You are on page 1of 8

Трифазен наизменичен систем

резултати од учење: разликува трифазен од монофазен


генератор, објаснува трифазен генератор
За производство на трифазен систем од напони се користат
трифазните вртливи генератори. Тие се разликуваат од обичииот
еднофазен вртлив генератор само по тоа што наместо една
намотка имаат три еднакви намотки (фази) кои се меѓусебно
поместени за 120° (27π/3) и се наоѓаат во променливо магнетно
поле. Во конструкцијата на трифазниот генератор можни се две
решенија, и тоa:
1. Генератор кај кој намотките се сместени во жлебовите на
статорот, a променливото магнетно поле се добива со
вртење на роторот (електромагнет),
2. Генератор кај кој фазните намотки се поставени во роторот и
се вртат со некоја аголна брзина во хомогено магнетно поле
создадено од статорот на генераторот. Koј од овие две
решенија ќе се употреби зависи и од видот на погонската
машина, пa можат да бидат хидро или турбогенератори.
Трифазниот генертор всушност претставува три еднофазни
генератори направени како една машина. На статорот се
поставени во жлебови три одвоени намотки наречени фази.
Намотките се симетрично поставени и нивните оски меѓусебно
зафаќаат агол од 120 степени.
Почетоците на намотките се одбележуваат со
буквите A, В, С, а соодветните краеви со X, Y,
Z. На роторот на генераторот се наоѓаат
намотки поврзани со изовор на еднонасочен
напон. Kora роторот се врти со постојана
брзина неговото магнетно поле ги пресекува
намотките во статорот и во нив индуцира
наизменични синусни емс со исти
фреквенции, но фазно поместени за 2тг/3
поради просторниот распоред на намотките.
Ако во некој момент во првата намотка имаме
максимална вредност на индуцираната емс,
во втората намотка максимална вредност ќе
имаме по завртување на роторот за агол од
120°. Во третата намотка максимална
вредност ќе имаме по уште 120° итн.,процесот
се повторува.
Во шемите фазните намотки можат да се прикажуваат
условно како на сликата, а позитивната насока на емс во
секоја фаза, исто така, условно се зема да е од крајот кон
почетокот на намотката .
Добиениот трифазен систем на емс во кој фазорите на емс се вртат
спротивно од насоката на стрелката на часовникот, а секоја следна
емс фазно заостанува зад претходната, се нарекува директен
систем.
Ако индуцираната емс во првата фаза ја избереме за референтна,
изразите за моментните вредности на сите три емс ќе бидат:
𝑒 1=𝐸 𝑚 sin 𝜔 𝑡
𝑒 2= 𝐸 𝑚 sin ¿ ¿
𝑒 3= 𝐸 𝑚 sin ¿ ¿
Дијаграмот за моментните вредности е прикажан на сликата, а
соодветниот фазорски дијаграм другата слика. Бидејќи системот
на трифазните емс е симетричен, алгебарскиот збир на
моментните вредности на емс е еднаков на нула:
𝑒 1+ 𝑒 2+ 𝑒3 =0
+ + =0
Со едноставни тригонометриски трансформации може да се
потврди овој заклучок. До истиот заклучок може да се дојде
и ако фазорите и Е1, Е2 и Е3 се соберат геометриски. Ако
фазорот E2 се нанесе на крајот на фазорот E1 а фазорот Е3 на
крајот на фазорот E2, тогаш резултантниот фазор ќе биде
еднаков на нула , па ќе важи
Е1 + E2 + Е3 = 0.

https://www.youtube.com/watch?
v=4oRT7PoXSS0&ab_channel=TheEngineeringMindset

You might also like