Која честичка е носител на елементарен позитивен електричен полнеж:
а) протон, б) неутрон, в) електрон,
а која на негативен електричен полнеж: а) протон, б) неутрон, в) електрон. xx. Според законот на Кулон, меѓу два истоимени електрични полнежи делува: а) привлечна сила, б) одбивна сила, в) не делува сила. xx. Електричното поле од наелектризирана сфера со оддалечување од него: а) пропорционално се намалува, б) се зголемува со квадратот од растојанието, в) се намалува со квадратот од растојанието. xx. Со зголемување на напонот капацитетот на кондензаторот : а) не се менува, б) се намалува в) се зголемува. xx. Основна мерна единица за - електричен полнеж: а) волт [V], б) кулон [C], в) фарад [F], - капацитет на кондензатор: а) волт [V], б) кулон [C], в) фарад [F], - електричен напон: а) волт [V], б) кулон
4. Структурата на спроводниците се одликува со мал/голем број слободни електрони, а структурата на
изолаторите со мал/голем број слободни електрони. (прецртај го неточното) 5. Кај металите електричната струја е насочено движење на јони/електрони, а кај електролитите јони/електрони. (прецртај го неточното) 6. Дали е точно дека позитивната насока на електричната струја се совпаѓа со насоката на движење на електроните? а) ДА, б) НЕ. 7. Колкава е јачината на електричната струја ако низ напречниот пресек на еден спроводник поминува електричен полнеж од 4 mC за време од 2 ms? 8. Ако со l е означена должината на спроводникот, со S напречниот пресек, а со ρ специфичниот отпор, електричниот отпор се пресметува со изразот: а) R l S б) R l S в) R S l . 9. Отпорот на спроводник со двојно помал напречен пресек (во однос на даден спроводник) е: а) два пати поголем, б) четири пати поголем, в) два пати помал од дадениот. 10. Ако должината на еден спроводник се преполови, тогаш неговиот електричен отпор ќе биде: а) два пати поголем, б) четири пати поголем, в) два пати помал. 11. Со зголемување на температурата на метален спроводник, неговиот електричен отпор: а) не се менува, б) се намалува, в) се зголемува. 12. Со зголемување на напонот на краевите на еден отпорник, неговиот отпор: а) не се менува, б) се намалува, в) се зголемува. 13. Наброј ги основните закони за електрични кола! 14. Која равенка е карактеристична за: - I Кирхофов закон: а) U 0 , б) U I R , в) I 0 , - II Кирхофов закон: а) U 0 , б) U I R , в) I 0 , - Омов закон: а) U 0 , б) U I R , в) I 0 . 15. На краевите на еден отпорник со отпор R = 2 Ω е доведен електричен напон U = 2 V. Низ него тече струја со јачина: а) I = 2 A, б) I = 1 A, в) I = 4 A. 16. Низ еден потрошувач со отпор R = 2 Ω тече струја I = 2 A. Да се пресмета моќноста на потрошувачот! 17. Низ еден потрошувач со отпор R = 2 Ω е доведен електричен напон U = 2 V. Неговата моќност е: а) P = 1 W, б) P = 2 W, в) P = 4 W. 18. Колку електрична енергија се троши во потрошувач со отпор R = 5 Ω, низ кој тече струја I = 2 A, за време t = 2 часа. W = 19. На краевите на еден потрошувач со отпор R = 12 Ω е доведен електричен напон U = 12 V. Колку енергија ќе се потроши во потрошувачот за време t = 2 часа? W = 20. Обележи ја насоката на движење на електроните. 21. Пресметај ја вредноста на еквивалентната електромоторната сила Ee! E Rp Rg + Ee = ? + a b E1=2 V + E1=8 V + E1=3 V +a b__