You are on page 1of 12

Што е ЕКОНОМИЈА

Нашата неспособност да ги задоволиме сите наши


желби се нарекува скудност – scarcity
Бидејќи ние се соочуваме со скудност, ние мора да
правиме избори
Поттик incentive е награда која поттикнува некоја
активност или казна која обесхрабрува некоја
активност.
Економија е општествена наука која ги изучува
изборите кои ги прават поединците, бизнисите,
владите и целите општества за да се справат со
скудноста и поттиците кои влијаат врз тие избори и ги
помируваат тие избори

Економијата ја сочинуваат два главни составни дела:


 Микроекономија
 Макроекономија
Микроекономија претставува изучување на изборите
кои ги прават поединците и бизнисите, начинот на кој
овие избори влегуваат во меѓусебно влијание на
пазарите, и влијанието на владите.
Макроекономија претставува изучување на
перформансите на националните и глобалните
економии

Двете големи економски прашања го сумираат


опфатот на економијата:
 Како изборите определуваат што, како и за кого
добрата и услугите ќе се произведуваат
 Кога изборите проследени од сопствен интерес
исто така го унапредуваат општествениот
интерес

Добрата и услугите се предмети кои имаат вредност


за луѓето и се произведуваат за да ги задоволат
желбите на луѓето.
Добрата и услугите се произведуваат со користење на
производствени ресурси кои економистите ги
нарекуваат фактори на производство
Факторите на производство се групирани во четири
категории:
 § Земја
 § Труд
 § Капитал
 § Претприемништво

Даровите на природата” кои ги користиме за да


произведеме добра и услуги ги нарекуваме земја -
land

Работното време и работниот труд кој луѓето го


посветуваат за да произведат добра и услуги е труд.
Алатките, инструментите, машините, зградите и
другите конструкции кои бизнисите ги користат за да
произведат добра и услуги се капитал

Човечкиот ресурс кој ги организира земјата, трудот и


капиталот е претприемништво

 Земјата заработува рента.


 Трудот заработува плата.
 Капиталот заработува камата.
 Претприемништвото заработува профит
Oпштествениот интерес има две димензии:
 Ефикасност
 Праведност

Секој избор може да се сфати како tradeoff—размена—


откажување од една работа за да се добие нешто друго.

Рационален избор е оној што ги споредува


трошоците и користа и кој што постигнува најголема
корист во однос на трошоци за поединецот кој го прави
изборот.

Опортунитетен трошок на нешто е највредната


алтернатива која мора да биде откажана за да се
добие тоа нешто.

Користа од спроведување на инкрементално


зголемување на активноста се вика маргинална
корист.
Опортунитетниот трошок од инкременталното
зголемување на активноста е маргинален трошок.

Економскиот ПРОБЛЕМ
Ефикасност на
производството (со
најнизок можен трошок)
се постигнува кога не
можеме да произведеме
повеќе од еден производ
без да произведуваме
помалку од некој друг
производ.
Маргинална корист на стока или услуга е користа која се
добива од консумирање на уште едно парче од стоката или
услугата
Кога не можеме да произведеме повеќе од еден
производ без да се откажеме од друг производ, ние
сме постигнале производствена ефикасност.

Кога не можеме да произведуваме повеќе од еден


производ без да се откажеме од друг производ кој го
вреднуваме повеќе, ние сме постигнале ефикасна
алокација.

Експанзијата на производствените можности—и


подобрување на животниот стандард—се нарекува
економски раст
Два клучни фактори влијаат врз економскиот раст:
 § Технолошки промени
 § Акумулација на капитал

Технолошки промени е развој на нови производи и


подобри начини на производство на производи и
услуги
Акумулација на капитал е раст на капиталните
ресурси, што вклучува и човечки капитал

Поединец има компаративна предност во една


активност ако тој поединец ја извршува активноста по
понизок опортунитетен трошок од сите други.
Поединец има апсолутна предност ако тој поединец
е попродуктивен од другите

Фирма е економска единица која ангажира фактори на


производство и ги организира тие фактори за да
произведува и продава производи и услуги.
Пазар е секој договор кој им овозможува на
продавачите и купувачите да добијат информации и да
прават бизнис едни со други.
Сопственост се општествени договори кои ја
регулираат сопственоста, користењето и
располагањето со ресурси, производи или услуги.
Пари се секоја стока или симбол кој е општо
прифатлив како средство за плаќање.

ПОБАРУВАЧКА И ПОНУДА
Конкурентен пазар е пазар кој има многу купувачи и
многу продавачи така што ниту еден поединечен
продавач или купувач не може да влијае врз цената.
Цена во пари на производот е количеството пари
потребно да се купи тој производ.
Релативна цена на производот-коефициентот на
неговата цена во пари со цената во пари на следниот
најдобар алтернативен производ-е неговиот
опортунитетен трошок

Законот за побарувачка гласи:


Доколку другите работи остануваат константни, колку
што е повисока цената на производот, помало е
количеството кое се побарува; и
Колку што е пониска цената на производот, поголемо е
количеството кое се побарува.
Законот за побарувачка е резултат на
 § Ефектот на замена, супституција
 § Ефектот на приходи

Ефектот на супституција
Кога релативната цена (опортунитетниот трошок) на
еден производ или услуга расте, луѓето бараат
замена за него, така што се намалува количеството
кое се побарува од тој производ или услуга.
Ефект на приходи
Кога цената на еден производ или услуга расте во
однос на приходите, луѓето не можат да си ги
дозволат сите работи кои претходно ги купувале,
така што се намалува количеството кое се побарува
од тој производ или услуга

Поимот побарувачка се однесува на целокупниот


однос меѓу цената на производот и количеството кое
се побарува од тој производ.
Кривата на побарувачка го покажува односот меѓу
количеството кое се побарува од еден производ и
неговата цена во случај кога сите други влијанија и
планирани купувања од клиентите остануваат исти

Кога постојат влијанија врз плановите за купување


различни од промената на цената на производот,
постои промена во побарувачката на тој производ.
Шест главни фактори ја менуваат побарувачката:
 § Цените на поврзаните производи
 § Очекувани идни цени
 § Приходот
 § Очекуваниот иден приход и кредит
 § Населението
 § Вкусовите
Супститут е производ кој може да се користи наместо
друг производ.
Комплемент е производ кој се користи поврзано (in
conjunction) со друг производ.

Нормален производ е оној за кој побарувачката се


зголемува кога приходите растат.
Инфериорен производ е оној за кој побарувачката се
намалува како што растат приходите

Понудено количество на производ или услуга е


количеството кое производителите планираат да го
продадат во даден временски период по определена цена
Законот на понудата гласи:
Ако другите работи останат исти, колку е повисока цената
на производот, поголемо количество се нуди; и
Колку е пониска цената на производот, помало е
количеството што се нуди.

Кривата на понуда го покажува односот меѓу


понудените количества на стоката и нејзината цена
кога сите влијанија врз плановите за продажба на
производителот остануваат исти.

Кога ќе се промени некое од влијанијата врз плановите


за продажба на производот освен цената, постои
промена во понудата на тој производ.

Пет главни фактори ја менуваат понудата на


производи:
 § Цените на факторите на производство
 § Цените на поврзаните стоки
 § Очекувани идни цени
 § Бројот на понудувачи
 § Технологија
 § Состојбата на природата - State of nature

You might also like