You are on page 1of 15

Бајрон –

„Странствувањето на
Чајлд Харолд“
„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е
романтичарско-индивидуалистичка поема,
составена од четири песни.

Тема во поемата е патувањето и доживувањата


на Чајлд Харолд.

Идеја – да го искаже своето разочарување од


сегашноста и приликите во Англија и во цела
Европа.
Поемата нема класично развиено дејство, нема
Содржина

заплет, ни композиција освен што е составена од
четири пеења. Дејството се одвива хронолошки,
како што се одвивало патувањето задржувајќи се на
позначајните места. Тоа се: војните на Наполеон;
соочување со освојувачки и ослободителни војни; ја
велича борбата на Шпанците против Наполеон; ја
велича античката цивилизација; ја опева славата и
пропаѓањето на Рим; ја опишува битката кај
Ватерло, потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на
војната.
Прва песна

 Поемата започнува со описот на Чајлд


Харолд, кој е млад човек, почитуван и познат,
од благороднички род, кој наместо да се
посвети на полезна и творечка работа, се
оддава на бурен, развратен живот со оргии и
пир. Презаситен од таквиот живот кој веќе му
здодеал, решава да го напушти родниот кат.
Разочараноста не произлегува само од
ваквиот живот туку и од односите во
општеството, па решението го бара во
бегството, во осамувањето, во потонувањето
во сопственото јас.
2.
Си бил во Англија и еден човек млад:
на доброчинството му бил тој туѓ… Крај жена
разгалено, до бес, би уживал, од јад!
Ја чекал зората со вино, полно пена;
сред развратот тој сам и идоли си кренал.
На порокот во плен – се спуштил тој во шир:
го презрел сето сам што другите го ценат.
Но среќен само бил сред оргија и пир,
крај жени паднати сал нашол сладок мир!
Во продолжение на песната, во дијалог со пажот, неговото расположение се
менува. Пажот е тажен што ја остава татковината, жена си и децата, а Чајлд
сфаќа дека нема по кого да тагува. Тој зад себе не остава никого, освен
празниот дворец и песот. Не остава никого кој му е важен. Затоа осамен,
отуѓен од сите, без навистина блиски луѓе, тој решително ја напушта
татковината. Без поздрав, заминува во потрага по егзотични места, каде ќе
размисли за сè и можеби ќе успее да ги реши внатрешните дилеми.
3.Пред вас е Чајлд Харолд. Јас нема тука таен
да водам разговор: од каков беше род.
А родот негов беше чествуван и знаен,
со честа беше познат тој под овој свод.
Постапките на внуков беа срамен плод
и честа дедова тој почна да ја гнаси.
Ни летописецот што тоне сиот в пот
не би можел со неа легенда да краси,
а камо ли поет со лаги да ја спаси.
5.Не се плашел од грев – во гревот тонел цел;
по патот тргна сам што в неморал го тера.
Но – една љубел тој со силен занес врел –
па сепак, можеби, во себе немал вера.
Со ласки развратни кон неа имал мера:
на својот идол свет тој не фрлил со кал:
та неверен би бил и утре како вчера!
Би била скршена од клетников без жал:
да скине оков јак тој потем се би дал.
6.Од сешто заситен без желба и без страст,
не сакаше да види близок другар сега.
Во очите му често солза видов јас,
но знаеше со гордост срце тој да стега.
Скитајќи в мисли, сам, се реши не на шега
да напушти за долго бучен, роден кат.
Од својата судбина тој нејќеше да бега:
би примил удар нејн, тргајќи Чајлд на пат,
би барал нови луѓе, макар и сред ад!
10.
Не прегрна тој мајка штом на пат се крена,
ни сестра си ја виде пред да тргне в свет.
Тој замина со тага душа што му свена.
Без поздрав другарски по море тргна, клет.
Не затоа што беше корав, студен сет –
та не! Но само оној којшто љубел знае
од ошто толку многу болката без ред
засилува, та човек – колку корав да е –
на разделба од тага не може да трае.
 По описот на главниот лик
следува Прошталната песна во која
преовладува возвишениот и патетичен
тон на разделбата на главниот јунак од
својата татковина.
Прошталната  Песимистичкото расположение и
песна копнежот по светли хоризонти се
причината тој да ги изрече топлите
исповедни зборови на љубов кон
родниот крај, родителите и пријателите
О, збогум, роден крај. Ти сив „Мој пажу мал, приближи се
исчезнуваш зад морска шир.
и речи зошто плачеш ти?
А ветрот јачи; галеб див
Те плаши бранот бурен, не?
со својот пискот руши мир.
Ил мракот злобен, можеби?
На запад сонцето се крие
Избриши се и глава горе:
и ширта морска губи сјај;

се губиме по патот ние… На коработ е се вввво ред;


О, добра ноќ, мој роден крај! одвај да може најбрз орел
По час и друг, пред зора-ал тој кораб да го стигне в лет.
ќе прсне тоа лачи пак; И нека да не лула бран,
ќе сретнам тогаш море сал,
и ветрот нека праќа крик;
но не и тебе брегу драг.
не ме плаши ни океан,
Глеј, дреме мојот замок убав;
ни бурата со својот рик.“
во каминот ни плам, ни жар.

Во бршлан ѕидишта се губат


В малодушност јас не сум свенат. „Те разбирам, ќе страда често.

Сер Чајлд, не се плашам ни јас! Се запознав со твојот бол.


Но и да сум на твое место
Но дома оставив и жена.
со потсмев би го примил зол.
Ме сакаше со силна страст.
Зар има уште таков маж
Со децата и минат дни што верува во женски стон?
крај личниот ви голем двор. Штом не си тука — нова драж
Но, штом го спомнат татка си ќе блесне кај нив и во сон!

— што ќе рече тој тажен створ А страстите се стара тема;


за идни ништо не би дал.
Јас жалам само зашто нема
за некого да сум во жал.
Не чудете ми се, ве молам „Да, чудно солзите ти стојат;
сер Чајлд, што в тага тонам цел. успокојуваат, јас знам.
Разделбите со блиски болат… Да имав невиност јас твоја
Ме пратија по светот бел. би плачел како ти и сам.
Од тате испратен јас бев, Ти ела, верен слуго мој!
му видов в очи светол лач; Зар повторно од бледност знак?
за мама појќе ми е грев Те плашат бури ли без број,
што долго ќе ја гуши плач… а можеби и Француз-враг?“
А вака сам, сред море, мрак, Мој корабе, да одиме!
ко крадец некој што се скрил — Ти сечи бран, на долг сме пат!
кај човечки ќе најдам траг Кај сакаш таму води ме,
штом туѓ за луѓето сум бил! но само не во татков кат.
Да, мојот пес… Два-три дни само Јас поздрав искрен вам ви праќам
(дур не свикне!) тој жал ќе таи, о, бранови со таква моќ.
но ако пак се вратам ваму На поздрав — поздрав, земјо, враќам:
— ќе бидам пречекан со лај. мој крају роден — добра ноќ!“

You might also like