You are on page 1of 1

Препознава дел од историските поими и термини карактеристични за

праисторијата и стариот век, набројува видови на човекови заедници и делумно ги


знае теориите за настанокот на човекот.
Одговара на оценка – 2

Ги опишува најстарите човекови заедници и појавата на земјоделието и


сточарството, ги објаснува природните услови за настанокот на државите на
Стариот Исток, нивните култури и верувања и може да поврзе временски периоди
и настани, го истакнува значењето од формирањето на најстарите речни
цивилизации.
Одговара на оценка – 3

Ги објаснува и илустрира историските извори и периоди, фазите на развој на


првобитните заедници, ги подредува карактеристиките на сликовното и гласовното
писмо и ги објаснува обележјата на културите, науките и религиите кај народите од
Стариот Исток.
Одговара на оценка – 4

Ги објаснува и поврзува историските поими и термини карактеристични за


праисторијата и речните цивилизации на Стариот Исток, го објаснува
еволутивниот развој на првобитниот човек, прави проценка на животот во камено
и метално време, ги вредува придобивките и достигнувањата на луѓето во
праисторијата и на Стариот Исток, ги поврзува причинско-последичните односи во
речните цивилизации на Стариот Исток, изложува причини за појава на класна
поделба, анализира историски извори.
Одговара на оценка – 5

Тешко препознава дел од историските поими и термини карактеристични за


праисторијата и стариот век, не се снаога во видови на човекови заедници и не се
обидува да размисли за теориите за настанокот на човекот.
Одговара на оценка – 1

You might also like