You are on page 1of 6

ПРАИСТОРИСКА ДЕМОГРАФИЈА

ПРОЦЕНКИ ЗА ЧОВЕКОВАТА ПОПУЛАЦИЈА

Се проценува дека просечниот животен век на човекот од Африканските савани,


од пре помеѓу 4.000.000 и 200.000 години бил 20 години. Ова значи дека би
имало пет генерации во еден век.
Понатаму се проценува дека популацијата на човекот во Африка, се движела
помеѓу 10.000 и 100.000 индивидуи, или во просек, околу 50.000 индивидуи.
Грубо пресметано, од 40.000 до 50.000 векови, помножено со 500.000
индивидуи во текот на едн век,би значело вкупно 2.000.000 до 20.000.000 луѓе,
или во просек пресметано, околу 10.000.000 луѓе кои живееле во период долг
одприлика 4.000.000 години. Пред 70.000 години популацијата ја сочинувале 1
милион луѓе.

СРЕДНОВЕКОВНИ ДОМАЌИНСТВА

Средновековното домаѓинство било како модерно домаѓинство, центар на


фамилијарниот живот, за сите класи на Европското општество. Сеуште,
спротивно на денешните домаќинства, сочинувало многу повеќе индивидуи од
самото јадро на семејството. Од домаќинството на кралот па се до најпознатите
селски живеалишта, поблиски и подалечни роднини, поголем број на куќни
помошници и робови кои живеат заедно со сопственикот на куќата и неговото
потесно семејство.
Структурата на средновековните домаќинства била многу нарушена со
потребата за приватност во модерниот период.
Промените, секако, беа многу големи, преку целиот континент и временски
период од околу 1000 години. Се уште може да се зборува за класичен модел на
средновековно домаќинство, освен за неговата еволуција во Франција и од таму
за ширењето во поголем дел на Европа.

АРИСТОКРАТСКИ ДОМАЌИНСТВА

ИСТОРИСКА ПОЗАДИНА

Ниеден Грк, ниту Латин намал соодветен збор за денешното, модерно


семејство. Латинското ``familia`` е многу подобро да се преведе како
домаќинство отколку како семејство.
Аристократското домаќинство на античкиот Рим било исто со она од средниот
век во Европа и било составено – како дополнување на paterfamilias, неговата
сопруга и деца, или робови на господарот кои одат по него, го советуваат и
добиваат награди за тоа.
Се разликувале од средновековните домаќинства по тоа што тие повеќе сакале
робови отколку платени помошници за изведување на едноставните работи.
Друга разлика е во тоа што во релативно сигурните и мирни граници на
Римското царство, постоела мала потреба за градење на утврдување.
Аристократските домаќинства од Средновековна Европа, на друга страна, биле
воени единици исто толку колку што и биле и социо-економски, и од 9от век
навака идеално место за живот претставува замокот.

КОМПОЗИЦИЈА

Како резултат на војничката природа на средновековните благороднички


домаќинства, нивниот состав претежно бил од претставници на машкиот пол.
Се до крајот на средновековниот период, стапката нешто се израмнила, но во
прво време женскиот елемент на домаќинствата го сочинувале само госпоѓата и
нејзините ќерки, нивните помошнички и можеби, неколку домашни
помошнички кои обавувале одредени задачи како на пример перењето. Многу
од машките помошници биле чисто воен персонал; тие биле чувари на портите
од тврдините, исто толку колку што биле и витези и штитоносци од гарнизонот
на замокот кој се сметал како воена единица.
Исто така, многу од нив вршеле и други функции и биле помошници целосно
посветени на домашните работи. На најниско ниво, ова биле само мажи од
околината кои биле регрутирани од локалните власти. Тие кои биле на повисоки
позиции, воглавно му служеле на господарот и најчесто биле исполнети со
мажи од високите кругови, како на пример синови на роднини на господарот
или на неговите заменици.
Потеклото на помошниците било причина за воведување на социјална херархија
во домаќинствата која била паралелна со херархијата која била поставена како
последица на функциите кои ги имале во општеството.
Во оваа втора херархија, на врвот чуварот (алтернативно seneschal или
majordomo), кој исклучително голема одговорност за домашните работи во
домаќинството.
Грижењето за доброто здравје и општата добра состојба на господарот и
неговото семејство било задача на собарот кој бил одговорен за собите или
личните простории за престој и главниот на гардероберот кој бил одговорен
воглавно за облекувањето но и за други домашни работи.
Со исто таков авторитет како чуварот бил и маршалот. Овој службеник имал
војничка одговорност за коњушниците и коњите на домаќинството (
маршалството) и исто така бил одговорен за дисциплината. Маршалот и
останатите службеници кои ги вршеле поважните работи имале помошници кои
им го олеснувале извршувањето на нивните задачи. Овие помошници кои биле
наречени valet de chambers и биле рангирани од основата до врвот по овој
редослед, најчесто биле млади момчиња, иако во големите кралски судови vales
de chambers вклучувале и од младите благородни дворјани, а не често и артисти,
музичари и други професионалци кои не ретко се случувало да бидат со
меѓународна репутација. Ова се доделувало во канцеларијата на одговорниот на
слугите за да го одреди нивното место во домаќинството.
Една од најважните функции во средновековните домаќинства, било бирањето,
чувањето и подготвувањето на храната. Ова вклучувало секојдневно хранење на
постојаните членови кои престојувале во резиденцијата но и подготовка на
големи гозби за гости, за да се задржи репутацијата на господарот. Кујната била
поделена на долапи (за леб, сирење и -------) и на шпајзи (за вино, светло пиво
и пиво). Овие простории биле управувани од страна на колонист и респектиран
батлер.
Во зависност од големината и богатството на домаќинствата, овие простории
биле и понатаму поделувани.
Во врска со ова, во овие простории имало потреба од помошници кои се
грижеле за уловените животни. Главниот ловец или т.н. veneur имал големо и
важно место во главните благороднички домаќинства. Главниот ловец на
соколи бил службеник со висока репутација и често и самиот бил од
благородничко семејство.
Ова претставувале и духовни потреби за кои требало да се поведе грижа и
црквичката била составен дел на секое големо домаќинство. Овие црквички во
домаќинствата имале голем број на вработени свештеници. Свештениците,
исповедниците и болничарите служеле во административните објекти исто како
и во религиските.

КРАЛСКИ ДОМАЌИНСТВА

Домаќинствата на средновековните кралеви на многу начини биле само


аристократски домаќинства во поширики рамки: како што рекол хроничарот
Жорж Частелен од Бургундискиот суд за војводите од Бургунди" после делата
и експлоатациите од војната кои се барања за добивање слава, домаќинството е
тоа што најмногу страдало и оттука кон домаќинството мора да се однесува
организирано и со почит ".
Кога добро ќе се размисли, на некој начин, тие сепак биле значително различни.
Една од поголемите разлики бил начинот на кој службениците во кралските
домаќинства биле со големи одговорности околу водењето на царството исто
како и за водењето на административните работи во домаќинствата, кралевите
на Франција од 11 век на пример, биле строги кон кралските службеници кои во
многу случаи биле неодговорни кон службениците кои ги воделе работите во
домаќинствата.
Овие службеници-првенствено _______, чуварот, батлерот, собарите и
советникот-нормално имале одредени привилегии и истите ги користеле за
социјален напредок. Еден ваков пример е и Каролонски од Франција кој
прераснал од позиција на кралски чувар на главната кралска палата, во крал со
неговото сопствено право.
Тоа бил таткото на Карло Велики, Пепин Кусиот, кој имал контрола во владата
на обессилениот Меровински крал, Чилдерик III.
Друг ваков пример може да се најде во кралскиот дом на Стаурт во Шведска,
чие фамилијарно име (презиме) виреело во позадината на службите.
Централната позиција во кралските домаќинства станала нешто повеќе од
титула на честа подарена од важните фамилии и не било неопходно дури и да
зависело од посетеноста во судот .
Во Фландрија, до 13 век службениците како чувари, батлери, клучари и собари
станале наследночко право на одредени благороднички семејства од високата
класа и тие немале никакво политичко значење.
И на крај, кралското домаќинство се разликувало од повеќето благороднички
домаќинства во големината на нивниот војнички елемент.
Ако кралот бил во состојба да господари со големата сила на витезите во
домаќинствата, ова значело намалување на неговата зависност од воените
служби. На овој начин, случајот со Ричард II од Англија чива еднострана
зависност од неговите витези, најмногу од оние во селата во Чешир, го
направила непопуларен во неговата благородност и евентуално тоа било
причината на неговиот пад.

РЕГИОНАЛНИ ВАРИЈАЦИИ
Аристократските слоеви биле концентрирани на корените на потеклото на
замокот, исто толку колку и на средновековната култура во целина, во
Каролиснака Франција и од тука се ширело во поголем дел на Западна Европа.
Во другите делови на Европа, ситуацијата била поинаква. Во северните и
западни делови на континентот, општеството било повеќе отколку феудално, па
така и домаќинствата, соодветно на тоа биле организирани. Во Ирска, основа на
општествената организација биле така наречените септи кои биле
карактеристични само за таму, заедница која собирала најмногу 250
домаќинства или 1250 индивидуи, сите на некој начин поврзани. Во времето на
викинзите, во Скандинавија, организирањето на домаќинствата било многу
помирно отколку во модерна Франција и Англија, но и тука, големите
господари, имале во сопственост големи сали каде што можеле примат голем
број на гости.
Во Византиското Кралство, робовите биле вработени се до срушувањето на
Кралството, исто како и евнусите. Малку се знаело за начинот на живот на
Византијците, бидејќи многу малку од градбите останале неразурнати. Од
историска и архитектонска гледна точка, се знае дека иако замоците биле ретки,
богатите живееле на места од различна големина, со црквички и градини и
богати декорации од мозаици и фрески.

КЛАСИЧНИ ДОМАЌИНСТВА

РУРАЛНИ

Домаќинствата на средновековните селски фамилии нормално, биле помали од


оние на аристократите и повеќе личеле на модерните домаќинства. Шемите на
браковите, најчесто се вртеле околу средновечните луѓе.
Иако, најголем дел од расположливите докази се од луѓето од високите класи и
изворните материјали од Јужна Европа се побогати од останатите, сепак е
возможно да се направи некоја груба генерализација. Сосема е јасно дека
просечните години за стапување во брак за време на раниот среден век бил
релативно висок и релативно еднаков и за мажите и за жените. Причината за
ова, може да се најде во традицијата која предходно била донесена од
Германските племиња, но исто така и во фактот дека населувањето било
ограничено на мали површини, фактор кој бил причина за рестрикции во однос
на растот на популацијата.
Колку земјиштето повеќе почнувало да се обработува, толку овој тренд се
менувал. Така во подоцнежниот среден век, жените значително повеќе
стапувале во брак во нивните тинејџерски години што довело до поголема
стапка на раѓања. Додека жените стапувале во брак веднаш штом ќе везат во
репродуктивниот период, мажите морале да станат независни, самите
заработуваат за да можат да се издржуваат но и да бидат во можност да им
овозможат и на своите најблиски, односно семејството, пред да можат да стапат
во брак.
Поради ова просечните години за стапување во брак на мажите бил висок и тао
во средните и доцните дваесетти години.
Иако селските домаќинства биле значително помали одколку оние
аристократските, побогатите сепак вработувале помошници. Слуижбите биле
составен дел од животниот циклус и било многу нормално за младите луѓе да
поминат неколку години далеку од нивните домови во службите на другите
домаќинства. На тој начин тие ги учеле вештините кои би им биле потребни
понатака во животот и во исто време заработувале плата. Ова било особено
корисно за девојки, кои можеле својата заработка да ја тргнат на страна за
нивниот мираз.
Куќите на селаните од среден век биле од слаб квалитет во споредба со
модерните куќи. Подот најчесто бил земјен и имало многу малку проветрување
или извори на светлина во вид на прозорци.
Покрај членовите на домаќинството и одреден број на глави на добиток
припаѓале на истото. Како и да е, до крајот на средновековниот период,
состојбите воглавно се подобриле. Селските куќи станале доста поголеми и
станало вообичаено да има две соби па дури и втор кат.

УРБАНИ

Светот во средновековниот период бил помалку урбано општество отколку во


Римаската Империја или во модерниот свет. Падот на Римската Империја
предизвикал катастрофална депопулација на градовите и градчињата кои
постоеле во империјата. Како и да е, помеѓу 10 и 12 век на Европските градови
им се случило повторно обновување и тоа проследено со зголемена
урбанизација.
Традицијата за да се испраќаат децата да бидат помошници била многу почеста
во градовите отколку во селата. Жителите во градовите главно го засновале
животот како занаечии и трговци а активностите биле строго контролирани од
еснафите.Членовите на еснафот воглавно вработувале млади луѓе, првенствено
момци, како чираци за извршување на занаетчиски работи за подоцна и самите
да станат дел од еснафот.
Чираците биле дел од домаќинствата или семејствата исто како и децата на
господарите.

ПОДОЦНЕЖНИ ПЕРСПЕКТИВИ

Кон крајот на Средниот век,функциите и составот на домаќинствата почнале да


се менуваат.Ова било првенствено предизвикано од два фактори.Како
прво,запознавањето со моќта на оружјето на бојното поле кое се случувало
околу замокот и обраната биле значително намалени,а војничката функција која
ја имале домаќинствата исто така била остранета.
Резултат на ова биле домаќинствата кои повеќе биле концентрирани како
комфор и луксиз и биле со значително поголем процент на жени.
Втор фактор кој предизвикал промени била надмоќта која ја имале индивидуите
и фокусот на нивната приватност.Веќе покасниот Среден век, замоците почнале
да добиваат поголем број на приватни соби за потребите на господарот и
неговите слуги.
Штом замокот бил заменет во корист на палати или достоинствени домови,оваа
тенденција била засилена.
Ова не значело крај на вработувањето на домашните помошници, дури ни
намалување на персоналот во домаќинствата во сите замоци.Како и да е, ова
значело дека прегрупирањето на фамилиите во генолошка смисла станало камен
темелник на домаќинството.

You might also like