You are on page 1of 7

СТИЛИСТИКА

 Стилистиката е научна дисциплина чиј


предмет на проучување е стилот.
 Самиот поим „стил” e повеќезначаен и се
користи во јазикот, во литературата,
животот, модата, спортот, политиката итн.
 Стил е начин на изразување на мислите,
чувствата и впечатоците. Стилот е начин на
однесување на секој човек како индивидуа.
 „Стилот, тоа е самиот човек.” – Ж. Бифон

ПОИМ
 Модерната стилистика е реалтивно нова гранка, но
нејзините корени датираат од античките времиња
кога била составен дел на реториката.
 Потекло на зборот:
Stilus – средство за пишување
 Според Петрарка, стилот го изразува карактерот
на писателот.
 Што се однесува до тој поим во јазикот и литературата, стилот
можеме да го определиме како начин на пишување, начин на
изразување, зборување и како начин на употреба на јазичните и
литературните изразни средства.
 Секој од нас на различен начин ги искажува своите мисли, што
значи дека секој има свој стил.
 Меѓутоа, покрај личните стилови што секој од нас ги има при
изразувањето, постојат и т.н. колективни стилови.
 Говорителот не може слободно да ги избира јазичните средства
со кои ќе се изрази, затоа што во тие колективни стилови постојат
строго пропишани правила.
 Говорителот мора да се служи со готови јазични клишеа за да се
вклопи во тој стил.
 Таквите стилови ги викаме функционални стилови.
 Разликуваме два вида на стилистика:
 Литературна стилистика
 Лингвостилистика (во која спаѓаат и функционалните
стилови)
 ВИДОВИ ФУНКЦИОНАЛНИ СТИЛОВИ
 1. Научен стил
 2. Административен стил
 3. Публицистички стил
 4. Уметничко-литературен стил
 5. Разговорен стил
 Функционалниот стил ги има следните особености:
 Областа во која се одвива комуникацијата (политика,
наука, администрација, секојдневие....)
 Условите во кои се одвива комуникацијата (службена
или неслужбена)
 Функционалниот стил може да се појави во пишувана
или во фоворна форма
 Функцоналниот стил ги задоволува потребите за
општење на секој член на една говорна заедница.
 Не постојат остри граници помеѓу одделните
функционални стилови.
 Во различни функционални стилови има различна
застапеност на некои видови зборови.
 Функционалните стилови имаат свој развиток, затоа што
го следат развитокот на општеството и го образуваат.

 Ви благодарам за вниманието!

You might also like