или истата да се преиначи согласно
жалбените наводи.

Незадоволен од пресудата останал и второтужениот кој со навремена


жалба ја побива пресудата поради суштествени повреди на одредбите на
парничната постапка, погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и поради
погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се усвои, а
побиваната пресуда да се укине и предметот врати на повторно судење на истиот
суд или истата да се преиначи согласно жалбените наводи.

Поднесен е одговор на жалба од тужителот преку полномошникот


Татјана Донеска, адвокат од С., со кој се оспоруваат жалбените наводи на
првотужениот, со предлог жалбата да се одбие како неоснована, а обжалената
пресуда да се потврди. Побарани се трошоци сторени по повод поднесениот
одговор на жалба.

Апелациониот суд Скопје, ја испита побиваната пресуда врз основа на


списите во предметот, наводите во жалбите и одговорот на жалба, па најде:

Жалбата е неоснована.

Неосновани се жалбените наводи на тужените за сторена суштествена


повреда на одредбата на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, бидејќи
обжалената пресуда е јасна, разбирлива, со образложени причини за решителните
факти од кои се раководел судот при донесувањето на својата одлука, изреката
нема недостатоци, не противречи на причините дадени во образложението за
такво одлучување, поради што истата може во целост и со сигурност да се испита.

Во жалбата на второтужениот се укажува дека тој немал обврска за


надомест на штетата затоа што немал пасивна легитимација во конкретната
постапка, притоа укажувајќи на одредбата од чл.13 од Законот за Град С. и
согласно која Градот С. основал јавно претпријатие во чија надлежност ја
префрлил обврската да се грижи за хигиената и ерадикацијата на животните
скитници на подрачјето на градот С., а градот С. како основач на јавните
претпријатија не може да се смета за одговорен за штетата настаната поради
непревземање соодветни мерки за одржување од страна на Јавните претпријатија.

Овој суд ваквиот жалбен навод го одби како неоснован. Ова од причина
што пасивната легитимација на второтужениот произлегува од одредбата од чл.10
ст.4 ал.23 од Законот за Градот С. (Службен весник на РМ бр.55/04) според која
одредба надлежностите, односно работи од јавен интерес од локално значење за

2
«ГЖ-5525/17»

градот С. се комунални дејности и тоа меѓудругите дејности и еридикција на


животните скитници, како и од чл.25 т.1 од Законот за заштита и благосостојба на
животните, согласно која Градот е надлежен за собирање на кучињата скитници и
нерегистрираните кучиња, како и за нивно привремено сместување во
прифатилишта, а согласно точка 5 од истиот член, дека градот е надлежен и за
контрола на популацијата на кучиња скитници. Како комунални дејности во
смисла на Законот за комунални дејности (Сл.весник на РМ бр.85/12), односно
согласно чл.9 ст.1 од истиот закон, комуналните дејности се вршат во согласност
со Законот за комунални дејности и друг закон, како и прописите донесени од
страна на општините, општините во градот С. и градот С.. Согласно ст.2 од
истиот член, за вршење на комуналните дејности, општините односно градот С.
можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен закон со кој се уредува
одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а доколку општината, односно
градот С. немаат основано јавно претпријатие, вршењето на комуналните дејности
можат да го доверат на правни и физички лица кои поседуваат дозвола за вршење
на соодветна дејност. Согласно чл.12 ст. 2 од од истиот закон, заради подетално
уредување на односите во комуналните дејности, утврдени со Законот за
комунални дејности, советот на општините, односно Советот на градот С.,
донесува одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Законот за
комунални дејности, тргнувајќи од критериумот за тоа чија потрошувачка се
задоволува, разликува комунални услуги за задоволување на индивидуална
потрошувачка и услуги за задоволување на заедничката потрошувачка. Согласно
чл.14 ст. 3 ал.9 од наведениот закон, спаѓа и ерадикција на животни скитници.
Поаѓајќи од фактот дека општините, општините во градот С. и градот С. имаат
утврдена законска надлежност да вршат собирање на кучиња скитиници и
нерегистрирани кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти-
прифатилишта и дека уловување и ерадикцијата на животните скитиници
претставува комунална дејност, за која општината, општините во градот С. и
градот С. може да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа дејност да
го доверат на правно лице, па согласно погоренаведеното правилно и судот
утврдил дека тужениот Град С. е солидарно одговорен за извршувањето на
работите од јавен интерес и има обврска за штетата која настанала со каснување
на кучето скитник, заедно со првотужениот да му ја надомести на тужителот
причинетата нематеријална штета.

Воедно неоснован е и жалбениот навод на првотужениот дека нема


пасивна легитимација да биде странка во спорот, од причина што пасивната
легитимација на ЈП Комунална хигиена С. произлегува од одредбата од чл.173 од
ЗОО, според која правните лица што вршат комунална и друга слична дејност од
јавен интерес одговараат за штетата ако без оправдана причина ја запрат или
нередовно ја вршат својата услуга, па оттука правилно судот ги задолжил
тужените солидарно да му ја надоместат на тужителот причинетата нематеријална
штета. Имено, од Договорот бр.08-190/1 од 14.01.2016 година склучен помеѓу
тужените и Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на
подрачјето на Град С. во 2015 година, донесена од советот на второтужениот,
утврдено е дека во надлежност на второтужениот се активностите за третирање на
животни скитници, условите, организацијата и обемот на извршувањето, кои

3
«ГЖ-5525/17»

обврски второтужениот согласно погоренаведениот Договор ги пренел на


првотужениот и за што тој се обврзал да му плати на првотужениот за услугата.
Оттука како неоснован се јавува и жалбениот навод на првотужениот дека тој ги
превзел сите потребни активности согласно Програмата од 2015 година, како и
согласно Договорот од 14.01.2016 година, во смисла на заловување на животните,
нивно транспортирање до стационар, идентификација и нивно повторно враќање
до местото каде биле заловени, додека обврската за контрола на кучињата
скитници и нивното собирање и згрижување била на страна на првотужениот, од
која причина второтужениот бил одговорен за штетата која ја претрпела
тужителот, а не првотужениот.

Во поглед на жалбениот навод на второтужениот за погрешно и


нецелосно утврдена фактичка состојба истиот е неоснован, од причина што
фактичката состојба по предметот е утврдена врз основа на изведените докази,
при тоа првостепениот суд постапувајќи согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил
правилна и целосна фактичка состојба, која во целост ја прифаќа и овој суд, онака
како што е утврдена од страна на првостепениот суд.

Неосновано второтужениот укажува дека првостепениот суд не утврдил


дали конкретното куче од кое тужителот се здобил со повреди било третирано
согласно законските прописи, односно дали станува збор за куче скитник или
истото имало сопственик. Ова од причина што од предложените докази, особено
од исказите на тужителот и на сведокот Бобан Ристевски произлегува дека
станува збор за куче скитник, бидејќи истите критичниот ден околу 22,00 часот
кога се враќале накај дома во моментот на преминување на ул.Теодосиј Гологанов
покрај паркчето наспроти маркетот Веро, едно куче се стрчало накај нив и го
каснал тужитело по левата рака, дека било куче скитник и на увото имало ушна
маркичка. Впрочем конкретното куче дури и да немало ушна маркична не значи
дека имало сопственик, бидејќи една од активностите според Програмата за
решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на Град С. за 2015
година било заловувањето на животните, нивниот транспорт до стационар, прием
на клинички преглед и идентификација и водење евиденција. Воедно,
второтужениот не предложил ниту пак доставил докази дека кучето било
сопственост на определено лице, а од исказот на тужителот, на кој основано е
поклонето верба, правилно првостепениот суд утврдил дека штетата на тужителот
му била причинета од куче - скитник.

Врз основа на правилно и целосно утврдената фактичка состојба, по


оценка на овој суд првостепениот суд правилно го применил и материјалното
право кога согласно одредбите од Законот за Град С., Законот за комунални
дејности, Законот за заштита и благосостојба на животните и одредбите од ЗОО,
делумно го усвоил тужбеното барање на тужителот и одлучил како во изреката на
обжалената пресуда, од која причина жалбените наводи на тужените за погрешна
примена на материјалното право се јавуваат како неосновани.

Неосновано во жалбата на првотужениот се укажува дека првостепениот


суд неправилно ја применил одредбата од чл.165-ж ст.1 од ЗОО, наведувајќи дека

4
«ГЖ-5525/17»

тој не бил имател на кучињата, а со тоа и дека не произлегувала за него обврската


за надомест на штета. Ова од причина што при утврден факт дека првотужениот
има надлежност да врши собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња
и привремено да ги сместува во соодветни прифатилишта, дека самото уловување
и ерадикација на кучињата скитници преставува комунална дејност за која Градот
С. може да основа јавни претпријатија за вршење на оваа дејност како и при факт
дека тужените склучиле Договор согласно кој второтужениотот се јавува како
нарачател, а првотужениот како извршител а во услови кога согласно Програмата
од 2015 година донесена од второтужениот, како извршител на активностите се
јавува првотужениот, неспорно произлегува неговата одговорност за надомест на
причинетата штета заедно со второтужениот.

Овој суд ги имаше предвид и останатите жалбени наводи, меѓутоа најде


дека се неосновани и без релевантно влијание за поинакво одлучување, а од
аспект на законитоста на одлуката и правилната примена на материјалното право
во конкретниот спор

Врз основа на сето погоре наведено, следуваше да се одлучи како во


изреката на пресудата, согласно чл.357 од ЗПП.

Со оглед дека жалбите се одбиени како неосновани, а тужителот


поднесе одговор на жалба во кој предјави и парнични трошоци за истиот,
Апелациониот суд во смисла на чл.160 ст.1 в.в. со чл.158 ст.1 и 2 од ЗПП, ги
задолжи тужените солидарно да му ги надоместат на тужителот сторените
трошоци во жалбената постапка во вкупен износ од 10.910,00 денари, од кои
износ од 9.750,00 денари за состав на одговорот на жалба од полномошникот на
тужителот а согласно вредноста на спорот и согласно Тарифата за награда и
надоместок на трошоците за работа на адвокатите и износ од 1.160,00 денари за
судска такса за овој одговор на жалба за што во списите на предметот е приложен
доказ - уплатница за извршена уплата.

Врз основа на сето погоре наведено, следуваше да се одлучи како во


изреката на пресудата, согласно чл.357 од ЗПП.

Апелационен суд С. ГЖ-5525/17 од 06.12.2017 година.


Претседател на совет-судија
Лидија Мартинова с.р.

5
«ГЖ-4544/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите:Лидија


Мартинова, претседател на советот, Станка Зафировска и Агим Мислими,
членови на советот, во правната работа на тужителот Бранко Тодоровски од
с.Трубарево С., против тужениот Град С., за надомест на штета, вредност на
спорот 242.700,00 денари, одлучувајќи по жалбата на тужителот изјавена преку
полномошник Александар Огненовски, адвокат од С. и по жалбата на тужениот
против пресудата на Основен суд С. II С. П4-1096/16 од 07.04.2017 година, на
нејавната седница одржана на 01.11.2017 година, ја донесе следната

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на тужителот, изјавена преку полномошник Александар


Огненовски, адвокат од С. и ЖАЛБАТА на тужениот Град С., СЕ ОДБИВААТ
КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основен суд Скопје II С. П4-1096/16 од 07.04.2017


година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот да му ги надомести на тужителот


трошоците за поднесениот одговор на жалба во вкупен износ 14.092,00 од денари,
во рок од 15 дена по приемот на пресуда.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот и го задолжил тужениот да му исплати на име
надомест на нематеријална штета поради повреда на личните права на телесно и
душевно здравје во вкупен износ од 65.000,00 денари од кои: за претрпен физички
бол износ од 25.000,00 денари, за претрпен страв износ од 10.000,00 денари и за
претрпен душевен бол поради нарушена општа животна способност износ од
30.000,00 денари, како и надомест на материјална штета на име трошоци за
лекување износ од 2.700,00 денари, со законска казнена камата на овие износи, во
висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на
последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие
зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на пресудувањето -
16.02.2016 година, до конечната исплата, се во рок од 15 дена од приемот на
одлуката. Поголемото тужбено барање на тужителот за надомест на
нематеријална штета од предјавениот до досудениот износ или за разлика од
175.000,00 денари, од кои за претрпен физички бол за разликата од 55.000,00
денари, за претрпен страв за разликата во износ од 70.000,00 денари и за претрпен
душевен бол поради нарушена општа животна способност за разликата во износ
од 50.000,00 денари, е одбиено како неосновано. тужениот е задолжен на
тужителот да му ги надомести трошоците на постапката во износ од 26.341,00

1
«ГЖ-4544/17»

денари, во рок од 15 дена од приемот на одлуката, а поголемото барање на


тужителот за надомест на трошоци на постапката, за разликата од бараните до
досудените 26.341,00 денари, е одбиено како неосновано.

Незадоволен од пресудата во одбиениот дел на тужбеното барање


тужителот преку неговиот полномошник изјавил навремена жалба со која истата
ја побива поради погрешна примена на материјалното право и поради одлуката за
трошоците, со предлог жалбата да се усвои, а побиваната пресуда да се преиначи
согласно наводите во жалбата и да се задолжи тужениот со трошоците во
постапката или истата да се укине и во тој дел предметот да се врати пред
првостепениот суд на повторно судење. Побарани се и трошоците сторени во
жалбена постапка.

Незадоволен од пресудата во усвоениот дел на тужбеното барање


тужениот изјавил навремена жалба со која истата ја побива поради суштествени
повреди на одредбите од парничната подтапка, поради погрешно и нецелосно
утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право, со
предлог жалбата да се усвои, а побиваната пресуда да се укине и предметот да се
врати пред истиот суд на повторно судење или истата да се преиначи согласно
наводите во жалбата.

Со одговор на жалба поднесен преку полномошник Александар


Огненовски, адвокат од С., тужителот ги побива жалбените наводи на тужениот и
предлага жалбата да се одбие како неоснована, обжалената пресуда да се потврди
и да се задолжи тужениот со трошоците за поднесениот одговор на жалба.

Апелациониот суд Скопје по извршениот увид во списите по предметот,


обжалената пресуда и по оценка на жалбените наводи и одговорот на жалба,
најде:

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи на тужениот за сторена суштествена


повреда на одредбата на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП, бидејќи
обжалената пресуда е јасна, разбирлива, со образложени причини за решителните
факти од кои се раководел судот при донесувањето на својата одлука, изреката
нема недостатоци, не противречи на причините дадени во образложението за
такво одлучување, поради што истата може во целост и со сигурност да се испита.

Во поглед на жалбениот навод на тужениот за погрешно и нецелосно


утврдена фактичка состојба истиот е неоснован, од причина што фактичката
состојба по предметот е утврдена врз основа на изведените докази, при тоа
првостепениот суд постапувајќи согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил правилна и
целосна фактичка состојба, која во целост ја прифаќа и овој суд, онака како што е
утврдена од страна на првостепениот суд.

2
«ГЖ-4544/17»

Во жалбата на тужениот се укажува дека првостепениот суд погрешно


ја утврдил фактичката состојба кога утврдил дека тој има обврска за надомест на
штета спрема тужителот, ако се има предвид дека согласно одредбата од чл.13 од
Законот за Град С., тужениот основал јавно претпријатие во чија надлежност ја
префрлил обврската да се грижи за хигиената и ерадикацијата на животните
скитници на подрачјето на градот С., па градот С. како основач на јавните
претпријатија не може да се смета за одговорен за штетата настаната поради
непревземање соодветни мерки за одржување од страна на Јавните претпријатија,
поради што тужениот немал пасивна легитимација во конкретниот спор.

Овој суд го ценеше ваквите жалбени наводи, но за истите најде дека се


неосновани. Ова од причина што пасивната легитимација на тужениот
произлегува од одредбата од чл.10 ст.4 алинеја 23 од Законот за Градот С.
(Сл.весник на РМ бр.55/04) според која одредба надлежностите, односно работи
од јавен интерес од локално значење за градот С. се комунални дејности и тоа
меѓу другите дејности и еридикација на животните скитници, како и од чл.25 т.1
од Законот за заштита и благосостојба на животните, согласно која Градот е
надлежен за собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња, како и
за нивно привремено сместување во прифатилишта, а согласно точ.5 од тој член
Градот е надлежен и за контрола на популација на кучиња скитници. Како
комунални дејности во смисла на Законот за комунални дејности (Сл.весник
бр.85/12), односно согласно чл.9 ст.1 од истиот закон, комуналните дејности се
вршат во согласност со Законот за комунални дејности и друг закон, како и
прописите донесени од страна на општините, општините во градот С. и градот С..
Согласно ст.2 од истиот член, за вршење на комуналните дејности, општините
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен
закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а
доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно претпријатие,
вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни и физички
лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Согласно чл.12 ст.2
од од истиот закон, заради подетално уредување на односите во комуналните
дејности, утврдени со Законот за комунални дејности, советот на општините,
односно Советот на градот С., донесува одлука за комунален ред и мерки за
нејзино спроведување. Законот за комунални дејности, тргнувајќи од критериумот
за тоа чија потрошувачка се задоволува, разликува комунални услуги за
задоволување на индивидуална потрошувачка и услуги за задоволување на
заедничката потрошувачка. Согласно чл.14 ст.3 ал.9 од наведениот закон, спаѓа и
ерадикција на животни скитници. Поаѓајќи од фактот дека градот С. има утврдена
законска надлежност да врши собирање на кучиња скитиници и нерегистрирани
кучиња и привремено да ги смести во соодветни објекти-прифатилишта и дека
уловување и ерадикцијата на животните скитиници претставува комунална
дејност, за која градот С. може да основа јавно претпријатие или вршењето на
оваа дејност да го довери на правно лице. Согласно погоре наведеното судот
правилно ценел дека тужениот Град С. е одговорен за извршувањето на работите
од јавен интерес и има обврска за надомест на штетата која настанала со

3
«ГЖ-4544/17»

каснување на кучето скитник, односно да му ја надомести на тужителот


причинетата нематеријална штета. Воедно, од напред наведеното неосновано
тужениот се повикува и на одредбата од чл.173 од ЗОО, според која правните
лица што вршат комунална и друга слична дејност од јавен интерес одговараат за
штетата ако без оправдана причина ја запрат или нередовно ја вршат својата
услуга, бидејќи пасивната легитимација на тужениот произлегува токму од
погоренаведената одредба.

Неосновано тужениот укажува дека првостепениот суд не утврдил дали


конкретното куче од кое тужителот се здобил со повреди било третирано согласно
законските прописи, односно дали станува збор за куче скитник или истото имало
сопственик. Ова од причина што од предложените докази, особено од исказот на
тужителот произлегува дека станува збор за куче скитник, бидејќи истиот околу
05:30 часот наутро се движел покрај училиштето ЕМУЦ, за да го земе неговиот
камион за работа и за да ја одбегне глутницата од кучиња се упатил кон средината
на улицата, но само што застанал на семафорот бил нападнат од едно куче, кое го
каснало за ногата и избегало. Тоа што кучето немало обележје за куче скитник не
значи дека имало сопственик, бидејќи една од активностите според Програмата за
решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на Град С. за 2015
година било заловувањето на животните, нивниот транспорт до стационар, прием
на клинички преглед и идентификација и водење евиденција. Воедно, тужениот не
предложил ниту пак доставил докази дека кучето било сопственост на определено
лице, поради што правилно утврдил и првостепениот суд дека штетата на
тужителот била причинета од куче - скитник.
Врз основа на правилно и целосно утврдената фактичка состојба, по
оценка на овој суд првостепениот суд правилно го применил и материјалното
право кога согласно одредбите од Законот за Град С., Законот за заштита и
благосостојба на животните и чл.189 од Законот за облигациони односи, делумно
го усвоил тужбеното барање на тужителот и одлучил како во изреката на
обжалената пресуда, од која причина жалбените наводи на тужениот за погрешна
примена на материјалното право се јавуваат како неосновани.

Неосновано во жалбата и тужителот укажува на погрешна примена на


материјалното право, дека првостепениот суд при определувањето на висината на
справедливиот паричен надоместок погрешно ја применил одредбата од чл.189 од
ЗОО и дека досудил износи кои се прениско определени и кои се во спротивност
со природата и општествената цел на институтот справедлив паричен надомест.

Ова од причина што првостепениот суд врз основа на правилно и


целосно утврдена фактичка состојба, правилно го применил и материјалното
право, конкретно чл.189 од Законот за облигациони односи. Имено, согласно
чл.189 ст.1 од ЗОО, во случај на повреда на личните права судот, ако најде дека
тежината на повредата и околностите на случајот го оправдуваат тоа, ќе досуди
справедлив паричен надоместок, независно од надоместокот на материјалната
штета, како и во нејзино отсуство. Согласно ст.2 од истиот член при
одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок судот ќе води

4
«ГЖ-4544/17»

сметка за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани физички


болки, душевни болки и страв, како и за целта за која служи надоместокот, но и за
тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со
неговата природа и општествена цел.

Во конкретниот случај врз основа на медицинската документација и


медицинското вештачење на др.Ставре Грамов од 20.02.2014 година,
првостепениот суд утврдил дека тужителот како последица на незгодата поради
каснувањето од кучето скитник се здобил со лесна телесна повреда изразена во
вид на раздерна рана до делот на десната потколеница и правилно ги утврдил и
интензитетот и времетраењето на претрпените физички болки, стравот и душевни
болки поради намалената општа животна активност, конкретно опишани во
фактичката состојба на обжалената пресуда. Оттука, со оглед на утврденото, а
раководејќи се од чл.189 од ЗОО, правилно првостепениот суд на име
нематеријална штета на тужителот му досудил вкупен износ од 65.000,00 денари,
од кои за претрпени физички болки износ од 25.000,00 денари, за претрпен страв
износ од 10.000,00 денари и за претрпени душевни болки поради намалена општа
животна активност износ од 30.000,00 денари, а поголемото тужбено барање го
одбил како неосновано.

Притоа, судот ги имал во целост во предвид сите параметри и


околности кои влијаат на висината на надоместокот, а особено претрпените
повреди на тужителот и последиците од истите, како и водел сметка за силината и
траењето на повредите кај тужителката со кои биле предизвикани физичките
болки, стравот и душевните болки, истовремено и за целта за која служи
паричниот надоместок и за тоа надоместокот да не е во спротивност со
стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел. При тоа
имајќи ги во предвид во исто време и индивидуализираните критериумите за
определување на правичен надомест на нематеријална штета кои треба да се
ценат, не генерализирано, воопштено преку нивната појавна форма, туку за секоја
индивидуа пооделно, вклучително и од аспект на личната перцепција и начинот
на кој индивидуата го доживува штетниот настан. Ова од причина што токму тоа,
од своја страна директно влијае на детерминирачките критериуми во поглед на
нивниот интензитет и времетраење. Во овие околности, овој суд смета дека
материјалното право е правилно применето, а одлуката на првостепениот суд
правилна и на закон заснована.
Овој суд ги имаше предвид и останатите жалбени наводи, меѓутоа најде
дека се неосновани и без релевантно влијание за поинакво одлучување, а од
аспект на законитоста на одлуката и правилната примена на материјалното право
во конкретниот спор.

Овој суд ги ценеше жалбените наводи на тужителот по однос на


одлуката за трошоците, но ги одби како неосновани, од причина што и по оценка
на овој суд правилно првостепениот суд согласно чл.148 од ЗПП, АТ на РМ и
Законот за судски такси, притоа имајќи го предвид постигнатиот успех на
тужителот во спорот ги одмерил и досудил трошоците со кои го задолжил

5
«ГЖ-4544/17»

тужениот, конкретно образложени по дејствија и износи. неосновано тужителот


укажува дека судот при определување на висината на трошоците по постапката
требало правилно да ја примени одредбата од чл.4 од Тарифата за награда и
надоместок на трошоците на постапката и трошоците за сите дејствија без оглед
дали се превземени пред или после стапување на сила на Одлуката за измена на
АТ на РМ, од причина што правилно првостепениот суд ги определил трошоците
со кои го задолжил тужениот согласно вредноста на спорот и и важечката АТ на
РМ, со оглед да Одлуката за измена на АТ на РМ стапила на сила на ден
01.07.2016 година и не била во важност во време на претходно преземени
дејствија, со оглед да изменетата Тарифа за награда и надоместок на трошоците за
работа на адвокатите се применува само на превземени процесни дејствија по
нејзиното донесување, а на превземените дејствија пред нејзиното донесување се
применува Тарифата што важела во моментот на преземањето на процесните
дејствија.

Врз основа на сето погоре наведено, следуваше да се одлучи како во


изреката на пресудата, согласно чл. 357 од ЗПП.

Со оглед дека жалбата на тужениот е одбиена како неоснована, а


тужителот поднесе одговор на жалба во кој предјави и парнични трошоци за
истиот, Апелациониот суд во смисла на чл.160 ст.1 в.в. со чл.158 ст.1 и 2 од ЗПП,
го задолжи тужениот да му ги надомести на тужителот сторените трошоци во
жалбената постапка во вкупен износ од 14.092,00 денари, од кои износ од
11.505,00 денари за состав на одговорот на жалба од полномошникот на
тужителката, согласно Тарифата за награда и надоместок на трошоците за работа
на адвокатите и износ од 2.587,00 денари за такса за овој одговор на жалба, видно
од приложениот доказ во списите на предметот- уплатница за извршена уплата.

Апелационен суд С. ГЖ-4544/17 од 01.11.2017 година.

Претседател на совет-судија
Лидија Мартинова с.р.

6
«ГЖ-4544/17»

7
«ГЖ-1132/18»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Лидија


Димчевска, претседател на советот, м-р Суад Алиу и Зоран Герасимовски,
членови на советот, во правната работа на тужителот Душан Мијатовиќ од С.,
против тужените Град С. и ЈП Комунална Хигена С., за надомест на штета,
вредност на спорот 180.000,00 денари, одлучувајќи по жалбата на првотужениот
Град С., жалбата на второтужениот ЈП Комунална Хигена С. и жалбата на
тужителот, изјавена преку полномошник Горан Давидовски, адвокат од С., против
пресудата на Основниот суд С. II С. МАЛВП-691/17 од 19.10.2017 година, на
нејавната седница на советот одржана на ден 11.04.2018 година, донесе

ПРЕСУДА

ЖАЛБИТЕ на првотужениот Град С., на второтужениот ЈП Комунална


Хигена С. и жалбата на тужителот, изјавена преку полномошник Горан
Давидовски, адвокат од С., СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје II С. МАЛВП-691/17 од


19.10.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда дeлумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот, па ги задолжил тужените солидрано да му
исплатат на тужителот надомест на нематеријална штета поради повреда на
личните права на телесното и душевно здравје износ од 70.000,00 денари, со
законска казнена камата сметано од 19.10.2017 година до исплатата, во висина на
референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот
ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8
процентни поени, како и солидарно да му исплатат надомест на материјална
штета износ од 1.000,00 денари со законска казнена камата сметано од 19.04.2017
година до исплатата, во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за секое
полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие зголемена за 8 процентни поени, и тужените солидрано да
му ги надоместат на тужителот трошоците сторени во текот на постапката во
износ од 28.000,00 денари, се во рок од 8 дена по приемот на пресудата.
Поголемото барање на тужителот, од побараниот износ од 170.000,00 денари на
име надомест на нематеријална штета до досудениот износ, тужбеното барање за
надомест на нематеријална штета по основ на претпрени душевни болки поради
нагрденост износ од 9.000,00 денари, како и поголемото барање за надомест на
трошоците на тужителот, за разликата од побараниот износ од 32.500,00 денари

1
«ГЖ-1132/18»

до досудениот износ, го одбил како неосновано.

Незадоволен од ваквата пресуда останал првотужениот, кој со


навремена жалба ја побива истата поради суштествена повреда на одредбите на
парничната постапка, погрешно и нецелосно утвртдена фактичка состојба и
погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи,
обжалената пресуда да се укине и предметот да се врати пред првостепениот суд
на повторно судење или истата да се преиначи во смисла на жалбените наводи.

Против првостепената пресуда, навремена жалба изјавил и


второтужениот поради суштствена повреда на одредбите на парничната постапка
и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, а
првостепената пресуда да се укине и предметот да се врати пред првостепениот
суд на повторно судење или истата да се преиначи во смисла на жалбените
наводи.

Против првостепената пресуда во одбивателниот дел по однос на


надоместот на нематеријална штета, навремена жалба изјавил тужителот, преку
полномошник Горан Давидовски, адвокат од С., со предлог жалбата да се уважи, а
првостепената пресуда во обжалениот дел да се укине и предметот да се врати
пред првостепениот суд на повторно судење или истата да се преиначи во смисла
на жалбените наводи.

Одговор на жалбите не е доставен.

Апелациониот суд Скопје, по испитување на обжалената пресуда,


наводите во жалбите, и другите списи по предметот, согласно чл.354 ст.1 од ЗПП,
најде:

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст. 2 т. 14 од ЗПП, бидејќи
првостепената пресуда е јасна и разбирлива, содржи доволно образложени
причини за решителните факти од кои се раководел првостепениот суд при
одлучувањето, поради што може со сигурност да се испита.
Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена
фактичка состојба, од причина што фактичката состојба по предметот е утврдена
врз основа на изведените докази, при тоа првостепениот суд постапувајќи
согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил правилна и целосна фактичка состојба кога
нашол дека на 28.07.2016 година околу 16,30 часот до 17,00 часот на ул.. во С.,
тужителот требал да оди до продавница и од дома тргнал со велосипед, при што
кога започнал да вози ненадејно бил нападнат од куче скитник, кое го турнало од
велосипедот и го каснало во левиот седален предел од телото нанесувајќи му
угризна рана. Откако сопругата му ја исчистила раната отишле на инфективна
клиника во Државна болница каде му била укажана лекарска помош. Од

2
«ГЖ-1132/18»

болницата му било побарано да однесе ветеринарна потврда за здравствената


состојба на кучето скитник. После неколку дена кучето скитник било пронајдено
во близина на местото каде тужителот бил нападнат, при што бил извршен
клинички преглед на кучето скитник. Со ветеринарна потврда бр.74 од 3.8.2016 г.
упатена до Медицински фактулет-инфективна клиника С., од страна на Друштво
за ветеринарна дејност, промет и услуги Ветеринарна болница ДОО С., потврдено
било дека на 3.08.2016 година бил извршен кличнични преглед на куче скитник
мелез со кафена бела-жолта боја од ул.Бутелска С., кое го каснало тужителот и
кучето покажало негативен резултат на беснило. Тужителот забележал дека
кучето скитник заедно со други кучиња скитиници постојано се движеле околу
местото каде тужителот бил нападнат. Првотужениот Град С. е основач и
сопственик на втортужениот. Со договор склучен помеѓу првотужениот како
нарачател и второтужениот како извршител со времетраење до 31.12.2016 година,
регулирани биле односите помеѓу првотужениот и второтужениот за
активностите поврзани со заловување и медицинскиот третман на животните
скитници за подрачјето на Град С. за 2016 година. Извршителот на услугата бил
должен да добиена дојава за теренско интервенирање од страна на нарачателот
или од страна на граѓанин, да изезе на терен веднаш или најдоцна за два дена и да
ја преземе потребната активност. Извршителот на услугата бил должен
заловувањето, транспортот и медицинскиот третман на животните скитници да го
врши под услови дефинирани во Програмата за решавање на проблемот со
животните скитници на подрачјето на Град С. за 2016 година, во согласност со
прописите што се однесуваат на овој вид на работа и според одредбите на
склучениот договор. Нарачателот определува лице за надзор кое врши контрола
на начинот и обемот на извршување на услугата што е предмет на договорот.
Првотужениот и второтужениот имаат надлежност и обврска да се грижат за
заштита на граѓаните од кучиња скитници. Првотужениот склучил договор со
второтужениот согласно програмата според која требало да се спроведува
заштита од кучиња и скитници. Тужените пропуштиле да ги извршат совите
законски надлежности и обврски од јавен интререс како и да преземат соодветни
мерки за отстранувае и тетман на кучињата скитници, при што како последица на
тоа се случил штетниот настан и настанала штетата на тужителот и со оглед на
тоа тужените имаат солидарна обврска да ја надоместат штетата на тужителот.
Тужителот како последица на каснувањето од кучето скитник се здобил со лесна
телесна повреда во левиот седален предел од телото. Тужителот претрпел
материјална штета за трошоци за ветеринарна потврда во износ од 1.000,00
денари. Тужбата за надомест на штета тужителот против тужениот ја поднел до
судот на 19.04.2017 година.

Имајќи ги во предвид погоре утврдените факти, врз основа на вештиот


наод и мислење на вешто лице д-р Бранко Аксентиев и д-р Георге Костадинов,
првостепениот суд го утврдил видот и карактерот на повредите со кои се задобил
тужениот, како и интензитетот и времетраењето на физичките болки, стравот и
душевните болки поради намалена ОЖА, поподробно образложени во фактичката
состојба на обжалената пресудата, па делумно го усвоил тужбеното барање на
тужителот и му досудил справедлив паричен надомест на нематеријална штета

3
«ГЖ-1132/18»

поради повреда на неговите лични права на телесно и душевно здравје износ од


70.000,00 денари, од кои: за претрпена физичка болка износ од 20.000,00 денари,
за претрпен страв износ од 20.000,00 денари и за претрпена душевна болка поради
намелна општа животна активност износ од 30.000,00 денари, а поголемото
тужбено барање го одбил како неосновано. Тужителот претрпел и материјална
штета за трошоци за ветеринарна потврда во износ од 1.000,00 денари, со кој
износ првостепениот суд ги задолжил тужените.

Во изјавената жалба на првотужениот Град С. се наведува дека


првостепениот суд погрешно утврдил дека тој има обврска за надомест на штета
спрема тужителот, при тоа не земајќи во предвид дека согласно одредбата од
членот 13 од Законот за Градот С. (Службен весник на РМ број 55/04) за вршење
на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежност, Градот С.
може да основа јавни служби во согласност со закон и дека тој всушност е
основач на ЈП„Комунална Хигиена“-С. и својата надлежност од комуналната
дејност да се грижи за ерадикација на животните скитници на подрачјето на
Градот С., ја има префрлено на ова претпријатие. Воедно истакнува дека
првостепениот суд со сигурност не утврдил дали се работи за третирано или
нетретирано куче - куче кое нема беџ и во тој случај требало да биде утврден
сопственикот на кучето. Како и дека првостепениот суд воопшто не ги зел во
предвид законските одредби кои произлегуваат од Законот за заштита и
благосостојбата на животните (Службен весник на РМ бр.113/07 и 136/11 ) за да
може да утврди дали Град С. преку основаното јавно претпријатие постапувал
согласно закон, а доколку не постапувал кои пропусти ги сторил. Понатаму
наведува дека немањето на пасивна легитимација на страна на првотужениот
произлегувала и од Уставот на Р.М., според кој согласно чл.56 е предвидено дека
добрата во општа употреба се добра од општ интерес за Републиката и уживаат
посебна заштита. Наведената одредба од Уставот на Р.М. понатаму упатува на
Законот за сопственост и други стварни права во кој е содржан членот 16 кој
определува дека сите природни богатства, растителниот и животинскиот свет,
стварите во општа употреба, градежното земјиште, шумите и земјоделското
земјиште, пасиштата и водите, како и стварите и објектите од особено културно и
историско значење определени со закон се ствари ( добра) од општ интерес за
Рапубликата.

Во жалбата на втортужениот ЈП Комунална хигиена се наведува дека тој


во рамките на својата доверена надлежност не е надлежен да се грижи за заштита
на граѓаните од кучињата скитници, бидејќи согласно Законот тоа е во
надлежност на Градот С.. А ова дотолку повеќе што предвидените активности во
Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на
град С. се финансираат од Град С., па оттука единствено Град С. може да биде
пасивно легитимирана странка во оваа постапка.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како


неосновани, од причина што по оцена на овој суд и првотужениот и
второтужениот имаат надлежност и обврска да се грижат за заштита на граѓаните

4
«ГЖ-1132/18»

од кучиња скитници. Имано, согласно одредбата од чл.10 точка 4 алинеја 21 од


Законот за град С. (Сл.весник на РМ бр.55/2004) надлежности, односно работи од
јавен интерес од локално значење на градот С. се комунални дејности меѓу кои и
ерадикација на животните скитници, а согласно чл.13 од истиот закон градот С. за
вршење на работи од јавен интерес од локално значење во рамките на својата
надлежност може да основа јавни служби во согласност со закон. Согласно чл.25
ст.1 од Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ
бр.113/07) , општината, општините во градот С., односно градот С. се надлежни
да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и
привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти
треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски
услови и да се обезбеди нивно ефикасно затварање. Согласно чл.9 ст.2 од Законот
за комунални дејности (Сл.весник на РМ бр.85/12) за вршење на комуналните
дејности, општините односно градот С., можат да основаат јавно претпријатие,
доколку со посебен закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не
е уредено, а доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно
претпријатие, вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни
и физички лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Во таа
насока, во групата на комунални услуги за задоволување на заедничка
потрошувачка, согласно чл.14 ст.3 алинеја 9 од Законот за комунални дејности,
спаѓа и ерадикација на животни скитници. Во конкретниот случај во програмата
за решавање на проблемот со животни скитиници на подрачје на град С. за 2016
година биле предвидени активности за решавање на проблемот за животните
скитници, како и дека второтужениот ЈП Комунална Хигиена бил определен за
извршување на истите. А, Град С. и ЈП Комунална Хигиена, склучиле договор
согласно програмата според којка требало да се спроведува заштитата од кучиња,
со кој го утврдиле извршувањето на активностите предвидени во програмата за
решавање на проблемот за животните скитници. Во договорот од 2016 година,
склучен помеѓу Град С. како нарачател и ЈП Комунална Хигиена С. како
извршител, а со времетраење до 31.12.2016 година, регулирани се односите
помеѓу нарачателот и извршителот на активностите поврзани со заловување и
медицински третман на животните скитници на подрачјето на Град С. за 201‚
година. Во членот 1 од договорот, наведено е дека активностите поврзани со
заловување и медицинскиот третман на животните скитници опфаќа заловување
на животните, нивен транспорт до стационар, прием на клинички преглед,
идентификација и водење евиденција, вакцинација и дехелментација, транспорт
на животните до приближното место од каде се заловени, еутаназија на болни и
опасни по средината животни. Во членот 4 од договорот е наведено дека
извршителот е должен по добиена дојава за теренско интервенирање од страна на
нарачателот или од страна на граѓани да излезе на терен веднаш и да ја преземе
потребната активност. Во членот 8 од договорот наведено е дека нарачателот
врши контрола на начинот и обемот на извршување на услугата што е предмет на
договорот.

Имено, имајќи ги во предвид погоре цитираните законски одредби, со


оглед да општината, односно градот С. имаат утврдена законска надлежност да

5
«ГЖ-1132/18»

вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да


ги сместат во соодветни објекти-прифатилишта, како и дека уловувањето и
ерадикацијата на животните скитници е комунална дејност, за која општините,
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа
дејност да го доверат на правно лице, по оцена на овој суд правилно утврдил
првостепениот суд дека и првотужениот и второтужениот имаат пасивна
легитимација, односно и двајцата солидарно се одговорни да му ја надоместат
штетата на тужителот. Во контекст на ова е и правното мислење на Врховен суд
на РМ од 04.03.2016 година, согласно кое солидарно одговорни за надомест на
штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот С.
и Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е
доверено собирање на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња.

Неоснован е жалбениот навод за погрешна примена на материјалното


право.

Во жалбата на тужителот се наведува дека првостепениот погрешно ја


применил одредбата од чл.189 од ЗОО, бидејќи досудил прениски износи, како и
дека погрешно постапил кога го одбил барањето за надомест на нематеријална
штета по основ на претрпени душевни болки поради нагрденост.

Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но не ги прифати


како основани, бидејќи на правилно и целосно утврдена фактичка состојба,
првостепениот суд правилно го применил чл.189 од Законот за облигациони
односи. Имено, согласно чл.189 ст.1 од ЗОО, во случај на повреда на личните
права судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го
оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од
надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Согласно ст.2
од истиот член при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок
судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле
предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која
служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со
стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел.

Во конкретниот случај врз основа на вештачењето извршено од страна


на вешто лице д-р Бранко Аксентиев и д-р Георге Костадинов, првостепениот суд
утврдил дека тужителот, како последица на повредите добиени од каснување од
куче се здобил со телесна повреда - угризна рана од куче во левиот седален
предел од телото и при тоа правилно ги утврдил интензитетот и времетраењето на
претрпените физички болки, страв и душевни болки поради намалената општа
животна активност, кои се конкретно опишани во фактичката состојба на
обжалената пресуда. Оттука, со оглед на утврденото, а раководејќи се од чл.189
од ЗОО, правилно првостепениот суд на име надомест на нематеријална штета
поради повреда на неговите лични права на телесно и душевно здравје му досудил
на тужителот износ од 70.000,00 денари од кои: 20.000,00 денари за претрпен
физички бол, 20.000,00 денари за претрпен страв и 30.000,00 денари за душевни

6
«ГЖ-1132/18»

болки за намалена животна активност, а поголемото тужбено барање го одбил


како неосновано.

За вака досудените износи ако се имаат предвид утврдените критериуми


според силината и траењето на повредата со кои биле предизвикани физичките
болки, душевни болки и страв, за целта за која служи надоместокот, водејќи
сметка самиот надоместок да е доволна стисфакција на тужителот и истиот да не е
во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и
општествена цел, овој суд цени дека истите претставуваат справедлив паричен
надомест.

По однос на жалбениот навод дека првостепениот суд погрешно


постапил кога го одбил барањето за надомест на нематеријална штета по основ на
претрпени душевни болки поради нагрденост, овој суд најде дека истиот е
неоснован. Ова од причина што видно од вештиот наод и мислење, кај тужителот
како последица на здобиената повреда нема естетско нарушување изразено во вид
на нагрденост. Односно, како што утврдил и првостепениот суд, карактерот и
локализацијата на телесната повреда не биле од таква природа, да кај другите луѓе
предизвикуваат чувство на згрозеност или сожалување. И, видно од вештачењето,
сите симптоми кои тужителот ги чувствувал во првите две до три недели по
настанот, не претставуваат естетско нарушување во вид на нагрденост.

Овој суд при одлучувањето ги имаше предвид и останатите жалбени


наводи, но за истите цени дека се ирелевантни и без влијание за поинакво
одлучување во конкретниот случај и не влијаат на законитоста на обжалената
пресуда.

Од напред изнесените причини во смисла на чл.357 од ЗПП, одлучено е


како во изреката на пресудата.

Апелационен суд Скопје ГЖ-1132/18 од 11.04.2018 година.

Претседател на совет-судија
Лидија Димчевска, с.р.

7
«ГЖ-1132/18»

8
«ГЖ-2598/18»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите:


Гордана Ѓорчева - претседател на советот, м-р Ѓорѓи Радојков и Радица
Васиљевска - членови на советот, во правната работа на тужителот Горан
Панчевски од С., против првотужениот Град С., второтужениот Општина Центар
С. и третотужениот ЈП Комунална хигиена С., за надомест на штета, вредност на
спорот 350.000,00 денари, одлучувајќи по жалбата на првотужениот и жалбата на
третотужениот, изјавени против пресудата на Основниот суд Скопје 2 С.
МАЛВП.бр.1003/17 од 01.02.2018 година, на нејавната седница одржана на ден
11.07.2018 година, ја донесе следната:

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

ЖАЛБАТА на третотужениот, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје 2 С. МАЛВП.бр.1003/17 од


01.02.2018 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ првотужениот и третотужениот, солидарно да му


ги надоместат на тужителот трошоците по поднесениот одговор на жалба во износ
од 15.600,00 денари, во рок од 8 дена од приемот на пресудата.

Образложение

Основниот суд Скопје 2 С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот Горан Панчевски од С.. Ги задолжил
првотужениот Град С. и третотужениот ЈП Комунална хигиена С., солидарно да
му платат на тужителот на име надомест на нематеријална штета поради повреда
на личните права на тужителот на телесно и душевно здравје вкупен износ од
140.000,00 денари, од кои за претрпена физичка болка износ од 40.000,00 денари,
за претрпен страв износ од 50.000,00 денари, за претрпена душевна болка поради
намалена општа животна активност износ од 50.000,00 денари, со законска
казнена камата на овие износи во висина на референтната стапка на НБРМ, што за
секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие зголемена за 8% поени, сметано од денот на пресудувањето
01.02.2018 година до исплатата, се во рок од 8 дена од приемот на пресудата. Го
одбил како неосновано во останатиот дел тужбеното барање на тужителот од
досудените до бараните износи на нематеријална штета во вкупен износ од
350.000,00 денари и тоа на бараниот износ од 120.000,00 денари за претрпена

1
«ГЖ-2598/18»

физичка болка, за претрпен страв до износ од 100.000,00 денари, за претрпена


душевна болка поради намалена општа животна активност до износ од 130.000,00
денари, со законска казнена камата на разликата сметано од денот на
пресудувањето 01.02.2018 година до исплатата, како и тужбеното барање на
тужителот за задолжување со бараните износи и на второтужениот Општина
Центар С., солидарно со прво и третотужениот. Делумно го усвоил барањето на
тужителот за надомест на парнични трошоци. Ги задолжил првотужениот Град С.
и третотужениот ЈП Комунаална хигиена С., солидарно да му ги надоместат
парничните трошоци на тужителот во износ од 30.300,00 денари, во рок од 8 дена
од приемот на пресудата. Го одбил како неосновано во останатиот дел барањето
на тужителот за надомест на парнични трошоци од досудениот до бараниот износ
од 46.720,00 денари, како и барањето за задолжување со трошоци и на
второтужениот, солидарно со прво и третотужениот.

Против наведената пресуда жалба изјавил првотужениот, со која ја


побива истата поради суштествена повреда на одредбите на парничната постапка,
погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на
материјалното право. Предлага жалбата да се уважи, а обжалената пресуда да се
укине и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно одлучување или
обжалената пресуда да се преиначи на начин што тужбата на тужителот против
првотужениот да се одбие како неоснована поради немање на пасивна
легитимација.

Против наведената пресуда жалба изјавил третотужениот, со која ја


побива истата поради суштествени повреди на одредбите од ЗПП, погрешна
примена на материјалното право и поради одлуката за трошоци на постапката.
Предлага жалбата да се уважи, а обжалената пресуда да се укине према
третотужениот и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно
одлучување, или обжалената пресуда да се преиначи на начин што да се задолжи
првотужениот Град С. да ја надомести нематеријалната и материјалната штета на
тужителот како пасивно легитимирана страна во предметниот спор.

Одговор на жалба со дополнување е поднесен од тужителот, преку


полномошник м-р Марко Димовски, адвокат од С., со кој се побиваат наводите во
жалбите на првотужениот и третотужениот и се предлага жалбите да се одбијат
како неосновани, првостепената пресуда да се потврди, како и да се задолжат
првотужениот и третотужениот со трошоците по поднесениот одговор на жалба
согласно приложениот трошковник.

Апелациониот суд Скопје испитувајќи ја обжалената пресуда, наводите


во жалбите, одговорот на жалба и другите списи приложени кон предметот,
согласно член 354 став 1 од ЗПП, најде:

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на

2
«ГЖ-2598/18»

одредбите на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од Законот за парнична


постапка. Првостепената пресуда е јасна, разбирлива, истата ги содржи причините
за решителните факти, па како таква е правилна, законита и подобна за
испитување.

Имено првостепениот суд во конкретниот случај, утврдил дека на ден


03.10.2015 година, тужителот Горан Панчевски од С. во вечерните часови во
близина на ресторанот Воденица во С., бил каснат од куче скитник во пределот на
левата потколеница. Настанот се случил на начин што тужителот возел велосипед
на ул.Н.ф.во С. кај Министерството за економија и тоа во близина на посочениот
ресторан. Во близина имало повеќе контејнери и отпозади нив истрчале повеќе
кучиња кои го нападнале, а едно од нив го гризнало за левата потколеница.
Тужителот не паднал при нападот, се уплашил и продолжил да вози, дошол дома,
бидејќи по професија е хирург сам првично си ја обработил раната. Потоа, бил
однесен на Инфективна клиника каде продолжил да се лекува.

Инаку, во близина на кучињата за време на настанот немало други луѓе,


тоа биле повеќе кучиња, а некои од нив имале и жолти маркери. Во близина
имало само паркирани автомобили. Истиот ден, тужителот се јавил на преглед во
УК за инфективни и фербални состојби С., каде по прегледот било констатирано
дека бил каснат или удрен од куче и тоа дека бил каснат од непознато улично
куче пред околу 2 часа пред да се јави на прегледот во наслеба К.и тоа преку
облеката. На левата потколеница биле присутни две екскоријации со должина од 2
см, па било дадено упатство за натамошно лекување односно тужителот бил
упатен за спроведување на антирабична профилакса, како и да се јави за втора и
трета доза од вакцината теталпан за еден месец, а за третата доза за 6 месеци. На
17.10.2015 година, бил испишан од УК за инфективни состојби со дијазгноза
повреда на левиот заден потколеничен мускул во форма на угриз од 6 заба на
куче. Постоеле повеќе отворени повреди на долниот екстремитет.

Според лекарскиот наод од 21.06.2016 година, од вешто лице Б. С.,


невропсихијатар тужителот при настанот се здобил со повреда на левиот зададен
потколеничен мускул на угриз од 6 заба на куче. По повредувањето следувале
лекарски интервенции кои самите по себе се болни и од непријатен карактер, а
немало компликации или дополнителни лекарски интервенции, освен оние
наведени во медицинските извештаи. Тужителот при нападот и добиените угризи
од кучето се здобил со длабока повреда на мускул на левата потколеница, мускул
кој е неопходен и активен во секојдневното движење. При самиот наод и
каснување тој доживеал силна и локализирана болка во пределот на каснувањето.
Силната болка траела околу 1 до 2 дена по што преминала во болка од среден
интензитет, како резултат на длабок раскин на мускулните влакна и потоа
неминовна појава на локален оток, која по 5 до 6 дена го намалила својот
интензитет до лесен степен и продолжила со таков лесен интензитет во наредните
3 недели.

Болката во пределот на каснувањето нагло и краткотрајно знаела да се

3
«ГЖ-2598/18»

засили при активација или одредено движење со левата нога во период од 3 до 4


недели по каснувањето. Болката поради лекарските интервенции имало и тоа
болка од среден интензитет при хируршка обработка на раната во траење од
неколку минути, која ја извел самиот тужител дома како хирург, потоа
краткотрајна болка од лесен интензитет при бројните инекции поткожно и
интрамускулно, кои тужителот морал задолжително да ги прими како
задолжителна медицинска заштита од 2 смртни компликации при загрозување од
куче и тоа против тетанус и против беснило.

Од самата ненајденот на настанот и реконструкција на динамиката на


настанот, тужителот чуствувал интензивен примарен страв. Примарниот страв кај
луѓето кои се нападнати од животно е резултат на многу сложени психолошки
механизми, па така во тие моменти и тужителот чуствувал животна загрозеност.
Според динамиката на настанот примарниот страв траел 10 до 15 секунди. Се
појавил со ненадејното појавување на кучињата, неуспешниот момент на бегство
и се до моментот додека тужителот не бил каснат и почнал да се брани. По
каснувањето и заминувањето на кучињата, стравот преминал во секундарен страв,
кој траел релативно кратко неколку минути и бил со средно лесен интезнитет,
предизвикан од интензитетот на болката, појава на болка само во една
локализирана зона, немањето на многу крв, која би течела од раната.
Активацијата на секундарен страв била од краток карактер и тоа 10 до 20 минути
се до моментот кога тужителот дошол дома, ја анализирал самата повреда и до тој
период секундарниот страв е од среден лесен степен, додека секундарниот страв
од лесен степен постоел во првите месец дена по повредувањето, поради фактот
што тужителот како лекар хирург бил свесен и ги знаел можните компликации од
спроведената вакцинација.

Стравови од друг карактер и тоа фобични - невротски имал и има и тоа


и при самиот преглед од страна на вештото лице, но се со минимален интензитет и
тие не барале медицински третман, бидејќи Горан успешно ги надминувал. Инаку,
тие фобични стравови се состоеле во тоа што тужителот го избегнува местото на
настанот и кога преку ноќ го викаат да работи во други клиники, оди со
придружба затоа што и таму шетале многу кучиња и се плаши за последиците,
бидејќи тој третира такви пациенти. Оттогаш, тужителот не вози велосипед. Кај
тужителот според вештото лице не може да се каже дека дошло до нагрденост,
бидејќи лузните се релативно мали и тоа тие се на левата потколеница од
надворешна страна во вид на видливи цикатрикси од заби на куче на број 6 во
полукружна форма со димензии од околу 5 см и се со темна пребоеност. Според
вештото лице лузните се релативно мали и во летен период кога тој дел од телото
е видлив, поради потемнувањето на кожата истите би ниле малку забележливи.
Дополнително кон ова бил и фактот што се работи за машка и оформена личност.

Поради раскин на мускулното ткиво настанатото ткиво настанато до


гризнувањето и појавата на краткотрајна и интензивна болка при движење
упатува на период со намалена физичка подвижност, физичка активност и тоа
секако се одразило и на извесна реакција на социјален, семеен и работен план.

4
«ГЖ-2598/18»

Општата животна способност била дополнително нарушена со самата


хоспитализација која била од дневно болнички тип. Намлувањето на општата
животна способност во периодот на хоспитализацијата било од срден лесен
степен и тоа во период од 2 недели, а потоа од лесен степен во периодот во кој му
бил потребен дополнителен напор на тужителот во однос на секојдневните
активности кој траел во следните 2 недели.

Притоа, првостепениот суд од приложената медицинска документација,


правилно ги утврдил видот и карактерот на повредите на тужителот, како и текот
на неговото лекување, а од невропсихијатриското вештачење од 21.06.2016 година
на д-р Б. С. невропсихијатар, интензитетот и траењето на пооделните основи по
кои тужителот побарува нематеријална штета, при што правилно по основ на
претрпена физичка болка досудил износ од 40.000,00 денари, за претрпен страв
износ од 50.000,00 денари и за претрпени душевни болки поради намалена општа
животна активност износ од 50.000,00 денари.

Во жалбата на првотужениот се истакнува дека погрешно


првостепениот суд утврдил дека Град С. има обврска за надомест на штета.
Согласно член 13 од Законот за Град С., Град С. има основано јавно претпријатие
во чија надлежност ја има префрлено обврската да се грижи за хигиената и
ерадикцијата на животните скитници на подрачје на Град С. како единица на
локална самоуправа согласно Законот за локална самоуправа. Воедно,
првостепениот суд не утврдил дали се работи за куче скитник кое било или не
било третирано, бидејќи доколку кучето не е третирано и нема беџ во тој случај со
сигурност треба да е утврден сопственикот на кучето, а доколку било третирано,
во тој случај е постапено согласно Законот за благосостојба на животните. Исто
така согласно член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните,
првостепениот суд требало со сигурност да утврди на подрачјето на која општина
е настаната штетата, од причина што во оваа одредба е наведено дека покрај Град
С., и општините во градот С. се надлежни за заловување и третман на бездомни
кучиња. Немањето на пасивна легитимација произлегува и од Уставот на
Република Македонија, односно член 56 на истиот, така да од сето претходно,
првостепениот суд погрешно ја утврдил фактичката состојба во поглед на
немањето на пасивна легитимација на Град С.. Воедно, првостепениот суд
погрешно ги применил и одредбите од Законот за сопственост и други стварни
права, Законот за заштита и благосостојба на животните, Законот за Град С., а
погрешно го применил и Законот за облигациони односи.

Во жалбата на третотужениот се истакнува дека третотужениот е


основан како јавно претријатие чија основна дејност е собирање и
транспортирање на комуналниот и друг вид на неопасен отпад. Надлежноста за
собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња, е регулирана со
Законот за град С., Законот за локална самоуправа и Законот за заштита и
благосостојба на животните. Во конкретниот случај, се работи за спроведување на
однапред планирани активности предвидени во Програмата кои првотужениот
Град С. ги доверил на третотужениот. Предвидените активности во Програмата за

5
«ГЖ-2598/18»

решавање на проблемот со животните скитници на подрачје на Град С., се


финансираат од Град С. кој единствено може да биде пасивно легитимирна
странка во оваа постапка и одговорен за надомест на ваков вид на штета. ЈП
Комунална хигиена С. во рамките на доверената надлженост не е надлежна да се
грижи за заштита на граѓаните од кучињата скитници, бидејќи согласно Законот
тоа е во надолженост на Град С.. Во надлежност на Град С. е грижата и
згрижувањето на кучињата скитници, додека ЈП Комунална хигиена С. има
обврска само за преземање на точно определени активности согласно Програмата
од Градот, само заради хуман третман на третирање на кучињата скитници. Овие
активности за месец Ноември кога се случил настанот, се исполнети видно од
фактурите за извршена работа согласно Договорот со градот, а кои докази
првостепениот суд воопшто не ги ценел. Во таа смисла, првостепениот суд
погрешно го применил материјалното право утврдувајќи постоење на пасивна
легитимација на страна на третотужениот.

Апелациониот суд Скопје ги ценеше ваквите наводи во жалбите на


првотужениот и третотужениот, меѓутоа, истите не ги прифати како основани.

Ова од причина што првостепениот суд правилно утврдил дека


првотужениот Град С. во согласност со Законот за Град С. има надлежнност да се
грижи за заштитата на граѓаните од животни скитници, што значи и од кучиња
скитници, која заштита може да ја прави непосредно или да основа јавни служби
на кои ќе им го довери вршењето на оваа работа. Во случајов Град С. склучил
договор со третотужениот ЈП комунална Хигиена С., чиј сопственик на основач е
Град С. и изготвил Програма според која требало да се спроведува ваквата
заштита, но со оглед на тоа што дошло до напад на тужителот од страна на куче
скитник, значи дека тужените не ги превземале сите обврски во рамките на своите
законски, односно договорени обврски.

Правилно првостепениот суд утврдил дека во случајот Град С., склучил


договор со третотужениот ЈП Комунална Хигиена С. и изготвил програма според
која требало да се спроведува ваквата заштита, но дека со договорот и Програмата
Градот С. не ја пренел целосно својата законска обврска и одговорност за
собирање на кучиња скитници на третотужениот ЈП Комунална Хигиена С..

Имено, советот на Град С. на 22.12.2014 година, донел Програма за


решавање на проблемот со животните скитиници на подрачјето на Град С. во 2015
година и во точка 3 определил дека за 2015 година се предвидува заловување и
третирање на околу 300 животни месечно, односно околу 3.600 годишно. Според
точка 4 финансирање на Програмата се врши од средствата предвидени од
Буџетот на Град С. за 2015 година, а според точка 5 извршител на активностите од
оваа Програма е ЈП Комунална хигиена, врз основа на претходно склучен договор
со Градот С.. Но, според точка 6 надзор над извршувањето на програмата врши
Секоторот за комунални работи, се мисли на Град С., како и дека инспекциски
надзор врши секторот за инспекциски работи на Град С. преку инспекторите за
комунални работи.

6
«ГЖ-2598/18»

Правилно првостепениот суд утврдил дека според договорот од


21.01.2015 година, склучен помеѓу Град С. како нарачател и ЈП Комунална
хигиена како извршител, конкретно според чл.5 следува дека ЈП Комунална
хигиена е должна заловувањето, транспортот и медицинскиот третман на
животните скитници да го врши под услови дефинирани во Програмата за 2015
година, во согласност со прописите што се однесуваат на овој вид на работа и
според одредбите на овој договор. Со други зборови ЈП Комунална хигиена не
била задолжена за целосно заловување и собирање на кучиња скитници, туку само
во рамките на Програмата за 2015 година од Советот на Град С..

Фактот дека со договорот и Програмата Градот С. не ја пренел целосно


својата законска обврска и одговорност за собирање на кучиња скитиници на
третотужениот ЈП Комунална хигиена С. произлегува и од чл.4 од договорот,
според кој извршителот на услугата е должен по добиената дојава за теранско
интервенирање, од страна на нарачателот или од страна на граѓани да излезе на
терен веднаш или најдоцна за два дена и да ја преземе потребната активност.
Значи, тетотужениот не можел целосно самостојно да презема дејствија во оваа
насока. Од друга страна според чл.8 од договорот, Град С. како нарачател бил
должен да определи лице за надзор, кое ќе врши контрола на начинот и обемот на
извршување на услугата.

Од овие законски одредби, како и на одредбите од договорот и


Програмата, правилно првостепениот суд утврдил дека произлегува одговорност
на двата правни субјекти за надомест на штета спрема трети лица причинета од
куче - скитник, а таа одговорност е солидарна. Имено, со оглед на тоа што дошло
до напад на тужителот од страна на куче скитник, значи дека првотужениот Град
С. и третотужениот ЈП Комунална хигиена С. не ги превземале сите обврски во
рамките на своите законски, односно договорени обврски. Наводите на прво и
третотужениот, околу тоа колку биле исполнети нивните законски односно
договорни обврски, не се од влијание за поинакво одлучување, а истите може да
се релавантни при евентуално решавање на односите помеѓу прво и
третотужените, но за надомест на штета предизвикана од куче - скитник во однос
на трети лица, прво и третотужените имаат солидарна одговорност.

Наведеното дотолку повеќе што според фактурата од 31.10.2015 година


за месец Октомри 2015 година кога се случил штетниот настан биле заловени
само 161 животни скитници, наместо предвидените околу 300 животни месечно, а
не се приложени докази дека Градот С. преку Секоторот за комунални работи,
извршил надзор над извршување на програмата, како што е предвидено со точка 6
од програмата и дека реагирал соодветно и како што е законски предвидено, а не
се приложени докази ниту дека бил извршен инспекциски надзор од секторот за
инспекциски работи на Град С. преку инспекторите за комунални работи. Во оваа
насока е и правното мислење на Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на
РМ од 04.03.2016 година.

7
«ГЖ-2598/18»

Имајќи го предвид претходното, овој суд цени дека првостепениот суд


правилно одлучил како во изреката на обжалената пресуда кога утврдил
солидарна одговорност на страна на првотужениот и на третотужениот во
предметната правна работа, односно правилно за неспорно утврдил дека и
првотужениот и третотужениот се пасивно легитимирани во предметниот спор,
поради што наводите на тужените дадени во таа насока, не ги прифати како
основани, дотолку повеќе што овој суд цени дека на правилно утврдените
решителни факти, првостепениот суд правилно го применил материјалното право,
повикувајќи се на одредби од Законот за Град С., Законот за заштита и
благосостојба на животните, како и Законот за комунални дејности.

Со оглед дека овој суд во целост се согласува со дадените образложени


причини од страна на првостепениот суд за постоење на пасивна легитимација на
страна на првотужениот и третотужениот во конкретната правна работа, наводите
во жалбите на првотужениот и третотужениот ги оцени како ирелевантни за
поинакво одлучување, поради што истите ги одби како неосновани.

По однос на трошоците на постапката, првостепениот суд правилно ги


задолжил првотужениот и третотужениот солидарно да му ги надоместат на
тужителот трошоците на постапката во вкупен износ од 30.300,00 денари, давајќи
доволно образложени причини за основите и висината на поединечно досудените
износи, во целост прифатливи и за овој суд.

Со оглед на претходно изнесеното, следуваше да се одлучи како во


изреката на оваа пресуда, согласно чл.357 од ЗПП.

Согласно член 160 став 1 од ЗПП, имајќи предвид дека жалбите на


првотужениот и на третотужениот се одбиваат какко неосновани, овој суд ги
задолжи првотужениот и третотужениот солидарно да ги надоместат на
тужителот трошоците по поднесениот одговор на жалба кои се однесуваат за
состав на одговор на жалба во износ од 15.600,00 денари, додека трошоците за
такса за одговор на жалба во износ од 3.500,00 денари не ги досуди, бидејќи кон
списите на предметот не постои доказ уплатница за платена судска такса за
одговор на жалба.

Апелационен суд Скопје ГЖ-2598/18 од 11.07.2018 година.

Претседател на совет - судија,


Гордана Ѓорчева с.р.

8
«ГЖ-5461/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите М-р


Амир Абдулаи, претседател на советот, Маја Маркова Котевска и Фатмир
Скендер, членови на советот, во правната работа на тужителката Ангела Миткова
од С., против тужените Град С. и ЈП Комунална Хигиена С., за надомест на штета,
вредност на спорот 181.580,00 денари, одлучувајќи по жалбите на тужените,
изјавени против пресудата на Основен суд Скопје II С. МАЛВП бр.1866/16 од
17.05.2017 година, на нејавната седница на советот одржана на «26.04.2018»
година, ја донесе следната:

ПРЕСУДА

ЖАЛБИТЕ на тужените, СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основен суд Скопје II С. МАЛВП бр.1866/16 од


17.05.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ тужените солидарно да ги надоместат на


тужителката, трошоците за одговор на жалба во износ од 12.505,00 денари во рок
од 15 дена по приемот на пресудата.

Образложение

Основниот суд Скопје II С., со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителката Ангела Митковска од С.. Ги задолжил
тужените Град С. и ЈП Комунална Хигиена С. солидарно да и платат на
тужителката на име надомест на нематеријална штета во вкупен износ од
75.000,00 денари и тоа за претрпени физички болки износ од 25.000,00 денари, за
претрпен страв износ од 20.000,00 денари, за претрпени душевни болки поради
намалена ОЖА износ од 20.000,00 денари и за претрпени душевни болки поради
нагрденост износ од 10.000,00 денари, со законска казнена камата на овие износи
сметано од денот на пресудувањето-17.05.2017 година во висина на референтната
стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за осум
процентни поени се до исплатата, како и на име материјална штета-трошоци за
лекување износ од 1.580,00 денари со законска казнена камата на овој износ
сметано од денот на поднесување на тужбата-05.10.2016 година, во висина на
референтната стапка на НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден
од полугодието што му претходело на тековното полугодие, зголемена за осум
процентни поени до исплатата, а се во рок од 8 дена по приемот на оваа одлука
под страв на присилно извршување. Го одбил како неосновано тужбеното барање
на тужителката за разликата од досудените до вкупно бараните износи на име

1
«ГЖ-5461/17»

нематеријална штета од 180.000,00 денари и тоа за разликата од досудениот износ


за физички бол до бараниот износ од 50.000,00 денари, за разликата од
досудениот износ за страв до бараниот износ од 40.000,00 денари, за разликата од
досудениот износ за душевна болка поради намалена ОЖА до бараниот износ од
60.000,00 денари и за разликата од досудениот износ за душевна болка поради
нагрденост до бараниот износ од 30.000,00 денари, со законска казнена камата на
разликата сметано од пресудувањето до исплатата. Со решение делумно го усвоил
барањето на тужителката за надомест на име трошоци во постапката. Го задолжил
првотужениот Град С. и второтужениот ЈП Комунална Хигиена С. да и ги
надоместат на тужителката Ангела Митковска од С., трошоците во постапката во
износ од 52.816,00 денари, во рок од 8 дена по приемот на оваа одлука под страв
на присилно извршување. Го одбил како неосновано барањето на тужителката за
надомест на име трошоци во постпаката од досудениот до бараниот износ од
76.021,00 денари.

Незадоволен од ваквата одлука на првостепениот суд првотужениот


изјавил навремена жалба со која ја напаѓа првостепената пресуда поради
суштествени повреди на одредбите на постапката, погрешно и нецелосно
утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право.
Предлага жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се укине и предметот врати
на повторно судење или пресудата да се преиначи така што спрема првотужениот
ќе се одбие тужбеното барање поради немање пасивна легитимација.

Против истата пресуда навремена жалба изјавил и второтужениот со


која ја обжалува истата поради суштествени повреди на одредбите на постапката
и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се уважи
обжалената пресуда да се укине и предметот врати на повторно судење или
пресудата да се преиначи така што ќе се одбие тужбеното барање према
второтужениот.

Во одговор на жалба тужителката во целост ги оспорува жалбените


наводи изнесени во жалбата на тужените со предлог жалбите да се одбијат како
неосновани, а првостепената пресуда да се потврди.

Апелациониот суд Скопје по проучување на списите во предметот


ценејќи ја обжалената пресуда, наводите во жалбите, како и одговорот на жалба,
најде:

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одредбите од парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од ЗПП од причина што
обжалената пресуда е јасна, разбирлива со доволно образложени причини за
решителните факти од кои се раководел првостепениот суд при одлучувањето, не
противречи и може во целост и со сигурност да се испита.

2
«ГЖ-5461/17»

Неоснован е жалбаниот навод за погрешно и нецелосно утврдена


фактичка состојба. Првостепениот суд врз основа на изведените докази во текот
на постапката, ценети во смисла на чл.7 и 8 од ЗПП, правилно и целосно ја
утврдил фактичката состојба по однос на конкретната правна работа која во
целост ја прифаќа и овој суд.

Првотужениот во изјавената жалба наведува дека не било утврдено


дали тужителката имала придонес поради своето однесување во настанување на
последиците од повредата. Судот не применил одредби од Законот за заштита и
благостојба на животните кои регулираат кој е одговорен во случај на напад од
улично куче-скитник односно дека ваквата обврска е сиклучиво на страна на
второтужениот. Ова особено што Градот С. донел Програма за вршење на
проблемот со животните скитници на подрачјето на Градот за 2016 година, во која
никаде не стои дека е сопственик кучињата скитници, ниту послугопримач така
што немал вина за причинетата штета по чл.141 од ЗОО.
Во жалбата на второтужениот се истакнува дека нема вина на негова
страна во настанување на последиците од каснување куче - скитник, кај
тужителката бидејќи целата одговорност согласно Законот била кај првотужениот
кој е надлежен да врши собирање на кучињата скитници и нерегистрирани
кучиња на територијата на Градот С.. Одтука, се укажува на отсуство на пасивна
легитимација во смисла на чл.25 т.5 и 7 од Законот за заштита и благостојба на
животните.
Ценејќи ги ваквите жалбени наводи овој суд најде дека се неосновани,
од причина што видно од склучениот договор помеѓу првотужениот како
нарачател и второтужениот како извршител, второтужениот превземал точно
наведени обврски за заловување и медицински третман на животните скитници,
како и транспорт на истите до приближното место каде што се заловени.
Првотужениот Град С. има обврска за контрола на популацијата на кучињата
скитници и нивно згрижување што подразбира и финансирање на овие активности
поради што е одговорен за штетата која е причинета на тужителката од куче
скитник. Предвид на тоа, а согласно законските одредби, правилна е оценката на
првсотепениот суд дека во надлежност на првотужениот Град С. е грижата и
згрижување на кучињата скитници, поради што истиот е одговорен за надомест на
нематеријалната и материјалната штета која и е причинета на тужителката од куче
скитник.
Согласно чл.9 ст.1 од истиот Закон, комуналните дејности се вршат во
согласност со Законот за комунални дејности и друг закон, како и прописите
донесени од страна на општините, општините во градот С. и градот С.. Став 2 од
истиот член, предвидува дека за вршењето на комуналните дејности општините,
односно градот С. може да основаат јавно претпријатие доколку со посебен закон
со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а доколку
општината, односно градот С. немаат основано јавно претпријатие, вршењето на
комуналните дејности можат да го доверат на правните и физички лица, кои
поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Начинот на организирање и
вршење на комуналните дејности поблиску го пропишуваат општините,

3
«ГЖ-5461/17»

општините во градот С. и градот С., во согласност со ст.2 од чл.12, утврдени со


Законот за комунални дејности.
Согласно чл.165 ж ст.1 од ЗОО, (Службен весник на РМ бр.18/01,
бр.4/02, бр.5/03, бр.84/08, 81/09 и бр.161/09), за штета причинета од животно
одговара неговиот имател било тоа да се наоѓа кај него, било да се загубило или
избегало. Согласно ст.3 како имател во смисла на овој член се подразбра
сопственикот, закупецот, послугопримачот, плодоуживателот и слично.
Од друга страна пак, обврската на второтужениот ЈП Комунална
Хигиена С., произлегува од Законот за комунални дејсноти, каде е предвидно дека
второтужениот има надлежност да врши комунални услуги за задоволување на
индивидуална потрошувачка и услуги за задоволување на заедничката
потрошувачка, согласно чл.14 ст.3 алинеа 9 од цитираниот Закон, спаѓа и
ерадикација на животните скитници. Имено, со оглед на фактот дека уловувањето
и ерадикацијата на животните скитници, претставува комунална дејност, како и
фактот дека општините, општината во градот С. и градот С., имаат утврдено
законска надлежност да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистирани
кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти-прифатилишта. Одтука,
произлегува солидарната одговорност на прво и второтужените да и ја надоместат
нематеријалната и материјалната штета на тужителката така што приговорите за
немање на пасивна легитимација истакнати од страна на првотужениот и
второтужениот, се неосновани.

Согласно чл.24 од Законот за локална самоуправа, заради извршување


на своите надлежности, општините можат да основаат јавни служби во согласност
со закон. Општината може да го делегира вршењето на одредени работи од јавен
интерес од локално значење на други правни и физички лица, врз основа на
договор за извршување на работи од јавен интерес, во согласност со закон.
Општината е супсидијарно одговорна за извршувањето на работите од јавен
интерес од ставовите 1 и 2 на овој член.

Во поглед на нематеријалната штета која ја претрпела тужителката од


угризот на куче - скитник, утврдено е дека истата се здобила со телесна повреда
во пределот на десната потколеница, во вид на набиенично-раскинлива рана на
десната потколена регија, поради угриз од куче, како и интензитетот и
времетраењето на претрпениот физички бол, претрпениот страв и душевните
болки за намалена животна активност и нагрденост што ги претрпела тужителката
како последица на повредата задобиена од каснување на куче.

Имајќи ја во предвид одредбата од чл.189 од ЗОО, овој суд наоѓа дека


досудените износи на име надомест за повреда на лични права на тужителката во
висина од 75.000,00 денари, се справедлив паричен надомест за претрпените
повреди, независно од надоместокот на материјална штета како и во нејзино
отсуство. При одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок судот
водел сметка за силината и траењето на повредата со која биле предизвикани
физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која служи

4
«ГЖ-5461/17»

надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со стремежите кои


не се спојливи со неговата природа и општествената цел.

Со оглед на горе изложеното согласно чл.357 од ЗПП, судот одлучи


како во диспозитивот.

Бидејки жалбата е одбиена како неоснована, а тужителката преку


полномошник Бранко Кузманоски адвокат од С., поднел одговор на жалба во кој
бара трошоци за одговор на жалба, овој суд во смисла на одредбите од чл.160
ст.1 , в.в. со чл.158 ст.1 од ЗПП, ги задолжи тужените солидарно да и ги
надоместат на тужителката трошоците сторени во постапката по жалба во износ
од 12.505,00 денари, а кои се однесуваат за состав на одговор на жалба во износ
од 11.505,00 денари со пресметани 18% ДДВ и такса за одговор на жалба во
износ од 1.000,00 денари во рок од 15 дена по приемот на пресудата.

Апелационен суд С. «ГЖ-5461/17» од «26.04.2018» година.

Претседател на совет-судија
М-р Амир Абдулаи с.р.

5
«ГЖ-5346/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Лидија


Димчевска, претседател на советот, м-р Суад Алиу и Зоран Герасимовски,
членови на советот, во правната работа на тужителот Зоран Панов од В., против
тужениот Општина В. и Друштво за ветеринарни услуги, производство и трговија
Ветеринарна станица ДОО В., за надомест на нематеријална штета, вредност на
спорот 150.000,00 денари, одлучувајќи по жалбата на првотужениот Општина В.,
изјавена преку полномошник Марко Димов, адвокат од В. и жалбата на
второтужениот Ветеринарна станица ДОО В., преку полномошник Димитар
Петровски, адвокат од С., против пресудата на Основниот суд Велес
МАЛВП.бр.41/17 од 20.06.2017 година, на нејавната седница на советот одржана
на ден 25.04.2018 година, донесе

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот Општина В., изјавена преку полномошник


Марко Димов, адвокат од В. и ЖАЛБАТА на второтужениот Друштво за
ветеринарни услуги, производство и трговија Ветеринарна станица ДОО В., преку
полномошник Димитар Петровски, адвокат од С., СЕ ОДБИВААТ КАКО
НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Велес МАЛВП.бр.41/17 од 20.06.2017


година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ првотужениот и втортужениот солидарно да му ги


надоместат на тужителот трошоците во жалбена постапка во износ од 15.881,00
денари, во рок од 8 дена по приемот на пресудата.

Образложение

Основниот суд Велес со обжалената пресуда го усвоил тужбеното


барање на тужителот Зоран Панов од В.. Ги задолжил тужените Општина В. и
Друштво за ветернирани услуги, производство и трговија Ветеринарна станица
ДОО В., солидарно да му платат на тужителот Зоран Панов од В., справедлов
паричен надомест на нематеријална штета поради повреда на лични права
(телесно и душевно здравје) износ од 150.000,00 денари и тоа- за претрпени
физички болки од 50.000,00 денари, за претрпен страв износ од 40.000,00 денарии
за претрпени душевни болки поради намалена животна активност износ од
60.000,00 денари, со законска затезна камата на овие износи сметано од денот на
пресудувањето, па до конечна исплата и во висина на референтата стапка на
НБРМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му

1
«ГЖ-5346/17»

претхолдео на тековното полугодие зголемена за 8-осум процентни поени. Ги


задолжил првотужениот и второтужениот солидарно на тужителот да му ги
надоместат парничните трошоци во постапката во износ од 51.241,00 денари во
рок од 8 дена од денот на правосилноста на пресудата.
Незадоволен од ваквата пресуда останал првотужениот, кој со навремена
жалба, изјавена преку полномошник Марко Димов, адвокат од В. ја побива
истата поради суштествена повреда на одредбите на парничната постапка,
погрешно и нецелосно утвртдена фактичка состојба и погрешна примена на
материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се
укине и предметот да се врати пред првостепениот суд на повторно судење или
истата да се преиначи во смисла на жалбените наводи, а тужителот да се задолжи
со трошоци во жалбена постапка.

Против првостепената пресуда, навремена жалба изјавил и


второтужениот, преку полномошник Димитар Петровски, адвокат од С., поради
суштествена повреда на одредбите на парничната постапка, погрешно и
нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното
право, со предлог жалбата да се уважи, а првостепената пресуда да се преиначи во
смисла на жалбените наводи, а тужителот да се задолжи со трошоци во жалбена
постапка или истата да се укине и предметот да се врати пред првостепениот суд
на повторно судење.

Одговор на жалба поднел тужителот, преку полномошник Атанас


Атанасов, адвокат од С., со кој се оспоруваат жалбените наводи истакнати во
жалбите на тужените, со предлог жалбите на тужените да се одбијат како
неосновани, а обжалената пресуда да се потврди и тужените да се задолжат со
трошоци во жалбена постапка.

Апелациониот суд Скопје, по испитување на обжалената пресуда,


наводите во жалбите, одговорот на жалба и другите списи по предметот, согласно
чл.354 ст.1 од ЗПП, најде:
Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст. 2 т. 14 од ЗПП, бидејќи
првостепената пресуда во обжалениот дел е јасна и разбирлива, содржи доволно
образложени причини за решителните факти од кои се раководел првостепениот
суд при одлучувањето, поради што може со сигурност да се испита.

Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена


фактичка состојба, од причина што фактичката состојба по предметот е утврдена
врз основа на изведените докази, при тоа првостепениот суд постапувајќи
согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил правилна и целосна фактичка состојба кога
нашол дека на ден 15.12.2016 година на ул.. во В. во близина на ОУ., тужителот
движејќи се од својот дом кон работа одненадеж од позади го каснало куче во
пределот на десната потколеница. Тужителот изреагирал и го клоцнал кучето и

2
«ГЖ-5346/17»

тоа се поместило понастрана и повторно се затрчало на истата нога го каснало, му


ги скинало и панталоните и чорапите и му ја гризнало ногата. Не забележал дали
има обетка или заштита. Не приметил дали има микро чип. Претходно го немал
видено, не личело на куче кое има сопственик, немало околу вратот синџир.
Потоа со татко му отишле кај општиот лекар, му ја исчистиле раната и потоа го
пратиле во заразно и хируршко каде бил преврзан, а на заразно примил 4
ванкцини две во раката и две во ногата. Со потврда Рег.бр.30.5.1-47 од 16.02.2017
година од МВР СВР В. потврдило дека на ден 15.12.2016 година, околу 12,50
часот. во ПС-ОН В., тужителот пријавил настан каснато лице од куче, затоа што
на истиот ден околу 09,45 часот додека се движел по ул. А.во В. во близина на
ОУ ., од страна на куче скитник бил каснат за десната потколеница.Според наодот
и мислењето на вештото лице д-р Филип Тодоровски, специјалист по општа
хирургија и субцспецијалист по трауматологија, по извршениот медицински
преглед и потребните медицински инзвестигации кај тужителот била
констатаирана телесна повреда која се состоела од рана од каснување на куче во
предел на десната потколеница од задната страна во ниво на припојот на
ахиловата тетива. Според наодот и мислењето на вешто лице д-р Катерина
Николовска, невропсихијатар, првостепениот суд го утврдил видот и карактерот
на повредата и интензитетот и времетраењето на претрпените физички болки,
страв и душевни болки поради намалената општа животна активност.
На 14.02.2013 година од страна на Советот на Општина В. била донесена
Одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина В.
објавена во Сл.гласник на Општина В. бр.2/2013 од 15.02.2013 година, во која во
точка XXIII во чл.119 е регулиран начинот и постапката во врска со уловување и
третман на кучиња-скитници како една од мерките за комунален ред. Уловување
и третман на кучиња-скитници подразбира спроведување на активности за
стручен третман или еутаназија на кучиња - скитници и нерегистрирани кучиња
на територијата на Општина В.. Стручниот третман подразбира заловување и
транспорт до прифатилиште, лабараториско испитување на крв, вакцинирање
против беснило и анипаразитен третман, престој во прифатилиштето и еутаназија.
Во чл. 120 ст.1 од Одлуката стои дека уловувањето и третманот на кучињата
скитници и нерегистрирани кучиња Општината може да му го довери на правно
или физичко лице кое поседува одобрение за регистрација на објект-
прифатилиште за сместување на кучиња скитници и нерегистирани кучиња, а во
ст. 2 од истиот член стоие дека правата и обврските помеѓи Ооштината и лицето
од ст.1 на овој член се регулираат со посебен договор. Помеѓу Општина В. овде
првотужениот како набавувач и Ветеринарна станица ДОО В., второтужениот
како носител на набавката бил склучен договор за набавка на услуги, заловување
на кучиња скитници кои се движат на територијата на Град В., спроведување на
стручен третман и згрижување по приложена спецификација, кој кај тужениот
Оопштина В. е заведен под број 05-691/9 од 08.03.2016 година а кај
Ветернираната станица ДОО В. бр.08/16 од 14.03.2016 година. Според чл.5 од
Договорор, носителот на набавката се обврзува дека договорените услуги ќе ги
изврши со бараните карактеристики и квалитет и притоа обезбеди, заловување на
кучиња-скитници, услови за извршување на третман, и згрижување, согласно
стандардите и норматнивите за извршување на овој вид на услуги, видливо

3
«ГЖ-5346/17»

обележување и пуштање на кучето-скитник во урбана средина после извршен


третман, доколку врз кучето се врши еутаназија, носителот на набавката се
обврзува да изврши транспорт и одлагање на трупот и остатоците на градската
депонија на посебно определена локација. Според чл.11 времетраењето на
договорот започнува веднаш по завршување на договорот од 2015 година,
односно започнува од 16.03.2016 година и трае во рок од една година или до
целосно исцрпување на вредноста на договорот. Договорот е уредно потпишан и
печатиран од договорните страни.
Во изјавената жалба на првотужениот Општина В. се наведува дека
првостепениот суд погрешно утврдил дека тој има обврска за надомест на штета
спрема тужителот, бидејќи таа ја доверила грижата за уловување и третман на
кучињата-скитници на втортужениот-Ветеринарна станица ДОО В. со посебен
договор, а Ветеринарната станица е установа која во рамките на нејзината редовна
дејност ја прифатила понудата да заловува кучиња кои се движат на територија на
град В.,да спроведува стручен третман врз нив и да ги згрижува по приложена
спецификација, па оттука како единственоодговорен за штетата предизвикана од
кучиња-скитници е второтужениот Ветеринарна станица ДОО В..

Во жалбата на втортужениот Ветеринарна станица ДОО В. се наведува


дека првостепениот суд при одлучувањето не зел во предвид дека тужителот во
својот исказ, даден во својство на странка рекол дека не забележал дали кучето
имало некаква наушница или заштита, ниту дали истото имало микрочип или
друго обележје од кое би можело да се утврди дека навистина станува збор за
куче скитник, што значи дека не постои идентификација на кучето, туку само се
претпоставува дека се работи за куче скитник. Притоа истакнува дека не постои
ниту тест за агресивност и социјализација на кучето.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како


неосновани, од причина што општината има законска обврска за одржување на
комуналниот ред во Општината. Имено, Согласно чл.25 ст.1 од Законот за
заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ бр.113/07) , општината,
општините во градот Скопје, односно градот Скопје се надлежни да вршат
собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и привремено да ги
сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти треба да се
обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски услови и да
се обезбеди нивно ефикасно затварање. Согласно чл.9 ст.2 од Законот за
комунални дејности (Сл.весник на РМ бр.85/12) за вршење на комуналните
дејности, општините односно градот Скопје, можат да основаат јавно
претпријатие, доколку со посебен закон со кој се уредува одделна комунална
дејност поинаку не е уредено, а доколку општината, односно градот Скопје
немаат основано јавно претпријатие, вршењето на комуналните дејности можат да
го доверат на правни и физички лица кои поседуваат дозвола за вршење на
соодветна дејност. Во таа насока, во групата на комунални услуги за
задоволување на заедничка потрошувачка, согласно чл.14 ст.3 алинеја 9 од
Законот за комунални дејности, спаѓа и ерадикација на животни скитници. Во
конкретниот случај, согласно Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино

4
«ГЖ-5346/17»

спроведување во Општина В., донесена на ден 14.02.2013 година од страна на


Советот на општината, а објавена во Сл.гласник на Општина В. бр.2/2013 од
15.02.2013 година, во точка XXIII во чл.119 е регулиран начинот и постапката во
врска со уловување и третман на кучиња-скитници како една од мерките за
комунален ред. Имено во чл. 120 ст.1 од Одлуката стои дека уловувањето и
третманот на кучињата скитници и нерегистрирани кучиња Општината може да
му го довери на правно или физичко лице кое поседува одобрение за регистрација
на објект-прифатилиште за сместување на кучиња скитници и нерегистирани
кучиња, а во ст. 2 од истиот член стоие дека правата и обврските помеѓи
Ооштината и лицето од ст.1 на овој член се регулираат со посебен договор. Во
конкретниот случај, видно од списите по предметот, помеѓу Општина В. овде
првотужениот како набавувач и Ветеринарна станица ДОО В., второтужениот
како носител на набавката, бил склучен договор за набавка на услуги, заловување
на кучиња скитници кои се движат на територијата на Град В., спроведување на
стручен третман и згрижување по приложена спецификација, кој кај тужениот
Оопштина В. е заведен под број 05-691/9 од 08.03.2016 година а кај
Ветернираната станица ДОО В. бр.08/16 од 14.03.2016 година. Па, имајќи ги во
предвид сето погоре наведено, со оглед да општините, во кокретниот случај
Општината В., има утврдена законска надлежност да вршат собирање на кучиња
скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да ги сместат во соодветни
објекти-прифатилишта, како и дека уловувањето и ерадикацијата на животните
скитници е комунална дејност, за која општините можат да основаат јавно
претпријатие или вршењето на оваа дејност да го доверат на правно лице, кое
нешто било сторено со склучениот Договор меѓу прво и второтужениот, и притоа
било утврдено дека се работи за куче скитник, по оцена на овој суд правилно
утврдил првостепениот суд дека и првотужениот и второтужениот имаат пасивна
легитимација, односно и двајцата солидарно се одговорни да му ја надоместат
штетата на тужителот. Во контекст на ова е и правното мислење на Врховен суд
на РМ од 04.03.2016 година, согласно кое солидарно одговорни за надомест на
штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Г. С. и
Јавното комунално претпријатие или друго правно лице, на кое со договор му е
доверено собирање на кучиња скитници и нерегистрираните кучиња.

Неоснован е жалбениот навод за погрешна примена на материјалното


право.
Во жалбата на првотужениот се наведува дека првостепениот погрешно
ја применил одредбата од чл.189 од ЗОО и дека досудениот износ на име
надомест на штета е превисок.

Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но не ги прифати


како основани, бидејќи на правилно и целосно утврдена фактичка состојба,
првостепениот суд правилно го применил чл.189 од Законот за облигациони
односи. Имено, согласно чл.189 ст.1 од ЗОО, во случај на повреда на личните
права судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го
оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од
надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Согласно ст.2
од истиот член при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок

5
«ГЖ-5346/17»

судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле


предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која
служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со
стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел.

Во конкретниот случај врз основа на вештачењето извршено од страна


на вешто лице проф д-р Катерина Николовска, првостепениот суд утврдил дека
тужителот, како последица на повредите добиени од каснување од куче се здобил
со телесна повреда - угризна рана од куче во пределот на десната подколеница од
задната страна во ниво на припојот на ахиловата тетива и при тоа правилно ги
утврдил интензитетот и времетраењето на претрпените физички болки, страв и
душевни болки поради намалената општа животна активност, кои се конкретно
опишани во фактичката состојба на обжалената пресуда. Оттука, со оглед на
утврденото, а раководејќи се од чл.189 од ЗОО, правилно првостепениот суд на
име надомест на нематеријална штета поради повреда на неговите лични права на
телесно и душевно здравје му досудил на тужителот износ од 150.000,00 денари
од кои: 50.000,00 денари за претрпен физички бол, 40.000,00 денари за претрпен
страв и 60.000,00 денари за душевни болки за намалена животна активност.
За вака досудените износи ако се имаат предвид утврдените критериуми
според силината и траењето на повредата со кои биле предизвикани физичките
болки, душевни болки и страв, за целта за која служи надоместокот, водејќи
сметка самиот надоместок да е доволна стисфакција на тужителот и истиот да не е
во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата природа и
општествена цел, овој суд цени дека истите претставуваат справедлив паричен
надомест.

Овој суд при одлучувањето ги имаше предвид и останатите жалбени


наводи, но за истите цени дека се ирелевантни и без влијание за поинакво
одлучување во конкретниот случај и не влијаат на законитоста на обжалената
пресуда.

Од напред изнесените причини во смисла на чл.357 од ЗПП, одлучено е


како во изреката на пресудата.

Имајќи предвид дека жалбите на првотужениот и на второтужениот


против пресудата се одбиени како неосновани, а тужителот, преку полномошник
Атанас Атанасов, адвокат од С., поднел одговор на жалба во кој бара надомест на
трошоци за награда за состав на одговор на жалба и за такса за одговор на жалба,
овој суд согласно чл.160 ст.1 в.в. со чл.158 ст.1 од ЗПП, ги задолжи тужените
солидарно да му ги надоместат на тужителот трошоците сторени во постапката по
жалба кои се однесуваат за награда за состав на одговор на жалба од
полномошник во износ од 14.381,00 денари (6.500,00 + 50%+25%+18% ДДВ) и
такса за одговор на жалба 1.500,00 денари, или вкупен износ од 15.881,00 денари,
согласно АТ на РМ и Законот за судски такси.

Апелационен суд Скопје ГЖ-5346/17 од 25.04.2018 година.

6
«ГЖ-5346/17»

Претседател на совет-судија
Лидија Димчевска, с.р.

7
«ГЖ-2477/16»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите Лидија


Димчевска, претседател на советот, М-р Ѓорѓи Радојков и Радица Васиљевска,
членови на советот, во правната работа на тужителот Јон Ивановски од С., против
тужените ЈП К. Х. од С. и Град С., за надомест на штета, вредност на спорот
350.000,00 денари, одлучувајќи по жалбите на првотужениот, на второтужениот и
жалбата на тужителот, изјавена преку полномошник Мира Радојковиќ
Димитриоска, адвокат од С., против пресудата на Основниот суд Скопје II С. П4-
1392/15 од 10.03.2016 година, на нејавната седница на советот одржана на ден
19.10.2016 година, донесе

ПРЕСУДА

ЖАЛБИТЕ на првотужениот, на второтужениот и ЖАЛБАТА на


тужителот, изјавена преку полномошник Мира Радојковиќ Димитриоска, адвокат
од С., СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје II С. П4-1392/15 од 10.03.2016


година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ првотужениот ЈП К. Х.од С. и второтужениот Град


С., солидарно да му ги надоместат на тужителот Ј. И. од С., трошоците во
жалбена постапка во износ од 10.577,00 денари, во рок од 15 дена по приемот на
пресудата.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. - Граѓански суд со обжалената пресуда


делумно го усвоил тужбеното барање на тужителот Ј. И. од С.. Ги задолжил
тужените ЈП К. Х. С. и Град С. солидарно да му исплатат на тужителот Ј. И. од С.
на име нематеријална штета за повреда на личните права поради нарушување на
телесното и душевно здравје вкупен износ од 105.000,00 денари од кои за
претрпени физички болки износ од 32.600,00 денари, за претрпен страв износ од
25.000,00 денари, душевен бол поради намалена животна активност износ од
33.000,00 денари и за душевен бол поради нагрденост износ од 15.000,00 денари,
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за
секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на
пресудувањето 10.03.2016 година до исплатата, и на име материјална штета износ
од 80,00 денари, со законска казнена камата во висина на референтната стапка на
НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што

1
«ГЖ-2477/16»

му претходело на тековното полугодие зголемена за осум процентни поени


сметано од денот на поднесувањето на тужбата 15.09.2015 година до исплатата,
како и да му ги надоместат трошоците по постапката во вкупен износ од 15.015,00
денари, се во рок од 15 дена од приемот на пресудата. Поголемото тужбеното
барање на тужителот за надомест на нематеријална штета за разликата од
досудениот до побараниот паричен износ и тоа за претрпени физички боли износ
до износот до 150.000,00 денари, за претрпен страв до износот до 100.000,00
денари, за намалена животна активност до износот до 50.000,00 денари како и за
нагрденост до износот до 30.000,00 денари со казнена камата, како и за надомест
на материјална штета за разликата од досудениот до побараниот паричен износ до
20.000,00 денари со законска казнена камата, како и поголемото барање за
трошоците по постапката, го одбил како неосновано.

Незадоволен од ваквата пресуда останал првотужениот, кој со навремена


жалба ја побива истата поради суштествена повреда на одредбите на парничната
постапка и погрешна примена на материјалното право, со предлог жалбата да се
уважи, обжалената пресуда да се укине и предметот да се врати пред
првостепениот суд на повторно судење или истата да се преиначи во смисла на
жалбените наводи.

Против првостепената пресуда, навремена жалба изјавил и


второтужениот поради суштствена повреда на одредбите на парничната постапка,
погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на
материјалното право, со предлог жалбата да се уважи, а првостепената пресуда да
се укине и предметот да се врати пред првостепениот суд на повторно судење или
истата да се преиначи во смисла на жалбените наводи.

Против првостепената пресуда во одбивателниот дел, навремена жалба


изјавил и тужителот, преку полномошник Мира Радовановиќ Димитриоска,
адвокат од С., поради суштствена повреда на одредбите на парничната постапка,
погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на
материјалното право, како и поради одлуката за трошоци, со предлог жалбата да
се уважи, а првостепената пресуда во одбивателниот дел да се укине и предметот
во тој дел да се врати пред првостепениот суд на повторно судење или истата во
тој дел да се преиначи во смисла на жалбените наводи, а тужените да се задолжат
со трошоци во жалбена постапка.

Одговор на жалба поднел тужителот, преку полномошник Мира


Радовановиќ Димитриоска, адвокат од С., со кој се оспоруваат жалбените наводи
истакнати во жалбите на тужените, со предлог жалбите на тужените да се одбијат
како неосновани, а обжалената пресуда да се преиначи во смисла на жалбените
наводи на тужителот, и тужените да се задолжат со трошоци во жалбена постапка.

Апелациониот суд Скопје, по извршениот увид во списите кон


предметот, ценејќи ја обжалената пресуда, наводите во жалбите и одговорот на
жалба, најде:

2
«ГЖ-2477/16»

Жалбите се неосновани.

Неосновани се жалбените наводи за сторена суштествена повреда на


одребите на парничната постапка од чл.343 ст. 2 т. 14 од ЗПП, бидејќи
првостепената пресуда е јасна и разбирлива, содржи доволно образложени
причини за решителните факти од кои се раководел првостепениот суд при
одлучувањето, поради што може со сигурност да се испита.

Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена


фактичка состојба, од причина што фактичката состојба по предметот е утврдена
врз основа на изведените и ценети докази, при тоа првостепениот суд
постапувајќи согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил правилна и целосна фактичка
состојба кога нашол дека на ден 09.05.2015 година тужителот враќајки се од
промоција од М. К.Ц. во С. на кејот на реката В., во раните утрински часови, во
Центарот на градот, заедно со својата пријателка на велосипеди бил нападнат од
страна на глутница од кучиња - скитници. При нападот бил каснат од страна на
едно куче скитник и притоа се здобил со повреди на десната рака, повредувајќи ја
мускулатурата, имал рана на левото око пропратено со лузна долга 1 см, и убодни
рани во пределот на десната потколеница. Како последица од нападот тужителот
имал крварење од повеќе рани и веднаш се јавил на Клиниката, каде му била
укажана прва помош на Клиниката за фациомаксиларна хирургија, додека во
Инфективната клиника примил антитетанус серум, како и серум против беснило,
кој серум и понатаму продолжил да го прима на 1.5 месец. Според
невропсихијатриското мислење сега тужителот Ј. И. се здобил со телесни
повреди. Во однос на физичката болка при каснување од куче, кое е длабоко, ги
оштетува и подлабоките нервни завршетоци односно ја повредуваат мускулната
инервација кор предизвикува јака болка. Јакиот интензитет на физички бол траел
околу 4-5 часа односно до првиот преглед и преврска и примање на аналгетик. Со
анаглгетиците болките се смириле релативно, преминале во среден интензитет кој
траел нешто подолг период. Првите 10-15 дена, додека раните под левото око и
десната шака брзо зараснувале, повредениот ја чуствувал болката од среден
интензитет од раните од каснувањето на кучето. Средниот интензитет траел околу
15 дена, по кој период болката преминала во слаба бола, со лесни и краткотрајни
премини во средни боли, а слабите болки во континуитет траеле околу 1.5 месец.
Бидејќи лекувањето било ефикасно, тужителот примал покрај серумите и
аналгетици и антибиотици за да не се јават компликации, кои вообичаено ги
пратат ваквите повреди, како што е тромбофлебит на подколеницата и други што
претставува среќна околност. Тужителот претрпел и материјална штета за
трошоци за лекување.

Во жалбата на првотужениот ЈП К. х. се наведува дека тој не е надлежен


да се грижи за заштита на граѓаните од кучињата скитници, бидејќи согласно
Законот тоа е во надлежност на Градот С.. А ова дотолку повеќе што
предвидените активности во Програмата за решавање на проблемот со животните
скитници на подрачјето на град С. се финансираат од Град С., па оттука

3
«ГЖ-2477/16»

единствено Град С. може да биде пасивно легитимирана странка во оваа постапка.

Во изјавената жалба на второтужениот Град С. се наведува дека


првостепениот суд погрешно утврдил дека тој има обврска за надомест на штета
спрема тужителот, при тоа не земајќи во предвид дека согласно одредбата од
членот 13 од Законот за Градот С. (Службен весник на РМ број 55/04) за вршење
на јавни работи од локално значење во рамките на својата надлежност, Градот С.
може да основа јавни служби во согласност со закон и дека тој всушност е
основач на ЈП„К. Х.“-С. и својата надлежност од комуналната дејност да се грижи
за ерадикација на животните скитници на подрачјето на Градот С., ја има
делегирано на ова претпријатие. Воедно истакнува дека првостепениот суд со
сигурност не утврдил дали се работи за регистрирано или нерегистрирано куче -
куче скитник, а доколку кучето било регистрирано зошто истото не било под
контрола на сопственикот водено со поводник и заштитна маска. Како и дека
првостепениот суд воопшто не ги зел во предвид законските одредби кои
произлегуваат од Законот за заштита и благосостојбата на животните (Службен
весник на РМ бр.113/07 и 136/11 ) за да може да утврди дали Град С. преку
основаното јавно претпријатие постапувал согласно закон, а доколку не
постапувал кои пропусти ги сторил. Понатаму наведува дека немањето на пасивна
легитимација на страна на второтужениот произлегувала и од Уставот на Р. М.,
според кој согласно чл.56 е предвидено дека добрата во општа употреба се добра
од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита. Наведената одредба
од Уставот на Р. М. понатаму упатува на Законот за сопственост и други стварни
права во кој бил содржан членот 16 кој опрделува дека сите природни богатства,
растителниот и животинскиот свет, стварите во општа употреба, градежното
земјиште, шумите и земјоделското земјиште, пасиштата и водите, како и стварите
и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се
ствари ( добра) од општ интерес за Рапубликата.

Овој суд ги ценеше ваквите жалбени наводи, но истите ги одби како


неосновани, од причина што согласно одредбата од чл.10 точка 4 алинеја 21 од
Законот за град С. (Сл.весник на РМ бр.55/2004) надлежности, односно работи од
јавен интерес од локално значење на градот С. се комунални дејности меѓу кои и
ерадикација на животните скитници, а согласно чл.13 од истиот закон градот С. за
вршење на работи од јавен интерес од локално значење во рамките на својата
надлежност може да основа јавни служби во согласност со закон. Согласно чл.25
ст.1 од Законот за заштита и благосостојба на животните (Сл.весник на РМ
бр.113/07) , општината, општините во градот С., односно градот С. се надлежни
да вршат собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња и
привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта. Во овие објекти
треба да се обезбеди елементарна заштита на животните од непогодни временски
услови и да се обезбеди нивно ефикасно затварање. Согласно чл.9 ст.2 од Законот
за комунални дејности (Сл.весник на РМ бр.85/12) за вршење на комуналните
дејности, општините односно градот С., можат да основаат јавно претпријатие,
доколку со посебен закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не
е уредено, а доколку општината, односно градот С. немаат основано јавно

4
«ГЖ-2477/16»

претпријатие, вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни


и физички лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Во таа
насока, во групата на комунални услуги за задоволување на заедничк
потрошувачка, согласно чл.14 ст.3 алинеја 9 од Законот за комунални дејности,
спаѓа и ерадикација на животни скитници. Во конкретниот случај во програмата
за решавање на проблемот со животни скитиници на подрачје на град С. во 2015
година 6707-8939/1 од 22.12.2014 година, биле предвидени активности за
решавање на проблемот за животните скитници, како и дека првотужениот бил
определен за извршување на истите. А, Град С. и ЈП К. Х., склучиле договор
заведен под бр.03-285 од 15.01.2015 година, и бр.08-365 од 21.01.2015 година, со
кој го утврдиле извршувањето на активностите предвидени во програмата за
решавање на проблемот за животните скитници. Во договорот од 2015 година,
склучен помеѓу Град С. како нарачател и ЈП К. Х. С. како извршител, регулирани
се односите помеѓу нарачателот и извршителот на активностите поврзани со
заловување и медицински третман на животните скитници на подрачјето на Град
скопје за 2015 година. Во членот 1 од договорот, наведено е дека активностите
поврзани со заловување и медицинскиот третман на животните скитници опфаќа
заловување на животните, нивен транспорт до стационар, прием на клинички
преглед, идентификација и водење евиденција, вакцинација и дехелментација,
транспорт на животните до приближното место од каде се заловени, еутаназија на
болни и опасни по средината животни. Во членот 4 од договорот е наведено дека
извршителот е должен по добиена дојава за теренско интервенирање од страна на
нарачателот или од страна на граѓани да излезе на терен веднаш и да ја преземе
потребната активност. Во членот 8 од договорот наведено е дека нарачателот
врши контрола на начинот и обемот на извршување на услугата што е предмет на
договорот.

Имено, имајќи ги во предвид погоре цитираните законски одредби, со


оглед да општината, односно градот С. имаат утврдена законска надлежност да
вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и привремено да
ги сместат во соодветни објекти-прифатилишта, како и дека уловувањето и
ерадикацијата на животните скитници е комунална дејност, за која општините,
односно градот С. можат да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа
дејност да го доверат на правно лице, по оцена на овој суд правилно утврдил
првостепениот суд дека и првотужениот и второтужениот имаат пасивна
легитимација, односно и двајцата солидарно се одговорни да му ја надоместат
штетата на тужителот. Во контекст на ова е и правното мислење на Врховен суд
на РМ од 04.03.2016 година, согласно кое Солидарно одговорни за надомест на
штета причинета од каснување од куче скитник се општината, односно Градот С.
и Ј. к.п. или друго правно лице, на кое со договор му е доверено собирање на
кучиња скитници и нерегистрираните кучиња.

Неоснован е жалбениот навод за погрешна примена на материјалното


право.

Во жалбата на тужителот се наведува дека првостепениот суд при

5
«ГЖ-2477/16»

определувањето на висината на справедливиот паричен надоместок погрешно ја


применил одредбата од чл.189 од ЗОО и дека досудил износи кои се прениско
определени, кои не се во согласност со повредите на тужителот и притоа не ја зел
во предвид возраста на тужителот. Предлага тужените да бидат задолжени со
износите како што се поставени во тужбата.

Овој суд ги ценеше вака истакнатите жалбени наводи, но не ги прифати


како основани, бидејќи на правилно и целосно утврдена фактичка состојба,
првостепениот суд правилно го применил чл.189 од Законот за облигациони
односи. Имено, согласно чл.189 ст.1 од ЗОО, во случај на повреда на личните
права судот, ако најде дека тежината на повредата и околностите на случајот го
оправдуваат тоа, ќе досуди справедлив паричен надоместок, независно од
надоместокот на материјалната штета, како и во нејзино отсуство. Согласно ст.2
од истиот член при одлучувањето за барањето за справедлив паричен надоместок
судот ќе води сметка за силината и траењето на повредата со која биле
предизвикани физички болки, душевни болки и страв, како и за целта за која
служи надоместокот, но и за тоа надоместокот да не е во спротивност со
стремежите кои не се спојливи со неговата природа и општествена цел.

Во конкретниот случај врз основа на вештачењето извршено од страна


на вешто лице Иван Дуриданов, невропсихијатар од 04.07.2015 година,
првостепениот суд утврдил дека тужителот, како последица на повредите
добиени од каснување од куче се здобил со повреди на десната рака, повредувајќи
ја мускулатурата, имал рана на левото око пропратено со лузна долга 1 см, и
убодни рани во пределот на десната потколеница , и при тоа правилно ги утврдил
интензитетот и времетраењето на претрпените физички болки, страв, душевни
болки поради намалената општа животна активност и степенот на нагрденост, кои
се конкретно опишани во фактичката состојба на обжалената пресуда. Оттука, со
оглед на утврденото, а раководејќи се од чл.189 од ЗОО, правилно првостепениот
суд на име надомест на нематеријална штета поради повреда на неговите лични
права на телесно и душевно здравје му досудил на тужителот износ од 105.000,00
денари од кои: 32.000,00 денари за претрпен физички бол, 25.000,00 денари за
претрпен страв, 33.000,00 денари за душевни болки за намалена животна
активност и 15.000,00 денари за нагрденост, а поголемото тужбено барање го
одбил како неосновано.

За вака досудените износи ако се имаат предвид утврдените критериуми


според силината и траењето на повредата со кои биле предизвикани физичките
болки, душевни болки, страв и нагрденост, за целта за која служи надоместокот,
водејќи сметка самиот надоместок да е доволна стисфакција на тужителот и
истиот да не е во спротивност со стремежите кои не се спојливи со неговата
природа и општествена цел, овој суд цени дека истите претставуваат справедлив
паричен надомест, па како неосновани се јавуваат жалбените наводи на
тужителот дека досудените износи се прениски.

По однос на жалбениот навод за погрешна одлука за трошоци во

6
«ГЖ-2477/16»

постапката, овој суд најде дека истиот е неоснован, бидејќи одлуката за трошоци е
донесена во смисла на чл.148 од ЗПП, па согласно успехот на тужителот во
спорот, правилно постапил првостепениот суд кога ги задолжил тужените
солидарно да ги надоместат процесните трошоци на тужителот во вкупен износ од
15.015,00 денари, по износи и за дејствија одредени како во образложението на
одлуката за трошоците на постапката, а поголемото барање на тужителот за
надомест на име трошоци во постапката од досудениот до бараниот износ, го
одбил како неосновано.

Овој суд при одлучувањето ги имаше предвид и останатите жалбени


наводи, но за истите цени дека се ирелевантни и без влијание за поинакво
одлучување во конкретниот случај и не влијаат на законитоста на обжалената
пресуда.

Од напред изнесените причини во смисла на чл.357 од ЗПП, одлучено е


како во изреката на пресудата.

Имајќи предвид дека жалбите на првотужениот и на второтужениот


против пресудата се одбиени како неосновани, а тужителот, преку полномошник
Мира Радовановиќ Димитриоска, адвокат од С., поднел одговор на жалба во кој
бара надомест на трошоци за награда за состав на одговор на жалба и за такса за
одговор на жалба, овој суд согласно чл.160 ст.1 в.в. со чл.158 ст.1 од ЗПП, ги
задолжи тужените солидарно да му ги надоместат на тужителот трошоците
сторени во постапката по жалба кои се однесуваат за награда за состав на одговор
на жалба од полномошник во износ од 9.526,00 денари (8.073,00 денари со 15%
зголемување за секое наредно лице) + 18% ДДВ и такса за одговор на жалба
1.051,00 денари, или вкупен износ од 10.577,00 денари, согласно АТ на РМ и
Законот за судски такси.

Апелационен суд Скопје ГЖ-2477/16 од 19.10.2016 година.

Претседател на совет-судија
Лидија Димчевска, с.р.

7
«ГЖ-1014/18»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ во совет составен од судиите:


Катерина Георгиевска, претседател на советот, Зоран Герасимовски и Афрдита
Шеху Асани, членови на советот, во правната работа на тужителот Игор
Милошевски«» од С.,«» против тужените Град С.«» и ЈП Комунална хигиена С.,
за надомест на нематеријална штета«», вредност на спорот 110.000,00 денари,
решавајќи по жалбата на првотужениот, изјавена преку полномошник Никола
Џајкоски и по жалбата на втортужениот, против пресудата на Основниот суд
Скопје II С. «МАЛВП-698/17» од 22.11.2017 година, на нејавната седница
одржана на «31.08.2018» година, ја донесе следната

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот Град С., изјавена преку полномошник


Никола Џајкоски, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

ЖАЛБАТА на втортужениот ЈП Комунална хигиена С., СЕ ОДБИВА


КАКО НЕОСНОВАНА.

ПРЕСУДАТА на Основниот суд Скопје II С. «МАЛВП-698/17» од


22.11.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВААТ првотужениот и второтужениот солидарно да му


платат на тужителот на име процесни трошоци за одговор на жалба вкупен износ
од 15.725,00 денари, во рок од 15 дена по приемот на оваа пресуда, под страв на
присилно исполнение.

Образложение

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда дeлумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот Игор Милошевски«» од С.«», па ги задолжил
тужените Град С.«» - С. и ЈП Комунална хигиена - С. на тужителот Игор
Милошевски«» од С. содидарно да исплатат надомест на нематеријална штета
поради повреда на личните права на телесното и душевно здравје да и плати
900.000,00 денари, со законска казена камата на овој износ во висина на
референтната стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот
ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за 8
процентни поени, сметано од денот на пресудувањето 22.11.2017 година до
исплатата, за претрпен страв износ од 40.000,00 денари, за претрпени душевни
болки поради намалена општа животна активност износ од 25.000,00 денари, како
и содидарно да исплатат парични трошоци во износ од 70.475,00 денари, се во рок
од 8 дена од приемот на пресудата под страв на присилно исполнување.

1
«ГЖ-1014/18»

Тужбеното барање на тужителот да се задолжат тужените на тужителот да


исплатат солидарно надомест на нематеријална штета поради повреда на личните
права на телесното и душевното здравје, за разликата од досудениот износ од
90.000,00 денари до побараниот износ од 110.000,00 денари и тоа од досудениот
износ од 25.000,00 денари за претрпени физички болки до побараниот износ од
30.000,00 денари, од досудениот износ од 40.000,00 денари за претрпен страв до
побараниот износ од 50.000,00 денари, од досудениот износ од 25.000,00 денари
за претрпени душевни болки поради намалена општа животна активност до
побараниот износ од 30.000,00 денари со законска канзена камата и барањето за
парничните трошоци за разликата од досудениот износ од 70.475,00 денари до
побараниот износ од 86.271,00 денари, се во рок од 8 дена од приемот на
пресудата под страв на присилно исполнување, го одбил како неосновано.

Незадоволен од ваквата одлука на првостепениот суд останал


првотужениот кој изјавил жалба со која ја напаѓа првостепената пресуда поради
суштествени повреди на одредбите од ЗПП, погрешно и нецелосно утврдена
фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право. Предлага жалбата
да се уважи, обжалената пресуда да се укине и предметот да се врати на
првостепениот суд на повторно судење или жалбата да се уважи обжалената
пресуда да се преиначи со тоа што тужбеното барање ќе се одбие како
неосновано.

Незадоволен од ваквата одлука на првостепениот суд останал и


второтужениот, кој изјавил жалба со која ја напаѓа првостепената пресуда поради
суштествени повреди на одредбите од ЗПП и погрешна примена на материјалното
право. Предлага жалбата да се уважи, обжалената пресуда да се укине и
предметот да се врати на првостепениот суд на повторно судење или жалбата да
се уважи обжалената пресуда да се преиначи со тоа што тужбеното барање ќе се
одбие како неосновано.

Одговор на жалба е поднесен од тужителот преку полномошник Огнен


Јовановски адвокат од С., со кој во целост се побиваат жалбите на тужените, со
предлог жалбите да се одбијат како неосновани, а пресудата да се потврди..

Апелациониот суд Скопје по проучување на списите во предметот


,ценејќи ја обжалената пресуда и наводите во жалбите и одговорот на жалба,
најде:

Жалбата на првотужениот е неоснована.

Жалбата на второтужениот е неоснована.

Неоснован е жалбениот навод за сторена суштествена повреда од


чл.343 ст.2 т.14 од Законот за парничната постапка.

Обжалената пресуда е јасна и разбирлива со доволно причини за

2
«ГЖ-1014/18»

решителните факти од кои се раководел судот при донесување на својата одлука,


изреката нема недостатоци, не противречи со причините дадени во
образложението за таквото одлучување. Пресудата може во целост и со сигурност
да се испита.

Неоснован е жалбениот навод за погрешно и нецелосно утврдена


фактичка состојба.

Првостепениот суд врз основа на изведдните докази во текот на


постапката кои ги ценел во смисла на чл.7 и 8 од ЗПП ја утврдил фактичката
состојба со која и овој суд се согласува и ја прифаќа во целост.

Видно од списите на предметот првостепениот суд ги извел сите


предложени докази кои се од значење за одлучување во овој спор, па врз основа
на истите ги утврдил сите решителни факти.

Имено, првостепениот суд изведувајќи ги и земајќи ги сите релевантни


докази во постапката, постапил согласно чл.8 од ЗПП, односно постапилн по
начелото на совесна и грижлива оценка на секој доказ посебно и на сите докази
заедно, а за тоа кои факти ќе ги земе како докажани судот одлучува по сопствено
убедување и врз основа на резултатите на целокупната постапка.

Во жалбите на прво и второ тужените, а посебно во жалбата на


првотужениот се наведува дека Градот С. не е пасивно легитимиран да биде
тужен во овој спор бидејќи согласно договорот кој што го има склучено со
второтужениот ЈП Комунална хигиена работите околу заловување на животните,
нивниот транспорт, вакцинација и се друго останато му е отстапено на решавање
на ЈП Комунална хигиена. Исто така, во жалбата на првотужениот се наведува
дека судот не ги применил одредбите кои што произлегуваат од Законот за
заштита и благосостојба на животните чл.28 од овој закон. Во жалбата на
првотужениот се наведува дека согласно ваквите жалбени наводи Градот С. се
јавува како основач на второтужениот што е неспорно утврдено во чл.2 од
Статутот на второтужениот и дека Градот С. нема причинето никаква штета на
тужителот. Се наведува и дека првостепениот суд не утврдил кој е имател на
кучето, дека Градот С. не е сопственик ниту закупец, ниту поослугопримец, ниту
плодоуживател или слично на животните скитници. Во жалбата се наведува дека
Градот С. обврската за заштита на кучињата скитници на пренел на
второтужениот и итстиот не е пасивно легитимиран да биде тужен во оваа
постапка.

Во жалбата на второтужениот се наведува дека надлежноста за


собирање на кучињата скитници и нерегистрираните кучиња е регулирана во
Законот за Град С. и Законот за локална самоуправа, како и со Законот за заштита
и благосостојба на животните. Во оваа жалба второтужениот наведува дека
единствено Градот С. може да биде легитмирана странка во спорот и одговорен за
надомест на ваков вид на штета. Во жалбата третотужениот наведува дека во

3
«ГЖ-1014/18»

рамките на доверената надлежност ЈП Комунална хигиена не била надлежна да се


грижи за заштита на граѓаните од кучињата скитници бидејќи согласно Законот
тоа е во надлежност на Градот С..

И во двете жалби има истакнато жалбени наводи по однос на висината


на досудениот износ за надомест на нематеријална штета.

Овој суд ги ценеше истакнатите жалбени наводи и на прво и на второ


тужените, меѓутоа истите не ги прифати за основани. Наведеното од причина што
овој суд смета дека правилно првостепениот суд му досудил на тужителот на име
нематеријална штета вкупен износ од 90.000,00 денари, од кои 25.000,00 денари
за претрпена физичка болка, 40.000,00 денари за претрпен страв и 25.000,00
денари за претрпена душевна болка поради намалена општа животна активност,
со законска казнена камата во висина на референтната стапка на НБРМ што за
секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие, зголемена за осум процентни поени сметано од
пресудувањето 22.11.2017 година до исплатата.

Овој суд смета дека досудените износи по однос на нематеријалната


штета претставуваат реален справедлив надомест во согласност со законските
одредби од чл.189 од ЗОО, па оценка на овој суд е дека првостепениот суд
правилно постапил кога делумно го усвоил тужбеното барање на тужителката, а
во останатиот дел го одбил како неосновано, односно превисоко поставено со
оглед да истото не соодвествувало на времетраењето и интензитетот на
претрпените физички болки, стравот и душевните болки подетално опишани во
фактичката состојба во обжалената одлука.

Имено, при досудувањето на износите на име нематеријална штета


правилно првостепениот суд тргнал од утврденото во фактичката состојба дека на
ден 07.11.2016 година во 15,50 часот, во населба Аеродром на Бул.„АВНОЈ“
бр.68, во близина на поранешна слаткарница „Стела“, тужителот бил нападнат од
4 - 5 кучиња скитници од кои едно од нив успеало да го касне на левата
подколеница. Тужителот почувствувал силен страв особено поради опасност дека
можеби е каснат од бесно куче и почувствувал болки во повредената регија и
затегнување на мускулатурата на левата подколеница. Веднаш непосредно по
штетниот настан се јавил за преглед кај матичен лекат кој го упатил на Ургентен
ценатар, каде му бил направен преглед и му била укажана медицинска помош,
односно му била извршена тоалета на раната со преврска, а потоа бил упатен на
Клиниката за инфективни болести заради вакцинација и примање на серум против
тетанус. Наредниот ден бил упатен на контрола во Градската болница 8-ми
Септември С. каде примил ампули тетабулин. Настанот го пријавил во полициска
станица Аеродром и во Стационарот за бездомни животни Вардариште.
Тужителот се задобил со рана од каснување на куче во пределот на левата
подколница. Врз основа на судско медицинската квалификација и природа на
повредата се работи за лесна телесна повреда. Видливо од доставената
медицинска документација, тужителот се здобил со телесна повреда во пределот

4
«ГЖ-1014/18»

на левата подколеница нанесена со кансување од куче. Механизмот на


настанување на овој вид на повреди се јавува како резултат на делување на остра
механичка сила (загриз од кучешки заби), која предвизикала трауматско
оштетување на кожата и поткожните структури во посочената регија што било
последно со развој на локална воспалена реакција вклучувајќи и физички болки со
соодветен интензитет и времетраење. Доколку не се јават дополнителни
компликации, воспалената реакција најчесто трае околу едно до две седмици, во
кој период покрај отокот, црвенилото, пореметената функција, болката е
задлжителен симптом.Непосредно по повредувањето, тужителот најпрво
почувствувал јаки болки во предел на каснатиот мускул на левата потколеница.
Ваквите болки во пределот на повредената потколеница биле изразени со среден
интензитет во првите седум дена кога болките биле во вид на чувство на
затегнатост, пулсирање, грчеви на мускулот. Овие болки се засилувале при
движење на левата нога, при стоење и особено при одење, поради што во тој
период бил принуден да мирува и да користи лекови против болка. Во наредниот
временски период од две-три недели опишаната болка во повредената
потколеница го намалила својот интензитет кон послаб, со тенденција за постапно
исчезнување. Тужителот имал болки во левата потколеница со среден интензитет
во период од една недела со нивно повремено засилување, додека во наредните
две недели и периодот потоа, со послаб интензитет и тенденција за исчезнување.

За време на самиот напад при каснувањето, тужителот се соочил со


исклучително стресна ситуација и изложеност на непосредната опасност по
своето здравје, најпрво доживеал краткотраен интензивен витален страв за своето
здравје со карактеристики на ужас и паника. Интензитетот на ваквиот примарен
страв бил силен, со кратко времетраење од неколку десетици секунди. Откако се
соземал од ваквиот првичен страв, неговиот интензитет се намалил и истиот се
трансформирал во секундарен старв, т.е. страв од самиот трауматски настан,
последиците и исходот од повредувањето. Соочувајќи се се изненадниот напад на
разјареното животно кога бил каснат и почувствувал болка, првично тој доживеал
страв манифестиран како акутна стресна реакција, проследен со психички
манифестации, како силен немир, анксиозност, раздразливост, повторно
преживување на настанот во вид на мисли, пореметување на неговото вообичаено
расположение, поизразена несоница и кошмарни соништа кои се типични за вакви
ситуации. Ваквиот страв бил присутен со својот средно изразен интензитет и бил
подгреван поради неизвесноста околу природата, карактерот и исходот од
повредата, стравувајќи од евентуални компликации во вид на инфенции, појава на
беснило и слично. Наредните 2-3 недели ваквиот страв се уште бил присутен и се
манифстирал во вид на фобичност, но го намалил својот интензитет. Ова значи
дека душевната болка поради страв била присутна со послаб степен кој
перзистирал до крајот на првиот месец по повредувањето кога интензитетот на
старвот значително опаднал до слаб степен и тенденција за консолидација.
Стравот кој бил редуциран се манифестирал со напнатост која била намалена,
волјата и расположението постепено се консолидирале, додека сонот се
регулирал. Единствено перзистирал страв во вид на фобично однесување од
кучиња кое е и се уште присутно во поблага форма. Тужителот трпел душевни

5
«ГЖ-1014/18»

болки поради претрпен страв кои се манифестирале со типични знаци на една


акутна реакција на стрес со времетраење од една недела со среден интензитет и
три недели со послаб интензитет во вид на фобичност и потполно надминување,
потоа со психолошка реституција. Кај тужителот поради прерпениот страв од
настанот, манифестиран ако акутна реакција на стрес и претрпена повреда со
опишаните болки, тој имал потреба од вложување на дополнителни напори во
неговите секојдневни активности кога неговата општа животна активност била
нарушена. Општата животна активност кај тужителот била нарушена од среден
степен во траење од првите седум дена поради потребата од вложување на
дополнителни напори при секојдневните животни активности поврзани со
движење на левата нога како стоење, пешачење, качување и симнување по скали и
друго, кога постоечката болка се интензивирала, односно се засилувала со
потреба од мирување за оптимално задоволување на општите животни потреби.
Во првата недела по повредувањето неговата општа животна активност му била
нарушена од среден степен и поради присутниот страв во склоп на акутната
стресна реакција, фобичниот страв поврзан со средба со кучиња, пред се поради
потребата од вложување на дополнителни напори при активности поврзасни со
движење надвор, спортување и рекреирањето. Општата животна активност во
наредните три недели била нарушена од послаб интензитет со потреба од
вложување на дополнителни напори при секојдневните животни активности
поврзани со движење на левата нога, како стоење и пешачење поради постоечката
болка која се засилувала кога бил принуден да ги штеди посочените движења. Тој
имал потреба да вложува дополнителни напори при движења на нога кои ги
ограничувале одредени активности како сортување и рекреирање кои биле
нарушени и поради присутната анксиозност, фобичност и неможност да се
опушти и рекреира. Тужителот трпел душевни болки поради нарушување на
општата животна активност како потребата од дополнителни напори при
извршување н одредени активности поврзани со движењата на левта нога, со
штедење и избегнување на тие активности, додека прерпениот страв во склоп на
акутната реакција на стрес и реактивната фобична реакција ја нарушиле општата
животна активност поради загува на интерес радост, нарушена релаксација и
рекреација со соодветен интензитет во опишаните временски интервали
претставува негова морална штета по овој основ.

Во времето на случувањето на настанот тужителот бил на возраст од 39


години.
Тужените имаат склучено договор за 2016 година, со кој според член 1,
второтужениот во својство на извршител спремапрвотужениот како нарачател, се
обврзал со таксативно наброени активности во врска со животните скитници,
помеѓу кои е и заловување на животните, клинички преглед, лабораториско
испитување и еутаназија на болни и опасни по средината животни, а според
членот 3 од договорот, првотужениот како нарачател се обврзува да ја исплати
услугата.

Првотужениот има донесено Програма за решавање на проблемот со


животните скитници на подрачјето на Град С. во 2016 година, со која се уредуваат

6
«ГЖ-1014/18»

активностите за третирање на животните скитници, условите, организацијата и


обемот на извршувањето, како и начинот на финансирањето. Меѓу активностите,
според точка 2.2.1, е предвидена еутаназија кога темпераментот на животното е
таков што предизвикува непосредна опасност за околината, а според точка 5,
извршител на активностите од програмата е второтужениот.

Врз основа на правилно и целосно утврдена фактичка состојба


првостепениот суд правилно го применил материјалното право односно одредбите
од чл.11 од ЗПП како и чл.184, чл.141, чл.142, чл.187 и чл.189 од ЗОО кога
одлучил како во изреката на побиваната пресуда.

По однос на жалбените наводи и во двете жалби а кои воедно


претставуваат приговори за немање на пасивна легитимација на прво и второ
тужените, според овој суд и ваквите жалбени наводи се неосновани бидејќи
единствено пасивно легитимирани да бидат тужени во оваа постапка по
конкретниот правен основ се прво и второтужениот, ова во корелација со
правното мислење издадено од Одделот за граѓански дела при Врховниот суд на
РМ од 04.03.2016 година, во кое правно мислење се укажува дека солидарно
одговорни за надомест на штета причинета од каснување од куче скитник се
Општината, односно Градот С. и Јавното комунално претпријатие или друго
правно лице, на кое со договор му е доверено собирањето на кучиња скитници и
нерегистрираните кучиња. Ова повеќе што согласно чл.10 т.4 алинеа 23 од
Законот за Градот С. Сл.весник на РМ бр.55/04 е предвидено дека надлежности
односно работи од јавен интерес од локално значење за Градот С. се комунални
дејности и тоа меѓу другите дејности и ерадикција на животните скитници.

Согласно чл.13 од истиот закон Градот С. за вршење на јавни работи од


локално значење во рамките на својата надлежност, може да основа јавни служби
во согласност со закон.

Од друга страна, Законот за заштита и благосостојба на животните


(Сл.весник на РМ бр.113/07) во чл.25 ст.1 определува дека Општините во Градот
С. односно Градот С. се надлежни да вршат собирање на кучињата скитници и
нерегистрираните кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти -
прифатилишта.

Како комунални дејности во смисла на Законот за комунални дејности


(Сл.весник на РМ.бр.85/12) меѓу другите во чл.5 ст.1 т.15 е наведена и уловување
на животни скитници.

Согласно чл.9 ст.1 од истиот закон комуналните дејности се вршат во


согласност со Законот за комунални дејности и друг закон,, како и прописите
донесени од страна на Општините, Општините во Градот С. и Градот С.. Ставот 2
од истиот член предвидува дека за вршење на комуналните дејности Општините
односно Градот С. можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен
закон со кој се уредува одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а

7
«ГЖ-1014/18»

доколку Општината, односно Градот С. немаат основано јавно претпријатие,


вршењето на комуналните дејности можат да го доверат на правни и физички
лица кои поседуваат дозвола за вршење на соодветна дејност. Начинот на
организирање и вршење на комуниланите дејности поблиску ги пропишуваат
Општините, Општините во Градот С. и Градот С., а согласно ст.2 од чл.12, заради
подетално уредување на односите во комуналните дејности утврдени со Закон за
комунални дејности, Советот на општините, односно Советот на Градот С.
донесува одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување.

Според овој суд првостепениот суд правилно погаѓајќи од фактот дека


Општините, Општините во Градот С. и Градот С. имаат утврдена законска
надлежност да вршат собирање на кучиња скитници и нерегистрирани кучиња и
привремено да ги сместат во соодветни објекти - прифатилишта како и од фактот
дека уловување и ерадикцијата на животните скитници претставува комунална
дејност за која Општината, Општините во Градот С. и Градот С. може да основаат
јавно претпријатие или вршењето на оваа дејност да го доверат на правно лице,
првостепениот суд правилно ги задолжил прво и третотужениот за надомест на
оваа нематеријална штета.

Овој суд ги ценеше и останатите жалбени наводи на прво и


второтужените но истите ги одби како неосновани од причина што истите не
придонесуваат и истите се без влијание за поинакво утврдување на решителните
факти од веќе утврдените од страна на првостепениот суд и истите се без влијание
врз законитоста на обжалената пресуда од аспект на правилна примена на
материјлното право, па како ирелевантни за поинакво одлучување истите ги одби
како неосновани.

Со оглед на горе изложеното согласно чл.357 од ЗПП, судот одлучи


како во диспозитивот.

Согласно чл.160 ст.1 од ЗПП имајќи предвид дека жалбите на прво и


второ туежените се одбиени како неосновани, а како е поднесен одговор на жалба
овој суд ги задолжи прво и второ тужените солидарно да му ги надоместат
процесните трошоци во постапката на тужителот на име одговор на жалба во
вкупен износ од 15.725,00 денари кои се однесуваат на состав на одговор на жалба
износ од 14.625,00 денари и за такса за одговор на жалба износ од1.100,00 денари.

Со оглед на горе изложеното согласно чл.357 од ЗПП, судот одлучи


како во диспозитивот.

Апелационен суд С. «ГЖ-1014/18» од «31.08.2018»«» година.

Претседател на совет-судија
Катерина Георгиевска, с.р.

8
«ГЖ-1014/18»

9
«ГЖ-4973/17»

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

АПЕЛАЦИОНИОТ СУД СКОПЈЕ, во совет составен од судиите:Лидија


Мартинова, претседател на советот, Станка Зафировска и Агим Мислими,
членови на советот, во правната работа на тужителот Насте Настевски од Р.,
против тужените Град С., Општина Центар и ЈП Комунална Хигиена С., за
надомест на штета, вредност на спорот 203.505,00 денари, одлучувајќи по жалбата
на првотужениот Град С. и по жалбата на третотужениот ЈП Комунална Хигиена
С. поднесени против пресудата на Основен суд Скопје II С. МАЛВП-718/16 од
13.04.2017 година и по жалбата на тужителот изјавена преку полномошник Соња
Петревска, адвокат од Прилеп против дополнителната пресуда на Основен суд
Скопје II С. МАЛВП-718/16 од 23.06.2017 година, на нејавната седница одржана
на 06.12.2017 година, ја донесе следната

ПРЕСУДА

ЖАЛБАТА на првотужениот Град С., ЖАЛБАТА на третотужениот ЈП


Комунална Хигиена С., СЕ ОДБИВААТ КАКО НЕОСНОВАНИ.

ПРЕСУДАТА на Основен суд Скопје II С. МАЛВП-718/16 од


13.04.2017 година, СЕ ПОТВРДУВА.

СЕ ЗАДОЛЖУВА првотужениот Град С. да му ги надомести на


тужителот трошоците за поднесениот одговор на жалба во вкупен износ од
9.750,00 денари, во рок од 8 дена по приемот на пресуда.

СЕ ЗАДОЛЖУВА третотужениот ЈП Комунална Хигиена С. да му ги


надомести на тужителот трошоците за поднесениот одговор на жалба во вкупен
износ од 9.750,00 денари, во рок од 8 дена по приемот на пресуда.

ПОГОЛЕМОТО БАРАЊЕ на тужителот за надомест на трошоците


сторени за поднесените одговори на жалби за разликата од предјавениот до
досудениот износ, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

РЕШЕНИЕ

ЖАЛБАТА на тужителот изјавена преку полномошник Соња Петревска,


адвокат од Прилеп, СЕ УВАЖУВА.

ДОПОЛНИТЕЛНОТО РЕШЕНИЕ на Основен суд Скопје II С. МАЛВП-


718/16 од 23.06.2017 година, СЕ УКИНУВА и предметот во тој дел се враќа на
првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.

Образложение

1
«ГЖ-4973/17»

Основниот суд Скопје II С. со обжалената пресуда делумно го усвоил


тужбеното барање на тужителот и ги задолжил прво и третотужените да му
исплатат на име надомест на нематеријална штета вкупен износ од 80.000,00
денари од кои: за претрпен физички бол износ од 15.000,00 денари, за претрпен
страв износ од 40.000,00 денари, за претрпен душевен бол поради НОЖА износ од
20.000,00 денари и за претрпен душевен бол поради нагрденост износ од 5.000,00
денари, со законска казнена камата на овие износи, во висина на референтната
стапка на НБ на РМ што за секое полугодие важела на последниот ден од
полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемена за осум
процентни поени, сметано од денот на пресудувањето до конечната исплата, како
и надомест на материјална штета износ од 3.505,00 денари, со законска казнена
камата на овие износи, во висина на референтната стапка на НБ на РМ што за
секое полугодие важела на последниот ден од полугодието што му претходело на
тековното полугодие зголемена за осум процентни поени, сметано од денот на
утужувањето-18.04.2016 година, до конечната исплата, се во рок од 8 дена по
правосилноста на пресудата. Поголемото тужбено барање на тужителот за
надомест на нематеријална штета од предјавениот до досудениот износ по сите
основи со камата и поголемото барање за камата на вкупниот износ на име
материјална штета сметано од 22.12.2015 година до 18.04.2016 година, е одбиено
како неосновано.

Со истата пресуда тужбеното барање на тужителот да се задолжи


тужениот Општина Центар заедно со тужените Град С. и ЈП Комунална Хигиена
С., солидарно да му исплати на име надомест на нематеријална штета вкупен
износ од 200.000,00 денари и надомест на име материјална штета вкупен износ од
3.505,00 денари со камата на овие износи, е одбиено поради немање пасивна
легитимација. Со решение тужените Град С. и ЈП Комунална Хигиена С. се
задолжени на тужителот да му ги надоместат трошоците на постапката во износ
од 50.444,00 денари, во рок од 8 дена од приемот на одлуката, а поголемото
барање на тужителот за надомест на трошоци на постапката, за разликата од
бараните до досудените и барањето на тужителот да се задолжи тужениот
Општина Центар заедно со тужените Град С. и ЈП Комунална Хигиена С. да му
ги надомести процесните трошоци во вкупен износ од 124.278,00 денари, е
одбиено како неосновано.

Истиот суд на 23.06.2017 година донел дополнително решение под


истиот парничен број, со кое го усвоил предлогот на второтужениот Општина
Центар за дополнување на пресудата од 13.04.2017 година и го задолжил
тужителот да му ги надомести процесните трошоци во вкупен износ од 57.200,00
денари, во рок од 8 дена по правосилноста на решението и истото преставува
составен дел на пресудата МАЛВП-718/16 од 13.04.2017 година.

Незадоволен од пресудата во усвоениот дел на тужбеното барање


првотужениот-Град С. изјавил навремена жалба со која истата ја побива поради
суштествени повреди на одредбите од парничната подтапка, поради погрешна

2
«ГЖ-4973/17»

примена на материјалното право и поради одлуката за трошоците, со предлог


жалбата да се усвои, а побиваната пресуда да се укине и во тој дел предметот да
се врати пред првостепениот суд на повторно судење или истата да се преиначи
согласно наводите во жалбата.

Незадоволен од пресудата во усвоениот дел на тужбеното барање


останала и третотужениот ЈП Комунална Хигиена С. кој изјавил навремена жалба
со која истата ја побива поради суштествени повреди на одредбите од парничната
подтапка, поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна
примена на материјалното право, со предлог жалбата да се усвои, а побиваната
пресуда да се укине и во тој дел предметот да се врати пред првостепениот суд на
повторно судење или истата да се преиначи согласно наводите во жалбата.

Незадоволен од дополнителното решение останал тужителот кој преку


неговиот полномошник изјавил навремена жалба со кое истото го побива без да ги
наведе причините предвидени со чл.342 ст.1 од ЗПП, со предлог жалбата да се
уважи, дополнителното решение да се преиначи согласно наводите. Побарува
трошоци сторени во жалбена постапка.

Од страна на тужителот преку полномошник Соња Петреска, адвокат од


Прилеп, се поднесени одговори на жалбите на прво и на третотужените, со кои
тужителот ги побива жалбените наводи на прво и третотужените и предлага
жалбите да се одбијат како неосновани, обжалената пресуда да се потврди и да се
задолжат прво и третотужените со трошоците за поднесените одговори на жалби.

Апелациониот суд Скопје по извршениот увид во списите по предметот,


обжалената пресуда, дополнителното решение и по оценка на жалбените наводи и
одговорите на жалби, најде:

Жалбите на прво и третотужените се неосновани.

Жалбата на тужителот е основана.

Неосновани се жалбените наводи на прво и второтужените за сторена


суштествена повреда на одредбата на парничната постапка од чл.343 ст.2 т.14 од
ЗПП, бидејќи обжалената пресуда е јасна, разбирлива, со образложени причини за
решителните факти од кои се раководел судот при донесувањето на својата
одлука, изреката нема недостатоци, не противречи на причините дадени во
образложението за такво одлучување, поради што истата може во целост и со
сигурност да се испита.

Во поглед на жалбениот навод на првотужениот за погрешно и нецелосно


утврдена фактичка состојба истиот е неоснован, од причина што фактичката
состојба по предметот е утврдена врз основа на изведените докази, при тоа
првостепениот суд постапувајќи согласно чл.7 и 8 од ЗПП, утврдил правилна и
целосна фактичка состојба, која во целост ја прифаќа и овој суд, онака како што е
утврдена од страна на првостепениот суд.

3
«ГЖ-4973/17»

Во жалбата на првотужениот се укажува дека првостепениот суд


погрешно утврдил дека тој има обврска за надомест на штета спрема тужителот,
ако се има предвид дека согласно одредбата од чл.13 од Законот за Град С.,
првотужениот основал јавно претпријатие во чија надлежност ја префрлил
обврската да се грижи за хигиената и ерадикацијата на животните скитници на
подрачјето на градот С., па градот С. како основач на јавните претпријатија не
може да се смета за одговорен за штетата настаната поради непревземање
соодветни мерки за одржување од страна на Јавните претпријатија, поради што
тој немал пасивна легитимација во конкретниот спор.

Овој суд ваквиот жалбен навод го одби како неоснован. Ова од причина
што пасивната легитимација на првотужениот произлегува од одредбата од чл.10
ст.4 ал.23 од Законот за Градот С. (Службен весник на РМ бр.55/04) според која
одредба надлежностите, односно работи од јавен интерес од локално значење за
градот С. се комунални дејности и тоа меѓудругите дејности и еридикција на
животните скитници, како и од чл.25 т.1 од Законот за заштита и благосостојба на
животните, согласно која Градот е надлежен за собирање на кучињата скитници и
нерегистрираните кучиња, како и за нивно привремено сместување во
прифатилишта, а согласно точка 5 од истиот член, дека градот е надлежен и за
контрола на популацијата на кучиња скитници. Како комунални дејности во
смисла на Законот за комунални дејности (Сл.весник на РМ бр.85/12), односно
согласно чл.9 ст.1 од истиот закон, комуналните дејности се вршат во согласност
со Законот за комунални дејности и друг закон, како и прописите донесени од
страна на општините, општините во градот С. и градот С.. Согласно ст.2 од
истиот член, за вршење на комуналните дејности, општините односно градот С.
можат да основаат јавно претпријатие, доколку со посебен закон со кој се уредува
одделна комунална дејност поинаку не е уредено, а доколку општината, односно
градот С. немаат основано јавно претпријатие, вршењето на комуналните дејности
можат да го доверат на правни и физички лица кои поседуваат дозвола за вршење
на соодветна дејност. Согласно чл.12 ст. 2 од од истиот закон, заради подетално
уредување на односите во комуналните дејности, утврдени со Законот за
комунални дејности, советот на општините, односно Советот на градот С.,
донесува одлука за комунален ред и мерки за нејзино спроведување. Законот за
комунални дејности, тргнувајќи од критериумот за тоа чија потрошувачка се
задоволува, разликува комунални услуги за задоволување на индивидуална
потрошувачка и услуги за задоволување на заедничката потрошувачка. Согласно
чл.14 ст. 3 ал.9 од наведениот закон, спаѓа и ерадикција на животни скитници.
Поаѓајќи од фактот дека општините, општините во градот С. и градот С. имаат
утврдена законска надлежност да вршат собирање на кучиња скитиници и
нерегистрирани кучиња и привремено да ги сместат во соодветни објекти-
прифатилишта и дека уловување и ерадикцијата на животните скитиници
претставува комунална дејност, за која општината, општините во градот С. и
градот С. може да основаат јавно претпријатие или вршењето на оваа дејност да
го доверат на правно лице, па согласно погоренаведеното правилно и судот
утврдил дека тужениот Град С. е солидарно одговорен за извршувањето на

4
«ГЖ-4973/17»

работите од јавен интерес и има обврска за штетата која настанала со каснување


на кучето скитник, заедно со третотужениот да му ја надомести на тужителот
причинетата нематеријална штета. Воедно, од напред наведеното неосновано
првотужениот се повикува и на одредбата од чл.173 од ЗОО, според која правните
лица што вршат комунална и друга слична дејност од јавен интерес одговараат за
штетата ако без оправдана причина ја запрат или нередовно ја вршат својата
услуга, бидејќи пасивната легитимација на првотужениот произлегува токму од
погоренаведената одредба.

Неоснован е и жалбениот навод на третотужениот дека нема пасивна


легитимација да биде странка во спорот, од причина што пасивната легитимација
на ЈП Комунална хигиена С. произлегува од одредбата од чл.173 од ЗОО, според
која правните лица што вршат комунална и друга слична дејност од јавен интерес
одговараат за штетата ако без оправдана причина ја запрат или нередовно ја
вршат својата услуга, па оттука правилно судот ги задолжил тужените солидарно
да му ја надоместат на тужителот причинетата нематеријална штета. Со
Договорот бр.03-285 од 15.01.2015 година склучен помеѓу тужените и Програмата
за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на Град С. во
2014 година, донесена од советот на првотужениот, утврдено е дека во
надлежност на третотужениот се активностите за третирање на животни
скитници, условите, организацијата и обемот на извршувањето, кои обврски
првотужениот согласно погоренаведениот Договор ги пренел на третотужениот и
за што тој се обврзал да му плати на третотужениот за услугата. Оттука
неосновано третотужениот наведува дека ги превзел сите потребни активности
согласно Програмата од 2014 година и согласно Договорот од 15.01.2015 година,
во смисла на заловување на животните, нивно транспортирање до стационар,
идентификација и нивно повторно враќање до местото каде биле заловени, додека
обврската за контрола на кучињата скитници и нивното собирање и згрижување
била на страна на првотужениот, од која причина само првотужениот бил
одговорен за штетата која ја претрпел тужителот.

Неосновано првотужениот укажува дека првостепениот суд не утврдил


дали кучето од кое тужителот се здобил со повреди било третирано согласно
законските прописи, односно дали станува збор за куче скитник или истото не
било третирано и немало беџ, односно имало сопственик. Ова од причина што од
предложените докази, особено од исказите на тужителот и на сведокот Бранко
Стојкоски, даден на расправата од 06.04.2017 година, произлегува дека станува
збор за куче скитник, конкретно дека тужителот кој критичниот ден околу 02,00
часот се возел со својот велосипед по ул.„Кеј 13-ти ноември“ во насока накај
хотел Холидеј Ин кон Веро Центар, во непосредна близина на сендвичарата Вили,
бил нападнат од глутница од кучиња, при што едно од кучињата го зграпчил и го
гризнал во пределот на левата подколеница, паднал од велосипедот, при што го
нападнале сите кучиња кои биле растерани од неколку возрасни мажи кои биле во
сендвичарата и го пренеле со возило до ургентната амбуланта. Не е спорно дека
останал неутврден фактот дали кучето имало ушна маркична, меѓутоа ваквата
околност не значи дека станува збор за куче кое имало сопственик, бидејќи една

5
«ГЖ-4973/17»

од активностите според Програмата за решавање на проблемот со животните


скитници на подрачјето на Град С. за 2015 година било заловувањето на
животните, нивниот транспорт до стационар, прием на клинички преглед и
идентификација и водење евиденција. Ова дотолку повеќе што и првотужениот не
предложил ниту пак доставил докази дека кучето било сопственост на определено
лице, од која причина правилно судот врз основа на исказите на тужителот и
погоренаведениот сведок утврдил дека штетата на тужителот му била причинета
од куче - скитник.

Врз основа на правилно и целосно утврдената фактичка состојба, по


оценка на овој суд првостепениот суд правилно го применил и материјалното
право кога согласно одредбите од Законот за Град С., Законот за комунални
дејности, Законот за заштита и благосостојба на животните и одредбите од ЗОО,
делумно го усвоил тужбеното барање на тужителот и одлучил како во изреката на
обжалената пресуда, од која причина жалбените наводи на прво и третотужените
за погрешна примена на материјалното право се јавуваат како неосновани.

Неосновано во жалбата на третотужениот се укажува дека


првостепениот суд неправилно ја применил одредбата од чл.165-ж ст.1 од ЗОО,
наведувајќи дека тој не бил имател на кучињата, а со тоа и дека не произлегувала
за него обврската за надомест на штета. Ова од причина што при утврден факт
дека третотужениот има надлежност да врши собирање на кучиња скитници и
нерегистрирани кучиња и привремено да ги сместува во соодветни
прифатилишта, дека самото уловување и ерадикација на кучињата скитници
преставува комунална дејност за која Градот С. може да основа јавни
претпријатија за вршење на оваа дејност како и при факт дека тужените склучиле
Договор согласно кој првотужениотот се јавува како нарачател, а третотужениот
како извршител и во услови кога согласно Програмата од 2014 година донесена од
првотужениот, како извршител на активностите се јавува третотужениот,
неспорно произлегува неговата одговорност за надомест на причинетата штета
заедно со првотужениот.

Овој суд ги имаше предвид и останатите жалбени наводи, меѓутоа најде


дека се неосновани и без релевантно влијание за поинакво одлучување, а од
аспект на законитоста на одлуката и правилната примена на материјалното право
во конкретниот спор.

Овој суд го ценеше жалбениот навод на третотужениот по однос на


одлуката за трошоците, но ги одби како неосновани, од причина што и по оценка
на овој суд правилно првостепениот суд согласно чл.148 и чл.149 од ЗПП, АТ на
РМ и Законот за судски такси, ги одмерил и досудил трошоците со кои ги
задолжил прво и третотужените, конкретно образложени по дејствија и износи.

Со оглед дека жалбите на прво и третотужениот се одбиени како


неосновани, а тужителот поднесе одговори на жалбите во кои предјави и

6
«ГЖ-4973/17»

трошоци за истите, Апелациониот суд во смисла на чл.160 ст.1 в.в. со чл.158 ст.1
и 2 од ЗПП, ги задолжи тужените и тоа: првотужениот да му ги надомести на
тужителот сторените трошоци во жалбената постапка во износ од 12.700,00
денари, од кои износ од 11.700,00 денари за состав на одговорот на жалба од
полномошникот на тужителот, согласно Тарифата за награда и надоместок на
трошоците за работа на адвокатите и износ од 1.000,00 денари за такса за овој
одговор на жалба, видно од приложениот доказ - уплатница за извршена уплата, а
третотужениот да му ги надомести на тужителот сторените трошоци во жалбената
постапка во износ од 12.700,00 денари, од кои износ од 11.700,00 денари за состав
на одговорот на жалба од полномошникот на тужителот, согласно Тарифата за
награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите и износ од 1.000,00
денари за такса за овој одговор на жалба, видно од приложениот доказ -
уплатница за извршена уплата. Поголемото барање на тужителот за разликата од
досудениот до бараниот износ за состав на одговорите на жалба, овој суд го одби
како неосновано од причина што на тужителот согласно АТ на РМ му следуваат
11.700,00 денари.

Меѓутоа, по оценка на овој суд, а на што основано се укажува во


жалбата на тужителот, првостепениот суд при досудувањето на дополнителното
решение со кое го задолжил тужителот да му ги надомести на второтужениот
Општина Центар трошоците во постапката во износ од 57.200,00 денари,
погрешно постапил кога поединечните износи му ги досудил со вклучено
зголемување од по 50% за второ и трето лице, ако се има предвид дека прво,
второ и третотужените не биле застапувани од ист полномошник.

Од овие причини следуваше, дополнителното решение да се укине и


предметот во тој дел да се врати на првостепениот суд на повторно постапување и
одлучување.

При повторното постапување и одлучување в.в. со трошоците кои му


следуваат на второтужениот Општина Центар, првостепениот суд ќе треба да ги
има во предвид погоре наведеното укажување од страна на овој суд и да утврди
дали во услови кога прво, второ и третужениот не биле застапувани од заеднички
полномошник, на второтужениот Општина Центар му следуваат предјавените
трошоци со зголемување од 50% за секој нареден тужен, па во зависност од
утврденото да да донесе јасна и разбирлива одлука за трошоците на постапката
согласно чл.148 и чл.149 од ЗПП и согласно АТ на РМ и Законот за судски такси.
Воедно имајќи предвид дека дополнителното решение е укинато, овој суд
согласно чл.160 ст.3 од ЗПП, остави за трошоците на постапката по повод жалбата
на тужителот да се одлучи во конечната одлука.

Врз основа на сето погоре наведено, следуваше да се одлучи како во


изреката на пресудата, согласно чл. 357 и чл.370 ст.1 точ.3 од ЗПП.

Апелационен суд С. ГЖ-4973/17 од 06.12.2017 година.

7
«ГЖ-4973/17»

Претседател на совет-судија
Лидија Мартинова с.р.

You might also like