You are on page 1of 1

Значењето на еколошката свест за човекот во XXI век

Екологијата е научна дисциплина која ги изучува заемните односи на живите


организми и нивната интеракција со животната средина. Таа како наука спаѓа меѓу
младите биолошки науки и нејзиното изучување започнало пред околу сто
години.Еколошката свест всушност, значи морална свест на човекот кон
околината.Човекот како суштество на оваа планета е најусовршено, но исто така и
најголем загадувач на природата.

Значењето на еколошката свест за човекот во XXI век до пред неколку години


беше сведена на најминимално и најмизерно ниво.Тоа беше многу лошо за
целиот свет.Во последните неколку години човекот се обидува се повеќе да ја
поправи неговата грешка. Свеста кај него почнува да се враќа постепено. Човекот
пробува да создава нешто кое би помогнало да се реши овој проблем векје еднаш
за секогаш. Како главни загадувачи се сите превозни средства кој согорувајќи ги
горивата излегуваат гасови кој го загадуваат воздухот. Решението на човекот беа
електричните автомобили, електрични автобуси, трамваи и брзите електрични
возови кој веќе се произвдуваат.Фабриките кој испуштаа отрови и го загадуваа
воздухот, сега имаат филтратори на врвовите и излегува филтриран гас кој веќе
не го загадува воздухот. За повеќе О2 кој е неопходен гас за нас луѓето се
заадени милиони растенија ширум светот. За уште многу вакви проблеми се
најдени решенија кој се во тек на реализирање или пак веќе се реализирани, а пак
некој се сеуште во тек да се решат. Сето ова е еден голем напредок кој е корисен
за луѓето ширум светот. Доколку би имале нечиста вода за пиење, сите ние би
изумреле потоа доколку немаме чист воздух за дишење би се загушиле и би
умреле. Но колку и да е голем овој непредок не е доволно за да се решат сите
проблеми поврзани со оваа тема. Сепак човекот треба сеуште да работи на тоа и
во најбрз можен рок да го реши тоа.

Ние имаме една планета Земја, која треба да ја чуваме и негуваме повеќе од
себеси.Нашата планета Земја е нашата мајка, која доколку не би постоела
никогаш ни ние луѓето и сите живи организми не би постоеле. Сакај го и чувај го
она што го имаш, бидејќи кога ќе го немаш навистина многу ќе го бараш.

You might also like