You are on page 1of 9

Социјализација

Што е социјализација?

• Социјализацијата е процес
на интеграција на единката
во општествените групи и во
општеството како целина.
• Таа овозможува единката да
научи и да прифати
одредени однесувања што
ги смета за пожелни
општеството во кое живее.
• Овој процес трае во текот на
целиот човечки живот.
Кога започнува
социјализацијата?
• Социјализацијата е многу
интензивна во периоднот на
детството.Всушност тоа е период
кога прво се учат многу нешта
како на пример : начинот на
исхрана,обраќање,јазикот,хигиенс
ките навики и др.
• Во овој период децата се многу
флексибилни и се способни да
учат и да разбираат лесно и брзо
за тоа што е дозволено ,а што е
забрането.
• На тој начин се стекнуваат и
нормите во општеството во кое
живее една индивидуа.
Што претставуваат нормите?

• Нормите претставуваат правила кои го дефинираат


пожелното , прифатливото однесување за одредени
ситуации, а го санкционираат однесувањето
спротивно од нив. Тие важат за сите ситуации и за
сите возрасти.
Модерните општества
• Модерните општества секогаш го
продолжуваат периодот на интензивна
социјализација, која е последица на процесот
на образованието, во споредба со
прединдрустирките општества , каде што
малдите се примаат во друштво на возрасните
на помала возраст.
• Благодарение на социјализацијата , во
општеството не владее хаос и луѓето брзо ги
усвојуваат начините на однесување кои се
сметаат за прифатливи.
• Однссувањето на пониските живи суштества е
регулирано со инстинктите (нагони).
Инстинкти постојати кај луѓето, но
најголемиот број модели на однесување кај
луѓето се научени во општеството.Доказ дека
човечката социјализација се разликува од
биолошко-нагонското однесување е фактот
што во различно време и во различни
општества постои различно однесување.
Дефинирање на поимот
социјализација

• Тргнувајќи од овие факти, социјализацијата би можеле да ја определиме


како процес иа интеракција (заемно дејствување) во кој новиот член на
општествената заедница усвојува знаење, вештини, навики, ставови,
норми, вредности и други сознанија што се неопходни за успешно
интегрирање вом во општествената група или во пошироката заедница.
Социјализацијата е заемен процес,односно таа се случува и со учествување
и активност на единката.Единката за да се интегрира успешно мора да го
прифати неопходното социјално наследтсво.Социјализацијата истовремено
треба да обезбеди кохезија и пренесување на културните вредности.
Прикафање на социјализацијата
и асоцијалност
• Процесот на социјализација не значи исто
што и конформизмот. Имено, процесот на
социјализацпја може да тече, а да не
доведе до прифаќање на сите норми и
вредности како сопствени, дури поединецот
може да ги отфрли конвенционалнптс
сфаќања. Кога не би било така, и кога сите
целосно би се конформирале, не би постоел
напредок во општеството.
• Асоцијалноста се однесува на недостаток на
мотивација за вклучување во социјална
интеракција или претпочитање на осамени
активности. Асоцијалноста може да биде
поврзана со различни проблеми,но може да
биде манифестација на ограничени
можности за социјални односи.
Социјализацијата и воспитно-
образовниот процес
• Исто така треба да се прави разлика меѓу
социјализа цијата и воспитно-образовниот
процес. Воспитанието и образованието се како
две страни на еден единствен процес кои
значат систематско, организирано
институционално насочување и поттикнување
на развитокот со учење, стекнување знаења,
развој на менталните способности и целосен
развој на личноста. Наспроти на тоа,
пак.социјализацијата претставува вкупност од
процеси за формирање на личноста, како член
на општеството, семејството и другите помали
и поголеми општествени групи и на
општеството во целина. Таа претставува
прифаќање како наш составeн дел на
културното наследство што вклучува во себе
знаења, способности и вештини.
Социјализацијата, значи, по обем е поширок
поим бидејќи во себе вклучува организнранни
и неоргаипзираии, стихијни, општествени
влијанија, комплекс влијанија што ги врши
средината врз личноста и може да бидат
Ви благодарам на вниманието!

Изработи:Стефан Божиноски

You might also like