You are on page 1of 2

Далтонизам е неможност за разликување на некои или на сите бои.

Обично се смета за
слепило на бои. Далтонизмот го добил името по англискиот физичар и хемичар Џон
Далтон (1766 - 1844) кој прв ја проучувал оваа болест бидејќи самиот страдал од неа.
Човечката мрежница содржи три типа клетки што апсорбираат светлина во рзлични делови од
спектрумот. Отсуството на овие типови предизвикува далтонизам за црвена, зелена и сина
боја. Далтонизам е рецесивна карактеристика поврзана со полот , која е 20 пати
повообичаена кај мажите отколку кај жените.Далтонизмот е нарушување при кое луѓето не
можат да ги гледаат боите онакви какви што се, а наречен е така според англискиот
хемичар Џон Далтон, роден во 1766 година. Далтон и самиот имал проблеми со
препознавањето на боите, исто како и неговиот брат. Тој прв опишал за какво
нарушување станува збор, а истото може да се појави во неколку варијанти.

Видови слепила на бои:


Нормален вид: Начинот на кој повеќето луѓе ги гледаат боите.

Протонопија: Без способност за препознавање на боите од црвениот спектар. Само 1%


од луѓето имаат ваков проблем со видот.
Деутеранопија: Слабо разликување на боите од зелениот спектар и тешкотии при
разликување зелена и црвена боја. Овој вид слепило на бои е најчест, а некои луѓе не
се ни свесни дека го имаат, туку веруваат дека она што го гледаат е нормално.
Тританопија: Се појавува кај оние на кои им е проблем да ги разликуваат боите од
синиот спектар. Ова нарушување е многу ретко и го имаат само 0,0001% од мажите и
жените.
Целосна неможност за распознавање бои: Овие луѓе го гледаат светот околу себе во црно-
бели тонови. Ова нарушување е исклучително ретко и од него страда само 0,00003%
од населението.
Се проценува дека во светот 8% од мажите и 0,5% од жените имаат едно од овие
нарушувања.

Виновникот е ген во Х хромозомот


Далтонизмот најчесто е условен од полот, а за нарушувањето е одговорен ген во Х
хромозомот, кој е заеднички и за жените и за мажите. Од далтонизам почесто
заболуваат мажите, иако жените се најчести носители на тој ген. Мажите се повеќе
изложени на ова нарушување, затоа што жените би морале да го примат „критичниот“
Х хромозом од двајцата родители, за да ја наследат болеста.

Дали постои лек?


Далтонизмот најчесто може да се дијагностицира уште и во детството. Постојат тестови
спроведени од очни доктори со кои се утврдува перцепцијата на бои и разликувањето
нијанси. Затоа, ако забележите дека вашето дете има одредени проблеми со
разликување бои, одведете го на офталмолог. Најдобро е проблемот да се воочи што е
можно порано, затоа што далтонизмот може да го отежни читањето, учењето и
генерално самиот живот.Дали секогаш проблемот е во гените?
Вродениот далтонизам не може да се поправи, но не мора секогаш да биде наследна
болест. Всушност, далтонизмот во одредени случаи може да се развие и во текот на
животот, а најчесто е предизвикан од повреди на окото, катаракта, глауком, несакани
ефекти поврзани со некои лекови и друго. Со соодветното и навремено лекување на
очните болести, ќе исчезне привременото слепило за бои.

Погледнете го и видеото и видете како луѓето со одреден вид далтонизам го гледаат


светот околу себе.

You might also like