You are on page 1of 15

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

„ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ - СКОПЈЕ

Семинарскa задача по предметот: Договорно право


Тема: „Променети околности според ЗОО, начелата на UNIDROIT и начелата
на европското договорно право за меѓународни трговски договори“
Јуни 2018

СОДРЖИНА

Вовед 2

1. Извори на меѓународни трговски договори 5

2. Договорна одговорност и променети околности според ЗОО 9

3. Променети околности според Начелата на UNIDROIT и начелата на


европското договорно право за меѓународни трговски договори 9

Заклучок 14

Користена литература 15

2
Вовед

Меѓународните трговски договори се нова правна дисциплина, која


настанала поради зголемувањето на меѓународниот промет на стоки и услуги и
која поради тоа што ги регулира меѓународните екононмски односи. Исто така
тема на овој труд се и променетите околности кои настанале после склучувањето
на полноважен договор и го отежнуваат исполнувањето на договорните обврски.
Со настанување на променетите околности кои го отежнуваат договорот една од
страните може да бара да се раскине договорот.
Со оглед на тоа што меѓународните трговски договори ги преминуваат
границите на една земја, така што работите содржат во себе и елемент на
страност јасно е дека покрај домашните извори на правото постојат и меѓународни
извоти на правото. Изворите од меѓународен карактер, особено денес играат
важна улога во областа на меѓународните договори.
Принципите на UNIDROIT немаат важност на конвенции. Нивната примена
не е условена од прифаќање на државите. Тие можат да се применат ако
странките сами ги предвидат како право кое се применува во договорите.
Меѓународните трговски договори се најпогодно средство општите
принципи на меѓународното право да конкретизираат и да станат задолжителни за
заинтересираните странки, односно да станат задолжителни inter partes. Така
овие принципи со посредство на меѓународните договори се рефлектираат на
домашното законодавство и на домашниот правен поредок.

3
1. Извори на меѓународни трговски договори

Меѓународните трговски договори немаат некои посебни извори на правото.


Изворите на меѓународните трговски договори можеме да ги поделиме како и во
другите гранки на:
➔ материјални
➔ Формални.

Со оглед на тоа што меѓународните трговски договори ги преминуваат


границите на една земја, така што работите содржат во себе и елемент на
страност јасно е дека покрај домашните извори на правото постојат и меѓународни
извоти на правото. Изворите од меѓународен карактер, особено денес играат
важна улога во областа на меѓународните договори.
Во правната литература изворите на меѓународните трговски договори се
делат на општи и посебни. Општите извори на меѓународните трговски договори
понатаму се делат на на две посебни групи. Во првата група спаѓаат изворите кои
по својот каракатер претежно спаѓаат во меѓународното јавно, меѓународно
приватно или домашно законодавство, но решаваат и прашања од областа на
меѓународните трговски договори. Во втората група спаѓаат општи извори кои
исклучиво третираат прашања од меѓународните трговски договори, односно
регулираат меѓународни економски односи и создаваат правни претпоставки за
непосредно регулирање на меѓународните економски односи.
Меѓународните договори, било да се двострани или повеќе страни
претставуваат многу значаен општ извор на меѓународните трговски договори.
Меѓутоа, сите овие договори често со содржина претежно се од политички
карактер, сепак во себе содржат определени политички принципи кои имаат
посебно значење за развитокот на мешународните економски односи или содржат
одредби кои имаат економски карактер и непосредно даваат рамка за настанокот

4
на определени меѓународни економски односи. Така овие договори се појавуваат
како прет-поставка на сите други меѓународни трговски договори.
Меѓународните трговски договори се најпогодно средство општите
принципи на меѓународното право да конкретизираат и да станат задолжителни за
заинтересираните странки, односно да станат задолжителни inter partes. Така
овие принципи со посредство на меѓународните договори се рефлектираат на
домашното законодавство и на домашниот правен поредок. Меѓународните
трговски договори претставуваат дел на правниот систем и основа за регулирање
на низа прашања во економијата на една земја, без разлика дали се работи за
индустриска, агроиндустриска или аграрзна земја. Особено во последно време се
склучуваат повеќе страни мултилатерални договори кои стануваат основа за
постепено соедунување на економијата на повеќе земји и создавање на големи
економски заедници

2. Договорна одговорност и променети околности според ЗОО

Во најголем дел од современите правни системи во светот поимот


договорна одговорност се користи како единствен поим за означување на
граѓанско-правниот однос кој настанува со повреда на обврските од веќе
постоечки облигациони односи, кои освен договорни - на што упатува терминот со
кој се означува одговорноста можат да бидат и облигациони односи од некој друг
вид, односно стекнување без основ, работоводство без налог или еднострана
изјава на волја. Во рамките на меѓународно-правните извори, хронолошки
гледано, се среќаваме најпрво со меѓународно-правни акти, принципи и модели со
кои се уредува граѓанско-правната одговорност на договорните страни кај
меѓународните договори за продажба на стоки, а дури во поново време и со
одредени меѓународно прави модели кои пристапуваат кон дефинирање на

5
основните начела на граѓанската одговорност за причинета штета на меѓународно
ниво.
Анализирајќи го хронолошкиот редослед на настаните, на меѓународно
ниво може да се зборува за три меѓународни инструменти кои во рамките на
предметот на уредување помалку или во поголема мера содржат одредби кои ја
регулираат договорната одговорност кај меѓународните договори, односно
граѓанско-правната одговорност на договорните страни во случај на причинување
на штета.1
Познато е дека, како елементи на еден правен однос не се само субјектите,
туку и правата и обврските што настануваат од еден таков однос, што значи
странски елемент може да биде изразен и во тие права и обврски. (Така на
пример кога имаме договор за меѓународна продажба на стока каде стоката се
наоѓа во една држава, а договорот бил склучен во друга.) Странскиот елемент
овде може да се јави било поради местото на склучување на договорот или
поради местото на извршување на договорот во друга или поради тоа што
односите од таков договор се расправаат пред странски суд.

Станува збор за следниве меѓународни инструменти:


❖ Виенската конвенција за меѓународна продажба на стоки од 1980 (United
Nations Convention on Contracts for the International Sale of Goods) кои се
означуваат и со скратеницата CISG
❖ Принципите на UNIDROIT за меѓународни трговски договори од 1994 година
(The UNIDROIT Principles of International Commercial Contracts) кои се
означуваат и со скратеницата UPICC и
❖ Принципите на европското договорно право кои беа објавени во 1994
година, а веќе во 1999 следуваше нивното прво дополнување. Тие се
означуваат со скратеницата PECL.

Автономијата на волјата на странките, како правна интитуција од облигационото


право на теренот на меѓународното приватно право значи странките на договорот

1
Закон за облигациони односи

6
со странски елемент спогодбено да го одредат законот или судот за регулирање
на нивните права и обврски.

Познато е дека, како елементи на еден правен однос не се само субјектите, туку и
правата и обврските што настануваат од еден таков однос, што значи странски
елемент може да биде изразен и во тие права и обврски. ( Така на пример кога
имаме договор за меѓународна продажба на стока каде стоката се наоѓа во една
држава, а договорот бил склучен во друга.) Странскиот елемент овде може да се
јави било поради местото на склучување на договорот или поради местото на
извршување на договорот во друга или поради тоа што односите од таков договор
се расправаат пред странски суд.

Доколку една страна која се повикува на променети околности во дадениот


договор (пример договорот за меѓународна продажба и испорака на стока )
поднесува тужба до надлежниот суд во случајов тоа може да биде македонски суд
и доколку меродавно право е македонското, судот ќе го регулира овој спор врз
основа на одредбите од ЗОО.

Според член 122 ст1 од ЗОО, договорот може да се измени или да се раскине
поради променети околоности ако се исполнети неколку претпоставки. Најпрво,
треба да се работи за околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската
на една страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот.
(Пример во договорот за меѓународна продажба и испора на стока помеѓу две
фирма едната од Македонија другата од Србија, поради затворање на границата
помеѓу овие две држави должникот не може да ја изврши испораката на стоката и
со тоа паѓа во задоцнување) Притоа, ЗОО првата претпоставка ја поставува
алтернативно. Имено, околностите што ќе настанат можат или да го отежнуваат
исполнувањето на обврската на едната од договорените страни или поради овие
околности да не може да се оствари целта на договорениот облигационен однос. (
Во примеров поради тоа што е затворена границата помеѓу двете држави

7
отежнато е исполнувањето на договорот за меѓународна продажба и испорака на
стока) .

Втора претпоставка за раскинување или за измена на договорот поради


променети околности, во ЗОО е поставена кумулативно и таа предвидува дека
променетите околности да создаваат ситуација во која е очигледно дека
договорот повеќе не им одговара на договорените страни и дека според општото
мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е. (Во
примеров доколку стоката која е предмет на договорот е подложна на брзо
расипување со одржувањето на овој договор во сила може да настане поголема
штета за двете страни и како таков е несправедливо да остане во сила).

Третата претпоставка, според член 122 став 2 од ЗОО е дека раскинувањето на


договорот не може да се бара ако страната што се повикува на променетите
околности била должна во време на склучување на договорот да ги земе предвид
тие околности или можела да ги избегне. ( во дадениов пример должникот кој
требало да ја испорача определената стока со договорот не можел да знае дека
границита помеѓу двете држави ке биде затворена и во случајов не е виновен за
настанатите променети околности).

Четврта претпоставка за раскинување или измена на договорот поради променети


околности, според член 122 ст 3 од ЗОО е дека страната која бара раскинување
на договорот не може да се повика на променети околности што настанале по
истекот на рокот определен за исполнување на нејзината обврска.
Право да бара раскинување на договор поради променети околности има страна
на која и е отежнато исполнувањето на обврската односно страната којашто
поради променетите околности не може да ја оствари целта на договор. ( во
примеров тоа е должникот која не може да ја испорача договорената стока ).
Конечно член 122 ст 4 од ЗОО предидува дека договорот нема да се раскине ако
другата страна понуди или се согласи на соодветните услови од договорот да се
изменат справедливо. Ако се оди на раскинување тоа го врши судот. При

8
одлучување за раскинување на договорот, односно негова измена судот се
раководи од начелото на чесност во прометот, водејќи сметка особено за целта на
договорот, за нормалниот ризик кај договорот од односен вид, за општиот интерес
и за интересите на двете страни. Ако судот изрече раскинување на договорот, на
барање на другата страна, ќе ја обврзе страната што го барала да и надомести на
другата страна спреведлив дел од штетата што ја претрпи поради тоа.
Страната што е овластена да бара раскинување на договорот поради променети
околности е должна за својата намера да бара раскинување на договорот, да ја
извести другата страна штом дознала дека настанале такви околности, а ако тоа
не го сторила одговара за штета што другата страна ја претрпела поради тоа што
барањето не и било соопштено благовремено. (пример кога должникот од
договорот паднал во задоцнување и после извесен период тргнува да ја испорача
стоката а границата била затворена не може да се повикува на променети
околности. )
Страните можат со договор однапред да се откажат од повикување на определели
променети околности, освен ако тоа е спротивно со начелото на совесност и
чесност.

3. Променетите околности според Начела на UNIDROIT и


начела на европското договорно право за меѓународни
трговски договори

Принципите на UNIDROIT немаат важност на конвенции. Нивната примена


не е условена од прифаќање на државите. Тие можат да се применат ако
странките сами ги предвидат како право кое се применува во договорите. Тие како
комплетни правни документи треба да служат:
● Како узор ( мостра) на националното законодавство;

9
● Како средство за пополнување на правните празнини во случаи кога нема
надлежно право или кога конвенцијата и меродавното право немаат
решение за конкретно прашање.
● Како средство кога учесниците во меѓународниот промет можат да ги
користат за составување трговски договори било како потсетник за
прашања кои треба да се регулираат во договорот или да се преземат сите
или поедини решенија од принципите.

Меѓународниот институт за унификација на приватното право е основан во


1926 година како орган на Лигата на народите а по нејзино распуштање е
преоснован во 1940, кога е усвоено неговиот статут. Денес, тоа е автономна
меѓународна владина организација која работи на модернизација и
хармонизација. Седиштето е во Рим, а работни јазици се англискиот и
францускиот. Според состојбата на 6ти Мај 2011г во УНИДРОИТ членуваат 63
држави. РМ не е членка на УНИДРОИТ. Основната статутарна цел е изработка на
современи еднообразни закони со кој се унифиција материјалното право, додека
вклучувањето норми за судир на законите е инцидентно.2

Принципите односно начелата на UNIDROIT за меѓународни трговски


договори (во понатамошниот текст UPICC), и Принципите на европското
договорно право (во натамошниот текст PECL) се двата сетта на принципи од кои
вторите претставуваат само модел, а не и правен акт и уште се познати и како
Ландо начела кои настанале како резултат на една потреба – унификација на
договорното право, па полето на нивна примена е суштински идентично, односно
и двата документи претендираат да станат општи принципи на договорното право,
односно една нова редакција на lex mercatoria.3

2
Меѓународно приватно право проф. Д-р Поликсена Гавроска, проф д-р Тони Дескоски Скопје 2011
3
Blasé F., Höttler P.: Remarks on damages provisions in the CISG, PECL and UPICC, December, 2004

10
Овие два инструменти се однесуваат на договорите воопшто, а не само на
договорот за купопродажба. Тие се временски следбеници на CISG и иако нивната
содржина е инспирирана од нејзините принципи, таа воедно претставува обид за
надминување на недостатоци кои времето ги направило воочливи и обид за
надополнување на регулативата за оние прашања за кои се јавувала правна
празнина или дискутабилност во правната теорија. Несомнено е дека помеѓу овие
два инструменти постои суштинска, содржинска и временска поврзаност со CISG
која се рефлектира преку фактот што CISG претставува инспирација за двата свои
следбеници, а тие претставуваат нејзино дополнување и основа за толкување на
нејзините одредби кои пред нивното донесување се сметале за дискутабилни.

На второво упатува и член 7 став 2 од CISG според кој: "Оние прашања што
се однесуваат на предметот на уредување на конвенцијата, а кои не се изречно
уредени во неа, ќе се уредат со генералните принципи на кои таа е заснована, или
ако такви не постојат, ќе се уредат во согласност со правото што треба да се
примени според правните начела на меѓународното приватно право." Поаѓајќи од
едно вакво стојалиште, може да се заклучи дека во рамки на договорната
одговорност на меѓународно ниво постојат три категории на прашања:
● прашања кои изрично се уредени во CISG, а решенијата за нив се
потврдени (реафирмирани) и во UPICC и PECL;
● прашања кои се уредени во CISG, но не изрично и целосно. За овие
прашања правната теорија наоѓа начини на кои UPICC и PECL
обезбедуваат подршка при интерпретацијата на одредбите од CISG; и
● прашања кои не се уредени во CISG, но треба да бидат решени за да може
да се комплетира определувањето на износот на обврската за надомест на
штета, и за кои се применува еден од двата;

Правилата на Хашката конценција за меѓународна продажба на стока од 1964


година (Ulis) и правилата на Конвенцијата на Он за меѓународна продажба на
стока од 1980 година (CISG) не го регулираат институтот измена или раскин на
договор поради променети околности.

11
Меѓутоа институтот измена или раскин на договор поради променети околности го
регулираат Начелата за меѓународните трговски договори утврдена од страна на
УНИДРОИТ институтот и Начелата на европското договорно право (PECL-The
Principles of European Contract Law ).

Начелата за меѓународните трговски договори утврдени се во 1994 година од


страна на УНИДРОИТ и одржуваат големо влијание на Конвенцијата на ОН за
меѓународна продажба на стока од 1980 и изразуваат општи правила кои би
требало да важат за меѓународните трговски договори. Целта им е да се
воспостави еден неутрален и урамнотежен систем на правила кој би се користел
низ целиот свет без оглед на разликата во правните системи ширум светот. Во
принцип, начелата имат необврзан карактер.
На територијата на Европската Унија како регионална организација на европските
држави во која членките остваруваат заеднички цели се створиле услови кои се
неопходни за хармонизација на приватното и граѓанско право. Голема улога во
развојот на Европското приватно право и хармонизацијата на националните права
има Европскипт Суд за човекови права во Стразбур и Судот на правдата на
Европската заедница во Луксембург.

Комисијата за европско договорно право изработила начела на европското


договорно право PECL ( The Principles of European Contract Law ). Овие начела ги
изработила посебна комисија за Европско договорно право на чело со Оле Ландо
по кои овие начела го добиле и името Ландови Начела. Овие начела се сметаат
за вовед во европското договорно право. Оваа комисија во 1998 година објавила
прв и втор дел начела а 2002 година и трет дел начела. Во поглед на примената
на овие начела предвидено е да делуваат како општи правила на договорното
право во Европската Заедница, но не се обврзувачки и имат карактер на
препораки, но доколку се избере примената на овие начела на договорните
страни не се однесуваат правилата од домашното право. Начелата на европското
договорно право ги регулираат прашањата за примена на начелата на слобода на

12
договарање, пресметување на крајниот рок, склучувањето на договорот,
полноважноста на договорот, променетите околности, исполнувањето на
договорите, правни лекови во случај на неисполнување на договорните обврски,
обврски на договори и друго

Начелата за меѓународните трговски договори утврдени од страна на UNIDROIT и


начелата на европското договорно право PECL содржат правила за променетите
околности. И едниот и другиот текст тргнуваат од начелото pacta sunt servanda,
странките начелно да се држат до договорот иако исполнувањето е отежнато. И
едните и другите правила, за разлика од решенијата во националните права,
предвидуваат две фази на постапка. Првата фаза ги сочинуваат преговорите
помеѓу самите странки, но разликата е во тоа што UNIDROIT само ја овластува
едната страна од договорот да бара преговори, a PECL ја обврзува странката да
пристапи кон преговори. Втората фаза е судската постапка која се иницира
доколку преговорите помеѓу странките не дадат задоволувачки резултати.
UNIDROIT на судот му дава многу широки овластувања доколку се утврди дека се
исполнети условите за раскинување или измена на договорот. Според PECL судот
може да го раскине договорот со истите овластувања кои ги дава и УНИДРОИТ, а
доколку се одлучи да ги промени околностите на начин да правилно распредели
меѓу страните загубите и добивките што произлегуваат од променетите
околности.
Ниту PECL ниту UNIDRORIT Принципите не ги рангираат санкциите, но изборот
помеѓу престанок и промена остават на судска одлука.

13
Заклучок

Од оваа семинарска задача можеме да заклучиме дека како главни начела


кои имаат за цел унификација на меѓународната трговија се начелата на
УНИДРОИТ, односно начелата на меѓународните трговски договори се
незаконодавна кодификација или „повторување“ на општиот дел на правото на
меѓународните трговски договори и начелата на Европското договорно право
познати како Ландо начела.
Ландо Начелата по својата правна природа претставуваат збир од правила
кои немаат сила на национално, а ниту пак на меѓународно право, туку нивната
сила произлегува од рационалноста на решенијата кои се предвидени со нив.
Оттука произлегува дека овие начела немаат обврзувачки карактер, туку тие го
изразуваат современото автономно меко право, па поради тоа се препорачува да
се применуваат.
Меѓународни инструменти кои што се сметаат за важни елементи според
договорната одговорност и законот за облигациони односи се следниве:
❖ Виенската конвенција за меѓународна продажба на стоки од 1980 (United
Nations Convention on Contracts for the International Sale of Goods) кои се
означуваат и со скратеницата CISG
❖ Принципите на UNIDROIT за меѓународни трговски договори од 1994 година
(The UNIDROIT Principles of International Commercial Contracts) кои се
означуваат и со скратеницата UPICC и
❖ Принципите на европското договорно право кои беа објавени во 1994
година, а веќе во 1999 следуваше нивното прво дополнување. Тие се
означуваат со скратеницата PECL.

14
Користена литература

1. Облигационо право проф д-р Гале Галев, проф д-р Јадранка Дабовиќ-
Анастасовска Скопје 2012
2. Меѓународно приватно право проф. Д-р Поликсена Гавроска, проф д-р Тони
Дескоски Скопје 2011
3. Меѓународни Трговски договори проф д-р Александар Николовски Европски
Универзитет Скопје 2006
4. Облигационо право „ Договор и еднострана обврска “ Муриел Фабр Мањан
Деловно и Договорно право доц. Д-р Саша Дукоски Кичево 2011
5. Закон за облигациони односи

15

You might also like