You are on page 1of 3

ЕКОЛОШКОТО ПРАВО преставува збир на закони, регулативи и договори со кои се

регулира односот на човекот со животната средина.

НАЧЕЛА НА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

1. НАЧЕЛО НА ВИСОК СТЕПЕН НА ЗАШТИТА Секој е должен при преземањето


активности или при вршењето дејности да обезбеди висок степен на заштита на
животната средина и на животот и здравјето на луѓето.
2. НАЧЕЛО НА ИНТЕГРИРАНОСТ
Основите и целите на политиката за заштита и унапредување на животната средина
мора да се интегрираат во сите развојни, стратешки, плански и програмски документи
кои ги донесуваат органите на државната власт и органите на општината, на градот
Скопје и на општините во градот Скопје.
3. НАЧЕЛО НА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
Заради задоволување на потребите за здрава животна средина, како и социјалните и
економските потреби на сегашните генерации, без притоа да се загрозат правата на
идните генерации да ги задоволат сопствените потреби, при преземањето на секоја
активност или вршење на која било дејност задолжително треба да се води сметка за
рационалното и одржливото користење на природните богатства.

4. ЗАГАДУВАЧОТ ПЛАЌА

Загадувачот е должен да ги надомести трошоците за отстранување на опасноста од


загадување на животната средина, да ги поднесе трошоците за санација и да плати
правичен надомест за штетата причинета врз животната средина, како и да ја доведе
животната средина, во најголема можна мера, во состојба како пред оштетувањето.

5.КОРИСНИКОТ ПЛАЌА
Корисникот на природните богатства е должен да ги надомести трошоците за
обезбедување на одржливиот развој, како и за санација на деградацијата на медиумите
и одделните области на животната средина која настанала со користењето на
природните богатства.

6.НАЧЕЛО НА СУПСИДИЈАРНОСТ

Општината, градот Скопје и општините во градот Скопје, во рамките на своите


надлежности определени со закон, имаат право и должност на своето подрачје да ги
преземаат сите мерки и активности за заштита и за унапредување на животната средина,
кои не се во исклучива надлежност на државните органи.
7.НАЧЕЛО НА ПРОПОРЦИОНАЛНОСТ

Системот за заштита на животната средина се заснова на усвојувањето и на


спроведувањето на законите, плановите, програмите и одлуките кои обезбедуваат
пропорционалност меѓу потребите за развој и потребите за заштита на животната средина.

8.НАЧЕЛО НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ

Доколку постои основано сомневање дека одредена активност може да предизвика штетни
последици врз животната средина, се преземаат неопходни мерки за заштита пред да стане
достапен научниот доказ дека такви штетни последици би можеле да настанат.

9.НАЧЕЛО НА ПРЕВЕНЦИЈА

Мерките и активностите за заштита на животната средина се преземаат пред да дојде до


штетни последици.

10. НАЧЕЛО НА ПОЧИСТО ПРОИЗВОДСТВО

Со цел да се намалат ризиците за животот и здравјето на луѓето и за животната средина,


како и да се зголеми економската и еколошката ефикасност, се поддржува примената на
сеопфатна стратегија за заштита на животната средина и тоа во поглед на суровините,
производствените процеси, производите и услугите.

10. НАЧЕЛО НА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Република Македонија активно учествува во билатерална, регионална и поширока


меѓународна соработка во областа на заштитата и унапредувањето на животната средина и
во врска со тоа презема соодветни активности.

11. НАЧЕЛО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНОСТА И ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ

Органите на државната власт и органите на општината, на градот Скопје и на општините


во градот Скопје, се должни да ги обезбедат сите потребни мерки и да пропишат постапки
со кои се обезбедува остварување на правото на пристап до информациите и учество на
јавноста во донесувањето на одлуките кои се однесуваат на состојбата на животната
средина, како и да обезбедат изјаснување на јавноста во постапката за донесување на тие
одлуки.

12. НАЧЕЛО НА ПОДИГАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА ЗНАЧЕЊЕТО И


ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Научните, образовните, здравствените, информативните, културните и другите


институции и правни лица, вклучувајќи ги и здруженијата на граѓаните, во рамките на
нивните активности, промовираат и обезбедуваат подигање на јавната свест за животната
средина, за нејзиното значење, како и за потребата од активното учество во нејзината
заштита и унапредување.

You might also like