You are on page 1of 80

Верица Неделкоска

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
за учениците од
другите заедници

шесто одделение
МАТЕРИЈАЛИ ЗА УЧЕЊЕ ПО ПРЕДМЕТОТ
МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДРУГИТЕ ЗАЕДНИЦИ ЗА ШЕСТО
ОДДЕЛЕНИЕ

1. ТЕМА: ЈАС И ДРУГИТЕ – МОЕТО СЕМЕЈСТВО, ДОМОТ, МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ И


МОЈАТА ОКОЛИНА

ПОЗДРАВУВАЊЕ
Здраво / Добро утро / Добар ден / Добро вечер / Добра ноќ / Пријатно / До гледање/ Чао
Како си / Како сте?/ Добро, благодарам/ Така-така

А: Здраво, Амина! А: Здраво, Јана! А: Добар ден. Како сте?


Б: Здраво, Ердал! Б: Здраво, Арбен! Б: Добар ден. Добро,
А: Како си? А: Како си? благодарам, а Вие?
Б: Добро сум, а ти? Б: Така-така. А: Добро.
А: Добро.
Б: Чао.

Поврзи ги прашањето и одговорот

Здраво, како си? Добро сум. Ти?


Добро вечер, како си? Добро вечер! Како сум? Па, така-така.
Добар ден, како сте? Добро сум, а Вие?

Направи дијалог во кој ќе употребиш некој поздрав и ќе го прашаш соговорникот


како се чувствува.

А: .................................. Како сте?


Б: ........................! .................... сте Вие?
А: .......................................................................
Б: Пријатно.
Напиши поздрав кој одговара со емотиконот. Потоа секој поздрав искористи го за да
направиш дијалог.

А: ......................................................................
Б: ......................................................................
А: .......................................................................
Б: .......................................................................
А: ......................................................................
Б: ......................................................................

ПРЕТСТАВУВАЊЕ

Јас сум Јана. Се презивам Стојковска.

Имам 11 години. Јас сум шесто


одделение.
Јас живеам на улица „Скупи“ во
населбата Влае.
Јас сум Арбен. Се презивам Бектеши.

Имам 11 години. Јас сум шесто одделение.

Јас живеам во Скопје на булеварот


„Партизански одреди“.

Вокабулар:
улица
Обележете со Т (точно) или Ʇ (неточно)
булевар

Јана има 9 години. Ʇ (неточно) Јана е шесто одделение. населба

Јана се презива Стојковска. Јана живее во Битола. години

Арбер е седмо оддделение. Арбен живее во Скопје. одделение


Арбен се презива Бектеши. Арбен има 13 години. се вика
се презива

Пополни ги празните места со соодветен збор. живее

Арбен се презива............................... Тој е од .............................. и живее


на .....................................................................................
Јана .................................... на ........................... „Скупи“ во ................................ Влае.

Претставување – Јас сум .................. Ти си ..........................

Кога се претставуваме, ги кажуваме нашето име и презиме. И кога


претставуваме некој друг, велиме: Ова е ...............
Пример: Јас сум ............
ЛИЧНИ ЗАМЕНКИ:
ЈАС , ТИ, ТОЈ, ТАА, ТОА
НИЕ, ВИЕ, ТИЕ

Лични имиња: Јана, Арбен, Милош, Ердал, Амина.

Презимиња: Бектеши, Стојановски, Дураку, Алиовски, Рамадани, Хасановиќ, Костиќ.

Имињата и презимињата се сопствени именки.


Секогаш се пишуваат со голема почетна буква.

Како се презиваш? Се презивам Алиовска.


Како се презива тој? Тој се презива Рамадани.
Како се презива таа? Таа се презива Хасановиќ.
Како се презивате вие? Ние се презиваме
Стојановски.
Како се презиваат тие? Тие се презиваат Дураку.
Учиме граматика

Глаголот СУМ Глаголот ИМА


(сегашно време) (сегашно време)

ЕДНИНА МНОЖИНА ЕДНИНА МНОЖИНА

1.л. јас сум 1.л. ние сме 1.л. јас имам 1.л. ние имаме
2.л. ти си 2.л. вие сте 2.л. ти имаш 2.л. вие имате
3.л. тој е 3.л. тие се 3.л. тој има 3.л. тие имаат
таа е таа има
тоа е тоа има
Пополни ги празните места со форми од глаголот СУМ

Јас.....................................трето одделение, а Блерим ....... шесто одделение.


Берта ..........седмо одделение, ние ..............................деветто одделение. Редни броеви
кои се
Тие ................. петто одделение, вие ........................ второ одделение. однесуваат на
одделенијата

Глаголот ЖИВЕЕ прво


(сегашно време) второ
ЕДНИНА МНОЖИНА трето

1.л. јас живеам 1.л.ние живееме четврто


2.л. ти живееш 2.л.вие живеете петто
3.л. тој живее 3.л.тие живеат
шесто
ИМЕНКИ
Еднина Множина седмо
улица улици осмо
булевар булевари
населба населби деветто
година години
одделение одделенија

Пополни ги празните места со форми од глаголот живее и со места кои ти ќе ги


избереш.

Тој .............живее......... во .......Радовиш...........


Јас ................................ во ...................................
Тие .............................. во .....................................
Ти ............................... во .....................................
Ние ........................... .во ......................................
Вие ............................ во .....................................
Вежби и задачи: Разговарајте на часот и кажете си меѓусебе на која улица живеете.
Пример: Јас живеам на улица „Амди Демир“. На која улица живееш ти?

Гласови, слогови, зборови


Минатата година го изучуваше македонскиот јазик и ја научи македонската азбука –
кирилица. Во македонската азбука за секој глас има буква. Има 31 глас и 31 буква.
Сите гласови не се исти. Некои се самогласки, а некои се согласки.
Самогласки се а, е, и, о, у.
Во секој збор на македонски јазик има самогласка, односно во секој слог има по една
самогласка.
Глас – слог – збор
Согласка + самогласка = слог (слогот има две, понекогаш и три согласки и секогаш една
самогласка, a ако нема самогласка, тогаш гласот р е самогласка).
Слог + слог... = збор (во еден збор може да има еден, два, три или повеќе слогови).
Пример: на-сел-ба, бу-ле-вар, у-ли-ца, го-ди-ни, ма-ке-дон-ски, прс-ти, крв-та.
Акцент
Зборовите се состојат од слогови. Кога ги изговараме зборовите, еден слог го изговараме
погласно. Тој слог се нарекува акцентиран слог. При твоето изучување на македонскиот
јазик е важно да слушаш каде се случува акцентирањето во зборовите. Правилното
акцентирање се учи со добро слушање и повторување на точен изговор.
Акцентот се слуша како продолжен изговор на акцентираната самогласка. На тој начин и
се бележи. Акцентот се бележи со знакот ( ' ) пред самогласката врз која паѓа акцентот.
Aкцентот во македонскиот јазик е динамичен и паѓа на третиот слог од крајот на зборот,
односно на вториот слог доколку зборот има два слога или на единствениот слог доколку
зборот е краток и има само еден слог.

Слушаме и изговараме

Слушаме, препознаваме и Слушаме, препознаваме и


правилно изговараме правилно изговараме

К – кош, кукла, компир, куќа Љ – љубов, љубичица, Љубојно

Ќ –ќош, ќумур, ќебап Л - Лиле, лале, лонче, лимон, лист

Г – голем, гулаб, гипс Њ – коњ, њоки, Соња

Ѓ – ѓон, ѓумбир, ѓомлезе, ѓердан Ј - јаболко, јасика, јасен, јо-јо

Слушаме, препознаваме и правилно изговараме

Х – хеликоптер, ходник, хеланки, хемија, хулахоп, храна

Ф – фабрика, фонетика, фудбал, фотографија, феферона

Ч – чоколадо, човек, читална, чевли, чисто


Заокружи што слушаш

Со другарчето до тебе изговарајте ги гласовите што се запишани. Потоа едниот од вас


нека изговара само еден глас од парот, а оној кој слуша, го заокружува гласот кој е
изговорен. Потоа сменете ги улогите.

Т-Д К-Г Х-К К-Ќ Џ-Ч


П-Б Ц-С Л-Љ Г-Ѓ М-Н
Л-Ј З-С Н-Њ Ј-Љ Ј-Њ
ДА СЕ ЗАПОЗНАЕМЕ

Здраво, јас сум Здраво. Јас сум


Ердал. Како се Амина, мило ми
викаш ти? е.
Пополни ги празните места

А: Здраво, јас сум .........................................


Б: Здраво, драго ми е. Јас сум ........................................

А: ..........................................................................., Маја.
Б: Здраво, .......................................................................... Дритон.

Пополни ги празните места со лични заменки.

...................... сум Маја. ................. си Дритон.


...................... е Милош, ................... е Мерзије.
.................... сме ученици. ....................... сте спортисти.

ВИКА (СЕ ВИКА)

ЕДНИНА МНОЖИНА

1.л. јас се викам 1.л. ние се викаме


2. л. ти се викаш 2.л. вие се викате
3.л. тој се вика 3.л. тие се викаат

Пополни ги празните места со соодветна форма од глаголот СЕ ВИКА.

Јас ........................... Маја. Ти ................ Дритон.


Тој ............................ Милош. Таа ............................... Мерсије.
ОПИШУВАЊЕ

Јас сум Јана. Јас сум Арбен.


Носам очила. Не носам очила.
Имам долга коса. Имам кратка коса.
Имам сини очи. Имам кафени очи.

Арбен е добар другар. Јана е прекрасна другарка.

глаголот НОСИ (сегашно време)

Еднина Множина

1.л. јас носам 1.л. ние носиме


2.л. ти носиш 2.л. вие носите
3.л. тој/таа/тоа носи 3.л. тие носат

ОПИШУВАЊЕ

ПРИДАВКА ИМЕНКА

СИНИ (ЗЕЛЕНИ, КАФЕНИ, ЦРНИ) ОЧИ

ДОЛГА КОСА
КРАТКА

ДОБРА ДРУГАРКА
ПРЕКРАСНА
ДОБАР ДРУГАР
ПРЕКРАСЕН
МОЕТО СЕМЕЈСТВО

Ова е моето семејство. Се презиваме Алиовски. На фотографијата јас сум второ одделение.
Ги претставувам по ред: баба ми, дедо ми, тетка ми, тетин ми, татко ми, мајка ми, пак, дедо ми и
баба ми, братучетка ми, братучед ми, брат ми и јас, Амина.

Кој како се вика на оваа фотографија, Амина?


Како се вика баба ти? Баба ми се вика Дора.
Како се вика дедо ти? Дедо ми се вика Емил.
Како се вика братучетка ти? Братучетка ми се вика Сабина.
Како се вика тетин ти? Тетин ми се вика Ерол.
Залепете фотографија од вашето семејство. Набројте кој има на фотографијата.

Вежби и задачи: Донесете на училиште фотографии од своите семејства. Претставете


ги членовите кои се на фотографиите.
Учиме граматика

Имињата на луѓето се сопствени именки. Имињата на местата на живеење, градови, населби, села
се, исто така, сопствени именки.
Зборовите како: ученик, братучед, тетка, фотографија, семејство се викаат општи именки. Тие
означуваат имиња на суштества, предмети, појави.

Вежби и задачи

Поделете ги дадените именки на општи и сопствени и напишете ги во соодветната колона:


мајка, татко, братучед, Ерол, Скопје, Битола, Чегране, тетка, брат, сестра, Вардар, Амина.

Вокабулар:
Општи именки Сопствени именки
брат

сестра

мајка

татко

баба

дедо

тетин

тетка

братучед

братучетка

Играјте „На буквата, на буквата...“ и смислете имиња кои почнуваат со одредена буква.

Пример: А - Ана, Ајше, Ангела, Антон, Агрон...


ЧЛЕНОВИТЕ НА МОЕТО СЕМЕЈСТВО И НИВНИТЕ ПРОФЕСИИ
Кој е ова? Ова е.... тој/таа е...

Татко ми е слаткар. Тој прави слатки.

Тетин ми е информатичар. Тој работи од дома.

Братучетка ми е медицинска сестра. Работи во амбуланта.

Мајка ми е наставничка. Работи во училиште.


глаголот ПРАВИ глаголот РАБОТИ
Еднина Множина Еднина Множина

1.л. јас правам 1.л. ние правиме 1.л. јас работам 1.л. ние работиме
2.л. ти правиш 2.л. вие правите 2.л. ти работиш 2.л. вие работите
3.л. тој/таа/тоа прави 3.л. тие прават 3.л. тој/таа/тоа работи 3.л. тие работат

ИМЕНКИ
слаткар, наставничка, медицинска сестра, информатичар

Машки род, еднина Женски род, еднина Множина (двата рода)

слаткар слаткарка слаткари

наставник наставничка наставници

информатичар информатичарка информатичари

медицинска сестра медицински сестри

ПРОФЕСИИ
Погледнете ја оваа илустрација. Со кои професии се занимаваат луѓето на оваа илустрација?

Професии: фотограф, градинарка, пилот, градежник, банкар, докторка, ѕидар.


Имињата на професиите се општи именки. Можат да бидат во машки или во женски род.

Вежби и задачи: Искористете ја илустрацијата и кажете кој лик што е по професија.


Користете го изразот: Ова е... фотограф.

Поделете се во двојки. Користете го изразот Сакам да бидам... и кажете му на


своето другарче што би сакале да бидете.

Поделете сеИпМОИТЕ СОСЕДИ


МОЈАТА ОКОЛИНА

Моите соседи
Кој/Кои овој/оваа/ова/овие/

Овие луѓе од фотографијата се моите


соседи: овој човек е господин Рамадани,
оваа жена е госпоѓа Рамадани, а ова се
нивните деца: Сара и Агрон.

ПОКАЗНИ ЗАМЕНКИ

Овој
Оваа
Ова
Овие
Овие деца се моите пријатели од соседството.

На ова место играме со моите пријатели од соседството.

Ова е нашиот парк.


Кој е ова?
Ова е Ердал. Тој е мој пријател и мој сосед. Ердал има 11 години. Тој живее на мојата улица.

Оваа куќа е негова.

Вежби и задачи

Опиши го Ердал - колку години има, каде живее, како изгледа.


ПРАЗНУВАЊА

Кои јазици може да се слушнат меѓу луѓето од нашата татковина?

ПРАЗНИЦИТЕ се дел од
животот.
Празнуваме празници на
заедницата, национални
празници, верски празници.
Кога некој празнува, честитаме.
Кога честитаме, велиме:
Честитки! Со среќа!
Честит Рамазан Бајрам!
Честит Велигден!
Среќни Божиќни празници,
Честит Ден на наставата на турски
јазик!
Честит Рамазан Бајрам!
Честит Меѓународен ден на
Празнувајте во мир, Бошњаците!
здравје, радост, љубов,
Честит Свети Сава!
среќа и благодат!
Честит именден!
Среќна слава!
Среќен роденден!
За многу години Велигден!
Христос воскресе! Навистина
воскресе!
Истражете кој празник
на кој датум е оваа
календарска година.
Направете потсетник
на еден лист и
креирајте честитки за
секој празник!

За секој празник се подготвува храна, се


организира прослава во зависност од
празникот. Што прави вашата заедница за
некој важен празник за вас? Што прават
другите заедници за нивните празници?
Истражете и презентирајте!

ЧЕСТИ : ЧЕСТИТА
Се честиме со благо, сокче, традиционално јадење : честитаме празник/празници
А: Здраво!

Б: Честит празник!

А: Благодарам многу!

Б: Повели едно колаче!

А: Благодарам!

А: Здраво, како си?

Б: Здраво, благодарам. Добро сум.

А: Драго ми е.

Б: Дојди да те честам, победивме во


фудбал!

А: Честитки!

Б: Ти благодарам!

А: Здраво, извини што доцнам!

Б: Здраво, во ред е.

А: Ајде да одиме на роденденот! Доцниме.

Напиши дијалог за тоа како


овие девојчиња си
честитаат роденден!
Направете постер на тема:
ЈАДЕЊАТА НА НАШИТЕ ПРАЗНИЦИ
МОЈОТ ДОМ

Луѓето живеат во куќа или во стан. Станот се наоѓа во зграда.


Арбен живее во куќа, во град. Јана, исто така, живее во град, но во стан.
Бабата на Јана живее во село.
Каде живееш ти?
Дом е куќата или станот во кој живеат луѓето.

село град

куќа зграда стан


ПРОСТОРИИ (СОБИ) ВО ДОМОТ

кујна трпезарија дневна соба

спална соба детска соба бања

Одговори со ДА или НЕ!

Пример: Дали има фрижидер во кујната? - Да, има.


Има ли телевизор во спалната соба? – Не, нема.
1. Дали има маса во кујната? 2. Има ли компјутер во дневната соба?
2. Има ли тросед во дневната соба? 4. Дали има ламба во спалната соба?

ДАЛИ = ЛИ Дали1 има...? Има ли2...?


ПОСТЕР НА ТЕМА „МОЈОТ ДОМ“
Пополни ги празните места

1. Јана и Арбен прават постер за _________ и семејството.


2. Арбен живее во _________, а Јана живее во _________.
3. Домот на Арбен е _________ до училиштето.
4. Станот на Јана е на вториот _________.
5. Бабата и дедото на Јана живеат на _________.
6. Арбен и брат му имаат ___________ соба.
7. Собата на бабата на Арбен е на ______________.

Обележете со Т (точно) или Ʇ (неточно)

Арбен живее во куќа. Т (точно) Станот на Јана е на првиот кат.


Јана не живее во зграда. Арбен има брат.
Арбен живее блиску до училиштето. Јана и Арбен прават стрип.

Учиме граматика

ГЛАГОЛИ сврзниците И – А – ТУКУ

глаголот ПРАВИ глаголот ОДИ Баба ми пие чај и јаде бисквити.


(сегашно време) (сегашно време)
Арбен живее во куќа. И Јана живее во
јас правам ние правиме јас одам ние одиме куќа.
ти правиш вие правите ти одиш вие одите
(Јана живее во куќа, исто така.)
тој прави тие прават тој оди тие одат
таа прави таа оди Арбен живее во куќа, а Јана во стан.
тоа прави тоа оди
Јана не живее во куќа, туку во стан.
Арбен нема сестра, туку брат.
ИМЕНКИ
машки род женски род среден род

град - градови куќа - куќи село - села


стан - станови зграда - згради семејство - семејства
кат - катови соба – соби училиште - училишта
стрип - стрипови баба - баби
постер - постери
компјутер - компјутери
Пополни ги празните места Одбери еден од понудените зборови.

1. Јана не е петто одделение, _________ шесто. (и, а, туку)


2. Дедо ми пие кафе ___ гледа телевизија. (и, а, туку)
3. Арбен и Јана не _________ стрип, _________ постер. (прави, правиме, прават) (и, а, туку)
4. Бабата на Арбен живее во град, _____ бабата на Јана живее во село. (а, туку, и)
5. Ние _________ на кино. (одам, одиме, одат)
6. Каде _________ Арбен и Јана? (одам, одат, одите).
7. _________ одат кај Арбен. (ние, ти, тие)
Во детската соба
Пополни ги празните места

1. Во _____________ соба на Арбен _________ телевизор.


2. Креветот на Арбен е ________, а креветот на брат му е _________.
3. Столот во детската соба е __________________ .
4. Омилената __________ на Арбен е црвена.
5. На работната маса има _______________.
6. Милош нема куче, _______ мачка.

Пополни и согледај – ВО или НА

Јана живее во град, а баба ѝ живее во село.


Арбен живее во куќа, а Јана _______ стан.
Во детската соба има компјутер, но нема телевизор.
Во дворот има голем тревник, а ______ градината има моркови.
_______ гаражата има автомобил.
_______ чашата нема сок, _______ кафе.
Што има во фрижидерот?
Што има на масата?
Арбен седи _______ фотелјата, а Јана _____ столот.
_______ собата на Милош има кревет. _______ креветот има книга.

_______ кутијата нема куче, _______ мачка. (во/на) (но/а/туку)

Мачката е _____ кутијата. (во/на)


_____ фиоката има книги. (во/на)

_____ фиоката _______ ништо. (во/на) (има/нема)

_____ ѕидот има слика. (во/на)

Активност:

Вежба: Кажи што има во твојата соба, а што има на работната маса.

Како се вика твојот брат? – машки род


Дали е голема твојата соба? – женски род
Ова е твоето биро? – среден род
Кое одделение се твоите другари? – множина

Мојот брат се вика Гранит. – машки род


Не, мојата соба е мала. – женски род
Да, ова е моето биро. – среден род
Моите другари се шесто одделение. - множина
Како се вика вашиот татко? – машки род
Каде е вашата баба? – женски род
Вашето куче многу лае. – среден род
Каде се вашите родители? – множина

Нашиот татко се вика Бесим. – машки род


Нашата баба е во градината. – женски род
Не, нашето куче не лае многу. – среден род
Нашите родители се на работа. – множина

Учиме граматика

чиј, чија, чие, чии?

Чиј е креветот? – мој, твој, наш, ваш,... Мојот кревет е долу.


Чија е фотелјата – моја, твоја, наша, ваша,... Твојата фотелја е сина.
Чие е бирото? – мое, твое, наше, ваше,... Нашето биро е бело.
Чии се книгите? – мои, твои, наши, ваши,... Вашите книги се интересни.
(јас) мој, моја, мое, мои (ние) наш, наша, наше, наши
(ти) твој, твоја, твое, твои (вие) ваш, ваша, ваше, ваши

брат ми = мојот брат


Пополни ги празните места брат ти = твојот брат

Јана: Здраво. Јас ______________ Јана. Како ______________ ти?


Гранит: ______________. ______________ Гранит.
Јана: Мојот брат ___________ Марко. А ____________?
Гранит: ___________ брат се вика ___________.
Јана: ______ е оваа соба?
Гранит: Наша.
Јана: Ми се допаѓа ______________ соба.
Гранит: ______________.
Јана: Каде се ______________ родители.
Гранит: ______ се __________________.
ВО ДНЕВНАТА СОБА

Пронајди кои зборови се кријат на Напиши што ИМА и што НЕМА во


сликата и напиши ги на линиите дневната соба во твојот дом!

___________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________

____________________________________________
Учиме граматика
ГЛАГОЛИ
глаголот ГЛЕДА глаголот ИГРА глаголот СЕ ДРУЖИ
(сегашно време) (сегашно време) (сегашно време)

јас гледам ние гледаме јас играм ние играме јас се дружам ние се
ти гледаш вие гледате ти играш вие играте дружиме
тој гледа тие гледаат тој игра тие играат ти се дружиш вие се дружите
таа гледа таа игра тој се дружи тие се дружат
тоа гледа тоа игра таа се дружи
тоа се дружи
ИМЕНКИ
машки род женски род среден род
стол – столови комода – комоди биро - бироа
кревет – кревети маса – маси куче – кучиња
телевизор – телевизори фиока – фиоки
другар – другари фотелја – фотелји
килим – килими книга – книги
тросед – троседи слика – слики
брат – браќа * вазна – вазни
сестра – сестри
ИЛИ И... И НИ... НИ (НИТУ... НИТУ)
Дали имаш брат или сестра? – Имам и брат и сестра.
Немам ниту брат ниту сестра (Немам ни брат ни сестра). Во дневната соба нема ни килим ни завеси.

Пополни ги празните места

Ние ______________ во куќа. Јас и ________ имаме заедничка детска ______. Во ____________ дневна
соба има _____________, две ______________, слики, ТВ-______________, ______________, но нема
___________ килим, ______________ завеси.

Во дневната соба сите ______________ телевизија, јас и брат ми ______________ монопол, се


______________. Што ______________ вие во ______________ дневна соба? Дали и вие _____________
филмови? Дали ______________ карти? Дали се ______________?
ВО КУЈНАТА И ТРПЕЗАРИЈАТА

Обележете со Т (точно) или Ʇ (неточно)


1. На електричниот шпорет има тенџере. – Т (точно)
2. Во кујната на Арбен има тостер.
3. Арбен не раскрева по ручекот.
4. Омилено јадење на Арбен е пица.
5. Јана има едно омилено јадење.
6. Кујната не е уредна.
7. Во трпезаријата гледаме телевизија.

Поврзете ги сликите со соодветните зборови

бокал виљушка лажица тава чинија чаша филџан


Учиме граматика
ГЛАГОЛИ
глаголот РАСКРЕВА глаголот ГОТВИ глаголот МИЕ
(сегашно време) (сегашно време) (сегашно време)

јас раскревам ние раскреваме јас готвам ние готвиме јас мијам ние миеме
ти раскреваш вие раскревате ти готвиш вие готвите ти миеш вие миете
тој раскрева тие раскреваат тој готви тие готват тој мие тие мијат
таа раскрева таа готви таа мие
тоа раскрева тоа готви тоа мие
ИМЕНКИ
машки род женски род среден род
салата
фрижидер машина кафе – кафиња
шпорет пица шише
тостер лажица ѓезве
Леб виљушка
Сок чинија
Нож чаша
филџан тава

1. Поврзете ги глаголите со соодветните именки. 2. Пополнете ги празните места.

мие пица Што прават Марко и Сара?


Тие _______ пица.

прави садови Што правиш?


Мијам садови.

пече леб Што правите?


__________ леб.
готви кафе Кој _____ кафе?
Татко ми _____ кафе.

вари ручек Што прави сестра ти?


Таа _______ ручек.

прави сок Што _______ брат ти?


Тој _______ сок.

пие салата Кој _______ салата?


Ана и мајка ѝ _________ салата.

:
Правописно правило: помеѓу буквите И и А секогаш се пишува Ј.

Пр.: пијам, мијат, спијам, Марија, историја, чинија, Македонија,...


„Ј“ не се пишува во зборовите: триаголник, иако.
НАШАТА БАЊА

Поврзете ги сликите со соодветните зборови

тоалетна хартија огледало када крпа тоалетна шолја чешел паста и четка за заби лавабо
ВО ДВОРОТ И ГРАДИНАТА

Обележете со Т (точно) или Ʇ (неточно)

1. Станот на Јана нема балкон.


2. Омилено место во домот на Јана ѝ е дневната соба.
3. Оградата е бела.
4. Јана мие садови и брише прашина.
5. Арбен и брат му ја наводнуваат градината.
6. Арбен и Јана помагаат во домот.
ЗАДОЛЖЕНИЈА ВО ДОМОТ

ЧИСТИ
јас чистам ние _______
ти _______ вие чистите
тој чисти тие _______
таа чисти
Ние сите чистиме дома.
тоа чисти
БРИШЕ
јас __________ ние бришеме
ти бришеш вие __________
тој __________ тие __________
таа брише
Дали бришеш прашина? тоа брише
ФРЛА
јас _________ ние _________
ти _________ вие фрлате
тој фрла тие _________
Кој го фрла ѓубрето? таа фрла
тоа фрла
НАВОДНУВА
јас наводнувам ние _____________
ти _____________ вие наводнувате
тој _____________ тие _____________
таа _____________
Арбен ја наводнува градината. тоа _____________
КУПУВА

јас купувам ние ______________


ти ____________ вие ______________
Брат ми купува во продавница. тој ____________ тие ______________
таа ____________
тоа ____________
Учиме граматика
ИМЕНКИ
машки род женски род среден род

двор – дворови када – кади огледало – огледала


балкон – балкони крпа – крпи ѓубре
морков – моркови четка – четки
домат – домати градина – градини
орев – ореви пиперка – пиперки
заб - заби

Предлог-активности:

1. Разговарај со другарчето до себе. Прашај го дали помага дома, кој мие садови/прави ручек/пече
леб/го фрла ѓубрето/чисти кај нив дома. Потоа другарчето нека те праша тебе, а ти одговори му.

2. Поделете се во шест групи. Секоја група нека одбере по една просторија и нека ја опише. Потоа
презентирајте усно што сте напишале и дополнувајте ги останатите групи.
МОЕТО СОСЕДСТВО И МОИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

1
Обележете со Т (точно) или Ʇ (неточно)

1. Емина живее во зграда. Ʇ (неточно)


2. Нејзината мајка е наставничка.
3. Нивниот автомобил е жолт.
4. Милош има мачка.
5. Неговата мачка се вика Том.
6. Јана живее во куќа.
7. Нејзиниот брат има осум години.
8. Арбен има сестра.
9. Ердал нема ни брат ни сестра.
10. Неговата мачка се вика Џан.
Учиме граматика

показни заменки ОВОЈ, ОВАА, ОВА, ОВИЕ показни заменки ОНОЈ, ОНАА, ОНА, ОНИЕ
(блиску) (далеку)

Овој автомобил е мој. Оној автомобил е на дедо ми.


Оваа куќа е наша. Онаа куќа е на мојот другар.
Ова биро е на Гранит. Она дете е мало.
Овие книги се наши. Оние книги не се мои.

Ова е... Она е...

чиј, чија, чие, чии?

Чиј е автомобилот? – негов, нејзин, нивни Неговиот автомобил е црвен.


Чија е мачката? – негова, нејзина, нивна Неговата мачка се вика Кити.
Чие е кучето? – негово, нејзино, нивно Неговото куче се вика Џан.
Чии се родителите? – негови, нејзини, нивни Нивните родители се на работа.
(тој) негов, негова, негово, негови (тие) нивни, нивна, нивно, нивни
(таа) нејзин, нејзина, нејзино, нејзини
брат му = неговиот брат
(тоа) негов, негова, негово, негови брат ѝ = нејзиниот брат

Пополни ги празните места со соодветен збор

1. Јас живеам со ______________ родители, со баба ____ и со брат ___. ________ брат се
вика __________.
2. Јана __________ со родителите и брат ѝ во зграда. ____________ стан е на вториот
________. __________ брат е бебе. ____ има осум ____________.
3. Милош има две сестри. ____________ сестри се близначки. ____________мајка е
продавачка, а неговиот татко е ________.
4. Ердал има куче. ____________ куче ____________ Џан.
5. Емина има ____ сестри. ______________ сестри ________ 14 и 8 години.
6. Креветот е на Гранит. Тој е __________. (негов/нејзин/твој)
7. Книгите се на Арбен. Тие се __________.
8. Очилата се на Јана. Тие се __________ (негови/нејзини/нивни)
9. Собата е на Арбен и Гранит. Таа е __________. (нејзина/негова/нивна)
10. Автомобилот не е на Емина. Автомобилот не е __________ . (негов/нејзин/нивни)
11. Автомобилот е на татко ѝ на Емина. Тој е _______________.

Што си по професија?

- Здраво. Јас се викам Елвира. По професија сум лекарка. Што сте Вие по професија?
- Здраво. Јас се викам Ненад. Јас сум лекар, исто така.

Дополни ја табелата

Тој е лекар. И таа е лекарка. Тој е адвокат, а таа е новинарка.


лекар – лекарка економист –
фудбалер – фудбалерка земјоделец –
актер – чистач –
новинар – пејач –
продавач – пекар –
адвокат – наставник – наставничка

Предлог-активности:

1. Работа во парови. Направете краток дијалог со кој ќе го претставите своето семејство


и ќе го прашате другарот/другарката да го претстави своето семејство. Користете ги
формите „мојот/твојот“, „мојата/твојата“ итн. На пример: Мојот татко се вика Ружди.
Тој има 40 години...
2. Опишете го семејството на еден ваш другар/другарка, а другите ученици треба да
погодат кого сте го опишале. На пример: Тој живее во зграда. Има една сестра.
Неговата сестра се вика... итн.
3. Поделете се во парови или во групи. Секој пар/група добива ливче со назив за некоја
професија која треба да ја објаснат без зборови на соученикот/соучениците. Останатите
погодуваат користејќи фрази: Ти си фризерка; Не, јас не сум механичар...
4. Прашај го соученикот/соученичката која е неговата/нејзината омилена професија и
што се по професија неговите/нејзините роднини. Потоа тој/таа нека те праша тебе.

МОЈАТА ОКОЛИНА

Планетата Земја е нашиот дом

Јована сади цвеќиња.


Нејзините родители садат дрво.
Дамир не ја гази тревата.
Дали ти ја газиш тревата?

Тие рециклираат.
Берна ______________.
Дали и вие рециклирате?

Ние го собираме ѓубрето.


Децата го ______________ ѓубрето.
Дали и вие го собирате ѓубрето?

Ружди не ги фрла отпадоците во корпа.


Ветон ги фрла отпадоците во корпа/канта.
Дали твоите другари ги фрлаат отпадоците во
корпа?

Ние ја чуваме нашата околина.


Дали ти ја чуваш околината?
Како ја чуваш околината?
СОДРЖИНА
Моето училиште ...............................................................2
Броевите во македонскиот јазик .....................................4
Утрински активности........................................................ 6
Учиме граматика – сегашно време ................................. 7
Вежби..................................................................................9
Превозни средства............................................................12
Учиме граматика – придавки...........................................14
Извинете, каде е?..............................................................15
Мапа..................................................................................16
Интереси, хоби и слободно време..................................17
Спортски активности......................................................19
Слободно време и време за семејството........................22
Нова година......................................................................24
Месеците во годината.....................................................25
Распуст..............................................................................27
Патување...........................................................................28
Ден на училиштето..........................................................30

1
Teмa: Училиште, место на живеење, интереси и слободно време

МОЕТО УЧИЛИШТЕ

2
Обележете со Т (точно) или Ʇ (неточно)

1. Училиштето на Амина има три ката.


2. Амина и Ердал учат во исто училиште.
3. Во нивното училиште нема кабинет по Информатика.
4. Амина не ја сака математиката.
5. Во спортската сала учениците секогаш носат опрема за спортување.
6. Нивното најубаво место во училиштето не е библиотеката.
7. Учениците не се грижат за хигиената во училиштето.

Пополни ги празните места


А)
1. Во одделението на Амина и Ердал учат дваесет _______________________ .
2. Во кабинетот по Информатика учениците _______________________ .
3. Во _____________ по Ликовно образование учениците ____________ и _________ .
4. На часовите по Математика учениците ______________ задачи со ______________,
одземање, _______________ и ______________.
5. Сите ________________ се грижат за ________________ во училишниот двор.

Б)
1. Колку ученици учат во твоето одделение?
- Во _______________ одделение учат _______________ ученици.
2. Колку ката има вашето училиште?
- _______________ училиште има ________ ката.
3. Колку години имаш?
- ____________________________________________________________.
4. Колку предмети имате во шесто одделение?
- ____________________________________________________________ .

3
БРОЕВИТЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

1 – еден 11 – единаесет 21 – двасет и еден 200 – двесте


2 – два 12 – дванаесет 22 – дваесет и два 300 – триста
3 – три 13 – тринаесет 30 – триесет 400 – четиристотини
4 – четири 14 – четиринаесет 40 – четириесет 500 – петстотини
5 – пет 15 – петнаесет 50 – педесет 600 – шестотини
6 – шест 16 – шестнаесет 60 – шеесет 700 – седумстотини
7 – седум 17 – седумнаесет 70 – седумдесет 800 – осумстотини
8 – осум 18 – осумнаесет 80 – осумдесет 900 – девестотини
9 – девет 19 – деветнаесет 90 – деведесет 1 000 – илјада
10 – десет 20 – дваесет 100 – сто 1 000 000 – милион

Предлог-активност

Работа во парови. Едниот ученик нека постави една задача, а другиот нека одговори.
Потоа другиот ученик прашува, а првиот одговара.

ВРЕМЕ Е ЗА МАТЕМАТИКА
3+2=5 (плус) Три плус два е пет. (Три плус два е еднакво на пет)
8-2= (минус) _________________________________________________________ .
7+8= _________________________________________________________________ .
20 + 16 = _________________________________________________________________ .
80 - 10 = _________________________________________________________________ .
190 - 20 = _________________________________________________________________ .
140 + 160 = _________________________________________________________________ .

4
Броевите еден и два

еден молив/компјутер два молива/компјутера – м.р.


една тетратка/клупа две тетратки/клупи – ж.р.
едно пенкало/дете две пенкала/деца – ср.р.

Вежби
Пополни со соодветните форми еден/една/едно или два/две:
Во училницата нема ______ табли, ______ часовници, ______ стола, _____
бироа, _______ ормар, туку има _____ табла, ____ часовник, _____ биро,
_____ стол и _______ ормари.

5
6
Предлог-активност

Направете дијалог и прашувајте се меѓусебно во колку часот ги извршувате утринските


активности.
На пример:
Јана се буди во шест часот.
Во колку часот се будиш ти? (Кога се будиш ти?)

Учиме граматика

ГЛАГОЛИ
СЕ БАЊА ПОЈАДУВА глаголот СЕ БУДИ
(сегашно време) (сегашно време) (сегашно време)

јас се бањам ние се бањаме јас појадувам ние појадуваме јас се будам ние се будиме
ти се бањаш вие се бањате ти појадуваш вие појадувате ти се будиш вие се будите
тој се бања тие се бањаат тој појадува тие појадуваат тој се буди тие се будат
таа се бања таа појадува таа се буди
тоа се бања тоа појадува тоа се буди

ПОЧНУВА ЗАВРШУВА ВО колку часот?


(сегашно време) (сегашно време)
Часот почнува во 7:30 часот, a
јас почнувам ние почнуваме јас завршувам ние завршуваме завршува во 8:10.
ти почнуваш вие почнувате ти завршуваш вие завршувате
тој почнува тие почнуваат тој завршува тие завршуваат ОД... ДО
таа почнува таа завршува
тоа почнува тоа завршува Големиот одмор трае од 9:00
до 9:30.

7
Разговараме

- Во која редица и во која клупа


седиш ти?
- До кого седиш во клупата?
- Кој седи пред тебе, а кој седи
зад тебе?
прв час
прва клупа
прво одделение
први зборови

прв, втор, трет, четврти, петти, шести, седми, осми, деветти, десетти
единаесетти, дванесетти, тринесетти,...
21. - дваесет и први, 22. - дваесет и втори, 48. - четириесет и осми, 96. - деведесет и шести

Пополни ги празните места


1. Сара седи во __________ клупа. (3.)
2. На натпреварот по математика Ајше освои __________ место. (1.)
3. Ѓулшен доби __________ награда за песната „Моето училиште“. (2.)
4. Јас сум __________ одделение (6.), а сестра ми е _________ (7.).

јас мене
ти тебе
тој него
таа неа
тоа него

8
Пополни ги празните места

1. Јас ______________ во третата клупа. Пред ________ седи Ајше, а _______ мене
седи Ерхан. Кој седи пред _________, Арбен?
2. Елена седи во третата ____________. До _________ седи Џан. Пред ________ е
Миа, а _________ неа е Марко.
3. Милош седи со мене. Пред _________ седи Бесима, а _______ него е Ебру.

Поврзете ги сликите со соодветните зборови

ножици острилка сунѓер ранец пенкало боички гума за бришење табла

Марио крева рака.


Кој крева рака? ________ .
Дали ти __________ рака на часовите?
Да, __________________________________________________.
Не, __________________________________________________ .
Кој __________ табла?
Илми брише табла.
Дали Милош ________ табла?
Не, Милош ________________табла.
Дежурните ученици ______________ табла.

9
Што прави Ненад?
Ненад ____________ во тетратката.
Во ____ пишува Ненад? Во тетратката.
Ненад пишува ____________ работа.
Што пишува Ненад? ______________________________.

Мемет ________ книга.


Кој __________ книга? __________________ .
Што ________ Мемет?
Тој ________________________________ .

Ваљбона решава задачи.


Кој ______________ задачи? ______________.
Што решава ____________? _______________.
Таа решава задачи на таблата.
Каде ________________________? ___ таблата.
Петар црта.
____ црта? Петар.
_______ Петар брише? Не, ____________________________.
Тој црта со молив.
____ што црта тој? ____ молив.

ВО СО НА
(КАДЕ?) (СО ШТО?) (НА ШТО?/КАДЕ?/КОГА)
Тео пишува во тетратка. Тој пишува со молив. Ваљбона пишува на табла.
Книгите се во ранецот. Таа брише табла со сунѓер. Тој седи на своето место.
Ние седиме во првата клупа. Вие боите со темперни бои. На клупата има многу
Учениците се во кабинетот. Амина седи со Ердал. книги.
Во нашето училиште има 28 Јана се дружи со Арбен. Појадуваме на големиот
училници. одмор.
Јана е на час.

10
Активност

Работа во парови. Составете прашања за секоја од речениците во табелата. Прво едниот


ученик прашува, а другиот одговара, а потоа си ги менуваат местата.

Пр. Каде пишува Тео? Со што пишува тој? Каде седи тој?

На училиште одам со...

автобус мопед

брод воз

камион авион

велосипед автомобил

На училиште одам пешки.

11
Напиши го соодветниот збор под секоја слика

______________ ________________ ________________ ________________

______________ ______________ ______________ ______________

Пополни ги празните места

1. Сара оди на училиште со ______________ .

2. Брат ми и сестра ми ________ на работа со ______________ .

3. Бастри ________ на училиште ______________ .

4. Ние ________ на одмор со ______________ .

12
5. Ајше ________на тренинг со _____________________ .

6. Моите соседи ________ во парк со ________________ .

7. Како ________ ти на училиште?


______________________________________________________________________ .

8. Како ________ на работа твоите родители?


______________________________________________________________________
_______________________________________________________________________ .

Каков молив, каква книга, какво пенкало...?

Ѓулшен има црвена книга. Петар има жолт молив. Ружди има зелено пенкало.

жолти книги црвени моливи сини пенкала

13
Учиме граматика

ПРИДАВКИ
машки род женски род среден род множина
Каков? Каква? - А Какво? - О Какви? – И
син, бел, црн, розов, сина, бела, црна, сино, бело, црно, сини, бели, црни,
црвен, голем, мал, розова, голема, розово, големо, розови, црвени,
висок, низок мала, висока, ниска мало, високо, ниско големи, мали,
високи, ниски

Каков велосипед има Арбен? - жолт


Каква тетратка имаш? – жолта
Какво пенкало има Јана? – жолто
Какви книги има Ѓулшен? - жолти

Активности

1. Работа во парови. Разговарајте со другарчето, прашувајте се меѓусебно – каков


училиштен прибор имате, каков е мебелот кај вас дома, превозните средства, каква
коса, какви очи имате и слично.
2. Поделете се на групи и изработете постери на темите „Моето училиште“, „Мојата
училница“ и „Превозни средства“. Потоа презентирајте ги на часот и опишете ги
илустрациите.

14
Извинете, каде е...?

театар училиште кино

банка пошта болница

- Извинете, каде е театарот? - Извинете, каде се наоѓа болницата?

- Театарот е десно од училиштето, - Болницата е блиску до училиштето,


спроти банката. спроти киното и веднаш до поштата.

- Дали е блиску? - Дали болницата е жолта?

- Не е многу далеку. - Не, не е жолта, туку бела.

- Ви благодарам. Пријатно! - Ви благодарам. Пријатно и убав ден!

- Молам. Пријатно! - Пријатно!

Учиме нови зборови


блиску – далеку
право – лево – десно (лево од – десно од)
спроти
до (веднаш до)
пред – зад
помеѓу

15
Пополни ги празните места

1. Каде е базенот?
- Базенот е ________________ библиотеката и трговскиот центар, десно од
________________________.
2. Каде е ________________?
- ________________ е ________________ банката и пазарот.
3. Каде се наоѓа џамијата?
- Џамијата е ________ банката.

Активности

1. Работа во парови. Направете дијалог со другарчето – прво едниот нека праша каде
се наоѓа некој објект на мапата, а другиот нека му одговори. Потоа сменете ги
улогите.
2. Изработете мапа на вашето соседство. Потоа нацртајте стрелки ( ) од
училиштето до дома. На часот ќе презентирате каде се наоѓа вашиот дом, а каде
училиштето и што има во вашето место.

16
Интереси, хоби и слободно време

Моите соседи сакаат да готват. Џан, Амина и Јана сакаат да се дружат во природа.

Агрон сака да истражува на интернет. Ердал сака да фотографи

Сара и Агрон сакаат да играат онлајн игри. Ајше и Блерим сакаат да читаат.

17
Јасмина сака да пее сама, а Милош, Фатима и Бурџу сакаат да пеат во група.

Мери сака да пишува песни. Фатмир сака да црта и бои.

Блерим сака да решава математички проблеми. Миа и Дино сакаат да танцуваат.

18
Спортски активности

СПОРТОВИ:
фудбал, кошарка, тенис, одбојка, ракомет, атлетика, велосипедизам, планинарење,
голф, пливање...

Спортска опрема и реквизити:


топка, баскет, рекет, тениско топче, велосипед, патики, тренерки.

19
Напиши го соодветниот збор под секоја слика

________________ ________________ ________________

________________ ________________ ________________

Кој спорт го сакаш ти?

Ердал: Јас сакам кошарка. Одам на игралиште да играм секој викенд. А кој спорт го сакаш
ти?
Амина: Јас сакам одбојка. Тренирам во клубот во моето место. Дали и твојот брат сака
кошарка?
Ердал: Не, тој не сака кошарка. Тој сака фудбал. Игра многу добро.
Амина: Јас, исто така, сакам тенис. Ги гледам сите тениски натпревари.

Пополни ги празните места.

Ердал сака ________________. Тој игра кошарка на ________________ секој викенд. Амина
сака ________________ Таа, исто така, сака________________.

Братот на Ердал сака ________________.

20
Нацртај и опиши кој е твојот омилен спорт и омилен спортист.

Сакам да... Не сакам да...

Сакам да цртам.
Сакам да пишувам песни.
Сакам да слушам музика.
Не сакам да пишувам
математика.
Сакам да играм кошарка.

Сакам да играм фудбал.


Сакам да зборувам на
телефон.
Не сакам да играм монопол.
Не сакам да гледам стари
филмови.

21
Пополни ги празните места со именки и глаголи од предложените.

Сакам да...
ГЛАГОЛИ
Сакам да зборувам на телефон.
црта, пее, пишува,
Сакам да ________________ зборува, слуша, игра,
гледа
Сакам да ________________
Сакам да________________
Сакам да ________________

Не сакам да...
ИМЕНКИ
Не сакам да играм карти.
филм, песна, музика,
Не сакам да ________________
книга, цртежи, состав,
Не сакам да ________________ фудбал, тенис, карти,
монопол
Не сакам да ________________

Слободно време и време за семејството

22
Кога не сум во училиште и
немам тренинг, се дружам
со моето семејство. Играме
монопол и гледаме
филмови.

Кога немам обврски, се


дружам со семејството
и одиме во природа.

РАЗГОВАРАМЕ
Што сакаш да правиш во слободното време?
Пр. Јас сакам да готвам. Сакам да шетам во природа.
Дали се занимаваш со некој спорт?
Дали сакаш фудбал, кошарка, ракомет или некој друг спорт?

Предлог-активност

Претставувајте се меѓусебе и спортот што ви е омилен. Користете го овој пример:

- Ова е Амина. Нејзин омилен спорт е одбојката. Ова е Ердал. Негов омилен спорт е
кошарката. Мојот омилен спорт е тенисот.

23
НОВА ГОДИНА

Која е твојата новогодишна желба?


Имам желба за подарок да добијам ........................................................

МЕСЕЦИ ВО СРЕЌНА
ГОДИНАТА
НОВА ГОДИНА

24
Какво е времето во различни месеци од годината?

јануари февруари

март април

мај јуни

25
јули август

септември октомври

ноември декември
Во јануари и февруари е студено. Вее снег и има мраз.
Во март е променливо и уште студи.
Во април и мај времето е топло и пријатно.
Во јуни, јули и август времето е топло. Ретко врне или грми.
Во есен времето е постидено и врне.

Годишни времиња: пролет, лето, есен, зима.

Времето може да биде: студено, топло, да врне, да вее, да дува.

26
Распуст – зимски и летен
Кога почнува зимскиот распуст?
Кога започнува летниот распуст?

Како се пишуваат датуми?


30.12.2023 година
17.6.2024 година
ден.месец.година

Што правиме за време на распуст?

На распуст играме,
се дружиме,
разговараме,
читаме, гледаме
филмови, играме
игри на компјутер.

Планови за распуст

Што ќе правиш овој распуст? Овој распуст ќе одам во Студеничани кај


- Ќе одам во Струга. баба ми и дедо ми.

27
Патување
А: Здраво, како си?
Б: Добро сум, а ти?
А: Добро сум, правам планови.
Б: Какви планови правиш?
А: Ќе одам на Пелистер на зимување. Дали ти ќе одиш некаде за овој распуст?
Б: Овој распуст ќе бидам дома. Ќе чекам да завее снег и ќе играм со другарките и
другарите во снегот.

Учиме граматика: ќе + сегашно време = идно време


Еднина
1.л. ќе одам, ќе правам, ќе читам, ќе играм, ќе чекам
2.л. ќе одиш, ќе правиш, ќе читаш, ќе играш, ќе чекаш
3.л. ќе оди, ќе прави, ќе чита, ќе игра, ќе чека
Множина
1.л. ќе одиме, ќе правиме, ќе читаме, ќе играме, ќе чекаме
2.л. ќе одите, ќе правите, ќе читате, ќе играте, ќе чекате
3.л. ќе одат, ќе прават, ќе читаат, ќе играат, ќе чекаат

Дали патувате за вашиот летен распуст?


Да, јас патувам за летниот распуст. Не, јас не патувам за летниот распуст.

28
Јас патувам за летниот распуст во Турција/Грција/Италија/...
Патувам со автомобил/автобус/воз/авион.
Еднина и множина на именките:
авион – авиони, автомобил – автомобили,
автобус – автобуси, воз – возови

Сегашно време Идно време

еднина еднина

1.л. патувам 1.л. ќе патувам

2.л. патуваш 2.л. ќе патуваш

3.л. патува 3.л. ќе патува

множина множина

1.л. патуваме 1.л. ќе патуваме

2.л патувате 2.л. ќе патувате

3.л. патуваат 3.л. ќе патуваат

29
Пополни ги празните места

Тој утре ________________ во Сингапур. Вие ________________ попладне.


Тие ________________ сега.

Сега → утре
Сега сакам велосипед, а утре фудбалска топка.

Ден на училиштето Имаме приредба.


Читаме песни, играме и пееме.
Кога е денот на вашето училиште? Претставуваме проекти.
Што правите на тој ден?
Како ги поканувате вашите гости на програмата по повод патрониот празник?

Денови во седмицата:
ПОНЕДЕЛНИК,
ВТОРНИК,
СРЕДА,
ЧЕТВРТОК,
ПЕТОК,
САБОТА И
НЕДЕЛА

30
Покана
Почитувани пријатели,
Повелете на ________________ во ________ часот, на свечената приредба
по повод патрониот празник на нашето училиште.

Задача: Направете свој текст и подгответе соодветна илустрација за


патрониот празник на училиштето.

31

You might also like