You are on page 1of 2

Дневна подготовка

Датум- 12.11.2018г.
НАСТАВНА СОДРЖИНА- Прифаќање и признавање грешки
РАБОТИЛНИЦА II–4.1: ГРЕШКА

МАТЕРИЈАЛИ:
• работен лист за учениците: Изјави за грешки 1–7,
• листови хартија: Се согласувам и Не се согласувам,
• селотејп, креда.

ВОВЕДНА АКТИВНОСТ
Сите стојат во круг. Наставникот поврзува одредени бројки со одредени движења на делови
од телото:

1 – двете раце горе;


2 – со левата рака се допира левата пета;
3 – прекрстување на рацете;
4 – десната рака над очите како кога се гледа далеку.

Неколку пати се кажуваат броевите за да се извежбаат движењата. Потоа почнува играта со


тоа што наставникот кажува бројки по измешан редослед, а учениците ги прават движењата
поврзани со тие бројки. Доколку некој направи погрешно движење на одредена бројка, тој
излегува од игра, а останатите продолжуваат понатаму. Играта се игра сё додека не останат
3–4 ученици, а потоа се прекинува (не се оди до крај со само еден победник).

ГЛАВНА АКТИВНОСТ
Учениците се делат во три групи. Секоја група добива еден комплет од работниот лист
„Изјави за грешки 1–7“ и 6–7 тврдења напишани на листови. Нивна задача ќе биде да ги
наредат на една линија (секоја група посебно) составена од селотејп/нацртана со креда, на
чии краеви стои СЕ СОГЛАСУВАМ на едниот и НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ на другиот крај.
Линиите се поставени паралелно една врз друга за да може визуелно да се направат
споредби. Секоја група, во зависност од степенот на согласување со секое посебно тврдење,
ги става листовите на одредено место по должина на линијата. Во зависност од тоа дали има
разлики во однос на тоа каде се поставени различните тврдења кај трите групи, се почнува со
дискусија со оние тврдења на кои се воочуваат најголеми разлики.

ДИСКУСИЈА
1. Може ли да ги избегнеме грешките и никогаш во животот да не грешиме?
2. Што може да биде последица од грешките што ги правиме?
3. Зошто е важно да преземеме нешто кога ќе погрешиме, па дури и кога нема последици
по луѓето и објектите од нашите грешки?
4. Што добиваме ако извлечеме поука од направените грешки? На што се однесува поуката?
5. Што би се случило доколку постојано правиме една иста грешка?
6. Кој е одговорен за направените грешки?
7. Зошто е важно да се преземе одговорноста за сопствените грешки,

ЗАКЛУЧОК
Грешките се составен дел од животот. Нема човек кој не може да погреши за нешто.
РЕФЛЕКСИЈА
1. Што правевме денес?
2. Како се чувствувавте?
3. Што научивме?
4. Како може наученото да го користиме во секојдневниот живот?

You might also like