You are on page 1of 7

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН

ЈАНА СТОЈЧЕВСКА II-6


СОДРЖИНА И ТЕМА
Романот “Евгениј Онегин” Александар го работел цели седум
години. Иако под влијаните на Бајроновите дела, неговиот роман е нов
роман, не само по содржина, туку и по форма-напишан е во стихови.
Главите се разделени на помали делови-строфи, кои по правило имаат
четиринаесет стиха. Го сочинуваат осум пеења, а темата е љубовта,
младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана кон Онегин
и нејзиното созревање. Иако поетот е претставник на романтизмот,
романот е замислен врз реалистична основа каде се запознаваме со
секојдневните настани од животот на руското дворјанство. Времето на
случување се дваесеттите години од деветнаесеттиот век, во Петроград,
на село и во Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со
паралелен развој на неколку сижејни линии.
• Основната идеја на авторот е да е покаже како царската самодржавна крепосничка
власт диркетно или индиректно го спречувала правилниот развиток на
прогресивната благородничка интелегенција. Основата на Евгениј Онегин
претставува една љубовна приказна. Младиот петроградски благородник Онегин,
образован интелектуалец, и неоспорно интелигентен човек, го минува животот во
лесни забави во салоните на богатата феудална аристократија. Откако ке наследи
богат посед од својот чичко/вујко заминува в село. Таму се запознава со Татјана,
која е скромна девојка од благородничко семејство и живее далеку од времето на
градската аристократија. Таа се вљубува во префинетиот, отмен и начитан Онегин.
Едноставна, чесна и природна ја отвора својата душа пред Онегин, но тој ја одбива
таа љубов, иако продолжува да се движи во нејзиното друштво на кое му
припаѓаат и Ленски и Олга, сестрата на Татјана, во која е вљубен Ленски. Меѓутоа,
на една игранка доаѓа до недоразбирање. Играјќи еден танц, со Онегин и Олга.
Љубоморен и нерасположен Ленски го сфаќа тоа како навреда и неправда и го
предизвикува Онегин на двобој. Иако не сака, Онегин сепак лекомислено го
прифаќа предизвикот, излегува на двобојот со Ленски и го убива. Тука завршува
првиот дел од таа љубовна приказна.
УБИСТВОТО НА ЛЕНСКИ ОД СТРАНА
НА ОНЕГИН
• Вториот дел се одигрува во Москва.
Минувајќи го животот без смисла и
цел ,Онегин дознава дека неговата
љубов е мажена за угледен руски
генерал. Кога ќе се најде во нејзина
близина, за неколку години Онегин
ѝ ја искажува својата љубов. Но, таа
постојана во моралните начела, иако
се уште го сака Онегин ја одбива
неговата љубов. Крајот на таа
љубовна приказна истовремено е и
крај на осмата глава со која
завршува романот.
ЛИКОВИ
• Евгениј Онегин е претставник на градската благородничка средина. Тој е многу
самоуверен човек кој умее да го прикрие своето незнаење и површно образование.
Неговите стремежи и чувства се нестабилни. Тој се обидува од здодевноста да избега со
пишување поезија и читање книги, но не успева. Ништо не го интересира – забавите ,
животот на село и дружбата со Ленски му стануваат здодевни, а љубовта на Татјана му
претставува товар. Тврдоглавоста и глупоста го прават убиец.
• Татјана е големата љубов на Онегин, но, сосема поинаква, постојана во својата љубов и
реална. Таа е позитивниот лик, претставничка на здравата, убава, паметна и цврста руска
жена. Уште во детството таа била сериозна, израсната на село, без детски игри и кукли,
со желба да слуша народни приказни – таа е претставничка на романтичарското сфаќање
за животот и природата.
• Владимир Ленски е типичен романтичарски лик. Тој е мечтател, поет, кој детски се
вљубува во Олга. Поседува висок морал и жестоко ги брани своите ставови. Неговата
нестабилност, пребрзаност и занес се гледаат кога во жарот на љубомората го
предизвикува Онегин на двобој што всушност го убива.

You might also like