You are on page 1of 17

1

ПРЕДАВАЊА ПО
СЕМИОЛОГИЈА ВО ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

СЕМИОЛОГИЈА

Семиологија –(sema – значи знаk, logos – наука) што значи дека семиологија
е наука за знаци, но и теорија за знаците и означувањето.

Јуриј Бореве руски теоретичар на литература и естетичар. Тој ја дефинира


семиологија како наука за знаците и знаковните системи.

Некои научници сметаат дека семиологијата и семиотиката се исто, но сепак


семиологијата е далеку поширока.

Каде ја има семиологијата? - Семиологијата ја има насекаде околу нас, таа е


прашање на перцепција (забележување).Таа всушност е психолошки процес.
Семиологијата има врска и со психологијата, но и со комуникологијата(наука за
комуникацијата) и со др. дисциплини.

Но семиологијата е далеку поширока, во пракса ќе ја сретнеме насекаде


околу нас, на пример на првиот семафор, на графитите, во дизајнот, во односите со
јавност, итн.

СЕМИОЛОГИЈА / ХЕРМЕНЕВТИКА

Секој знакимазначење. Семиологијата се занимава со знаците и значењето,


а херменевтиката се занимава со толкување (интерпретација) на смислата.
Смислата е нешто подлабоко од значењето и таа е поврзана со некоја идеја.

Семиологија Херменевтика

знак симбол

значење скриено значење (смисла)


2

ЗНАЧЕЊЕ

Семиологијата секогаш ја интересира значењето.Како ние да го препознаеме


или „читаме“ значењето? Како да „читаме“ значење и онаму каде што нема текст
или говор?

Ролан Барт се прашува: „Дали се има значење?“

Тој се прашува дали некој детал во некое литературно дело е важен колку што се
важни големите настани?Дали некој детал или некоја епизода има врска со развојот
или крајот на делото?

На пример: во романот „Ана Каренина“ на почетокот има една епизода со


жена која е згазена од воз на железничката станица, а тоа има врска со крајот на
делото кога Ана се фрла под воз и врши самоубиство.

Пример: во делото „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, има детал, една


црна мачка му го попречува патот на Ангеле. Дали тој детал (суеверие), има врска
со убиството на Ангеле од страна на неговите родители?

Пример: дали насловот на делото „Црно семе” е симптом или метафора за


нешто со поголемо значење?

Пример:мотото на романот„Пиреј” од Петре М. Андреевские знак?

Дали овие детали всушност се знаци?

Дали упатуват на нешто? Дали не упатуват на некое значење?

Дали сугерираат на нешто?

Ролан Барт вели дека или се има значење или ништо нема значење, дури и
најмалиот детал има значење. Тоа всушност е семиолошка теза.

Примери: Опис на некоја дланка - може да ни долови опис на лик:

1. Чиста рака – може да упатува на лик кој води хигиена и грижа за себе,
негуваност, уреденост.
2. Негувана рака, средени нокти, богати прстени – богата негувана личност
која води грижа за својот изглед.
3

3. Распукана рака – сиромашна личност или рака на работник.


4. Валкана рака – нечист човек.

Деталотможе да биде знак, показател.Семиологијата е полна со знаци.

Според швајцарскиот лингвист Фердинанд де Сосир – се е знак. Де Сосир е


познат по својата теорија за лингвистичкиот знаккоја може да се применува на
сите знаци. Фердинанд де Сосир е автор на познатата книга „Општа
лингвистика“ е теоријата за лингвистичкиот знак, која понатаму станува основа за
теоријата на знакот, вооопшто.

КУЛТУРНИ КОДОВИ

Значењето има врска со културните кодови.

Пр.:Дали е вообичаено во Македонија да се оди на повојница кај машко бебе


со подарок во розова боја? - Секако дека не.

Пр. Дали е нормално невестата да носи црн невестински фустан? - Не.


Невестата носи бел невестински фустан.

Во нашата култура, на погреб, се носи црно, а во Индија-бело. Сето ова е


знак за култура и традиција, всушност тоа се културни кодови. Знаците се
културни кодови и како такви добро е да познаваат и да се почитуваат.

ТЕОРИЈА НА ЗНАКОТ НА ФЕРДИНАНД ДЕ СОСИР

Семиологијата се занимава со значење. Централен поим во семиологијата е


знакот. Де Сосир има позната теорија за знакот, во која го дефинира.

Основоположник на семиологијата е швајцарскиот лингвист Фердинанд де


Сосир, кој во своето дело ,,Oпшта лингвистика” го предвидел раѓањето на
семиологијата и предметот на нејзиното проучување. Тој ја замислил
семиологијата како наука која ги проучува знаците во општествениот живот.
4

„Јазикот е систем на знаци кои изразуваат идеи“. – вели швајцарскиот


лингвист Фердинанд де Сосир. Тој вели: „Во тоа тој е најсовршен од сите останати
системи како азбуката на глувонемите, војничките знаци, итн.“

Пр.: Се прашуваме дали зборот ,,вода” е знак?

- Зборот е составен од буквите: в + о + д + а = „вода“. Тој е знак.

Фердинанд де Сосир вели дека се е знак.Според него тој е психички


ентитет со две лица, составен од означено и означител.

Секој знак има означител и означено (форма и содржина).

Според Сосир знакот е ентитет со две лица.


Ентитет (битност) – односно психички ентитет со две лица, ознака и
означено. Де Сосир вака го претставува знакот како ознака и означено, а заедно е
знак.
Пример: ако имаме шише Coca Cola, тоа има: ознака и означено.
Сосир вели дека се на светот има значење и дека се е знак: предметите,
појавите. И вратата е знак, клупата, белината, и невербалната комуникација е знак.

ЗНАК:

Означител(„етикета”) (форма, надворешно)

Означено (содржина, внатрешно)

Означителот содржи пластика или стакло, етикета од хартија затварач. Но,


ние се прашуваме што има внатре?
Има вода, боја, шеќер и други супстанци.
Тоа значи дека секој поим има свој означител и означено. Надворешнотое
означителот е форма („етикета“), а внатрешното е означено (содржина).
5

Означител Означено

Етикета /

Форма Содржина

Надворешно Внатрешно

Во семиологијата таа е многу важна теорија, бидејќи според Де Сосир се има


значење. Според Де Сосир секој знак е составен од:

Означител“к”+”р”+”е”+”д”+”а” – акустичка слика

Креда Означено (варовник)

Каква е врската помеѓу означителот и означеното?

Дали ако некој се вика “Убавка” мора да е убава?

Дали “Веселка” е секогаш весела?

Дали “Најден”e навистина најден?

- Врската е случајна, немотивирано, произволна. Тоа значи дека се на светот има


свое име и личните имиња. Се што доживуваме се е знак и се има име.

Некои имиња имаат значење:

Пример:

Атанас – бесмртен

Јагода – јагода

Спасе – се спасил
6

Мотивирано значење е кога има врска помеѓу ознака и означено.

Пр: “Роден” од “Пиреј” неговото значење е важно што се родил.

СЕМИОЛОГИЈАТА – ПРАШАЊЕ НА ДОГОВОР

Се прашуваме дали семиологијата е прашање на договор(конвенција)? Дали


значењата се договорени и наследени ?

И јазикот е конвенција и договор.Некои пред нас одамна се договорилешто


значат буквите, зборовите (кои упатуваат на поимите) кои ние ги
применуваме.Семиологијата на некој начин е наследена. Ние уште како деца сме
добиле инструкции за значењата и поимите.

ОД ШТО ЈА „ЧИТАМЕ“ СЕМИОЛОГИЈАТА?

- Дали ние читаме само од текстовите или и од нешто друго?–Ние читаме од


текстовите (книгите), но„читаме“ и од говорот на телото - а тоа се
виканевербална комуникација.

- Дали читаме и од бои, форми, споменици, графити, од просторот? – Да, ние ги


„читаме“ визуелните пораки - знаците (на пр. на семафор „зелено“ значи –
„слободно“, инт.).

Ние ги „читаме“ и симболите“ (иако тоа повеќе спаѓа во херменевтика –


толкување на симболи: на пример „птицата“ - симбол на слободата, „крстот“ -
верски симбол, итн.

ОПШТЕСТВЕНИ КОДОВИ
7

Пјер Гиро е автор на книгата „Семиологија”. Во таа книга се вели дека


семиологијата енаука што ги проучува знаците, кодовите, јазиците,
сигнализациите и друго.

Јазикот е дел од семиологијата, како што вели Фердинанд Де Сосир.

Јазикот е најсовршен и сеуште не надминат систем на знаци за комуникација.

Дали постојат и други системи на знаци? – Да, на примеразбуката на


глувонемите, војничките знаци, телеграфските знаци, јазик на слепите лица, итн.

Според Фердинанд Де Сосир семиологијата е:“наука која го проучува


животот на знаците во општествениот живот”.

Семиологијата има непишани правила, но сепак ние во животот можеме да


разликуваме и сфаќаме со кого комуницираме, можеме да разликуваме поединци и
групи.

Кодовите си функционираат и во општеството. Општеството е систем на


односи помеѓу поединецот и колективот, суштина на комуникацијата е размена на
информација и примање на пораки. Затоа важна улога во комуникацијата имаат
ознаките и формите.

1. Знаци за идентитет: ознаки и фирми.


Ознаките и фирмите упатуваат на припаѓање на поединците на одредена
општествена и економска група.
Функцијата им е да ја изразат општествената комуникација.
а). Грбови, знамиња, топоними – означуваат припадност (на семејство или
клан од минатото), а може да се однесуваат и на нација, на држава.
б). Униформите се исто така ознаки за група:
- Општествени групи: во болница, полиција, пожарна, царина, каратисти,
универзитети.
- Каде што има строго определенахиерархија: војска, полиција, болница, но
и во институциите има определен дрес-код кој што не е толку строг и ригорозен, но
се почитува, пр: во суд (одело).
- Професионални групи: полицајци, пожарникари, банкари, хирурзи,
стујардеси, свештени лица, келнери, готвачи, работници, столари, хигиеничари итн.
- Културни групи: дресови, спортски друштва, играорни, хор.
- Етнички групи: македонски народни носии, бугарски, српски итн.
Народните носии се етнички обележја.
8

Униформите се означителски системи (системи за означување), некаде се


со строго определена хиерархија, пр: во војска се сосема прецизни и најзначајни
или во полиција, или на царина.
Сите тие имаат кодирано или утврдено значење.
в). Ознаки и ордени – тие се симболички остатоци на родовите, ордените ја
продолжуваат старата традиција на водечки здруженија.
Ордени се доделуваат по повод на одредени заслуги. Пр: претседателот им
додели орден на фудбалерите.
Познати се ордени од втората светска војна.
г). Тетовирање, шминка, фризура: кодирани ознаки, порано тие биле ознаки
на примитивни општества кои продолжиле да живеат во војската, судството,
некаде во парламентите.
д). Имиња и прекари – најуниверзални ознаки кои се идентитет, имињата се
нациски означители, често луѓето добиваат прекари.
ѓ). Фабрички марки/ брендови – тие се заштитени со заштитен знак. Во ЕУ
има правила за заштита на брендови, тука се подразбира знак, реклама итн.

ЗНАЦИ НА УЧТИВОСТ

Знаците на идентитет не информираат за припадност на поединецот во


група, или функција, на пр: дрес кодот е еден од тие не пишани правила, но некаде
дури е препишан.
Тонот на глас, интонацијата е еден од најуниверзалните начини да се изрази
односот помеѓу испраќачот и примачот.
Пр: однос на почит, авторитет.
Поздрави или формули на учтивост – тие се готови начини на однесување,
некаде се почитуваат конвенционално.
Бон тон е еден од тие, воопшто поздравувањето е различно во различни
култури, некаде се бакнува рака.
Кинетика е наука за движењата, анализа на мимики, гестови, танци,
невербална комуникација.
Постојат и други знаци на учтивост, сите тие имаат различно значење, во
различни култури различно се изразуваат.

ПЈЕР ГИРО ЗА СЕМИОЛОГИЈАТА


9

Пјер Гиро во својата книга „Семиологија“ вели: семиологијата е наука која


ги проучува знаците, јазичните кодови, сигнализација итн.
Според оваа дефиниција јазикот е дел на семиологијата, но сите се согласни
дека на јазикот треба да му се признае повластената и самостојна улога, затоа
некои семиологијата ја дефинираат како проучување на нелингвистички системи на
знаци (нелингвистички системи на знаци: знаци на глувонемите, војнички знаци,
телегравски знаци, невербална комуникација, суеверија, знаци на слепи лица,
сообраќајни знаци, код на лога, семиологија на бројки, семиологија на бои,
семиологија на грбови, зодијак итн).
Во секој случај овие системи на значење спаѓаат во кодови, а домен на
кодовите е металингвистичка семиологија.
Книгата “Семиологија” е објавена во 1971 година, таа е речиси најважна
книга во оваа област. Пјер Гиро го цитира Фердинанд Де Сосир, кој вели дека:
“Семиологијата е наука која го проучува животот на знаците, во општествениот
живот, социјален, друштвен живот”.
Фердинанд Де Сосир не ја ограничува семиологијата само на јазикот,
славното дело на Сосир „Јазикот е систем на знаци кои изразуваат идеи и во тоа тој
може да се спореди со писмото, со азбукатана глувонемите, со симболичкиот
ритуал, со формите на учтивост, во војничките знаци итн.”
Тој е најважен од сите тие системи. Може, значи да се измисли една наука
која би го испитувала животот на знаците во општествениот живот, таа би била дел
на општествената, па според тоа и на општата психологија. Ние таа наука ќе ја
наречеме семиологија (sema) – знак. Таа би не учела нас што се знаците, и кои
закони со нив управуваат. Таа наука сеуште не постои, но таа има право да постои,
зашто нејзиното место е однапред одредено. Лингвиситката е само дел на таа
општа наука.
Пјер Гиро вели дека семиологија е кога знаците соопштуваат некои идеи по
пат на пораки.
Пјер Гиро прави разлика помеѓу смисла и комуникација.
Смисла е кога подлабоко ги сфаќаме работите како значење, а
информацијата е кога сме информирани за нешто.
Гиро зборува за естетски кодови, во кои спаѓаа: симболика, семантика,
зборува за општествени кодови, знаци и кодови и на крајот зборува за
семиологијата како митологија на нашето време.
10

СЕМИОЛОГИЈА НА БОИТЕ

Семиологијата ја има насекаде околу нас. Ние ја забележуваме преку: бои,


форми, визуелности, итн.

Семиологијата на боите е многу важна и е многу присутна. Во врска со тоа,


ние си поставуваме прашања:

- Од каде знаеме дека женските бебиња треба да се облечени во розово, а


машките во сино?
- Зошто хирурзите носат зелена боја?
- Зошто бојата на здравството е бела? - Бидејќи е боја на чистота, на
медицина, на невиност. (Таа е спротивна на црната, која значи смрт. Обратно
на смртта е животот и многу клиники во светот се викаат „Live“.)

ВЕЖБИ ЗА СЕМИОЛОГИЈА НА БОИТЕ

Дали боите имаат влијание на нас?

Какво влијание имаат?

Боите имаат влијание на нас, и тоа:

1. Релаксирачко
2. Активирачко

Секоја боја си има свое значење:

Црвена боја:

- привлекува внимание, најизразена боја, боја на крв, боја на живот, боја на


љубов,страст, поттикнува аптетит (во ресторан или трпезарија), не држи будни, ни
дава енергијa.

Зелена боја:

- Боја на природата, релаксирачка боја, во сообраќајот е слободно минување,


боја на хирурзите, го одмора окото и го подобрува видот, еколошките партии
11

секогаш се зелени, во дизајнот или во во спалната соба опушта, во


муслиманството верски симбол.
- темно зелена боја – пари, најмногу американските пари

- Жолта боја:
- Сонце, топлина, активирачка затоа што сонцето има врска до будењето,
потикнува активности и мотивација. Жолтата боја е боја ан летото. Децата
особено ги привлекуваат живите бои (како жолтата, црвенат, портокаловата).
Каков автомобил повеќе ќе ни проивлече внимание?- Жолтата боја
привлекува внимание и затоа такси компаниите во светот се жолти.

Црвено – жолта

- Боја на македонското знаеме, црвена боја – живот, виталност, борба, а


жолтата е симбол на сонце, енергија.

Сина боја

- Боја на небото, на море. Бескрајност, длабочина. Боја на науката,


интелектуалност, мудрост. Препорачливо е да се носи во деловните кругови.
- Тегет - во дрес кодот упатува на деловност, сериозност.
- Добра е за комбинации, може да е комбинира со сите бои.
- Бебешко сина – асоцира на небо.
- Сината боја асоцира на машко. Човештвото преку непишани правила
воспоставило кодови која боја за кого е.
- Во секоја култура има разлика во бојата на облеката.
- Темно сини се полициските кола.

- Бела боја
- Асоцира на невиност, чистота, хигиена, здравствво.
- Боја на бебе, на почеток. Невестата е во бело. Но, во некои култури е симбол
на тага, додека во некои е симбол на среќа.
- Неутрална боја, Лесно се комбинира. Амбулантната кола е бела за да биде
забележлива.

Кафена боја
12

- Боја на земјата (праелемент). Асоцира на чоколадо, кафе. Ја има во


мебел,дизајн. Земјена боја.

Златна боја

- Асоцира на злато, богатство, моќ, престиж, доминација, сила. Повеќе


доминира кај жените. Кралска боја. Прво место во наградите и спортот.

Сребрена боја

- Асоцира на накит, елеганција. Поладна е од златната. Боја на богатството.


Второ место во наградите и спортот.

Розова боја

- Боја на женственост. Весела боја.


- Темно розова – на цвеќе. Бебешко розова – симпатија и восхитување

Црна боја

- Ноќ, смрт, страв. Тага, мистерија. Длабочина, небиднина, осаменост.


Строгост, класика. Во некои култури означува тага. Црната оптички затскрива,
додека белата истакнува.

Виолетова боја

- Мистерија. Фантастика, фантазија. Благодарност, мудрост. Боја на


благодарност затоа што во минатото била тешка за добивање. Пр.
фараонските саркофази во Египет. Една од најпечатливи. Релаксирачка боја
13

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ. ПОИМ.

Што се односи со јавност?

- Суштината на овој предмет е значењето на ознакитевојавниот живот.

Големо прашање е :„Како семиотиката доаѓа до израз во односите со


јавност? И каде ја има?“ Кога се појавила бината, сцената, тогаш почнуваат
односите со јавност. Јавноста е отворена врата.

Во ново време, главна улога имаат медиумите, телевизиите, радио, интернет,


реклами... Тие се застапувачи, говорници.

Што спаѓа во односи со јавност? Со што се водат? - Со кампања.

„Река се запознава со пливање, а човек низ разговор“. Светот и човекот ги


запознаваме преку говорот.

Односите со јавност некои ги дефинираат како проектирање на имиџот и


личноста на една организација кај „својата јавност“-корисници, поддржувачи,
спонзори, донатори и др.публика. Станува збор за пренесување на пораки до
публиката, но тоа е двонасочен процес.

Важни се пораките и во јавноста е важно да има економија на говорот


(кратко и јасно да биде соопштено нешто). Важен е поимот ПУБЛИКА. Може да
биде насобрана маса, непосредно собрана, но може и пред телевизор, читател,
интернет и сл. Но важно е да има двонасочен процес. Не може да нема повратна
информација (одговор).

Многу е важна комуникацијата. (прашање, одговор, проверка на јавно


мнение, анкети) и др. Мора да се комуницира со публиката, но да дозволиме и таа
да комуницира. Вистинските односи со јавност се дијалог, треба да се ислушаат
другите и да се гледаат од друга перспектива.

Односите може да бидат корисни за сите организации, субјекти (носители на


јавни функции, работи, познати личност ).
14

- Зошто се потребни односите со јавност (О.Ј.)?

-Убедувањето и уверувањето се најважни во реториката (во добри или во лоши


цели.) Суштината на односите со јавност е убедувањето, но и да останеме реални,
покритични за својата ја.работа. Идејата е да се стане подобар, и сигурен дека на
корисниците и публиката им се дава услуга.

О.Ј. се дисциплина на менаџментот, нивната суштина е иста, без разлика


дали се користат во деловно работење или комерција, во општествените односи, во
доброволни цели, хуманитарни, собирање на помош или било која организација.

Така постојат и видови на кампањи: политички, деловни, комерцијални,


хуманитарни, еколошки, социјални...

Многу е подобро целта да се оствари со поддршка и разбирање на


јавноста. Не е добро ако јавноста е против или воздржана.

Секогаш треба да се бориме да ја освоиме јавноста, никогаш да не се оди


против, и да не создаваме непријателство. Да водиме на наша страна.

Целтана О.Ј. е пренесување пораки до публиката, но тоа е двонасочен


процес. Како што кажавме и претходно, публиката мора да комуницира со нас.

А целтана семиологијата на О.Ј. е пренесување на семиолошки пораки до


публиката (пораки кои имаат значење и треба да се растолкуваат од страна на
публиката).

Промоциитесе многу важен дел на О.Ј. Имаат значајно влијание врз


пошироката јавност која ги опфаќа сите интересни групи, целни, хуманитарни,
купувачите, па и државата. Има кампњи и промоции во политички, здравствени,
спортски цели. Промотивните активности се сложен пакет. Важно е да се креираат
пораките на ОЈ. Потребно е познавање на техника на комуницирање, особено при
обликување на пропагандни пораки.

Покрај официјалните пораки од јавниот живот и од медиумите, во


секојдневниот живот сите праќаме пораки. Но ние сепак зборуваме за
официјалните пораки. Постојат промотивни активност (промоција на кампања,
флаери, спот, химна, знаме, заштитен знак...), но се случува во јавноста од
принципот „уво на уво“ да се шири лоша слика, и затоа е важно да работиме на
продуктивноста.
15

ОПШТО ЗА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТ

1. Дефинирање на односите со јавност

-Постојат многу дефиниции. Некои од нив велат дека:

- О.Ј. се менаџерска фукнкција која ги идентификува и оддржува односите меѓу


јавноста и разичните институции, од кои зависи нивниот успех или неуспех.

-О.Ј. се создавање разбирање и доверба меѓу субјектот и јавноста.

ЕЛЕМЕНТИ на О.Ј.:

1.О.Ј. се сложен процес кој се одвива меѓу две страни:поединец или институција од
една страна, а од другата страна јавноста.

2.О.Ј. им се неопходни на сите индивидуи и институции, чие успешно одвивање


зависи од јавното мислење за нив. ОЈ практикуваат и поединци (политичари,
актери, естрада) и цели организации (Влада, локална власт и др.)

За реализација е потребен тим од различни експерти. Тоа е интерактивен процес


меѓу поединецот и инстиуција, а од друга страна јавноста.

За компаниите, ОЈ може да бидат создавање бренд кој би го зголемил


производството, довербата на потрошувачите, добра слика и др.

Зошто О.Ј. се дефенира како менаџерска функција?

-Затоа што им се потребни на менаџерите кои управуваат, луѓе кои се на врвот


на пирамидата во организациската структура, на повисоките слоеви на
вработените, бидејќи имаат одговорности за успехот на претпријатието.

Самите О.Ј. во себе содржат управување, а тоа е всушност менаџирање.

1. Функции на односите со јавност

Функциите на О.ј. се делат на: генерални и специјализирани.


16

- ГЕНЕРАЛНИ: експертиза, советојавност, истражување, анализа, изработка на


стратегија, односи со медиумите, рекламирање и сл.

- СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ: односи со политичките институции, лобирање (лоби


групи за поддршка), односи со невладиниот сектор, со конкуренцијата и др.

1. Први чекори во ОЈ

 Концепција на стратегија – однапред се дефинираат целите, очекуваните


резултати, групите и методолодијата.
 Планирање – да се изработи планот за работа.

2. Клучни поими

- ЈАВНОСТ – е група од која очекуваме да ги вреднува нашите активности.

- ЦЕЛНА ГРУПА – дел од јавноста на која се обраќаме, кога практикуваме односи


со јавноста, и од чија наклонетост очекуваме симпатии (може да биде од детска до
пензионерска, од 7 до 77 години )

- НОСИТЕЛИ НА О.Ј. – субјект кој ги практикува ОЈ(ја освојува јавноста).

- КЛИЕНТ – лицето кого го застапуваме, на пример накој фирма или институција.

- ПРАКТИЧАРИ НА О.Ј. – тимот кој работи на ОЈ.

3. Етички димензии на ОЈ

Како и секоја професија, мора да се држат до одредени етички правила. Етичката


димензија се состои од систем на вредности или аксиологии.

Секој човек има систем на аксиологии (систем на вредности).

Секогаш имаме систем и пирамида на вредности која може да варира.

Етичка димензија се состои во системот на вредности, во кој е дефинирано што


е добро, а што е лошо во процесот на практикување во ОЈ.
17

Суштината на етичката димензија е да се направи разлика меѓу добро и лошо.

Често ги употребуваме изразите:неетичка, некултурен кандидат, конкурент,


нелојален конкурест и сл. Ова покажува дека самите граѓани иаат одредени
очекувања од луѓето од О.Ј. Важно е да се постигне целта, но не по секоја цена.

О.Ј. нужно ја следат вредносната структура и промените во заедницата.

Пр:Не е добро да има говор на одмазда во О.Ј.

Важна е етиката, важен е моралот (совест, чесност...)

Оттука се јавуваат и првите кодекси за професионалците во О.Ј. Како што има


кодекси за адвокати, така и во ОЈ им е потребно да имаат кодекси ја ОЈ.

Во земјите со подолга традиција, има посебни кодекси.

- ОБВРСКИ: Советодавност, чесност, експертиза, лојалност, конкуренција,


доверливост...

ПРАКТИКИ НА П.Р. И НЕГОВИ ДЕЈНОСТИ

Практики на ПР и негови дејности: ОЈ и лобирање, ОЈ и публицитет, ОЈ и


рекламирање, ОЈ и новинарство, ОЈ и портпаролот (застапник на одредена
групација или субјект).

You might also like