You are on page 1of 8

ФРАЗЕОЛОГИЈА

ПОИМ И КАРАКТЕРИСТИКИ НА
ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕ
Фразеологијата е дел од лексикологијата која ги
проучува зборовните состави како одделни
лексички единици.
Потекло на зборот:
phraseos- израз и logos- наука, учење.
Зборовите во процесот на зборувањето се
соединуваат еден со друг и образуваат зборовни
состави- синтагми.
Има два вида вида зборовни состави:
1. Слободни- ги создаваме во процесот на
зборувањето. Пр: малото дете, моето дете,
умното дете итн.
2. Неслободни – се лексички неделиви, ги
употребуваме како готови зборовни состави
– фразеологизми. Пр: Рака на срце.
Ако изразот го сфаќаме буквално, тој е
слободен, а ако го сфаќаме преносно, тој е
неслободен.
Примери: Мие раце пред секое јадење
(врската е слободна) и Мие раце од таа
работа = отфрла одговорност (врската е
неслободна). Зборовните споеви што се
употребуваат во јазикот како целосни
готови јазични елементи со единствено
значење се викаат фразеолошки изрази или
фразеологизми.
Поради преносниот, метафоричниот начин
на искажување на некоја содржина,
фразеолошките изрази се експресивно
јазично средство.
Во секој јазик постојат оригинални
фразеологизми затоа што тие се одраз на
духот на еден народ, на неговата култура и
традиција. Кај македонскиот народ
фразеологизмите произлегуваат од
неговото културно-историско наследство
од времето на неолитот, па се до денес.
Карактеристики на фразеологизмите:

1.Компонентен состав
2.Метафоричност
3.Постојаност на формата
4.Впечатливост
Вежби за фразеологизми:

Во следните примери определи го


значењето на фразеолошките изрази:
- Пали и гаси =
- Си легна на брашното =
- Како мува без глава =
- Кога врбата ќе роди грозје=
- Му го заврте умот =
Домашна работа:

Напишете по 10 фразеолошки изрази и


определете го нивното значење

Ви благодарам на вниманието!

You might also like