You are on page 1of 2

Барок и Класицизам

Барокот е стил во европската уметност и литература. Се развил најпрво


во Италија, Шпанија и Франција, а во архитектурата, сликарството и
вајарството. Градбите во овој период биле богато украсени со сликарски и
вајарски дела, внатрешноста со соодветно направен мебел.. Покрај во
архитектурата Барокот се применува и во литературата во најразлични
литературните видови како што се: мадригал, романса, сонет, трагедија на
ужасот напишани од автори од различни земји: Марино Џанбатиса (Италија),
Луис де Гонгора (Шпанија), Д’обиње (Франција) како и Иван Гундолиќ
(Дубровник).
Класицизмот е литературно движење според кое делата треба да се
пишуваат по примерот на античката класична литература и врз идејно
естетските погледи на ренесансата. Како темел (основа) на овој литературен
правец е теоретичарот на класицизмот – Никола Боало - идеолог на
францускиот класицизам со неговото најпознато дело, расправата „Поетска
уметност“ испечатено во 1674 година.
Никола Боало во своето дело поставил правила според кои треба да се
пишува едно класично дело и тие се:
 I- драма (ги обновил трите антички принципи: единство на дејство, место
и време)
 II- литературни жанрови -ги поделил на:
 -високи(епопеја, ода и трагедија) – теми од животот на кралевите,
војсководците и митологијата
 -ниски (сатира, басна, комедија)- теми од секојдневниот живот
 III етикеција при зборувањето (јазикот да е одбран, без непристојни
зборови, без многу стилски ураси, за да не се замати јасноста и
прецизноста)
Одлики на класицизмот се:
 Култ кон античката литераура- класицистите ја признавале и се
огледувале на литераурата на аристотњл и Хорациј
 Култ кон формата- делата најчесто биле пишувани во стихувана
форма
 Култ кон убавото и совршеното- убавина и хармонија барале во сѐ: во
приридат, во животот , верувале дека убавото е патот до
совршенството кај човекот
 Култ кон рационализмот- се настојува да се создаваат дел во кои
писателот ќе се раководи од разумот
Најпознати претставници на Класицизмот се: Пјер Корнеј, Жан Расин,
Лафонтен, Молиер.
Пјер Корнеј - Француски драматург и основоположник на класичната
трагедија во европската литература, која што ја довел до совршенство. Во
неговото дело Сид се опишува среќата и љубовните надежи на Родриго и
Химена кои што поради застарените феудални етнички вредности - честа да се
решава со крвопролевање нивната љубов дожувува голема пречка.
Жан Расин - Француски писател, истакнат претставник на класицизмот.
Во неговото дело Александар македонски е опишана љубовта помеѓу
Александар и Клеофила создадена за време на борбата на Александар
Македонски при освојувањето на Индија. Александар Македонски е претставен
како мудар водач на голема држава којшто им ја враќа освоената територија
како награда за нивната научена лекција.
Молиер - Најпознат драмски писател и артист од времето на
класицизмот. Во неговото дело е претставен лакомиот Тартиф - лицемерен
побожник; лик кој ги спротиставува вистината и лагата, лицемерен лажго кој
пробува да ги расипе односите во една фамилија за свој бенефит.
Лафонтен - прочуен француски баснописец и поет. Тој е еден од
најголемите писатели на францускиот класицизам. Во неговите басни
алегорично преку животните ги исмејува лошите особини на луѓето.
Во повеќето дела од овој литературен правец е претставена љубовта
како и различните пречки предизвикани од најразлични причини за
исполнување на таа љубов.

You might also like