You are on page 1of 12

ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

-ОПШТА МЕДИЦИНА-

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ ХЕМИЈА

-ОКСИДИ-

ИЗРАБОТИЛ: МЕНТОР:

СТЕФАН ЈОРДАНОСКИ Проф.Д-р.РУБИН ГУЛАБОСКИ

ШТИП

ДЕКЕМВРИ

2014
1 ВОВЕД...............................................................................................................................2

2 НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА................................................................................................3

2.1 Класификација на неорганските соединенија.........................................................3

3 ОКСИДИ............................................................................................................................4

3.1 Номенклатура на оксиди...........................................................................................4

3.2 Особини и значење на оксидите..............................................................................5

4 ПОВАЖНИ НЕМЕТАЛНИ ОКСИДИ............................................................................6

4.1 Оксиди на хлор..........................................................................................................6

4.2 Оксиди на сулфур......................................................................................................6

4.3 Оксиди на азот...........................................................................................................7

4.4 Оксиди на фосфор.....................................................................................................7

4.5 Оксиди на јаглерод....................................................................................................7

5 ПОВАЖНИ МЕТАЛНИ ОКСИДИ-МИНЕРАЛИ.........................................................8

5.1 ПОВАЖНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕТАЛОИДНИ ОКСИДИ.........................9

6 ЗАКЛУЧОК.....................................................................................................................10

7 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА.......................................................................................11

1
1 ВОВЕД

Хемијата (на грчки: χημεία) е природна наука што се занимава со проучување на


структурата и својствата на материјата, како и промените кои настануваат при
хемиските реакции. Хемијата претставува наука која ги изучува различните типови на
атоми, молекули, кристали и други типови на агрегати изолирани или во меѓусебни
интеракции кои во себе ги вклучуваат концептите за енергија и ентропија во хемиските
процеси. Модерната хемија еволуирала од алхемијaта. Различните дисциплини во
рамките на хемијата се групираат според видот на материја кој се изучува во нивни
рамки.

 неорганската хемија се занимава со изучување на неорганските материи;


 органската хемија се занимава со изучување на органските материи;
 биохемијата се занимава со изучување на супстанците кои се наоѓаат во живите
организми;
 физичката хемија е поврзана со изучување на енергетските промени кои
настануваат во хемиските системи на макро ново, на молекуларно и
субмолекуларно ниво;
 аналитичката хемија се занимава со анализа на примероци за да се добијат
сознанија за хемискиот состав и за структурата на материјата.
Брзиот развој на науката се почесто доведува до развој на гранични-
интердисциплинарни дисциплини помеѓу хемијата и други науки (биологија,физика,
математика, медицина и др.).

2
2 НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА

Неорганска хемија е гранка на хемијата која се занимава со изучување на


својствата на неорганските соединенија. Ова поле ги покрива соединенијата на сите
елементи од периодниот систем освен, големиот број на органски соединенија, кои се
пак предмет на органската хемија. Разликата меѓу двете дисциплини е далеку од
апсолутна. Органометална хемија е пример област каде што и двете дисциплини делат
заеднички интерес.

2.1 Класификација на неорганските соединенија

Неорганските соединенија се поделени на повеќе групи според составот т.е. од


кои елементи се составени. Тие се делат на:

 Оксиди се соединенија на елементите со кислородот. Во оксидите, валентноста


на кислородот е 2–.
 Хидроксиди-се соединенија на металите со OH - групата. Во хидроксидите,
полнежот на OH групата е секогаш 1-.
 Киселини-се соединенија што во вода дисоцираат и даваат H+ (водороден
протон) како катјон и киселински остаток како анјон
 Соли-се соединенија што се добиваат при реакција на киселините и базите. Во
солите учествуваат металните јони од базите и киселинските остатоци од
киселините.
 Комплексни соединенија-се такви соединенија во чиј состав влегуваат
комплексни честички изградени од повеќе атоми, молекули или јони, кои градат
една стабилна групација во цврста агрегатна состојба и/или во раствор.

3
3 ОКСИДИ

Оксид е општ назив за секое неорганско соединение, во чиј состав има барем
еден атом на кислород и атом/и на друг хемиски елемент. Оксидеите меѓусебно имаат
многу различни хемиски и физички особини, кои зависат од електронегативноста на
елементот кој се сврзува со кислородот: од скоро нереактивни цврсти супстанци со
многу високи температури на топење (пр.оксидот на волфрам), преку умерено
реактивни течности (пр. вода), до многу реактивни гасови (пр. азот(I)оксид). Оксидите
исто така можат да имаат особини кои се движат од кисели до базни.

 Кисели оксиди-реагираат со бази и со вода


 Оксиди со кисели особини-реагираат со јаки бази нио не и со вода
 Базни оксиди-реагираат со киселини и вода
 Оскиди со базни особини-реагираат со киселини но не и со вода
 Амфотерни оксиди-ме реагираат со вода но реагираат и со бази и со киселини
 Неутрални оксиди-не реагираат ниту со вода ниту со бази и киселини
Покрај оксидите постојат и:

 Пероксиди
 Супероксиди

3.1 Номенклатура на оксиди

Називите на оксидите се образуваат со наведување на името на елементот што


е сврзан за кислородот, а веднаш до него, слеано, во мала заграда и со римски
броеви се пишува оксидациониот број на елементот што го гради оксидот и на крајот
одделно се пишува зборот оксид.

За елементите кои имаат променлив оксидационен број, односно имаат повеќе


оксидациони броеви, истиот се пишува:

CoO- кобалт(IV)оксид
CrO3 - хром(VI)оксид
Fe2O3 - железо(III)оксид итн.

4
За елементите, пак, што немаат променлив оксидационен број, односно имаат
само еден, истиот не се пишува. Во ваков случај, тој елемент гради само еден
единствен оксид:Li2O - литиум оксид, La2O3 - лантан оксид, CdO - кадмиум оксид.

Се применува и уште една номенклатура на оксидите која се користи најчесто


за оксидите на неметалите. Според неа, пред името на елементот и пред зборот оксид
се ставаат префикси што го означуваат бројот наатоми од елементот што го гради
оксидот и бројот на кислородни атоми. Така, ако во оксидот има само еден атом од
неметалот, префиксот - моно не се пишува, но тоа не важи за
кислородот:SiO2 - силициум диоксид, Cl2O7 - дихлор хептаоксид, NO - азот моноксид.

3.2 Особини и значење на оксидите

Оксидите на неметалите, честопати, во реакција со вода даваат киселини, а оние


на металите бази. Секако, предуслов за ова е оксидот да е растворлив во вода. Според
горенаведеното, може да се зборува закиселински или за базни оксиди. Некои реакции
на растворување на оксиди во вода при кои се образуваат киселини или бази се:

SO3 + H2O ----> H2SO4


P4O10 + 6H2O ----> 4H3PO4
Na2O + H2O ----> 2NaOH
CaO + H2O ----> Ca(OH)2

Но, оксидите што имаат киселински или базен карактер може да стапуваат и во
реакции при кои се добиваатсоли:

MgO + 2HNO3 ----> Mg(NO3)2 + H2O


Ca(OH)2 + CO2 ----> CaCO3 + H2O
CaO + SiO2 ----> CaSiO3

Меѓутоа, постојат оксиди што може да реагираат како со киселини, така и со


бази. На пример, таков е цинк оксидот (ZnO), кој речиси не се раствора во вода, но
поради тоа што ќе стапи во соодветна реакција, може да се раствора и во раствори на
киселини и на бази. Во двата случаи се добива сол. Оксидите што вака се однесуваат се
нарекуваат амфотерни оксиди. Понатаму, има оксиди кои не реагираат ниту со
киселини, ниту со бази. Ваквите оксиди се индиферентни.

5
4 ПОВАЖНИ НЕМЕТАЛНИ ОКСИДИ

4.1 Оксиди на хлор

Познати се повеќе оксиди на хлор:

1. Cl2O-хлор(I)оксид или дихлор оксид, се раствора во вода и дава хипохлореста


киселина.
Cl2O + H2O = 2HClO

Се добива со пропуштање на студено-сув над сув и тогаш приготвен жива (II)оксид


HgO:

HgO+2Cl2=HgCl2+Cl2Og

2. ClO2- хлор (IV)оксид или хлор диоксид

3. ClO3-хлор(VI) оксид или хлор триоксид

4. Cl2O7-хлор(VII)оксид или дихлор хепта оксид

4.2 Оксиди на сулфур

1. SO2-сулфур диоксид
 Се добива со оксидација (горење) на сулфурот.
S + O2 → SO2

Тој е безбоен гас со остар мирис и е доста отровен. Се раствора во вода и гради
сулфуреста киселина.

SO2 + H2O → H2SO3

Се користи како дезинфекционо средство, за добивање на сулфур, за белеење на


ткаенини и др.

2. SO3-сулфур триоксид се добива со оксидација на сулфур диоксид со кислород


од воздухот, при високи температури и катализатор палтина.
SO2+ O2= SO3

4.3 Оксиди на азот

6
Азотот гради неколку оксиди а поважни се :

1. NO-азот моноксид се добива кога разредена азотна киселина и струготини од


бакар ги загреваме во колба . Добиениот гас се собира во цилиндер под вода.
8 HNO3 + 3 Cu → 3 Cu(NO3)2 + 4 H2O + 2 NO
2. NO2-се добива со оксидација на азот моноксид :

2NO+O2=2NO2

Други оксиди на азот се: N2O-диазот оксид-гас за смеење, N2O4-диазот тетраоксид,


N2O5-диазот пентаоксид.

4.4 Оксиди на фосфор

1) Дифосфор пентаоксид P2O5 се добива при горење на фосфор на воздух или во


кислород:

P4 + 5 O2 → 2 P2O5

При растворање во вода гради метафосфорна киселина:

P2O5 + H2O = 2HPO3

2) Дифосфор триоксид P2O3 се добива со горење на фосфор во недостаток на


кислород.
P4 + 3O2 =2P2O3
При негово растворање во вода се добива фосфореста киселина.
P2O3+ 3H2O → 2H3PO3

4.5 Оксиди на јаглерод

Јаглерод моноксид (CO) се добива при непотполна оксидација (горење) на јаглеродот.

2C + O2 → 2CO

Тој е безбоен гас, без мирис и е доста отровен. Оксидира и гради јаглероден диоксид.

2CO + O2 → 2CO2

5 ПОВАЖНИ МЕТАЛНИ ОКСИДИ-МИНЕРАЛИ

7
МЕТАЛНИ ОКСИДИ-МИНЕРАЛИ
ИЗГЛЕД ВО ХЕМИСКА
ИМЕ
ПРИРОДАТА ФОРМУЛА

КОРУНД
ЦРВЕН-РУБИН Al2O3
СИН-САФИР

НЕГАСЕНА ВАР CaO

КУПРИТ Cu2O

ТЕНОРИТ CuO

ХЕМАТИТ Fe2O3

МАГНЕТИТ Fe3O4

ПЕРИКЛАС MgO

8
ПИРОЛУЗИТ MnO2

ЛИТАРЖ /МАСИКОТ PbO

КАСИТЕРИТ SnO2

ЦИНКИТ/ЦИНКВАЈС ZnO

5.1 ПОВАЖНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕТАЛОИДНИ ОКСИДИ

ОКСИДИ НА МЕТАЛОИДИ
ХЕМИСКА
ИМЕ ИЗГЛЕД ВО ПРИРОДАТА
ФОРМУЛА

АРСЕНОЛИТ As4O6

КВАРЦ
ПРОЅИРЕН-
ГОРСКИ КРИСТАЛ/
SiO2
ВИОЛЕТОВ-
АМЕТИСТ/
ЖОЛТ-ЦИТРИН

9
6 ЗАКЛУЧОК

Покрај фактот кој никако не може да се изостави, дека без вода нема живот, а
водата е оксид на водородот, од претходно изложеното може да се заклучи дека
оксидите се хемиски соединенија без кои не се може. Бројна е нивната примена во
разни гранки од индустријата. Неметалните оксиди наоѓаат примена во производство
на киселини, пластични маси, гуми и др. Металните пак се користат за производство на
бази, пигменти за бои, скапоцените и полускапоцените метални оксиди се користат за
производство на накит и др. Бројна е нивната примена и сигурно нешто ќе биде
прескокнато или заборавено, затоа само може да се каже, дека сѐ што доаѓа од
природата човекот, нашол начин да го стави во своја употреба, нешто повеќе а нешто
помалку. Едно е важно, сето тоа да се прави рационално и во согласност со новите
еколошки стандарди за да не се исцрпат изворите на овие неопходни материјали.

10
7 КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. http://rubingulaboski.synthasite.com/resources/ХЕМИЈА-скрипта%20за
%20ОПШТА%20МЕДИЦИНА%20УГД%20Штип.pdf
2. http://mk.wikipedia.org/wiki/Хемија
3. Неорганска хемија, проф.д-р. Димче Тошев, Просветно дело, Скопје, 1979,
4. OPĆA I ANORGANSKA KEMIJA-II, Filipović,Lipanović, SKOLSKA KNJIGA -
ZAGREB 1978 god.

11

You might also like