You are on page 1of 2

Ослободување на Кичево

Турската војска по поразите во Кумановската битка и кај Качаник


се повлекувала во паника кон Битола и кон Тетово. Командантот
на 7. корпус на Вардарската армија откако му било речено да се
откаже од одбраната на Скопје, на 25 октомври го започнал
повлекувањето кон Тетово и кон Кичево. Меѓутоа, по наредбата на
турската Врховна команда да се организира одбрана на Солун,
командантот на западната војска издал заповед и 7. корпус да се
повлекува преку Тетово и Гостивар за одбрана на Битола. На 26
октомври, кога турската војска ја натоварила артилеријата на
вагоните на железничката станица во Скопје, ненадејно месните
чети отвориле оган од пушките, кај турската војска настанала
паника, па војската и офицерите со коњски запреги избегале кон
Тетово. Покрај натоварената артилерија оставиле уште 30
артилериски орудија од пет хаубички батерии. Мехмед-паша,
командант на одредот во Приштина, го известил командантот на
Западната војска дека од неговиот одред останале само уште
околу 350 војници, другите војници дезертирале. Повлекувањето
кон Тетово траело до 29 октомври 1912 година.

Командантот на 7. Корпус, Фета-паша, одлучил да го брани


Кичево, па силите ги распоредил на позициите на линијата
Осојска Река-северните делови на Кичево-Корија. На тој начин го
затворале правецот од Гостивар и доминирале во однос на
противникот. Така поставената одбрана на 7. корпус во Кичево
имала за цел на Вардарската армија да и се обезбеди време, за да
се подготви за одбрана на Битола. Командантот на 7. корпус за
одбраната на Кичево располагал со 15 пешадиски баталјони, 18
топови и 18 митралези. Од Битола добил засилување во
пешадија, коњаница и артилерија.

Главните сили ги распоредил на левото крило, а како доминантна


точка се истакнувала Јаворската височина на Цер (кота 1450).
Одбраната била организирана скалесто, односно во повеќе
позиции.
На 4 ноември 1912 година започнале борбите за Кичево. Нападот
го започнал првиот. Коњанички полк, околу 11 часот, а во првите
редови на овој полк напаѓала една чета на македонските
доброволци. Непосредно зад нив се движел 3. пешадиски полк.
Позициите на турските единици биле на височините и било
мошне тешко да се стигне до нив. Нападот се вршел од правецот
на селото Длапкин Дол. На тие северни позиции на Кичево биле
распоредени турската артилерија и митралеската чета. Српската
коњаница брзо се повлекла кон селото Раштани, а македонските
доброволци биле фатени во вкрстен митралески оган. За неполн
час македонската чета претрпела загуби од 30 мртви и 11 ранети.

Околу 12.00 часот пристигнале и другите српски сили, кои веднаш


тргнале во напад од правецот северно од Раштани со три
баталјони во првиот ешалон, од правецот на селото Сеанско и од
реонот на селото Црвица. Во тие моменти, врз српските сили во
тил извршиле напад албанските башибозучки формации од
селото Зајас. Користејќи го овој напад, турските сили нападнале
од правецот на селото Кнежино. На тие позиции се воделе
жестоки борби до пристигнувањето на главнината на Моравската
дивизија. По нејзиното пристигнување првиот. пешадиски полк
навлегол во селото Зајас, а другите сили во реонот на Падалиште.

You might also like