You are on page 1of 1

Слово заради завист (од „Различна поучителна наставленија“) Темата на текстот е зависта како негативна човекова

особина, а идејата - да се искорени тоа човечко зло. Композициски текстот има: воведен дел, изложување и заклучок. Во
воведниот дел авторот го изнесува своето размислување за зависта, кое според него е лошо, одбивно и погубно чувство.
Зависта ја нарекува - проклетија, мрска и погана, затоа што е извор на секое зло, не само на земјата туку и на небото.
Изложување - во овој дел ќе образложи каде, кога и како се појавила зависта земајќи примери од „Библијата“. Според
библиската легенда, таа прво се појавила меѓу ангелите. Еден ангел што светел како сонце му завидел на Бога, сакајќи и
тој да поседува чудотворна моќ, но бидејќи не можел, од завист потемнел и станал црн ѓавол. За казна Бог го исфрлил од
рајот и го фрлил во пеколот вечно да се мачи. Така се родила зависта, односно ѓаволот кој е нејзин симбол. Но, зависта не
мирувала. Ѓаволот им завидел на Адам и Ева зашто уживале во рајот и за да им напакости се престорил во змија. Така, ја
наговорил Ева да не го слуша Господ и да касне од плодот на сознанието. Тие биле казнети од Бога, протерани од рајот и
станале смртни. Зависта била причина и за првото братоубиство на земјата - Каин го убил својот брат Авел заради завист.
Оттогаш почнала да се лее крв на земјата. Во завршниот дел, Крчовски ги коментира овие примери и дава заклучоци,
велејќи: „...Она учи да се не слуша заповед божја, братоубиствена мајка, смерти ходатаица, корен на сичко зло. Завист не е
друго што, салт на срце печал, жалба...“

You might also like