You are on page 1of 3

1. Што претставува редовна, а што периодична анализа на квалитет на водата?

2. Објасни го физичкиот параметар ,,БОЈА” на водата!

3. Објасни го процесот на денитрификација при пречистување на водата!

4. Наведи кои се најчесто употребувани технолошки шеми за пречистување на површинска


вода. Скицирај и кратко опиши ја конвенционалната шема!

5. Скицирај и објасни ја примената на индустриските водоснабдителни норми со


рециркулациона употреба на водата!

6. Наведи ги можните начини за барање на подземна вода. Објасни го методот на барање со


помош на геофизиката!

7. Зошто и кога се применува сериската инсталација на пумпните агрегати? Скицирај дијаграм


на сериска работа на два исти пумпни агрегати и карактеристични криви на потесниот
цевковод!

8.

9. Наведи какви канализациони системи постојат. Скицирај и објасни ја примената на општ


канализационен систем!

10. Објасни во кои услови ги применуваме јајцевидниот, бакетвиден и устестиот профил на


канал во канализација!

11. Наведи кои позначајни објекти се сретнуваат во канализационите системи. Скицирај


каскадна шахта со хидраулична форма на дното. Каде се применува ваков вид на каскадна
шахта?

12. При определување на бројот и растојанието помеѓу пумпните станици, на потег со ист
наклон и должина, кога се врши поголема потрошувачка на електрична енергија, со примена на
повеќе или помалку пумпни станици. Зошто е тоа така? Да се објасни со скица и формула!

13. Наведи по кој редослед треба да се одвиваат работите при изведување на канализациона
мрежа. Објасни ги можните начини на спуштање на нивото на подземна вода за безбедно
изведување на канализацијата!

14. Кратко објасни ги процесите на испуштање на кислород и реаерација во реципиентите!

15. Од кои параметри зависи брзината на мешање помеѓу каналската и речната вода?

16. Наведи како се групирани процесите за пречистување на главната линија на пречистување


на отпадните води. Што претставуваат секундарни процеси?
ПРАШАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ КОМУНАЛНА ХИДРОТЕХНИКА

I група:

1. Што претставува вискозност на водата и каква е промената на вискозноста во зависност од


температурата?

2. Објасни го бројот на честички на водата како индикатор на неоргански квалитет на водата!

3. Што претставуваат бактериите, како се поделени и како влијаат врз водата кога се присутни
во неа?

4. Објасни го процесот на флотација при пречистување на водата!

5. Објасни го процесот на нитрификација при пречистување на водата!

6. Наведи неколку начини на третман на вкус и мирис на водата и објасни ја нивната примена!

7. Наведи неколку начини на третман на матност на водата и објасни ја нивната примена!

8. Наведи кои се најчесто применувани технолошки шеми за пречистување на подземна вода.


Скицирај и кратко објасни ја ,,Технолошката шема за отстранување на железо и манган”!

9. Скицирај и објасни ја можната функционална повразаност на компонентите на еден


водоснабдителен систем!

10. Скицирај и објасни ја примената на парелелно зониран пумпен водоснабдителен систем!

11. Наведи кои се варијациите на потрошувачка на вода во водоснабдителните системи.


Објасни ги сезонските (дневни) варијации!

12. Скицирај и објасни како се определуваат проточните количини низ главните цевки од
резервоарот до населеното место при водоснабдителен систем со резервоар пред населеното
место!

13. Наведи ги можните начини на барање на подземна вода. Објасни го методот на барање со
помош на магична прачка!

14. Наведи ги можните начини за определување на количина на подземна вода. Објасни го


методот според податоци од хидрометриските мерења!

15. Како се изведуваат бушени бунари на поголеми длабочини? Како се врши редуцирање на
дијаметарот на цевката и како се определува дијаметарот на цевките на бушени бунари?

16. Скицирај карактеристични параметри за совршен бунар и објасни ги основните равенки за


определување на издашноста на таков бунар!
ПРАШАЊА ПО ПРЕДМЕТОТ КОМУНАЛНА ХИДРОТЕХНИКА

II група:

1. Објасни ја зависноста помеѓу температурата и густината на водата. На која температура


водата има најголема густина?

2. Објасни ја матноста на водата како индикатор на неоргански квалитет на водата!

3. Во зависност од температурата , какви видови на микроорганизми постојат и кој е нивниот


ориентационен температурен опсег?

4. Објасни го процесот на хемиска коагулација при пречистување на водата!

5. Објасни го процесот на хемиска оксидација при пречистување на водата!

6. Наведи неколку начини на третман на тврдина на водата и објасни ја нивната примена!

7. Наведи неколку начини на третман на алги на водата и објасни ја нивната примена!

8. Наведи кои се најчесто применувани технолошки шеми за пречистување на површинска


вода. Скицирај и кратко објасни ја ,,Директната и контактна филтрација”!

9. Наведи ги главните компоненти со нивните подкомпоненти на еден водоснабдителен


систем!

10. Скицирај и објасни ја примената на сериски зониран пумпен водоснабдителен систем!

11. Наведи кои се варијациите на потрошувачка на вода во водоснабдителните системи.


Објасни ги годишните варијации!

12. Објасни како се определува проточната количина на вода во доводни цевководи!

13. Скицирај и објасни што претставува артерска и субартерска подземна вода!

14. Наведи ги можните начини за определување на количина на подземна вода. Објасни го


методот според волумен на водоносниот слој!

15. Во кои случаеви се применуваат ѕидани (копани) бунари? Како се изведуваат ѕидани
бунари од долу на горе?

16. Објасни го законот на Дарси за течење на вода низ порозна средина!

You might also like