You are on page 1of 1

Исклучни независносложени реченици

Име и презиме Име и презиме

Поврзи ги содржински и со соодветни сврзници речениците од двете колони и ќе добиеш


исклучни независносложени реченици:

1. Забавата беше супер. А. Не сакаше печурки.


2. Градот е мал. Б. Мачките не им ги сакаше.
3. Многу сакаше да оди кај нив. В. Лесно ќе се снајдеш.
4. Јадеше секаква пица. Г. Тој не беше таму.

Дополни ги речениците со дел-реченица чие дејство се исклучува од претходното:

1. Го прошета цел град, единствено што ...


2. Слаткарницата изгледаше прекрасно, освен ...
3. Танцуваа одлично, единствено ...
4. Музиката им се допадна, освен што ...

Состави три исклучни независносложени реченици, а потоа истите препиши ги како


бесврзнички.

Заклучни независносложени реченици

Име и презиме Име и презиме

Поврзи ги содржински и со соодветни сврзници речениците од двете колони и ќе добиеш


заклучни независносложени реченици:

1. Дождот престана. А. Ја испрала.


2. Весна и Марко зборуваат. Б. Утре ќе има капење.
3. Ја носеше белата блуза. В. Работата е сериозна.
4. Ќе присуствуваат и родителите. Г. Се смириле.

Дополни ги речениците со дел-реченица чие дејство е заклучок на претходното:

1. Веќе е пролет, значи ...


2. Возот доцнеше, веројатно ...
3. Беше изморена, значи ...
4. Ги видовме заедно, сигурно ...

Состави три заклучни независносложени реченици, а потоа истите препиши ги како


бесврзнички.

You might also like