You are on page 1of 3

ИНКВИЗАЦИЈА

Инквизиција група установи на Римокатоличката црква кои


имале за задача да иследуваат, судат и казнуваат луѓе коишто
црквата ги сметала за кривоверци. Почетокот на работата на
иквизицијата се поврзува со Григориј IX (1227-1241), кој со папски
указ ја основал на 29 август 1289 година. Дејствувала во средниот
век во сите земји на Западна Европа, а особено крвава и
немилосрдна била озлогласената шпанска инквизиција.Во 1232
година папата ги испратил инквизиторите во Франција под
изговор дека тамошните епископи имаале премногу други
обврски и затоа не можеле во целост да се посветат на борбата со
кривоверците. Окосница на инквизицијата отсекогаш биле
Доминиканците поради наводниот факт што добро знаеле како
да ги убедуваат отпадниците од црквата. Иследувањето на
кривоверците, и воопшто осомничените, го помагала и државната
власт. На почетокот, инквизицијата не била организирана по
територијален принцип, туку делувала по потреба. Покасно ова
судство било организирано по региони. Инокентиј IV на 15 мај
1252 издал папска була под наслов “Ad exstirpanda” која
експлицитно дозволувала мачење при изнудување на признание
од наводните кривоверци во текот на инквизицијата, и
експлицитно простувала пракса на убивање на повредени
кривоверци, со палење на клада. Булата отстапувала дел од
имотот на државата конфискуван од осудениците.Многу
напредни умови биле жртви на инквизицијата, како на пример
Јан Хус, Џордано Бруно и други. Укината е во текот на XIX век.
Начин на испитување

Инквизиторите во почетокот делувале на начин што оделе во


некое место и прво ги повикувале кривоверците и осомничените
на покајување, ги собирале нивните имиња. Судот од своја страна
пак се состоел од нотар, советници, чувари на затворите и
бранители. Оптужените или осомничените ги немале имињата на
сведоците кои сведочат против нив. Тие едноставно морале да ја
зборуваат вистината и имињата на соучесниците. Во прилог на
истрагата се пристапувало кон мачење. Најчести казни биле:
одземање на имотот и сите права не само на оптужениот туку и на
неговите роднини; потоа оптужениот е ставан во затвор. Упорните
кривоверци биле осудувани на смрт и потоа спалувани. Тие кои се
покајале биле задавени и потоа спалувани. Телата на умрените
кривоверци се откопувани и потоа спалувани.Инквизиторот
себеси се сметал за одговорен единствено пред папата, а на суд
можел да ги изведе и духовните авторитети поголеми од себе.

Изработил:Илина Тодева II-2

You might also like