You are on page 1of 5

ХЕМИСКИ РЕАКЦИИ И

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ХЕМИСКИТЕ
РЕАКЦИИ

 Нема никаков сомнеж дека централно место во хемијата


заземаат хемиските реакции или процеси.

 Хемиска реакција е секоја промена при која едни супстанци


се претвараат во други, односо процесите во кои доаѓа до
хемиски промени се викаат хемиски реакции.

 Секоја хемиска реакција е составена од реактанти и


продукти.

 Реактанти се оние супстанции во кои при течењето на


реакцијата, количеството на супстанција се намалува.

 Продукти се оние супстанции во кои при течењето на


реакцијата, количеството на супстанција се зголемува

 Хемиските реакции исто така можат да се запишат со


хемиски равенки.

H2 + I2 --> HI
 Во оваа хемиска равенка реактанти се H2 + I2
 Во оваа хемиска равенка продукти се HI
1
 Досегот на хемиска реакција (ξ - кси) е величина која ни
покажува до каде стигнала една хемиска реакција.

 Поради големиот број на хемиските реакции тие се


класифицирани во две основни класи на реакции :

 НЕПОВРАТНИ – оние реакции кои се одвиваат се додека


макар еден од реактантите да исчезне од реакциониот
систем.

 ПОВРАТНИ – оние реакции во кои мерливите количества од


сите реактанти се присутни и на крајот на реакцијата.
Поделени се на : Директни и Обратни реакции.

 Според друга класификација, хемиските реакции се поделени


на :
 Реакции на соединување
 Реакции на разложување
 Реакции на замена и на двојна измена
 Реакции на кондензација
 Реакции на полимеризација и поликондензација
 Реакции со размена на протони
 Реакции со размена на електрони
и многу други видови хемиски реакции.

2
 Реакции на соединување

 Процес во кој две ( или повеќе ) супстанци се сврзуваат и


образуваат продукт, се вика реакција на соединување.

Cu + S = CuS
Fe + S = FeS
2Na + Cl2 = 2NaCl

 Реакции на разложување

 Реакции на разложување се оние кај кои една супстанца (сама


од себе или под дејство на надворешни влијанија) дава две
или повеќе други супстанци.

 До разложување доаѓа под дејство на доведена


топлина(пиролиза), под дејство на електрична
струја(електролиза), под дејство на светлина(фотолиза), или
пак под дејство на т.н. јонизирачки зрачења(радиолиза).

CaCo3(s) → CaO(s) + CO2(g)

3
 Реакции на замена

 Реакции на замена се сите оние процеси во кои атоми или


атомски групи од една супстанца доаѓаат наместо атоми или
атомски групи што влегуваат во составот на друга супстанца:

CH4 + Cl2 = CH3CL + HCL

 Ако замената оди во обете насоки, т.е. ако се врши размена на


атоми или атомски групи, тогаш зборуваме за реакции на
двојна измена:

NaCl + AgNO3 = AgCl + NaNO3

 Реакции на кондензација

 Во текот на реакциите на кондензација, се случува сврзување


на две ( или повеќе) честички во една, со одделување на мали
молекули (од вода, амонијак и слично).

2H3PO4 = H4P2O7 + H2O

4
 Реакции на полимеризација и
поликондензација

Полимеризација е процес во кој доаѓа до сврзување на


поголем број помали молекули, при што се образуваат големи
молекули, без да се добиваат други производи.

CH2 = CH2 + CH2 = CH2 → CH3 – CH = CH – CH3

Реакции на поликондензација се такви хемиски процеси кај


кои од голем број помали молекули се добиваат
макромолекули, а се одделуваат супстанци образувани од
мали молекули (вода, амонијак и слично).

Изработено од:
Јован Нелковски IV4

You might also like