You are on page 1of 10

Локомоторен систем-потпорно движечки апарат

1. Скелетниот систем се изучува во посебен дел од анатомијата-остеологијата


(osteologia) која ги проучува и ги опишува коските.

Скелетот служи за потпора на мускулите и заштита на нежните внатрешни органи пр.


Черепниот и рбетниот мозок и др.

o Кај човекот, скелетот се формира за време на ембрионалниот развиток поминувајќи


три стадиуми.

1-во раниот ембрионален стадиум стадиум тој е претставен со хорда


2-Хордата се заменува со рскавично ткиво
3-Со самиот раст на ембрионот рскавицата преминува во коскена маса и овој процес се
нарекува осификација (создавање коскена маса)
o Некои делови од скелетот кои влегуваат во потпорни елементи остануваат во форма
на рскавица во текот на целиот живот пр: рскавичната површина на зглобовите,
гркланот, рскавичните прстени на душникот, крајните делови на ребрата, ушната
школка, врвот на носот.

2. Скелeтот претставува збир на скелетни органи-коски. Кај возрасен човек има 208
коски, кои се меѓусебно поврзани во стабилна функционална целина. Секоја коска во
системот има своја определа функција. Коските преку тетиви се поврзуваат со
скелетните мускули, со кои се обезбедува определен начин за нивно движење.

3. Структура на коските
 Ѕвездообразни коскени клетки (osteocyt)
Коскените клетки се поврзани меѓу себе со кусите продолжетоци и се распоредени
во коцентрични плочи (кругови) - ламели. Во средината на ламелите е сместен
централен Havers-ов канал во кој поминуваат крвни садови и нерви. Меѓу ламелите е
респределена минерализираната основна материја.
 Доколку ламелите се
 Густо збиени тогаш го формираат компактното-збиеното коскено ткиво
кое го гради површинскиот дел на компактната коска
 Разредени го формираат спонгиозното (сунѓересто) коскено ткиво на кое
му даваат растресит изглед. Се наоѓа во внатрешноста на коската
 Цврста основна меѓуклеточна материја што ја продуцираат самите клетки.
Состав:
 65% неоргански дел, Солите на калциумот, фосфатите и карбонатите -
од нивната концентрација зависи цврстината
 10% вода
 Остатокот го сочинува белковината осеин од кого зависи еластичноста
4. Морфологија на коските

Внатрешниот коскен канал е исполнет со


црвена коскена срцевина, во која до 25год се
врши создавање на крвни клетки (хемопоеза)
потоа претрпува масна дегенерација и
преминува во мозок. Коскената срцевина ја има
и во епифизата.
Ѕидот на коскениот коскениот канал е создаден
од компактно ткиво, низ него Havers-овото
каналче во кое се сместени крвните садови што
помагаат при нутрификација на коските и нерви
кои ја прават коската чувствителна.
Покосницата е надворешна обвивка на коските,
изградена од клетки кои за разлика од
остеоцитите ја задржале способноста за делба.
Со нивната активност коските растат во должина,
се здебелуваат и по повреда се обновуваат. До
20 год. Возраст покосницата е најактивна, со што
при стареењето станува се по пасивна што го
резултира бавното заздравување на коските кај
стари лица.
5. Типови коски
Коските се разликуваат според својата големина, форма, положба во скелетот и улогата
што ја вршат. Според формата тие се поделени на 3 основни групи:
цевчести: рамена-humerus, лакотна-ulna, палечна-radius, бутна-femur, голема писка- tibia,
малаписка- fibula
куси: пршлените, прстите-falanges, корен на шепата-ossa carpi, корен на стапалото-
ossatarsi
плоснати: карлична коска-os coxae, лопатка-scapula, коски на черепотossa cranii,градна
коска - sternum

5. Поврзување на коските
За да се обезбеди стабилност, заштита и потпора коските се поврзуваат со зглобови. Тие
можат да бидат:
 Неподвижни (синартрози) - имаат статичка функција. Според видот на
ткивото што ги поврзува се делат на фиброзни(влакнести) и рскавични.
Пр. За фибриозни се шевовите (suturi) на главата, а за рскавично е
поврзувањето на левата и десната половина на појасот на карличната
коска која при породување се набабрува и станува полуподвижен.
 Полуподвижни зглобови- имаат рамни зглобни површини, еднакви по
големина, кратка зглобна капсула и куси дебели врвки. Пр. Коските на
шепата, на стапалото и пршлените (меѓу кои е вметната рскавична
плоча(диск)
 Подвижни зглобови( articulatio)- доколку се зглобуваат две коски прават
прост зглоб, а кога се зглобуваат повеќе коски прават сложен збглоб
Главни елементи на подвижен зглоб:
A. Зглобна површина - најчесто се наоѓа на епифизите од долгите коски,
Зглобните површини се надополнуваат меѓу себе и најчесто на едната коска се
вдлабнати(чашката), а на другата коска е испакната главата. Зглобните
површини се обложени со рскавица која го олеснува лизгањето на коските, ги
амортизира ударите и потресите и доколку неправилно ја оптовариме се
оштетува
B. Зглобна празнина - просторот меѓу двете зглобни површини. Во неа се наоѓа
синовијална течност (лигава зглобна течност). Таа го подмачкува зглобот и со
тоа го намалува триењето меѓу соседните коски и учествува во
амортизирањето на ударите во движење.
C. Зглобна капсула(обвивка) која го обвиткува целиот зглоб и се состои од два
слоја: надворешен-цврст и внатрешен-еластичен. Внатрешниот слој е
синовијална мембрана, која ја лачи синовијалната течност и таа е збогатена со
крвни садови и нерви.
Споредни елементи на зглобот:
a. Зглобни врски (ligamenta) - влакнести ленти што ги поврзуваат краевите на
коските и ја зајакнуваат зглобната капсула. Се наоѓаат на местата на најсилно
функционално оптоварување на зглобот.
b. Сврзно-рскавични творби се сместени во зглобната празнина на некои зглобови
со цел да ги направат компактрни зглобните површини.

6. Ошпт план градба на скелет


Скелетот е поделен на:
A. Коски на глава + подјазична
a. Коски на лицето: солзна 2, носна 2, јаболчна 2, горновилична 2, непчена 2,
рало 1, подјазична 1, долновилична 1, долна носка школка 2.
b. Коски на черепот: темена 2, челна 1, клинеста 1, слепоочна 2, ситеста 1, тилна1
B. Скелет на трупот (рбетниот столб и градниот кош)
a. Рбетниот столб се состои од 33-34 пршлени, односно
i. 7вратни пршлени + 1 (atlas) носач на главата, вториот пршлен (naxis) е
завртувач на главата
ii. 12 градни
iii. 5 слабински
iv. 5 крсни (сраснати во крсната коска)
v. 4-5 опашни (сраснати во опашна коска)
b. Коски на градниот кош
i. Градна коска
ii. Ребра 12 пара : 1-7 вистински, 8-10 лажни, 11-12 слободни
C. Скелет на горните и долните екстремитети
a. Горни екстремитети: рамена-humerus, лакотна-ulna, палечна-radius, шепа
b. Долни екстремитети: буtрна- femur, голема писка-tibia, мала писка-fibula,
стапало
c. Карличен појас: карлична и крсна коска

Мускулен систем
 Myologia е науката која ги изучува мускулите во целина.
 Мускулниот систем опфаќа повеќе од 600 мускули
 Од вкупната телесна тежина околу 45%-50% е мускулна маса(40% скелетни мускули,
5%-10% мазните мускули и срцевиот мускул)
 Тие се во директна врска со нервиот систем од кои примаат нервни импулси, низ
него поминуваат крвни садови кои го снабдува со хранливи материи

1. Мускулно ткиво
A. Напречно-пругавото мускулно ткиво (скелетно бидејќи влегува во градба на
скелетните мускули). Неговит клетки-мускулни влакна се многу долги (5-12cm),
цилиндрични со рамни краеви, кои имаат способност да контрахираат по наша
воља. Мускулното влакно се состои од:
i. Сарколема-тенка мембрана која го обвиткува мускулното влакно
ii. Саркоплазма-дел од цитоплазмата, богато снабдена со хранливи
материи, електролити Mg и Ca, АТР и кератин фосфат како енергетски
извори. Содржи најголем број митохондрии, кои се во врска со
продукцијата на енергија за мускулната контракција
iii. Миофибрили(тенки влакненца) сместени во саркоплазмата кои се
одговорни за контракција. Тие содржат со два типа контрактилни
протеини актин и миозин, кои се наизменечно распоредени во
паралелни линии кои под микроскоп даваатбпечаток на темни и
светли зони.
B. Мазно мускулно ткиво - изградено е од вретеновидни клетки со заострени краеви.
Во саркоплазмата за разлика од напречно-пругавото ткиво, содржи едно јадро кое
е централно поставено, додека миофибрилите немаат наизменичен распоред.
o Од мазно мускулно ткиво се изградени: јајцеводите, крвните садови,
жолчните канали, желудникот, цревата, семеводите, мочниот меур,а се
наоѓаат и во кожата.
o Се нарекуваат висцеларни или мазно поради нивната положба во утробата -
viscera.
o Мазните мускули се стимулираат од вегетативни нерви(симпатички и
парасимпатички), извршуваат бавни, ритмички контракции кои се неволеви.
o По форма можат да бидат кружни(сфинтери) на природните отвори (анален
отвор, од желудникот во тенко црево, од жолчното ќесе во жолчен канал) и
плочести во вид на мускулни пластови во ѕидовите на внатрешните органи.
C. Срцевиот мускул (miocard) - според градба е сличен на напречно пругавите.
Разликата е во тоа што клетките се пократки и поврзани меѓусебе со
протоплазматични мостови кои формираат мрежа (sincicium). Поради ваквата
градба овозможене брзиот импулс да се шири низ мускулот, со што се обезбедува
неговата ритмичка работа. Има неволева контракција која е стимулирана преку
вегетативни нерви.

2. Скелетни мускули
 Мускулните влакна се распоредени едни врз други и се групираат во снопчиња кои се
обвиени со нежна, тенка мембрана. Повеќе мускулни снопчиња се соединуваат во
мускулни снопови, кои сега се обвиткуваат со заедничка сврза обвивка фасција, со
што се формира мускулот.
 Мускулот се поврзува преку тетиви со коската, тие навлегуваат во покосницата, па
дури и подлабоко. На тој начин силата на мускулот се распределува на поголема
површина од коската со што се овозможува извршување на понапорна работа.
 Од централниот нервен систем до секој мускул доаѓа по еден моторен нерв, преку
кој се испраќа наредба за извршување на определено движење. Движењето може да
биде стегање(контракција) или отпуштање(релаксација). Контракциите се волеви, а
силата на контракцијата на мускулите се пренесува на коските, со што се овозможува
нивното движење.

 Поделба:
o Долгите-вретеновидни мускули на екстремитетите, на кои забележуваме
проширен-активен дел, глава и два стеснети пасивни краеви, тетиви.Во однос
на колку глави поаѓаат со одделни тетиви, можат да бидат:
 Biceps: надлактицата, задните мускули на ногата
 Triceps: задниот дел на надлактицата
 Qvadriceps: правиот бутен мускул(најголем и најмоќен)
o Плочести: дијафрагмата, широкиот грбен мускул. Со форма на ладало
(слепоочен) перо, трапезовидни или да се косо поставени пр. Стомачните.
o Куси мускули најчесто овални пр: на очниот капак, на усните

3. Функција на мускулите
♦ Зглобовите кои учествуваат во првиткување на зглобот се нарекуваат флексори, а
оние кои придонесуваат за исправување се екстензори.
♦ Скелетните мускули кои зависат од подвижноста, насоката и видот на зглобовите
можат да бидат антагонисти-мускули кои вршат спротивна работапр. Бицепсот и
трицепсот, стомачните и грбните мускули или сингеристи-мускули кои делуваат
синхронизирано пр. Предните мускули на надлактот и подлактот
4. Mускулна контракција

Саркомерите се контактилни единици во чија структура влегуваат контрактилните


протеини. Движењето е резултат на движење (контракција и релаксација) на саркомерите.
При релаксација се оддалечуваат актин филаментите со што се издолжува мускулното
власкно. Кога актин филаментите лизгаат по миозин филаментите, мускулот се смалува.
Овој механизам е познат како теорија на лизгање на филаментите.
5. Видови мускулни контракции

Контракциите на мускулите се стимулираат со импулсите кои доаѓаат од черепниот,


рбетниот мозок и вегетативните нерви. Човековото тело содржи 250милиони мускулни
клетки и 420 000 нервни клетки. Во зависност од тоа колку нервни импулси доаѓаат од
мускулот, тој може да извршувс два типа мускулни контракции:

a. Поединечни контракции - кога еден импулс ќе дојде до мускулот и има една


контракција и една релаксација. Кај скелетните мускули брзината на
контракцијата изнесува неколку милисекунди, додека кај висцеларните 100 мили
секунди.
b. Сложени контракции (тетанус) - настануваат кај скелетните мускули. До мускулот
доаѓаат повеќе импулси еден по друг, без релаксација на мускулот, односно
контракцијата е подолга и мускулната сила се развива 4 пати поголема.

Назабен тетанус е кога временското растојание е подолго и следната дразба доаѓа


кога мускулот е отпуштен. А за да се постигне целосен тетанус, потребно е да се стигнат
40 контракцииц во една секунда. Тетанусната контракција по 15-20сек почнува д аопаѓа
како последица од замор.

6. Мускулна сила

Најголемата тежина што мускулите може да ја подигне с еопределува преку максималната


мускулна сила или максималниот мускулен тонус, што зависи од бројот на мускулните
влакна.

o Максималната мускулна сила е максималната тежина што мускулот може да ја


подигне.
o Апсолутната мускулна сила се дефинира како однос меѓу максималната сила на
мускулите што се развива на површина од 1цм2.

7. Мускулна работа
Скелетните мускули дури и во услови на мирување се во постојан тонус. Во зависност од
мускулната активност тие извршуваат динамичка или статичка работа.

a. Динамичка работа имаат мускулите на екстремитетите, во овие движења има


цела група на активни мускули. Изотонична контракција е контракција на
скелетните мускули се менува должината на мускулот, но не и тонусот.
Мускулите не се заморуваат толку брзо и имаат позитивни ефекти на
човековото здравје, како циркулацијата.
b. Статичка работа вршат мускулите што го држат телото во исправена положба,
во услови на мирување. Во оваа ситуација тонусот се менува додека должината
на мускулното влакно не се менува - изометриска контракција. За разлика од
динамичната работа оваа е понапорна и брзо ги заморува мускулите, поради
притисокот што го вршат мускулите врз крвните садови и го забавуваат
протокот на крв.

Енергијата што се троши за механичка работа е само 25%, а остатокот преминува во


топлотна енергија.

8. Замор-причини за замор
 Заморенсота на нервните центри кои постојано испраќаат наредби за соодветни
движења на мускулите
 Хемиски промени во ткивата и крвта, како последица од натрупување на
млечна и фосфорна киселина и јаглероден диоксид во мускулите, кои заради
обемната работа побавно се метаболизираат
 Осиромашување на мускулните клетки со гликоген, кој е основен избор на
обезбедување со енергија во активните ткива и мн други.

You might also like