Коацерватна теорија • Коацерватната теорија е една од најпознатите теории за настанување на живите организми.
• Автор на коацерватната теорија е рускит биохемичар
Александар Иванович Опарин.
• Според оваа теорија првите живи организми настанале во
праокеанот од првобитните капки од органска материја, кои биле наречени коацервати. • Според Опарин белковинските соединенија формирале колоидни раствори, а од тие раствори се формирале коацерватните капки. Особини на коацерватни капки 1 Коацерватните капки се одликувале со следниве особини: • Имале свој хемиски состав • Покажувале постојаност во средината (во водата) • Од првобитни затворени системи преминале во отворени системи- можеле од околниот раствор селективно да примаат различни соединенија и со нив да стапуваат во реакции • Стапувале во реакции • Синтетизирале ензими • Имале моќ за апсорција (впивање) на материи од средината и моќ за лачење • Претставувале динамични системи • Можеле да растат, во поволни услови • Можеле да се делат на две идентични капки Што претставуваат коацерватните капки?
• Коацерватните капки претставуваат преодни органски
системи од прости органски системи до мошне сложени првобитни живи организми. • Особини кои се заеднички меѓу живите организми и коацерватните капки се: - Способноста за растење и - Размена на материи со надворешната средина • Во формирањето на коацерватите важна улога имало природното одбирање. Кога коацерватните капки преминале во живи системи? • Коацерватите преминале во првобитни живи системи кога се здобиле со моќ за саморепродукција, односно развиле наследен механизам. • Процес на здобивање на својство на размножување, наследување и променливост е најважно за живите организми. • Овој процес се смета дека траел доста долго , околу 3,5 милиони години. 1 Која е најпознатата теорија за настанување на живите организми? 2 Кој е автор на коацерватната теорија? 3 Според коацерватната теорија како биле наречени првите капки на органска материја? 4 Од што се создале првите живи организми според коацерватната теорија? 5 Кои се особини на коацерватните капки? 6 Што претставуваат коацерватните капки? 7 Кои се заеднички особини на коацерватите и живите организми? 8 Кога коацерватите преминале во првобитни живи системи?