You are on page 1of 6

Нарација 1

Во најдалечните краеви на силната Отоманска империја, по векови на


репресија и асимилација, нашиот народ изнедри личност чие дело фрли
светлина врз еден мрачен период, дело кое и денес останува како темел
на просветителството во Македонија. Далечната 1771 година во
скромното православно семејство на Пејчин, во тетовско Теарце, се
роди Кирил.

Скромната наобразба Кирил ја стекнува во блиското село Лешок, а потоа


и во Бигорскиот манастир ,, Свети Јован Крстител‘‘. Уште во неговата
младост, татко му Пејчин и стрико му Далмат го продаваат сиот свој
имот во Теарце и заедно со младиот Кирил заминуваат за Света Гора, во
славниот манастир Хиландар. Поради силната утврденост во
православната вера таму сите се замонашуваат, а Кирил за себе го
одбира името на големиот рамноапостолен сесловенски и македонски
просветител, Кирил Солунски. Тука , сега веќ е монах, Кирил ја стекнува
својата посериозна наобразба, која е врзана за црковното учење. И
покрај сето ова, тој останува скромен и себе си се смета за недоволно
описменет. Ова ќ е го напише и во едно свое писмо до кнезот Милош, во
1833 година, каде што ќ е рече: ,, Не учихом во никое школо, ни па
растјехом во нјекија палати нашего јазика, ни во палати чуждија
вјери, но от зачала и до нинје пребиваем во гурбетлук во место
уничиженија, во запустении свјатих црквеј и монастиреј".

Монахот Кирил Пејчиновиќ сепак својот подвиг го гледал во


Македонија, каде по враѓањето од Света гора се упатил за Марковиот
манастир Св. Димитриј. Со сиот свој ентузијазам, посветеност и
упорност, тој започнува и завршува едно големо и богоугодно дело
возобновувањето на Марковиот манастир. Вреден и посветен на ова
дело, Кирил паралелно неуморно патува и собира книги, притоа сосема
скромно но, забалежително, оставајќ и го својот потпис, своето име на
ѕидовите , на камењата, врз писанијата што ги твори. Едноставно се
потпишува како Кирил. И додека така неуморно го воскреснува
Марковиот манастир , тој започнува со едно дело кое го запишува како
вистински просветител, вруток кој храбро ја нуди сета животна вода на
жедната средина за знаење. Го создава делото „Огледало“ на народен ,
тетовски говор, разбирлив за неукиот народ, разбирлив за сите што ќ е
го читаат.

И сега, пред очите може да го замислиме Игуменот Кирил како седи на


дрвено столче и со нескриен жар го пишува Огледало врз една изабена
дрвена масичка , во својата ќ елија на Марковиот манастир. Мижуркајќ и
врз секоја буква, со ситните плеќ и, надвиснат над хартијата, отецот се
труди врз секој збор. Ита перото да го запише скромното знаење на
црноризецот и тоа трае се додека не му се изморат очите. А потем, кога
веќ е уморот од пишувањето го совладува, тој го гаси фитилот од свеќ ата
и наместо замислено да го гледа чадот како се издига, ита да ги заврши
сите преостанати обврски околу манастирот и народот. Кирил мир
наоѓал во подвигот и работата, мирот постојано го барал, и постојано
работел, таа посветеност е негова карактерна особина.

Неговиот труд добива историско значење кога во 1816 година, од Будим


стигнало првото печатено издание на неговото прво дело ,,Огледало‘‘. Во
условите во кои делувал печатењето на книга е успех кој е над
границата на возможното. Кирил Пејчиновиќ со ова се придружува на
Јоаким Крчовски, со кој заедно се темелот на македонското
книгоиздателство, автори на првите книги на македонски јазик на
начин на кој е остварен стремежот писмената форма на македонскиот
јазик да има основа во народниот говор.

Самиот факт што веднаш започнало препишување на одредени делови


на ,, Огледало ‘‘ заради недоволниот број на примероци, а наспроти ова –
големата заинтересираност на манастирските ќ елијни училишта, Кирил
Пејчиновиќ пишува уште една книга : Утешением грешним. Со огромна
надеж за финансиска помош, отецот ја испраќ а оваа книга на српскиот
кнез Милош, но тука се судира со црковната цензура која не е задоволна
заради користењето на народниот тетовски говор и турцизмите. Но,
Кирил Пејчиновиќ не се откажува, па решението го гледа во навидум
неостварливото, успева да му помогне на Теодосиј Синаитски да ја
обнови опожарената македонска печатница во Солун и таму ја печати
својата втора книга, во 1840 година.

Неуморноста на овој македонски преродбеник, вистински подвижник по


жилавост и издржливост , се гледа и во неговиот успех во
возобновувањето на Лешочкиот манастир Св. Атанасиј. Неуморен во
својата замисла, Кирил Пејчиновиќ , заминува за родното Теарце, а потоа
во Лешок. Тука започнува со својот огромен духовен, но и животен
подвиг: го крева крепосното светилиште од урнатините и го заживува
ова место. Отецот Кирил Пејчиновиќ добива усрдна помош и од
тетовските големци и од селаните на Лешок. Камен по камен, молитва
по молитва, блеснува Лешочкиот манастир во сета своја полнота. Нема
друг пример каде една личност е единствената пресудна причина да
започне вакво монументално дело, Кирил е олицетворение на ова дело
ќ е заклучи Конески. Игуменот, по првата отслужена литургија,
ретроспективно осврнувајќ и се на процесот на обнова на манастирот,
пред народот ги кажува следните зборови:

„И кој радил и кој не радил, све Бог да ги простит, понеже должни

смо да се молимо и за брати наша. Ама од тогај до сега едни дојдоха


на покајание, едни се преставиха со чифотското сердце. Едни сат
уште живи а непокајани. Чуајте ги обичаите, чуајте а верата и
никоаш немојте да ми го забраете мојов манастир. ‘‘

Кирил полагал голема почит кон пишаниот збор, за него книгите биле
цел еден неоткриен свет, кој сакал на едноставен начин да го пренесе на
необразованата средина. Манастирот станал вистинско училиште, а
игуменот постојано повикувал на читање на книгите, па често
заклучувал:

,, Да не е писмо све би се заборавило, и Бог дали има или нема не би


се знаело.‘‘

Во своите беседи, отецот глаголи на разбирлив , тетовски говор. Знае тој


оти народот најдобро ќ е ја разбере поуката Божја ако ја слушне на свој
јазик, на народен и едноставен говор. Опомените, поуките, благословите,
житијата – се е блиску кога е кажано на говорот што секојдневно тој
напатен народ го слуша и го зборува.

Последните години од својот животен пат, Кирил Пејчиновиќ го работи


својот надгробен натпис познатиот епитаф. Иако нема некоја посебна
уметничка вредност, историското и јазичното значење на оваа
едноставна песна е огромно. Ова е првата забележана и напишана песна
во просветителскиот период на македонски народен јазик. Кирил
Пејчиновиќ не сакал да бидат заборавени ниту тој, ниту неговото дело.
Колку и да изгледа нескромно, Кирил сакал да остави трага за нас
денешните генерации, тоа е силно препознавање на релативноста на
времето и зрелост на неговата личност.

Отец Кирил Пејчиновиќ се претстави пред Господа на 12 март,

1845 лето Господово. И старо и младо дојде да го испрати до неговото

вечно почивалиште, во дворот на манастирот. Скромниот, простодушен

црноризец почина онаму каде што сакаше. Отиде да се одмори во својата

родна грутка. Народот, во свечен молк поминуваше покрај гробот и оние

што добија ука за читање на буквите од него, на неговата надгробна

плоча полека читаа:

Теарце му негово рождение,

Пречиста и Хиландар посрижение,

Лешок му е негоо воспитание,

Под плочава негоо почивание —

От негово свое отшествие


До Христово второ пришествие.

Молит вас, браќ а негои љубимија,

Хотјашчија прочитати сија.

Да речете: Бог да би го простил,

Заре у гроб црвите ги гостил

Овде лежи Кирилово тело,

У манастир и у Лешок село –

Дај бог за доброе дело.

You might also like