You are on page 1of 26

ПРОЕКТ ЗАДАЧА

за полагање на
CRM & CCA Level 3

Финансиско – технолошки иновации во


банкарскиот платен систем
Развој, примена и ризици поврзани со финансиско – технолошките иновации кои се
употребуваат во платниот систем на банките

Подготвила Ментор
Драгица Стаменковиќ Владимир Давчев

1
Содржина

ВОВЕД 4

СОВРЕМЕНИ ПРОМЕНИ ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ 5

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФИНАНСИКО-ТЕХНОЛОШКИ
ИНОВАЦИИ ВО БАНКАРСКИТЕ ПЛАЌАЊА 7

ФИНАНСИКО-ТЕХНОЛОШКИ ИНОВАЦИИ КОИ


СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО БАНКАРСКИТЕ ПЛАЌАЊА 12

РИЗИЦИ ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ПОВРЗАНИ


СО ФИНАНСИСКО – ТЕХНОЛОШКИТЕ ИНОВАЦИИ ВО ПЛАТНИТЕ УСЛУГИ 17

ЗАКЛУЧОК
ОЧЕКУВАНИ ПРОМЕНИ ВО БАНКАРСКИТЕ ПЛАТНИ УСЛУГИ 22

ИЗВОРИ 26

2
Табели и графикони

Табела 1: Карактеристики на финансиско-технолошки иновации


според подрачје на примена и технологија 7

Табела 2: Дигитални паричници врз основа на технологија 11

Табела 3: Најатрактивни финансиско-технолошки иновации за банките 12

Табела 4: Извори на финансирање на финансиско-технолошки иновации 13

Табела 5: Финансико-технолошки иновации за банкарски плаќања во ЕУ 13

Табела 6: Финансико-техннолошки иновации кај банки во РСМ 15

Графикон 1: Процес на управувае со cyber ризик 18

Табела 7: Начини на користење на синтетички идентитет 19


Графикон 2: Аналитички техники кои овозможуваат платежниот
екосистем да реагира на промени 23

3
ВОВЕД

Платниот промет и платните инструменти играат значајна улога во секој


финансиси систем и се двигател на економијата. Доминантна улога имаат банките, но
се поставува прашањето дали традиционалното банкарство може да ги задоволи
современите потреби за плаќања наметнати од развојот на технологијата,
социолошките и пазарните промени. Комплексноста на окружувањето предизвикува
промени во платниот промет, првенствено иницирани од технолошките решенија кои
се применуваат во финансискиот сектор, а предизвикуваат огромна промена во
традиционалната природа на финансиската инфраструктура.
Од друга страна промените во потребите кај потрошувачите, нивните барања,
како и промената во регулаторната рамка вршат притисок врз банките кои се наоѓаат
пред големи предизвици и можности за раст и развој во исто време.
Новите трендови доведуваат до појава на нови конкуренти кои применуваат
технолошки иновации нудејќи им на потрошувачите персонализирани, едноставни,
брзи и поефтини платни услуги со зголемена корисност и транспарентност. Соочени со
новите предизвици банките се приморани да ги редефинираат своите традиционални
модели за да можат успешно да се прилагодат на новото, дигитално доба.

СОВРЕМЕНИ ПРОМЕНИ ВО БАНКАРСКОТО РАБОТЕЊЕ

4
Два клучни фактора влијаат на современи промени во банкарското работење:
примена на информатичката технологија во работењето и притисокот од
конкуренцијата.
Во однос на првиот фактор, банкарската индустрија е еден од најголемите
купувачи и корисници на информатичката технологија (K, A, & C, 2017) со оглед на тоа
што нејзиното работење се базира на собирање, обработка, анализа и проследување на
информации. Информатичката технологија е критичен ресурс во банкарското работење
и нејзино отсуство може да влијае на лошо донесување на одлуки и неуспех во
работата. Оваа технологија развива нови банкарски производи, а интернет банкарство
и мобилно банкарство се само дел од низата. Примена на информатичка технологија им
овозможува на банките да ги следат и исиполнуваат очекувањата на потрошувачите
чии што барања и потреби се зголемуваат и менуваат секојдневно.
Електронската револуција овозможува поедноставување и флескибилност на
банкарските операции, а преку автоматизација и дигитализација се намалува просторот
за грешки, се зголемува продуктивоста и се намалуваат административните трошоци за
обработка.
Информатичката технологија влијае на начинот на донесување одлуки во банките
преку систем за подршка на одлучување креиран преку различни, систематизирани и
поврзани податоци. IT секторот ги поврзува различните извори и ја зголемува
достапноста и релевантноста на податоците. Овие дата бази може да се искористат за
управување со човечки ресурси, формирање бази на податоци поврзани сп
потрошувачи/добавувачи во насока на препознавање на потенцијални прилики за
соработка.
Генерално информатичката технологија делува на три начини: влијае на
пазарната конкуренција, економијата на обем и економичност во испорака на
крајната услуга. Благодарение на информатичката технологија, банкарскиот пазар има
на располагање различни канали на дистрибуција, а во фокус на банкарските
инвестиции се наоѓаат дигитално банкарство и мобилни плаќања, развој на
маркетиншки алати и платформи, omnichannel стратегии, приватни cloud-и,
сигурност и ризици.
Важноста на информатичката технологија во процесот на одлучување наметнува
потреба од воведување функција Chief Information Officer CIO во банките, чија што
улога е да креира дополнителна вредност низ примена на информатичката технологија
и да овозможи реализација на целите низ давање на технолошка потпора и развој на
информатички системи.
Освен позитивни ефекти, примената на IT технологијата ги зголемува ризиците
во банкарскиот сектор, посебно оние поврзани со cyber risk и за чие што продуктивно
управување банките издвојуваат значајни износи.
Со примена на IT технологијата се менува тредиционалото банкарство во
банкарство насочено кон потрошувачот.
Вториот фактор е притисокот на конкуренијата, во која што освен
традиционалните конкуренти (инвестициски фондови, штедни банки, кредитни унии,
фондови за ризичен капитал, брокери, осигурителни компании, факторинг и лизинг
друштва,се јавуваат нови учесници во финансиските текови, како што се финансиско-
технолошките start up компании, дигитални банки, институции за висока технологија и
институции за електронски пари.
Конкуренција се и банките во сенка ( shadow banking), кои извршуваат
активности слични на банкарските, но не можат да примаат депозити и немаат пристап
до ликвидноста на централните банки. Во оваа група влегуваат: готовински и

5
инвестициски фондови кои прибираат капитал преку емисија на удели и истиот го
вложуваат во финансиски инструменти и имоти (во фондови на ризичен капитал),
осигурителни компании и пензиски фондови кои вложуваат во структурни финансиски
производи, специјализирани кредитни институции за хипотекарно, потрошувачко и
инвестициско финансирање. Овие субјекти не подлежат на стандардната регулатива,
туку прибавуваат средства и вложуваат во финансиски инструменти на кредитен пзар,
надвор од банкарската регулатива. (htt6)
Колку можат да бидат штетни последиците од банкарстовото во сенка покажаа
последиците од финансиските кризи, на тој начин што конкуренцијата од овие субјекти
изврши притисок врз банките кои за да ја одржат својата проактивност се впуштија во
прекумерни ризици, која што политика негативно се одрзи на нивната профитабилност.
Нови конкуренти се и финансиско-технолошките институции или компании кои
даваат услуги во платниот промет преку одобрување на кредити или посредување. Врз
основа на видот на услугата која ја овозможуваат се делат на: директни давател на
услуга ( front-end providers), даватели на позадиснка услуга ( back-end providers),
управувачи во платен промет за мали плаќања (operators of retail payment infrastructure)
и даватели на услуги на крајни корисници (end-to-end providers).
Во првата група спаѓаат: мобилни паричници, институции за електронски пари,
даватели на услуга кои иницираат плаќања и даватели на услуги во врска со
информации за состојба на сметка.
Во втората група влегуваат институции кои нудат информатички услуги, услуги
поврзани со управување и одржување на бази на податоци, заштита на податоци и
спречување перење пари и финансирање на тероризам, ревизии и сл. Тие немаат
директен контакт со крајните корсници.
Во третата група спаѓаат небанкарски институции специјализрани за позадински
услуги, како што се MasterCard, Visa, кои не нудат директни услуги на банките, но
даваат услуги поврзани со картичниот програм на банките.
Во последната група спаѓаат небанкарски институции кои директно се повразни
со плаќачот или кориснкот, на тој начин што овие учесници отвараат виртуелна сметка
во овие институции, како што се PayPal, Paysafercard, Adyen. Еден од поновите
примери е Bitcoin преку кој што и плаќачот и примачот вршат плаќање и размена со
виртуелан валута.
Најголеми конкуренти се директните даватели на услуга на крајните корисници
од четвртата група, а предноста ја остваруваат преку пониски трошоци за услугата,
нудат поинакви решенија за плаќање, нудат пристап на нови пари и сл.
Големо влијание врз експанзијата на даватели на платни услуги има и
регулативата која се разликува од држава до држава. Во поново време, регулаторната
рамка се либерализира во корист на новите даватели на услуга. Со регултивата PSD 2
во ЕУ, банките се приморани да ги отворат своите системи и дадат пристап до подаоци
за сметките на своите клиенти.

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ФИНАНСИКО-ТЕХНОЛОШКИ ИНОВАЦИИ ВО


БАНКАРСКИТЕ ПЛАЌАЊА

Веќе подолго време се следи еден тренд во банкарството, а тоа е anywhere


anytime banking, а се однесува на можноста да се вршат банкарски трансакции било
каде и било кога, без физичко присуство во филијалите и експозитурите. (Vyas, 2012).

6
Овој тренд е условен од промените во однесувањето на потрошувачите, т.е
корисниците на банкарските услуги кои се под влијание на социјалните мрежи,
виртуелните видеоигри и индустријата поврзана со игрите на среќа. Корисниците
бараат производи и услуги кои се лесно достапни, едноставни за користење и по
можност да доаѓаат од еден извор, односно да се компатибилни и комплементарни меѓу
себе. Sharing economy како пристап каде што потрошувачите се поврзуваат преку
интернетските услуги и истите ги користат било каде и било кога, без да стекнуваат
право на сопственост, целосно ја промени перцепцијата на потрошувачите и се пренесе
и во банкарскиот сектор. (F.Dapp, 2015)

Во табела 1 се прикажани финансиско-технолошки иновации според подрачје на


примена и технологија.

Табела 1: Карактеристики на финансиско-технолошки иновации според подрачје на


примена и технологија

Технологија Тип на услуга Карактеристики


NFC технологија - мобилен паричник - сигурност
- преносиви уреди - брзина
- мобилни плаќања - едноставност
- P2P плаќања - комфор
- користењето е ограничено
на уреди кои подржуваат
NFC технологија
Отворени апликации - информативни услуги - брзина
- услуги кои иницираат - флексибилност
плаќања - практичност
- плаќање подоцна - трошковна ефикасност за
- плаќање во реално време БАНКИТЕ и поевтини
услуги за корисниците
- сигурност
Интернет - услуги поврзани со - достапност
плаќања преку - невидливи плаќања
smartдомашни - недоволна сигурност
уреди,автомобили
Плаќања во cloud - платформи за обработка и - подобрување на
процесирање на плаќања БАНКИТЕ и квалитет на
наменети БАНКИТЕ платежните услуги
- зголемена сигурност
- трошковна ефикасност за
БАНКИТЕ

Вештачка интелигенција - експертиза во БАНКИТЕ - подобрена приодуктивност


и корисност на платниот
и автоматизација на промет
процеси - равој на персонализирани
услуги

DLT технологија - криптовалути - транспарентност


- трансакции меѓу - сигурност
електронски паричници - ниски трошоци
- корисност
Биометрија - платни услуги поддржани - практичност
од таа технологија - сигурност
Криптографија - платежни картички - сигурност
- online и бесконтактни
плаќања
- криптовалути

7
Финансиско-технолошките иновации треба да бидат универзални, регулирани,
сигурни, практични и едноставни за користење, брзи и ефтини. Универзалноста се
однесува на широката прифатеност на одреден платен инструмент кој мора да биде во
склад со регулаторната рамка на една земја и меѓународни стандарди.
Сигурноста се однесува на примена на различни протоколи, стандарди и технологија
како што се криптографски протоколи, глобални стандарди за проверка на
автентичност на купувачки преку 3-D Secure и NFC технологија. Дополнително
процесирање на плаќањето треба да биде едноставно и практично, на едноставна
платформа со пониска провизија.
Една од крактерисиките е вклучување на небанкарски даватели на платни услуги преку
prepaid картички и payroll картички за корисници со ниски приходи кои немаат
банковни сметки.
Современиот платен промет е заснован на следните технолошки достигнувања:
дигитализација (digitization), NFC технологија (Near Field Communication), отворени
апликации (open application programming interfaces, open APIs), интернет (Internet of
Things, IoT), напредни финансии (advanced computing), роботи (robotics), напредна
аналитика (advanced analytics), вештачка интелигенција (artificial intelligence),
технологија на дистрибуирани записи ( distributed ledger technology, DLT), биометрија
и напредно шифрирање (advanced encryption).
NFC технологија се однесува на безжична поврзаност која овозможува
комуникација меѓу електронски уреди на кратка оддалечност. (R) Оваа технологија
функционира на три начини: меѓу два NFC уреда (Peer to Peer), читач и пишувач (Tag
reader/Writer) и како имитација на платежни картички (Card Emulation), преку која се
овозможува бесконтактно плаќање.
Најраспространета примена на NFC технологија се однесува на бесконтактни плаќања
преку мобилни паричници во кои виртуелно се складираат повеќе платежни картички,
допушта избор при плаќање и се избегнува потреба за физичко располагање со
картичките. Паричниците функционираат како токени кои банкарските податоци на
корисникот ги претвораат во неразбирливи податоци за потенцијалните хакери.
Токените се менуваат при секоја трансакција, со што можноста да се изолираат
податоците е сведена на минимум, а некои паричници се заштитени со биометриски
податоци како што се отпечатоци од прст.
Отворена апликација претставува збир од функции и процедури кои
овозможуваат брзо двонасочно делење на податоци меѓу банки и трети страни на
сигурен и брз начин. (Capgemini)
Internet of Things е глобална информатичка инфраструктура која овозможува
поврзување на физички и виртуелни податоци втемелени на постоечки информатички и
комуникациски технологии, како и оние во развој, на Интернет и/или други уреди.
(International telecommunication Union - Overview of th Internet of things, 2012). IoT
инфраструктура поврзува водечки технологии со напредна технологија (Machine to
Machine Communication, M2MC), автономни вмрежувања, копање на податоци и
финансии во облаци, со технологија за напредно вчитување и активирање. Со
поврзување на повеќе уреди се создаваат услови за развој на ново дигитално искуство,
а едно од нив е процесирање на плаќање. Најважни апекти на IoT се: поврзување,
искуство и сигурност. Ioт уреди варираат од мали предмети како што се паметни
часовници и нараквици до домашни апарати и автомобили.
Регулаторните барања, поголеми капитални барања, зголемени барања на
потрошувачите, притисок за одржување на пазарна позиција и зголемена
профитабилност наметнуваат потреба за дигитални промени. Едно од решенијата е
cloud computing, сметководство во облаци кое се темели на Интернет каде што преку

8
виртуелна инфраструктурна и програмска подршка се даваат услуги на крајните
корисници, за што виртуелниот сметководител добива нахнада во вид на плата.
Во денешно време кога се зборува за вештачка интелигенција, прво што
помислуваме се машини кои во иднина ќе имаат човечка интелигенција. (Alsedrah,
2018). Таа се темели на алгоритми, модели и техники базирани на математика,
статистика и биологија. Вештачка интелигенција е повеќедимензионална, опфаќа
различни технологии и способности, како што се: машинско учење, видео аналитика,
обработка на природен јазик, неуронски мрежи, интелигентна автоматизација и
длабинско учење. Заедно со роботиката и автоматизација (сите активности се во
надлежност на роботи со цел избегнување на грешки, зголемување на продуктивност и
зголемена регулаторна сигурност) се присутни и во процесот на плаќањата и тоа во
делот на: анализа на измами, валидирање на плаќање, избор при начин на плаќање и сл.
Правилата и повторувањето на плаќањето овозможува роботска автоматизација на
процесот. Од друга страна вештачката интелигенција овозможува прецизно донесување
на одлуки низ длабинска анализа на трендови на плаќања и историски податоци со што
се намалуваат мануелни интервенции и се зголемува обем на обработка на податоци.
Преку анализа на плаќања, системот може на корисникот да му понуди најприкладен
производ за плаќање во даден временски интервал, трошоци за плаќање и средства
прилагодени на неговите однесувања.
Во недостиг на меѓународна клириншка установа, меѓународните плаќања се
одвиваат преку мрежа на коресподентни банки, што резултира со високи трошоци и
успореност на системот. За та цел се применува DLT технологија која ги елиминира
посредниците користејќи алгоритми за верификација и авторизација на платните
трансакции на сигурен начин. Тоа е всушност децентрализирана база на податоци каде
што нема централно тело кое би ги следело и бележело податоците за трансакциите.
Сите имаат пристап до податоците и можат да ги користат за свој трансфер без потреба
за проверка на автнтичност. (Pinna & Ruttenberg, 2016)
DLT технологија се поврзува со blockchain технологија, кои имаат иста основа,
но се разликуваат во тоа што blockchain е вид на DLT технологија со специфичен сет на
блокови, математички алгоритми за креирање и проверка на континуирано растечки
податочни структури на кои може да се додаваат нови податоци, но не и да се бришат
веќепостоечки, а структурата обликува ланец на трансакциски блокови кои
функционираат како дистрибуциски запис. (Prof. Dr. Robby HOUBEN, 2018).
Станува звор за заедничка база на податоци, каде што истите се групирани во
блокови поврзани во едносмерен ланец во кој што секој нов блок зависи од вредноста
на претходниот блок. За сигурност на податоците, поврзувањето во блокови се прави
врз основа на криптографија со што секој блок е заштитен со криптографски потпис.
Друго решение за поголема сигурност е биометрија која се однсува на проверка
на корисник врз основа на негови бехејвиорални или физички карактеристики. Тука
спаѓаат: отпечаток од прст, скенирање на око, лице или глас.
Повисока сигурност се остварува со криптографија и напредно
шифрирање/енкрипција како нејзина компонента. Најраспространета метода, посебно
во делот на картично работење е напредно шифрирање, како што е шифрирање од крај
на крај (end-to-end encryption E2EE), а друго е шифрирање од точка до точка (point-to-
point encryption (P2PE).
Во првиот случај шифрирање на податоци во врска со платежната картичка ќе се
праќаат од страна на корисникот при внес на картичката во платниот систем и ќе се
дешифрираат на крај кај примателот на транксацијата, но истото не е можно да се
извршува во пракса, од причина што во текот на процесот е потребно да се
дешифрираат податоците. Во вториот случај се шифрираат и дешифрираат во етапи и

9
тоа: трговец- банка, банка – издавач, издавач – трговец, одговорноста е кај давателот на
услугата, а податоците може да ги чита само примачот. (Technologies for Payment Fraud
Prevention: EMV, Encryption and Tokenization, 2014)

Најголем дел од финансиско-технолошките иновации се креирани надвор од


традиционалното банкарство. Банките имаат монополска позиција во давање на платни
услуги, фокусирани се на намалување на трошоци, што е спротивно од вложувања во
технолошки решенија, избираат проекти за кои ќе можат однапред да ја проценат
финансиската исплатливост и како бирократски институции тие се прилично троми во
усвојување на промени.
Од тие причини, финансиско-технолошките иновации, во кои спаѓаат: дигитални
паричници (digital wallets), елктронски плќања меѓу два корисника (Person-to-Person,
P2P, Electronic Payments), електронски плаќања меѓу два електронски паричника
(eWallet-to-eWallet Transactions), криптовалути (Cryptocurrencies) и преносни начини на
плаќање (Wearable Payment Options), се изуми креирани од небанкарски системи.
Историски гледано први се појавуваат мобилните паричници преку Apple pay, а
подоцна и Paypal развива дигитален причник како подршка на првиот голем online
пазар – Ebay. Корисниците имаат можност да избираат начин на плаќање, а како
средство се користат кредитини, дебитни картички, виртуелни валути, банкарски
сметки и сл. Дигиталните паричници се делат според технологијата, како што е
прикажано во Табела 2.

Табела 2: Дигитални паричници врз основа на технологија

Технологиј Опис Пример Користење Предност Недостаток


а
NFC Високо сигурен Apple Pay Физички на Едноставно Ограничено
паричник, Google Pay продажно место Флексибилно користење на
поврзување на Android Pay Плаќања Лесна уреди со
мобилен апарат Samsung Pay интеграција вградена NFC
со POS уред со преку Интернет технологија
цел плаќање со Мобилни
картичка плаќања

Оптички/ QRкод илои бар WeChat Физички на Едноставна Оптичко читање


код генериран Wallet продажно место примена Нема
QR код на POS уред Starbucks mobile Широка инкрементални
или на мобилен payment распространестос сигурносни
уред Chase Pay на читачи на QR функции
Walmart Pay и бар кодови Не користи
глобален систем
на плаќања

10
Дигитални Примена на Alipay Плаќање преку Едноставна Одредени
Интернет Paytm Интернет инсталација и трговци
PayPal користење Ограничео
Pay with amazon користење на
ICICI pockets физички
продажни места

Текст Плаќање преку M-Pesa Пренос на Работи на уреди Затворен круг


СМС MTN средстав межу кои подржуваат на плаќања без
Mobile Money поединци примање и интеграција со
Tigo Мобилна жиро праќање на СМС платен систем
Orange Money сметка пораки
Купување на
продажни места

Дигиталните паричници се најкористен продукт и глобален тренд кој е пренесен


во банкарскиот сектор. Спрема истражување на Mobey Forum, во 2017 во Европа се
идентификувани 49 дигитални паричници, од кои 26 се управувани од страна на
банкиите, додека останатите се управувани од небанкарски даватели на услуга
(European Digital Wallet Landscape, 2017), од кои најголем удел имаат: технолошки
корпорации, телеоператори и финансиско-технолошки start-up комапнии. На
европскиот пазар доминираат PayPal, Master pass и Amazon Pay.

ФИНАНСИКО-ТЕХНОЛОШКИ ИНОВАЦИИ КОИ СЕ УПОТРЕБУВААТ ВО


БАНКАРСКИТЕ ПЛАЌАЊА

Технолошкиот развој, конкуренцијата и промената во навиките на


потрошувачките ги предизвикува банките да ја заголемуваат својата виртуелна
застапеност, развивајќи нови апликации и унапредувајќи ги веќе постоечките. Банките
не ги прифаќаат сите финансиско-технолошки иновации, барем не во еднаква мера и со
иста брзина. Најикористени се мобилните и дигиталните паричници, кои заедно со
сметководство во облаци, биометриски методи, вештачка интелигенција и
аналитика на големи дата бази на податоци е прифатено од повеќе од 50% банки во
ЕУ.

Банките се најзаинтересирани да инвестираат во иновации во полето на


вештачка интелигенција, биометрија, сајбербезбдност (cybersecurity technologies), API
и роботизација.

11
Табела 3: Најатрактивни финансиско-технолошки иновации за банките
Нема инвестиција Инвестиција
но планира да Но планира да ги намли
Иновација Ќе ги зголеми инвестициите во
во наредни 3 години инвестира во инвестициите во наредни 3
наредни 3 години
наредни 3 години години
Вештачка интелигенција
Виртуелна реланост
Блокчеин
Клауд технологија
Криптографија/ сајбер
безбедност
Големи дата бази
Биометрија
IoT
Мобилна техологија
API
Роботи – консултанти
Роботизација на процеси
Паметни договори

0-20%
20-40%
40-60%
60-80%

Извор: Global banking outlook, 2018

Резултатите на Global Banking Outlook 2018, прикажани во Табела 4 покажуваат дека


главен извор на иновации во банкарски сектор е купување на технологија, односно на
веќе тестирани иновации, отколку инвестирање во идејни решенија. На овој начин
банките ги намалуваат ризиците и трошоците на своето работење.

Табела 4: Извори на финансирање на финансиско-технолошки иновации


Извор на финансирање
Иновација
Сопствена
Компанија - девелопер Партнерство Купување на технологија
инвестиција
Вештачка интелигенција
Виртуелна реланост
Блокчеин
Клауд технологија
Криптографија/ сајбер
безбедност
Големи дата бази
Биометрија
IoT
Мобилна техологија
API
Роботи – консултанти
Роботизација на процеси
Паметни договори

12
0-20%
20-40%
40-60%
60-80%

Извор: Global banking outlook, 2018

Банките се заинтересирани да инвестираат сопствени средства во сајбер сигурност,


големи дата бази на податоци и мобилно банкарство.
Со примена на финансиско – технолошките иновации крајните корисници добиваат
поголема корист, но и креативни решенија за платните проблеми. Подолу е даден
сумарен преглед на позитивните придобивки за крајните корисници на банкарските
услуги.

Табела 5: Финансико-технолошки иновации за банкарски плаќања во ЕУ (Klobucic,


2019)

Иновација/Технологија Пример Олеснување за


корсниците
Интернет и мобилно - CMI@Web - чекање редови,
банкарство - Mijn ING физичко присуство
- Credit Suisse Direct во експозитура или
- RBA и DIREKT на банкомат
- PBZ365@NET - управување со
- m-zaba финансии
- Erste mBanking - избегнување на
документација
- пониски финансики
трошоци
- брзина при
процесирање на
трансакција
- достапност на
информации за
нови услуги и
производи
Биометриски методи - Talk to Pay - Осмислување и
- Voice ID меморирање на
- MyBioPass лозинки
- Забрзан процес на
идентификација
- Поголема
сигурност
Дигитални/мобилни - iDEAL - Поала веројатност
паричници - MobilePay, Swish од губење на
- BKM Express картичка
- Vipps, Erste wallet - Поголема брзина во
извршување на
трансакции
- Поголема

13
сигурност и
заштита од
злоупотреба
Купи сега, плати подоцна - Imoje - Поголем пристап до
финансиски
средства
- Избегнува плаќање
на камата за
потрошувачки
кредити
- Финансиска
вклученост
- Избегнува сложен и
долг процес на
поврат на средства
во случај на
врачање на
производи
Технологија на преносни - bPay - се ослободува од
уреди паричник
- користи одделни
уреди
SWIFT GPI стандард - Global Payment - Се забрзува
Innovation процесот на
меѓународни
плаќања
SWIFT API стандард - Pay later - Достапност до
финансиски
средства
- Избегнува спор и
напорен процес за
собирање на
понуди за кредит
- Избегнува долг и
сложен процес за
одобрување на
кредит

Извор: Klobucic, Petra, FINANCIJSKO-TEHNOLOŠKE INOVACIJE U PLATNIM USLUGAMA


BANAKA U EUROPSKOJ UNIJI, ZAGREB, 2019, стр.69

Како што е спомнато погоре, главниот фокус е мобилното банкарство и


имплементација на биометриски методи кои овозможуваат пристап и управување со
сметката, како и вршење на плаќања. Во ЕУ, регулативата PSD 2 подржува користење
на биометриски решенија, а нејчест метод е отпечаток на прст или препознавање на
лице. Како за илустрација, француската банка La Banque нуди опција за
идентификација и авторизација со препознавање на гласот, Credit Mutuel Arkea Group
со биометрија на очи, а постојат и биометриски платежни картички развиени од
Mastercard (Mastercard.us, n.d.), во чии тестирање уествуваат бугарската Unicredit

14
Bulbank и британската NatWest. Биометриска заштита се користи и на банкомати, а
прва која ја воведе оваа новина беше PBS банка од Полска. Биометриска заштита
подразбира скенирање на вени на прстите на корисникот и споредба со примерокот во
базата на податоци.
Во ЕУ, како и кај нас во најголем дел од банките се користи интернет и
мобилното банкарство, македонските банки нудат заштита со биометриска технологија,
а поголемите банки имаат развиено мобилни паричници од кои најпознати во РСМ се:
NLB Pay, HALKpay, Propay, Kompay, а од европските брендови најпознати се:
холандскиот iDEAL, дански MobilePay, турскиот BKM Express, шведскиот Swish и
норвешкиот Vipps. Апсолутен лидер e Mobile Pay кој го користат 4 милиони
корисници или повеќе од 70% од данска популација кои дневно прават по 1 мил
трансакции. (htt)

Табела 6: Финансико-техннолошки иновации кај банки во РСМ


Банки во РСМ Банкарски производ Иновација
-       NLB Mklik (NLB Mklik
НЛБ Банка -       Ел.банкарство ФЛ
кредит)
-       NLBProklik -       Ел.банкарство ПЛ
-       NLB Pay -       Мобилен паричник
-       Генерирање еднократна
-       NLB Klik (mToken)
лозинка

Халк Банка -       HALKpay -       Мобилен паричник


-       GarminPay -       Плаќање со часовник
-       Ел.банкарство за ФЛ и PL
(SmartSend, SmartCash)
Комерцијална банка -       KomPay -       Мобилен паричник
Стопанска банка -       M-banking -       Мобилно банкарство
-       Филијала специјализирана за
-       I-bank store
i-bank
-       E-banking -       Софтверски токен

Опцијата „купи сега, плати подоцна“ се нуди од страна на банките како опција
која овозможува купување на услуги за кои ќе се плати подоцна. ING банка од Полска
равила платфома Imoje која на своите корисници им дава можност за online купување
на произоди без плаќања, давајќи им рок од 21 ден за тестирање и евентуално враќање
на производи пред конечно задолжување.
Во Англија е развиен мобилен платен состав т.н Paym во соработка со банките и
станбените штедлиници. Paym нуди услуги од 15 британски банки и станбени
штедилници, (PayM, n.d.) а се состои од мобилна апликација која не е потребно да се
инсталира, туку истата е достапна преку апликација за online банкарство на банките и
штедлниците. Апликацијата овозможува трансфер на средства преку телефонски број
на примателот. За да се користи апликацијта испраќачот и крајниот корисник мора да
бидат регистрирани корисници, а трансферот се завршува со потврда од страна на
примачот.
Европските банки применуваат и технологија на преносни уреди. На пазарот се
достапни налепници за плаќање, а британската банковна групација Barclays развила и
безготовиснки платен систем – bPay. BPay опфаќа три преносни уреди за плаќања и
тоа: чаовник, привезок за клучеви и нараквица. За да се користи услугата потребно е да

15
се купи некој од тие уреди, а подоцна се инсталира мобилната апликација bPay која
служи за регистрација на преносниот уред, полнење на уредот т.е мобилниот паричник
со готовина и следење на користење (трошење) на средствата. Уредите се користат за
плаќања до 30 фунти. (htt1)
Во насока на подобрување на услугите кон крајните корисници банките се
вклучуваат во иницијатива за глобално плаќање (Global Payment Innovation, GPI),
иницирани од страна на Здружение за меѓународни маѓубанкарски финансиски
телекомуникации познат како SWIFT (Society for Worldwide interbank Financial
Telecommunications). GPI е нов стандард кој осигурува одвивање на меѓународни
плаќања преку мрежа на коресподентно банкарство со голема брзина и
транспарентност. Крајниот корисник ги добива средствата за неколку минути дури и
секунди. GPI стандардот е изграден како збор од алати кои се сместени на облак (cloud)
кој им овозможува на банките послесно следење на плаќањата и управување со
ликвидноста. (htt2)
Од 2019 SWIFT објавија нов API стандард , Pay Later, за дополнително плаќање
како клучен чекор кон побрзо усвојување на новиот иновативен платен модел. Оваа
услуга нуди можност за користење на традиционалниот заем за плаќање на производи
купени преку Интернет. Со избор на оваа опција, клиентите добиваат понуди за
банкарски кредити и план на отплата како опција за плаќање. Со прифаќање на
понудата средствата се трансферираат на трговците, трансакцијата се завршува, а
трговците ја испорачуваат услугата или производот на купувачите. Pay Later е нова
услуга која ја нудат трговците и начин да ја зголемат продажбата, додека банката ги
зголемува своите кредитни активности. Со API стандрдот за одложено плаќање
(Transactional Finance Application Programming Interface), SWIFT ја олеснува
употребата на новиот модел кој широко го прифаќаат банките и трговците. (htt3)
Усвојување на овој стандард за банките значи чекор напред во светот на
дигиталните платформи.

РИЗИЦИ ВО БАНКАРСКИОТ СЕКТОР ПОВРЗАНИ СО ФИНАНСИСКО –


ТЕХНОЛОШКИТЕ ИНОВАЦИИ ВО ПЛАТНИТЕ УСЛУГИ

Подобрување на услуги преку технолошките иновации од страна на банкарските


и небанкарските инстритуции, отвара нови можности, но и нови ризици. Освен
стандардните ризици поврзани со банкарското работење: оперативниот, ликвидниот,
кредитиниот и системскиот, најголем акцент се ства на кибернетскиот (cyber risk),
ризик од злоупотреби (fraud risk) и сигурносен ризик.
Кибернетскиот ризик е ризик од потенцијален губиток или штета поврзани со
техничката инфраструктура, односно употребата на технологијата во организацијата.
(Schlarman, 2016) Со оглед на технолошкиот напредок и зависност на банките од
податоци и информации, кибернетскиот ризик станува се позначаен, а кибернетската
сигурност - еден од приоритети на банките. Техношките иновации овозможуваат
прибирање на голема количина на податоци, а зголемениот волумен, различност и
концентрција на податоците ја зголемуваат и нивната вредност, при што овие дата бази
стануваат главна мета на cyber напаѓачите. Отворените апликации го олеснуваат
трансферот на подаоци, но зголемувањето на меѓусебната поврзаност и брзина на

16
размена на информации ја зголемува осетливоста на системот и го шири просторот за
хакерски напади. Иновациите во полето на вештачката интелигенција и машинското
учење влијаат на развој на софистицирани кибернетски хакерски напади и неовастена
манипулција со податоци. Cyber нападите влијаат на банките во три основни
информатички домени и тоа: доверливост, целовитост и достапност. (Bouveret,
2018)
Доверливоста се однесува на откривање на информации на трета страна
(неовластен пристап до информации), целовотост се однесува на злоупотреба на
системот како што е случај кај хакерски напади, а прашањето на достапност е поврзано
со пореметувања на активностите. Сите три вида на cyber напади имплицираат
финансиски губитоци, нарушување на углед на институцијата, судски трошоци и
губење на доверба од страна на клиентите.
Со оглед на брзина на равој на иновациите, новите технологии полесно се
користат за напад на системот, отколку за негова заштита, така да спрема податоци
објавени од IMF, банките во однос на другите финансиски институции се најчести
жртви на кибарнетските напади, 91% од сите cyber напади на финансиски институции
се однесува на банки. Најпогоедни се домените на retail банкарство и кредитни
продукти. (htt4)
Не е можно cyber ризикот да се елиминира во целост, но може да се управува со
истиот. Продуктивно управување со кибернетскиот ризик поставува барања за
техничка и оперативна стручност во организациите бидејќи овој ризик не претставува
само технолошки проблем, туку е поврзан и со пазаот на труд во однос на растечката
потреба за високовалификуван кадар, неговата стручност, едукација и понуата на
пазарот. Дополнително влијание врз зголемување на cyber ризикот има и спората
имплементација на регулативни мерки спрема брзиот одговор на технолошките
иновации.

Процес на управување со cyber ризикот може да се подели во три фази,


прикажани на Графикон 1.

Графикон 1: Процес на управувае со cyber ризик

Ако во современи услови мобилното банкарство Одговор е а


Заштита од
предуслов за развој на напади
Идентификација банката и затоаи закрепнување
повеќето банки
имаат посветен оддел за ИТ
што се занимава со негово одржување и
Извор: Word Economic Forum (2017)ти

Прва фаза е идентификација на ризикот која опфаќа разбирање на истиот и


напори за управување со ризикот.

17
Втората фаза се однесува на заштита од напади и зголемување на способност
на организацијата да ограничи влијание на потенцијални ризични настани кои би
можеле да ја загрозат кибернетската сигурност.
Трета фаза е одговор и закрепнување, се однесува на способност на
организацијата да се справи со штетен настн кој ја довел во намалување на cyber
сигурноста, за да може банката да продолжи со своето нормално работење.
Низ сите три фази се провлекуваат четири механизми кои влијаат на ефикасно
управување со ризикот и тоа: насоки, регулација, партнерство и ангажман на
надворешни соработници.
Втор значаен ризик поврзан со финансико-технолошките иновации е ризик од
измама. Тој е дел од оперативниот ризик и се однесува на проценка дали грешките или
пореметувањата во работењето се реултат на намерно предизвикан чин од страна на
некој извршител. (Lees, 2012) (Lees, 2012; Lees, 2012)о
Ризик од измама е тесно поврзан со кибернтскиот ризик и одржување на
информатичаката сисгурност. Со оглед на тоа дека хакерите користат софистицирани
техники за пристап до чувствителни информации, традиционалниот сигурносен систем
за детектирање на измами веќе не е доволен . За да успешно се управува со овој ризик
нужно е да се има целосна слика за однесувањето на корисникот, да се користат
моменталните предупредувања во пресретнување на нападите во реално време и да се
биде во чекор со прибирање на податоци, ревизија и анализа.
Законската дефиниција за измама се разликува во различни земји, а најчесто вклучува
активности кои се однесуваат на: кражба, корупција, проневера, перење пари,
подмитување и изнуда.
Постојат повеќе облици на измами, но во делот на измами поврзани со технолошки
иновации се сместуваат: користење на лажни електронски пошти (phishing),
користење на лажни интернет страници (pharming), несакана пошта (spamming),
хакирање (hacking), а во последно време и синтетичка кражба на идентитет
(synthetic identity theft).
Користење на лажна електронска пошта подразбира користење социјален инженеринг и
технички измени за да се украдат податоци поврзани со идентитетот на потрошувачот
(корисникот) и пристап до неговата финансиска сметка. (htt5)
Синтетичка кражба на податоци е релативно нов поим и претставува комбинација од
фиктивни (лажни) и потенцијално украдени лични податоци искористини за креирање
на нов лажен идентитет.

18
Во прилог на овој вид на измами е недостиг на контрола за лична идентификација,
жртва чиј идентитет е украден реално не постои и нема можност за пријава за
неовалстено користење на податоци.
Со овие лажни идентити, измамниците креираат сметки и профили на социјални мрежи
и мобилни уреди за да го потврдат својот идентитет, што е дополнителна потешкотија
во насока на разликувањње на вистиснки од лажаен идентитет. Начини на кој што се
користат синтетичкото креирање на идентитет како измама во платните услуги се
опишани во Табела 6.

Табела 7: Начини на користење на синтетички идентитет

Вид на измама Опис

Измама поврзана со трансакции на кредитни картички


каде што измамникот користи лажан идентитет,
отвара кредитни партии и одредено време се однесува
Bust-out измама (bust- како уреден, доверлив корисник со веродостојни
уплати и ниско искористување на лимит, но после
out fraud) или некој период бара зголемување на лимит, ги
заспиена измама повлекува средствата, не извршува уплати и се
(sleeper fraud) повлекува од користење на сметката.

Измамникот формира лажно претпријатие, а подоцна


Креирање на креира лажни профили на вработени. Со целосно
податоци (Data измислени идентитети аплицира за кредитни линии, а
Furnishing) по одобрување ги користи одобрените средства.

Измама поврзана со трансакции на платежни


картички, каде што овластениот корисник на картичка
(измамник) додава друга личност со лажан идентитет
како овластено лице за користење на картичката.
Измислениот корисник аплицира во кредитната
институција за одобрување на кредитна линија, а
Слоевито додавање после одобрување на лимитот, вистинскиот корисник
(Piggybacking) го повлекува овластувањето и ги користи средствата.

Извор: прилагодено према FICO (2018)

Покрај овие измами, се појавуваат и лажни банкарски апликации за мобилни телефони


достапни за превземање на сивиот пазар, наместо на официјалните службени мрежи. За
поголема сигурност банките треба да воведат повеќеслојна сигурносна структура преку
која ќе можат да го следат целокупното плаќање на клиентот и неговото однесување.

19
Освен оперативен ризик, иновациите во платните услуги го доведуваат во
прашање и ликвидацискиот ризик. Со оглед на тоа дека е тешко да се одреди точно
потребна количина на средства за трансакции кои не е можно да се предвидат,
потребно е да се промени цекокупниот ментален и организациски модел на
функционирање за управување на ликвидноста во реално време.
Постои сериозен ризик од надминување на временските рамки и буџетот на проектот
при спроведување на инстант плаќањата. Трезорите на банките треба да ја следат
дневната ликвидност во реално време и да овозможат оптимизирање на порамнувањата
24/7/365.
Без разлика дали компаниите усвојуваат инстант плаќања во значителен обем или не,
нивното спроведување има значителни импликации врз банките, што резултира во
двоен предизвик. Прво, банките треба да обезбедат доволна ликвидност за услугите
поврзани со инстант плаќања за да осигураат дека достасаните износи чувствителни на
време се обработуваат веднаш, особено надвор од вообичаеното банкарско време.
Второ, ова треба да се направи додека управуваат со сопствената меѓудневна
ликвидност на задоволство на акционерите и регулаторите. Обработката на плаќањата
преку сериски базиран систем досега им овозможи на банките да имаат предвидливи
текови на ликвидност, помагајќи во управувањето со ликвидноста. Со плаќања во
реално време, приливите и одливите на готовина стануваат понепредвидливи бидејќи
може да се појават во кое било време од денот. (Egner, 2020)
Доколку некоја банка има потешкотии со управување со ликвидноста или потешкотии
во процесирање на плаќањата, тоа можа да се одрази на стабилноста на целокупниот
финансиски состав со што ќе се зголеми системскиот ризик.
Иако маркетиншките стратегии се насочени кон зголемување на број на корисници,
потребно е да се постави соодветен однос помеѓу додадената вредност и ризикот кој
произлегува од тие активности. Потребно е банките да развијат соодветни стратегии за
управување со ризиците и постојано да го унапредуваат процесот кој ќе овозможи
соодветна заштита на банките и корисниците.

20
ЗАКЛУЧОК

ОЧЕКУВАНИ ПРОМЕНИ ВО БАНКАРСКИТЕ ПЛАТНИ УСЛУГИ


Банките функционираат во сложено окружување, во кое непредвидливоста и
брзите промени вршат притисок за промена на традиционалното банкарско работење.
За да останат во чекор со денешните предизвици и да се подготват за иднината, банките
треба да ги редизајнираат и трансформираат своите платежни услуги и да стават голем
акцент на дигитализацијата, преиспитување на организацсските структура и подготовка
на дигитални банки во иднината.
Плаќањата во реално време, како и отвореното банкарство ќе продолжи да го
менува банкарскиот облик во иднина и да бара од банките прифаќање и употреба на
современите технолошки иновации во платните услуги и усвојување на

21
најсофистицирани технологии за проверка на автентичност и идентификација со цел
одржување рамнотежа меѓу корисничкото искуство и сигурноста.
Во наредниот период се очекува дека банките ќе инвестираат во сигурност на
податоци и подобрување на корисничкото искуство преку customer journey и customer
centricity, во што најголема улога ќе имаат маркетиншките активности и следење на
современите IT процеси и технологии.
Банките ќе треба да ги искористат предностите на индустирските трендови и да
развијат модел преку кој ќе ја остварат својата позиција на пазарот. За таа цел потребно
е да ги имаат предвид тековните индустриски движења (Deloitte, 2019):
1. Преусмерување на фокусот од производи на услуги, а се оденсува на брзина,
практичност и достапност при извршување на трансакции. Традиционалните
плаќања стануваат троми, спори и скапи.
2. Пристап до податоци и разбирање на вредноста на податоците – давателите
на платежни услуги располагааат со голема количина на податоци и со помош
на аналитички пристап можат да развијат подобро корисничко искуство, како
што е прикажано на графикон подолу.

Графикон 2: Аналитички техники кои овозможуваат платежниот екосистем да реагира


на промени

Следење на
плаќања во
реално
време

не секогаш дозволуваат
Вложување Персонализ
обработка на информации
во собрани преку основни дигитални услуги,
ирана анализа и градење
регулатива услуга

врз основа на нив


нов производ кој не само што одговара на сегашноста, туку исто така ги предвидува
идните потреби на клиентите

Дигитална
аквизиција
на клиенти
Ако во современи услови мобилното банкарство е а
предуслов за развој на банката и затоа повеќето банки имаат посветен оддел за ИТ

22
што се занимава со негово одржување и модернизирање, или тие користат аутсорсинг,
избор на
другите две опции повеќе ја покажуваат неподготвеноста на банките да ги откријат
податоците на клиентите и внатрешните
3. Модернизација во инфраструктурата на платниот промет – преку вложувања
во развој на сопствениот ситем и раздвојување на одредени функции во
специјализрани претпријатија.
4. Во контекст на реоргнизација се очекува зголемена соработка меѓу постоечки
даватели на услуги и нови финасиско – технолошки start-up претпријатија. Таа
соработка може да се оденсува на делење на податоци, едноставност при
интеграција и сигурност на базите.
5. Спојувања и превземања – овие активности се одговор на користење на
економија на обем, конкурентски предности или стекнување на специјализирани
знаења и алати со кои ќе се влијае на трансформација на традиционалниот
модел.
6. Организација на нови генерации кои ќе подржат остварување на посакувани
финансиски резултати – се мисли на структура на вработени кои мора да го
следат динмичното окружување.

Најновото истражување на Deloitte 2020 година, зборува за 5 идни тренда во


платните системи (Delloite, n.d.):
1. Конкуренција меѓу затворени и отворени платформи за плаќање – корисниците
очекуваат затврени платформи, опција се во едно, се предвидува развој на
сопственички производи (апликации) за купување и плаќање.
2. Економија на развој на плаќања – комодизација на производ и потрага по
вредност, преку синергија на трансакции меѓу банкарски институции и трговци
кои нудат нови, диференцирани и подобрени искуства на клиенти, проширување
на соседни пазари, заедничко користење на податоци за предвидување и
задоволување на очекувања за производи и банкарски услуги.
3. Развој на нови станарди за регулирање на паричните текови – почитување на
стандарди за сигурнст PCI DSS, се очекуваат напори за развој на нови глобални
индустриски стандарди, како што е ISO 20022, регулирање на пораки на

23
плаќање, интерфејс, интеграција, а се очекува и напредок во развивање на
посилни стандарди за проценка на ризичност на плаќањата, следење на
трансакцијата, а во однос на надворешните плаќања и олеснување на
автентичноста преку разни форми.
4. Зголемена улога на некомерцијални банкарски субјекти во платниот екосистем
– Одборот на Федерални Резерви објави дека Банките на Федераните Резерви на
САД ќе развијат услуга 24/7 во реално време, услуга за бруто порамнување
наречна FedNowSm Service за подршка на побрзи плаќања. Централната Банка
на Кина ги објави соите планови за подршка кон ширење на криптовалутите на
платформите Alibaba и Tencent.

5. Развој на таленти - инвестирање во работна сила квалификувана за развој и


примена на технологијата, како и рационално лидерско управување и водење на
банките со фокус на клиенти и подобро корисничко искуство.

Очекуваните трендови ќе влијаат на банките и ќе доведат до поедноставување


на асортиманот, намалувањето на цените, проширување на нови пазари, насочување на
своето работење кон демографски кластери како што се: милениумците, работно
активно население, пензионери и промена на пристап и сегментионирање по начин на
живот, вредности, размислувања и потреби.
Банките ќе бараат соодветни решенија во реално време, се очекува да користат
методи и алатки за управување и унапредување на односот со клиенти, преку
насоченост кон личноста и дизјнерско размислување (design thinking).
Клучот за успех е во персонализација на производи и услуги.
Еден од последните трендови е развој на банкарството кон предиктивно
банкарство (predictive banking), преку кое се обединуваат сите податоци во и надор од
организацијата, врз основа на кои се предвидува корисничкиот профил во реално
време.
Подобрување на корисничкото искуство ќе придонесе и примена на квантно
сметководство ( quantum computing) во платниот промет. Истото се темели на квантна
физика, математика и сметководство, а ја користи способноста на субатомските
честички кои се однесуваат на начин на кој што многу побрзо и поефикасно се
извршуваат трансакции. Оваа технологија е значаен скок во IT сегментот.

Во иднина се очекува од банките да ги постават иновациите како главен


приоритет. Организациската култура мора да се насочи кон подржување на иновации
кои негативно ќе се одразат на традиционалното банкрство. Предвидувањето на
потребите на корисниците и развој на нови технолошко-финансиски производи со
редизјан на процесите, но и развој на способносите на вработените ќе бидат клучни
предизвици за банкарскиот сектор во иднина.

24
Извори:

(н.д.). Повратено од https://www.mobilepay.dk/about


(н.д.). Повратено од https://bpay.com.au/
(н.д.). Повратено од https://www.swift.com/our-solutions/swift-gpi/swift-gpi-for-banks
(н.д.). Повратено од https://www.swift.com/news-events/press-releases/swift-publishes-new-pay-
later_api-standard
(н.д.). Повратено од https://www.bing.com/search?
q=bouveret+cyber+risk+for+the+finacial+sector&src=IE-SearchBox&FORM=IESR4A
(н.д.). Повратено од https://www.ripandscam.com/pdf/phishing_pharming_guide.pdf
(н.д.). Повратено од
https://www.ecb.europa.eu/pub/pdf/other/commissionsgreenpaperonshadowbankingeurosyste
mreplyen.pdf
(2012). Повратено од https://www.itu.int/ITUT/
(2014, October). Повратено од https://www.securetechalliance.org/downloads/EMV-Tokenization-
Encryption-WP-FINAL.pdf
(2017). Повратено од https://www.mobeyforum.org/european-digital-wallet-landscape/
Alsedrah, M. K. (2018, December). Повратено од
https://www.researchgate.net/publication/323498156_Artificial_Intelligence
Bouveret, A. (2018). Повратено од Cyber Risk for the Financial Sector: A Framework for Quantitative
Assessment
Capgemini. (н.д.). Повратено од ttps://www.capgemini.com/wp-content/uploads/2017/12/payments-
trends_2018.pdf
Delloite. (н.д.). Повратено од https://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/us/Documents/financial-
services/us-fsi-infocus-payments-2020.pdf

25
Deloitte. (2019). Повратено од
https://www2.deloitte.com/content/dam/Deloitte/us/Documents/financial-services/usi-fsi-
infocus-payments-trends-2019.pdf
Egner, T. (2020, October). Повратено од The Impact of Instant Payment and Intraday Liquidity on the
Corporate Liquidity Management Ecosystem
F.Dapp, T. (2015, June 5). Deutchebank. Повратено од
https://www.deutschebank.nl/nl/docs/Fintech_reloaded_Traditional_banks_as_digital_ecosyst
ems.pdf
K, K., A, S., & C, B. (2017). Повратено од https://www2.deloitte.com/us/en/insights/focus/cio-insider-
business-insights/technology-investments-value-creation.html
KLOBUCIC, P. (2019). Повратено од https://core.ac.uk/download/pdf/222820095.pdf
Klobucic, P. (2019). FINANCIJSKO-TEHNOLOŠKE INOVACIJE U PLATNIM USLUGAMA. Zagreb.
Lees, G. (2012). Повратено од
https://www.cgma.org/content/dam/cgma/resources/reports/downloadabledocuments/
fraudriskmanagement.pdf
Mastercard.us. (н.д.). Повратено од https://www.mastercard.us/en-us/business/overview/safety-and-
security/authentication-services/biometrics/biometrics-card.html
PayM. (н.д.). Повратено од https://paym.co.uk/how-it-works/
Pinna, A., & Ruttenberg, W. (2016, April). Повратено од
https://www.ecb.europa.eu/pub/pdf/scpops/ecbop172.en.pdf
Prof. Dr. Robby HOUBEN, A. S. (2018, July). Повратено од
https://www.europarl.europa.eu/cmsdata/150761/TAX3%20Study%20on%20cryptocurrencies
%20and%20blockchain.pdf
R, M. (н.д.). Повратено од https://cdn.rohdeschwarz.
Schlarman, S. (2016, June). Повратено од https://www.rsa.com/en-us/blog/2016-06/cyber-risk-
appetite-defining-understanding-risk-modern-enterprise
Vyas, S. (2012). researshgate. Повратено од
https://www.researchgate.net/publication/258726999_Impact_of_EBanking_

нов производ кој не само што одговара на сегашноста, туку


исто така ги предвидува идните потреби на клиентите

26

You might also like