You are on page 1of 24

БИЗНИС ПЛАН

ДОО-Мирор

Изработил:
Палитов Блашко
Содржина

Извршно резиме.................................................................................................................2
Општ опис на претпријатието / бизнис идејата..............................................................8
Општ опис на производи и услуги.................................................................................10
Анализа на пазарот и конкуренцијата...........................................................................12
SWOT АНАЛИЗА............................................................................................................14
Стратегија и имплементација.........................................................................................15
Менаџмент и организација..............................................................................................18
Претпоставки и ризици...................................................................................................20
Финансиски план............................................................................................................21

Извршно резиме

ДОО-Мирор е современ сервис за чистење кој ќе им ги намали трошоците за


овие активности на сите клиенти. Во овој бизнис план ќе бидат наведени
основните цели на компанијата, основните предности кои ги има. Воедно ќе биде
наведена и мисијата.

2
ДОО Мирор олеснувајќи им ја работата на своите партнери исто така ќе
остварува месечен приход од околу 330.000 денари, т.е. доста успешно работење
кое може да се види од проектираниот биланс на успех за наредниве 5 години.

Проектиран биланс на успех во рок од 5 години

ГОДИНА 1 2 3 4 5
ПРИХОДИ
Приходи од продажба 3.861.000 4.554.000 5.920.200 8.880.300 13.320.450
Трошоци на продажба 1.188.000 1.366.200 1.776.060 2.664.090 3.996.135

Оперативен профит 2.673.000 3.187.800 4.144.140 6.216.210 9.324.315


Други приходи
Вкупно 2.673.000 3.187.800 4.144.140 6.216.210 9.324.315

Фиксни трошоци 3.076.300 3.078.240 3.324.499 3.523.969 3.629.688


Амортизација 53.400 53.400 53.400 53.400 53.400
Вкупни трошоци 3.129.700 3.131.640 3.377.899 3.577.369 3.683.088

Добивка пред даноци и


дивиденди -456.700 56.160 766.241 2.638.841 5.641.227

Даноци 8.424 114.936 395.826 846.184


Дивиденди

Нераспределена добивка
(загуба) -456.700 47.736 651.305 2.243.015 4.795.043

Овој бизнис план ќе им овозможи на сите стекхолдери да ги увидат


предностите од соработката со ДОО-Мирор.

Основни цели на на компанијата се:


• Чистење и одржување на капитални објекти (банки, пошта,
административни центри и други јавни објекти);
• Одржување на парковите и зеленилото на ниво на општината;

3
• Завршно чистење на новоизградените објекти т.е. чистење пред
чинот на примопредавање на објектот.
• Чистење на куќи и станови, одржување на дворови

Со овие активности ќе се овозможи


намалување на трошоците околу одржување
на чистотата на горенаведените субјекти.
Посебно ова се однесува на капиталните
објекти. Граѓаните ќе добијат прекрасни места
за релаксација, имајќи чисти паркови.
Градежните фирми ќе станат поатрактивни
користејќи ги услугите на сервисот бидејќи
новоизградените објекти ќе бидат предадени во беспрекорна чистота.

ДОО Мирор постои за да ги задоволи сите потреби околу чистотата.


Намалување на трошоците од оваа област. Во иднина ќе бидат специјализирани
тимови за извршување на секоја услуга одделно со што ќе се зголеми ефикасноста,
а воедно и задоволството на клиентите.
Нашите потенцијални клиенти денес вработувајќи луѓе и формирајќи
посебни сектори за овие активности својата добивка ја оптоваруваат со
дополнителни трошоци кои можат со помош на ДОО Мирор да бидат намалени за
околу 30 до 40%. Исто така градежните претпријатија ќе добијат професионално
чистење, со што ќе можат нивните вработени да ги користат за активности за кои
се вработени.
Затоа ДОО-Мирор ќе стане поим за чистота во општината, па и во целиот
Штипски регион. Во иднина ќе бидат формирани повеќе тимови, секој
специјализиран за одреден сегмент од бизнисот.

На почетокот ДОО-Мирор ја има следнава организациона структура:

4
1. Стојановски Игор, 28 години. Има повеќегодишно искуство во ваква
фирма во странство. Сака да го донесе своето искуство и својот
капитал во Македонија.
2. Веселинов Горан, 23 години, студент. Нема никакво работно
искуство од ова област. Има знаење и способности од областа на
бизнисот и претприемништвото, финансиско-сметководствени
работи и сл..
3. Витанов Мите, 23 години, невработен. Има работено во градежно
претпријатие. Без работно искуство од оваа област.
4. Филчев Ѓорѓи, 30 години. Повеќе годишно работно искуство околу
одржување на паркови и зеленила.

Финансиските трошоци околу започнувањето со работа на ДОО-Мирор во


целост ќе бидат покриени од сопствениците Стоиловски Игор и Марков Тони. А
тие изгледаат вака:

5
Намена на средствата Износ Кумолативно
1. Регистрација 12.000 12.000
2. Простор
• 40 м² магацин 5.000
• 20 м² канцеларија 4.000 9.000
3. Машини
• Машина за чистење 180.000
• Косачка 36.000

• Помошни алатки за
чистење прозорци и
мебел 20.000

• Автомобил со
приколка 120.000 356.000
4. Вработени
• Плати 87.000
• Придонеси 60.900 147.900
5. Телефон, струја гориво 56.000 56.000
6. Други трошоци 20.000 20.000
Вкупно почетни трошоци 460.900
7. Обртни средства 30.000 30.000
Вкупно почетен капитал 630.900

6
Почетниот капитал е веќе обезбеден. За проширување на бизнисот ќе се
користат средствата од акомулираната добивка кој ќе се остварува или пак од
задолжување кај некоја од банките.

Успехот од работењето на ДОО Мирор е неизбежен. Тоа пред се се должи


на фактот што се работи со најсовремени WAP- Германски машини. Искуството од
работењето во странство се пренесува кај сите вработени. Дополнителните
контроли кои ќе се извршуваат по секоја извршена работа. Конкуренцијата во овој
сектор не е така голема. Единствената конкуренција која ја има е сервис за чистење
од Куманово кој има сериозен проблем со транспортните трошоци со што
дополнително им ја зголемува цената на услугата.

7
Општ опис на претпријатието / бизнис
идејата

Трошоците за основање на претпријатието изнесуваат околу 12000 денари.


Ова се основните трошоци кои ги уплаќаат сопствениците за формирање на еден
еден мал бизнис од овој калибар. Во администартивни трошоци се вклучени
трошоците околу отварање на нова жиро сметка, организирање на
сметководството, т.е. ангажирање на надворешен консултант кој ке ги врши
сметководствените работи бидејќи за ДОО Мирор е прескапо и мало е
претпријатието за да се има сопствен сектор за сметководство. Логото на
претпријатието е формирано од страна на сопствениците. Овде трошоци има само
околу изведбата на идејата. Тие изнесуваат околу 6000 денари. Тука е вклучена и
изработка на светлечка реклама која ќе се инсталира на влезот од канцеларијата на
ДОО Мирор. Во трошоци за канцелариски материјал накголем дел завзема
компјутерот кој чини 32000 денари. Останатите ситни материјали како телефон,
калкулатор, хартија, влезно-излезни документи (каса прими, каса исплати и
слични). Овие трошоци се 5000 денари. Во овие трошоци може да се спомнат и
трошоците за изработка на промотивен материјал: пенкала, запалки, нотеси,
календарчиња. Ова чини околу 10000 денари.

Мирор е регистрирано како ДОО (друштво со ограничена одговорност).


Познато е дека ова е најнесигурна форма на оргинизација за кредиторите, а обратно
најсигурна за сопствениците. Токму и поради тие карактеристики е избрана оваа
форма на организација бидејќи целокупните трошоци за стартување, па и во
понатамошните активности на претпријатието ќе бидат покриени од страна на
сопствениците. Кога ќе се позиционира ДОО Мирор на пазарот и кога ќе има
амбиент за проширување ќе се промени формата во акционерско друштво.
Знаеме дека осигурувањето на почетен капитал е доста тешка работа, а исто
така голем трошок имајќи ги во предвид каматните стапки кај нас. Затоа решивме
оваа претпријатие да се формира од сопствени расположливи средства.

8
Основачкиот влог изнесува околу 500.000 денари Основачи се Стоиловски Игор со
70% сопственост на капиталот и Тони Марков со 30% влог. Дел од основачкиот
влог е во физички средства.

Седиштето на ДОО Мирор е на ул. Железничка бр 28/А. Сместено е на


простор од 60 м² од кои 20 м² отпаѓаат на канцеларија, а останатиот дел од 40 м² се
магацински простор. Според договорот за закуп на просторот склучен со
сопственикот Филчев Ванчо месечната наемнина изнесува 9000 денари. Овде се
вклучени и трошоци за електрична енергија и комуналии. Оваа локација според
сите свои карактеристики е најдобра за претпријатието поради повеќе причини.
Прво наемнината е доста прифатлива. Основна причина за тоа е што се наоѓа на
периферијата од населеното место, но карактерот на дејноста со која се занимава
ДОО Мирор и не бара некоја атрактивна локација од основна причина што е
услужно ретпријатие и услугата се извршува не во претпријатието тука таму каде
што е потребно. Друга предност е тоа што иако е на периферија доста е достапна.

Техничката опременост на претпријатието е доволна за моменталниот


капацитет. Во однина со проширувањето и формирањето на повеќе
специјализирани тимови ќе се подобри и техночката опременост. А таа сега се
состои во следново:
1. Мултинаменска машина за чистење кој како основно се користи за чистење
на подни површини. Достапна е за чистење на секакви подни површини. До
додатното чистење со вода се прочистува и воздухот. Може да се користи и
за перење на теписи и теписони.
2. Косалка која работи на погон на бензински мотор.
3. Таканаречен ситен инвентар во кој спаѓаат разни крпи, четки и слични
работи.
4. Детергенти кои се неопходни за оваа дејност.
5. Автомобил со приколка за транспорт.

9
Општ опис на производи и услуги

Основна услуга која ја нуди ДОО Мирор е чистење на секаков вид на


простории. Ова е доста широко кажана па може да се извлечат неколку различни
услуги како:
1. Чисење на подни површини
2. Чистење на подни површини кои се покриени со теписи, теписони (нивни
перење)
3. Чистење и полирање на мебел
4. Чистење на прозорци
5. Чистење на тоалети и бањи
6. Други слични работи .

Овие услуги се нудат на правни и физички лица. Можно е и склучување на


месечни или пак годишни договори за редовно или периодично чистење за кое пак
следува попуст. Цената за секоја услуга се одредува поединечно со проценка.

Исто така ДОО Мирор нуди и услуги околу


одржување на паркови и зеленила за кои цената се
утврдува поединечно.

Моментално на пазарот кој ќе биде


услужуван од ДОО Мирор има само едно конкурентско претпријатие кое нуди
некомплетни услуги, т.е. врши само чистење на простории. Услугите околу
одржување на парковите и зеленилата ги вршат и некои физички лица кои тоа го
вршат непрофесионално. ДОО Мирор нуди комплетни, навремени услуги и по
најповолни услови и најниски цени.

Ситниот инвентар, кој најголем дел го опфаќаат детергенти и други средства


за чистење се набавуваат од супермаркети и магацини во околината со одреден

10
количински попуст. Претпријатието е во потрага по добавувач кој ќе понуди
подобри услови за вршење на набавките на претпријатието со овие основни
репроматеријали.
Резервните делови за машините кои се користат за обавување на дејноста се
набавуваат од произведителот. Поправки врши дистрибутерот, кој воедно
гарантира за истите.
Клиентите треба да бидат сигурни дека за чистење на нивните објекти
секогаш ќе бидат користени висококвалитетни детергенти кои немаат никакви
штетни ефекти врз нивната сопственст. Секогаш ќе имаат чисти простории кои не
само што ќе изгледаат поубаво и ќе бидат дезифекцирани туку и ќе мирисаат
поубаво. Оние кои сакаат поубави паркови и дворови со сигурност ќе го добиат
тоа. За тоа најголемо влијание има искуството кое го имат донесено дел од
вработените од странство. Исто така вредно е да се напоменат WAP- машините за
чистење со специјални филтри кои детално чистат и имаат посебни филтри кои
воедно го прочистуваат воздухот, а имаат и голема всмукувачка моќ.

Претпријатието има за план во иднина да направи нешто добро и за нашите


иселеници во странство. Знаеме дека тие ги оставаат своите домови на милост и
немилост. Затоа се планира да им се понуди да им бидат домовите во најубав ред.
И тоа во смисла секогаш да им бидат чисти и убаво уредени. Па кога ќе се вратат
дома да не го користат половина од својот одмор во средување и чистење туку
уште првиот ден да ја почуствуваат топлината на родното огниште.

11
Исто така ке биде воведена и нова услуга за чистење на автомобили,
камиони и автобуси. Со оваа услуга сакаме да ги задоволиме потрошувачите кои
навистина имаат потреба од неа, ама во нашиот крај не им е достапна вистински.

Анализа на пазарот и конкуренцијата

ДОО Мирор на поќетокот ќе опслужува околу 50% од пазарниот


потенцијал. Клиентите на ДОО Мирор воглавно се поделени во три категории и тоа
прво се јавните установи потоа приватните претпријатија и на крај се физиќките
лица.
Од потенцијалот на пазарот околу 70% ќе биде наменет за обслужување на
јавните претпријатија. Овие претпријатија пред се се сконцентрирани во Ново
Село, а дел од нив се наоѓаат и во други локации но пред се тие се во атараот на
општината. Целиот овој сегмент има потреба од чистење на нивните простории.
Тоа пред се се должи на нивната реконструкција при што беше увидено дека
значително им се намалуваат трошоците за чистење ако се ангашираат надворешни
субјекти за оваа намена одколку да вработуваа лица кои ќе ја вршаат оваа дејност.
20 % од потенцијалот на пазарот ќе се насочи на градежните претпријатија.
Овие претпријатија немаат секојдневна потреба од услугите на ДОО Мирор. Имаат
потреба само по завршување на градежните работи. Локацијата на активностите не
е константна и може да се движи ви опжтината, но и надвор од неа. Активностие
овде пред се се однесуваат на чистење на новоизградените објекти кои се готови да
се дадат во употреба т.е. да се изврши чинот на примопредавање на објектот. Овде
може по потреба и да се врши уредување на дворовите. Битно е овде да се остави
доста добар впечаток затоа што физичките лица се третиот сегмент на клиенти кои
ѓи опслужува претпријатието.
За сегментот на физичките лица се користи некаде околу 10% од
расположливиот капацитет на претпријатието. Овој сегмент за ДОО Мирор е доста

12
значаен поради специфичноста на местото каде што дејствува и поради идните
планови на претпријатието кое планира овој сегмент да искористува околу 20 % од
потенцијалот на претпријатието. Специфично е тоа што околу 40% од населението
во општината живее и работи во странство. Овие луѓе само 2-3 недели во годината
поминуваат во своите домови. Имаат пари и сакат уредени дворови. Исто така
нивните домови се донекаде запоставени и враќајќи се дома тие мораат да одделат
голем дел од своето време на чистење на домот. Затоа претпријатието им стои на
располагање тоа да го направи за нив пре да се вратат дома. Сега мал дел од
капацитетот се користи за оваа намена поради недовербата која сеуште постои кај
овие лица.
Пазарот на кој е сконцентриран ДОО Мирор е опслужуван од едно
конкурентско претпријатие. Тоа претпријатие е сконцентрирано само на сегментот
јавни установи и засега го опслужува повеќе од 50% од овој сегмент. Слаба страна
им е тоа што нивната локација е дури во Куманово и имаат големи транспортни
трошоци. Но мора да се напомене дека ова претпријатие постои повеќе години и
има доста големо искуство во работата.
ДОО Мирор нема големи средства да троши за промотивни активности. Ќе
се дава еден краток рекламен спот од неколку минути на локалните телевизии кој
ќе чини околу 500 евра за едномесечно презентирање. Друг начин на промоција ќе
биде личното комуницирање.

13
SWOT АНАЛИЗА

Strengths (предности): Weaknesses (Слабости):


1. Опременост 1. Неискуство на дел од
2. Искуство на дел од вработените вработените
3. Локација 2. Сеуште не е стекната доверба кај
4. Доверба секторот на физичките лица
3. Немање сеуште навика на
населението и претпријатијата за
користење на ваков вид на
услуги
Opportunities (Можности): Threats (Закани):
1. Воведување на нова услуга 1. Зголемување на конкуренцијата
(внатрешно чистење на 2. Немање на доволно остручен
автомобили, автобуси камиони) кадар за формирање на тимови
2. Формирање на посебни тимови
специјализирани за секоја услуга
одделно
3. Лидер во својата област

14
Стратегија и имплементација

Како што се знае од предходно целни групи на претпријатието ДОО Мирор


целни групу му се:
Од потенцијалот на пазарот околу 75% ќе биде наменет за обслужување на
јавните претпријатија. Овие претпријатија пред се се сконцентрирани во Ново
Село, а дел од нив се наоѓаат и во други локации но пред се тие се во атараот на
општината. Целиот овој сегмент има потреба од чистење на нивните простории.
Тоа пред се се должи на нивната реконструкција при што беше увидено дека
значително им се намалуваат трошоците за чистење ако се ангашираат надворешни
субјекти за оваа намена одколку да вработуваа лица кои ќе ја вршаат оваа дејност.
20 % од потенцијалот на пазарот ќе се насочи на градежните претпријатија.
Овие претпријатија немаат секојдневна потреба од услугите на ДОО Мирор. Имаат
потреба само по завршување на градежните работи. Локацијата на активностите не
е константна и може да се движи ви опжтината, но и надвор од неа. Активностие
овде пред се се однесуваат на чистење на новоизградените објекти кои се готови да
се дадат во употреба т.е. да се изврши чинот на примопредавање на објектот. Овде
може по потреба и да се врши уредување на дворовите. Битно е овде да се остави
доста добар впечаток затоа што физичките лица се третиот сегмент на клиенти кои
ѓи опслужува претпријатието.
За сегментот на физичките лица се користи некаде околу 5% од
расположливиот капацитет на претпријатието. Овој сегмент за ДОО Мирор е доста
значаен поради специфичноста на местото каде што дејствува и поради идните
планови на претпријатието кое планира овој сегмент да искористува околу 20 % од
потенцијалот на претпријатието. Специфично е тоа што околу 40% од населението
во општината живее и работи во странство. Овие луѓе само 2-3 недели во годината
поминуваат во своите домови. Имаат пари и сакат уредени дворови. Исто така
нивните домови се донекаде запоставени и враќајќи се дома тие мораат да одделат
голем дел од своето време на чистење на домот. Затоа претпријатието им стои на
располагање тоа да го направи за нив пре да се вратат дома. Сега мал дел од

15
капацитетот се користи за оваа намена поради недовербата која сеуште постои кај
овие лица.

На почетокот цената на услугите на ДОО Мирор се утврдуваат пред се врз


основа на цените на конкурентот. Но овие цени ке бидат малку редуцирани поради
намалувањето на транспортните трошоци и пред се ќе бидат искоростени и како
пенетрирачки цени со кои се сака да се освои што поголем дел од расположливиот
пазар. Сепак пред да се одпочне со работење ќе се изврши истражување на пазарот
за да се увиде кои цени им одговаараат на потенцијалните клиенти. Ова пред се ќе
биде за почетокот на работењето. Но потоа цените ќе се одредуваат пред се со
лична проценка и во зависност од трошоците за одредената услуга, бидејќи
услугите кои ги нуди ДОО Мирор не се ограничени ниту пак стандардизирани. За
стратешките партнери, пак, или за претпријатијата со кои ДОО Мирор ќе има
склучени ексклузивни договори за одредена услуга во цената ќе биде вклучен и
попуст кој исто така ќе се утврди со посебна проценка.

Промотивните активности на ДОО Мирор пред се ке се одвоваат на


почотекот со лични промотивни активности. За тоа ке се оди лично кај секој
потенцијален клиент пред се кај јавните претпријатија и кај градежните
претпријатија. Ќе им се презентира услугата, начинот на извршување, цена и некои
додатни информации кои нив лично ги интерисираат. Овие промотивни активности
ќе се искористат и за собирање на повратни информации со цел да се измени нешто
во стратегијата, начинот на извршување на услугата, цената, се со цел за да биде
како им одговара на клиентите.
Потоа, одкога ќе се започне со работење ќе се пушти рекламен спот на
локалните радија и телевизии, пред се за запознавање на помалите претпријатија и
физичките лица за постоењето и активностите на ДОО Мирор. Може за некои
свечености или празници да се користат други пропагандни средства. Ќе се обрати
посебно внимание на публиитетот за кој се смета дека е најдобро пропагандно
средство, а и е бесплатен.

16
Поради карактерот на услугата нема потреба од некоја дистрибутивна
стратегија. Карактерот на услугата е таков што услугата се извршува кај клиентот
со или без негово лично присуство.

Претпријатието ДОО Мирор има стратешко партнерство со градежното


претпријатие „Рико градба“ од Ново Село. Ова претпријатие завршните работи
околу чистење и уредување на своите новоизградени објекти ќе ги доверува на
ДОО Мирор. Во своите промотивни активности секогаш е застапено и ДОО
Мирор. Исто така после секој новоизграден дом ова претпријатие кај претпријатие
шири доста позитивен публицитет за нас и им ги наведува услугите кои ние
можеме да ги извршиме за нив.

17
Менаџмент и организација

ДОО Мирор е во сопственост на Стојановски Игор и Веселинов Горан.


Капиталот е обезбеден од сопствениците и тоа 70% од Стоиловски Игор и 30% од
Тони Марков.
Претпријатието на почетокот поради малиот интензитет на работа и малиот
број на вработени ја има следнава организациона структура:

Менаџер
Стојановски Игор

Сметководство, финансии и односи


со јавноста
Веселинов Горан

Одговорен за внатрешно Одговорен за паркови и


чистење зеленило
Витанов Мите Филчев Ѓорѓи

Оваа организациона структура има доста слабости затоа што на


претпријатието му требат уште работници кои ќе бидат во посебни тимови како
тим за чистење на ентериери и тим за одржување на паркови и зеленила.

18
Но и покрај оваа слабост на организацијата на
претпријатието има и доста јаки страни.
Стоиловски Игор има огромно искуство во
сите работи. Ова искуство е стекнато како лидер на
тим од дестина луѓе кој има работено во странство.
Игор е добар и во пренесување на искуството на другите вработени, а исто така и
добар мотиватор.
Потоа Стојановски Игор кој нема лично искуство во оваа дејност но затоа
пак е добар во сметководство и финансии. Не само поради тоа што тоа го има
научено на факултет, туку има и волонтирано во фабриката „Фагуст продукт“ од
Ново Село каде има асистирано во работата од областа на сметководство и
финансии. Исто така е доста комунативен и тоа му помага да биде добар во
односите со јавноста.
Веселинов Горан нема некое поголемо искуство ноговиот карактер
гарантира дека е добар во чистењето на ентериери. Понатаму ќе се формира и тим
кој ќе биде под негово лично водство кој ќе биде специјализиран за тие работи.
Филчев Ѓорѓи има искуство во својата област како повеќегодишен работник
во ЈПКД „Комуна“ од Ново Село и тоа како одржувач на паркови и зеленила. Исто
така ќе се формира и тим за таа намена кој ќе биде под негово водство.
Исто така да се напомене дека сите погоре наведени на почетокот директни
ќе ги извршуваат сите активности, т.е. директно ќе работат на терен и тоа од
причини што, прво, недостасува работници, мал интензитет на работа, но и второ,
од причина што треба да се стекне лично искуство. Ова искуство ќе биде пренесено
пред се од страна на Стоиловски Игор, но и од Ѓорѓи Филчев.

19
Претпоставки и ризици

Претпријатието си прогнозира доста светла иднина. И тоа се планира да се


стане лидер од оваа област во целиот Штипски регион. И тоа да се формира повеќе
посебни тимови кои ќе бидат специјализирани за одредени работи од оваа област.
Со цел сме да бидеме десна рака за чистота на сите капитални објекти. Исто така во
иднина се планираат и воведување на нови услуги како што е на пример внатрешно
чистење на автомобили, автобуси и камиони.

Но и ризиците се доста големи. Знаејки дека ова е доста нова дејност во нашиот
крај па и пошироко, можно е навлегување на јака конкуренција затоа што оваа
облас во иднина ќе биде доста атрактивна. Тоа е пред се поради фактот што ова е
нов тренд но и можност за вработување и остварување на добар профит.
Но ние сме спремни на се. Затоа што сме први во нашиот регион и затоа што
кога ќе се појави нова конкуренција со радост ќе ја прифатиме и ќе ни овозможи да
станеме уште подобри.

20
Финансиски план

ДОО Мирор пред себе има светла иднина. Тоа пред се може да се види од
наведениот планиран биланс на успех од извршното резиме. Се гледа дека
претпријатието има доста позитивен тренд на неговите приходи. Претпоставуваме
дека тој ке биде усте подобар ако се стабилизира побрзо од нашите претпоставки
инфлацијата која ја следи нашата економија. Исто така претпоставуваме во иднина
да се има доста атрактивна клима за странски инвеститори, со што би се отвориле
нови производствени или слични капацитети и ние би соработувале со нив со што
ќе го зголемиме приходот и бројот на вработени, а со тоа и обемот на работата.
Исто така планираниот успех кој е пред нас ќе може да се види и од подолу
наведените показатели.

Во врска со билансот на успех може уште да напоменеме дека претпријатието во


првата година ќе работи со загуба. Тоа пред се ќе биде големиот трошок за почетни
инвестиции. Но од втората година па натаму претпријатието пред себе има ништо
друго освен добивка.

Исто така вреди да се напомене нешто и за проектираниот готовински тек за


првите 5 години.

21
Проектиран биланс на
успех 5 години

ГОДИНА 1 2 3 4 5
ПРИХОДИ
Приходи од продажба 3.861.000 4.554.000 5.920.200 8.880.300 13.320.450
Трошоци на продажба 1.188.000 1.366.200 1.776.060 2.664.090 3.996.135

Оперативен профит 2.673.000 3.187.800 4.144.140 6.216.210 9.324.315


Други приходи
Вкупно 2.673.000 3.187.800 4.144.140 6.216.210 9.324.315

Фиксни трошоци 3.076.300 3.078.240 3.324.499 3.523.969 3.629.688


Амортизација 53.400 53.400 53.400 53.400 53.400
Вкупни трошоци 3.129.700 3.131.640 3.377.899 3.577.369 3.683.088

Добивка пред даноци и


дивиденди -456.700 56.160 766.241 2.638.841 5.641.227

Даноци 8.424 114.936 395.826 846.184


Дивиденди

Нераспределена добивка
(загуба) -456.700 47.736 651.305 2.243.015 4.795.043

Може да се види дека како и во билансот на успех така и во проектираниот


готовински тек дека во првата година се има негативен готовински тек, но ако се
има некој посериозен проблем тоа може да се реши со краткорочен кредит кој е
доста полесен за обезбедување кога претпријатието постои. Од овде може да се
види дека одливот на пари за варијабилните трошоци секоја година се зголемува.
Тоа пред се се должи на зголемувањето на обемот на работата. Но за таа сметка се
зголемуваат и приходите од продажбата, т.е. паричните приливи. Ова е уште еден
показател за нашата сериозност.

22
Вкупни приходи 3.861.000 4.554.000 5.920.200 8.880.300 13.320.450

РАСХОДИ 4.620.300 4.444.440 5.100.559 6.188.059 7.625.823


Трошоци на прва продажба 1.188.000 1.366.200 1.776.060 2.664.090 3.996.135
Трошоци на основање 630.900
Плати 1.774.800 1.952.280 2.108.462 2.234.970 2.302.019
Почетни
трошоци(еднократни) 3.000
Административни трошоци 3.600 3.960 4.277 4.533 4.669
Камата
Осигурување
Закупнина 108.000 118.800 128.304 136.002 140.082
Струја, телефон, вода и сл. 672.000 739.200 798.336 846.236 871.623
Банкарска провизија
Професионални услуги
Промоција/реклама 30.000 33.000 35.640 37.778 38.912
Транспортни (патни)
трошоци 120.000 132.000 142.560 151.114 155.647

Осигурување
Останати трошоци 90.000 99.000 106.920 113.335 116.735
Други трошоци 1,2 и 3
Отплата на главница
Даноци 8.424 114.936 395.826 846.184
Дивиденди

Вкупни Расходи 4.620.300 4.452.864 5.215.495 6.583.885 8.472.007

Нето готовински тек -759.300 101.136 704.705 2.296.415 4.848.443


Кумулиран готовински тек 240.700 341.836 1.046.541 3.342.955 8.191.398

23
Да кажеме нешто и за планираниот биланс на состојба. Од него може да се
види дека секоја година капиталот на претпријатието се зголемува, но се намалува
вредноста на опремата. Ова е само проекција според сегашната состојба. Има
Големо зголемување во делот на готовината. Се планира со
зголемувањето на обемот на работата голем дел од оваа готовина да се реинвестира
во нова опрема или пак некое ново транспортно средство. Исто така може да се
види дека делот за акомулиран профит има негативна големина. Се поставува
прапањето од каде пак финасии за работење. Како преживува претпријатието. Но
од билансот на успех може да се види дека веќе во втората година се работи со
добивка. Еве како би изгледал проектираниот биланс на состојба за првите пет
години.

Почетен
Година 1 2 3 4 5
биланс
АКТИВА
Земјиште
и згради
Опрема и машини 356.000 302.600 249.200 195.800 142.400 89.000
Готовина 369.100 240.700 341.836 1.046.541 3.342.955 8.191.398
Други средства 274.900 274.900 302.390 326.581 346.176 356.561

Вкупно Актива 1.000.000 818.200 893.426 1.568.922 3.831.531 8.636.960

ПАСИВА

Банкарски кредити
Обврски
Запишан капитал 1.000.000 1.274.900 1.302.390 1.326.581 1.346.176 1.356.561
Орифит од тековната
година -456.700 47.736 651.305 2.243.015 4.795.043
Акумулиран профит -456.700 -408.964 242.341 2.485.355

Вкупно пасива 1.000.000 818.200 893.426 1.568.922 3.831.531 8.636.960

24

You might also like